Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица во самоизолација

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолација, објави fokus.mk. Како што велат дел нив од Фокус, после вчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидемиолошка анкета или по сопствена иницијатива.Инаку, носител на оваа пратеничка листа е техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој веќе се тестираше и резултатот е негативен, меѓутоа најави дека во следниот период од дома ќе управува со владата се додека не добие препораки од епидемиолозите. Втората на листата Сања Лукаревска, директорка на УЈП, испадна позитивна на тестирањето за КОВИД 19.Текстот во целост на: fokus.mk. фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

velimir-smilevski-butel

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски во самоизолација - имал средба со Лукаревска

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, од вчера е во самоизолација поради средбата со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е позитивна на Ковид-19.„По вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид-19 на Сања Лукаревска, а поради средбата што ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација и покрај тоа што при нашата средба и обајцата целосно ги почитувавме мерките за заштита“, напиша Смилевски на својот фејсбук-профил.https://www.facebook.com/velimiramsmilevski/posts/10217110245687516

Скопје | пред 5 години

kosta-petrov

Петров: Здравјето е најважно, сите да ги почитуваме мерките за заштита, да се адаптираме на ново нормално

Најважно во оваа нова нормалност е да ги почитуваме мерките за заштита, да ги почитуваме правилата, бидејќи, иако звучи како клише, здравјето е најважно, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров, во емисијата Tоп тема на Телма.Петров рече дека СДСМ секогаш е на терен со граѓаните, секако со почитување на протоколите за заштита, додавајќи дека во рамките на активностите на партијата во Куманово во текот на викендот бил делен едукативен материјал во врска со коронакризата, со строго почитување на мерките и задолженијата.Тој истaкна дека во овие услови на коронакризата се менуваме сите, се менува бизнисот, луѓето, политичките партии и се прилагодуваме на новата состојба.Бројките на новозаразени, не се тоа што треба да бидат, се надевам дека бројот нема да продолжи да расте, а сите треба да се адаптираме на новото нормално и да ги почитуваме мерките за заштита, одржување дистанца, носење заштитни маски, дезинфекција. Најважно е да ги почитуваме протоколите и мислам дека тоа апсолутно е  правило за сите граѓани и за сите политички партии, нагласи Петров, во гостувањето на ТВ Телма.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

noz-ubistvo-napad

31 год скопјанец донесен во болница со пет убодни рани во пределот на стомакот

Од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во вечерните часови на 31 мај било пријавено дека кај нив со повреди во неконтактибилна состојба бил донесен 31-годишник од Скопје.Дежурниот доктор констатирал дека повредениот има пет убодни рани во пределот на стомакот.Според добиените информации, скопјанецот бил повреден во угостителски објект на улицата Џон Кенеди.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Slika-4

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:Итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба во врска со корона вирусот и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати во истото, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Комисијата заклучи дека ситуацијата во Македонија е алармантна и Македонија го доживува вториот пик.Со оглед на големата бројка на новозаразени во едно деноноќие, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со корона вирусот. Во контекст на ова Комисијата смета дека воопшто не се познати кластерите како што велат надлежните.Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки  во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Се затвораат пет конфекции во Штип до понеделник, ќе се тестираат вработените

На денешната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше, дека утринава на Комисијата за заразни болести се анализираше состојбата во изминатите денови и статистиката од изминатите две недели.„Очигледно е дека и покрај високите бројки на новозаразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, што значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика, кои може да се лекуваат во домашни услови или еден сосем добар дел се асимптоматски носители. Тоа го потврдија епидемиолошките анкети. Во текот на вчерашниот ден направивме детален увид во анкетите во Центарот за јавно здравје во Скопје, каде една поголема екипа практично составена од пет тимови работи на терен во повеќе скопски општини. Тоа значи дека добар дел од пациентите остануваат дома и ни дава за право да кажеме дека здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Има сосем доволен број на болнички кревети и кадар во болниците, респираторни машини“, потенцираше министерот Филипче.Во однос на кластерите во државата, министерот оцени дека, за Скопје, околу 70 проценти од сите нови случаи се од веќе познати кластери, пред сè од општините Чаир и Сарај каде интензивно се работеше изминатите денови.„Денеска, веќе во Сарај нема голем број на новодијагностицирани, има само двајца. Останува интензивна работата во населбата Чаир. Тука работат овие тимови од Центарот за јавно здравје коишто ги спомнав и денеска интензивно се работи освен во Чаир и во Студеничани, од каде што се овие луѓе, коишто денеска се анкетираат и за кои резултати ќе има во текот на утрешниот ден. Во Штип, новодијагностицираните пациенти се околу оние пациенти претходно дијагностицирани, вработени во неколку конфекции. Екипа од Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска, престојува во Штип, со цел да направи увид во работата на Центарот за јавно здравје. На локалниот кризен штаб, кој го води градоначалникот беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за којшто период близу 600 вработени ќе бидат истестирани, а тие во меѓувреме нема да претставуваат ризик за другите луѓе со кои работат. Исто таква активност во смисла на посета и анализа на работата на Центарот за јавно здравје, екипа од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство денеска е пратена во Куманово“, изјави министерот Филипче.Тој додаде, дека согласно сите овие анализи од претходните денови и денеска беше констатирано дека нема неконтролирано ширење на вирусот. Министерот Филипче, информираше дека утрово се разговарало и за евентуално воведување на дополнителни рестриктивни мерки, но заедничкиот став е,  да ќе се почекаат податоците од следните два до три дена, и после тоа ќе се донесе одлука. Во меѓувреме, е заклучено поинтензивно Министерството за внатрешни работи да работи на контрола на теренот, за имплементација на мерките коишто се веќе на сила. Притоа, за дополнителни рестриктивни мерки се сметаат ограничување на движењата во смисла на карантин за одредени делови, каде што има поголем број на дијагностицирани пациенти и воведување на полициски час повторно локализирано таму каде што тоа ќе биде индицирано.„Анализата на епидемиолозите покажа дека бројката е повисока но сите тие пациенти произлегуваат од контактите. Согласно анкетите дадени во изминатите неколку денови правиме интензивен скрининг, тестирање на сите контакти коишто ги даваат новодијагностицираните. Оваа стратегија продолжува и понатаму, паралелно на веќе постојната првична стратегија за дијагностицирање на симптоматските пациенти и таргетираниот скрининг на вработените во повеќе групи“, рече министерот Филипче.Министерот Филипче информираше дека еден од главните проблеми со кои се соочуваат колегите, а за што било разговарано вчера, е слабата соработка со дел од граѓаните, одбивањето да се тестираат, одбивањето да се пријават во болница, дури и кога имаат симптоми, па тоа го прават многу често нивните соседи.„Веројатно, кај некои граѓани, има една генерална недоверба дека вирусот постои и тоа го надминавме со МВР. Во текот на минатиот ден, целосно се анкетираше семејството на починатиот од приватната болница, но сè уште има такви поединечни примери во кои граѓаните не сакаат да соработуваат. Затоа уште еднаш апелирам дека вирусот постои, дека овие бројки се реални и дека сите мора да се придржуваат, без исклучок до препораките и целосно и вистинито да ги даваат сите информации до надлежните. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од болеста, напротив и себеси и најблиските така се доведуваат во голема опасност. Апелирам уште еднаш до МВР поинтензивно да се вршат контроли на терен. На утринскиот состанок, исто така, се разговараше и за планот кој беше претходно изготвен за следните фази за олабавување на мерките, во однос на одредени индустрии, економски оператори и заеднички беше донесена одлука на ова да се навратиме до крај на оваа недела и ова повторно ќе се разговара како ќе се продолжи понатаму, исто како и тајмингот кога во текот на неделата ќе разговараме и за дополнителните евентуални мерки, кои би ги предложиле, согласно бројот на новодијагностицирани пациенти. Засега остануваат да важат сите мерки, кои се сега на сила, важи истото и за отворањето на градинките, досега се тестирани 3.500 вработени, но за тајмингот на отворање ќе дискутираме во текот на оваа недела. Истото важи и за границите, со оглед на сегашната ситуација од минатите два до три дена, и покрај тоа што Србија и Бугарија, ги отворија границите, сметаме дека ова е нешто што треба да го дискутираме во деновите кои се пред нас, согласно новите податоци и новата ситуација“, информираше министерот Филипче.Министерот Филипче во врска со тестирањето на дел од членовите на Социјалдемократскиот сојуз, по контактите кои ги имале со потпретседателот на партијата, Мухамед Зекири, информираше дека по завршените епидемиолошки анкети во текот на вчерашниот ден и денеска, назначена е самоизолација за потпретседателите Манчевски и Царовска, како и за Марјан Забрчанец. Позитивен е тестот и на Сања Лукаревска, а сега се работат и анкетите во однос на нејзините контакти. Во овој момент треба да заврши и епидемиолошката анкета на премиерот Спасовски, но со оглед на контактите кои тој ги имал голема е веројатноста дека ќе биде потребна самоизолација од две недели.фото: Архива

пред 5 години

culev

Чулев: Спасовски и неговите послушници во МВР никако да се издигнат над партиските интереси

Владата од една страна секојдневно ме обвинува дека сум виновен за нејзините неуспеси поврзани со ширење на коронавирусот, а од друга страна и во ваква состојба Оливер Спасовски и неговите послушници во Министерството за внатрешни работи не успеваат да се издигнат над партиските интереси, а со цел заштита на здравјето и животот на граѓаните, објави на својот ФБ профил техничкио министер за внатрешни работи Наќе Чулев.✔️ Имено, во услови на пандемија и прогласена вонредна состојба Владата со заклучок го задолжува Министерството за внатрешни работи да ги стопира огласите со кои се пополнуваат дел од испразнетите работни места. Политиката и партиските интереси повторно се поважни од здравјето и животот на граѓаните, а со ова Владата предводена од Оливер Спасовски уште еднаш го потврдува тоа.✔️ И покрај фактот што ДКСК и Управниот суд донесоа одлука и пресуда со која се поништи одлуката на владата за поништување на решенија за распоредување донесени од моја страна и ја потврдија законитоста на моето постапување, владата и понатаму продолжува спротивно на законот да се меша во работењето на министерството за внатрешни работи и да го опструира нормалното функционирање, со што крајно негативно влијае врз неговата ефикасност.🗣️ Би сакал да потенцирам дека согласно законот за организација и работа на органите на државната управа со министерствата раководи министер и од тие причини ваквата постапка на владата претставува грубо мешање во работата на Министерството за внатрешни работи. И покрај ваквите непринципиелни и незаконски притисоци и понатаму ќе постапувам во согласност со законите и штитејќи го интересот на граѓаните.❗ Во интерес на законите потребно е вработените на Министерството за внатрешни работи да постапуваат исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. Апелирам на доследно и целосно почитување на овој неопходен принцип при секојдневното управување, раководење и извршување на работните задачи, истакна Чулев.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/163491501844319?__tn__=-R

Македонија | пред 5 години

DSC_3607

Зурли, тапани и огномет од куќата на Амди Бајрам- интервенирала полиција

Во куќата на Амди Бајрам во Бутел пукал огномет, ечеле зурли и тапани- интервенирала полиција. Елвис Бајрам, синот на пратеникот Амди Бајрам е меѓу пријавените од скопската полиција затоа што синоќа околу 23 часот во својот дом организирале забава со огномет, објави Телма. Од скопската полиција за Телма потврдија дека по пријава на вознемирени граѓани интервенирале и за случајот е поднесена пријава за сторен прекршок за дело „неовластена употреба на пиротехнички средства“.Текстот во целост на: Телма.мк

Скопје | пред 5 години

zakani

Човекот кој преку ФБ упати закани со војна, денеска се извини

Човекот кој во саботата пред група верници во близина на велешката Црна Џамија се закануваше со војна, денеска се извини за искажаното. Говорникот Фрат Мемедовски рече дека бил погрешно разбран, бидејќи не го знаел добро македонскиот јазик.„Сакам да се извинам на градот Велес за моето обраќање, бидејќи тоа што го кажав не го мислев. Мојот македонски јазик не е доволно усовршен, бев возбуден и поради тоа моите зборови се разбраа на начин кој и јас самиот не го оправдувам. Исламската вера и муслиманите никогаш не повикуваат на безредие и анархизам, туку повикуваат на соживот со комшиите и со останатите вери и нации. Се извинувам до македонската јавност“, вели Мемедовски во видео обраќањето, објавено преку социјалните мрежи.Само за потсетување Мемедовски преку видео обраќање вчера упати закани со војна, истакнувајќи дека ќе прават се според Коранот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Filipce-2

Филипче: Епидемијата е под контрола, сите новозаразени се со лесна клиничка слика

Епидемијата е под контрола, сите новозаразени се со лесна клиничка слика, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Филипче рече дека многу мал е бројот на пациентите што се јавуваат во болница и дека голем дел од новозаразените лечењето го продолжуваат во домашни услови. Тојдодаде дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 се од Скопје од веќе познати општини и познати кластери, пред сè од Чаир и Сарај.„Во Сарај веќе почна да се намалува бројката на заболени. Останува Чаир и таму работат тимовите за јавно здравје. Понатаму е Студеничани, каде денес се анкетираат лица. Во Штип новодијагностицираните се од неколку конфекции. Денеска екипа од Министерството за здравство и Државниот здравствен инспекторат беа таму и донесена е одлука да се затворат пет конфекции до наредниот понеделник, а 600 луѓе ќе бидат истестирани во тој период“, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

SILEGOV-1

Шилегов: Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и ефтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов одговори на прозивката од советничката група од ВМРО ДПМНЕ: Тој на ФБ пишува:-Во врска со “големата сензација”“аудио бомбата”, на советничка група на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје:1. На фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор.2. На фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовнито работење.3. Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ.Судете сами за “скандалот” и “бомбата”. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и ефтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе ...https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3266673483557227&set=pcb.3266683460222896&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Oliver

Спасовски го објави резултатот од коронавирусот и останува во самоизолација

Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека неговиот тест за коронавирус е негативен, а тој немал симптоми. Тој кажа дека ќе остане дома додека да добие официјални препораки од епидемиолозите согласно неговите контакти кои ги остварил изминатиот период.„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација. На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени“, објави Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zekiri

Зекири контра Заев: Не сум бил на ифтар, ниту пак сум имал дозвола за движење за време на полициски час

Зекири преку ФБ објава го деманти Заев. Тој пишува:-Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека:За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење!За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтрски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството - и без посети од никого.Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот.Јас самиот ја соопштив веста за заразата, со епидемиолозите е завршена цела анкета и здравствените власти си го прават своето. Со оглед на тоа има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, објави Мухамед Зеќири на ФБ.https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10160245765889466

Македонија | пред 5 години

petar_bogoyeski

Богојески: Доста трпиме злоупотреба на политичка моќ - едните зборуваат само за избори, другите го злоупотребуваат МВР

ФБ статус на лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески. Богојески својата објави ја наслови: Доста трпиме!Во продолжение пишува:Бројката на новозаболени изминатите денови покажува дека немаме спас од политичкиот пазар во земјава. Дека треба еднаш засекогаш сите мерки во државата да важат за сите подеднакво!Политичките партии ја злоупотребуваат политичката моќ, едните зборуваат само за избори, другите го злоупотребуваат МВР, за да создаваат хаос во земјава!Треба да има нула толеранција за непочитување на законите!Само така нема да има поделби. Нема ништо поважно од тоа да бидеме свесни дека сите заедно сме во ова, дека болеста не бира етничка и политичка припадност, дека со пазарање за прикривање очи пред кршење на мерките не правиме никому добро.Станавме заложници на купување политички поени!Да не беше тоа, бројката денеска сигурно ќе беше едноцифрена на заболени. Време е да се свестиме сите и доста трпиме!!!https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2640355759579694&id=1949361315345812фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Црн понеделник - Денеска се потврдени 89 нови случаи на ковид 19, починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:•       Скопје – 876, активни 298•       Куманово – 467, активни 55•       Дебар – 51, активни 0•       Штип - 103, активни 68•       Прилеп –212, активни 30•       Тетово – 217, активни 83•       Струга – 84, активни 13•       Велес – 130, активни 27•       Битола –28, активни 3•       Охрид –23, активни 6•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –27, активни 7•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 4, активни 2•       Крива Паланка- 6, активни 0•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 37, активни 6•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 3, активни 1•       Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 0•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -2, активни 1•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 0•       Берово-1, активни 0•       Свети Николе-2, активни 2.Направените 727 теста се преку: ИЈЗ –446, ЦЈЗ Скопје-53 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -117  и МАНУ -102.  Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.а Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Од вечерва на полноќ малопродажните цени на еуросупер БС-95, еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за половина денар и ќе изнесуваат: 57 денари, 59 денари и 49 денари за литар.Малопродажната цена на ккстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво – 37,5 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 денари на 23,260 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со аудио доказ дека Шилегов и Начевски планираат купување на три нови џипа

Лагата излегува на површина. Коста Начевски директор на Дрисла, поставен од Петре Шилегов брутално вчера ја излажа јавноста дека не планира купување на луксузен џип за своите потреби како директор, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Еве и доказ и признание за тоа. На он лајн седницата на совет на град Скопје претставникот испратен од Начевски и Дрисла, Дијана Велјаноска Живановиќ изјави: да се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот” затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има.Во прилог доставуваме и аудио снимка од нејзиното обраќање и признание во отворениот дел од седницата. Ова аудио снимка е доказ за ненормалната ситуација и забеганоста на Шилегов.Лажовот Шилегов и манипулаторот Начевски се фатени во лага, и треба да и се извинат на јавноста.Но она што е многу поважно, тоа е да ја стопираат одлуката за купување на џипови за луксузирање на Шилегов и Начевски.Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови,  се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oliver

Спасовски се тестирал за коронавирус и сеуште не е во изолација

Дали техничкиот премиер Оливер Спасовски повторно ќе оди во изолација ќе се знае откако ќе се добијат резултатите од неговото денешно тестирање на Ковид-19.Како што кажа на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Спасовски и дел од раководството на партијата имале контакт со потпретседателот на партијата, Мухамед Зекири, кој е позитивен на корона вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Од вчерашните 64 нови позитивни случаи, 20 не пријавиле дека имале контакт со заразен од коронавирус

Од вчерашните 64 нови позитивни случаи, 20 не пријавиле дека имале контакт со заразен од коронавирус. Извештајот ја ИЈЗ покажува дека најмногу од новозаболените, односно 14 лица, се на возраст од 40 до 49 години. Од сите нови случаи, 33 лица од женски и 29 од машки пол.Заклучно со саботата, во ИЈЗ се пријавени вкупно 2.226 случаи. Од нив, 22 случаи се бремени жени од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста, а 12 го имале вирусот без да почувствуваат симптоми. Во извештајот се наведува и дека најмладиот пациент било бебе, додека најстариот имал 94 години.„Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 483, а кај возрасната група од 50 до 59 години има 452 заболени. Најмалку заболени се евидентира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 93 и 109 случаи“, пишува во извештајот на ИЈЗ.Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,9%), изнемоштеност (39,8%), треска (19,2%), главоболка (15,2%), отежнато дишење (14,9%) и болка во грло (14,2%). Кај 717 или 32,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-2-1

Заев: Датумот за одржување на изборите е завршена работа - 5 ти јули

Датумот на изборите е завршена работа, тие ќе се одржат на 5 јули, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.Како што кажа Заев, брзи избори биле неопходни заради добивање на функционални институции.„Да добиеме функционална влада. Проблемите кои ги остава Наќе Чулев мора да ги отстраниме. Нема оправдување на нова вонредна состојба. Во таква ситуација изборите остануваат на 5. јули, 22 дена по завршувањето на најновата вонредна состојба. Не е одговорно државата да ја оставиме без парламент и со техничка влада, во која опозицијата е настроена деструктивно. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба“, рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Владата обезбеди помош од над 500 илјади евра само за националните, регионалните и локалните телевизии

Владата на Република Северна Македонија, усвои изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.Оваа измена ги опфаќа сите радиодифузери во земјата на кои ќе им се покријат трошоците за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување. Оваа одлука е согласно Законот за електронски комуникации, а има за цел ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.Одлуката беше донесена по направени анализи за последиците од влијанието на  КОВИД-19, врз националните, регионалните и локалните телевизии кои изминатиот период се соочија и се уште се соочуваат со потешкотии во работењето. Оваа криза предизвика сериозни финансиски импликации во нивното работење.Ако се земе во предвид дека медиумите се еден од клучните фактори во едно демократско општество, тогаш очигледна е потребата да се излезе во пресрет за надминување на овие состојби, како што беше направено и во останатите погодени сектори.Оттаму, а по спроведени анализи и разговори со сите засегнати страни за начинот на којшто е најсоодветно да се обезбеди помош, се констатираше дека доколку се намират нивните долгови настанати заради користење на дигитален терестријален мултиплекс, ќе се намалат последиците предизвикани од пандемијата.Средствата за подмирување на долгот ќе бидат превземени до Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.Тие ќе се исплаќаат врз основа на извештај за настанати долгови доставен од страна на операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс, за надомест на трошоците на радиодифузерите, кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, за дигитализација за 2020 година, до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.На овој начин, подеднакво ќе им се помогне на сите национални, регионални и локални телевизии, и тоа конкретно во делот на дигитализацијата, аспект што се покажа особено важен, а многу често и неопходен за непречено функционирање во новонастанатата состојба предизвикана од коронавирусот.Вкупната сума предвидена за оваа намена изнесува 31.732.390,00 денари или 515.974,00 евра.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

alijansa-za-albancite

АА: Економските мерки за младите, популистички и неефикасни за тие со низок социјален статус

Одделот за образование при Алијансата за Албанците со скептицизам и огорченост ја прими веста за трите економски мерки за млади, одобрени од владата, каде што само им помага на богатите семејства, додека тие со низок социјален статус ќе продолжат да немаат пристап до онлајн настава, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците- Оддел за образование.Првата мерка со која на секој студент и ученик му се дава ваучер во вредност од 3000 денари каде се авансираат децата на семејствата на службените лица и во никој случај не им помага на децата со влошен социјален статус. За ​​илустрација, на пример, секој службеник на ДУИ кој има плата од над 40.000 денари и има две деца под 29-годишна возраст кои донирале 6.000 денари од својата плата во фондот за солидарност за здравство, сега парите ги враќаат преку ваучерите со оваа мерка!Втората мерка, со која на секој студент со низок социјален статус му се дава банкарска картичка во вредност од 6000 денари. Оваа популистичка мерка ја покажува горчливата реалност на нашата земја каде сиромашниот млад човек живее во имагинарниот свет само еден месец, а потоа само по еден месец се враќа во реалниот свет.Третата мерка е 30.000 денари за млади кои сакаат да следат курсеви за ИКТ (компјутерска информатичка технологија), замислете студент кој не е во можност да присуствува заради пандемија и нема компјутер, лаптоп или паметен телефон за да присуствуваат на лекцијата преку Интернет, им овозможува на ИКТ фирмите, кои ги рангираат фирмите со најголем капитал, дополнително да се збогатат.И покрај недостатоците на овие мерки, уште по ироничен е фактот што ДУИ ги промовираше овие мерки од својот партиски штаб, манипулирајќи со граѓаните. Потсетуваме уште еднаш дека секоја мерка на владата е овозможен од државниот буџет, исполнет со парите на даночните обврзници, односно граѓаните кои чесно заработуваат и ги плаќаат своите обврски!Одделот за образование при Алијансата за Албанците предлага владата наместо овие популистички мерки, да донесе мерки така што секој ученик ќе добие лаптоп или паметен телефон. Во исто време, да се подготви теренот за да од 1 септември, доколку не се создадат поволни услови за продолжување на настава во училишните клупи, барем да имаме програми за учење преку Интернет и со помош на наставниците во текот на летото овие единици да бидат снимени, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците- Оддел за образование. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Civil

ЦИВИЛ: Најостро го осудуваме експлицитниот говор на омразата на Неделковски неговите следбеници

ЦИВИЛ упатува најостра осуда на вчерашните објави на Миленко Неделковски со експлицитен говор на омразата на социјалните мрежи на сметка на информацијата дека пратеникот Мухамед Зеќири и неговото семејство се позитивни на Ковид-19. Деструктивноста на пораките на Неделковски се гледа и во бројните коментари во кои дел од неговите следбеници искажуваат поддршка на говорот на омразата, радост и ситење, се вели во соопштението од ЦИВИЛ.Миленко Неделковски е одамна познат по изјавите со повици на насилство против неистомислениците на режимот, со говор на омразата и пораки што претставуваат ширење на национална, верска и расна омраза.Овој пат, Неделковски на својот Фејсбук профил со радост ја повтори веста, со желба за фатални последици по животот на Зеќири и на неговото семејство!ЦИВИЛ  најостро го осудува овој експлицитен говор на омразата, што непречено го шири Неделковски, криејќи се зад правото на слобода на изразувањето!Креаторите на содржини и пораки, поттикнувачите, дистрибутерите и поддржувачите на говорот на омразата ги поминаа сите граници! Оваа состојба во јавноста веќе не може да се толерира и да поминува неказнето.ЦИВИЛ бара од надлежните институции како што е МВР и Јавното обвинителство итно да постапат соодветно на законските обврски за да ја спречат и санкционираат оваа појава која сѐ повеќе зема замав. Понатаму, ЦИВИЛ ја повикува јавноста, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да го отфрлат и осудат говорот на омразата и повиците за насилство во медиумите, социјалните мрежи и во јавните настапи.Говорот на омразата поттикнува и дела од омраза. Во оваа состојба на загрозување на човековото здравје и фаталните последици од пандемијата, солидарноста ни е потребна повеќе од се, се вели во соопштението од ЦИВИЛ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

СДСМ: Се почитуваат сите здравствени протоколи и заштини мерки, сите кои биле во ризичен контакт со заболени лица се во самоизолација

Во однос на активни случаи со коронавирусот, СДСМ ја информира јавноста дека по извршените тестирања потпретседателот Мухамед Зеќири и членката на ЦО, Сања Лукаревска имаат позитивен тест на Ковид-19, се вели во соопштението од СДСМ.Согласно здравствените протоколи и заради превенција, во самоизолација се сите лица кои имале ризични контакти со нив, како Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Марјан Забрчанец и Славјанка Петровска.По напревените тестирања информираме дека потпретседателката Мила Царовска и потпретседателот Дамјан Манчевски имаат негативни резултати, но остануваат во самоизолација согласно препораките.СДСМ од почеток на пандемијата на дело покажува што е одговорно однесување, ги почитува сите протоколи, мерки и препораки за заштита на здравјето на секој поединец.Во СДСМ состаноците и партиските активности се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна и последователна лична дезинфекција.Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама.Апелираме сите граѓани без исклучок да ги почитуваат мерките и задолженијата за спречување на ширење на заразата. Само на тој начин ќе го заштитиме личното, но и јавното здравје, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

bremeno

Досега корона вирусот дијагностициран кај 22 бремени жени - 12 оздравеле

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека во Македонија се регистрирани вкупно 22 случаи на коронавирус кај бремени жени. Од нив 7 биле хоспитализирани во текот на болеста, објави Досие.мк.Според информациите 12 од регистрираните се асимптоматски случаи, а регистриран е еден смртен случај на бремена жена од коронавирус.За оздравени се водат 12 бремени жени.извор: Досие.мк

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања