Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

studenski-dom

Студенти бараат да се отворат домовите - Не сме сите од Скопје, немаме сите можност да патуваме преку два дена за Скопје и назад, во време на економска криза

Одлуката на Министерството за образование и наука да не ги отвори студентските домови до крајот на академската година ги налути студентите кои доаѓаат од други градови. Студентката А.М. од Берово периодов се подготвува за испитите на Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје, каде се најавени да се полагаат физички, објави radiomof.mk.„Не сме сите од Скопје, немаме сите можност да патуваме преку два дена за Скопје и назад, во време на економска криза. Не секој студент е способен да стане во 5 часот и да патува три часа за да решава задачи на испит“, вели таа.Пред да се воведе вонредната состојба, студентката престојувала во „Гоце Делчев“, од каде им најавиле дека ќе им ги соопштат датумите кога да се иселат.Слично мислење има и Константин Мијачески, кој од Прилеп доаѓа да студира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје и престојува во „Гоце Делчев“.„Па, мислам дека би било добро на неколку денови да се отворат домовите само за да можеме да се иселиме и дека требаше да има некаква координација со факултетите за одлуката за полагање и затворањето на домовите, бидејќи тие што полагаат со присуство нема каде да престојуваат. Ако секаде беа полагањата онлајн, тогаш би било подобро за сите со оглед на ситуацијата да бидат затворени домовите. Инаку, сé уште немаме информации во врска со иселувањата, само се кажа дека до октомври ќе бидат затворени“, вели тој.Од Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје најавија дека следната Ректорска управа ќе поднесат барање за продолжување на сите рокови за запишување на семестарот, полагање на испитите и флексибилност при уписот на условните предмети.За студентите кои студираат надвор од местото на живеење, тие бараат ваучерите за сместување и партиципација да се реализираат што побрзо. Дополнително, побарале ваучери за превоз за студентите кои студираат надвор од местото на живеење.Текстот во целост на: www.radiomof.mk. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Официјално: Објавено е барањето за полициски час, различни термини за сите градови

Заради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со ковид-19 во земјата, денеска Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче одржа координативен состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на заразата.По состанокот, Комисијата за заразни болести до Владата на Република Северна Македонија ќе ги достави следните предлог мерки за претстојниот продолжен викенд:- Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.- Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.Дополнително на состанокот, на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките.

Македонија | пред 5 години

aleksandrova

Александрова до Дурловски: Го осудувам нападот кон тебе, дали ти ќе ги осудиш барањата за линч, заканите и беслките кон нас?

Пратеничката Емилија Александрова од Независната пратеничка група го осуди инцидентот со кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски и побара случајот да се расчисти. Истовремено, го праша Дурловски, дали и тој ќе се одважи да ги осуди сите напади на пратеници, повици за линч и бесилки, како и теророт кој го доживеале при уставните измени за кои гласаше и таа. Александрова го прашува Дурлвски: „Дали мислиш дека тој што те стави на листа е најголемиот виновник за тотално нарушување на меѓучовечките односи како во партијата и надвор од неа?“„Почитуван колега Дурловски, добредојде во како што сега е тренд да се нарекува новата македонска реалност, за која директна одговорност имаш ти, јас и сите други политичари од сите партии.  На почеток сакам силно да го осудам овој настан и сакам да те охрабрам случајот веднаш да го пријавиш до надлежните институции а истите тие соодветно да постапат со брза и правична реакција, затоа што ваквите случаи треба од старт да се спречат посебно имајќи го во предвид моментот на се поизвесните избори а следствено на тоа и заоструванње на предизборната реторика. Колега Дурловски, во целост го разбирам твојот шок од настанот и во целост те разбирам како се чувствуваш. Сигурно си го имаш  поставено прашањето, зошто тоа мене ми се случи, што направив , па јас правам добро за државата и верувам во тоа. Се додека човек лично не почувствува на своја кожа не е свесен дека тоа претходно му се случувало и на други....но 100 стапа по туѓ грб не се ништо“, пишува Александрова во отвореното писмо.Таа му порача на Дурловски дека се срами од некои негови постапки.„Многу ќе ми беше мило вака храбро да се одважиш и да ги осудиш сите напади на  пратениците кои доживеаа вистински терор  од неистомислениците. Лични навреди, повици за линч, бесилки, закани кон нашите деца и фамилии.  Нешто што не би го посакала никому да го помине. Да те прашам...дали чувствуваш директна одговорност за закрвување на односите меѓу луѓето со своите ставови, дали мислиш дека тој што те стави на листа е најголемиот виновник за тотално нарушување на меѓучовечките односи како во партијата и надвор од неа, реализирано преку многубројни пресови со заканувачка содржина, индиректно повикување на луѓето  на несоодветни реакции притоа кога ќе завршат пред судските органи, се каат и срамат од своите постапки. Но тогаш го нема твојот лидер да им помага. Еве ако нешто ти значи, јас за мене ќе кажам дека се срамам од  некои свои постапки,  говори каде што тогаш несвесно влијаев на членството да се радикализира. Им се извинувам длабоко поради тоа. Но тогаш  и јас верував во нешто нереално, што е пак друга тема“, додава Александрова.Инаку, Игор Дурловски вчера објави дека бил нападнат на улица од лице кое го посочи дека е советник на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР: При влез на наши граѓани во земјава, како и на странци со регулиран престој , задолжително е да биде приложен PCR тест, не постар од 72 часа

Согласно одлуките и протоколите донесени од Владата на РСМ во рамки на прогласената вонредна состојба на територијата на државата предизвикана од епидемијата од “COVID 19“, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа  на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Врз основа на потпишаната изјава, од страна на овластени претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, а од припадници на МВР се врши контрола на спроведувањето на Решението за здравствен надзор и домашна самоизолација.Оние пак наши граѓани или странци со регулиран прстој во земјава, коишто при влез на територија на РСМ нема да приложат валиден PCR  тест или ќе приложат невалиден   PCR тест, од граничниот премин со превоз организиран од Владата на Р.С.М или со сопствен превоз,  со придружба од страна на припадници на МВР ќе бита спроведени во државен карантин. Во текот денот се организира превоз од граничен премин до државен карантин во два наврати и тоа во 10.00 часот и во 20.00 часот. Граѓаните ќе останат во државен карантин 14 дена.Исто така, доколку  граѓаните сакат да им се направи PCR  тест, на нивно барање им се овозможува од страна на овластена институција во најкраток рок да им се направи   PCR  тест. Оние граѓани на кои направениот PCR тест е негативен, потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се засметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат карантинот и заминуват во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку  граѓаните не сакат да им се направи PCR тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Ќе се заострат ли повторно мерките, комисијата за заразни болести размислува за враќање на полицискиот час?

Поради раст на бројот на ново заразени со корона вирусот во проширен состав заседаваше Комисијата за заразни болести. Информациите се дека присуствувале претставници на МВР, директори на здравствени центри, епидемиолози и други лица и институции за кои се смета дека можат да придонесат во борбата против вирусот. Според информациите на Алсат, се предлагаат заострување на мерките. Инсистиравме за изјава, но дел од членовите на постојаната Комисија за заразни болести ни соопштија дека конечна одлука денеска ќе нема, објави Алсат.На состанокот кој е зад затворени врати, освен враќањето на полицискиот час ќе се разговара и за можно карантинско затворање на одредени региони во земјава. Како една од точките е и повторно затворање на угостителските објекти, а ќе се разговара и за други ригорозни мерки кои се најавува да стапат уште следниов викенд.Текстот во целост на: Алсат.

Македонија | пред 5 години

karticki

Влада: Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка, на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат. Наскоро, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач.Корисниците ќе бидат исконтактирани од банките. Целиот процес е направен да биде максимално едноставен за корисниците, без пријавување или аплицирање, туку институциите да ја завршат целата постапка за нив.Корисници на домашни картички се:- Граѓани со низок доход: Приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22.05.2020, кои оствариле нето доход до 180.000 ден во 2019 и нето доход до 60.000 денари во период од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари;- Вработени со низок доход: Лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година, оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Овие корисници ќе добијат картичка со 3.000 денари;- Млади лица: Лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020) година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. Тие ќе добијат картичка со 3.000 денари;- Здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19: Вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19. Овие здравствени работници ќе добијат картичка со износ од 40% од основната нето плата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kanal

Разрешени три члена на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Разрешени се три члена на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, објави на нејзиниот профил на Facebook д-р Донка Барџиева- Трајковска, досегашен член на Комисијата.Покрај Барџиева- Трајковска, разрешени се и Елеонора Новаковска и проф. д-р Сашо Коруновски. На нивно место доаѓаат д-р Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска, објави Ohridpress.com.mk.Решението е донесено на 26-ти мај 2020 година, а потпишано од страна на претседателот на македонската Влада Оливер Спасовски.Согласно Законот за управување на Охридскиот регион од 2010 година, врз основа на кој е формирана оваа Комисија, Министерството за култура и Министерството за животна средина, заедно со Управата за заштита на културното наследство и Управата за заштита на природата, имаат посебна одговорност за досегашните но и за идните активности поврзани со овој регион, почнувајќи од легислативата па сè до нивното спроведување во практика.Согласно Законот за управување на Охридскиот регион од 2010 година, врз основа на кој е формирана оваа Комисија, Министерството за култура и Министерството за животна средина, заедно со Управата за заштита на културното наследство и Управата за заштита на природата, имаат посебна одговорност за досегашните но и за идните активности поврзани со овој регион, почнувајќи од легислативата па сè до нивното спроведување во практика.извор: ОхридПрес/Призма.мк фото:ФБ д-р Донка Барџиева- Трајковска

Македонија | пред 5 години

koronavirus

Во Битола хоспитализирани 8 пациенти позитивни на КОВИД-19 од Охридско струшкиот регион

На Клиниката во Битола моментно се хоспитализирани 8 пациенти позитивни на ковид-19, изјави денеска директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска. Според неа, сите пациенти се од охридско-струшкиот регион, додека од Битола засега нема хоспитализирано пациент позитивен на ковид-19, објави Нова Македонија.– Во моментов на Клиниката во Битола се хоспитализирани 8 лица позитивни на ковид- 19, кои што се наоѓаат во средно-тешка состојба. Двајца пациенти се на кислородна поддршка, но нивната состојба е стабилна – рече Гагачовска, која притоа нагласи дека во текот на вчерашниот ден на Клиниката во Битола биле хоспитализирани вкупно 7 лица, но не биле сите позитивни.Текстот во целост на: Нова Македонија  

Македонија | пред 5 години

Lidl_US_store_exterior

Доаѓа ли „Лидл“ во Македонија?

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, дознава InStore од свои извори.Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но изворите кажуваат дека подготовките на „Лидл“ веќе се влезени во сериозна фаза.Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдиле, ниту децидно ја демантирале информацијата.Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија, одговориле од „Лидл“ на прашањето на InStore за тоа кога планираат да дојдат на македонскиот пазар.Според нашите извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница. Станува збор за објект кој нема да го земе под закуп, туку ќе го гради.

Македонија | пред 5 години

bujar-osmani-696x396

Османи бара „ковид координатор“ во државни институции и приватни компании

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека приватните компании, но и државни институции треба да отворат нова работна позиција, наречена, „ковид координатор“. Вработениот на оваа позиција ќе треба да ги спроведува протоколите за заштита од коронавирусот и нема да има други работни задачи.„Веќе е време да се создаде нова позиција во сите институции кои имаат повеќе вработени, дали се тоа приватни или државни, а тоа е ‘ковид координатор’, бидејќи очигледно дека оваа болест ќе трае. Оваа епидемија ќе трае. За да ги заштитиме компаниите од затворања кои ќе донесат до значителни економски загуби, но и вработените, најисплатливо за сите е доколку секоја компанија, но и државна институција назначи ‘ковид координатор’ чија што единствена работна задача е внимавање за да се имплементираат протоколите. Очигледно дека инфекцијата се шири во моментите на помалку внимание и помалку контрола во овие колективни компании и институции“, рече Османи.За оваа можност, било разговарано со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, откако е утврдено дека жариштата во градот се во конфекциските фабрики, каде работат најголем број од жителите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Денеска 101 нов случаи на Ковид-19

Во текот на последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:– Скопје 59– Куманово 12– Штип 7– Прилеп 1– Тетово 5– Струга 6– Велес 1– Охрид 1– Кавадарци 1– Гостивар 3– Кочани 3– Пробиштип 2На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17-ти мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75 години) примен на 24-ти мај, пациент од Куманово (71 години) примен на 26-ти мај и пациент од Скопје (58 години) примен на 30-ти мај.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.– Тетово 8– Велес 2Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.Вкупната бројка на COVID дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-ohrid

Драма се одвивала вчера: ЕБР апсела полицајци затекнати како прават журка, а одбивале да бидат приведени

Група полицајци синоќа биле приведени во кратовското село Куклица, откако биле затекнати како прават забава со гласна музика и викање, дознава „А1он“. Полицајците ги пријавиле жители на селото на кои им пречела бучавата, и кои биле револтирани што постојано се повторува дека МВР нема кадар за да се спреведуваат мерките против коронавирусот, а од друга страна ги кршат мерките и прават журки. Станува збор за седум припадници на МВР, кои наместо да ја спроведуваат, со нивното однесување ја прекршиле забраната за собирање и групирање.Според извори на „А1он“, на забавата имало околу 15 лица. Полицајците и цивилните лица присутни на забавата давале отпор при обид за нивно приведување, по што, била ангажирана и Единицата за брзо распоредување. Тие со лисици биле однесени во надлежната полициска станица. За случајот е известено и Обвинителството, кое сега, ќе треба да постапи да бара казна за непочитувањето на мерките.фото: Илустрација

Македонија | пред 5 години

delfini

(ВИДЕО) Делфини уживаат на брегот на морето во познатите одморалишта во Грција

Во периодот додека плажите во Грција не беа отворени делфините допливаа дури до самата плажа во некој дел од Халкидики.На социјалните мрежи вирално се шири видео од делфини кои уживаат на брегот на плажа на Халкидики, а видеото е објавено на Live cameras from Greece.https://www.facebook.com/113368303707015/videos/2320126811628387/?v=2320126811628387фото: Greece Sotheby's International Realty 

Магазин | пред 5 години

milososki

Милошоски: Изјавите на обвинетите се основано сомнение за соучество на Заев во Рекет

Денешната прес конференција се однесува на завршните зборови на првообвинетиот и второобвинетата во случајот Рекет,  најголемата финансиска и рекетарска афера во независна Македонија, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.Од она што можеше да се слушне во изјавите од првообвинетиот и второобвинетата се гледа дека обвинителството смислено не ги вештачело целосно нивните телефони, особено на првообвинетиот Бојан Јовановски затоа што во неговиот телефон според тврдењата се наоѓаат докази за комуникација помеѓу него и поранешниот премиер Зоран Заев, за обезбедување на број на пратеници, за влијание врз судството и за рекетирање на стопанственици.Ваквите изјави сметаме дека треба да бидат третирани како допрен глас за Јавното обвинителство и апелираме Обвинителството за борба против организиран криминал под итно да спроведе истрга за можното соучество на Зоран Заев во аферата Рекет или можеби неговата улога на налогодавец на целата оваа финансиска афера.Она што исто така сметам дека во овој случај е битно е дека во телефонот на првообвинетиот во случајот Рекет се тврди дека постои смс порака од 16 април минатата година каде што господинот бивши премиер Зоран Заев на првообвинетиот му испраќа порака: Дојди да се видиме и ќе ги соочиме доказите.Се поставува прашањето како дошле доказите за Рекет до бившиот премиер Зоран Заев на 16 април минатата година, кога истиот Зоран Заев тврдеше дека пријавата за Рекет ја направил на 2 мај? Дали тоа значи дека доказите од обвинителството прво одат на проверка во владата на СДСМ и кај Зоран Заев а потоа дури одат во судница?Сметаме дека доколку е ова точно е скандалозно и не покренува само сомнение за првообвинетиот Бојан Јовановски во “Рекет”, туку остава основано сомнение дека Зоран Заев е соучесник или налогодавец во најголемата криминална афера “Рекет” во изминатите 30 години.Истовремено апелираме до ЈО освен детално вештачење на мобилниот апарат на првообвинетиот во случајот “Рекет”, да се изврши детално вештачење на мобилниот телефонски апарат на тогашниот премиер Зоран Заев, истиот оној телефон преку кој што разговараше со лажниот Порошенко. Тоа би биле нашите апели до ЈО и правосудството и ги повикуваме да дејствуваат поефикасно и неселективно, за да може оваа афера да ја добие нејзината вистинска димензија,  истакна Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ФЗОМ: Надминат техничкиот проблем со довод на струја - нормално тече издавањето на лекови на рецепт

Поради технички проблем со довод на електрична струја, односно неисправност на електричен кабел денес осигурениците, матичните лекари и фармацевтите се соочија со потешкотии и имаа проблем при издавање на лекови на рецепт на товар на Фондот.Проблемот е надминат и системот функционира нормално и се извинуваме  на нашите осигуреници за било кои потешкотии кои ги имаа денес.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Македонија ќе остане изолирана, а граѓаните ќе заболуваат и умираат, доколку власта не преземе одговорност и не го стави здравјето како приоритет

СДСМ и Заев катастрофално се справуваат со пандемијата во државата. Бројот на новозаразени од Ковид-19 секојдневно зголемува. Додека сите земји во регионот излегуваат од кризата, Република Македонија за последните недела дена има 368 ново заразени и 25 починати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Бројката станува се поаларамантна, а на СДСМ и Заев не им е гајле за тоа. Тоа само докажува дека не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам  сакаат избори и тераат кампања. Кампања каде бројката на излезеност ќе биде многу помала, а со тоа мислат дека ќе го ублажат поразот.Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата.  Нема никаква нова мерка или некој нов протокол што е уште еден доказ дека се тотално изгубени во целата ситуација.И Комисијата за заразни болести наместо да предложи мерки кои ќе бидат за заштита на здравјето на граѓаните, тие спроведуваа мерки по диктат на Заев.Овие три години откако се тие на власт  освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не виде ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот. Трите години власт на СДСМ и Заев донесоа хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија и тоа народот ќе  знае да го казни соодветно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МЗ: Вклучете се во меѓународното истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“

Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје. Клиниката за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје.Од установата, не информираат дека тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за Северна Македонија е токму Универзитетската клиника за психијатрија - Скопје.Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата COVID-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции.Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Filip-Andov-Sokol-i-Igor-Durlovski-600x375

Андов-Сокол за обвинувањата од Дурловски: Ми довика ,,ќе изгубите” при што му кажав „сто години треба да лежите, времето на ДПМНЕ и квази патриоти заврши“

Членот на Центалниот комитет на СДСМ во Кисела Вода, Филип Андов- Сокол за 24 Инфо демантира дека имало инцидент со носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, Игор Дурловски. Дурловски изјави дека лицето Ф.А. вработен како советник во Владата во неколку наврати вербално го нападнал во сообраќај.Андов за 24 Инфо рече дека не е повеќе советник во Владата и не коментира „шарлатански игри“.-Не сум повеќе советник на Влада. Откако Зоран Заев си поднесе оставка си поднесовме оставка сите негови советници. Сега сум само член на централниот комитет на СДСМ во Кисела Вода и шеф на безбедност на кампања. Во врска со наводниот инцидент денеска ќе кажам дека ситни шарлантантски игри не коментирам. Некаде околу 13 часот се пресретнавме на семафори при што го отвори прозорецот и цинично ми довика ,,ќе изгубите” при што му кажав „сто години треба да лежите, времето на дпмне и квази патриоти заврши“.Уште не сум бил во полиција може и лаже дека пријавил, а и не знам по кој основ би го направил тоа, рече Андов за 24 Инфо.

Македонија | пред 5 години

durlovski-vo-sobranie111-162122

Дурловски: После бројни напади, решив да го објавам денешниот кој ќе го пријавам и во полиција

Кандидатот за пратеник од изборната единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, на социјалните мрежи објави дека бил цел на напади во изминатиот период, кои решил да ги пријави и во МВР. Тој го прашува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дали неговите советници секогаш имааат насилни методи за заплашување на противкандидатите.„После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет. Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка. Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола? Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница. Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина“, пишува Дурловски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3461127157239170&set=a.604604659558115&type=3&theaterОдговорност побара и неговиот лидер, Христијан Мицкоски.„Сакам да им порачам на сите што мислат дека вака ќе тераат, и на носителката на ИЕ 5, чиј политички противник е Дурловски, која веќе 20 години е во политика, а најмногу на нивните шефови Зоран и Вице Заеви - Македонија ќе ве победи. Дурловски неправедно обвинет издржа прогон, а сите ние не само што ќе ве издржиме сите Вас, туку заедно со народот силно ќе ве победиме“, напиша Мицковски на ФБ.   

Македонија | пред 5 години

skopje

ВИДЕО: Ниту мерки се почитуваат, ниту заштита се носи - игралиштата во Скопје навечер се полни

Во Скопје во последниве 24 часа 52 лица позитивни на КОВИД 19. И покрај тоа што Владата го укина полицискиот час, сепак Владините мерки за носење заштита на лицето, да нема групирање и држење дистанца од два метра  се задолжители. Но, се чини дека во Скопје скоро никој не ги почитува.Вечерва игралиштата во скопската населба Влае-полни. Деца, повозрасни лица, но и млади.. сите се шетаат, невидени со пријатели разговараат, а никој не почитува Владини мерки. Нити имаат маски за лице, нити пак се држи дистанца. Дел од нив, играа кошрка и фудбал на игралиштата, без никаков проблем, ниту пак, страв.И покрај заканите дека ќе се казнуваат сите кои не ги почитуваат мерките поготово кога во Скопје се шири заразата, очигледно ни граѓаните се плашат, ни полицијата казнува.Премиерот Оливер Спасовски вечерва во гостување ТВ 24 истакна дека ситуацијата со коронавирусот е стабилна и во овие денови кога бројките на новозаразени е во пораст. Тој смета дека нема потреба од нови рестрикции.Од денешна перспектива после три месеци поминати рестриктивни мерки и карантини, се наметнува прашањето зошто седевме во нашите домови и почитувавме полициски час кога имаше по 20-30 нови позитивни лица на коронавирусот, а сега во местата каде сега се шири бројот на заразени, нема потреба од рестриктивни мерки? Но, да се надевеме дека Комисијата за заразни болести ќе ја додржи ситуацијата под контрола, и нема да дозволи кога сите земји од регионов се враќаат во нормален живот, со отворање на граници и туристика сезона, ние да поминуваме лето во карантин.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/594548617849531/?v=594548617849531

Скопје | пред 5 години

w_56102253

Најмногу од новите заразени имаат од 30 до 39 години, бројките и натаму застрашувачки

Од 76 случаи на коронавирус во земјава, 21 и се под истражување поради задоцнето пријавување на приватната лабораторија каде тие биле тестирани, а анализата на останатите 55 лица покажува дека нај најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 11 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 30 лица од женски и 25 од машки пол, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.„Регистрирани се 5 хоспитализирани, а кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 31 има контакт со потврден случај. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 26 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување“, нотираат од ИЈЗ.Од сите случаи, 52 се од Скопје, додека, 14 од Тетово. 

Македонија | пред 5 години

velimir-smilevski

Скопски градоначалник добива закани за да не воведува полициски час за Задушница

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, добива закани да не ја затвора општината за претстојниот верски празник по најавите дека до крајот на неделава е можно да бидат прогласени локални карантини во деловите од земјата каде што има зголемен број новозаболени, јавува „А1он“. Бутел веќе неколку дена е меѓу првите пет општини по број на новозаболени и во моментов има 37 активни заразени со Ковид – 19.Заканите кај градоначалникот почнале да стигнуваат откако повторно почна да расте бројот на новозаболени.„ 'Ако затворите за празникот тешко вас', пцости и навреди на нациолнална основа добивам постојано. Не ме загрижуваат за мојата безбедност, но секако не сме рамнодушни во однос на носењето на одлуките. Сакаме да ги земеме предвид забелешките од сите. Од друга страна на сите ни е јасно дека за Задушница ризикот за ширење на заразата е голем, се носи храна, се прави групирање. Сметам дека треба да почекаме до четврток за одлука“, вели градоначалникот Смилевски.Заканите ги добива во пораки и точно знае од кои лица се, но не ги пријавил во МВР. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски: Ситуацијата е стабилна зашто се познати кластерите од кои произлезе повисокиот број новозаразени

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ започна да бара разрешување, или вклучување на нови членови во Комисијата за заразни болести го сметам за политиканство кое нема никаква основа, ниту рационалност и нема да донесе ништо добро“, ја оцени оваа иницијатива претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во интервју за ТВ 24.Премиерот Спасовски истакна дека Комисијата за заразни болести е составена од врвни професионалци, стручни луѓе кои ги согледуваат на научна основа сите состојби и предлагаат протоколи или други мерки, врз основа на кои Владата донесува  политики во интерес на ефикасно справување со пандемијата од КОВИД-19.Тој додаде дека политизирањето на било кој дел од здравствениот систем нема да донесе ништо добро и дека тоа е резултат на политиканство кое што се засилува периодот на предизборие што сака да го наметне опозицијата без да има аргументи за тоа.„Ситуацијата со коронавирусот е стабилна и во овие денови кога бројките на новозаразени е во пораст. Со кластерите од каде што доаѓа зголемувањето на бројот е воспоставена соработка со епидемиолошките служби и епидемиолошката слика сега многу појасна“, рече премиерот Спасовски и додаде дека ќе се следи и анализира ситуацијата врз основа на што ќе се носат одлуки дали ќе има потреба од дополнителни локални рестриктивни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-3

ВМРО ДПМНЕ: Дали власта ги фингира бројките на заразени за да се креира лабава атмосфера на новото нормално на Заев

Власта вечерва ги корегираше бројките на новозаразени од коронавирусот во Македонија. Како 67 станаа 76 ново заболени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Тие во продолжение додаваат:Тоа се човечки животи, а не бројки. Дали власта ги фингира бројките и со јавноста споделува фингирани извештаи за бројот на заболени во државата, со задни намери и остварување на политички цели?Дали намерно се дозира бројот на заболени со цел да создадат привидна состојба на контрола над ситуацијата и да се затскрие фијаското кое Владата на СДСМ го доживува во борбата со заразата?Нема да не изненади ако се потврдат некои шпекулации дека власта крие новозаболени и ги дозира со цел да не се добие впечаток дека нема услови ни на 5-ти јули да се одржат избори и да се исполнат инструкциите на Зоран Заев за да се креира лабава атмосфера на новото нормално.Срамно е со една таква леснотија да се споделуваат вакви сензитивни информации со јавноста, заборавајќи дека станува збор за човечки животи, судбини, стравови и сериозни предизвици со кои се соочуваат македонските граѓани.СДСМ уште од првиот момент на ширење на епидемијата се занимава со политика наместо со заштита на здравјето на граѓаните. За власта политичката кариера на неколкумина е поважна од животите на македонските граѓани. Народот гледа, народот гласа, народот казнува, а најголемата казна следува на следните избори кои ќе стават крај на криминалната политичка кариера на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

infektivna_klinika-610x400

Бабата на бебето што почина во Швајцарија заминала од Инфективна позитивна на Ковид

Бабата на десетмесечното бебе што почина во Швајцарија, ја напуштила Инфективна клиника на свое барање, таа е позитивна на Ковид и е на домашно лекување, потврди за НОВА, министерот за здравство Венко Филипче. Министерот изјави дека таа сакала да го прими и Решението за самоизолација, па морала да интервенира полицијата, објави НОВА ТВ.Според информациите до кои дојде НОВА, таа од клиниката си заминала во саботата, неизлекувана, а тестот кој и бил земен повторно се покажал позитиве. Но бабата не го ни чекала, се потпишала и си отишла дома. Нема информации со кого си заминала од клиниката, некој ја земал од таму.Поради тоа што не одговарала на телефонските повици и никој не отворал на адресата каде што живее, била побарана асистенција од МВР, по што еден ден подоцна, во неделата и било доставено Решение за самоизолација.Извори од клиниката за НОВА посочуваат дека бабата во тие неколку дена престој плачела, викала, инсистирала по секоја цена да си оди дома што фактички било невозможно да ја задржат на лекување. Таа имала лесна клиничка слика.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања