Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

georgievski

Ѓорѓиевски: ЈО да го повика Зоран Заев и да го вештачи неговиот телефон

Вилма Русковска го штити Зоран Заев – главата на криминалниот октопод во Република Македонија.  Иако првообвинетиот во случајот Рекет неколку пати посочува дека во телефонот на Зоран Заев има комуникација која што е важна за расветлување на целиот случај, сепак телефонот на Заев не е одземен со цел негово вештачење, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Што сака Русковска да сокрие!?Дали во телефонот на Зоран Заев има кореспонденција и комуникација која директно укажува на него како Капо Ди Тути капи на целата рекетарска шема во Македонија!?ЈО молчи во однос на вмешаноста на Заев и на секое негово спомнување ја свртува работата во друг правец.Првообвинетиот кажа дека Заев преку СМС порака го повикал уште на 16 април во владата со цел да ги соочат доказите. Тоа се цели 6 дена пред Заев да го пријави случајот како што претходно кажа.Што правел Заев во меѓу период?Дали сокривал докази?Дали изменувал содржина на докази?Дали уништувал докази?Ова се прашања на кои истрагата мора да се насочи, ако не сега, тогаш со воспоставувањето на правната држава во Македонија.Првообвинетиот вчера експлицитно кажа дека Зоран Заев менаџирал со судски процеси и обвинителски истраги со цел обезбедување на пратеници.Ова е уште една причина плус, Зоран Заев да се најде на истражна клупа.Сите презентирани докази индицираат дека Заев во повеќе наврати и на повеќе нивоа менаџирал судски и обвинителски постапки. Зоран Заев ја има дерогирана судската власт и директно се вмешал во нејзината работа. Зоран Заев ја има уништено нашата правната држава, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: Срамно однесување на Мицкоски, не ги почитува мерките, не е загрижен за граѓаните, за него кафаните и теретаните се најважни

Целата јавност вчера слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот.  Непочитување на мерките, деструкција, лажни вести, тоа е она што Мицкоски им го нуди на граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Мицковски, како не ти е срам?  Како не ти е срам!! Твоето вчерашно однесување е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија.  Нашата стратегија не е проблемот, проблемот е што ти и твоите послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботирате.Како не ти е жал за болните, за докторите, за оние кои поради тебе и таквите како тебе кои не ги почитуваат мерките сега мораат повторно да бидат во карантин.  Како не чувствуваш одговорност за новите заболени ?Еве го однесувањето на ВМРО преку твојот пример разголено до крај: намерно и организирано не ги почитувате мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени, а твоите гавази во МВР тоа го кријат и намерно не го санкционираат, борејќи се против колегите од МВР за тебе да те сокријат.  Борејќи се против инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, против цела држава.Па уште јавно лажеш - дека не си бил запознаен, дека само со познајник си седел, дека ти било првпат, дека било човечки?  Нема ништо човечко во твоето однесување, каде твојата теретана и твоите кафеани се поважни од здравјето на луѓето.  Сега што ќе измисли Наќе пак?  Кој отсјај сега ќе те покрива?Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема.  Во оваа ситуација, политичарите мораме да бидеме пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови.  Срам да ти е!  Граѓаните ќе ценат и ти судат за твојот незрел однос, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Боки 13 повторно нуди имот како гаранција за да излезе од Шутка

Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, денеска повторно пред Апелацискиот суд во Скопје побара да му се укине мерката притвор во затворот во Шуто Оризари и ја понуди гаранцијата од околу 146 000 евра, која ја нудеше и претходно. Станува збор за гаранција во недвижности, дуќан во центарот на Скопје и куќа во Тафталиџе со кои гарантира дека нема да избега, објави 360stepeni.mk.Боки и неговиот адвокат Сашко Дукоски пред второстепениот суд порачаа дека не може како причина за определување притвор да се користи флоскулата „степен на кривична одговорност“ бидејќи тој во моментов не е осуден ниту, пак, да се наведува дека постои опасност од бегство затоа што нема оформено потесно семејство. Точно е дена тој нема засновано свое семејство, рече адвокатот, но тој е дел од потесно семејство со неговите родители.„Остро ги осудувам таквите дискриминирачки факти“, истакна Јованосвки во Апелација.Тој е во притвор од 15 јули 2019 година кога се отвори истрагата. За секое продолжување на притворот за 30 дена, заедно со неговиот адвокат, поднесуваше жалба до второстепениот суд.Тексто во целост на:  360stepeni.mk.

Македонија | пред 5 години

integra-1

(ВИДЕО) Ристовски: Македонија ќе ја изврземе со брза железница, целта е во Македонија за 1 час да се стигнува на секоја точка

Претседател на Интегра, македонско конзервативната партија Љупчо Ристовски вели дека „Интегра“ е подготвена за овие избори. Нашата платформа веќе е отпечатена. Нудиме многу нови иновативни решенија во скоро сите сфери на општественото живеење кои се критичка точка првенствено на македонскиот национален интерес, а потоа и на државата во секој ресор.Во минатиот период направивме средба со граѓаните ширум Македонија. Овие бели заштитени мечки 30 години си го направиле системот, да им одговара ним и да неможе да пробие нова партија од третиот блок. Оваа тврдина мора да се разбие. Затоа ние бараме иновативни решенија за да дојдеме до јавноста. 90 % од буџетските пари одат кај овие две, три парламентарни партии, а 10% на сите останати партии, од кои две си направиле ВМРО ДПМНЕ, две СДСМ ... Многу малку временски ни даваат на останатите партии да ја презентиме својата програма. Затоа одиме во оваа пред кампања. Сакаме да ја добиеме гласноста која законот ни ја ускратил многу итро.  Но, не се плашиме од никого, за нас авторитет е само господ, вели Ристовски.Претседателот на „Интегра“ додава дека како партија имаат што да понудат.Нашата нова политичка визија, која ја нарековме „Нова Македонска ренесанса“, со која тврдиме дека за една декада ќе ја препородиме татковината и за два изборни од сега никој повеќе нема да ја препознае Македонија. Македонецот никогаш повеќе нема да оди со наведната глава, со свиена кичма,  македонецот никогаш повеќе нема да коленичи. Ќе направиме економски препород на татковината и луѓето ќе ги направиме богати. Државата ќе биде богата само ако има богати индивидуи, категоричен е Ристовски.Ристовски кој е познат по тоа што жестоко ги критикува и претходната и сегашната Власт објаснува зошто е убеден дека ниту едните ниту другите не работеле за интересите на граѓаните.Ако секој си ги погледне своите трансакциски сметки денеска, и да се запраша што заработил изминативе 30 години со чесен труд,  ќе види дали напредува или назадува. 40 години ние сме во процес на бескрајна транзиција. Ова општетство никогаш не се трансформираше на начин со тоа што државата ќе подаде рака, за да ги крене индивидуите. Оваа држава им ги згасна соништата на неколку генерации. Ја изгубивме младината и интелектуалниот дел на општеството за кој што оваа држава вложувала пари преку образовниот систем. Тоталитарните партии секогаш гладаат во џебот на другиот и сакаат секогаш да земет нешто туѓо. Затоа имате висока корупција во државава. Овие две партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го донесоа народот на просјачки стап. Оние кои се мачат со труд и заработуваат се секогаш уценувани, имаат закани, притисоци ... Тоа не е систем во кој слободата цвета. Ние како ИНТЕГРА се одлучивме да направиме пресврт во секоја сфера. Ние сакаме да ги вратиме мозоција назад, вели Ристовски и објаснува:Во нашата изборна програма имаме предвидено се. Пример во Велес на долината на реката Вардар, „ Слободна технилошка зона“ - иновациска, информатичка, високо технолошка зона, ја нарекове „ВИТЕЗ“. Таму во првите 100 дена ќе има нулта стапка на оданочување за високо интелектуален кадар. Се што е интелегенција во регионов ќе привлечиме овде. Имаме цел оваа зона да прерасне во македонска силиконска долина. Партнери во овој процес ќе ни бидат еден светски познат технолошки универзитет кој е меѓу првите во светот кој има дел за иновации и дизајн кои работат со СИМЕНС кои имаат вложено 100 милиони долари таму на Фабрика на иднината. Двајца професори од таму се во ИНТЕГРА, Тие ќе работат партнерски со нас во Велес да ја донесеме фабриката на иднината, вели Ристовски.Нашата крајна цел е ниту да ги задржиме СДСМ на власт, ниту да ги вратиме ВМРО ДПМНЕ на власт. Сакаме ИНТЕГРА да ја донесеме на власт. Ние напаѓаме со вистината. Нашето оружеје е вистината и љубовта кон сопствениот народ и кон татковината Македонија.Ние планираме буџетот да го симнеме од 1/3 сега, на 1/4 на 25 %. Ние ќе таргетираме создавање на нова додадена вредност.Ристовски откри само мал дел од проектите кои ќе ги понуди ИНТЕГРА.Во изборната платформа имаме неколку иновативни проекти. Имаме нова транспортна стратегија. Македонија ќе ја изврземе со брза железница. Целта е во Македонија за 1 час да се стигнува на секоја точка. Ова ќе вклучува и воздушни магнетни трамваи. Во Скопје од Драчево до Сарај, од Сарај по јужна обиколница покрај Водно и Охрид од центарот на градот до Св. Наум. Имаме производител со кого сме разговарале цената е околу милион и 100 илјади евра на километар. Знаеме точно за што зборуваме и знаеме точно како ќе го направиме. Во делот на приватните инвестициски фондови ние имаме сосема нова стратегија - капиталните инвестиции од државата кои се половина милијарда и 150 милиони имаме субвенции во буџетите минативе години, државата да ги извади како дискреционо право од премиерот и министрите и ги носиме во приватен сектор како модел на приватно јавно партнерство и стануваат како посебен дел во македонски инвестициски фонд каде двете ќе бидат вложени во три зони, Скопје, Охрид и Струмица. Ова значи дека Охрид ќе стане финансиски центар на балканот во регионот, исто Струмица и исто Скопје. Во тој триаголник ќе донесеме приватни инвестициски фондови кои ќе ги хранат овие две третини кои партнерски со државата ќе влезат во МЕГА проекти .Наша е цел е не само да не увезуваме струја , туку да извезуваме  а со тоа уште во првиот мандат ќе може да си дозволиме на најранливите категории да им дадеме бесплатно струја. Околу Косел сознанијата говорат дека има геотермални води. Низ македонија определени се 7 геотермални точки. Таму ќе има зони за здравствен туризам, вели Ристовски.Што се однесува за прашањето на промената на името и членството на Македонија во НАТО и ЕУ претседателот на ИНТЕГРА вели:Тоа Северна ќе отпадне како трул плод од дрво. Штом срцето на овој народ не го прифаќа и на референдумот се кажа тоа, џабе им се сите анкети на кои велат дека земјава е на петто шесто место. Прашањето за името е клучното прашање за овој народ. Еве гледате што се случува и со македонскиот јазик. Сега Бугарија е егзекутор за нешто што нормалниот демократски свет ни на крај памет неможе ни да помисли дека може некој за такво нешто да се дрзне да превземе како политика на една држава спрема друга држава. Тоа е трагедија но тие се охрабрени од внатре. Охрабрени се од велепредавничката СДСМ и велепредавничката ВМРО ДПМНЕ кои го играат „танго со ѓаволот“. Еве зошто за време на референдумот Мицкоски не повика на бојкот, за уставните амандмани позајмија 8 пратеници. Сите тоа имаа потпишано оставки и сите имаа депонирано меници со сиот свој имот. Мицкоски не ги активираше мениците едноставно ги предаде во Будимпешта. Ова докажува дека смислено влегле во играта да му дадат, за по три месеци да речат глупо е ако партијата не си ги врати назад.  Тука има партнерска игра со СДСМ, категоричен е Ристовски и додава:За претседателските избори, на тацна му дадоја претседател. Јас има информации дека повторно уцена имало на сцена и дека со измама се извадени гласачите на ВМРО околу 15 и 30 мин.Ристовски вели дека ИНТЕГРА има концепт, има идеологија.Ние сме единствена партија која излегува со здрава идеологија, вели Ристовски. https://www.facebook.com/ohrid1/videos/2464663353636265/

Македонија | пред 5 години

7

(ФОТО) Национален парк Галичица ги обновува информативните табли и патокази

Националниот парк Галичица е една од најпосетените туристички детинации во Република Северна Македонија. Во последните неколку години, се забележува значајна промена во поглед на барањата на посетителите.  Секоја година се забележува тренд на зголемување на бројот на посетители кои уживаат во активности на отворено.Поради тоа беше потребна ревитализација на системот на патеки (во вкупна должина од 202,6 километри) и обновување на информативните табли и патокази.Ревитализацијата на системот на патеки започна во април 2020 година, но заради ситуацијата со пандемијата на КОВИД 19, активностите беа со намален интензитет, секако, во согласност со мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од Коронавирусот КОВИД 19. Ревитализацијата ќе биде завршена кон крајот на јуни 2020.Со обновувањето на инфраструктурата долж системот на патеки ќе бидат целосно заменети 66 информативни табли и повеќе од 100 патокази.Исто така, во текот на 2020 година, по Одлука на Директорот на ЈУНПГ беа спроведени активности за изработка на План за управување со НПГ (2021-2030 година). Активностите ги спроведоа внатрешните членови на тимот за планирање, вработени лица во установата. Во подготовката на овој основен плански документ учествуваа и надворешните членови на тимот за планирање, кои се претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, стручни невладини организации и институции од областа на животната средина. Планирано е заклучно со 31 декември 2020 година Планот за управување со НПГ да биде одобрен и донесен.Во текот на 2018 година, ЈУНПГ започна со трансформација на своето работење во делот на обезбедување средства со кои се финансира заштитата на природата. Дотогашната пракса за целосно покривање на оперативните трошоци со приходи добиени од директно искористување на природните ресурси (главно сеча и производство на огревно дрво) почна да се менува со зголемување на приходите генерирани од туризам. Во 2020 година, ЈУНПГ донесе одлука за целосно запирање со директното искористување на природните ресурси, т.е. прекин на производството на огревно дрво.Примарната цел на управување со Националниот парк e насочена кон заштита на природните и полу-природните екосистеми. Една од клучните вредности на Паркот се планинските пасишта (тревни екосистеми) кои имаат двојна вредност. Од една страна, се жариште на биолошката разновидност, а од друга страна претставуваат значаен предел настанат со взаемна интеракција на природата и човекот, преку нивно вековно традиционално користење. Една од главните задачи на ЈУНПГ е преку активно управување со овие живеалишта да ја зачува нивната вредност.За таа цел беше пристапено кон определување и обележување на површина на која подоцна (кон крајот на 2019 година) беше оформен и репродуктивниот центар за европски елен, со дополнително внатрешно оградување за: центар за спасување и рехабилитација за повредени и конфискувани животни, како и прилагодлива (карантинска) област.Репродуктивниот центар е со површина од 86 хектари и се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“. Во него  се сместени 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци (заклучно со декември 2019 година), а во мај 2020 година беше добиена и првата принова од млади единки. 

Македонија | пред 5 години

grobista

ЈП „Градски гробишта“ Охрид - се ЗАБРАНУВА посета на градските гробишта од денеска од 21:00 до понеделник до 05 часот

Известување од ЈП Градски Гробишта - Охрид 

Македонија | пред 5 години

4

19 години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре

Тројцата воени резервисти, битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, цвеќе положи градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци и претставници од нивниот совет, семејствата на загинатите, припадници на АРМ, Сојузот на борци, припадници на Резервниот состав, политичките партии и други лица.„19 година измина од немилиот настан, чувствата не одминуваат дека нашите сограѓани недостигаат. Ваквите моменти малку повеќе треба да не отрезнуваат за тоа како се однесуваме и во чувањето на споменот кон нив, меѓутоа и во возвраќањето на долгот кон сите нив, со нашите заложби да го подобриме општеството во кое што живееме. И во оваа прилика изразувам сочувство кон семејствата кои ги загубија тие млади животи за кои нема надоместок, меѓутоа упатувам апел до сите млади да се вградат во нашето општество онака како што треба да се вгради младината и да бидат негови двигатели“, рече градоначалнинчката Наташа Петровска.Пред присутните се обрати и Митре Солунчевски од подрачното одделение на Министерството за одбрана во Битола.„Одделението за одбрана традиционално од 2003 година, го одржува овој настан посветен на нашите сожители кои го изгубија животот во 2001 година во извршување на борбени задачи во составот на резервниот состав на АРМ. Оваа година поради вонредната состојба ќе има само полагање на цвеќе, а нема да се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“, истакна Солунчевски.  

Македонија | пред 5 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на ФБ

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик.Пријавениот на 28.05.2020 на социјалната мрежа фејсбук објавил текст кој содржел говор на омраза.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

doktor-vmro-za-korona

Д-р Чибишев: Нема да изненади ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени се со цел остварување на својот интерес

Ситуацијата со корона вирусот целосно излезе од  контрола. Mинистерството за здравство, Комисијата за заразни болести и надлежните институции  засега немаат решение за неконтролираното влошување на состојбата, истакна Д-р Андон Чибишев од ВМРО ДПМНЕ.Но, затоа знаат со голема леснотија да го менуваат бројот, односно да го зголемуваат бројот на новозаболени во едно деноноќие.Нема да изненади ниту ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени, истите ги дозира, а целта е таа - да не се остави впечаток дека нема услови ниту на 5 јули да се одржат избори. Со тоа ќе се исполнат инструкциите да се креира лабава атмосфера на новото нормално.Ова е поигрување со здравјето на граѓаните! Срамен чекор на власта!Сведоци сме на влошување на сите параметри кои не водат кон епидемиолошка катастрофа со несогледиви последици.Ваквите бројки не искачија на врвот, ама на оној каде се бројат заболените и починатите од КОВИД 19 вирусот!За  жал, неколку дена имаме најмногу заболени и починати од Kовид 19 на милион жители од сите држави во најблиското опкружување!Додека земјите од регионот веќе подолг период, неколку седмици, немаат заболени, или имаат по еден-двајца, ние сигурно се движиме кон пикот со двоцифрени бројки на новоинфицирани во едно деноноќие. Во последните два дена Македонија има повеќе новозаболени колку што имаат сите држави од опкружувањето заедно.И на сето ова, во јавноста  излегуваат неодговорни политичари  и не убедуваат дека  ситуацијата се стабилизира  и вирусот слабее, и дека сега е моментот кога треба да  одиме на избори!Тоа се опасни и крајно несериозни тези кои за кратко време можат да не доведат во многу тешка ситуација каква што гледавме во некои европски држави!Дали надлежните институции ја чувствуваа  загриженоста на граѓаните,  бизнисмените, студенетите, учениците, оние кои три месеци претходно беа во првите редови во борба со пандемијата.Очигледно  е дека Комисијата за заразни болести, наместо да работи и делува независно и стручно, работи по диктат на политичарите носејќи мерки и одлуки кои се менуваат на дневна основа и предизвикуваат несигурност кај граѓаните.Свестете се! За здравјето на граѓаните станува збор, истакна Д-р Андон Чибишев од ВМРО ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Filipce-1

Филипче: Скопје е една функционална единица, со полицискиот час го штитиме целиот град

Од денес од 21.00 часот до понеделник до 5.00 часот наутро, се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје. Мерките за ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд во Скопје се предлагаат за сите општини, бидејќи градот е една функционална единица. На вчерашната прес конференција министерот за здравство Филипче истакна дека не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки кои се имплементираат во општините, а согласно податоците кои се добиваат од епидемиолошките анкети.Според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 392 лица позитивни на Ковид-19, или дадено по општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода - 17, Студеничани - 13, Ѓорче Петров 11, Илинден 10, Шуто Оризари - 9, Арачиново - 8, Петровец – 5, Сопиште -2.„Скопје е една функционална единица. Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти, дека циркулираат низ целиот град. Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје.“ – истакна Филипче.Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но пред се заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, при што од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци. Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Во петок, сабота и во недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

lisici

Притвор заради извршени кражби​

Јавен обвинител од Основното јавно бвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека го сторилo кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.Во временскиот период од 03.01.2020 година до 24.05.2020 година, осомичениот во 12  наврати со умисла преку временски поврзани дејствија повеќекратно  извршил кражби. Тој со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи слични прилики,  со провалување влегол во деловни и приватни објекти на 12 оштетени физички и правни лица од Гевгелија, Богданци и Валандово и одземал предмети со намера истите противправно да ги присвои.  Делата ги вршел со насилно отворање врати или прозори на приватни и деловни објекти,  од кои потоа одземал парични средства и предмети.Бидејќи постојат  околности кои укажуваат на опасност од бегство, односно дека осомничениот нема да биде достапен на органите на прогонот, а имајќи ја предвид тежината на стореното криивчно дело и запретената казна,  јавниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.  Предлогот на обвинителството беше прифатен, па Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ljube-boskoski

Стразбур пресуди во корист на Бошкоски, државата треба да му плати отштета за „Кампања“

Судот во Стразбур пресуди во корист на лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“, а Македонија ќе треба да му исплати парична оштета. Во пресудата стои дека одлуката е донесена поради неправедност при водењето на судската постапка, односно, неоправдано исклучување на јавноста од рочиштата, но и прекршувања на законот при сослушување на заштитениот сведок.Судот констатирал дека секој има право на фер и јавно сослушување во разумен рок на независен сведок, а медиумите може да бидат исклучени само во случај да бил нарушен моралот, редот во судницата, нациоанлната безбедност, заштита на приватниот живот и слично, а истото не било случај во постапката против Бошкоски.Судиите ја задолжуваат Македонија освен паричната оштета, на Бошкоски да му се исплатата и затезни камати во рок од три месеци од правосилноста на пресудата. Бошкоски е првиот осуденик во државата за незаконско финансирање на изборната кампања, откако еден ден по изборите во 2011 година беше уапсен пред скопски ресторан со 100.000 евра за изборна кампања кои ги добил од бизнисмен, кој пак, подоцна се јави во процесот како заштитен сведок.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

NAJNOVA-VEST-KORONAVIRUS

Официјално: Рекорден број заболени, повеќе од половина се од Скопје

Официјалните податоци до кои дојде „Скопје1“ покажуваат дека бројката на заболени е 120 лица, од кои 66 се од Скопје, Куманово-19, Штип-17. Ова е највискиот број на заболени лица за едноденоноќие од почетокот на епидемијата до сега. Починати се двајца заболени, а регистирани се 16 озравени граѓани.Прилеп, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Струмица се градови кои исто така имаат заболени лица. Во продолжение табелата:

Македонија | пред 5 години

CVETNI_BALNOKI

„Цветни балкони – Цветен Охрид “ – саксиско цвеќе за охриѓани, еве за жители од кои улици

Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на  улиците:-ул.„Ариф Мустафа“-ул. „Махмуд Рифат“-ул.„Бистрица“-ул„Шар Планина“-ул„Никола Петров Русински“-ул.„ Хаџи Мустафа“-ул.„Сатеска“-ул.„Васил Стефовски“-ул„Мишо Гилиќ“-ул.„Трајче Талески“-ул.„Гоце Делчев“Акцијата започна вчера а ќе се се реализира и денеска.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери соцвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“- Охрид на  3 и 4 јуни ( среда и четврток)  2020 год. од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и задолжително заштитни маски, како и да се почитува задожителното растојание од 2 метри.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

skopje-3

Предложени парични казни за 17 лица во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа.Обвинителството за нив предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

gordana

Димитриеска Кочоска: Не можам да потпишам заем од 90 милиони евра врз основа на 2 листа хартија

Гордана Димитриеска Кочоска гостуваше во емисија  на телевизија Алсат каде што уште еднаш ја потенцираше причината зошто не го потпиша заемот од 90 милиони евра од Светска банка. Таа истакна дека не може проектно финансирање да се базира на 2 листа хартија како што вели таа, 1 од министерство за здравство, 1 од министерство за труд и социјала. Кочоска посочи дека кога се работи за проектно финансирање  потребно е да се има јасни пресметки врз основа на кои ќе се бара заемот.„Јас имав неколку разговори со светската банка, тука не станува збор за некоја блокада која Гордана ја има кон Светска банка бидејќи знаете еден ден пред овој кредит да биде доставен до мене имаше друго барање упатени, тие 50 милиони евра кои што беа наменети за стопанството и ги потпишав без никаков проблем бидејќи таму беа јасно наведени критериумите под кои ќе се врши исплатата на тој кредит. Во конкретнава ситуација ние збориме за проекто финансирање. Проектното финансирање е разговорано помеѓу светската банка и ресорните министерства тоа се труд и социјала, здравство и тука било вклучено и министерството за финансии и сето тоа се случувало 1 месец пред да ми биде доставен документот до мене. Документот беше доставен до мене на 28 април притоа кога го доставија документот имаше 1 ливче од труд и социјала за 54 милиони евра и исто така 1 ливче од здравство за 34-те милиони евра кои што им се потребни на нив. Тоа беше и причината зошто јас побарав дополнително образложение за што ќе се трошат парите. Светската банка можеби знае, но јас не знам. И тука беше потребно повторно ќе напоменам зборуваме за проект, проектно финансирање и кога имате проектно финансирање треба да имате јасни пресметки за што ги барате средствата“, истакна Димитриеска Кочоска.Димитриеска Кочоска истакна дека соседна Србија добила заем со многу поповолни услови од Република Македонија. Говорејќи за еврообврзницата таа посочи на каматната стапка, односно цената на обврзницата за Македонија изнесува 3.165 додека за Србија  истата изнесува 3.675 проценти.„Да не заборавиме дека каматната стапка всушност е довербата на инвеститорите во нашата земја. Колку е таа повисока толку довербата на инвеститорите е помала. И сега ако во 2018-та во време на Тевдовски имавме најниска камата, а сега повисока и полоша од Србија треба да одговори господинот Битиќи. Од каде толкава недоверба на инвеститорите за година ипол или две години од издавањето на претходната еврообврзница“, појасни Димитриеска Кочоска.„Во однос на тоа дали е задоцнет многу пати сум дискутирала и ја имам информирано јавноста дека јас уште на 24 март јас побарав ребаланс на буџетот, но факт е дека истиот се случи многу подоцна. А сега да видиме од апсект на она што се случувало со ребалансот и дали е во ред проекцијата која што е направена.  Само за месец мај по првиот основен буџет, вкупните даночни приходи зборувам сега за данок на добивка, персонален доход и доход на ДДВ беа планирани 7,5 милијарди зборувам за месец мај. Со ребалансот 6,5 милијарди денари се предвидени, а за месец мај имаме остварено 4,3 милијарди односно 67 проценти во однос на планираното. И притоа околу 343 милиони денари, последната недела што требаше да се направи поврат на ДДВ не е направен. Ако го одземеме од од овие 4 милијарди и 300 милиони ќе дојдеме на 4 и ќе видиме колку ние имаме остварување. Значи во период кога се спрема ребалансот ние имаме комплетно погрешна проекција. Сега да гледаме што ќе се случува до крајот на годината. Во период од јануари до мај по основ на вкупните даночни приходи се 73 милијарди или тоа е 8,9 проценти помалку во однос на минатата година. Тоа е тоа што го кажа истото и министерката за финансии во неделата. Доколку пресметаме уште колку средства ни е потребни да ги собереме почнувајќи од јуни до крајот на годината за да стигнеме до оние 196 милијарди ребалансиран приход нас ни требаат уште 123 милијарди средства кои што треба да бидат приход, во суштина за буџетот. Исто толку сме собрале и минатата година. Јуни месец собираме приходи за мај, во мај имавме затворени еден куп субјекти, ситуацијава гледаме дека не стивнува, јас не знам како овој ребалансиран приход ќе го оствариме“, нагласи Димитриеска Кочоска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kafana

Мицковски во кафана на Боемска, инспекторите два и пол часа спречени да направат увид

Инспектори на Пазарниот инспекторат биле спречени да извршат надзор во затворениот дел на угостителскиот објект “Винарија” на Боемска улица, по што, два ипол часа останале пред објектот. Додека инсистирале да направат увид, затекнале како политичар излегува од објектот. Ова за “А1он” го потврди инспекторката Мери Продановска, која кажа дека станува збор за лидер на политичка партија. “А1он” дознава дека станува збор за претседарелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој седел во затворениот дел на угостителскиот објект додека инспекторите не можеле да влезат и да направат увид. Инспекторката Маја Продановска од Дежавниот пазарен инспекторат за “А1он” вели дека првпат им се случува да наидат на ваков отпор.“На улицата Боемска проверувавме дали и во внатрешноста на кафеаните се врши некоја дејност. Во еден од објектите нашите колеги беа спречени да извршат надзор, да увидат со свои очи дека во објектот не се врши никаква дејност, со објаснување дека објектот не работи и никој нема клуч. Колегите беа упорни и останаа пред објектот. По некое време излегоа од внатре две физички чица, нормално за нас сите се граѓани на оваа држава, но некој препознаа политичар односно претседател на политичка партија. По два ипол часа седење пред објектот, во меѓувреме, излегоа уште две лица кои ние не можевме да ги легитимираме, ниту ги препознаваме. Влеговме во објектот ја утвривме фактичката состојба. Празен беше по два ипол часа. Но има елементи каде се гледа дека се вршело дејност внатре. Кујната беше со храна имаше тањири, корпата беше полна со отпадоци, шишиња”, вели инспекторката Продановска за “А1он”.фото:

Македонија | пред 5 години

zekiri

Зекири со семејството - хоспитализирани во болница

Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќерката се хоспитализирани во болница. Ова го изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.„Мухамед е хоспитализиран, заедно со сопругата и ќерката, но се во добра здравствена состојба. Имаат лесни симптоми, односно покачена температура“, рече Филипче.Министерот Филипче на денешната прес-конфренција рече дека нема информација дали некој од останатите носители на јавни функции кои се заразени е во болница. Се уште се прават тестови на сите кои биле во контакт со него.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Filipce-1

Половина држава во карантин, Владата забрани одење на гробишта за „Задушница“

80 часовен карантин за Скопје, Штип, Куманово, Тетово, Липково, Јегуновце, Брвеница, Желино, Теарце и Боговиње. Продолжениот викенд, односно од утре од 21 часот навечер до понеделник до 5 часот наутро жителите во овие градови ќе останат затворени дома.Во сите останати градови, полициски час ќе има од утре во 21 часот до петок во 5 часот наутро, додека во останатите денови до недела ќе почнува од 16 часот до 5 часот наутро.Се забранува и посета на гробишта во цела Македонија, освен за погреби. В петок и во сабота е Задушница, кога православните верници ги посетуваат гробовите на своите најблиски. Петок е неработен ден за сите православни верници, а владата денеска го прогласи за неработен за сите граѓани.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Нема општина во Скопје која не е под ризик, статистиката покажува дека во Центар има заразени скоро колку во Чаир

Во Скопје денес има 59 случаи, во Чаир-12, Центар-10, Карпош-2, Бутел-10, Аеродром-5, Гази Баба-5, Петровец-1, Кисела Вода-3, Сарај-3, Ѓорче Петров-1, Шуто Оризари-1, Студеничани-1 и 3 за кои нема адреса, односно, се дале лажни податоци од заразените.„Најголемо жариште е Чаир, но нема општина која не е во ризик“, вели директорот на ИЈЗ-Скопје, Арбен Зибери. Според категоризацијата на ризиокот од СЗО, Институтот за јавно здравје проценува дека Скопје и Тетово се во четврта фаза, односно има широко распространета трансмисија, додека Штип е во трета фаза, што значи дека трансмисијата е локализирана.Инаку, во нашата држава најмладиот заразен е бебе, а најстариот 94-годишен граѓанин. Според статистиките кои ги води ИЈЗ, најголемиот број на заболени се на возраст од над 60 години.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

katica-janeva

Адвокатот на Јанева кажа зошто таа се соблекла во знак на протест

Катица Јанева била приморана да биде однесена на работен состанок во Државниот завод за ревизија каде присуствувал и јавен обвинител, а не се знае по кој основ, вели нејзиниот бранител, Дељо Кадиев за „А1он“. Тој вели дека Јанева не добила покана, а судот издал наредба за спровод, со тоа, со сила била однесена во Заводот за ревизија, иако според законот, таа можела, но не морала да присуствува на презентацијата на ревизорскиот извештај за СЈО. Кадиев вели дека на Јанева не и било дозволено ниту да повика адвокати во Државниот завод за ревизија, а одбиена била и кога побарала да се повика народниот правобранител.„Катица Јанева била спроведена на работен состанок, така и е кажано, во ДЗР за презентирање на извештајот на државниот ревизор. Штом е таа спроведена за такво нешто, тоа е противзаконско. Тоа е управна постапка, презентирање на извештај на Државен ревизор. Присуството таму е по нејзина волја, ако сака да присуствува тоа може да го направи, ако не, не е нејзина обврска. Наместо тоа, судијата издава наредба за спровод. Спроведена е од полицијата, а таму присуствувал јавен обвинител. Ако се презентира извештај, нема простор за јавен обвинител. На Катица Јанева не и било овозможено да повика адвокати и народен правобранител за заштита на нејзините права бидејќи сакала тоа да го стори. Во чин на револт го направила тоа и била повикана Брза помош. Нејзе и било кажано дека мора да биде спроведена таму. Била уплашена и вознемирена. Најголем изнервирала кога видела јавен обвинител таму“, вели Кадиев за „А1он“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

direkcija-za-zastita-i-spasuvanje

Експлодирала градобијна ракета - повредени двајца вработени во Дирекција за заштита и спасување

Двајца пиротехничари во дирекцијата за заштита и спасување се повредени откако при дислокација на ракети кои се користат против град се случила експлозија.Ракетите по инцидентот се дислоцирани на сигурна локација. Инцидентот го потврдија и од МВР, но засега нема детали.  Увид ќе се прави допрва.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Објавена снимка од аспењето на полицајците кои беа фатени како прават журка

Уапсените полицајци во кратовското село Куклица кои правеле забава, не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот, констатираат од МВР. Оттаму велат дека за санкционирање на нивното однесување, покрај Обвинителството, ќе учествуваат и инспектори од МВР, заедно со Внатрешната контрола.Порталот „А1он“ ја објави снимката од приведувањето на полицајците кои се журкале вчеравечер.„Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик. Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Македонија | пред 5 години

katica-janeva

Катица Јанева се соблекла во долна облека во Заводот за ревизија

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈОНа полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО. 

Македонија | пред 5 години

Slika-6

Стоилковски:СДСМ е најголемиот кластер на коронавирус во државата, Зекири и Лукаревска се новите Цаца Билјановска

СДСМ е најголемиот кластер на коронавирусот во земјава. Денеска имаше нов пик од 101 заразен граѓанин, жртви на предвременото започнување на кампања на СДСМ и желбата на Зоран Заев за власт. Ова е графиконот од кој се гледа дека коронавирусот зема замав пострашен од кога било. Последиците од заразата која ја шири СДСМ со нивните партиски функционери се несогледливи, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Владејачката партија во изминативе месец дена на најгруб можен начин го заобиколуваше полицискиот час. Со дозволи за движење извадени од партијата пуштија стотина луѓе да делат поткуп и ја заразија цела држава.Ова се сликите од кои се гледа како активистите на СДСМ, делат поткуп организиран од Зоран и Вице Заев.Кога МВР презема мерки и посочи на кршење на полицискиот час Зоран Заев излезе со фејсбук статус да се жали за политички притисок. Зоран Заев лично го кршеше и мотивираше други да го кршат полицискиот час.Ова се слики од Сања Лукаревска од партиски настан во Куманово, на кои што се гледа како таа дели пропаганден материјал на граѓани дента кога и е дијагностицирана позитивната слика на коронавирус. Стотина граѓани кои што дента  биле во контакт со Лукаревска се новите потенцијални заболени.Мухамед Зекири и Сања Лукаревска се новите Нина Цаца Билјановска. И првиот и вториот пик се поради функционерите на СДСМ. Бројот на луѓето кои биле во непосреден контакт со Лукаревска е над 200 лица. Потенцијал за зараза имаат стотина луѓе од централата на УЈП, како и од скопската дирекција, десетици партиски активисти и други луѓе.Поради лудоста на Заев за брзи избори, за карантин е половина влада и поголем дел од СДСМ. Страдаат и граѓаните кои што се во комуникација со нив, а бројките растат.Апелиравме да не се почнува со предвреме кампањата. Ова се последиците на незрелото однесување на СДСМ кои што водени од желбата за власт се спремни да газат и врз живи луѓе.СДСМ ја носи државата кон буквален пропаст. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања