Волкот влакното го менува исто како Артан Груби што менува коалиции, но карактерот не, порача опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
51527416724_29ef17fba6_c

Артан Груби очигледно погоден од објавите дека ненаменски и недомаќински троши народни пари за ажурирање сајтови, перење на коли и набавки на жардињери во време на тешка криза, почна да станува нервозен и невнимателен. Веројатно направи фројдовска грешка па во напад на огорченост се препозна во изјавата дека некои ликови во политиката влегоа како голтари, а станаа милионери.

— реклама —

Причината поради која се најде повикан да реагира веројатно е потсвесна.

Но многу свесна беше улогата и партиципацијата на Артан Груби во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2008 до 2017. Може Артан Груби има амнезија, ама народот памети дека беше еден од најревносните пратеници кои ја бранеа коалицијата во тој период. Тоа барем може лесно да се провери и на тој начин да си го освежи паметењето самиот Груби.

— реклама —

Убаво ќе беше Груби наместо со провокации да се позанимаваше малку со економската состојба во Македонија, бидејќи на крајот од денот од граѓаните зема солидна плата да врши функција вицепремиер. Разбираме дека се наоѓа во лична борба за пол позиција во ДУИ, и поради тоа се врти кон национализмот и реторика против македонските политички субјекти. Но тоа му е трула даска и нема да му донесе успех. Народот мери по тоа што е сработено, а не според удирањето во гради, дерењето, национализмот. Граѓаните велат волкот влакното го менува, Артан коалициите, ама карактерот не. Тој повеќе од деценија е во политиката, а нема ништо за народот направено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања