Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги пренаменат 1,2 милиони евра за граѓаните и да штедат, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0070

Крајно време е градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се однесуваат расипнички кон народните пари и предвидените 1,2 милиони евра за партиски вработувања да ги пренаменат за граѓаните, вели СДСМ

— реклама —

„Неодговорно и безобразно е во време на најголема криза само 5 општини во Скопје градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги потрошат на 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.

— реклама —

Особено кога истите тие градоначалници се жалат дека немале доволно пари, не можеле да работат јавните претпријатија и други изговори кои служат да се прикрие неспособноста и расипништвото.

— реклама —

Граѓаните не им ја дале довербата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да не работат ништо, да бараат пари од Владата, а општинските пари да ги трошат на партиски вработувања и аздисувања.

1,2 милиони евра се сериозни средства со кои може да им се помогне на граѓаните во криза, на јавните претпријатија, може и да се реализираат проекти во интерес на граѓаните во сите 5 скопски општини.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ сега имаат шанса да му кажат НЕ на Мицкоски и наместо неодговорно и расипничко однесување да покажат одговорност.

Ако градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги пренасочат овие пари, ќе покажат дека ништо не е променето во оваа партија, дека тоа е истата режимска матрица“; се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_3373

Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски, вели Костовски

Македонија | пред 7 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Македонија | пред 7 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има, а се штитат виновниците, вели СДСМ

Македонија | пред 8 месеци

Mitko-T-SDSM

Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари - безбедносниот систем е решето, рече Трајчулески

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања