Три години по ред опаѓа бројот на вработени во индустријата, а дополнително сме на дното по странски инвестиции во регионот, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
metalni-rabotnici

Економските политики на владата на СДСМ и ДУИ предизвикуваат економска катастрофа, вели опозицијата

— реклама —

„Три години по ред индексот на бројот на работници во индустријата се намалува и тоа почнувајќи од 2019-та година кога е намален за 1,6%, па во 2020 година кога е намален за 4,6%, па во 2021 година кога е намелен за 2,4%, се до почетокот на 2022 година кога е намален дополнително за 2,4%.

Ова покажува дека реалниот сектор, стопанството и индустријата се во слободен пад. Затоа Македонија има најнизок раст на БДП во споредба со сите земји во регионот во 2021 година.

— реклама —

Дополнителен поразителен параметар за тоа како ја завршивме 2021 години е нивото на странски директни инвестиции.

Приливот на странски директни инвестиции по глава на жител ја закова Македонија на дното во споредба со земјите од регионот. Албанија има 364 евра по жител СДИ, Србија има 560 евра по жител СДИ, Косово има 396 евра по жител СДИ, а Македонија ја заврши годината само со 251 евро по жител СДИ. Ова за жал е лош тренд кој ги следи сите години од власта на СДСМ и ДУИ. Македонија е убедливо најлошата земја по странски инвестиции во време на нивната власт.

Затоа македонската економија пропаѓа, а долгот галопирачки расте. Оваа неодговорна и недомаќинска власт го искачи долг на 61% од БДП или во пари ја надмина психолошката бариера од 7 милијарди евра и што е пострашно уште повеќе ќе расте“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања