Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

МВР на Спасовски врши жесток притисок врз земјоделците кои протестираат, вели Трипуновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Ковачевски и Николовски преку Министерството за внатрешни работи на Спасовски вршат жесток притисок вез земјоделците, кои преку протести го изразуваат својот револт од неспособноста на владата да обезбеди пласман за нивните земјоделски производи, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ова е барање за поведување на прекршочна постапка против 9 лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани - Штип, заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот.

Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест.

— реклама —

Почитувани,

Ова е поканата за разговор од јавен обвинител, за еден од организаторите. Од која јасно се гледа дека тој е повикан во својство на обвинет затоа што протестирал и го искажал својот револт поради ниските откупни цени на оризот.

СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени. 5 години се на власт, секоја година дел од родот завршува на буниште, а се помал е и бројот на земјоделци, но и на површини под посеви и насади.

Почитувани,

Апелирам владата на чело со Ковачевски и Николовски да не се изживува со земјоделците. Веднаш да го запре прогонот против нив.

Дополнително, наместо преку нишан да гледа кон земјоделците, да се договори за производство за основните продукти, и истите преку Агенцијата за стокови резерви да ги откупи државата.

Недозволиво е во глобално непредвидлива ситуација земја како Македонија, која има потенцијал да произведе основни продукти, суровини и преработки од храна, да гладува“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 1 месец

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања