Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

(ФОТО) Дезинфекција на кејот на реката Вардар

За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје и екипите на Противпожарната бригада на Скопје, денеска повторно спроведоа голема акција за миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар.Миењето се реализираше со цистерни со специјално средство за дезинфекција на јавните површини на кејот на Вардар, а се дезинфицираше и урбаната опрема.Град Скопје континуирано реализира активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот, а во текот на изминатиов период ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно спроведува машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на поголемите улици и булевари во сите скопски општини, како и рачно миење и дезинфекција на најфреквентните јавни површини во централното градско подрачје. Постојано се дезинфицираат и садовите за собирање отпад поставени на територијата на градот Скопје - подземните и надземните контејнери и нивната микролокација. 

Скопје | пред 5 години

mvr-1

МВР за приведувањето на лице во скопската населба Ѓорче Петров

Во однос на објавите на социјалните мрежи за приведување на лице во скопската населба Ѓорче Петров, ја информирамe јавноста дека полициските службеници во конкретниот случај постапувале по пријава на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика. Имено, при преземање на активности, полициски службеници биле навредувани и омаловажувани од лицето К.Ј., кое било под дејство на алкохол. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-3

Полицијата со која раководи Чулев уапси поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ

Утрово е уапсен поддржувачот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Јандриоски од страна на десет полициски службеници кои дошле со четири возила, го изнеле од двор и го однеле во станица. За ова на социјалните мрежи објави ќерката на Јандриоски, прашувајќи „До кога вака бе?“.Во статусот не пишува дека имало причина за апсењето на Јандриоски, особено што, тој бил однесен од неговиот двор. Останува нејасно зошто полицијата со која раководи министерот Наќе Чулев, поставен по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, приведува партиски поддржувачи од истата партија.https://www.facebook.com/KrisKiko/posts/10219041405643558По ова, партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на социјалните мрежи пишува дека Јандриоски бил уапсен затоа што бил на гроб кај неговата мајка. „Тоа што партиската полиција ви апси наши членови зашто биле на гроб кај мајка си, нема да ви го испере срамот што не знаете кај терате и секој ден има нов пик. Кристијан Јандриоски ќе го издржиме сѐ ова уште малце брат“, пишува Аросвски на Фејсбук, кој истовремено, порача:https://www.facebook.com/dimsa.arsovski/posts/10222869179419040„Да бевме нормална држава денеска Венко Филипче наместо да чита новозаразени, ќе си ја прочиташе оставката. Ама ‘пошто’ не сме нормална држава, не се чудете денес ако има и над 200. Им се руши сѐ како кула од карти“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

30 милиони денари од државниот буџет за антикризни проекти на здруженија и фондации

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со Ковид-19 кризата. Согласно Програмата, 30 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за преземање итни мерки за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 преку грантови во износ од 600.000 до 900.000 денари и тоа за следните приоритетни цели:– Информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19, како што се препораките на Министерството за здравство, придржувањето кон мерката за самоизолација и задолжително носење на заштитна опрема на лицето;– Правна помош, психолошка помош или совети за безбедност и приспособување за време на пандемија за најзагрозените групи, вклучително и спречување на стигматизација на заразените со коронавирус и лицата во изолација, односно спречување на говор на омраза;– Помош и поддршка на децата од социјално загрозените семејства и децата од руралните средини за учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација;– Помош и поддршка во грижата за стари лица, жртви на семејно насилство и други ранливи групи и во нивното приспособување на условите, што ги наметна кризата;– Набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи, на локално ниво;– Едукација, директна помош и поддршка на лица со хронични болести, лица со ретки болести, стари и изнемоштени лица, лица со зависности, самохрани родители, сексуални работници/чки, групи засегнати од ХИВ, лица со попреченост, ЛГБТИ и други социјално исклучени групи, во смисла на набавка на прехранбени производи и лекови, прехранбени и хигиенски пакети, психолошко-социјална помош и слично;– Директна поддршка за ранливи категории на работници/чки од ниско платени гранки со идејни решенија, кои ќе им помогнат да остваруваат приходи за време на криза, како што е на пример, воспоставување на онлајн продавници за земјоделци/ки поединци;– Директна поддршка на ранливи групи со ниски примања за да им се помогне со решенија кои ќе им помогнат за остварување на приходи за време на кризата;– Правна помош на граѓаните од најпогодените заедници за да ги остварат правата од мерките, кои ги донесе Владата;– Анализа на влијанието на пандемијата, вклучувајќи ги и економските ефекти од кризата врз жените и ранливите категории и предлози за менување на политиките и мерките;– Промоција на домашното земјоделско производство, локални капацитети за рурален развој и туризам и локалното производство на храна;– Антикорупциска проверка на политиките, кои се донесуваат во време на криза;– Предлози за структурни промени и нови политики во областа на здравството, образованието, социјалната заштита, животна средина и др., кои ќе гарантираат социјално-економска правда и правичност;– Информирање за заштитата на човечките права и ризикот од стеснување на просторот за граѓанските слободи за време на епидемија и вонредна состојба;– Справување со дезинформации, лажни вести, стигматизација и говор на омраза;– Активности поврзани со дигитализација и електронска писменост на населението воопшто, односно како да се зголеми довербата во електронската комуникација и работење;– Онлајн обуки и менторство за невработени лица, со фокус на ранливи категории граѓани, за стартување на сопствен бизнис;– Обезбедување на совети и поддршка за развој на онлајн модули за физичка активност со цел подобро ментално здравје за време на пандемија;– Информирање и едукација на јавноста за практикување на физичка активност со почитување на социјално дистанцирање, преку развој на упатства, модули.Здруженијата и фондациите, на кои ќе им бидат доделени средства ќе достават извештај за користење на средствата до Генералниот секретаријат на Владата, кој се грижи и за реализацијата на програмата и кој доставува извештај за реализација на оваа програма до Владата.Владата на оваа седница ја донесе и Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средствата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за реализацијата на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

3C

„Македонски концепт“ ја промовира изборната програма „3С – програма 2020“ – Слобода, Спокој, Солидарност

Спроведувајќи ја идеологијата на здравиот разум, како граѓанска платформа за промоција на иновативни идеи – Македонски концепт, ја создадовме 3С – програма 2020 / слобода, спокој, солидарност!Крајната цел, не е да понудиме само уште една политичка програма, за следните избори. Знаеме дека, било која политичка опција да ја изберeме, секогаш е исто! Се согласуваме дека е така! Затоа ние направивме граѓанска понуда, која ќе воспостави демократски СИСТЕМ на заемна контрола, кој нè спасува нас граѓаните, од политичките злоупотреби. Но, тоа нужно бара соработка и доверба помеѓу сите нас! Во спротивно, воспоставување на таков демократски систем, не е можно, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.Програмата е резервоар на конкретни проекти, селектирани во три области:– слобода, како највисока вредност за изградба на ФЕР општество!– спокој, како стил на живот, резултат на извесна иднина!– солидарност, како единствено општествено прифатливо поведение!Реализацијата на нашата програма ќе ги исполни нашите домови со среќа, радост и здравје, домови на богати граѓани, кои во наследство на своите деца ќе им оставиме нормална држава, слободен и спокоен живот и солидарно поведение!Поради здравствената криза со Ковид – 19 и забраната за собири, нашата „3С – програма 2020“, сукцесивно ќе ја промовираме преку тематски пресконференции, почнувајќи од првиот нареден работен ден, 08.06.2020 година (понеделник) во 10.00 часот во Градски Парк, Скопје.Политичките партии се натпреваруваат во објавување на “бомби”, кои постојано создаваат нови проблеми во нашето општество! Го прифаќаме предизвикот, ќе започнеме и ние со нашите “бомби”, а тоа се нашите проекти, кои се решенија за проблемите кои ги создаваат партиите! Првата “бомба” од „3С програма 2020“ / Слобода, е проектот “Забрана за етнички партии”!Остануваме отворени за секоја граѓанска идеја или иницијатива, да ни пристапите во текот на следните денови, со Ваш предлог проект на нашиот email makedonskikoncept@gmail.com или на социјалните мрежи, каде е застапен Македонски концепт!фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

skopje-6

На ниво на целата држава 203 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 155 лица

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06) на територијата на Република Северна Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 481 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 203 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 155 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zadusnica

Денеска е Задушница, утре Духовден

Православните христијани, ја празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.Но, годинава поради воведената забрана за движење заради пандемијата, посетата на гробиштата е забранета и поменот за починатите мора се врши само во храмовите и во домовите.Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска облачно време со дожд и ветер, локално услови за град

Променливо облачно време со засилен јужен ветер ќе преовладува денеска во земјава. На место ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени.Во Скопје слично време со појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Во следните денови во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе бидат помали.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

7-dena-za-ohrid

7 Дена за Охрид

7️⃣ДЕНА ЗА ОХРИД⬇️📄Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиевски.📌На улица „15-ти Корпус“ во тек е поставување на рабници и се врши тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки.📌На улица „Абас Емин“ се вршеше испитување на поставениот цевковод за фекална канализација, по што ќе започне преприклучување во новата линија.📌На улица „Прва Македонска ударна бригада“ се изврши отстранување на старите рабници и во тек е тампонирање на тротоарот.📌На улицата во поранешната касарна, во завршна фаза се активностите за поставување на рабници.📌Успешно реализирана активноста „Цветни балкони – Цветен Охрид “ при што, по соодветен распоред беа поделени околу 400 жардиниери со саксиско цвеќе.📌Објавено беше Решението за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за Општина Охрид за 2020 година.📌Со почитување и применување на сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот Ковид 19 и во согласност со усвоениот Протокол, започна уписот на првачиња во сите основни училишта на територијата на Општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.610853826186891/610853679520239/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

merki-opstina

Георгиески: Упатувам апел до сите посетители кои во моментот престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот

Општина Охрид тековно ги презема сите мерки кои се во надлежност на Локалната самоуправа за соодветна заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ и постапува според сите мерки и уредби кои ги носи Владата на Република Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Кризниот штаб постојано се координира, се спроведуваат сите тековни активности кои се предвидени во локалниот оперативен план за делување. Исто така, постојано се реализираат вонредни мерки за дезинфекција и миење на улиците и јавните површини во градот.Поради карантинските мерки кои се активни во неколку градови во државата, во текот на вчерашниот ден во Охрид пристигнаа голем број гости.❗Упатувам апел до сите посетители кои во моментот престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“:➡️Да се носат заштитни маски;➡️Да се одржува потребна дистанца;➡️Да се одржува лична хигиена според препораките;➡️Да не се организираат семејни собири и други друштвени групирања;➡️Да се почитува во целост полицискиот час.❗Упатувам апел и до трговците и угостителите, да ги почитуваат сите протоколи за работа во текот на викендот.❗Упатувам апел до надлежните инспекторати да ги засилат теренските контроли на угостителските објекти, на трговските објекти и на сместувачките капацитети, со цел да се почитуваат протоколите и да се превенираат несакани последици.➡️Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/611025262836414/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

0000traktor

При пад од трактор почина 6-годишно дете од Делчево

При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома.-Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смртта.Јавен обвинител е запознаен за случајот, а починатото дете се уште се наоѓа во кочанската болница. Според кажувањата на очевидци, како што додадоа од болницата, детето починало по пад од трактор, со кој како што додаваат, управувал неговиот тетин.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Дали Славјанка наместо во изолација држи прес и го става во опасност животот на граѓаните?

Дали Славјанка Петровска денес ги загрози животите на десетици лица, наши сограѓани? Наместо во изолација како лице во потенцијален ризик за ширење на коронавирус таа држеше прес конференција, се вели во соопштението во ВМРО ДПМНЕ.Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација.Дно на лицемерие е Славјанка да обвинува дека некој друг не се грижел за здравјето на граѓаните, а таа треба да седи дома затоа што е во самоизолација.Дали Петровска директно ги загрози животите на нашите сограѓани, во време кога коронавирусот се шири со аритметичка прогресија?Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон.На СДСМ им е важна само власта, затоа го ставаат во опаснот и здравјето на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението во ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

СДСМ: Мицкоски свесно ги прекршил забраните, а структури на Чулев се обиделе да го сокријат, незрелото однесување на ВМРО-ДПМНЕ нема крај

Новите информации кои излегуваат во јавноста за случајот кога Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата покажуваат дека незрелото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не престанува, се вели во соопштението од СДСМ.Според најновите информации објавени од високи фукционери во МВР, униформирани полицијаци дошле до ресторанот каде седел Мицкоски во обид да го спасат Мицкоски од одговорност.Во обид најверојатно да го одбрани Мицкоски еден од сопствениците тврдел дека снимачот од безбедносните камери бил украден, но по претресот снимачот бил пронајден.Ваков степен на ангажираност за да се прикрие тоа дека Мицкоски ги прекршил забраните докажува дека Мицкоски многу добро знаел дека не смеел да биде во затворен дел од ресторан и дека неговото тврдење дека не бил доволно запознаен со протоколите е целосно лажно.Ова однесување на Мицкоски освен што е незрело и неодговорно, во исто време е и опасно по здравјето на граѓаните. За него поважни се кафеаните и теретаните, отколку јавното здравје.За таквото негово однесување, одговорност мора да има, а граѓаните ќе ги ценат и судат неговите срамни постапки во време кога сите капацитети се насочени во броба притв коронавирусот,се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

petar_bogoyeski

Богојески до Ахмети: Албанец може да биде премиер на Македонија, но прво да ја добие довербата од сите граѓани и од оние во Штип и Струмица! Не може со програма само за Тетово и Гостивар, да се бара п...

Лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески му образложи на претседателот на ДУИ Али Ахмети што треба да се направи за да се исполни неговата желба. Богојески на ФБ напиша:Али Ахмети, не си искрен!Ајде заедно, прво да направиме уставни предуслови, а потоа природно ќе си дојде Албанец – премиер на Македонија! Или Турчин или Бошњак… ние и до сега сме имале Влав за премиер! И во Крушевската Република, според некои извори, премиерот Дину Вангели бил православен Албанец!?!Што измисли Ахмети со ова, топла вода?!?Еден ден, тој / таа нема да биде од редовите на ДУИ, туку од Македонски концепт, што всушност го најавив во интервју за Цивил Медија, објавено на 30.05.2020 год. Очигледно и Ахмети е за пензија, плагира идеи, исто како почитуваната Силјановска!Има ли храброст Али Ахмети да прифати концепт на граѓанска држава, држава на индивидуалци, а не држава на повеќе народи, не држава на колективитети?!?Има ли чест Али Ахмети да прифати систем на индивидуални права, однос граѓанин, поединец со Републиката, а не колективитет со државата? Да прифати укинување на секаков тип на позитивна дискриминација во земјава, несреќно наметнат со Охридскиот договор?!?Или ли разбирање Али Ахмети да прифати целосна фискална децентрализација на сите општини?!?Има ли дозвола Али Ахмети да прифати промена на Устав, со цел забрана за постоење на етнички партии?!? Нема веќе политички партии со етнички предзнак, нема веќе албански, турски, српски или македонски политички партии, туку само граѓански партии!Има ли разум Али Ахмети да прифати една изборна единица, а секој носител да биде претендент за иден премиер?!? Па оној кој добие највеќе гласови, тој ќе формира Влада! Ако е Албанец носител на листа, секако тој ќе биде премиерот… исто и ако е Турчин, Србин или било што, по етничка определба!Албанец може да биде премиер на Македонија, но прво да ја добие довербата од сите граѓани и од оние во Штип и Струмица! Не може со програма само за Тетово и Гостивар, да се бара премиерски мандат! Тој треба да претендира да биде премиер на сите граѓани, а не само на Албанците!Нас ни треба систем во кој најдобриот меѓу нас ќе биде премиер, а не по основ на политичка трговија или етнички клуч! Тој што претендира да биде премиер ќе им се обрати на сите граѓани, а не само на Македонците или на Албанците!После вакви уставни предуслови, секој може да биде премиер, без разлика кој етнички, религиски или партиски идентитет го носи во себе!ДУИ нема искрени намери!Промовира етнички концепт за ротација на функции!Тоа е апсолутно неприфатливо!

Македонија | пред 5 години

alijansa-za-albancite

АА: Али Ахмети зборува за албански премиер, додека бојкотира албански претседател и бега од гласањето на албанскиот претседател на собранието!

Денес Демократската унија за интеграција ја одбележува 18-годишнината од неуспеси, неисполнети ветувања, коруптивни скандали, лаги и манипулации! 18 години владеење, 18 години шанса да се докажете, но се што докажавте беа личните и партиските интереси за кои граѓаните сфатија, и веќе не молчат, се вели воопштението од Алијанса за Албанците.ДУИ нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните, а камо ли за легитимно претставување на волјата на народот. Вие ја изгубивте оваа легитимност со своите постапки, затоа што денес Албанците немаат соодветна застапеност, немаат еднаков третман, немаат иднина и немаат живот затоа што вашиот незаситен стомак сè уште продолжува да се засити на штета на луѓето!Ако Демократската унија за интеграција ја исполнеше својата обврска кон граѓаните за сите дадени ветувања и ако беше искрена во идејата за албанско владеење а не консензуално, вие би го поддржале кандидатот за албански претседател на претседателските избори!Но, вие се одлучивте за консензуален претседател, а оваа поддршка беше само ваша политичка игра во замена за партиски интереси со цел да победите неколку општини на локалните избори што знаевте дека сте ги изгубиле.Кога Али Ахмети имаше шанса да докаже дека навистина го поддржува албанското раководство, тој избега како кукавица на 27 април откако бил свесен за можните напади на собранието, а токму Зиадин Села ги запре неговите зборови што се вртеа како расипана лента! Разликата го направи гласот на Зиадин Села, а не на Али Ахмети.Граѓаните не забораваат и знаат да ја направат разликата, затоа што и по 18 години сè уште се справуваме со истите проблеми. Денес се соочуваме со масовна миграција на младите кои се убедени дека со вас иднината им е украдена, денес Албанците се казнети само затоа што се Албанци, денес на Албанците им се работните места од други!Денес, по 18 години, Али Ахмети е лидер напуштен од многу искрени и кредибилни припадници на поранешната ОВК!Денес, Албанците желни за промена не може да ги изманипулирате, затоа што знаат дека со вас тоа што се вели никогаш не се прави, се вели воопштението од Алијанса за Албанците.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

venko

Според министерот Филипче причината за зголемувањето на бројот на инфицирани е непочитување на мерките

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека околу 15 семејства сочинуваат 90 отсто од новите случаи на инфицирани со КОВИД 19.Сепак, како што рече тој, има случаи и надвор од овие семејства, што покажува дека вирусот е присутен во нашата земја.Според министерот причината за зголемувањето на бројот на инфицирани е непочитување на мерките.Министерот неколку пати на прес конференцијата посочи дека и покрај тоа што бројката на заразени деновиве е висока, вирусот се шири во рамките на кластерите и на тие лица кои се веќе во изолација, но повторно нагласи дека има и случаи кои не се поврзани со кластерите.„Вирулентноста значајно слабее, анализата на симптомите покажува дека има огромен број на асимптоматски случаи и со многу лесни симптоми, близу 90 проценти. Ова воопшто не треба да значи дека вирусот не е опасен. Сведоци сме дека и сега има пациенти со тешка клиничка слика“, исткна Филипче. https://www.facebook.com/VladaMK/videos/1048200495575388/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Најавата за прогон на владиката Агатангел е најава за рушење на МПЦ, ова мора да го спречиме

Најавата за прогон на владиката Агатангел е всушност најава за последниот удар на македонската држава и македонскиот народ од страна на марионетската власт во Скопје. По бришењето на сешто е македонско, сега на ред дојде и бришењето на Светата Македонска Црква која е еден од темелите на државноста и вековен чувар на идентитетот на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ дава безрезервна подршка на тешката борба на владиката Агатангел за одбрана на името и идентитетот на македонскиот народ земајќи предвид дека Светиот синод на МПЦ е легло на странски шпиони врбувани своевремено од соседни разузнавачки служби за разнебитувањето на Црквата. Една од целите на новата легална власт на  Единствена Македонија е организирање на Црковно-народен собор за прочиствање на највисокиот црковен клир на МПЦ од криминалци, предавници и странски шпиони.Единствена Македонија нема да стои на страна доколку власта тргне против владиката Агатангел во спречувањето на борбата за одбрана на највисоките национални и државни интереси. Трпението на македонскиот народ е при крај од антимакедонското поведение на марионетската власт во Скопје, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 180 нови случаи на ковид 19, оздравени се 11 пациенаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:• Скопје 1158, активни 552• Куманово 526, активни 110• Дебар 52, активни 1• Штип 142, активни 104• Прилеп 217, активни 31• Тетово 257, активни 100• Струга 91, активни 19• Велес 138, активни 28• Битола 29, активни 3• Охрид 25, активни 8• Кавадарци 6, активни 1• Гостивар 41, активни 20• Гевгелија 6, активни 2• Струмица 5, активни 3• Крива Паланка 6, активни 0• Радовиш 4, активни 0• Крушево 3, активни 0• Кочани 41, активни 10• Пробиштип 5, активни 3• Демир Хисар 1, активни 0• Македонски Брод 2, активни 0• Пехчево 3, активни 0• Берово 2, активни 1• Валандово 3, активни 2• Виница 3, активни 1• Делчево 1, активни 0• Кратово 3, активни 1• Свети Николе 3, активни 3• Кичево 3, активни 1• Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода –111  и МАНУ -91.Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Petrovska

Снимките од кафеаната каде Мицкоски седел со ексдиректор на УБК се одземени иако сопственикот лажел дека се украдени

Одземен е уредот за снимање од кафаната каде седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога на инспектори беа спречени да извршат увид во внатрешниот дел на објектот кој според протоколите на работа не смее да работи. Уредот е даден на вештачење, а против сите лица, кои ќе се утврди дека го прекршиле протоколот ќе бидат поднесени кривични пријави. Пред да биде одземен уредот за снимање каде се снимките од надзорните камери, сопственикот тврдел дека истиот е украден, но не знаел да одговори кога. Освен Мицкоски, со него бил и поранешен функционер во Владата, односно МВР, кој сега е припадник на министерството. Неофицијално, станува збор за Љупчо Андоновски кој е поранешен директор на УБК.„Со оглед дека постоеја сомневања дека има прекршувања на мерките за заштита, а со тоа и сторување на кривично дело, непочитување на донесените мерки за заштита од пандемија, известен е јавен обвинител од кого е добиена наредба за одземање на уредот за снимање од безбедносните камери во објектот. Во непосредна близина на објектот, како и во самиот објект, забележани се полициски службеници, кои по опис на своите работни места, не требало да бидат присутни таму. Ова предизвикало сомнеж за нивната намера и со оглед дека станува збор за фреквентно место, повикани се службеници на ЕБР, како превентивно обезбедување на просторот. Ангажирањето е направено според прописите на министерството. По дадената наредба за одземање на уредот за снимање, сопственикот кажал дека тој бил украден, но дека не се сеќава кога. За ова е известен јавен обвинител и во координација со судија за претходна постапка, добиена е наредба за претрес на објектот. По направениот претрес, најден е уредот за снимање на безбедносните камери и истиот е одземен. Согласно наредбата, тој сега се вештачи за да се потврди присуството на лицата во објектот“, рече дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.Според Петровска, инспекторите го забележале излегувањето на Мицкоски од внатрешноста на кафеаната, откако претходно, беа спречени да влезат во неа. Дури потоа, им било отворено по што виделе дека кујната била користена, односно, била извршувана угостителска дејност.„Целта на надзорот бил проверка дали угостителите ги спроведуваат мерките за заштита до Ковид-19. По нивна проценка, не е побарана полициска асистенција. При обид да се изврши надзор во угостителскиот објект ‘Чардак’, од страна на вработени во објектот, инспекторите биле попречени и не им било дозволено да извршат надзор во внатрешниот дел на објектот со образложение дека немаат клуч од тој дел од објектот. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот и преминале кон другите објекти, забележале дека од внатрешноста излегуваат неколку лица. Потоа, тие се вратиле во објектот и инсистирале да се изврши надзорот согласно законите. МВР по јавување на еден од очевидците, упатува полициски службеници на местото на настанот. По пристигнувањето на лицето кое се претставило како еден од сопствениците на објектот, истото го отворило горниот кат, односно винаријата ‘Чардак’, по што инспекторите извршиле увид во просторот, не биле затекнати гости, но во истиот имало користени садови и чаши, остатоци од храна, што упатувало на тоа дека внатрешниот дел сепак бил користен од некого“, додаде Петровска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

slavjanka

Петровска: Во Охрид се испратени дополнителни полицајци, ќе бидеме ригорозни затоа што мерките мора се почитуваат

Во Охрид ќе се казнува ригорозно, исто како и секаде каде се прекршуваат законите и уредбите тврди дополнителната заменик – министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, бидејќи, мора да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од коронавирусот. Од утрово се испратени дополнителни полициски екипи кон Охрид, бидејќи, забележано е дека е доста фреквентно.„Во моментот е навистина фреквентно во Охрид, утринава се испратени полициски службеници кои ќе им помогнат на колегите. Упатувам апел до граѓаните, дека полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас, ние ќе бидеме навистина ригорозни во спроведувањето на мерките, а ќе се трудиме законот да биде спроведен подеднакво за сите граѓани“, рече Петровска. Не се казнети лицата кои вчера патуваа и по почетокот на полицискиот час. Дополнителната заменик – министерка за внатрешни работи ,Славјанка Петровска, денес извести дека полицијата имала разбирање за патниците.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

direkcija-3

По 45 дена, во Дебар повторно случај со КОВИД-19

По 48 дена во Дебар повторно има пациент позитивен на Ковид 19, потврди градоначалникот Хекуран Дука за „Фокус“.Тој вели дека заболената е жителка на селото Долно Косоврасти, која пред три дена била примена во општата болница во Дебар со висока температура, а потоа биле однсена во Клиничкиот центар во Скопје, каде што е потврдено дека е инфицирана од корона вирус.извор: ФОКУС

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев му врати на Ахмети: Доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада

Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат, напиша на својот ФБ профил претседателот на СДСМ Зоран заев, одговарајќи му на Лидерот на ДУИ кој порача дека Време било во Македонија премиер да биде албанец.Во продолжение на својата објава Заев пишува:Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните.Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада.Фото: ФБ Зоран Заев

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

ВИДЕО: Снимка од Мицкоски во Дебар маало, кога беше затечен дека не почитувал протоколите

„Христијан Мицкоски, снимен како влегува во затворениот и забранет дел во кафеаната ,,Чардак". Без маска. Пред инцидентот со Пазарна инспекција, спречена во вршење на контрола во овој објект, кој, сега има кривична и пред да седне со своето друштво, кое, неофицијално и непотврдено биле: д-р Владо Столевски [кој живее во заедница со Јасна Мандиќ, обвинета во ,,Рекет], Љупчо Андоновски, екс директор на ДБК и Ален Зекиров, екс телохранител на Сашо Мијалков [седел на страна], објави на својот ФБ профил Јорданка Ивановска  - Јоци. Мицкоски, самиот вчера, на тв, се пофали дека се поздравил со многу луѓе на Боемска улица во Дебар маало. И, бидејќи е многу славен како џанам да е Џенифер Лопез, луѓе ми испратија снимка каде се гледа како маската ја мафта в рака и не му е прописно ставена на лице“, пишува Јорданка Ивановска-Јоци.„Луѓето си го снимале чоканчето, овој им влетал во кадар. Јавниот интерес е поголем од чоканчето. Мицкоски, ти како се поздравуваше со луѓе без маска? Колку владини уредби прекрши пред некој ден, како да си над сите закони? Каква порака од позиција на лидер на ВМРО-ДПМНЕ испрати на граѓанството за време на пандемија КОВИД19 - правете што сакате, како јас што си правам и кажете на крај дека не знаете протоколи? А, знаеш колку луѓе твој Наќе казни за неносење маски како ти? Тебе ти треба некој да ти нацрта дека е пандемија или што е работава? И ти си сакал да водиш држава. Во некој нареден живот можеби и ќе ти се исполни оваа желбичка, пишува Јоци на ФБ.https://www.facebook.com/joci.jocik/videos/10222383336192170/?eid=ARDAfuKNc_lYzez6X0BfYcB14jNqEosFn1vsPP8bMncFl0HCl_320kIb7U9xdLF_WarnyBFVIDw3eJtJ

Македонија | пред 5 години

ali-ahmeti

Ахмети: Време е за Албанец премиер на Македонија

На 18-годишнината од основањето на ДУИ, лидерот Али Ахмети порача дека е време за Албанец премиер на Македонија. Тој порача дека Албанец е на чело на Собранието, но дека сега е време за нешто големо.– Ова патување го започнавме заедно пред 18 години, заедно се соочивме со секој предизвик и си верувавме еден на друг, заедно ги решивме и исполнивме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, да ја утврдиме целта заедно нашите следни избори за постигнување на целта за избор на ценета, докажана и прифатлива личност која ќе ја избереме заедно за прв албански премиер!!!На секоја годишнина поставуваме амбициозни цели, ги остваруваме, затоа со среќа кон остварување на нашите заеднички цели – порача Ахмети.  

Македонија | пред 5 години

dimsa-1

Арсовски: Венко Филипче се обиде да прикрие над 20-тина случаеви во рок од 3 дена

Власта предводена од СДСМ одамна го изгуби својот компас. Зоран Заев, Венко Филипче, политичарот во обид од редовите на СДСМ, Караџовски кој од комисијата за заразни болести, го изгубија својот компас и се подготвени да газат и по човечки жртви, само за да ненормалната нормалност ја прикажат како едно нормално секојдневие, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во моментов заради загубениот компас на СДСМ, бидејќи не знаат на каде тераат и важни им се единствено нивните функции, во Република Македонија за жал се случува експлозија од новозаразени, каде што секојдневно има над 100-тина заболени. Сите околу нас веќе ја победија пандемијата, само ние се уште го достигнуваме пикот и за жал најавите од експертите се дека ќе биде уште полошо.До вчера од СДСМ велеа одиме на избори, за да воведат полициски час од вчера во одредени општини, што уште еднаш покажува дека е тотална дезориентираност и очај на оваа Влада предводена од СДСМ.Уште еден показател кој претставува сериозна загриженост за граѓаните, Венко Филипче во неколку наврати се обидува да прикрие бројки на новозаболени од корона заразата нормално по наредба на Зоран Заев.Ова е навистина сериозно и за ова треба да се одговара.Најпрвин директорот на болницата во Штип кој е член на СДСМ, поранешен пратеник на СДСМ, пред неколку дена објави дека има 14 нови заболени во Штип, а Венко Филипче истиот тој ден подоцна објави дека има само еден. Значи Венко Филипче се обиде да сокрие 13 случаеви во Штип. Неверојатно.Потоа истиот Венко Филипче најпрвин објави бројка од 67 новозаразени на целата територија на Република Македонија за да после неколку часа да дополнат од министерството преку соопштение дека не се 67 туку се 76 новозаразени. Неверојатно е со каква леснотија кријат новозаболени.Вчера Аце Коцевски градоначалникот на Велес од редовите на СДСМ објави дека има четворица новозаразени, а Филипче подоцна на својот фејсбук профил објави дека има само двајца велешани кои што се новозаразени од корона заразата.Само во 3 наврати, Венко Филипче се обиде да прикрие над 20-тина случаеви во рок од 3 дена. Колку ли само има прикриено случаеви Венко Филипче низ целата држава што не ги кажува само за да го задоволи својот шеф Заев и да каже дека се е нормално.За жал не е. Дезориентираноста на оваа неспособна власт не доведе до тоа да самите тие луѓе од СДСМ да бидат џелати на сопствениот народ. Секоја чест и нека им служи на чест ако продолжат за личен интерес на функционерите на СДСМ да го газат здравјето на граѓаните. Ништо не е поважно од здравјето на граѓаните, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања