Заради СДСМ и ДУИ граѓаните 5 години плаќаат поскапи горива за 13.13 денари на литар, тоа се пари за буџетот и за матни тендери, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„Од 2017 година до денес акцизата за горивата е зголемена за 13.13 денари, тоа се пари кои граѓаните ги плаќале повеќе на еден литар гориво не затоа што цената на горивата на светските берзи била висока, туку затоа што СДСМ и ДУИ така одлучиле, и на тој начин имале екстра приход за буџетот, за да имаат повеќе пари за тендери“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

„И сега кога цената на горивата скокна на светските берзи, тие не се откажуваат од својата екстра заработувачка, и не го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%.

— реклама —

Но не е само до растот на цените на горивата во изминатава година и половина цените на брашното, зејтинот, млекото и другите основни продукти се зголеми и за 70%.

Како резултат на нивната неспособност се покачи и цената на струјата за 30%, и милиони евра од буџетот завршија кај трговците со струја, кога истата рушеше рекорди на берзите.

И додека цените растат, платите и пензиите не се покачија воопшто.

СДСМ одби покачување на пензиите за 20%, како и покачување на платите. Тие носеа само привидни мерки без реален инпакт по стандардот на народот и трошоците на производство во индустријата и земјоделието“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања