Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

culev

Чулев: Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики тераше дневен ПР од прашањето поврзано со справување со корона вирусот

Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики тераше дневен ПР од прашањето поврзано со справување со корона вирусот. Секоја одлука на Владата поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање,  објави на својот ФБ профил техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, како реакција на денешните изјави на претсавници на власта во кои тие бараат негова одговорност за состојбата поврзана до коронавирусот.Министерот додава:▪️Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира.▪️Граѓаните се свесни дека зад олабавувањето на мерките за ограничување на движењето се крие само желбата на владејачката партија за што побрзи избори, а здравјето на граѓаните е во втор план и за ова во неколку наврати укажав во јавноста, но и на седниците на владата.❗️Фактот дека Министерството за внатрешни работи секојдневно почна да открива криминал во кој се вмешани функционери на владејачката партија веројатно е причината за нервозата во нивните редови. Меѓудругото, јавноста треба да знае и за секојдневните навреди, но и закани по мојот живот на кои сум изложен, а кои дополнително сведочат за ниското ниво на политичка култура, но и за паниката која е присутна кај нив. Граѓаните треба да знаат дека ниту една политичка изјава нема да ме поколеба во мојата намера да го заштитам здравјето и животот на граѓаните, но и да останам посветен во неселективна борба против корупцијата и криминалот.🗣 За мене се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам се што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација. Денешните изјави се само политички и истите преставуваат непринципиелен притисок врз моето работење.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/162717505255052?__tn__=-R

Македонија | пред 5 години

parapetce

ОК ВМРО ДПМНЕ: Фарсата на Георгиески излезе на виделина откако денеска целата јавност виде дека воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во „Градиште“

Фарсата на Георгиески излезе на виделина откако денеска целата јавност виде дека воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.Каде е сега Георгиески откако излажа дека започнале активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид?Глумејќи театралност пред очите на граѓаните, само по два дена најпрвин ја повлекуваат механизацијата, а потоа се дозволува да се продолжи заѕидувањето на крајбрежјето.До кога пред очите на Георгиески ќе се нарушува светското природно и културно наследство на Охрид?Веќе не знаеме по којпат охриѓани го видоа лицемерието на Георгиески како партиски послушник на СДСМ.Кај Георгиески нема храброст за справување со урбаната мафија, затоа што таа е аминувана од него.СДСМ и Георгиески докажаа дека не се способни да го задржат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

alijansa-za-albancite

АА: ДУИ ја искористува пандемијата „Ковид 19“ како алатка за предизборна кампања!

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата „Ковид 19“ за нивните партиски интереси. Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Оваа навредлива практика, со јавното здравје на граѓаните, ја практикуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ, честопати избирајќи или седиште на ДУИ или нејзиното потекло, заборавајќи дека тие како градоначалници треба да бидат во интерес на сите граѓани а не само на нивните гласачи и милитантите на партијата.Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука, и тој на Чаир Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани.Ја повикуваме Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат на служба на нивниот рејтинг и на располагање на политичка корист, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

arben-ziberi

Зибери: На погребот на покојник со Ковид 19, имало 200 луѓе - семејството не сака да се тестира

Директорот на Институтот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери за ,,Слободен печат” тврди дека семејството на покојникот кој починал во една приватна клиника, а кој бил закопан со верски и народни обичаи а не по протокол за Ковид 19, иако посмртниот брис му бил позитивен, не сакало да соработува со епидемиолозите и да се тестира, иако на погребот имало околу 200 присутни луѓе.Тој додава дека осум лица од медицинскиот персонал на приватната болница се во изолација поради контакт со пациентот кој почина а кај кого посмртно беше дијагностицирано присуството на Ковид 19.-На погребот имало 200 луѓе. Никој од нив не е пронајден ни тестиран ни самоизолиран, додаде Зибери за „Слободен печат“.Текстот во целост на:  „Слободен печат“фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protest

(ВИДЕО) Уште протести ни фалеа за сликата да е комплетна

Два дена по ред во Кочани и Штип се одржуваа протести на кои учествувале околу 60 лица. Од снимките може да се види како групата без соодветна дистанца од два метри, како толпа се движи низ Кочани, извикувајќи „Господ е голем“. Некои од нив, не ја почитувале ниту мерката за носење заштитна опрема, односно маските наместо на уста и нос ги носеле под брадата, објави А1 ОН.Текстот во целост на А1ОН 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Јавното здравство го зајакнуваме со нови респиратори во соработка со УНИЦЕФ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на примопредавањето на нови респиратори, обезбедени во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Во оваа прва фаза се испорачани седум респиратори, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи низ државата каде се третираат вакви случаи, а во претстојниот период е предвидено да се обезбедат уште три вакви апарати.- Станува збор за најнова генерација на респиратори од реномираниот германски производител Дрегер, во вкупна вредност околу 140 илјади евра. Тие служат како за инвазивна, така и за неинвазивна терапија, а може да се користат за лекување и на деца и на возрасни. Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека  ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица. Сакам да изразам благодарност до Канцеларијата на УНИЦЕФ, кој е наш постојан партнер во надминувањето на јавно-здравствените предизвици, како и континуираното унапредување на капацитетите за справување со вирусот COVID-19, изјави министерот Филипче.Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани истакна дека е потребно континуирано вложување во здравствените системи, со цел да бидат поотпорни на кризата.- Сега, повеќе од кога и да е, гледаме колку е важно здравствениот систем да биде цврст. Пред сѐ, за да се спасат животи, но и за да се спречи здравствената криза да прерасне во поширока социо-економска криза што во голема мера ќе ги засегне децата и семејствата. На глобално ниво, гледаме дека епидемијата одзема животи и егзистенција, додека здравствените системи се борат, а преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот ги затворија училиштата и создадоа предизвици за семејствата. Додека ги јакнеме другите системи да бидат поотпорни на кризата, мора континуирано да вложуваме и во зајакнување на здравствениот систем, истакна Ди Џовани.Инаку, изминатиот период како дел од одговорот на пандемијата со COVID-19, УНИЦЕФ ја поддржува Владата во напорите да ги намали ефектите од кризата врз децата и семејствата. Покрај поддршката на здравствениот систем, УНИЦЕФ обезбедува и дополнителни резерви на опрема за лична заштита и комплети за тестирање на вирусот, поддршка за воспоставување телефонска линија за помош на бремените жени и мајките со новороденчиња, дистрибуција на хигиенски пакети за најранливите заедници, поддршка за изработка на материјали за комуникација во време на криза, како и психо-социјална поддршка за децата и семејствата.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

konj

(ВИДЕО) Две лица на улица во Велес малтретираат дехидриран коњ

На групата „Миленичиња“ на Фб се сподели видео на кое лицето кој го постирал дека е во Велес.  На снимката се гледа како две лица малтретираат  измачуван, прегладнет и дехидриран коњ.Објавувачот на видеото јавно прашува до кога ќе дозволиме да се малтретираат животните и кога сторителите на ова дело ќе бидат казнети:https://www.facebook.com/100019447710099/videos/554775121847407/UzpfSTU1NTQzODgxMDpWSzozMDM0NjAxOTg5OTY3NzU4/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пауновски: Државниот пазарен инспекторат поради непочитување на одредбите, ригорозно ќе ги применува своите надлежности и ќе казнува

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски на денешната вонредна прес-конференција, по одлуката на Владата вчера да  бидат отворени кафетериите и угостителските објекти за послужување храна, информираше дека инспекторите интензивно работат на терен, при што во текот на контролата е забележано непридржување во примената на протоколите за отворање и работа на кафетериите и на угостителските објекти за исхрана.Директорот Пауновски истакна дека во текот на вчерашниот ден  Државниот пазарен инспекторат направи увид и дека сериозните прекршувања кои се забележани ќе бидат санкционирани согласно членот 205 и 206 од Уредбата донесена од Владата.„За жал, увидот на инспекторите од терен уште на првиот ден е крајно разочарувачки и загрижувачки! Забележани се голем број и многу сериозни пропусти и непочитување на одредбите од протоколите. Во Државниот пазарен инспекторат ги оценуваме и како злоупотреба на добрата волја во првата недела од воведување на протоколите за работа на кафетериите и рестораните да не се изрекуваат казни од страна на поголем број сопственици и менаџери“, информираше директорот Пауновски.Тој посочи дека овие протоколи се донесени за да се спречи ширењето на коронавирусот, бидејќи КОВИД-19 е сè уште меѓу нас.Директорот Пауновски истакна дека иако дел од угостителите ги почитуваат мерките, сепак е забележана тенденција на непочитување и од страна на угостителите и од страна на гостите кои ги посетуваат локалите, за која најави дека нема да се толерира.Воедно тој истакна дека овој начин на однесување е сериозна закана за здравјето на граѓаните и уште тешка опструкција на мерките за спречување на ширењето на вирусот.„Од овие причини, најавувам дека Државниот пазарен инспекторат од денеска ригорозно ќе ги применува своите надлежности. Ќе имаме интензивно присуство на терен и секоe прекршување на одредбите од протоколите ќе биде казнето“, потенцираше Пауновски.Тој упати апел до сите граѓани дека ситуацијата е сериозна, дека се работи за сите нас и повикува на свесност и совесност во примената на протоколите за безбедно работење на угостителските објекти. Во продолжение ви ги наведуваме одредбите од протоколите:„Протокол за отворање и работа на кафетерии утврдува дека нивното работно време е од 08:00-22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови - терасите од кафетериите кои се од три страни отворени со кровна конструкција.Вработените во кафетериите кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а бројот на гости е ограничен само на тие што можат да седат, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и на стоечки маси.Протоколот предвидува задолжително менаџирање на влегувањето на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.Сопствениците или менаџерите на кафетериите се задолжуваат да постават дезинфекционо средство за раце на секоја маса, и да определат одговорно лице коешто ќе врши засилени внатрешни контроли на вработените за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци.Протоколот утврдува засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости, а на крајот на смената е задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, а алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.Протоколот наведува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на дезинфекциони средства. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите, а задолжително е користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави како што се приватни веселби, родендени, свадби и слично.“фото: Влада

Македонија | пред 5 години

27-april

Вишото обвинителство бара да се одбијат жалбите на осудените за „27 Април“

Денеска на одржаната јавна расправа во Апелациониот суд по поднесените жалби за пресудите за случувањата на 27 април во Собранието,  Вишото јавно обвинителство Скопје, по проучување на првостепената пресуда и останатите списи од предметот даде предлог да се одбијат како неосновани жалбите на обвинетите, и тоа по сите основи на кои се однесуваат.Во однос на фактичката состојба која произлегува од бројни материјални и вербални докази изведени на главната расправа, првостепениот суд правилно оценил дека кај обвинетите постои умисла за дејствијата кои ги презеле и дека станува збор за добро осмислени, организирани и синхронизирани дејствија во кои што секој од обвинетите имал однапред одредени улоги и задачи.Во однос на жалбата од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за ослободителниот дел од наведената пресуда за обвинетиот Игор Дурловски, Вишото јавно обвинителство Скопје во својот предлог се произнесе дека повисокиот суд треба да ја одбие како неоснована. Имено, првостепениот суд правилно ги утврдил фактите  во предметот и во пресудата образложил дека за овој обвинет не е докажано надвор од разумно сомневање дека го извршил наведеното кривично дело.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Две лица од Радовиш заработија кривична поради крадење дрва

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.Д.(25) и С.Д.(31), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва. На 17.04.2020 на место викано „канлиева воденица“, полициски службеници ги запреле пријавените со запрежна кола со која пренесувале огревни дабови дрва, претходно исечени и одземени без потребната документација од реонот на „градска река“, место викано „биволска река“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев: Бројките на новозаболени лица се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на Чулев и Мицкоски

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, пишува првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на социјалните мрежи.„Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија. Јавноста во бројни наврати беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо. Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести. Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа истураат партиски бои врз епидемиологијата и сакаат да ги остават граѓаните на цедило“, пишува Заев.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158692455617932

Македонија | пред 5 години

parapetce

Парапетчето воскресна! Градоначалникот повторно на терен

Фб статус на Ирена Ристиќ:Парапетчето воскресна!!!Па, да му честитаме на градоначалникот!Редно е! 😂Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид, шо напрајфте, ре?!Пуздер!!Инаку парапетчето во Градиште беше актуелно пред две недели, откако на социјлните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаше дека до Езрото се гради ѕид. По ова реагираше Локалната самоуправа и истото го сруши.Но, најновите фотографии се доказ дена истото место никнува ново Парапетче.Ресторанот последниве години против правно ја прошири терасата, а од другата  страна на плажата Градиште 1  уништена е плажата со друг потпоред ѕид, како и објекти - куќарки од дрво сите дивоградби.Во моментов градоначалникот Константин Георгиески е излезен на терен, и епилогот за овие дивоградби се надеваме дека нема да остане само урнатото парапетче. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10158498207569726&set=pcb.10158498207739726&type=3&theater(фото и инфо од Андријана Башоска Томислав Бакулески) 

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Повторно ќе воведеме рестрикции на некои места согласно бројот на дијагностицирани, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи

Воведување на нови рестрикции во одредени подрачја најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.-Сакам да порачам јасно дека повторно ќе воведеме рестрикции на некои места согласно бројот на дијагностицирани ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе анализираме податоци и во следните денови и врз основа на тоа ќе носиме одлуки, објасни Филипче.Министерот додаде дека процентот на заразени во изминатите 14 дена изнесува 5,5 отсто и тука се калкулираат и тестовите од скринингот.-Здравствениот систем е во добра кондиција исполнет е 11 осто од капацитетот, инциденцата е 10, 3 проценти 3 пати помала од пикот во април но продолжуваме да го пратиме. Има 15 градови во кои биле регистрирани случаи, а сега веќе нема и во 6 града до 5 активни случаи. Зголеем број на случаи е од познати кластери, но има и нови во неколку општини – истакна министерот Филипче.Министерот изрази незадоволство од неспроведување на владините мерки во некој градови и општини, со посебен акцент на Тетово и Штип, кадешто инспекциските контроли утврдиле повеќе неправилности.Загрижувачки за здравствените власти е тоа што новиот бран позитивни случаи се заразиле токму во периодот кога во сила беа строгите рестриктивни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 52 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај.Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 797, активни 240•       Куманово – 448, активни 42•       Дебар – 51, активни 0•       Штип - 61, активни 26•       Прилеп –211, активни 43•       Тетово – 191, активни 69•       Струга – 79, активни 11•       Велес – 129, активни 30•       Битола –28, активни 6•       Охрид –23, активни 6•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –22, активни 4•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 3, активни 1•       Крива Паланка- 6, активни 0•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 32, активни 1•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 3, активни 1•       Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 0•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 0•       Берово-1, активни 0•       Свети Николе-1, активни 1.Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.Направените 661 теста се преку: ИЈЗ –289, Авицена –39, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -116  и МАНУ -112.  Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани  30 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

direktorka

Предложена казна од 10 илјади евра за поранешната директорка на Клиниката за дерматовенерологија, поради КД „Пренесување заразна болест“

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест по член 205 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи за обвинетата да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност.Имено, обвинетата на 29 февруари се вратила во државава од регион во Република Италија преку граничниот премин Табановце. Но, притоа таа постапила спротивно на мерките и заклучоците на Владата согласно кои сите граѓани кои се враќаат од ризичните земји со зголемен број заболени од COVID-19, особено од Република Иралија, имаа обврска да останат во домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегување во земјава. Исто така, со заклучоците, на сите вработени во државни и локални институции и претпријатија им беше наложено доколку во претходните две недели патувале или живеат со некој што патувал во земјите од среден или висок ризик за ширење на заразната болест, да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата каде работат.Но, обвинетата, иако како здравствено лице била свесна за ризикот, продолжила со своите работни обврски на Клиниката, а на 7 март била присутна и одржала предавање на симпозиум од об ласта на дерматолошките болести, со што ги довела во опасност сите учесници, предавачи, организатори и вработените на Клиниката. На овој начин таа заразната болест им ја пренела на седум свои колеги пред самата да биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести со позитивен наод за COVID-19.Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител направи детални проверки и ја обезбеди целокупната релеватна медицинска и друга документација која беше неопходна заради утврдување на решавачките факти. Притоа, беа направени проверки и беше побарана и обезбедена документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, а беа преземени и други истражни дејствија​.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ФИТР: Отворен јавен повик за компании за технолошки развој и брзо прилагодување на КОВИД- 19

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19, наменета за микро, мали и средни компании од Северна Македонија со потенцијал за успешно работење. Со објавувањето на јавниот повик започнува практичната реализација на третиот сет мерки за поддршка на економијата на Владата, усвоени неодамна.„Со овој, развоен пристап кон економијата, нудиме квалитет повеќе во напорите за зачувување на работните места, но и нивно зголемување во следниот период. Воведуваме иновативен механизам на финансирање, преку доделување на средства на конкурентна основа, со однапред познати критериуми, и поврат од остварените финансиски резултати, но не по цена на опстанок на компаниите и работните места. Ние сме развоен партнер на компаниите и работниците“ изјави Јован Деспотовски, директор на ФИТР.Иницијалниот буџет на јавниот повикот е 200 милиони денари. Финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1.5 милиони денари за мали и до 3 милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70% од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30% се средства кои ги обезбедуваат самите компании. Средствата може да се наменат за инвестиции во дигитализација и ИТ системи, реорганизација на работата, унапредување на производите и услугите, набавка на опрема, како и заштитни мерки за работниците. Со мерката се опфатени компании што во последните две години од работењето немаат регистрирано загуба, освен старт-ап компании до три години постоење, кои се изземени од овој услов. Оваа развојна мерка е подготвена во соработка со Светската банка.Новина во повикот се и критериумите за оценување, во делот на поттикнување на учество на компании со жени во управувачката односно сопственичката структура. Исто така, посебен систем за бодување е предвиден за компании што доаѓаат од помалку развиените плански региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.„Пред една недела, од истата оваа говорница реков дека нашата цел не е постојано да зборуваме за предизвици, туку и да нудиме решенија. Денес сакам да ги охрабрам сите компании од останатите региони, не само од Скопје да се охрабрат и да вложат во развојни проекти. Нивниот напор ќе биде посебно вреднуван при оценувањето. Исто така, реков дека лично верувам дека жените се похрабри во преземање ризици и се одлични менаџери поради што во новиот јавен повик имаме посебно бодување за компании раководени од жени“ рече Деспотовски.Рокот за аплицирање е скратен и прилагоден на целта на мерката – брза поддршка за брз раст. Аплицирањето ќе трае до 29 јуни, а Фондот ќе ги обезбеди сите потребни документи за апликантите поврзани со институции до кои има пристап (нa пр. Централен регистар).Проектите ќе бидат оценувани во фаза на претселекција од стручни лица, домашни експерти, а конечната одлука ја носи Комитетот за одобрување на инвестиции составен од петмина странски експерти. Користењето на средствата од Фондот, како и досега, ќе биде предмет на следење од страна на реномирани странски ревизорски куќи, ангажирани од страна на Фондот.Во следниот период предвидени се и други активности на Фондот за поттикнување на економското заздравување на државата, преку вложување во развојни проекти.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Prelet

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија.Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави видео од прелетот кој беше организиран како поздрав за нашето членство во НАТО.Авионите над нашата земја летаа на височина од 1.500 метри. https://www.facebook.com/sekerinska/videos/250093706206222/

Македонија | пред 5 години

Levica-logo

Левица: СДС ја однесе Македонија во длабока економска бездна

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин го промени името и го склучи штетниот договор со Бугарија, Владата зададе нов удар на Македонија и иднината на сите нас задолжувајќи не’ за рекордни 700 милиони евра, се вели во соопштението од Левица.Со ова, Ангеловска, Заев и СДС ја ставија Македонија во економско заложништво на западноевропските финансиски институции на кои македонските граѓани, покрај главниот долг, за шест години ќе им исплатат камата од над 160 милиони евра.Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата. Оправдување за ова големо задолжување не треба да биде и намалениот буџетски приход, бидејќи креатори на овогодишниот нереален буџет и крајно погубната економска политика изминативе години се токму СДС.Ниту корона вирусот, ниту вонредната состојба не се оправдување, особено поради фактот што овие пари, наместо за помош на работниците, земјоделците, малите семејни бизниси, ќе завршат во рацете на крупните капиталисти, кои повторно како и во транзицијата, ќе се богатат на сметка на државата, односно народот. Факт е дека овие пари ќе бидат користени и за предизборен поткуп, сега кога СДС и Заев ја изгубија поддршката кај своето гласачко тело.СДС уште еднаш покажува и докажува дека, наместо од интересите на државата и народот, се води од сопствените интереси, и дека нема капацитет да спроведе економска политика во интерес на народот, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG_9074

Милевски: Ги приближуваме руралните средини кон градските

Целосна реконструкција на објект во село Ивањевци општина Могила на повеќенаменски простор поддржана од Министерство за локална самоуправа во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Вкупниот буџет за овој проект за развој на Пелагонискиот плански регион е 5.490.279 денари од кои 1.860.000 денари се обезбедени со кофинансирање од страна на Општина Могила.- Реконструкцијата опфати и изградба на повеќенаменски простор кој ќе служи за обезбедување на услуги од административно социјален карактер на жителите од овој дел од регионот со цел подобрување на условите за живот во руралните средини и намалување на разликите помеѓу поразвиените и помалку развиените средини преку овозможување на социјални услуги од регионално значење, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.Министерот објасни дека дел од објектот ќе служи за обезбедување на услуги за жителите од матичното одделение во Битола, овој простор се користел за оваа иста намена до пред 4 години како подрачно одделение на службите од Битола, меѓутоа поради немање на елементарни услови овие услуги во последните години жителите на овие населени места не можат да ги остварат во село Ивањевци и мораат да патуваат до Битола, што дополнително им го отежнува добивањето на овие услуги и им одзема повеќе време.- Во рамките на овој објект планиран е и простор за Центар за ран детски развој кој ќе згрижува деца од соседните општини имајќи ја во предвид местоположбата на селото. Останатиот дел од просторот се планира да се искористи како канцеларија за Агро Акцелератор кој земајќи во предвид дека поголем дел од населението што гравитира на оваа територија се занимава со земјоделие, ќе ги опслужува заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства не само од општина Могила туку и од соседните општини, изјави градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска.Овој проект овозможува доближување  на услугите од Управата за водење на матични книги во Битола со подрачно одделение во Ивањевци непосредно до жителите на општините Могила, Новаци и Демир Хисар и намалување на диспаритетот помеѓу урбаните и руралните средини во остварување на правата на граѓаните. - Ги следиме барањата и потребите на општините и во координација со градоначалниците и Министерство за локална самоуправа работиме на подобрување на животниот стандард во Пелагонискиот регион. Ова е само еден од проектите кои што Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион ги имплементира во Програмата за регионален развој за 2019, вкупно беа 8 регионални проекти во износ од 40 милиони денари. За 2020 година одобрени се 4 регионални проекти во кои се вклучени сите 9 општини од овој регион, износот на сите проекти изнесува околу 38 милиони денари, додаде директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.фото: Министерство за локална самоуправа МЛС 

Македонија | пред 5 години

maska

Полицијата евидентирала 440 лица кои не носеле заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 440 прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.На 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е едно лице кое на ја почитувало мерката за самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

karticki

Македонците сè повеќе плаќаат со картички

Советот на Народната банка одржа редовна седница на којашто ја разгледа Годишната информација за плаќањата во 2019 година. Податоците презентирани во Информацијата потврдуваат дека граѓаните и компаниите сè повеќе од плаќањата во земјата ги вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички. Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од 11,7%, при што е забележан поизразен раст на користењето на платежните картички, со што нивното учество во вкупните плаќања се зголеми и се изедначи со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери. Во однос на кредитните трансфери, во рамки на Годишната информација нагласено е дека електронските кредитни трансфери растат засилено во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија. При годишен раст од 5,2% на вкупните кредитни трансфери минатата година, електронски иницираните кредитни трансфери растеа побрзо со стапка од 6,2% во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија, коишто се зголемија за 4,4%.Според платежната статистика за минатата година, плаќањата со картички стануваат сè поприсутни во секојдневното купување на производи и услуги. Податоците покажуваат дека продолжува интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и на годишна основа во 2019 година изнесува 20,7%. Воедно, се зголемува и бројот на трансакции на физичките места на продажба со 20,4%, но уште посилно растат плаќањата со картички на интернет со 29%, на годишна основа. Притоа, процентот на население во земјата кое купува преку интернет се зголемува постојано и минатата година достигна 29% од населението кое користело интернет.  На седницата, Советот разгледа и донесе и нова Одлука за методологијата за управување со ликвидносниот ризик, со којашто се прави понатамошно усогласување на домашната регулатива со базелските стандарди (Базел III) и пред сѐ со одредбите на Регулативата на Европската Унија бр. 575/2013, како и со нејзините придружни акти, коишто се однесуваат на базелскиот ликвидносен стандард – стапка на покриеност со ликвидност (Liquidity Coverage Ratio – LCR).          Меѓу другото, со донесената одлука се воведуваат значајни новини во врска со стапката на покриеност со ликвидност на банките, којашто претставува сооднос помеѓу висококвалитетната ликвидна актива и нето паричниот одлив и се пресметува на месечно ниво, врз основа на состојбата на крајот на секој месец.Со оваа Одлука се воведува нов ликвидносен стандард за нашиот банкарски систем, со којшто покрај тоа што се врши усогласување со европската регулатива, може да се влијае позитивно и врз развојот на домашниот финансиски пазар. Поконкретно, меѓу другото со Одлуката се пропишуваат различни видови финансиски инструменти коишто банките ќе можат да ги користат за добивање ликвидност. Оттука, се очекува по отпочнувањето на примената на оваа Одлука да се зголеми мотивираноста за појава на нови инструменти на домашниот пазар или евентуално за вложување на домашните банки во нови инструменти на странските пазари.Со оглед на новините коишто се воведуваат со Одлуката и потребата за соодветно приспособување на системите на банките кон новите барања, таа ќе се применува од почетокот на следната година. Со отпочнување на примената на Одлуката и воведувањето на стапката на покриеност со ликвидност, ќе престане обврската за банките за утврдување и одржување на постојните стапки на ликвидност до 30 и 180 дена.Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

24032020_MON_Ademi_pres-konferencija-1

Адеми: Ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки и во септември

Учебната 2019/2020 година ќе заврши со онлајн-настава согласно со одлуката на Владата учениците да не се враќаат во клупите до 10 јуни. Министерот за образование и наука Арбер Адеми е задоволен од преземените мерки со кои се овозможи непрекината настава во услови на пандемија, кои беа и правно регулирани со донесените уредби со законска сила. Во интервју за МИА Адеми вели дека се максимално посветени и се разговара за прашања како би постапиле ако се соочиме со исти или полоши околности од септември, на почетокот на наредната учебна година.-Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи, рече Адеми.За претстојните испити во јунската сесија вели дека ги оставаат универзитетите сами да оценат и изберат дали на нивните факултети има услови за организирање испити со физичко присуство на студентите, притоа доследно да ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје.– Намерно им оставивме флексибилност на универзитетите, базирајќи се и на нивната автономија. Силно веруваме дека секој универзитет, секоја единица, академската заедница, ќе пристапи одговорно кон ова прашање, додава Адеми.Во интервјуто за МИА министерот соопшти дека деновиве на владините седници ќе се разгледува Предлог-одлуката за уписите за високо образование, треба да се прецизира уредбата за доделување ваучери за ученици и студенти од третиот пакет мерки од КОВИД-програмата на Владата (Уредбата за платежната картичка беше усвоена завчера), а за претстојните уписи во средните училишта рече дека ќе нема одложување на роковите утврдени во Конкурсот, но дека за спроведувањето на уписите се подготвени протоколи со мерки за заштита, исто како и протоколи за испитите што ќе се организираат на високообразовните установи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Затвореник закажал журка во кафеана – сопственикот платил за торта и огномет, па сфатил дека е измамен

Затвореник од Идризово се јавил во угостителски објект во Делчево велејќи дека му се родил син и дека сака да прави прослава. Тој го замолил сопственикот да плати за тортата и огнометот, а кога почнале со подготовка на менито сопственикот го барал пријавениот, но не го добил и заклучил дека бил измамен.Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.Според информациите на МВР, Б.А., кој бил на отслужување затвор во КПУ „Идризово”, на 20 февруари телефонски се јавил во угостителски објект во Делчево и побарал да организира прослава затоа што му се родил син.По кратко време, повторно се јавил на сопственикот на угостителскиот објект и го известил дека бил во болница и го замолил да даде пари за огномет и торта, а подоцна тој ќе плател.По кратко време кај сопственикот дошол таксист, кој ги земал парите за торта и огномет.Подоцна, кога почнале со подготовка на менито, сопственикот го барал пријавениот, но не го добил сватил дека бил измамен.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Петнаесетминутен прекин на сообраќајот кај Врбјани

На патниот правец Кичево – Охрид кај село Врбјани, денеска порaди работи на пат (минирање) во период од 12 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

verizen-sudar-1

Верижен судир на пет возила во Битола

Доцна попладнето на улицата „Партизанска“ во Битола се случи сообраќајна незгода, верижен судир на пет возила.Во сообраќајката оштетени се три возила марка „форд мондео“, „мерцедес“ и комбе возило марка „фиат“, како и урбана и комунална опрема поставена на улицата „Партизанска“ во Битола.СВР-Битола времено го запре сообраќајот на улицата, едно лице со повреда е пренесено во Клиничка болница, а полициски експерти ги утврдуваат причините и последиците од верижниот судир на 5 автомобили кој доцна попладнево се случи во Битола.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања