Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

stankovski-obratna-diskriminacija

Станковски: Обратна дискриминација или соживот?

Пишува: Ѓорѓи Станковски, политичка партија Обединети за МакедонијаДеновиве сме сведоци на фотографии со симболи на УЧК во општини,  негативни коментари, говор на омраза, расправии и тешки зборови.Затоа решив да пишам збор-два во врска со целава ситуација, проблемите  со кои сме соочени и ќе се соочуваме во иднина, сѐ додека не фрлиме поглед кон работите од минатото, сегашноста ја искористиме за почеток на реални промени, сѐ со цел за да имаме подобра иднина.Прво, да напоменам дека целиот овој текст не е да навреди некого и да предизвика лоши чувства кон одреден етникум. Лично имам пријатели што се етнички Македонци, Бугари, Срби, Албанци, Власи, Грци итн. Под пријатели подразбирам луѓе кои ги почитуваат или не ги почитуваатмоите мислења и ставови, но секогаш сме имале и ќе имаме културна и демократска дебата-другите не се добредојдени во мојот живот.Каде е грешката?Грешката е во тоа што моментално се соочуваме со обратна дискриминација. Обратна дискриминација е поим чијашто дефиниција гласи: Омаловажување на мнозинството за разлика од малцинството.Во конкретнава ситуација имаме еден парадокс: Во граѓански дом се истакнуваат симболи на сепаратистичка организација, а од друга страна истите луѓе зборуваат за соживот.Поставување на недржавни симболи е еден пример за обратна дискриминација. Зарем другите националности коишто живеат во Македонија не се добредојдени таму? За нив вратите не се отворени или ако се отворат, ќе нема да можат да завршат работа?Општината не е штаб на сепаратистичка организација. Општината е место каде сите функционери се избрани од народот и треба да работат за народот. Не е нивна задача да предизвикуваат непријатни чувства кон одреден етникум.Ваквите и слични настани се очигледен пример на етнички сепаратизам и национализам врз база на етникум и немаат никаква врска со соживот.Соживот се постигнува на еден многу едноставен начин, но навидум тежок да се постигне, бидејќи политичарите од македонскиот и албанскиот блок (еве една поделба на македонското ткиво и народ), ја искористуваат именката за подгревање на сепаратистички национализам на одреден етникум, што, се разбира, е машина за гласови.Ситуацијата во државата воопшто не е сјајна на долгорочен план. Дури и тие најгласните деновиве, поголемиот дел од нив членови на минатата владеачка партија, молчеа во 2011 година кога се донесуваше Законот за амнестија. Уште еден пример како чувствата на народот се манипулираат за некој глас повеќе.Кое е решението?Како и многупати спомнато, решението е во драстична промена на начинот на перцепција на припадност кон една држава. Сите го знаеме Уставот на историското ВМРО: Без разлика на вера, националност, пол…Како десничари, кои го почитуваат минатото, ние треба да земеме пример од организацијата која се борела за Автономија на Македонија за сите етникуми, а притоа да го очистиме застарено југословенско размислување на “народи и народности” дека само одредена групација има право на живот во државата, а другите се само “народности”.Патриотизам е да си ја сакаш државата во која си роден, во која живееш, плаќаш данок, создаваш семејство и слично. Патриотизам не е да посакуваш да ги иселиш сите староседелци тука кои живееле и ќе живеат во комшии, во другиот дел од државата, затоа што се родиле христијани,муслимани, од друг етникум итн. Тоа не сме го одбрале ниту ние, а ниту тие, а така било од памтивек.Решението е да се забрани истакнување на симболи од други држави и сепаратистички организации. Па нели сме за соживот? Македонското знаме е неутрално и ги претставува сите етникуми, не е симбол на одредена етничка заедница. Македонското знаме е единственото нешто што треба да стои и да се истакнува насекаде и на секоја пригода. Тоа знаме обединува. Ги обединува и тие што се од двете страни на Вардар.Не гледам причина зошто би се истакнувале знамиња и симболи на туѓи држави во државни институции. Нели сме сите граѓани на Македонија, македонски народ, без разлика на вера, националност, пол и убедување?За некој глас повеќе ли ќе ја рушиме државата? Е тоа е соживот почитувани мои.Едукацијата и образованието е тоа што треба да го создаде тоа чувство на припадност кон државата, злоупотребата на национализмот врз база на етникум само ќе нѐ раздели уште повеќе. Нас ни треба реален и прогресивен патриотизам, не поделби со непочитување на државното знаме – државното знаме има убав симбол – сонце – што нѐ грее сите подеднакво.Тоа е патриотизам. Тоа е еден реален патриотизам што ќе нѐ обедини сите во оваа држава.А секако, тоа ќе доведе до подобра селекција за вработување во јавната администрација.Моментално имаме еден вид расизам со тоа што на одредени работни места може да аплицираат само Македонци, или само Албанци, или одреден процент од еден етникум…Што ако некој Албанец бил поквалификуван од некој друг? Или Македонец, или Македонец што се чувствува или декларира како Бугарин, Србин… или Ром? Но не е примен затоа што некој друг етникум требало да се прими таму.Ова е само еден пример како државниот патриотизам и љубов кон државата може да го подобри квалитетот и начинот на живот во државата.Можеби политичарите од деведесеттите направија грешка со пристапот кон народот после ослободувањето од Југославија, со продолжување на југословенската доктрина на “народи и народности”. Тоа ќе покаже времето, а досега времето покажува дека е така…фото: ОМ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска заразена со коронавирус

После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил.„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена. Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација“, напиша Лукаревска.Инаку од денеска во самоизлоција се и вице-премиерката Мила Царовска, министерот Дамјан Манчевски и советникот во Влада, Марјан Забрчанец, како и градоначалникот Висар Ганиу.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sinisa-stojanoski

Стојаноски: Заев потфрли, Комисијата за заразни болести ги стави партиските интереси пред здравјето на граѓаните

За жал, Република Македонија е помеѓу земјите во кои граѓаните, на дневна основа, слушаат за двоцифрени бројки на ново заразени од корона вирусот, додека во исто време, земјите од нашето опкружување ги отвoраат границите и прогласуваат успшен исход во борбата со пандемијата на Ковид 19. Нашата земја е високо на листата, но на онаа негативната, според бројот на заболени на милион жители и според бројот на починати на милион жители, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО- ДПМНЕ.Дали и зошто граѓаните се оставени сами да се справат со т.н. „нова реалност"?Се поставува прашањето зошто актуелната власт и надлежните институции, а пред се министерството за здравство, комплетно потфрлија во справување со корона вирусот  споредбено со земјите од нашето опкружување?Ние како Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, од самиот почеток на оваа криза, бараме во континуитет да постои само еден единствен приоритет, особено сега во актуелните новонастанати  услови, а тоа е здравјето на граѓаните да се стави пред сè и над сè.Дали е толку тешко да се реализира ова барање? За разочарувањето од одлуките на Комисијата за заразни болести е беспредметно да се коментира.Прашуваме зошто, наместо да ги направат сите напори за справување со епидемијата според етаблираните епидемиолошки и медицински параметри, членовите на Комисијата се потрудија единствено да ги следат и задоволат партиско-политичките интереси?Дали и зошто, повеќето од членовите на Комисијата за заразни болести се презентираа како лица кои ги ставија личните и партиските интереси пред интересот и здравјето на граѓаните?Тоа ќе го проценат граѓаните сами.Република Македонија располага со реномиран и докажан медицински кадар кој што знае прецизно како и што треба да се направи во една ваква состојба.Затоа мора да го искористиме потенцијалот на професионалците и да се формира ново, комплетно независно тело од докажани експерти на кои водилка им е пред сè и над сè здравјето на граѓаните.Остануваме доследни на сè што сме изјавиле досега. Наш единствен приоритет беше, е и ќе остане здравјето на граѓаните, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО- ДПМНЕ. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gdu

Кандидати за пратеници- ГДУ: Хјустон, тие навистина имаат проблем!

Викендов светот беше сведок на успешното лансирање на SpaceX, првата комерцијална ракета со човечки екипаж. Предвидено е нејзиниот лет до  Меѓународната вселенска станица да трае 19 часа. Во меѓувреме пак, овде на земјава, во нејзиното најблескаво катче, според зборовите на Претседателот Пендаровски, се појавил проблем во каналот. Каналот на комуникации? Во моментов контролата на мисијата нема претстава што се случува со екипажот на „Лидерската средба“ каква е нивната патека, а нацијата со загриженост ги очекува најновите вести, се вели во соопштението од Кандидати за пратеници- Граѓанско Демократска Унија.Всушност, ако подобро размислиме, кога Собранието би било контрола на мисијата, сите 120 членови на парламентот, со Претседател на Собранието, со тројца потпретседатели, дузина координатори и заменици координатори на пратенички групи(добар дел од тие групи никогаш не учествувале самостојно на избори, а ако и учествувале, никој не се сеќава) ударнички се исклучија од функција. Никој од тие силни  и виспрени „законодавци“ не покажа ниту најмал напор, чувство на обврска или одговорност во услови на национална закана по здравјето и животите на нивните сограѓани, да стори нешто, да предложи решение, да викне! Останаа горди и неми „поддржувачи“ на нивните работодавци  кои во моментов се загубени некаде во орбитата затоа што имаат проблем со каналот. Каналот на комуникациите.Разочарувачки, и во овие тешки мигови за Македонија, политичките шпекуланти ги поразија и остатоците на државните институции. Повеќето од чекорите кои ги преземаат имаат за цел одвраќање на граѓаните од учество во процесите на одлучување. Мошне искрено ни порачуваат- не сте неопходни! Сепак,уверени сме дека наскоро ќе бидат непријатно изненадени и ќе го добијат одговорот што го заслужуваат -Не, вие не сте потребни повеќе!За крај, искрено порачуваме, внимавајте на сопственото здравје и здравјето на другите. Чувајте се и да држиме среќа сите заедно, шпекулантите да не ја влошат дополнително состојбата. Видовме дека не се двоумат од ништо, се вели во соопштението од Кандидати за пратеници- Граѓанско Демократска Унија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maska

Во 24 часа на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585       прекршоци.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Од утре не важи бесплатниот јавен превоз за пензионери во Скопје

Скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) соопшти дека од утре нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19./МИАфото: Архива

Скопје | пред 5 години

kralica

(ФОТО) Кралицата јава на пони коњ на 94 години

Кралицата Елизабета Втора дури и на возраст од 94 години не се откажува од нејзиното хоби.Кралицата овој викенд, е сликана како јава Пони коњ - во Виндор хоум паркот.Нејзиното Височество ужива во јавањето уште од детството. Јавањето коњи е едно од омилените хобија на британската кралица. Во една пригода таа изјави дека додека јава се чувствува како човечко суштество . https://www.facebook.com/TheBritishMonarchy/posts/3221355714552903фото: Press Association

Магазин | пред 5 години

bujar-osmani-696x396

Османи: Денес бројот на инфицирани со КОВИД 19 е уште позагрижувачки!

Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен, напиша на својот ФБ профил Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Османи во својата објава додаде:Не е потребно многу да се заштитите:- не верувајте во теориите на заговор- маската го намалува преносот за 79%не биди причина за смртта на најблискитеП.С Денес бројот е уште позагрижувачки!https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/posts/1276627849207782

Македонија | пред 5 години

1-10

Манчевски и Царовска во задолжителна самоизолација

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски се во самоизолација, откако биле во контакт со заразен со Ковид-19.Манчевски и Царовска биле во контакт со потпретседателот на СДСМ Mухамед Зекири кој вчера објави дека тој и семејството се позитивни на КОВИД 19.-Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација.На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме.На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје, напиша на својот ФБ профил министерот Дамјан Манчевски.https://www.facebook.com/damjan.manchevski.3/posts/3092043120831727Царовска потенцираше дека вчера направила тест, и тој е негативен, но ќе остане во самоизолација.-Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома.На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот.https://www.facebook.com/carovska.mila/posts/674296486449729фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

dozd

До среда врнежливо, од четврток сонце и потопло

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 24 степени.Според најавата на метеоролозите ваквото променливо и постудено време за овој период од годината ќе се задржи до среда. Од четврток се очекува постабилно и значително потопло време.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vulin

Вулин со критика за Шекеринска: Ова е исто како да се сликала под знамето на Исламска држава и би зборувала за верска толеранција

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја критикуваше својата македонска колешка, министерката Радмила Шекеринска, за фотографијата со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, на која нема државни симболи, туку на УЧК.Во своја одбрана министерката преку ФБ порача  дека во 2020-та иконографиите се неважни.Вулин пак го критикува и објаснувањето. Во официјалното соопштение од српското Министерство за одбрана, Вулин за ваквото објаснување на Шекеринска вели дека е подеднакво лицемерно како кога би се сликала под знамето на Исламска држава и би зборувала за верска толеранција:„Да се фотографираш под знамето на таканаречената ОВК и да речеш дека тоа е неважна иконографија е како да се сликате под знамето на Независна Држава Хрватска (НДХ) и да кажете дека е во прашање ретро моден правец“, изјави Вулин.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени две лица кои од возило пукале кон стражарницата во касарната во Прилеп

Синоќа во Полициската станица Прилеп било пријавено дека од патничко возило со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“.Од МВР информираат дека полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zakani

ВИДЕО: Снимка со закани од непознато лице масовно се споделува на социјалните мрежи

На социјалните мрежи, односно профилот  Бенан Мацев е емитувано видео во живо на кое се слуша како лице кое најверојатно е од Велес се заканува:Ние живееме за една цел, а тоа е нашиот господар и нашиот пратеник. Кој за него ќе каже збор ние ќе бидеме револтирани и ќе направиме се како што ни е должност во Куранот.Доколку  ова се повтори ние заедно може да војуваме со оние кои ќе го направат тоа. Затоа во куранот се вели, правите џихад, во име на АЛАХ, тоа значи војувајте во име на Алах. Доколку повторно направите вакво нешто, ние муслиманите ќе направиме нешто на радикален начин. Ова е од неме строг апел. Не се плашиме од никого, само еден е Алах, вели лицето кое се обраќа.Покрај тоа што ов видео до овој момент е шерувано 847 пати, а граѓаните реагираат на неговата содржина која содржи закани, надлежните институции односно МВР не излезс со информации дали е прекршен законот осносно дали ќе го санкционир ваквото оснесување.https://www.facebook.com/benan.macev/videos/10217606960711397/

Македонија | пред 5 години

Janusev-PRESS-0808-1

Тестот за КОВИД 19 од Јанушев - негативен

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, а ја водеше новинарката, Душица Мрѓа. Јанушев ги добил резултатот од тестот и истиот е нагетивен, дознава Прес24.Откако денеска Зекири објави оти неговиот тест е позитивен, со коментар на социјалните мрежи се огласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Јанушев на ФБ напиша:-Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето!На Мухамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување.Што се однесува до интересот за моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, напиша Јанушев на ФБ.https://www.facebook.com/i.janusev/posts/592520544802950фото: Архива

пред 5 години

20200529_110511

Детектор: Половина од граѓаните не планираат да одат на одмор ова лето

Половина од граѓаните не планираат да одат на годишен одмор ова лето, покажува најновотоистражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје. Според него, 47,1% од анкетираните граѓани велат дека не планираат да летуваат оваа година, додека 33,7% велат дека ќе одат на одмор.Од оние кои ќе летуваат, 32,9% велат дека тоа ќе го сторат во Македонија, додека 28,8% востранство.  Најголем дел од граѓаните кои ќе летуваат или 9,6% велат дека ќе одат во Охрид. 7% планираат одмор во Грција, 4,2% во Албанија, по 2,3% во Турција и во Дојран а 2,1% во Струга.46,8% од граѓаните велат дека имајќи ја предвид кризата со корона вирусот оваа година нема даимаат пари за да одат на одмор, додека 34,9% сметаат дека ќе најдат финансиски средства залетување.Со оглед на проблемите кои ги предизвика вирусот, 16,1% од граѓаните стравуваат дека оваагодина воопшто нема да бидат во можност да го земат годишниот одмор, додека 28,5% велатдека нема да имаат проблем со тоа. Сепак, летувањето на граѓаните, според анкетата на Детектор многу ќе зависи од мерките кои ќе мора да се почитуваат.Па така, 60,8% од граѓаните велат дека нема да одат на одмор ако се уште мора да се почитуваатмерките за социјална дистанца и носење маски, а за 21,4% тоа нема да биде проблем за далетуваат.78,6% од граѓаните велат дека не би отишле на одмор ако по враќањето мораат да поминатсамоизолација или карантин во Македонија, додека 11,6% велат дека ниту тоа не би ги спречилода летуваат. Во однос на најавеното тестирање на границите, 65,7% велат дека нема да одат на одмор ако мора да прават тестови пред поаѓање, додека 22,6% се спремни и да се тестираат само за да летуваат.52,1% од граѓаните велат дека ова лето на годишен одмор на планираат да патуваат со автобусили авион, додека 26,4% велат дека се подготвени за тоа. Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски од Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од 1108 испитаници, со маргина на грешка од плус-минус 3%.фото: Детектор

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шекеринска: Избори на 5 јули, правото на избор и демократски глас на граѓаните не смее да биде загрозено

Денеска на средба со регионалниот изборен штаб и кандидатите за пратеници во изборната единица 5 донесовме заклучок дека ни се потребни избори час поскоро, во првиот можен рок.Согласно прогласената нова вонредна од 2 недели, и согласно законските рокови, 5 јули е точниот датум кога ќе се одржат изборите, истакна Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.Навлегувањето во други датуми по 5 јули носи опасност да се загрози гласачкото право на граѓаните, бидејќи  ќе го спротивстави со правото на одмор.Ние не смееме да си дозволиме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови.На ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето.Но, и обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните и несфатлици идеи изборите да се организираат среде лето.Во исто време, опасна и неразумна е идејата изборите да бидат наесен. Како општество, како одговорни поедници, не смееме да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент.Токму овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19 и последиците од него.Затоа, изборите мора да се одржат на истекот на 22 дена по завршување на вонредната состојба односно во конкретниот случај на 5 јули. Не постои никаков друг правен механизам, без разлика колку и тоа да не им се допаѓа на одредени политички партии и лидери.Добро ќе беше овој датум да се потврди и со консензус, но мора да знаеме дека имаме одговорност пред државата, пред граѓаните и нивното здравје. Не смееме да се втурнеме во бескрајни преговори кои ќе ги држат граѓаните во неизвеснот, само затоа што Мицкоски се плаши од избори и затоа преку своите министри прави саботажи кои се на штета на граѓаните.Важно е за нашата парламентарна демократија, за нашата економија, но првенствено за граѓаните и за нашето здравје да добиеме ново активно Собрание, ден поскоро и тој ден е 5 јули.Затоа, ја користам оваа прилика да ги повикам сите партии, а особено ВМРО-ДПМНЕ и нивниот исплашен претседател Христијан Мицкоски, да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, а не како многупати досега да бидат извор на проблеми и предизвикувачи на кризи.Секој оној кој сака да ги одложи изборите, сака да ја продолжи кризата, и со тоа не им посакува добро ниту на граѓаните, ниту на државата.Ги уверувам и граѓаните дека во период кога мерките се олабавуваат, кога можеме по посебни заштитни протоколи да посетуваме маркети и трговски центри, да посетуваме угостителски објекти, по заштитни протоколи ќе можеме и да го оствариме своето избирачко право, без закани по нашето здравје или здравјето на другите.Нашите здравствени експерти ја следат ситуацијата, нашите медицински капацитети се сериозно зголемени за разлика од времето пред коронавирусот. Треба да знаеме дека  ако имавме на пример по 40 заболени дневно на почетокот на кризата, кога не знаевме со што се соочуваме, ни оддалеку не се исто со 40 заболени сега, кога сме целосно подготвени и кога епидемиолошките кластери се под контрола.Изборите носат решенија и за поуспешна борба со Ковид-19, и за економијата и за демократијата и затоа не смееме веќе да одложуваме туку да организираме фер, слободни и демократски избори со кои ќе добиеме нови легитимни институции со целосен капацитет, истакна Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5. 

Македонија | пред 5 години

slika

ДОМ бара Владата да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга и да го превземе отстранувањето на дивоградбите

Зелената партија ДОМ бара Владата да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга и да го превземе отстранувањето на дивоградбите. Така ќе обезбеди реализирање на посветеноста за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.„По реакциите од граѓаните за нови нелегални градби на охридското крајбрежје, бараме локалниот и државниот инспекторат за градежништво и за животна средина веднаш да извршат инспекциски надзор и записникот од истиот да го споделат со јавноста, а Јавното обвинителство да отвори постапка по допрен глас.Граѓаните алармираат дека и по превземената акција за уривање на нелегално изградениот ѕид веднаш до езерото во Градиште, тој повторно незаконски се гради. Фотографиите споделени на социјалните мрежи укажуваат дека никнува нова дивоградба на крајбрежјето и се сечат дрва, во пределот на Св. Стефан, велат од ДОМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам и платежни картички од 3.000 денари за летување дома за 130.000 граѓани

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за економија беше усвоена Уредбата со законска сила која предвидува издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба.Како што информираше министерот, издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во Третиот пакет мерки на Владата за поддршка на економијата, кој беше објавен пред две недели, а главната цел на оваа мерка е поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор.„Имајќи го предвид фактот дека токму туризмот е една од најпогодените гранки од корона кризата, убедени сме дека домашниот туризам останува најголемата надеж за поддршка на оваа индустрија. Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои како што кажав немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари, односно според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари“, потенцираше министерот.Постапката за добивање на ваучер предвидува откако УЈП ќе ги достави податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка потоа на истите преку  електронска пошта ќе им биде доставен ваучер со QR KOD во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.„На истите граѓани кои ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која можат да ја користат во сите угостителски објекти за исхрана и во објектите каде ќе одмараат и во други угостителски објекти за исхрана, додаде Бектеши и кажа дека во исто време Министерството за економија ќе постави Платформа на која сите категоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата ќе ги презентираат своите капацитети за сместување, каде што граѓаните кои ќе добијат ваучери ќе може да изберат која од понудите ќе може да ја искористат односно ќе изберат каде ќе го поминат својот годишен одмор.„Кога кажувам Категоризирани угостителски објекти мислам на сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи го и приватното сместување во нашата држава. Ја користам оваа прилика сите објекти кои не се категоризирани истото да го направат заклучно до 20 јуни за да истите можат потоа да аплицираат за користење на мерката и ќе може нивните понуди да ги прикачат на платформата со што граѓаните кои имаат ваучери да можат истите да ги искористат кај нив.Подготовките за пуштање во употреба на оваа платформа на која туристичко-угостителските објекти ќе треба да се регистрираат се  веќе се започнати, и истата ќе биде пуштена во употреба за две недели, односно на 15 јуни. Хотелиерите и угостителите потоа ќе имаат рок од 15 дена, односно до 30 јуни да ја постават својата понуда на платформата со што граѓаните кои што ќе добијат Ваучери ќе може да изберат каде ќе летуваат“, кажа министерот Бектеши и ги повика сите туристичко-угостителски капацитети кои не се категоризирани, да ги категоризираат своите објекти заклучно со 20 јуни за да можат да аплицираат и да ја прикачат својата понуда на платформата каде што граѓаните ќе може да ја видат понудата и да го искористат ваучерот кај нив.Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.„Во исто време сакам да информирам дека Министерството за економија заедно со Агенцијата за поддршка на туризмот во наредниот период ќе спроведе кампања ДОМА СИ Е ДОМА и PUSHIME NE VEND на која ќе ги промовираме туристичките потенцијали на Република Северна Македонија, но овој пат за нашите граѓани односно за домашните туристи“, кажа Бектеши.Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.„Имајќи го предвид искуството од претходните години со поддршката на домашниот туризам, успеавме да го зголемиме бројот на домашни туристи во Република Северна Македонија во просек по 7% годишно, со оваа мерка, и со кампањата за домашен туризам очекуваме бројот на домашни туристи и ноќевања во нашите туристички центри  оваа година да го зголемиме за 50% и со тоа да им помогнеме на нашите хотелиери да ги намалат загубите од оваа криза.. Потенцираме дека ова не е последна мерка за опоравување од корона кризата и во периодот кој следува заедно со приватниот сектор ќе продолжиме со нашата успешна соработка и ќе носиме нови мерки и програми за опоравување на последиците од оваа криза“, кажа Бектеши.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Igor-Nikolov

Николов: Комисијата за заразни болести работи под диктат на Заев

Денеска бројката на новозаразени е над 80 – тина. Македонија влегува во нови пик. Во услови кога сите земји во регионот немаат заболени и по две недели, Македонија поради лошиот менаџмент на владата на СДСМ е остров на зараза во сред регион без корона, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Организирање на избори во ваков пик на коронавирус претставува масовно самоубиство.Деновиве стана јасно, дека постои силно политичко влијание и притисок врз Комисијата за заразни болести. Тие работат под политички диктат на Зоран Заев и Венко Филипче.Наместо заштита на здравјето на граѓаните, Комисијата се труди да му удоволи и да ја спаси политичката кариера на еден политичар во заминување.И додека во земјите од регионот и во светот се прават јасно детерминирани и дефинирани планови за разлабавување на мерките, претседателот на Комисијата и членовите од кои 6 директори назначени од Филипче, и еден на листа за пратеници, сакаа да му удоволат на Зоран Заев. И тоа со убедување дека ќе изготват јасни протоколи кои ќе ја обезбедат и заштитат популацијата. За жал, само во последните три дена имаме 125 ново заразени и плус денешните 80-тина и 12 починати од кои 5 во текот на вчерашниот ден. Професионално размислување на лекар, никогаш не би потврдило и препорачало дека во вакви услови, можни се безбедни избори.Македонија се претвори во земја која го има својот втор пик на корона вирус уште сега. Кампањата и делењето на пакети по штабовите на СДСМ си го сторија своето.Статистиката говори дека Македонија, е на второ место во Југоисточна Европа по број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија. Имаме повеќе починати на 1 милион жители од Грција, Бугарија и Албанија заедно. Земјите од опкружувањето како Црна Гора, Словенија и Хрватска, во последните неколку недели немаат ниту еден ново регистриран случај.Подемот на кривата на заразени во Македонија е предизвикана од лошиот менаџмент на властите, ќе не доведе во ситуација да бидеме изолиран остров на кризно жариште во цела Европа, со потенцијална опасност голем број на држави да забранат влез за нашите граѓани и за нашите бизниси.Власта не уверуваше дека има јасна визија за  борба против корона вирусот. Откако поминаа повеќе од два месеци гледаме дека всушност не знаат каде тераат и покрај најрестриктивните мерки кои беа применети, ние сме држава во која што бројот на заболени не се намалува, туку оди кон  втор пик.Три месеци ги држеа граѓаните, градинките, училиштата, фабриките и буквално целата држава затворени во страв дека ќе се случи катастрофа, а таа се случува сега и покрај сите мерки.Во земјава постојат 3 Медицински факултети, со професори и катедри по епидемиологија и инфективни болести, ниту еден од овие професори не е вклучен во Комисијата за заразни болести. Потребно е да се обезбеди да нема никакво политичко влијание врз одлуките и препораките коишто ги носи Комисијата за заразни болести. Потребно е да се разреши и да се формира нова, која ќе биде професионална, составена од експерти и заштитена од секакво влијание на политиката.Здравствените работници се револтирани и губат доверба во менаџментот на кризата. Потребни се итни и ефикасни решенија. Катастрофата која ни се случи е резултат на не професионализмот и влијанието на СДСМ врз одлуките во здравството.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ.Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

korona-2

Регистрираните 24 нови случаи во Скопје се од општините: Бутел, Чаир, Гази Баба, Карпош, Аеродром, Сарај

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. По општини:Бутел – 6Чаир – 11Гази Баба – 1Карпош – 2Аеродром – 2Сарај – 2фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-3

Бројот на заболени расте, денеска се потврдени 62 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.Во последните 24 часа направени се 771  тестирања, а регистрирани 62  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани - 1 и Валандово-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:• Скопје – 841, активни 267• Куманово – 455, активни 45• Дебар – 51, активни 0• Штип - 76, активни 41• Прилеп –211, активни 41• Тетово – 210, активни 78• Струга – 84, активни 14• Велес – 130, активни 30• Битола –28, активни 3• Охрид –23, активни 6• Кавадарци – 5, активни 0• Гостивар –26, активни 6• Гевгелија – 4, активни 0• Струмица – 3, активни 1• Крива Паланка- 6, активни 0• Радовиш – 4, активни 0• Крушево – 3, активни 0• Кочани – 33, активни 2• Пробиштип – 2, активни 0• Кичево – 3, активни 1• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)• Демир Хисар – 1, активни 0• Македонски Брод - 2, активни 0• Пехчево- 3, активни 0• Делчево-1, активни 0• Валандово -2, активни 1• Виница – 3, активни 1• Кратово-2, активни 0• Берово-1, активни 0• Свети Николе-1, активни 1.Направените 771 теста се преку: ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70  и МАНУ -114.  Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

muhamed-zekiri0

Мухамед Зекири, тримесечната ќерка и сопругата се заразени со коронавирусот

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е заразен со коронавирусот. Освен него, позитивни се неговата ќерка и сопруга.„И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка резултираме позитивни на тестирањето за КОВИД 19. За среќа јас немам никаков симптом но резултирав позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша тој. https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10160241538039466

Македонија | пред 5 години

protest-1

ВИДЕО: Во Скопје се протестира против 5Г

Во Скопје денеска се протестира против 5Г пред Владата.Повикот беше објавен од Драган Угриновски, кој побара и политичките партии со своето членство да се приклучат на собирот. Претходно, со знамиња од сонцето на Вергина, натпис „Стоп 5Г“ и свирејќи возеа низ улиците на Скопје до пред Владата.Протестот е најавен во МВР и истиот го обезбедува полицијата.https://www.facebook.com/100013415592154/videos/984177128706131/https://www.facebook.com/100013415592154/videos/984215832035594/https://www.facebook.com/100013415592154/videos/984195312037646/видео: ФБ Драган Угриновски

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Лудилото на Заев и Шекеринска ја втурнува државата во кланица и црни избори на кои наместо гласови ќе се бројат жртви

Шекеринска и СДСМ бараат избори на 5 јули во ситуација кога бројот на заболени и починати од корона вирусот се повеќе расте. Нечовечноста на СДСМ и Шекеринска нема граници и без никаков срам сакаат да го втурнат народот во црни избори во кои ќе се бројат жртви и заболени наместо гласови, се вели во соопштението од СДСМ.На Шекеринска и Заев фотелјите им се поважни од животите на граѓаните и заедно со Спасовски, тие се директните виновници за зголемениот број на заразени и починати. Во ситуација кога дневно имаме по 50 заразени и неколку починати СДСМ ја лаже јавноста дека ситуацијата е под контрола и тоа било нормално.Лудилото на Заев и Шекеринска ја втурнува државата во кланица и тие преку Спасовски и Филипче стануваат џелатите на сопствениот народ и губат контрола над работите.Граѓаните и нивното здравје мора да биде приоритет број 1 во Македонија, а не зачувувањето на фотелјите на Заев и Шекеринска.Огромните бројки на заразени и починати се последица на непреземањето мерки на СДСМ и неспособноста да ја стават болеста под контрола. Филипче и Комисијата за заразни болести наместо да работат во служба на граѓаните извршуваат нареди под диктат на Заев и глумат негови портпароли.Со СДСМ државата оди кон здравствена катастрофа. Потребна е итна стратегија за излез од хаосот во кој не втурна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Лукаревска: Избори на 5 јули, затоа што ни се потребни активно Собрание и функционални институции за да ја спроведат новата развојна македонска економија

Денеска уште еднаш констатиравме дека сите мораме да преземеме одговорни чекори, и како граѓани и како политички субјетки, за државата, институциите и политичкиот систем ги извадиме од оваа крајно комплицирана состојба, истакна Сања Лукаревска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2.Ние, за жал во овој момент немаме активно Собрание – Домот на граѓаните, Народниот парламент, клучниот демократски механизам, во моментов не постои и нема начин да се врати во функција, освен преку избор на пратеници.На нашата парламентарна демократија, на нашата економија, но пред се на јавното здравје, и на сите наши граѓани, на сите, ни е потребно ново активно Собрание. За да можат да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза.5 јули е датумот кога ќе се случат изборите, тоа се 22 дена по завршување на вонредната состојба, согласно законот.Ние немаме право и не смееме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови.Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето.И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор.Затоа, според законските прописи изборите треба да се одржат на 5 јули.Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подготвени да огранизираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него.На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитимни институции.Само целосно функционални институции, со завршени избори позади нас, можат да ја спроведат новата развојна македонска економија.Фукционални институции, за нова македонска економија, се неопходни за поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, за да може повеќе да се троши, за подобро да се живее и повеќе да се работи.·       За заштита на постоeчките, и креирање на нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата·       За зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво·       За интервентно активирање на домашниот туризам·       За промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство·       За развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки·       За стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економијаЕве го планот за нова развојна економија. Време е да ги завршиме изборите, да ги оставиме зад нас и да продолжиме напред со полн капацитет да ја развиваме нашата економијата и да го штитиме здравјето на граѓаните, Сања Лукаревска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2.фото: СДСМ 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања