Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јавноста слушна како Заев, Кирацовски и Богоев земале 350.000 евра рекет, обвинителството треба веднаш да покрене постапка, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21122021_PVRSM_dogovori_OtvorenBalkan-6

Јавноста слушна како Заев, Кирацовски и Богоев земале 350.000 евра рекет, обвинителството наместо да штити криминал, треба веднаш да покрене постапка, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Заробеното обвинителство уште еднаш се става во одбрана на криминалот на Зоран Заев и не отвора истрага за него и за Кирацовски и Стефан Богоев за 350.000 евра кои ги земале како рекет за кои потврди и самиот Бојан Јовановски.

— реклама —

Јовановски пред целата јавност потврди дека Заев, Кирацовски и Стефан Богоев во 2017 година земале 350.000 евра за незаконско финансирање на партијата за локалните избори, а од обвинителството молк.

Слушнавме како истите тие пари се изрекетирани од коалиционен партер на СДСМ со цел тој да добие атрактивни локации за градење во општина Карпош додека Богоев беше градоначалник.

— реклама —

Слушнавме и како се рекетирале други бизнисмени за проектот „Меѓународен сојуз“ пари кои очигледно е дека завршиле во кланот Заев и за кои нема никаква постапка.

Слушнавме и дека се што се правело било со знаење и амин лично на Зоран Заев додека истиот беше премиер.

Уште еднаш се потврди дека Зоран заев е главата на октоподот, а сите други како Кирацовски и Богоев биле само пипците кои му помагале при рекетирањето.

— реклама —

Нормално обвинителство веднаш на распит ќе ја повикаше оваа „златна криминална тројка“ на чело со Зоран Заев, но ова обвинителство кое се уште е во канџите на СДСМ и на Заеви одлучува да го штити криминалот.

Тоа што обвинителството и судството не реагираат само фрла сомнеж дека истите тие матни зделки, рекетирања и криминали СДСМ се уште ги спроведува.

— реклама —

Обвинителството и судството треба да се одважат, да излезат канџите на Заев и конечно да почнат да ја спроведуваат правдата и да се борат против криминалот.

Порано или подоцна правдата ќе ги стигне сите кои што се огрешиле пред законите, одговорност мора да има и ќе има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања