Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

znm

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан

„Денеска новинарот Фуркан Салиу и снимателот Ибрахим Мамути биле на терен во селото Ваксинце, каде забележале и снимиле поголема група на емигранти која се движела во тој регион. Откако ја направиле снимката, тие со автомобил се упатиле назад кон Скопје, по што, еден автомобил со кумановска регистрациска табличка им го пресекол патот, а од него излегол човек кој директно им се заканил на новинарите и побрал од нив да ги избришат снимките и да не ги објавуваат“, се наведува во соопштението на ЗНМ.Здружението на новинарите на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи итно да го идентификува лицето кое се заканило на новинарите и да поднесе соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство.Според новинарската екипа на ТВ Клан, случајот е пријавен во полиција веднаш по примање на заканите. Затоа, велат од ЗНМ, очекуваме МВР веднаш да започне истрага, а со тоа да се испрати порака дека такви напади нема да се толерираат.„Освен тоа, ги повикуваме домашните и меѓународните институции кои работат на заштита на правата на мигрантите да се заинтересираат за случајот и да помогнат за целосно расчистување. Потсетуваме дека цензурата е забранета со Уставот, а заканите кон новинарите се апсолутно неприфатливи, претставуваат кривично дело и за нив се одговара пред судот“, пишува во соопштението.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

bebe-4

(ФОТО) Нова ТВ: Скопскиот аеродром специјално отворен за да се пренесе бебе со тешки компликации од Ковид-19 во Швајцарија

Вистинска драма се случувала на Клиниката за детски болести за спасување на животот на десетмесечното бебе, за кое се утврдило дека има тумор во мозокот, компликација за која лекарите сметаат дека е од Ковид 19, со кој било зазаразено бебето и неговата баба која го чувала, објави novatv.mk.Бебето кое е швајцарски државјанин со специјален авион е префрлено во болница во Цирих, за што специјално бил отворен скопскиот аеродром. НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од преземањето на бебето со медицински авионски транспорт, со т.н. мини болница, организиран од страна на здравствените власти во Швајцарија.Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.Додека се организирал летот бебето во еден момент престанало да дише, снемало пулс и веднаш започнала борбата за спасување на неговиот живот.Текстот во целост на: novatv.mk.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје -пешак почина на лице место

Денес во 14:20 ч. на бул „Александар Македонски“ во близина на ОКТА случена е сообраќајна незгода во која Опел Астра упр. од Т. З.(1972) од Скопје удрило во пешак машко лице.Од ударот и здобиените повреди пешакот починал на лице место.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

ogan-otvoreno

Тетовци се забавувале и запалиле оган среде улица за време на полициски час

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Л.Ј.(35), У.С.(23), М.Ф.(30), А.П.(26), Ф.С.(51), Ф.С.(45), Ј.П.(33), Ј.С.(31), А.И.(30), сите од селото Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.Од полицијата информираат дека тие за време на полициски час се забавувале и запалиле оган на улица на главниот пат с.Слатино – Тетово.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

jacmenova-treva

Од Бугарија набавил „Јачменова трева во прав“ и ја продавал како производ кој „не содржи глутен“

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно Јавно Обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против З.Л.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измамување на купувачи“ по член 248 став 1 од Кривичниот законик и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Измамување на купувачи“ по член 248 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Пријавениот З.Л., во својство на сопственик и управител на правното лице, во име на правното лице од фирма од Р.Бугарија набавил повеќе суровини(меѓу кои и „Јачменова трева во прав“) во количина од 30 кг., иако знаел и бил свесен дека претходно нема извршена анализа на производот и дека не поседува документ како доказ дека производот не содржи глутен над дозволеното за да може да се декларира како производ кој што „не содржи глутен“. После тоа, производот „Јачменова трева во прав“ го препакувал во 240 пакувања од по 125 грама, кои ги декларирал со налепница на која внел невистинит податок дека производот не содржи глутен и го дистрибуирал и пуштил во продажба до повеќе правни лица за малопродажба на територијата на РСМ.Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, по извршена анализа и суперанализа, било утврдено присуство на глутен над дозволеното 20мг/кг во готовиот производ и дека не може да се декларира како производ кој „не содржи глутен“, бидејќи ознаката „без глутен" може да биде присутна кај производи доколку содржината на глутен не надминува 20 mg/kg во готовиот производ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pistlol

Обвинение за недозволено држење оружје

Гостиварското обвинителство денеска до Основниот суд Гостивар поднесе Обвинителен акт против 53-годишен жител на с. Добри Дол, гостиварско, во чиј дом при извршен претрес на 12.11.2018 година било пронајдено огнено оружје марка ZORAKI-M 906-B  калибар 7,65 и 9 куршуми за кои не поседувал одобрение од надлежен орган.Со тоа, обвинетиот го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosta-1

(ВИДЕО) Во моментов во Охрид во тек се два големи капитални проекти со поддршка од Владата

Денеска градоначалникот Георгиески одржа прес-конференција на улица „15 Корпус“ во врска со инфраструктурните проекти кои во моментов се реализираат на територија на Општина Охрид.видео: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ohrid

(ФОТО) Започна реконструкцијата на улицата „Прва Македонска ударна бригада“

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до Стобекс во должина од 750 метри.Предходно беа извршени подготвителни работи за преместување на дистрибутивната ниско напонска мрежа за пренос на електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски.Проектот за реконструкција на оваа улица е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 12.952.424 денари.Иведувач на работите е АД „Илинден“  од Струга. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

28052020_Inspekciski_sovet_pres-konferencija-1

Филиповска-Грашкоска: Во наредните 10 дена инспекторските тимови активно ќе ги информираат и едуцираат угостителите за примена на протоколите

Претседателката на Инспекцискиот Совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција, информираше за деталите за воведените протоколи за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти, кои произлегуваат од измените на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, како и за идните планирани активности на инспекциските служби во насока на контрола на примена на протоколите.„Би сакала да ја информирам јавноста, дека формираме тимови на инспектори кои во наредниот период од десетина дена, координирано ќе вршат надзор врз спроведувањето на контролите во угостителските објекти, коишто првенствено ќе имаат едукативна и информативна функција, односно запознавање на угостителите со протоколите во детали. Во овие тимови ќе има инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Агенцијата за храна и ветеринарство, а новина е што тимовите се засилуваат и со контролори од Управата за јавни приходи, со што ќе имаме координиран и сеопфатен пристап при посетата на угостителските локали“, посочи Филиповска-Грашкоска.Претседателката на Инспекцискиот совет ги презентираше и главните поенти од содржината на донесените протоколи за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти, при што потенцираше дека врвен приоритет на овие протоколи е да се зачува здравјето на граѓаните.„Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице. На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство. Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри. Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице. Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства. Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба. Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)“, објасни претседателката на Инспекцискиот совет.Филиповска-Грашкоска извести дека во периодот од 19-ти до 26-ти мај, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства беа особено активни и извршија 2.375 инспекциски надзори.„Државниот пазарен инспекторат изврши најголем број, односно 1289 вонредни инспекциски надзори, во правни субјекти од нивна надлежност, а државниот инспекторат за труд во периодот од 19-26 мај, спроведе 436 контроли. Во врска со работите поврзани со трудовото право, би сакала да истакнам дека Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни, не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст, како и на бремени жени и би ги повикала работодавачите да продолжат да го почитуваат ова право на работниците, се до донесување на друга одлука. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство извршија 192 контроли, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак, реализираа 234 инспекциски надзори, оние од Државниот инспекторат за транспорт направија 180 надзори во изминатиот период, а инспекторите од МАЛМЕД реализираа 44 вонредни инспекциски надзори“, кажа Филиповска-Грашкоска.Претседателката на Инспекцискиот совет упати апел до граѓаните да се придржуваат до Владините мерки за самозаштита, и ги повика правните лица стриктно да ги почитуваат протоколите.„Инспекторските тимови ќе бидат насекаде за да го контролираат спроведувањето на протоколите и да укажат на неправилности, за да истите се надминат. Сепак, треба да разбереме, дека се работи за сите нас. Повикувам на свесност и совесност, тоа е нашиот клуч за функционирање во новата нормалност“, нагласи претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Под „успешно имплементирани препораки од Прибе“ се крие само бледа манипулација на јавноста

“Почитувани граѓани, фактите и аргументите кои ќе ги истакнам на денешната прес конференција говорат дека под формулацијата „успешно имплементирани препораки од Прибе“ се крие само бледа и свесна манипулација на јавноста и меѓународната заедница, од страна на одредени политички моќници кои се или биле на високи позиции во безбедносносниот систем на државата.“Ова, меѓу другото денес го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на тематската прес-конференција во МВР, посветена, според Чулев на обелоденување на состојбата поврзана со акутелната поставеност на системот за следење на комуникациите што е во спротивност со законската регулатива, и е доказ дека реформите кои се водеа под покровителство на Рајнхард Прибе суштински не се реализирани.Министерот Чулев потенцираше дека од страната на стручните служби при МВР е констатирано фрапантно кршење на законите, при што поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (денес Агенција за национална безбедност) сеуште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникации, а кој се однесува за кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.“Согласно Законот за следење на комуникациите и Законот за ОТА, Оперативно техничката агенција (ОТА) била должна да овозможи директна техничка поврзаност помеѓу неа и надлежната служба за спроведување на наредбите за ПИМ, во случајов соодветната организациска единица во МВР, но истото до ден денес не е направено, односно сеуште АНБ ја има задржано посредничката улога, што во суштина значи дека сеуште постои техничката можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кое се спроведува за потребите на кривични истраги спроведувани од страна на МВР“, изјави Чулев.Според него и покрај тоа што кон крајот на 2019 година  била направена надградба на  дел од системот кој физички е сместен во АНБ а е наменет за МВР, сепак не била отстранета оваа посредничката улога на агенцијата.“Тоа значи дека реформата во делот на следењето на комуникациите во најголем дел не е спроведена, иако согласно извештајот и насоките на Прибе уште во 2015 година јасно е укажано дека од аспектот на техничка опременост УБК го имала монополот над користењето на опремата за следење на комуникациите во разузнавањето и во кривичните истраги, односно имала можност да го спроведува и набљудувато и  следењето на комуникациите во свое име и во име на правосудната полиција, при што можела индиректно да ја покткопа независноста на водачот на истрагата, односно обвинителот“, рече министерот Чулев.Исто така министерот Чулев јавно ја изрази дилемата – зошто надлежните институции за контрола на системот за следење на комуникациите, но и самото МВР изминатиот период  не презеле никакви активности за надминување на оваа состојба, која уште, како што потенцираше - е спротивна на законот.Покрај ова министерот Чулев упати јавно прашања и до својот претходник во министерството, Оливер Спасовски - зошто не се имплементирани законските одредби насочени кон реформи на процесот на следење на комуникациите?; зошто и покрај препораките на Прибе, но и одредбите од новиот закон за следење на комуникациите не се преземени активности за отстранување на посредничката улога на АНБ во процесот на следење на комуникациите за кривичните истраги кои ги спроведува МВР и  дали Спасовски знаел за оваа состојба и свесно не презел активности за нејзино отрстранување и надминување?Чулев упати прашање и до актуелниот директор на ОТА околу неспроведувањето на членовите 2 и 3 од Законот за ОТА со кои се наложува обврска за овозможување на директна техничка поврзаност помеѓу ОТА и работните станици во МВР, како и до актуелниот директор на АНБ дали свесно се ставил над законот со тоа што дозволил ваквата состојба која била главна забелешка во извештајот на Прибе да биде присутна до ден денес.На крајот од прес конференцијата министерот Чулев го повика надлежното јавно обвинителство да го истражи овој сериозен случај и по допрен глас да утврди евентуална одговорност за неспроведување на законот или да утврди која е одговорноста на доскорешното раководство на Министерството за внатрешни работи и на акутелните раководства на АНБ и ОТА во целава оваа ситуација.“Јавноста има право и треба да знае, кој стои позади фактот дека Агенцијата за национална безбедност се уште го држи монополот во системот на следење на комуникации и дали тоа сценарио е креирано и спроведувано од одредени политички структури кои беа задолжени и тврдеа дека овие реформи се спроведени“, констатираше Чулев.

Македонија | пред 5 години

Dimsa-PRESS-2810-2

Арсовски: Дали ДУП-от во Трнодол има лукративна цел од кој во иднина може да профитира Нина Ангеловска?

Денеска сакаме да поставиме јавно неколку прашања до локалните власти во Скопје, прашања што ги загрижуваат Карпошани, но и сите граѓани. Според информациите кои ги добивме и пристигнаа кај нас, се отвораат многу сомнежи во јавноста, каде што одредени функционери од власта постои можност да профитираат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Имено, за спорниот ДУП во Трнодол, за кој граѓаните за жал дознаа преку протестите на жителите од Трнодол и ќотекот што го добија од општината, се отвораат сомнежи и со право се загрижени жителите таму, дека истиот тој ДУП има лукративна цел, дека во блиска иднина би можел сериозно да профитира од него министер назначен од СДСМ.За што станува збор? Ние ќе ги поставиме прашањата заедно со граѓаните, а власта е таа која што треба да одговори.Дали е точно дека со спорниот ДУП во Трнодол е предвидена улица низ населбата која треба да води до обиколницата која е предвидена со ГУП-от?Впрочем, дали е точно дека истата оваа улица практично ќе оди непосредно во близина до катастарска парцела со број 616, каде што сопственик е таткото на министерката Нина Ангеловска?Еве наједноставно нека одговори министерката Нина Ангеловска, дали нејзиниот татко е сопственик на ваква парцела веднаш над Трнодол?Истата таа парцела со големина од 4.418 м2 претходно и припаѓала на министерката Ангеловска. Повторувам 4.418 м2 парцела над Трнодол, каде што непосредно ќе води улицата предвидена во ДУП-от од Општина Карпош. Таму цената на земјиштето надминува над 500 евра по метар квадратен.Оттука сакаме јавно да ги прашаме и Нина Ангеловска и Стефан Богоев, дали во блиска иднина, на оваа парцела ќе се најде начин, дали со проширување на ГУП кој што треба да се отвори наредната година, или некој друг начин да се пренамени оваа парцела во градежно земјиште и таму да никне дали некоја населба за домување или можеби некој објект кој што ќе носи профитабилност?Дали ова е една од причините за притисокот на општина Карпош од летото, па се до денес за да се донесе овој спорен ДУП? Дали ова е една од причините заради која граѓаните претрпеа и физичко насилство од луѓе пратени од општинските власти и градоначалникот Стефан Богоев на јавната расправа и увид организирани од општината?Граѓаните ќе имаат можност да ценат колку се искрени намерите за носење на овој спорен ДУП.Буџетот на Република Македонија е празен, економската ситуација е полоша од било кога, но затоа ДУП-от од општина Карпош кој треба да се донесе за Трнодол има лукративни намери за да се офајдат во иднина одредени луѓе од власта. Конкретно семејството на министерката Нина Ангеловска.Додека СДСМ да одговори, оставаме граѓаните сами да проценат за неискрените и лукративни намери на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Повторно висока бројка на позитивни на КОВИД 19, денеска потврдени 38 нови случаи

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:• Скопје – 771, активни 232• Куманово – 442, активни 36• Дебар – 51, активни 0• Штип - 54, активни 19• Прилеп –211, активни 43• Тетово – 182, активни 71• Струга – 77, активни 9• Велес – 128, активни 31• Битола –29, активни 7• Охрид –23, активни 8• Кавадарци – 5, активни 0• Гостивар –22, активни 4• Гевгелија – 4, активни 0• Струмица – 3, активни 1• Крива Паланка- 6, активни 0• Радовиш – 4, активни 0• Крушево – 3, активни 0• Кочани – 31, активни 0• Пробиштип – 2, активни 0• Кичево – 2, активни 0• Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)• Демир Хисар – 1, активни 0• Македонски Брод - 2, активни 0• Пехчево- 3, активни 0• Делчево-1, активни 0• Валандово -1, активни 0• Виница – 3, активни 1• Кратово-2, активни 1• Берово-1, активни 0• Свети Николе-1, активни 1Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60  и МАНУ -111.  Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  38 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Nindza

Нинџа: Ми се заканија лица кои беа во придружба на ќерката на Чавков

Обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година и нивните адвокати денеска на вториот ден од тридневната јавна расправа пред Апелацискиот суд во Скопје, продолжија со образложение на поднесените жалби за пресудите по предметот, објави „360 степени“.Александар Василевски – Нинџа, еден од осудените во случајот “27 април”, утрово пред почетокот на јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје им кажа на судиите дека лица кои биле пред судската зграда во придружба на ќерката на Митко Чавков, му се заканувале.„Сакам да ве известам дека утрово додека ме спроведуваа од притвор при влез во судската зграда лица од патриотските здруженија кои беа во придружба на ќерката на Митко Чавков ми се закануваа. А, Чавков директно ми се закани и дента кога беше изречена пресудата на 15 март 2019″, истакна Нинџа и додаде дека закани добивал и од политичари додека бил во притвор.Нинџа е осуден во предметот на 8 години затвор, додека Митко Чавков од првостепениот суд доби највисока затворска казна од 18 години.фото: Meta.mk 

Македонија | пред 5 години

infektivna_klinika-610x400

Фармацевтот Петар Мојсоски од струшкото село Подгорци кој почина од ковид19 - се заразил на работното место

Фармацевтска комора на Македонија со огромна болка и тага соопштува дека на 27-ми мај 2020 година згасна животот на нашиот почитуван колега дипломиран фармацевт Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга.Основно образование има завршено во родното место, а средно образование - гимназија во Струга. Своето образование го продолжува на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Стручните знаења како и љубовта кон природата ги користи во интерес на науката и публикацијата. Уште за време на студирањето објавува научни трудови од областа на  лековитите растенија и нивната употреба. Во  2005 година ја објавува својата прва книга „Лековити растенија на планината Јабланица“, во 2008 „Природни антибиотици“ и во 2009 „Отровни билки“. Петар Мојсоски целата своја кариера ја посветува на пациентите работејќи во аптека најдолго во родното Подгорци како и во други места. Најважна грижа му беа пациентите и нивното здравје.За жал, извршувајќи ги своите професионални должности, пружајќи здравствена заштита, на своето работно место, во аптека, се зарази од вирусот SARS-CoV-2. Болеста го совлада и ја загуби битката со неа на Инфективната клиника во Скопје.Петар Мојсоски е првиот здравствен работник кој почина од КОВИД -19. Фармацевтите и фармацевтските техничари кои работат во аптеките се на првата линија во лекувањето на сите пациентите без разлика на нивните заболувања и здравствени состојби. Во состојба на пандемија кога потребата за посета на аптеките е поголема изложеноста на здравствените работници е зголемена, а со тоа и ризикот за заболување.Почитувањето на мерките за заштита се од огромна важност и за намалување на можноста за заболување и на можноста за ширење на болеста. Се замолуваат пациентите и покрај олабавувањето на мерките, да ги почитуваат и понатаму мерките за заштита при посета на аптека. Препораките се објавени на веб страната на Фармацевта комора www.fk.mk. Потребни се координирани чекори со Министерството за здравство и другите здравствени установи и работници во понатамошниот развој на настаните поврзани со преземање на мерки за заштита и ширење на болеста.  Ја истакнуваме потребата од поголема вклученост на Министерството за здравство во донесувањето на понатамошните мерки и препораки за работа на аптеките и здравствените работници кои работат во нив.Голема е тагата, Фармацевтска комора на Македонија загуби почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здравствен работник. Упатуваме длабоко сочувство до семејството и до најблиските. 

Македонија | пред 5 години

Pres-Bogdanka-Kuzeska

Кузеска: Наќе Чулев поттикнува ургенции и го руши интегритетот на МВР

Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се' да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза, затоа што се исплашени од изборно соочување. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека нивното крајно неодговорно, несериозно и незрело однесување, посебно за време на тешката криза поради коронавирусот, ќе биде казнето од граѓаните и Мицкоски ќе остане запаметен како политичар кој се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше на Водно.За сето тоа време, на техничкиот министер Наќе Чулев поважно му беше да го одбрани својот шеф отколку да обезбеди спроведување на мерките и задолженијата за спречување на пандемијата.Како во времето на МВРО ВМРО, Мицкоски, заедно со Наќе Чулев,  ја злоупотребија МВР и целосно ја ставија во служба на партијата, спроведувајќи штетни насоки.Последен доказ за незрелото однесување на Мицкоски и неговите кадри во преодната влада е синоќашната изјава на Чулев дека секој можел да се јавува кај вработени во МВР и да врши притисок за отворени истраги.Со таквата изјава Чулев го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци. Ова е уште повеќе опасно ак се има предвид дека Мицкоски не е било кој туку предводник на политичка партија.Уште еднаш по којзнае кој пат се потврдува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најважни се личните агенди и теснопартиските интереси.Таква деструктивност е недозволива. И токму затоа, изборите се решение, а не проблем.Со ново Собрание и со нова политичка Влада, со целосен легитимитет, институциите целосно ќе бидат посветени на почитување на законите и заштита на здравјето на граѓаните - особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.Здравјето и квалитетот на живот на граѓаните се најважни и затоа е потребен целосно функционален демократски институционален систем, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

filipce-venko

Филипче: Лекарите специјалисти во болниците земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари нето плата во зависност од бројот на дежурства, платите во здравството растат

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, потенцираше дека зголемување од 20% плата за два месеци ќе добијат сите кои биле ангажирани со лекување на ковид пациентите.„Зголемување ќе добијат вработените во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, во инфективните одделенија во болниците кадешто се лекуваа овие пациенти, во Итната медицинска помош, епидемиолозите од Центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје. Не само здравствените работници - доктори, медицински сестри, туку и помошно техничкиот персонал: болничарите, клиничарите коишто работеа во тие одделенија. Понатаму, лекарите и медицинските сестри кои ротираа во тие одделенија. Нема да земат зголемување само тие вработени кои немаат контакт со ковид пациентите во тие јавно-здравствени установи“, информираше Филипче и додаде дека се уште не е дефиниран начинот и формата на исплата - тоа е нешто за што ќе разговараат со Министерството за финансии.Тој истакна дека во изминатите две години, вкупната сума на пари којашто е вложена во платите на здравствените работници и соработници, помошно-техничкиот персонал, администрацијата којашто работи во здравството  се вложени близу 2 милијарда денари.„Вакво зголемување никогаш немало во платите на здравствените работници. Некаде лекарите специјалисти во болниците и клиниките земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари во зависност од бројот на дежурства во месецот. Ова се нето износи. За начинот на пресметка, тоа што е финална сума којашто ја земаат здравствените работници се основната плата со дежурствата и додатоците кои ги имаат. Комплексност на работа, искуство, додаток ако се изложени на рентгенско зрачење итн. Сега, платата во јавното здравство е многу атрактивна - што се докажува со тоа што имаме огромен број на доктори и медицински сестри кои сакаат да се вратат од приватното здравство во клиниките, односно болниците. Сметам дека со ова направивме сериозна инвестиција во луѓето коишто работат - кои се едни од клучниот сегмент за да овој систем добро функционира, што впрочем се покажа и со добрата организација и одговорот со овој проблем актуелен“, изјави министерот Филипче.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Извештајот nа Буџетот на Град Скопје за првото тромесечје, денеска пред советниците

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година, за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 година.Во остварувањето на приходите на Буџетот на Град Скопје во првото тромесечје од 2020 година, како последица од новонастанатата состојба со коронавирусот, имаме помал прилив на финансии средства во однос на минатите години.Во првиот квартал од 2020 година, вкупните приходи и други приливи се остварени во износ од  милијарда денари, што претставува остварување од 13% во однос на планираното за целата 2020 година. Споредено со истиот период од 2019 година, остварените приходите во првиот квартал од 2020 година бележат намалување од 11,8%.Остварените приходи во буџетот на Град Скопје за овој период, поделени по области се: трансфери и донации (46,9%), даночните приходи (44%), неданочни приходи (6,3%) и капитални приходи (2,7%).Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за првиот квартал од 2020 година, се извршени во износ од 1.2 милијардa  денари, што претставува извршување од 16% во однос на планираните расходи и одливи за 2020 година.Основниот буџет во првото тромесечје од 2020 година има остварени приходи во износ од 543 милиони денари, што претставува остварување од 11% во однос на планираното за цела 2020 година, а истото е намалено од 10 од 15 процентни поени во однос на изминативе 5 години. За подмирување на реализираните расходи во периодот, Град Скопје искористи дел од вишокот на приходи од минататa година во износ од 321.769.620 денари.Расходите во основниот буџет за споменатиот период, се извршени во износ од 864 милиони денари, со процентуално извршување од 17 % од планираните средства за 2020 година.Приходите во буџетот на дотации за споменатиот период од 2020 година се остваруваат во согласност со динамика за трансферирање на одобрените средства, утврдена од ресорните министерства и истите се остварени во вкупен износ од 454 милиони денари, со процент на остварување од 24 % од планираните средства за 2020 година. Расходите во буџетот на дотации се извршени во износ од 346 милиони денари, односно процентуалното извршување изнесува 18% од планираните средства за 2020 година.Во буџетот на самофинансирачки активности кој, всушност, е буџет на 23 (дваесет и три) средни училишта и 8 (осум) културни институции под надлежност на Град Скопје, остварени се приходи во износ од 30 милиони денари,  а расходи во износ од 34 милиони денари.фото: Архива   

Скопје | пред 5 години

skopje-5

Поведена постапка против 38 непочитувачи на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе 24 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 38 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите се товарат дека не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.Обвинителството за сите обвинети предложи парични казни – по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

avtobus-1

Во 24 часа на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.05) на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  461 прекршок.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

posta.jpg

И покрај загубите на Македонска пошта, менаџерите си се осигурале!

Во услови кога Македонската пошта  тоне во загуби тешки повеќе од 10 милиони евра, се трошат пари на договори за менаџерско осигурување, утврдиле од Државниот завод за ревизија. Во објавениот извештај за Поштата тие откриваат дека од 2012 година па до 2018 година, ова јавно претпријатие наталожило 594 милиони денари загуба, или околу 10 милиони евра, а само во 2018 година загубата изнесувала 166 милиони денари.И покрај ваквата состојба била донесена одлука за склучување договори за менаџерско осигурување, со што практично се наградени тие што ја довеле во ваква лоша финансиска состојба, објави nezavisen.mk.„Износот на искажаната загуба укажува на фактот дека финансиската сосотојба на друштвото е значитено влошена, па поради тоа произлегува дека и трошоците од склучување на менаџерско осигурување во такви услови не би биле целисходни. Но, и покрај тоа, надзорниот одбор одобрил склучување договори и полиси за осигурување за периодор од 1.4.2018 до 1.4.2019 година. Од страна на осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура од 2,7 милиони денари, која е платена“, пишува во извештајот.Извор:  nezavisen.mk.

Македонија | пред 5 години

karticki

Платежните картички за купување на македонски производи ќе треба да се искористат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9.000, односно 3.000 денари ќе ги добијат на посебните сметки најдоцна до 3 јули и ќе мора истите да ги потрошат до 31-ви истиот месец, стои во уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници која беше објавена службено околу полноќ.Деловните банки откако ќе биде објавена конечната листа на корисници на финансиска поддршка во најкус можен рок ќе треба до 3 јули да им ги префрли парите на граѓаните на нивните сметки, а доколку до 31 јули не се потрошат, автоматски непотрошените средства се враќаат во државниот буџет.Социјалните случаи и невработените ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице. Работниците со ниски примања ќе добијат 3.000 денари, додека средношколците не помлади од 16 години и студентите не постари од 29 години  ќе добијат износ од 3.000 денари. Здравствените работници-кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 проценти од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

filipce1

(ФОТО) Го враќаме животот во нормала, само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизните, се враќа слободното движење, а наскоро ќе се отворат и границите.„Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот. Сега сме исправени пред два избора. Да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки“, рече министерот Филипче.Тој потенцираше дека анализите на епидемиолозите потврдија дека состојбата е стабилна, а досегашната стратегија даде резултат.„Го заштитивме здравствениот систем и ја одржавме епидемијата под контрола. Ова беше предуслов да ги олабавиме рестриктивните мерки. Но, мерките за лична заштита остануваат да важат и мора целосно да се почитуваат. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот, одржување физичка дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете се мерки кои остануваат дел од нашето секојдневие. Со овие мерки ние продолжуваме понатаму и со нив ќе се заштитиме“, истакна министерот Филипче.Филипче истакна дека вирусот нема да замине и со него ќе мора да научиме да живееме и тоа подолг временски период. Ова значи дека одговорноста на граѓаните е сега уште поголема.„Недозволиво е оние кои ги почитуваат мерките да бидат во ризик од оние коишто тоа не го прават. Апелирам и до надлежните институции, сите прекршувања кои го загрозуваат јавното здравје мора да се санкционираат. Сакам на сите да им биде јасно, со заштита на сопственото здравје ги штитите сите околу вас, спасувате животи на вашите блиски, на вашите сограѓани и им помагате на здравствените работници. Ова е наша заедничка борба. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, посочи Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се отвораат угостителските објекти

Според одлуката на Владата, од денеска е д дозволено отворање на угостителските објекти. Но, засега ќе можат да работат само отворените делови од кафулињата и рестораните и тоа до 22 часот, со ограничување на бројот на гости и почитување на здравствените протоколи.Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат  хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се  послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)Мерките на Владата за задолжително носење маски на затворен јавен простор и на отворено доколку не е можно да се постигне физичко растојание од два метра остануваат на сила. Вчера беше укинат полицискиот час, воведен за спречување на ширењето на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

04032020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Во моментов се прави координација со околните земји за отворање на границите

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ зборуваше за отворањето на границите и изјави дека во овој момент се прави координација на ниво на околните земји.„Во секојдневна комуникација сме со Албанија, Грција и Бугарија во однос на тоа како ќе се одвива отворањето на границите. Постојат неколку предлози. Еден од предлозите е од следната недела се отвори патувањето за членови на фамилија или од службен економски интерес - патување во рамки на овие земји. Понатаму, после 15 јуни целосно да се отворат границите. Сега се води дискусија дали е потребно да има тестирање, претходно направено или не. Многу веројатно е дека нема да се бараат, бидејќи не претставува гаранција или сигурност. Претставува некаква сигурност ако е во комбинација со домашната изолација или карантините“, рече министерот Филипче.Во емисијата, министерот Филипче посочи дека во ниту еден момент изборите не биле земени како предмет врз основа на коишто се анализирале бројките или се правеле некакви калкулации или се вложувале некакви мерки.„Впрочем и сега, во ниту еден момент не беше побарано од Комисијата за заразни болести да каже дали треба или не треба да има избори. Беше побаран стручен протокол како, ако се одржат изборите, тие треба да се спроведат. И ние тоа го направивме - како треба да се одржува хигиената, маските, дистанцата. Никогаш Комисијата за заразни болести не била прашана дали треба да има избори, ниту пак има мандат да каже дали треба или не треба да има избори“, истакна Филипче.Тој рече дека оваа состојба со КОВИД-19 ќе трае и потребно е сите да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и колективното здравје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Владината одлука за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст.Според одлуката на Владата, од Први јуни годинава престануваат да важат заклучоците со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки. Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и слично.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања