Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pendaroski

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата, претседателот Стево Пендаровски ја упати следнава порака:

— реклама —

C’est aujourd’hui la Journée internationale de la Francophonie! Денес е Меѓународниот ден на Франкофонијата! Денес, кога пламените јазици на војната се закануваат да го изменат светот кој го познаваме, уште повеќе треба да ги афирмираме вредностите во кои веруваме и кои ни даваат поттик да продолжиме понатаму, наспроти сите предизвици. Вредностите на демократијата, човековите права, толеранцијата и меѓусебното разбирање.

— реклама —

Меѓународниот Ден на Франкофонијата, 20 март ни дава можност уште еднаш да проговориме за овие вредности, кои се дел и од франкофонската идеја и мисија. Да проговориме на француски, јазикот на кој низ историјата се истакнува идејата за слобода, братство и еднаквост. Да оддадеме посебна почит на јазикот на Молиер и на франкофонската традиција на нашата земја, знаејќи, истовремено, дека се работи за жива традиција која е мост и за иднината, во нашата, обединета Европа.

— реклама —

Франкофонијата е почитување на разликите и културно преплетување кое ни служи како инспирација и поттик за негување на јазикот, традицијата, историјата. Вредносна платформа за афирмирање и на македонскиот идентитет, јазик и историја, и негување на она што треба да е срцевина на секое општество: толеранција, солидарност, мултикултурност.

Македонското општество ги живее тие вредности. Денот на Франкофонијата, нека биде инспирација да се практикуваат овие вредности, помеѓу останатото, и преку учењето на францускиот јазик.

Пламените јазици на војната да ги замениме со јазикот на дипломатијата, на уметноста, на љубовта.

Ensemble, nous construisons la Francophonie de l’avenir!

Заедно да ја создаваме Франкофонијата на иднината!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 5 дена

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 2 месеци

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања