Македонија во 2021 со најмал раст на БДП од земјите во регионот и за разлика од нив се уште не сме го надополниле падот од 2020 година, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vmro-1

„Доказ дека економските политики и мерки на владата на СДСМ и ДУИ не даваат резултати се податоците за растот на БДП“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

„Македонија според податоците 2021-ва година ја заврши со раст од само 4%, што е убедливо најнизок раст на БДП во споредба со земјите од регионот. Па така Косово во 2021 има раст на БДП од 10,53%, Албанија има раст 8,54%, а Србија има раст од 7,40%.

— реклама —

Дека власта на СДСМ и ДУИ водат катастрофална економска политики говорат и податоците од 2020 година. И тогаш Македонија имаше најлош резултат. Македонија 2020 година ја заврши со пад на БДП од -6,1%, Косово имаше помал пад од нас со -5,3%, Албанија со -4%, а Србија имаше пад на БДП од само - 0,9%.

Овие податоци покажуваат дека и Србија и Албанија и Косово успеале да го надополнат падот кој што го имале во текот на 2020, а само ние доцниме цела година зад нив.

Македонија со владата на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски е прва само по економски неуспеси. Дополнително на овој поразувачки показател Македонија достигна рекордно ниво на долг кој сега е 61% од БДП или над 7 милијарди евра, пад на индустриско производство и намален број на вработени во индустријата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања