Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

migranti_kola

Во „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, пронајдени 113 мигранти

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар).Полициските службеници го привеле И.П.(30) од Косово кој го управувал возилото.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

roditelska-soba-3

МЗ: Подобрени условите во 28 јавно-здравствени установи

Министерството за здравство информира дека во изминатите две ипол години подобрени се условите во 28 јавно-здравствени установи. Со ова, здравствената заштита за пациентите е подигната на едно повисоко ниво, додека пак здравствените работници и соработници имаат значително подобрени услови за работа.Целосно се реновирани хируршките сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Реновирани се одделенијата и на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Клиниката за неврохирургија, Клиниката за очни болести, како и болничкиот оддел на Клиниката за гастроентерохепатологија.На Клиниката за ендокринологија извршена е комплетна реконструкција на кабинетот за интензивна нега и пристапните простории. На почетокот на 2020 година, се пушти во употреба новата хируршка сала и реновираниот болничкиот оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.За првпат, по 4 децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, како и условите за престој на родилките во Клиниката за гинекологија и акушерство - бојадисани се сите 24 соби од одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата.Комплетно е обновена Службите за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Битола и во Здравствениот дом во Велес.Минатата година, во Општата болница во Куманово се отвори новиот Ургентен центар - кој претставува комплетно нов објект изграден од темел.Во Градската општа болница „8 Септември“ се отвори нов Кардиоваскуларен центар во оваа болница, со што се подигна нивото на здравствени услуги.Исто така, во 2019 година се пушти во употреба од темел изграденото ново одделение за акутни состојби во Психијатриската болница-Негорци, а по 63 години изграден е нов машки павилјон во Психијатриската болница во Демир Хисар. Клиниката за психијатрија во Скопје целосно е реновирана. Комплетно се реновирани и опремени болничките соби за третман на хоспитализирани пациенти, како и амбулантскиот дел и кровот на зградата.Вакциналните пунктови во Поликлиниките „Чаир“ и „Ѓорче Петров“ се целосно реновирани.Во општата болница во Охрид се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар, додека пак во Заводот за слух, говор и глас е реновиран одделот за интензивен рехабилитациски третман за деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања.Подобрени се услови за пациентите и во Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок.Со реновирањето на Институтот за трансфузиона медицина создадени се нови соодветни просторни услови.Во Општата болница во Куманово, Клиниката за гинекологија и акушерство и во Клиничката болница Тетово се отворија три центри за упатување на жртви од сексуално насилство. Во овие центри се даваат услуги по стандардизирани оперативни процедури, со кои може да се превенираат животозагрозувачки последици.Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница) завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата.Во 2019 година се отвори „Родителска куќа“, наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не живеат во Скопје.Во изминатите две години се отворија шест Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид.Министерството за здравство продолжува и во наредниот период да ги подобрува условите како во здравствените установи, така и во вложување на нови медицински апарати и вложување во човечкиот капитал.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bezoska

Ангеловска-Бежоска: И дури се справуваме со корона-кризата не треба да заборавиме на структурните реформи со коишто ќе се зголеми долгорочниот потенцијал на економијата

Во најновото неделно издание на престижниот магазин „Глобал капитал“ е објавен осврт на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за предизвиците од корона-кризата за македонската економија.Ангеловска-Бежоска најпрво се осврнува на карактеристиките на нашата економија, при што меѓу другото ги посочува подобрувањето на нејзината надворешна позиција во изминатата деценија и растот на девизниот потенцијал, што овозможува сега да се спроведува релаксирана монетарна политика со цел ублажување на ефектите од кризата со којашто се соочуваме. Како особено значаен го издвојува процесот на интеграција во глобалните синџири на производство којшто придонесе за подобрување на извозната база, засилување на странските директни инвестиции во секторот на разменливи добра и постепено намалување на трговскиот дефицит.Истовремено, гувернерката ја истакнува важноста на постојаното јакнење на стабилноста на банкарскиот систем преку зајакнување на регулаторната и супервизорската рамка, што е од исклучително значење за соодветно да се одговори на актуелниот шок. Во овој контекст, како што е посочува гувернерката, Народната банка овозможи поголема регулаторна флексибилност заради поголема кредитна поддршка на сите оние кои се кредитоспособни, а се погодени од корона-кризата.Во завршницата на објавата во „Глобал капитал“, Ангеловска-Бежоска порачува дека јасната лекција од корона-кризата е дека и во моменти кога сме фокусирани на „гаснење на пожарот”, не треба да заборавиме на структурните пречки, коишто треба да се отстранат, за да се зголеми долгорочниот потенцијал на економијата, да се намали ранливоста и следствено на тоа да се зголемува просторот на политиките за подобро справување со идни шокови.„Глобал капитал“ е еден од најреферентните извори на информации за глобалните пазари на капитал. Освртот на гувернерката на Народната банка е објавен во рамки на серијалот текстови на носителите на политики, фокусиран на актуелните предизвици од корона-кризата.  фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maska

МВР будно следи кој не носи заштита на лице, за 24 часа евидентирани 673 прекршоци

Во текот на изминатото деноноќие (30/31.05) на територијата на Република Северна Македонија на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 673 прекршоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов директорот на Дрисла ќе го поднови со 3 нови џипа кога целата држава е во криза и луѓе остануваат без работа

Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла Коста Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила, се вели во советничката група од на ВМРО-ДПМНЕ.Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор.Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие. Сето ова аминувано од скандал мајсторот Петре Шилегов кој самиот соопшти дека не работи и не живее од плата.Додека Шилегов преку Дрисла набавува џипови, Македонија ја доживува најсериозната економска криза, и се повеќе луѓе живеат во сиромаштија.Ќе потсетиме дека Дрисла се најде во фокусот кога истиот директор Коста Начевски, инаку братучед на сопругата на генералниот секретар на владата Рашковски додели тендер на друг братучед на Рашковски.Како советничка група во Градот Скопје бараме повлекување на одлуката за набавка на џипови и испитување на финансиското работење на Дрисла и Петре Шилегов, се вели во советничката група од на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 24 степени, информира УХМР.Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и ретки грмежи и со температура до 22 степени.До средината на наредната седмица ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува постабилно и потопло време.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

soobra1

(ФОТО) Жена повредена во сообраќајка во Охрид

Сообраќајна несреќа се счучи вечерва околу 20 часот на булеварот „Туристичка“. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, автомомобил удрил во жена, која се здобила со повреди.Повредената жена со возило на брза помош е пренесена во Општата болница.Полицијата работи на расветлување на несреќата.

Македонија | пред 5 години

Merki

Филипче: Или ќе ги почитуваме мерките или ќе ги вратиме рестрикциите

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче:Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа - вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во општина Дебар. Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај. Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување.Ние не можеме вечно да живееме во карантин. Тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество. Имаме два избори, или ќе го продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции. Изборот е наш. Друг излез од оваа состојба, за жал не постои.Јас силно верувам дека ќе избереме да го нормализираме животот заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем. Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена, напиша на својот ФБ профил министерот Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2400712343569118/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

drvo

(ВИДЕО) Силниот ветар скрши дрво во Охрид

Силниот ветер кој дуваше попладнево скрши стебло од дрво во центарот на Охрид, во блиина на кружниот тек кај Охридска банка. За среќа нема повредени. Дрвото падна на ул Македонски просветители.Полицијата веднаш излезе на лице место и го обезбедува местото.

Македонија | пред 5 години

slika

(ВИДЕО) Се гради ѕид и се сечат дрва кај Св. Стефан

По парапетчето во Градиште, никнува нов ѕид овој пат кај Св Стефан.  Денес тешка градежна механизација работи на градба на нелегален објект на самиот брег на Охридско Езеро, во месноста Свети Стефан каде се сечат дрва и се гради потпорен ѕид.Како што дознаваме граѓаните алармирале во инспекциските служби, кои веќе се упатиле на терен, а на терен повторно излегол и градоначалникот Константин Георгиевски кој е препуштен сам на себе да се бори со организиран хаос и мафијашко и насилно узурпирање на брегот на Охридско Езеро на подрачјето на Охрид. ( Во Струга градоначалникот Рамиз Мерко го стимулира безаконието, хаосот и мафијашкото дивеење ).За потсетување откако парапетчето во Градиште го урна локалната самоуправа, вчера истото повторно воскресна.  На овој потег ресторанот е проширен надвор од сите дозволи, а изградени се ѕидови во половина од должината на првата плажа.   

Македонија | пред 5 години

policija-123

Со асистенција од полицијата ќе се прават епидемиолошки анкети на семејството на покојникот кој не бил закопан под протокол за вирусот КОВИД-19

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот КОВИД-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.За овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mafijaa

(ВИДЕО) „Од Македонија сум“, рече еден од уапсените напаѓачи кои пукаа во шефот на кавачкиот клан во Киев

Украинската полиција објаави видео снимки од апсењето на напаѓачите на шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер од Црна Гора,  кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев. Според соопштението на тамошната полиција напаѓачите се државјани  на Србија, Црна Гора и Македонија.Од видеото се гледа како еден од нив го прашуваат од каде и, а тој одговара-Од Македонија.  Осомничените за време на апсењето пружале отпор и се обиделе да и избегаат на полицијата и да заминат за Молдавија, но биле спречени.Инаку на Звицер пред два дена околу 18 часот во елитниот дел на Киев пукале двајца мажи, а по нападот побегнале со „смарт“, па го запалиле автомобилот за да прикријат траги. Еден од напаѓачите бил зафатен од огнот.Звицер е во тешка состојба и се уште се бори за живот.Српските медиуми пишуваат дека оваа војна меѓу црногорските кланови кавачи и шкаљари се води уште од 2015 година и до денес се загинати најмалку 41 личност.„Главните причини за обидот за атентат биле криминални активности на жртвата, можна прераспределба во криминалната организација, како и меѓу балкански криминални кланови, кои ја контролираат трговијата на дрога“, рекол шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко.фото: Украинска полиција

пред 5 години

skolo-4

Протокол за запишување на ученици во прво одделение

Владата денеска објави протокол за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта.1. Запишувањето на ученици во прво одделение во основните училишта се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основното образование.2. Помеѓу секој термин за разговор со секое дете потребно е да има пауза во траење од најмалку 20 минути.З. Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од училиштето.4. Училиштето на влезот на училиштето поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.5. Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата.6. Во просторијата може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите/старателите на детето.7. Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот на детето задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици.8. Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето задолжително д а се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).9. Просторијата во која се спроведува разговорот со детето е потребно почесто да се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите.10. За време на паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.11. По завршување на разговорот, потребно е просторијата да се исчисти (особено работната површина на која се работело со детето) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција за горни површини.12. Во просторијата за разговор и на излезот на училиштето потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.13. Во училиштето е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skolo-4

Протокол за уписи во средните училишта: Влез на 1 до 6 ученици во училиштето во зависност од просторот со кој располага за прием на документи

Владата денеска објави протокол за средните училишта во Република Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година1. Запишувањето на ученици во средните училишта да се одвива во период од 07:00 часот до 19:00 часот.2. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени во средното училиште.З. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа. 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.4. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.5. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата.6. Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага училиштето.7. Овозможување на влез на 1 до 6 ученици во училиштето во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места.8. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител / старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.9. Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, кој се презема од веб страната на Министерството за образование и наука.10. средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето.11. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во училиштето со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот12. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.13. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.14. Средните училишта кои имаа два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.15. Доставувањето на документите од страна на ученикот, односно родителот/ старателот е согласно распоред според азбучен ред од презимето.Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето.Не се задржувајте повеќе од 5 минути во училиштето.Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Владата го усвои протоколот за градинките по прекинување на вонредната состојба

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба.Ова се правилата кои ќе важат за градинките.УСТАНОВАТАПред да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот (во занималните, кујната, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите) (од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките).После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите.Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици ) за вработените.Установата да има безконтактен термометар за секој влез на установата.Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот.На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција.Хронично болните да бидат ослободени од работа согласно Уредба на Владата која е моментално на сила.Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема) на работното место и вон.Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни мести доколку имаат било какви симптоми на болест.Да се дезинфицираат прекидачите, кваки на вратите, мијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот.Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат.Активностите во дворот да се реализираат така што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време.Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез.Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска).Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција.Задолжително мерење температура со безконтактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете.Да се обезбеди растојание од 1,5 – 2 метри меѓу масите за седење на децата.Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места.Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места.Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти.Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи.Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории.Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите.Установата да обезбеди потврда од родителот/е дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома.ВОСПИТНО /ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАРСекој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место.Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата.При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други.Не користете играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните.Да се разделуваат играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Да се воспостави јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана” користена играчка за да се спречи вкрстувањето.Да се воведе задолжително миење на рацете на деца при прием и почести миења во текот на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет.Да се воведе задолжителен надзор на децата при миење на рацете.Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранување на пелени. После промена на пелена, да се направи миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката.Кога се користат средства за дезинфекција, да се земе во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт.Средствата за дезинфекција да се чуваат надвор од дофат на децата.Редовно, во согласност со временските услови да се отворат прозорците, особено во просториите за деца. Да не се користи вештачка вентилација.Пасивен одмор да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2м. Обезбедете единечни кревети и постелнина за секое дете и истите да бидат обележени со име на детето и строго да се води грижа да не се мешаат.Да се спроведат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и да се создаваат навики кај децата за лична хигиена, за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди – на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата за просторна дистанца за која треба да се размислува преку игра на деца – да се стават да седат на растојание едни од други – на пример да вежбаат да ги истегнуваат рацете и да ги мавтаат со крилјата за да не се допираат, да избегнуваат да го допираат Лицето и др.Да се контролираат причините за отсуство на деца, да се контактираат родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје.Да не се спроведуваат организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично)Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, треба да се преземе следново:– во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) да се изолира детето во просторијата за изолација, веднаш да се извести родителот/старателот, доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометар како и миење или дезинфекција на рацете.Да се провери здравјето на другите деца во групата и да се изолираат сите сомнителни случаи.Во случај на потврда на инфекција КОВИД-19, не користете го местото каде што престојувало лицето и да се извести надлежната епидемиолошка служба во Центарот за јавно здравје која «е даде понатамошни насоки за функционирање на установата.Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена лични предмети, играчки и слично.Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална.Се забранува влегување на други возрасни лица, освен одговорните лица на групата.РОДИТЕЛИРодителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска.Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место.Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

Владата донесе уредба за ваучери во вонредна состојба за поддршка на домашниот туризам

Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница донесе заклучок да достави до Претседателот на Република Северна Македонија извештај за преземените активности на државните институции за справување со кризата предизвикана од коронавирус со анализа за состојбата и со предлог за прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена, заради неопходните дејствија за справување со КОВИД-19 и заради економските мерки.Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.На денешната седница Владата донесе заклучок да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги стопира тековните постапки за  распоредувања и унапредувања во министерството бидејќи се спротивни на одредбите од Законот за Влада.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

culev

МВР го откри лицето кое преку ФБ ширело говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница

МВР добило пријава за лице кое преку својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови кои содржат текст во кој се шири говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница во државата.  Министерот Чулев вели дека лицето е откриено и дека против него ќе има соодветна пријава за „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.Министерот на својот ФБ профил напиша:Во текот на вчерашниот ден до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи преку електронска пошта пристигната е пријава која се однесува на определено лице кое преку својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови кои содржат текст во кој се шири говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница во државата.Во таа насока, од страна на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веднаш е постапено и утврдено е дека во конкретниот случај се работи за лицето И. Ѓ. (30) од Скопје кое во повеќе наврати на својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови со кои се шири говор на омраза насочена кон ромскиот народ и муслиманите, со што сторил кривично дело “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 394 – г од кривичниот законик, за што до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава.Во однос на вчерашната изјава на Самка Ибраимовски каде истиот ме повикува да постапам во однос на ширењето на говор на омраза према Ромите би сакал да истакнам дека додека јас сум Министер за внатрешни работи, Ромите и сите останати граѓани ќе бидат еднакви пред законите и министерството за внатрешни работи ќе постапува неселективно, професионално и еднакво против секој кој ќе ги прекрши законите независно од неговата етничка, верска, политичка и било каква друга припадност. Во таа насока вчерашната изјава на господинот Ибраимовски ја сметам како свесна манипулација и груба злоупотреба и искористување на ромскиот народ за политички цели имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборен период, напиша на својот профил министерот Чулев.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/162940301899439?__tn__=-R

Македонија | пред 5 години

Oliver

Спасовски: Мора избори час поскоро, државата мора да функционира

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност истакна дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните избори кои треба да се одржат, бидејќи државниот систем треба да биде целосно функционален за да се справува со пандемијата.„Институциите мора да ја превземат целата одговорност. Ова би биле 14 дена во кои треба да ги завршиме сите апекти во делот на справувањето со економските последици со здравствената криза, да се продолжи со сите мерки кои ги донесе Владата. Едно треба да ни биде јасно, со пандемијата треба да научиме за живемее. Едноставно, секој граѓанин треба да биде свесен дека мора да живееме со паднемијата и согласно со тоа да се подготвуваме во наредниот период за такво однесување. Уште поважно е да имаме институции кои се функционални кои ќе носат одлуки. Ние сме во ситуација кога немаме парламент функционален. Затоа реков дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните избори, за нова политичка Влада. Сите анализи на експертите и СЗО укажуваат дека ова ќе трае и дека може да добива интензитет во есента или зимата, а ние не смееме да ја оставиме државата без институции кои би функционирале со цел капацитет. Ова е нешто неминовно кое мора да го превземат сите институции“, истакна  техничкиот премиер Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pendaroski

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност објави дека донел одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба. Претседателот истакна дека на средбата се дискутирало за мерките и активностите во изминатите 14 дена за време на траењето на вонредната состојбата, но и за активностоте на Владата и на другите надлежни органи.„Имајќи го ве предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден, ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре“, изјави Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Охрид: Колку дивоградби отстрани апсолутната власт на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ?

Општина Охрид реагирајќи на нападите од ВМРО ДПМНЕ во јавноста го отвора прашањето колку дивоградби отстраниле Никола Бакрачески и Никола Груевски во време на нивната апсолутна власт до 2017 година ?СООПШТЕНИЕТО ВО ЦЕЛОСТ:Очајната потреба за поголема присутност во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ прераснува во вистински циркуз. Нивните соопштенија и јавни настапи, со кои сакаат да купат трошка доверба кај охриѓани се тотално промашување и надвор од сите логични норми за политичко дејствување на една опозиција, се вели во Реакција од Општина Охрид на соопштението на ОО ВМРО-ДПМНЕ.Нејасно е како без ниту малку срам ја отвараат темата за УНЕСКО, кога многу добро знаат дека оваа локална и централна власт предвидена од СДСМ презедоа многу значајни чекори во рамки на заложбите за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион, за разлика од власта на ВМРО ДПМНЕ кои не само што не ги решаваа проблемите, туку и вешто ги сокриваа од јавноста.Ги прашуваме дали толку лицемерно сакаат да ги лажат граѓаните, па почнале и самите да си веруваат во сопствените лаги и дали навистина не знаат дека забелешките и препораките од УНЕСКО дојдоа како резултат реактивната мисија за Охридско-Струшкито регион од 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше комплетна власт и на локално и на централно ниво? Што направија и какви мерки презедоа тогашниот градоначалник Никола Бакрачески и тогашниот премиер Никола Груевски за да го зачуваат статусот на УНЕСКО? Зошто не донесоа План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион? Колку бесправни граби отстранија тие и колку диви градби никнаа во време на нивното владеење, кога подготвуваа мегаломански проекти и сакаа да изградат “парапетче” околу целото Охридско Езеро?На охриѓани им е повеќе од јасно дека оваа локална власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески, со комплетна поддршка на централната власт, преку посветена работа оствари резултати кои што централна власт на ВМРО ДПМНЕ не успеа ни да ги замисли за 11 години централна власт и 4,5 години локална власт во Охрид?Во однос на отстранување на дивоградбите за кои што се толку многу “загрижени”, би ги запрашале господата од ВМРО ДПМНЕ- Зошто вчера не ја поддржаа одлуката на Советот на Општина Охрид со која беше предвидено обезбедување на 3 милиони денари од општинскиот буџет за отстранување на бесправно изградени објекти, се вели во Реакција од Општина Охрид на соопштението на ОО ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bedzeti

Беџети: Носете маски и избегнувајте фамилијарни и пријателски собири

Општина Сарај досега има забележано вкупно 41 лице заразено со вирусот Ковид – 19 и заразените се од повеќе населени места во општината, изјави градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.„Тука сум пред Вас да Ви укажам дека непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќему наштетат на целото општество. Јас сум во постојан контакт со централните и локалните институции како и со експертите и затоа, како локална самоуправа, но и како граѓани сме потполно на располагање на сите напори за да се надмине ова пандемија што побрзо . Ова борба не може да се надмине без учеството и одговорностите на сите нас. Овој вирус не е шега и ова го докажуваме секојдневно. Што побргу ја прифаќаме новата реалност и ја зголемиме заштитата кон нашето здравје, толку побргу може да се вратиме во нормалност“, рече Беџети.Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена на ниво.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти во: Скопје-8, Куманово-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-2, Неготино-2.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај.  Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај  и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.Во последните 24 часа направени се 1120  тестирања, а регистрирани 35  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово и Куманово според местото на живеење. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 817, активни 248•       Куманово – 453, активни 44•       Дебар – 51, активни 0•       Штип - 62, активни 27•       Прилеп –211, активни 41•       Тетово – 198, активни 75•       Струга – 80, активни 11•       Велес – 129, активни 29•       Битола –28, активни 4•       Охрид –23, активни 6•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –23, активни 5•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 3, активни 1•       Крива Паланка- 6, активни 0•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 32, активни 1•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 3, активни 1•       Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 0•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 0•       Берово-1, активни 0•       Свети Николе-1, активни 1.Направените 1120 теста се преку: ИЈЗ –546, ЦЈЗ Скопје- 66, Авицена –50, Биотек -178, Филип Втори (Жан Митрев) –51, Систина со PCR метода -120  и МАНУ -109.  Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 4 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 10 пациенти. На ифективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани  29 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Кузеска: Чулев веднаш да си поднесе оставка, свесно го загрозува здравјето на граѓаните и поттикнува незаконско постапување

Бројките на новозаболени граѓани од коронавирусот деновиве, се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, истакна  Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Наместо како прв човек на МВР, да се стави во заштита на јавното здравје, Чулев игра опасна игра и во обид да им се додвори на граѓаните, поттикна непочитување на јасно пропишаните мерки за заштита од коронавирусот.Со неговата евтина и популистичка изјава, дека, замислете, иако бил под притисок, тој сепак нема да ги казнува граѓаните кои не ги почитуваат мерките, директно охрабри прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.Додека министерот за здравство Венко Филипче три месеци го мобилизира здравствениот систем за успешна борба против вирусот, додека Владата предводена од СДСМ воведува мерки за заштита од ковид-19, Наќе Чулев извршува партиски наредби и придонесува за зголемување на бројот на заразени.Во изминатиот период сведоци бевме на бројни прекршувања, кои Чулев намерно ги игнорираше.Полицијата предводена од Наќе Чулев не презеде ништо за тоа што граѓани со решение за самоизолација се шетаат надворДозволи масовен собир на литија во Струга, со што го загрози здравјето на граѓанитеНе постапи за собирот на навивачи пред црквата Св. Спас на 4 МајНе постапи при оро во Чаир додека полициска кола поминувала среде ороЧулев лично организираше прослава на Денот на полицијата, со прекршување на мерките за заштита.На истата прослава димна бомба заврши на дипломатската трибина, каде беа и новинариОбезбедувањето на Чулев на настанот пробуваше да оддалечи новинар од министерот, само зато што сакал да му постави прашање, при што рекле дека “треба да му одржат лекција”Чулев, единствено работи под диктат на ВМРО ДПМНЕ.Се обиде да спречи хумана акција за помош на граѓаните.Во време на полициски час, ја ангажира полицијата за снимање на рекламен спотИ е целосно посветен на одбрана на неговиот шеф Мицкоски, за случајот со теретаната.Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести. Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа  сакаат да ги остават граѓаните на цедило.Мицкоски и Чулев се олицетворение на неодговорноста и се водат од позицијата “колку им е полошо на граѓаните, толку е подобро за нивната партија”.Денеска, стигнува сметката од ваквото несовесно, незрело и неодговорно однесување.Токму затоа, Чулев мора веднаш да поднесе оставка, затоа што свесно го загрозува здравјето на граѓаните и свесно поттикнува незаконско постапување.Македонската полиција и македонските граѓани треба час поскоро да се ослободат од деструктивноро однесување на Наќе Чулев, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Изнасилена нормалност кој ја нарача Заев и неговиот диктат на комисијата за заразни болести овие денови гледаме завршува со капитулација

Здравјето пред се, беше реченицата која што ја кажав во моментите кога беше поставено прашањето за важните политички случувања и изборите кои требаше да се случат во април, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Јас сум сеуште на овој став, но проблемот е што Владата кон ова се однесуваше како чиста флоскула, а во позадина се одвиваше вистинска канонада на случувања кои говореа дека се глуми изнасилена нормалност, основана на нездрави основи кои овие денови гледаме дека завршуваат со класична капитулација.Се што креваа во височините прикажувајќи го како лажен успех видовме дека се враќа како бумеранг соочувајќи не со грдата реалност. А реалноста е дека луѓето се препуштени самите да се грижат за своето здравје и дека системот не само што потклекна, туку е збришан од политички диктати, примеси на суети, дворски игри и желбата да се клекне државата, а сето тоа се прави во обид да се спасат неколку луѓе од одговорност.И така целата држава, сите ние станавме заложници на лудоста во пресметливоста на Зоран Заев за избори и тесен пораз, личните абиции на Спасовски и преголемата желба за пи-ар на пар други министри.Одма да споменам, навистина за мене е несериозно да се препукуваме преку социјалните медиуми или да си пишуваме статуси и прозиваме преку портали со лидерот на власта Зоран Заев, затоа што имаме многу посложена состојба од тоа оваа тема да ја претвораме во политичко препукување или во детска игра на обвинувања. Се работи за животи на илјадници граѓани. Стотици семејства кои во овие моменти треперат над своите најблиски зафатени од овој смртоносен вирус.Но, мора да ги кажеме работите, реално и онакви какви што се.Луѓето со право се прашуваат зошто седеле дома повеќе од 2 месеци кога вака власта дозволи, поради брзи избори да глуми нова нормалност и да ги изложи сите граѓани на нов ризик. Но и во право се оние кои се чудат како е можно вака ноншалантно веднаш да заборави власта на ризиците, мерките и крантнините, само во функција на налог кој ќе го добие од Зоран Заев да глумат дека се е нормално.Патем ние сме единствената земја во светот која веќе го живее новиот бран на Ковид 19 вирусот кој е последица на лошо менаџирање и политички притисок на еден човек. Ќе ве потсетам само на оние надри медицински пресметки на Зоран Заев кога точно ќе почнел вториот бран, како се имал под контрола, и се така како нему му одговаара наспроти реалноста и бројката на новозаразени која постојано одзвонуваше и се зголемуваше. Кога предупредував на сето ова, Зоран Заев ингорираше.Секоја моја критика која и тогаш и сега е иста и издржана, завршуваше од власта со етикетирање дека ВМРО-ДПМНЕ бегало од избори и дека состојбите биле под контрола, небаре системот не може да биде разнишан, во состојба кога гледаме како целиот буквално пред очи ни се распаѓа.Се потврди секое мое стравување дека недоволно се штити народот од корона и дека се пристапува премногу политички и непрофесионално. Овде не е стравот од избори во прашање, туку стравот за животите на граѓаните со кои Зоран Заев се коцка барајќи го својот спас од одговорност.Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација.Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен.Ќе кажам во продолжение збор два и за она салто мортале кое го прави Заев и промена на реториката за 180степени каде од фалење дека најсупешно се справувале со кризата сега велат дека виновен бил народот. А тук таму Наќе, јас за да биде целото бегство од одговорност комплетно и истата се префрли на друг и сето тоа да добие политичка примеса. Би рекол какво само потценување од Заев кон народот и оживување на онаа нивна позната за СДСМ теза препознатлива дека народот греши. Вистината е дека не е виновен народот, туку лошо водениот систем, а Наќе Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од Владата и за жал од онаа политизираната комисија за заразни болести. Работата на Чулев не е да му се допадне на Заев, тоа најмалку и на него и на мени ни е потребно туку да брка криминалци и спроведува закони, е тука Зоран Заев има вистински проблем и со мене и со господинот Наќе Чулев.Би посветил внимание да внимаваат и би ги советувал во нападите кон припадниците на Министерството за внатрешни работи пред се затоа што тоа е напад на 10 илјади припадници на МВР кои пожртвувано и храбро беа на улиците кога ограничувањето на движењето на граѓаните беше во сила, одржувајќи ред и мир и ризикувајќи ги своите животи. А само ќе потсетам и на редицата други предизвици за овие луѓе кои 66 дена беа вопрвата линија во борбата против Ковид 19.На тоа дека Заев мислејќи дека со измама ќе добие албански гласови сакаше да провоцира проблем со полицијата за време на  Рамазам Бајран, како и седењето 48 часа дома затоа што било опасно, а кое заврши со отворање на рестораните и укинување на полицискиот час ден потоа, затоа што според власта се се средило, па потоа гостите во истите тие ресторани беа виновни. Политизацијата на литијата во Струга, а да не зборам и за онаа неразбирлива мерка за превоз за пензионерите ризикувајќи ги нивните животи како и редица нелогични одлуки. Да не се релативизираат работите затоа што тие се премногу сериозни.Ова е нечесна игра на Заев со човечки субини, која за жал станува се побрутална.Од власта да престанат да лицитираат датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓаните, и заштитата на стандардот и ништо друго, ама баш ништо друго.Мора да се носат одлуки кои нема да бидат под импресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост.И сосема на крај, кога го отворив проблемот дека малку се тестира затоа што излезот е масовно тестирање бев брутално, повторувам брутално нападнат. Кога кажав дека земјава најлошо се справува со Ковид 19 и е на врвот во регионот по смртност излезе ресорниот министер Филипче да каже дека не било точно и дека јас не ја говорам вистината.Кога по лидерската кај Пендаровски се извинив на жртвите од Ковид пандемијата  затоа што ние збориме за избори кога дваесетина имаме ново заразени на дневна основа, Заев лицемерно се изнасмеа. Но се што кажав се покажа за точно. Затоа нека не ги повторуваат грешките кои ни се повторуваат како фарса, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Стојаноска: ЈО не повело постапка против Дончев во 2018 и му овозможило да го потврди делото и во 2019 година

Новото нормално на Заев и луѓето околу него е: додека Македонија брои жртви и починати од корона, институциите под нивна контрола да ги спасуваат криминалците како Ден Дончев, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Целиот државен систем на Зоран Заев и ЈО на Вилма Русковска е ставен во функција на штитење на криминалот на Ден Дончев. Финансиските институции за истрага и прогон и ЈО со години не смеат да процесуираат предмет против главниот играч на Заев – Дончев.Медиумите објавија аргументи во јавноста дека Дончев, спротивно на закон, во два наврати, еднаш во 2018 и втор пат во 2019 година, се стекнал со 50.000 евра и 80.000 долари наизменично. Аргументите и доказите кои ги посочуваат медиумите се очигледни! Дончев се стекнал со десетици илјади евра на нелегален начин!Криминалот го гледаат сите, само не институциите кои се должни да го санкционираат. Две години немало и сè уште нема никаква реакција, ниту од Управата за финансиско разузнавање, ниту од ЈО на Русковска.ЈО не го санкционирало Дончев во 2018 година и со тоа дозволило  истиот повторно да го стори истото незаконско дело и во 2019 година.Обвинителството кое две години го штити Дончев, продолжува истото да го прави и сега, откако во медиумите излегоа сите аргументи, но и обвинувања дека за Дончев има комплет докази, и за трето, и четврто кривично дело во ЈО, како тој преку посредници годишно земал и до 2 милиони евра од приватни фирми кои имаат соработка со ФЗОМ, за истиот навреме да им плати за сработеното, но и за рекет врз Вера Иванова сопственичката на Диамед.И покрај бројните криминали кои му се ставаат на товар и за кои јавноста дозна преку медиумите, а не преку институциите, и кои беа главната причина за оставката на Дончев, ЈО го спасува.Имено, обвинителството го тргнало Дончев од стоп листа за излез од државата и со тоа практично му остава отворена можност истиот да ја напушти државата.ЈО со своето непостапување ќе биде директно виновно доколку Дончев се впушти во бегство и не се соочи со правдата во Република Македонија.Со СДСМ имаме само криминал и корупција. Македонија тоне. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања