Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

102381608_2306483459658001_4305043194787135488_n

ФОТО: На Охрид му се случува гужви насекаде, полни дел од кафулињата и редици пред маркети

Охридската чаршија денеска е преполна со посетители од другите градови, кои вчера избегаа од другите градови каде е прогласен карантин до понеделник наутро.Дистанца меѓу нив има, но очигледно е дека наплив на домашни туристи има и по гужвите во кафитериите.Полни се и маркетите, каде има долги редици доколку некој сака да испазари намирници за викендот. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Жител на гостиварско Чегране под истрага за обид за убиство на соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Чегране поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот 33-годишник, на 4 јуни на улицата „Илинденска“ во Гостивар, во близина на бензинска пумпа, се обидел да лиши од живот друго лице, исто така од селото Чегране. По претходен меѓусебен договор да се најдат на наведеното место, двајцата започнале меѓусебна вербална расправија, по што осомничениот извадил нож од џебот и му задал два удари на оштетениот – во пределот на рамото и во задниот дел на главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди. По настанот осомничениот се упатил кон полициска станица, каде што сам се пријавил како сторител нa делото. Поради сериозноста на повредите, оштетениот е префрлен од Ургентниот центар во Гостивар во Клиничкиот центар во Скопје.Со оглед на тоа што постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците како и основан страв осомничениот да се обиде да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

„Визер“ ја продолжи суспензијата за летови од и до Македонија

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 14 јуни.„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети“, соопштија од компанијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nbrm-narodna-banka

Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, која заради околностите коишто ги наметнува пандемијата на ковид-19 се одржа телеконференциски. На средбата учествуваа гувернери и други претставници на централни банки од околу дваесет земји.Настанот претставуваше одлична можност за размена на искуства помеѓу централните банки во врска со справувањето со предизвиците од корона-кризата. Искуствата покажуваат дека реакцијата на централните банки, во основа е преку намалување на основната каматна стапка, ослободување ликвидност во банкарскиот систем преку различни монетарни инструменти и проширување на листата на хартии од вредност кои се прифатливи за обезбедување на дополнителна ликвидност на банките од страна на централните банки. Одделно беа посочени и активностите за обезбедување поповолни услови за отплата на банкарските кредити од страна на кредитокорисниците погодени од кризата и стимулирање натамошно поповолно кредитирање, особено на погодените сектори. Сите овие мерки се дел и од веќе преземените мерки на нашата централна банка. Тоа уште еднаш потврдува дека и во текот на актуелната корона-криза, Народната банка, во рамки на своите надлежности остварува максимален придонес за македонската економија.Во текот на дискусијата беше укажано и на потребата централните банки да имаат постепен пристап при преземањето на мерките и да остават дополнителен простор, со оглед на присутната неизвесност во однос на времетраењето на кризата. Истовремено, беше посочено и на потребата од обезбедување поддршка од страна на централните банки и во периодот кога ќе започне процесот на опоравување на економијата.Гувернерите ја потврдија заложбата за водење политики кои ги поддржуваат ценовната и финансиската стабилност, а дополнително, во рамки на просторот за делување на централните банки, и поддршка на економското заздравување во времетраење колку што е потребно за да се надмине кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.Учеството на Ангеловска-Бежоска на средбата на Клубот на гувернерите е уште една потврда на определбата на Народната банка да биде активен учесник во активностите на централнобанкарската заедница и во овој период, придонесувајќи во размената на искуства и на мислења за можностите за натамошен придонес на централнобанкарските институции во справувањето со корона-кризата.  фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

skopje-6

Во 24 часа на 166 лице им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (04/05.06) на територијата на Република Северна Македонија на 166 лице им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 591 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицскоки: Доколку не победиме на изборите, ќе се повлечам

Христијан Мицкоски најави повлекување од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ ако не победи на годинешниве парламентарни избори и ако не направи Влада. Сепак, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, тој потенцира дека е уверен во победа.„За мене постојат два услови. Едниот е да победиме и вториот е да направиме Влада. Така што и двата услови не се условени. Доколку во кој било од двата не успеам, да – јас ќе се повлечам. И тоа сум го кажал досега“, истакна Мицкоски.Мицкоски и покрај тоа што вели дека и тој би сакал веднаш да се договори терминот за одржување избори, додава дека тоа е невозможно во овој момент поради големите бројки на новозаразени со ковид-19 во земјава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vreme

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне повремени врнежи од дожд

Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и то температура до 26 степени.Под влијание на влажен бран кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а в сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Бугарија воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија

Бугарското Министерство за здравство издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија. Со истата наредба се прекинува 14-дневниот карантин за граѓани кои во Бугарија ќе допатуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Muzicko_upis_

Започнаа уписите на учениците во ОМУ „Методи Патче“ Охрид

Основното музичко училиште „Методи Патче“ во период од 1-ви до 10-ти јуни врши уписи за ученици во  прво оделение за инструментите пијано и виолина и за четврто одделение  за инструментите:флејта, гитара,кларинет и хармоника.Пријавувањето ќе биде по електронски пат на следниов линк: УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ОМУ „МЕТОДИ ПАТЧЕ“Заинтересираните ученици за термините за аудиција ќе бидат дополнително информирани на телефонските броеви кои треба да ги приложат  во пријавата.Дополнителни информации за уписите може да се добијат и на телефонскиот  број: 046 269 -139   

Македонија | пред 5 години

Signalizacija

Хоризонатално бележење на неколку улици во Охрид

Се известуваат сите учесници во сообраќајот  односно  сопственици  на моторни возила , дека во наредните денови за време на полицискиот  час ( петок, сабота и недела), општина Охрид ќе врши обележување  на хоризонтална сигнализација во  централното градско подрачје.  Поради тоа  се молат сопствениците да ги отстранат своите возила од паркинг просторите на подолунаведениве  улици , се со цел непречено одвивање на активностите.Паркинг простор на улиците: „ Булевар Македонски Просветители“, „ Кеј Македонија”, „ Димитар Влахов“, „ Партизанска“, „ Кузман Јосифовски Питу“, „ Ванчо Николески“, „ Серафим Китаноски“, „ Страшо Пинџур“, „ Караорман“, „ Мите Богоески“ и „ Даме Груев“. 

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

СДК: 4 медицински сестри и 2 болничари од ГОБ „8 септември“ позитивни на КОВИД-19

Шест медицински лица, од кои четири сестри и двајца болничари од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје се позитивни на КОВИД-19, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Христијан Костов, директор на болницата.Едната сестра била ангажирана во КОВИД центарот кај најтешките пациенти, а останатите медицински лица се од другите одделенија каде се третираат суспектни случаи.Шесте медицински лица имаат благи симптоми, кашлица и температура, а поради контактите на работа, во изолација се десет нивни колеги – сите медицински лица.Текстот во целост на: СДК.МК

Македонија | пред 5 години

posle-21-c

(ВИДЕО) Корона Духовден во Охрид

Колони возила неможат да довлезат во Охрид и во т.н. Полициски час кој почна во 21 часот. Стотици и стотици возила влегуваат  во Охрид и по 21 часот, а некои од нив влечкаат и приколки со глисери и други пловила.Преполно е и во Лагадин каде речиси и да нема празна куќа.

Македонија | пред 5 години

crkva

ОЈО отвори предмет по повикот за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како  и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

obvinitel

IN MEMORIAM - Почина Славчо Станков, поранешен јавен обвинител

Денеска во Скопје на 76-годишна возраст почина Славчо Станков, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.Славчо Станков беше роден на 05.12.1943 во с.Видовиште, Кочани. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Тој целиот работен век го помина во Јавното обвинителство и се посвети на развојот на правната мисла и унапредувањето на обвинителската фела.Започна во тогашното Општинско јавно обвинителство Свети Николе во 1973 година,  а во 1975 година станува заменик јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство Скопје. Во 1984 година, Станков започнува да работи како јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство Скопје, а од 1997 година, се до неговото пензионирање во 2008 година беше јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија. Во перидот од октомври 2006 до јануари  2007 година, Славчо Станков беше вршител на должност Јавен обвинител на Република Македонија.Со неговата смрт обвинителството загуби професионалец и голем пријател.

Македонија | пред 5 години

naplatna-1

(ФОТО) На патарината Скопје-Тетово километарска гужва

Километарски гужви на патарините на автопатот Скопје - Охрид. Автомобилите се со скопски регистарски таблички.Од  вечерва  од 21 часот започнува 80 часовниот карантин во Скопје. Покрај во Скопје во карантин  се и Куманово, Општина Липково, Штип, Тетово, како и во општините Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.Инаку се поставува прашањето зошто забраната за движење во останатите градови започнувава денеска во 21:00 часот, а од утре од 16:00 часот. Им се даде ли можност на на сите кои сакаат да го напуштат Скопје да имаат време после работа да се упатат кон местата каде нема целосна забрана за движење? 

Македонија | пред 5 години

skopje

(ВИДЕО) Нов вид туризам во Охрид - Корона туризам, зошто да се седи во карантин, кога може покрај Езеро!

Социјалните мрежи вријат со критики по последните мерки на Владата. Тие велат дека со тоа што половина од државава со тоа што од денеска ќе биде во карантин ги натера жителите на овие места да овој викенд го поминат во останатите места од државава каде нема до толку ригорозни мерки.  Ќе се потсетиме на изјавата на претседателот на комисијата за заразни болести жарко Караџоски кој на повикот од Охриѓани да се затвори градот за првомајските празници рече:-Затворањето во својата љуштура, во своето гето, кое што велиме ќе се вика „затворено за останатите жители на државата“, прво не е коректно, второ тие луѓе плаќаат данок на општината каде што градоначалникот собира пари од тие луѓе од даноците, трето добива општината помош од државата, и четврто заштитните средства се од овде. Така што затворање на локално ниво или создавање на таканаречени виргинални подрачја во коишто нема да има влез ниту излез на други граѓани се со цел да си се заштитиме ние, не е хумано,  не е коректно, не е епидемиолошки издражно и крајно сметајте дека целата држава има Ковид за полесно да спиете, истакна Караџоски пред првомајскиот викенд.Очигледно претседателот си стои на истиот став и сега, кога колони возила се упатија денеска токму кон Охрид, Маврово Дојран. Дали ова значи дека следното жариште за две недели од сега треба да го очекуваме на овие места?На социјалните мрежи има низа критики упатени до комисијата која го дозволи ова:-Не знам кој ум ги осмисли меркиве. Веројатно логика на осмооделенец ќе беше поефикасна. Сега имате егзодус по Охриди, Маврови и Дојрани и еден куп села од коишто ни доаѓаат пола скопјани. Викендици, станови, куќички распослани низ државичево колку сакаш...Приградските населби на Скопје имаат лесен и брз пристап до автопатот и обиколницата. Ене го кај е Велес...А во Тетово не мора ни да влезеш, цепиш право во Гостивар кој не е во карантин. Значи, еден фин начин да испоразболиме цела држава за три дена, одличен начин да отворите уште сто нови кластери!! Да не зборам за лудилото по супермаркетите вчера и денес.Не ве бива, дечки, можете да имате сто Кризни штаба и Центри за епидемии, здрава логика немате. И уште се дрзнувате да наметнувате Ковид координатори!!!!https://www.facebook.com/lukrecija.atanasovska/posts/10219614713773354фото: Скопје 1 

Македонија | пред 5 години

koloni

(ВИДЕО) Пред карантинот колони возила на излезот од Скопје

На излезот на Скопје, од Ѓорче Петров кон автопатот за Тетово, во попладневните часови може да се забележи метеж во сообраќајот и колона возила кои го напуштаат главниот град, објави 360stepeni.mk.Ваквата слика кон излезот од главниот град е вообичаена за време на празници и продолжени викенди. Метежот е во пресрет на карантинот во главниот град кој ќе започне вечерва во 21 часот, а ќе заврши во понеделникот наутро во 5 часот.

Македонија | пред 5 години

struja

Регулаторна: ЕВН е должна да изврши коригирање на фактурите за струја врз основа на самочитање

Во врска со реакциите што стигнуваат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од страна на потрошувачите за нивните сметки за струја, за месеците март, април и мај, РКЕ информира дека секој потрошувач има право сам да си го отчита своето броило и да ги достави своите податоци до ЕВН, односно до операторот на електродистрибутивниот систем преку Viber, обичен телефон или преку e-маил, доколку не се задоволни со отчитаната состојба на своите броила.РКЕ укажува дека ЕВН е должен, по добивањето на податоците од потрошувачите, да им ги коригира нивните фактури за електрична енергија. Погрешно издадената фактура со повисока потрошувачка на струја треба да ја поништи и да изготви нова, согласно реалната потрошувачка.– Во изминатиот период РКЕ посредуваше во решавање на 150 претставки од страна на потрошувачите. Доколку ЕВН не ги коригира фактурите врз основа на самоотчитувањето што го направиле потрошувачите, може да се обратат до РКЕ и ние ќе посредуваме при изготвувањето на новата сметка. Исто така, јасно сакам да им порачам на ЕВН дека од сега натаму, во однос на овој проблем ќе ги преземеме сите законски надлежности кои што ни стојат на располагање и ќе започнеме и со преземање на одредени санкции на операторот на дистрибутивниот систем – изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.Тој додаде дека, секој потрошувач треба плаќа онолку колку што потрошил, а РКЕ ја разбира ситуацијата во случајот со кризата што ја имаме.– Имаше период кога ЕВН не ги отчитуваше броилата, правеше проценка, но сега како што ги повикавме потрошувачите да ги плаќаат сметките за струја, така, не го повикувам, туку му наредувам на ЕВН да ги прифаќа отчитаните податоци од граѓаните и веднаш да пристапи кон корекција на сметките – рече Бислимоски.Извор: МЕТАфото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите – собирите сериозно ќе го загрозат здравјето на присутните и колективното здравје

Денеска, на прес конференцијата по повод донацијата која како помош за справување со ковид-19 пристигна од Европската Унија, Министерот за здравство Доц.д-р. Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите бидејќи гробиштата за Духовден ќе бидат затворени, побара од епископот да го повелече повикот.„Јас го повикувам епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите. Ова е многу осетлив период во овој момент на епидемиолошката крива и тој повик е спротивен на се што сега правиме да се заштити јавното здравје. И секако спротивен и на многу уредби коишто Владата ги има донесено, а тоа е пред се уредбата за забрана на масовни собири и тоа е нешто кое ако доколку се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите кои ќе бидат таму присутни како и јавното здравје. “ -  апелираше Филипче.Прашан за став во врска со синоќешната акција на пазарниот инспекторат во една скопска кафена во која бил присутен лидер на политичка партија, Филипче потенцираше дека сите треба да бидеме свесни дека сме некому пример и дека од сите нас зависи.„Во однос на нашето лично однесување, сите ние даваме личен пример. Даваме на децата дома, даваме на сите млади и во општеството. И ние како политичари, избрани функционери во повеќе фокус-таргет групи, верските лидери со своите повици и однесувања, мора да сме свесни дека од сите нас зависи“ – изјави министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

a4

Филипче: Денеска стигнаа и преостанатите 8 респираторни машини, добивме вкупно 20 од ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во улога на Национален координатор за странска помош во земјава, заедно со Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, а во присуство и на евроамбасадорот Самуел Жбогар, на платото пред просториите на Секретаријатот за европски прашања, ја претставија пристигнатата помош од Европската Унија како поддршка за земјава при справувањето со КОВИД 19.Министерот Филипче се заблагодари на Европската унија за оваа значајна помош.„Тие беа едни од првите кои што ја понудија помошта и навистина пристигна. Тоа е уште еден доказ дека Европската унија е нашиот најголем партнер, и дека почетокот на пристапните преговори практично значи дека веќе на некој начин не сметаат за дел од големото семејство кое што меѓу другото значи и помош тогаш кога е најмногу потребна. Овие 20 респираторни машини (сега 8, претходно 12), кои се веќе дистрибуирани во повеќе јавни здравствени установи и веќе се користат за третман на пациентите, а таму каде нема пациенти болни од ковид, се користат и за друга индикација. Тоа е сериозен чекор напред кон зајакнување на нашиот здравствен систем, посебно таму каде што е најмногу потребна, а тоа се одделенијата за интензивна нега“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека продолжуваме со соработката и понатаму.„Во следниот проект којшто го отвори и понуди за нас Европската унија, ќе ги опремиме и ќе ги зајакнеме сите одделенија за интензивна нега ширум државата, тука на клиниките, двете болници во Скопје, клиничките болници и општите болници ширум државата. Уште еднаш благодарам на Европската унија, благодарам на сите амбасади од земјите-членки на ЕУ, заради тоа што своја помош понудија и дадоа и Бугарија, Чешка, Франција, Германија, и на сите други институции и компании кои овој изминат период ја понудија помошта на Министерството за здравство“, рече Филипче.Освен респираторите, во рамките на помошта од ЕУ се обезбедени и по 10 перфузори и редуктори за кислород, но и огромна количина на заштитна опрема: преку 750 илјади хируршки ракавици, десетици илјади заштитни скафандери, заштитни наметки, заштитни очила, заштитни маски, каљачи итн. - опрема која веќе се користи од страна на  здравствените работници на Инфективната клиника и останатите здравствени установи.Опремата во вредност од четири милини евра која се става на располагање на нашата земја претставува само итна поддршка за здравствениот систем на земјава од страна на Европската Комисија, а самите земји - членки на ЕУ, во рамките на цивилниот механизам за заштита, како и во рамките на директната билатерална соработка, секојдневно испраќаат помош и поддршка што претставува доказ за заедничка борба против КОВИД19.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МИОА направи и премногу за локалните, регионалните и националните телевизии

Министерството за информатичко општество и администрација реагира на најавениот штрајк на здружението „Медиум Објектив“ Во реакцијата од МИОА се вели:Во однос на најавениот штрајк од страна на членките на здружението Медиум објектив, Министерството за информатичко општество и администрација сака потенцира дека не е направена селекција и дискриминација во обезбедувањето на помош на медиумите погодени од кризата предизвикана од Ковид-19.Како потврда за тоа се следните аргументи:АВМУ ги ослободи сите радиодифузери од давачките за дозвола за емитување кон Агенцијата за 2020 годинаВладата обезбеди средства од Фондот за борба против последиците од кризата со коронавирусот, со кои се покрија трошоците за емитување на дигитален сигнал, односно трошоците за мултиплекс, за сите радиодифузери (национални, регионални и локални)Владата подготвува уредба со која радио станиците би се ослободиле од обврската за плаќање на годишниот надоместок за користење на фреквенции кон Агеницијата зе електронски комуникацииСо овие уредби, всушност се покриваат сите трошоци кои сите радиодифузери ги имаат кон соодветните регулатори, во зависност од видот на лиценцата којашто ја поседуваат. Никој не е изоставен и нема никаква дискриминација.Допонително, сите медиуми подеднакво добија и поддршка во висина од 14.500 денари месечно за секој вработен.Владата е и понатаму отворена за разгледување и на дополнителни предлози за помош на медиуите. Би биле среќни и доколку би добиле конкретен предлог. Тоа до сега не се случи.На 1ви јуни, здружението „Медиум објектив“ испрати допис без потписник и контакт, па како одговор јавно ги повикуваме на средба и разговор и доколку постои конкретен предлог стоиме на располагање да го разгледаме.Наместо веднаш да посегнуваат кон штрајк, сметаме дека на заеднички состанок можеме да разговараме за сите предлози.Сепак, ова е демократско општество и демократска земја и секој има право на свој начин да ги изразуа своето мислење, така што неспорно е правото на членките на „Медиум објектив“ на ваков начин да го изразат својот став.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maksim

Кумановското обвинителство ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот и раководителот на ЦУК​

По сеопфатно проучување на наводите во кривичната пријава поднесена од СВР-Куманово против градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, а за сторено кривично дело- Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поради тоа што не се утврдени елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност.Кривичната пријава во обвинителството беше поднесена на 24 април 2020 година против две лица, со наводи дека лицата за време на епидемија на опасната заразна болест постапиле спротивно на здравствените прописи, на начин што откако претходно биле тестирани и им било дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19, по што добиле и Решенија за задолжително домашно лекување и изолација, се упатиле на тестирање  во Скопје во три приватни лабаратории – иако не смееле да го напуштаат просторот каде биле сместени.По разгледување на пријавата и извршената анализа на сие докази приложени кон неа, како и по извршени дејствија за утврдување на факти во предметот, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово констатираше дека пријавените како асимптоматски носители на вирусот и лица кои поради нивната здравствена состојба спаѓаат во група на висикоризичи пациенти, откако ги добиле решенијата за задолжителна самоизолација и домашно лекување побарале дополнително тестирање и второ стручно мислење за сопствената здравствена состојба, што е согласно член 9 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите.Притоа, пријавените извршиле консултација со матичните лекари и закажале контролен преглед на Инфективното одделение во Општата болница Куманово за  22.04.2020 година. Еден од пријавените, приватно ангажирал и платил од сопствена сметка амбулантно возило со кое утрината , истиот ден, двајцата пријавени биле превезени во Скопје и обратно за контролни тестирања во приватни болници и лабараторија.  Превозот во амбулатното „ковид“ возило бил извршен согласно на медицинските протоколи, под целосна заштитна опрема на возачот и пациентите.  Нивниот превоз , пријавените уредно го пријавиле  телефонски на „192“ во Центарот за известување и командување при СВР Куманово, а согласно решенијата за домашна изолација каде стои дека „доколку лицето во текот на лекувањето и изолацијата во домашни услови има потреба од болничко лекување, претходно треба да се јави на телефонскиот број 192 со цел да му биде овозможено напуштање на домот.“Откако им биле земени примероци, согласно медицинските протоколи, пријавените со истото амбулантно возило се вратиле назад во Куманово, каде веднаш во Инфективното одделение во Општата болница им биле земени примероци на крв за анализа, бил извршен преглед и рентгенско снимање.Резултатите од извршеното тестирање во Скопје биле негативни, исто како и резултатите на извршено дополнително тестирање од страна на екипа од приватна болница која дошла во домовите на пријавените.Пријавените, без оглед на негативниот резултат од тестирањата, останале во домашна изолација се до истекот на рокот од 14 дена и до добивање на два последователни негативни резултати од овластената лабараторија.Имајќи ги предвид сите преземени дејствија на пријавените, начинот на кои ги преземале и особено околностите во кои тие биле преземени, обвинителството утврди дека сосема е неспорно дека пријавените за време на епидемија на заразната болест не постапиле спротивно на ниту еден пропис или наредба со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, односно дека во постапувањето на пријавените не се содржани елементи на сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, ниту пак на било кое друго кривично дело кое се гони по службена должност, поради што обвинителството го донесе решението за отфрлање на кривичната пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

alijansa-za-albancite

АА: Селективната медиумска помош е неуспешен обид на владата за злоупотреба на изборната кампања!

Алијансата за Албанците во целост го поддржува најавениот штрајк на регионалните и локалните телевизии, поради неправедниот третман на владата кон нив. Овој третман докажува уште еднаш за оваа дискриминаторска влада, која дури и во состојба на криза прави разлика за одредени цели, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Со оглед на тоа што Северна Македонија е рангирана и како земја на која и се потребни реформи во медиумите каде недостасува нивната слобода, ние веруваме дека ваквиот третман е стратегија на владата да влијае на слободата на изразување. Од друга страна, знаеме дека слободата на изразување е исто така многу важен критериум за демократијата и интеграцијата на земјата во ЕУ.Секој медиум даде огромен придонес за информирање и подигање на јавната свест за кризата со која се соочуваме. Нивната улога во вакви ситуации е многу важна, а земајќи в предвид дека новинарите и медиумските работници постојано беа изложени на директен ризик од вирусот, секој мора да добие соодветна награда.Без медиуми и соодветно информирање, никој не би ја разбрал важноста на ситуацијата, затоа апелираме до Владата да донесе уредба со кој сите радиодифузери ќе добијат еднаква помош и поддршка.Исто така, цениме дека владата продолжува да биде подмолна во распределбата и трошењето на јавните пари за справување со кризата, затоа уште еднаш ја замолуваме Владата за транспарентност во овој поглед, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците. фото: Архива 

пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев направи едно општество во кое законите важат само за православните Македонци, а не и за исламските Албанци

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ силно ја осудува налудничавата идеја на марионетската влада во Скопје да воведува полициски час само за православните празници сметајќи дека коронавирусот е опасен и напаѓа само за време на овие празници, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Македонскиот народ со неверување секојдневно гледа и слуша како законите во државата важат само за православните Македонци а не и за исламските Албанци.Зоран Заев веќе и не крие дека концептот за едно општество го замислува така што законите ќе важат само за православните Македонци, а не и за исламските Албанци. Припадниците на албанското малцинство веќе толку се осилија што повеќе не фермаат устав и закони. Пред Рамазански Бајрам власта рече дека ќе има полициски час, но, од ИВЗ порачаадека џамиите ќе бидат отворени и тоа навистина се случи и власта уплашено се повлече.Од друга страна, Македонците се секојдневно изложени на политичко-полициски прогон со разноразни пријави за наводното непочитување на мерките во кризата а за најголемиот христијански празник Велигден и сега за денот на покојните - Духовденска задушница, власта става клуч на православните верски објекти.Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Макеоднија кој доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците и православните верници ги третираат како граѓани од втор ред во доминанто христијанска Македонија. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

пред 5 години

Levica-logo

Левица поднесе приговор за предвремен почеток на изборната кампања од страна на СДСМ

Денес, Политичката партија Левица – како потврден учесник во изборниот процес иподносител на листи на кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарниИзбори 2020, до Државната изборна комисија поднесе официјален ПРИГОВОР за предвременпочеток на изборната кампања и непочитување на одредбите од Изборниот законик противКоалицијата „Можеме“ предводена од СДС, се вели во соопштението од Левица.Со приговорот се бара ДИК, во рок од 72 часа, да отпочне прекршочна постапка за казнување наполитичките партии кои ја сочинуваат оваа владејачка коалиција, со по 8.000 ЕУР во денарскапротиввредност – заради предвремен старт на кампањата, кој се случи на ден 30 мај 2020(минатата сабота), кога многу раководни функционери на СДС [Оливер Спасовски, РадмилаШеќеринска, Дамјан Манчевски, Сања Лукаревска и др.] – во високоризични услови напандемија и при важечка забрана за јавни собири, а некои од нив дури и позитивни накоронавирус – противзаконски делеа флаери меѓу граѓаните во повеќе градови на РепубликаМакедонија, загрозувајќи го нивното здравје и прекршувајќи ги правилата за фер изборенпроцес.За сите овие констатирани неправилности приложивме и соодветна фото-документација.Бараме од ДИК, итно и во законски предвидениот рок, да постапи согласно своите овластувања,бидејќи во спротивно постапката ќе ја продолжиме со поднесување тужба до Управниот суд наРМ,  се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања