Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

policija-123

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Околу шеесетина полицајци што ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран од денес се во изолација. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека полицаец од Унгарија кој бил на служба на границата со Грција, имал позитивен тест на коронавирус.– Има информација за позитивен полицаец од граничната полиција од странство кој по враќањето во Унгарија е позитивен. Направени се анкети и триесетина странски полицајци кои се на нашата јужна граница и триесетина наши кои биле во контакт денес се тестирани. Завршени се епидемилошките анкети и на полицајците им се дадени решенија за изолација – рече министерот Филипче.Македонско – грчката граница ја чуваат околу 120 мешани полициски тимови во рамки на Фронтекс.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

katica-2

Јанева: Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви

Второобвинетата во „Рекет“ Катица Јанева во денешните завршни зборови за пријавителот на случајот Јордан Камчев и сопругата Ана кажа дека ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат, нарекувајќи ги дно на дното, пренесува СДК.-Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви, кои ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат. Тие се дно на дното. Дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, тоа го докажавме. Тој е прљав играч и сакаше да ме купи. Ама мене не може да ме купи. Се заебал!“, кажа Јанева.Таа употреби остар речник и кога зборуваше директно за обвинителката Вилма Русковска, која денеска не беше во судницата бидејќи беше на рочиште за случајот со организаторите на „27 април“.-Што би рекле Србите: ‘Изеде ме туѓа срамота’. Да подигнеш обвинение без вештачење, да биде прифатено од тројца судии, а без половина докази да се доставени до судот. Се срамам што сум дел од овој процес, истакна Јанева.Пресудата за „Рекет“ ќе биде соопштена на 18 ти јуни.Текстот во целост на: СДК.МКфото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Денеска се потврдени 76 нови случаи на ковид 19 од нив 52 ца во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната:•       Скопје 928, активни 338•       Куманово 469, активни 55•       Дебар 51, активни 0•       Штип 104, активни 69•       Прилеп 212, активни 30•       Тетово 231, активни 86•       Струга 84, активни 12•       Велес 132, активни 29•       Битола 28, активни 3•       Охрид 23, активни 6•       Кавадарци 5, активни 0•       Гостивар 29, активни 8•       Гевгелија 4, активни 0•       Струмица 4, активни 2•       Крива Паланка 6, активни 0•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 38, активни 7•       Пробиштип 3, активни 1•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 2, активни 0•       Пехчево 3, активни 0•       Берово 1, активни 0•       Валандово 2, активни 1•       Виница 3, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 2, активни 2•       Кичево 3, активни 1•       Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 885 теста се преку: ИЈЗ –249, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –35, Биотек -136, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR метода -128 и МАНУ -128.  Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.До утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 31 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14, а на домашно лекување се следат 16 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Чаир позитивен на КОВИД 19

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на ковид-19.– По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен – напиша Ганиу на Фејсбук.Тој вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

02062020_IS_pres-konferencija_3

Инспекциските служби продолжуваат со активности на терен, се следи ситуацијата во Штип и Тетово, апел до угостителите да се почитуваат протоколите

Директорите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, Државниот инспекторат за труд, Аљајдин Хавзиу и на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за актуелни прашања поврзани со инспекциските надзори за препораките и мерките на Владата за превенција и спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19.Директорката на ДЗСИ рече дека будно се следи состојбата со кластерите на заразени со КОВИД-19, коишто се појавија во штипските конфекции, но и во правни субјекти во Тетово.„Заклучно со вчерашниот ден, во Штип издадени се 55 решенија за самоизолација на позитивни случаи. Исто така, се издадени и 169 решенија за лица коишто имале контакти со позитивно дијагностицираните. Направени се вкупно 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработени во веќе споменатите правни субјекти во Штип. Во Тетово имаме издадено 8 решенија за позитивно дијагностицирани, за домашно лекување и самоизолација и 54 решенија за самоизолација за лица со контакти со позитивно дијагностицирани. Заклучно со вчера во Тетово направени се вкупно 70 тестирања од предвидени 150“, рече Сотирова-Бухова.Таа додаде дека претходно наведените бројки се однесуваат само на неколкуте правни субјекти во коишто се појави КОВИД-19 во Штип и Тетово и во нив не се вклучени бројките на заразени од кластерите коишто се појавија во семејствата или други позитивни лица. Истовремено напомена дека правните субјекти и текстилните фабрики во Штип покажаа исклучително почитување на протоколите, со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен престанаа самоиницијативно со производството.„Веста која во моментот кружи дека се извршуваат работни дејности, односно споменатите конфекции наводно ја продолжиле работата, најостро ја демантирам. Во овој момент, таму се присутни инспектори од ДСЗИ и од ДИТ, кои потврдуваат дека во просториите на конфекциите се врши тестирање, односно се земаат брисеви од вработените и присуството на вработените е само поради таа активност“, потенцираше директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова-Бухова.Таа го повика Министерството за внатрешни работи, кое по Закон е задолжено, да врши контроли на лица кои имаат издадено решенија за изолација или самоизолација, бидејќи прекршувањето на изолацијата е казниво по Закон. Информацијата за издадените решенија на дневна основа од ДСЗИ се препраќаат до МВР.Директорот на Трудовиот инспекторат информираше дека од 11 до 28 мај година има вкупно регистрирано 2.300 пријави од граѓани, од кои 847 пријави се однесуваат на  непочитување на мерките против вирусот, а останатите 1.448 се за информации.„Сакам да напоменам дека не ги броиме и јавувањата по телефон, давање на информации од вработени и од правни субјекти кои вршат дејност во Република Северна Македонија. Во овој дел само мал број од пријавите се во однос на работните услови, повеќето се во однос на почитувањето на Законот за работни односи. Сакам да се надоврзам со Штип. ДИТ во овие конфекции коишто се посочени, но и во останатите конфекции, цело време е присутна, сугерирано е да се придржуваат кон мерките и протоколите на Владата и самите работодавачи успешно тоа го спроведувале. По тој основ ние немаме претставки. Затоа апелирам уште еднаш да се продолжи со мерките на Владата, бидејќи давале ефект и дека и во иднина ние ќе бидеме присутни, но внатре во објектите, да контролираме дали се поставени средства за дезинфекција, дали се спроведува протоколот, дали има дистанца од 2 м помеѓу вработените, а самите работодавачи го организираат работниот процес. Дел од работодавачите бараа и да работат во смени и тоа беше дозволено, само да нема прегрупирање на вработените внатре во просторот“, објасни директорот на Трудовиот инспекторат, Аљајдин Хавзиу.Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски информираше дека од почетокот на олеснувањето на мерките за угостителите, во изминатите пет дена, вклучувајќи го и викендот што помина, инспекторите од ДПИ беа засилено на терен и притоа уште во првиот ден, на 28-ми мај се изречени 856 опомени во врска со непочитување на протоколите. Поради големиот број на непочитувања на протоколите, донесена е одлука уште од вториот ден, наместо само со опомена, да се санкционира непочитувањето на протоколите со подрастични мерки.„Доставени се и поднесени вкупно 21 кривични пријави, а уште 5 се во тек, поради непочитување на  донесените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти. Значи за време на викендот и вчера, поднесени се вкупно 26 кривични пријави. Во истиот период, имаше и такви кои се нерегистрирани, при што затекнати се 41 нерегистриран угостителски објект за коишто се изречени прекршочни пријави и издадени платни налози“, посочи Пауновски.Директорот на пазарната инспекција апелираше до угостителите стриктно да ги почитуваат донесените протоколи.„Сите протоколи коишто ги носи Комисијата за заразни болести и Владата на нашата држава, верувајте, се пред се за заштита на оние кои што го организираат самото угостителство, за заштита на оние коишто ги посетуваат угостителските објекти и сите пропишани протоколи не се баук, за да истите не може да се применат. Се работи за здравјето на сите нас“, потенцираше директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Пресудата за „Рекет“ на 18 јуни

Пресудата за случајот „Рекет“ ќе биде соопштена на 18 јуни во Основниот кривичен суд во Скопје, откако денес и на изминатите неколку рочишта Обвинителството и одбраната ги дадоа своите завршни зборови.Во овој случај обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.Закажувањето доаѓа откако денеска своите завршни зборови ги кажаа Јанева и нејзините адвокати, а вчера тоа го направи и Боки со својот бранител.Обвинителката Вилма Русковска, пак, завршните ги даде на рочиште на 26 мај.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

novinar-korona

Новинар од Лабуништа ја изгуби битката со корона вирусот

44 годишниот Беким Бајрамоски за кого смртта беше соопштена вчера, воедно е и првиот медиумски работник во земјава кој почина од коронавирусот, работејќи во локалната телевизија Спектра во Лабуништа, објави Алсат М.„Заразен е во Лабуништа од средината, од околината. Според тие контакти кои ги имаме сè се тоа луѓе кои се семејно поврзани коишто биле на најразлични настани или не биле, тоа не е нашиот интерес…“, рече Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.Од Центарот за јавно здравје во Охрид додаваат дека и понатаму имаат проблеми со многу жители кои ги кријат симптомите или кои не кажуваат со кого контактирале. Поради тоа, бараат помош од полицијата.Текстот во целост на: Алсат М. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Петров: Започна аплицирањето за мерката 14.500 денари за исплата на плати за мај

Од вчера до 7 јуни сите работодавачи погодени од кризата со корона вирусот може да поднесуваат барања за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за мај, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.Условите за користење на оваа финансиска поддршка се исти како и за претходнитот месец, односно:·        Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.·        Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.·        Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари и за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари.Мерката може да ја користите и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите. Мерката не може да ја користите за вработени кои користат ослободување од придонеси од проектот “Македонија вработува 1 и 2” и вработени за кои ќе се користи антикризната мерка за 50% субвенции на придонеси.Би сакал уште еднаш да напоменам, нашите сограѓани од најпогодените сектори од кризата како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 по вработен, може да аплицираат и за субвенционирање на 50% од придонесите за месец мај.Фирмите кои ќе ја користат мерката помош од 14.500 по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, нема да треба да ја вратат помошта што ја добиле од Владата ако истата сума на пари ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година.Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработи вкупно 23 861  барања за финансиска поддршка за  исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени. Мал број на барања се сеуште во постапка на проверување и обработување.Инаку, мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19 350 компании за 127 426 вработени лица од кои:·        42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26 680 вработени)·        300 компании се со број на вработни од 51 до 250 (за 27,635 вработени)·        19.008 се компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73111 вработени)Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1427 компании со 10.668 вработени , од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам);·        3 компании со над 250 вработени (за 478 вработени)·        24 компании се со вработени од 51 до 250 (1 984 вработени)·        1400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8 206 вработени)Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност е искористена од страна на 5.187  самовработени лица. По оваа мерка на физичите лица кои вршат самостојна дејност одобрен им е и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.Аплеирам до сите компании и работодавачи да аплицираат за оваа мерка најкасно до 7ми јуни. Заедно сме во оваа криза и заедно ќе се соочуваме и бориме против сите предизвици. Од оваа криза, ќе излеземе и посилни и похрабри, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

alijansa-za-albancite

АА бара одговорност за коалицијата „Можеме“ што го загрозува здравјето на граѓаните

Како прво, како и секој граѓанин на нашата земја, се чувствуваме огорчени од негрижата на тие кои се желни за власт, кои не само што го прекршиле законот и ја започнаа кампањата пред време, туку и го загрозија здравјето на стотици граѓани!Ова неодговорно однесување на претставниците на коалицијата „Можеме“ не смее да помине во тишина и без заслужената казна, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Додека граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, истиот за жал им се сервира од оваа коалиција како резултат на нивната неодговорност. Со оглед на тоа дека најголемата партија на оваа коалиција е во владата, а истата е таа што одлучува за мерките и казните на граѓаните, сметаме дека е дискриминација кон граѓаните да го поминат овој скандал во тишина.Бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, Алијанса за Албанците бара одговорност за таквото однесување. Треба да има одговорност затоа што животот на граѓаните е директно загрозен и второ заради кршење на Изборниот законик. Одговорните лица мора да се повикаат на морална одговорност и совест, додека коалицијата „Можеме“ исто така мора јавно да се извини за неодговорното однесување и ризикот во кој ги изложи граѓаните.Жално е што цената на овие однесувања граѓаните мора да ги плаќаат со своето здравје, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-3

Повторно висока бројка на позитивни со КОВИД 19 - за 24 часа 67 позитивни

Во последниве 24 часа од направени 8686 тестови, има 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.Еден пациент починал во последново деноноќие, а 25 лица се оздравени.На клиниката за Инфективни болести примени се шест нови пациенти. На клиниката има вкупно 40 пациенти, од кои нема пациенти кои дишат со помош на респиратор, а 16 се на кислородна поддршка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Богдановиќ се сретна со угостителите: Зголемени превентивни мерки за почитување на протоколите за работа на угостителските објекти

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ оствари средба со претставници на угостителите од општината, со цел успешно и ефикасно организирање на работата на угостителските објекти во услови на криза. На состанокот присуствуваа и инспекциските служби од општината, командирот Милисав Мијаличиќ од Полициската станица - Центар и главните инспектори од СВР – Скопје.Во текот на неделата ќе се организираат повеќе состаноци со угостителите, распоредени територијално и етапно, со цел почитување на мерките и препораките за зголемена безбедност и со спроведување безбедносен протокол пред одржување на секој состанок.„Овој состанокот се одржа по иницијатива на Општина Центар, Полициската станица – Центар и СВР - Скопје заради актуелната ситуацијата со кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Со угостителите разговаравме за реорганизација на работата на угостителските објекти, обезбедување услови за зголемување на нивниот капацитет на работа врз основа на насоките и препораките од надлежните институции“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Општина Центар им излегува во пресрет на соспствениците на угостителските објекти на нејзина територија. Општина ќе ги разгледа сите барања и предлози и ќе се реализира сè што е неопходно за нормално функционирање на објектите, со доследно почитување на препораките за заштита од вирусот и во согласност со законската рамка.„Согласно препораките на Владата на РСМ и Министерството за здравство, СВР – Скопје и ПС – Центар по предлог на Општина Центар, ќе преземат зголемени превентивни мерки за почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и наоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат угостителите“ – изјавија претставниците од СВР – Скопје.„Благодарение на донацијата на велосипедите и велосипедската опрема од Општина Центар, ќе се овозможи зголемено присуство на полициските службеници на терен, со цел брза и ефекисна реакција по пријави од граѓаните на територијата на општината“ – изјави командирот на ПС – Центар, Милисав Мијаличиќ.Во наредниот период, Општина Центар во соработка со ПС – Центар и СВР – Скопје ќе преземе мерки кои ќе овозможат поддршка во работењето на угостителите во услови на пандемија, како и  поголема безбедност за жителите на Центар.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

gdu

ГДУ: Спремни сме за избори но мора да се внимава на новонастанатата ситуација

Ја поздравуваме одлуката на претседателот Пендаровски за продолжувањето на вонредната состојба, зошто тоа беше повеќе од потребно. На секој му е јасно дека бројките на новозаболени и починати од смртоносниот вирус во земјава секојдневно се во пораст и состојбата е повеќе од загрижувачка. Додека земјите од регионот со денови немаат ниту еден заболен, кај нас од ден во ден се запрепастувачки. Продолжувањето на вонредната состојба беше неопходно, не за да се калкулира со датумот за избори, туку зошто тоа пред сѐ е во интерес на граѓаните, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.ГДУ е спремна за избори бидејќи државата мора да има функционални и легитимни институции, но притоа мора да се внимава на новонастаната ситуација. Како одговорна партија сметаме дека сите политички чинители треба да бидат првенствено насочени кон она што ни се случува во моментов, но и како да ја опоравиме државата од економските последици кои ги предизвика корона вирусот.И притоа погрешна е стратегијата да се бара одговорност од граѓаните или прстот за критичните бројки да се вперува во нив дека се такви затоа што не ги почитувале препораките. Единствената вина е во институциите и политичарите, во кои граѓаните немаат доверба. Кога имаше помалку заболени на граѓаните им се сервираше дека ситуацијата е опасна и оти мора да седат дома. А сега кога од 60 до 80 случаи имаме секој ден се укинаа сите рестриктивни мерки и се убедуваат дека сѐ било под контрола. Па кој би поверувал во тоа, кога извештаите од Институтот за јавно здравје постојано го демантираат.Со жалење констатираме некои политички ликови никако не можат да излезат од своите партиски ровови. Одново и одново докажуваат дека личните, партиските и бизнис интересите им се пред сѐ.Повторно предупредуваме дека консензус мора да има за датумот за изборите, зошто се поинаку би довело до нова политичка криза која ни е најмалку потребна сега, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии, зошто криеја и лажеа дека се набавуваат три џипа?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од град Скопје го повикува Шилегов да одговори кога ја лажеше македонската јавност повеќе, кога неговиот директор Коста Начевски вели дека нема да се купат џипови за службени возила, или кога ја чу снимката на претставникот на Дрисла каде има директно признание за купување на три нови џипови, наместо багери за претпријатието, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии главната дилема е зошто ја лажеше јавноста дека нема да се купат службени џипови? Не е прашањето каква е состојбата сега и каков автомобил вози директорот, туку зошто криеја и лажеа дека се набавуваат три џипа?Ако имало било што криминално во работењето на Дрисла Шилегов две години е градоначалник, а централна власт во државата е неговата партија и Зоран Заев.Петре Шилегов наместо да троши пари за џипови кој ќе ги користи Коста Начевски треба да купи механизација за работниците во Дрисла, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Katica

Одбраната на Катица Јанева: Дали нападот е најдобра одбрана во секоја кривична постапка?

Орце Камчев рече: „’Империја’ е измислен предмет за јас да бидам рекетиран“. Не може да не се запрашаме дали е можна обратна ситуација: случајот „Рекет“ да е создаден за затворање на предметот „Империја“. Дали нападот е најдобра одбрана во секоја кривична постапка?, вака адвокат на Катица Јанева, Дељо Кадиев, утрово ги започна завршните зборови за случајот „Рекет“, објави 360stepeni.mk.Катица Јанева, рече адвокатот, ја гонат дека ја злоупотребила службената положба и овластување на тој начин што му нудела на Камчев да биде заштитен сведок или да се спогоди. Но, самиот бизнисмен, вели одбраната, на прашање на обвинителството кога сведочеше рече: „Катица не ми понуди спогодување, не ми понуди да бидам заштитен сведок“.„Очигледно е дека не сведочи ,туку дава одбрана во ‘Империја’. Тој има право да се брани како што сака во ‘Империја’, но не може да се брани така што ќе сведочи во друг предмет“, рече Кадиев.Тој зборуваше и за снимките на Орце Камчев, алудирајќи дека станува збор за незаконски стекнати материјали, кои не може да бидат доказ.Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

pukanje

Кривични пријави за насилството во Матка

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, против М.С.(40), Ќ.С.(23), М.С.(47), И.С.(25), Р.И.(24), Б.Е.(32) и В.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.На 09.05.2020 околу 15.10 часот пријавените пристигнале на платформата за чамци во кањон Матка во сопственост на А.С.(40), С.С.(41) и С.С.(31), сите од Скопје. Веднаш потоа, првопријавениот физички го нападнал А.С., додека четвртопријавениот со нож му се заканувал. Потоа, второпријавениот физички го нападнал С.С.(31). Во тој момент се вмешал полициски службеник, кој се обидел да ги раздели и да ја смири ситуацијата, но првопријавениот од пиштол за светлосно – звучна сигнализација испукал еден проектил кон оштетениот А.С..фото: Архива

Скопје | пред 5 години

pistol

Пукање во Чаир, повредено едно лице

Едно лице е рането во пукање што се случило рано утринава во скопската општина Чаир.Според информациите на МВР, околу 5 и 45 часот во полиција било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул. Архиепископ Доситеј едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т.(24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата.Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Pres-Bogdanka-Kuzeska

И портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е позитивна на коронавирус.„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден. На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје“, напиша таа на „Фејсбук“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-1

Од контрола на 2184 угостителски објекти, 24 не ги спроведувале одлуките на Влада

Министерството за внатрешни работи презема мерки за контрола на спроведување на одлуките на Владата. Во таа насока oд почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 2184 објекти при што констатирано е дека 24 од нив не ги спроведуваат одлуките на Влада. Од вкупниот број контроли, 1573 се направени за време на викендот (петок – недела) и 483 во текот на вчерашниот ден (понеделник).Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Чаир: Не ја гледам логиката само Чаир да биде затворен, да се затвори цело Скопје

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој од вчера е во самоизолација поради контакт со заболено лице вели дека тие како општина  ги спровеле сите мерки и препораки што им биле дадени. Тој бара не само Чаир, туку да се затвори цело Скопје.-Ние важевме за општина која имаше најмалку заболени, а пред завршувањето на Рамазанските пости имавме само тројца кои само со адреса се водеа во Чаир, а не живееја таму. Не би сакал да прејудицирам и да навлегувам во анализи за кои како локална власт немаме ниту ингеренции, ниту пак имаме стручни луѓе кои тоа би го направиле.Од денешните дијагностицирани со Ковид-19 само 4 или 5 живеат во Чаир, а остантите се во околните општини или населби. Не ја гледам логиката само Чаир да биде затворен. Овој проблем не го решаваме само со Чаир и ако се презема нешто мора тоа да биде направено заеднички за цело Скопје, истакна вчара Ганиу.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

brza-pomos-2

Дете паднало од тераса во Кавадарци, пренесено на скопските клиники

Седумгодишник паднал од тераса вчера во Кавадарци, пренесен бил на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.Несреќата била пријавена во 14:00 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата ,,Браќа Џунови“.Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било  пренесено во  комплексот  клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maska

585 лица казнети поради не носење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 585  прекршоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

w_55952187

МЗ апелира: Граѓаните да ги почитуваат мерките за побрз излез од здравствената криза

Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше сите граѓани да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а Министерството за внатрешни работи поинтензивно да врши контроли на терен.„Сите мора да се придржуваат, без исклучок до препораките и целосно и вистинито да ги даваат сите информации до надлежните. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од болеста, напротив и себеси и најблиските така се доведуваат во голема опасност. Апелирам уште еднаш до МВР поинтензивно да се вршат контроли на терен“, информираше министерот Филипче.Почитувањето на мерките ќе овозможат побрз излез од здравствената криза. Да се воздржиме од групирање и да ја одржуваме потребната дистанца. Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често и да ги дезинфицираме рацете. Да бидеме внимателни. Да го заштитиме личното, но и колективното здравје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

elvis-bajram

Елвис Бајрам демантира дека во куќата на неговиот татко „пукал огномети и интервенирала полицијата

Елвис Бајрам демантира дека во куќата на неговиот татко „пукал огномети и интервенирала полицијата“,  објавена на медиумите.„Објавената информација е целосно неточна и невистинита дека јас сум бил вмешан на настан каде се пукало огномет. Најнапред, јас живеам во општина Шуто Оризари а наведениот настан и пријавата кон полицијата дојде од граѓани кои живеат од друга населба. Понатаму, јас не сум присуствувал на наведениот настан со што објавените информации ги деградираат моето име и презиме.Искрено сметам дека новинарите во нашата земја професионално ја извршуваат својата должност но со искажување на невистинити информации само ја нарушувате вашата професија и станувате дел од новинарите и медиумите кои пласираат неточни информации fake news. Искрено Ве упатувам да ги проверите информациите пред да ги објавите“, се наведува во демантот на Елвис Бајрам.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Cair

Жители на Чаир: Умираат само од 70, 90 години, ним им дошло да умрат, вирус нема

Во скопската општина Чаир преку звучник ќе ги информираат граѓаните од опасноста на зараза од Ковид- 19, бидејќи во ова општина не се почитуваат мерките и во моментов е со најголем број заразени.-Умираат само од 70, 90 години, ним им дошло да умрат,Нека кажат дали некој млад умрел.  Маска ставив заради полицијата, бидејќи болест нема, вирус нема, изјавил граѓанин за ТВ21.Градоначалник на општината Висар Ганиу е во самоизолација поради контакт со заразено лице, тој за ТВ21 рекол дека општината утре ќе почне да апелира до граѓаните преку автомобил со звучник, да ги почитуваат мерките.„Денеска бевме да опремиме еден автомобил со звучник кој постојано ќе излегува на терен и ќе апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и препораките, но повторувам дека ние не можеме да носиме други мерки освен оние што ги носи владата. Јас мислам дека бројот расте не само во Чаир туку и во околните општини на Чаир и не би сакал да се преземат мерки само за една општина бидејќи вие знаете дека општина Чаир  е артерија која поврзува две други општини, Бутел и Шуто Оризари и овие две општини ќе се движат по нашите улици и не мислам дека е логично само Чаир да се стави во карантин,рекол градоначалникот Ганиу за ТВ 21.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

boki

Боки 13 во завршниот збор за „Рекет“: Ќе го надминам Јосип Броз Тито, ќе станам лидер на нова европска Македонија

Обвинетиот Бојан Јовановски бара ослободителна пресуда за „Рекет“. Во својот завршен збор рече дека е облечен во бело како Тито бидејќи е идниот лидер на државата. Судењето го нарече политички прогон поради што и 11 месеци останал во притвор.„Во однос на мојот вчерашен исказ дека ќе се занимавам со политика, би сакал судот да ми овозможи да имам право на мои соопштенија до јавноста кои ќе ги пласирам преку вас и да не ме цензурирате зошто јас со овој предмет немам забрана за вршење на било каква политичка дејност. Целта ми е сите политички малверзации во оваа држава да ги посведочам за да станам лидер на нова европска Македонија”, рече Јовановски.Бледите завршни зборови на јавната обвинителка биле цитати од филмови, а не цврсти докази, истакна обвинетиот Бојан Јовановски, во завршниот збор за случајот „Рекет“, на денешното рочиште во Кривичен суд.Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, пак, порача дека обвинителството не покажало докази за делото за кое се товари неговиот клиент.Јованоски за Камчев истакна:-Замислете страшниот Орце Камчев се плаши од еден „педер“ истакна Јовановски. и додаде:-И тој ќе ми давал милион евра. Од него не можеш 50 денари да земеш, а не па еден милион евра. Тој може дал, ама не на мене. Можеби ги дал на оние од трас-трас судството – рече Боки.Тој вели дека не постојат никакви докази дека сметководителката на Камчеви извадила пари, но не може ни да има бидејќи такво нешто не се случило.Бојан Јовановски на денешните завршни зборови ги потврди шпекулациите дека имал чести контакти во неговиот дом со министерот за здравство Венко Филипче во друштво на бизнисменот Орце Камчев.Како што тврди Боки, Камчев бил заинтересиран да ја преземе една од најголемите државни болници.- Камчев требаше да ја земе „8 септември“. Затоа јас имав таков болнички третман-тврди Јовановски.Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“, во кој е обвинет.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања