Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

filipce-1

(ФОТО) Филипче: Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост , горд сум на семејство од Динева

Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти, напиша на својот Фб профил министерот за здравство венко Филипче. Министерот додаде:-Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа. Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, напиша Филипче на ФБ.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2397991037174582/?type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

redzepi

Разрешен реисот Сулејман Ефенди Реџепи

Риасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница.Одлуката била донесена со двотретинско мнозинство.„Врз основа на записникот на вонредната седница на мнозинството на риасетот на ИВЗ на Република Северна Македнија одржана на 27.05.2020 година, со почеток во 10 часот, ние долупотпишаните врз основа на член 36 и 58 на Уставот на ИВЗ, кои ги сочинуваат повеќе од 2/3 мнозинство на риасетот на Република Северна Македонија, едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сумејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на ИВЗ“, рече Ефенди Шаќир Фетаху, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ. Одлуката стапува на сила од денеска. На неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, муфтијата на Куманово, Абедин Имери, на Струга, Салим Сулејмани. Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот Фадил Рамадани и други.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, а сега делат ваучери од 150 евра поткуп кој не може да го исплатат

После 66 дена рестриктивни мерки во државата имаме полоша здравствена и економска состојба од таа која ја имавме на моменти кога се воведуваа овие мерки. Ова подразбира дека системот не функционира, а владата не ги презема најефикасните методи за заштита на стандардот и здравјето на граѓаните, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Денес нема да зборувам за здравствената состојба тоа ќе го препуштам на стручните лица од таа област. Но ќе говорам за економијата каде добиваме се позагрижувачки податоци. Од она што досега можеме да видиме е дека со првите два пакети на мерки не се помогна на бизнисот. Тие мерки се недоволни. Ненавремено преземени, а сето ова го потврдува  и слабата половична и потпросечна искористеност.Повеќето средства отидоа кај големи компании додека средните и малите бизниси едвај преживуваат. Што се однесува до третиот пакет на мерки тоа е магла која владата ја сее пред избори. Тие говорат за пари, за средства кои не можат да ги исплатат и истите имаат манипулативна природа. Создаваат надежи кои не се во состојба да ги реализираат и од тука има една тажна но реална порака која секој бизнисмен ја разбира и си има работа со владата на Заев и Спасовски, а тоа е дека вистинска помош нема.Заеднички за сето ова е дека владата троши пари. Но граѓаните и бизнисот не гледаат никаков бенефит од сето тоа. Парите се потрошија непродуктивно. А, нема ниту една компанија која е задоволна. Ниту еден единствен стопанственик кој објективно ќе го пофали ангажманот на владата. И состојбата не се подобрува, а тоа го говорат и најновите податоци кои ќе ги презентирам денес.Имено, во текот на вчерашниот ден министерството за финансии го објави практично Извештајот кој што опфаќа реализација на Буџетот во првите 4 месеци т.е. периодот први јануари - 30-ти април, 2020-тата година. Кога се уште ефектите од вирусот Ковид – 19 или Корона пандемијата не се видливи во економијата.Ќе започнам најпрвин со дефицитот кој што изнесува рекордни ќе потсетам рекордни 200 милиони евра или од прилика нешто повеќе од 12 милијарди денари. Како е тој дистрибуиран по месеци, во месеците јануари 20 милиони, во месеците февруари – март 50 милиони, и рекордни 80 милиони евра во месецот април. Тоа е доволен показател дека владата немала ниту во момент намера да помогне на граѓаните и бизнисот туку единствена цел била поткуп т.е. обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават сето она кое што беше погрешно направено изминативе три години пандемија под раководство на СДСМ  и Зоран Заев.Само во првите четири месеци оваа влада и ова раководство на СДСМ го зголемија долгот на граѓаните за 1.8% од БДП. Наместо да имаме намалување на јавниот долг ќе имаме зголемување на јавниот долг само во првите четири месеци од 1.8%. Секое семејство го задолжија за од прилика 25.000 денари, само во првите четири месеци од почетокот на годината. А, кога зборуваме за долгот би сакал да потсетам дека обврските кои ги имаме по однос на заемодавателите од минатото, а до крајот на годината треба да се сервисираат во износ од прилика 30 милијарди денари или нешто помалку од 500 милиони евра. А, обврските по однос на планираниот дефицит кој што владата ќе го направи до крајот на годината, почнувајќи од први мај завршувајќи со 31 декември се нешто повеќе од 34 милијарди денари или нешто повеќе од 550 милиони евра што значи дека до крајот на годината се потребни околу 1 милијарда и 50 милиони евра за да бидат сервисирани обврските кон заемодавателите со цел задолжување заради раздолжување и обврските кои што треба да се сервисираат по основ на дефицитот кој што ќе го има буџетот до крајот на годината. Тука не се опфатени првите четири месеци, а дефицитот до крајот на годината е составен како резултат на збирот на планираниот дефицит на почетокот на годината и намалените приходи во буџетот кој што ќе бидат до крајот на годината.Тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон стопанството и тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон граѓаните. За тоа ќе имаме дополнителен буџетски дефицит. Или до крајот на годината зголемувањето на долгот, на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1.8 во првите четири месеци тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020-тата година без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е некаде околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година.И третата работа која што сакам денеска да ја споменам и анализирам. Тоа е реализацијата на капиталните инвестиции бидејќи секаде ги гледаме од Владата со полна уста дека зборуваат за робусна и интензивна реализација на капиталните инвестиции тоа, нешто на кое ние како ВМРО-ДПМНЕ на почетокот од пандемијата, на почетокот од кризата силно апелиравме. Но кога станува збор за бројките тие се немилосрдни и го демантираат сето она кое што го зборува оваа лажлива Влада и функционерите кои што се именувани од оваа лажлива Влада.А, какви се бројките? Во првите 4 месеци од 2020 година, во услови на техничка Влада реализацијата на капиталните инвестиции е околу 13 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината. Во 2019-тата година за истиот период реализацијата на капиталните инвестиции била 11.25 проценти, кога немаме техничка Влада. Да потсетам тоа е период кога исто така имаме изборен циклус, а тоа се претседателските избори. Во 2018-тата година реализацијата на капиталните инвестиции е 14.23 проценти. во 2017-тата година во истиот период, во првите 4 месеци кога исто така имаме техничка Влада, капиталните инвестиции се реализирани со интензитет од 27 проценти во однос на тие што биле планирани на почетокот на годината.Во 2016-тата година кога исто така имаме техничка Влада капиталните инвестиции се реализирани во износ од отприлика 19 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината. Разликата е евидентна и лагите се распрснуваат како меур од сапуница, а бројките се немилосрдни и ги демантираат лагите на оваа Влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.Македонија преживува тежок период и со оваа власт нема да биде подобро затоа што не знаат, не умеат и немаат план. Ние сме различни од сето ова кое што е за жал наша денешна сурова македонска реалност. Нам интересот на граѓаните ни е пред и над се. Мора поинаку, мора подобро. На Македонија не и се потребни пакети за лажлив ПР туку вистинска помош на стопанството и оддржлива стратегија. Не и се потребни еднократни ад хок мерки туку сигурност план и стратегија. Ние тој план го имаме и тој план го понудивме на граѓаните, а на следните предвремени парламентарни избори повторно ќе го понудиме. На Македонија и е потребна обнова во секоја пора во ова општество и нова енергија која ќе ги решава вистинските проблеми. Имаме стратегија, а економијата мора да се развива, средствата да се трошат наменски со вистинска цел за развој на нашата држава. Гаранција за сето тоа е обновата која ќе ја започнеме и за која заедно со народот на следните предвремени парламентарни избори ќе ја победиме оваа три годишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска потврдени 25 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-4, Тетово-1 и Велес-1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ  „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-14, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-1, Велес-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 747, активни 210•       Куманово – 438, активни 33•       Дебар – 51, активни 0•       Штип - 50, активни 15•       Прилеп –211, активни 47•       Тетово – 179, активни 70•       Струга – 77, активни 9•       Велес – 128, активни 40•       Битола –28, активни 7•       Охрид –23, активни 8•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –22, активни 4•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 3, активни 1•       Крива Паланка- 6, активни 0•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 0•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 0•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 0•       Свети Николе-1, активни 1Направените 622 теста се преку: ИЈЗ –278, Ветеринарен ф-тет -24, Авицена –20, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –79, Систина со PCR метода -54  и МАНУ -119.  Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  40 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

culev

(ВИДЕО) Чулев им заблагодари на граѓаните за одговорноста, за придонесот на полицијците побара да бидат парично наградени

“Утрово  во пет часот официјално престана да важи одлуката на Владата која се однесуваше на ограничувањето на движењето на граѓаните, а која беше донесена со цел спречување на ширење на корона вирусот. Почнувајќи од 22-ри март, околу 70 дена граѓаните во различни периоди од денот имаа обврска да останат во своите домови и најголемиот дел од нив го направија тоа“.Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во МВР а посветена на сумирањето на резултатите и активностите од работењето на полицијата во изминатиот период од воведувањето на рестриктивните мерки за сузбивање на епидемијата на “ковид 19“.Оценувајќи дека граѓаните во најголем дел ги почитуваа мерките на Владата, и заблагодарувајќи се на таквото граѓанско поведение и поддршка, министерот Чулев истовремено  им  оддаде  признание и на сите припадници на МВР, особено потенцирајќи ја улогата и активностите на припадниците на униформираната полиција. “Министерството за внатрешни работи успеа брзо да се екипира, реорганизира и веднаш да ги стави на располагање сите своите капацитети во улога на заштита на здравјето на секој поединец и затоа сум бескрајно горд, среќен и задоволен“, истакна Чулев.Рекапитулирајќи го изминатиот речиси три месечен период министерот Чулев нагласи дека – “МВР  беше ангажирано во контрола на спроведување на одлуките на Владата, понатаму во контрола на лицата во изолација и самоизолација, обезедувањето на државните карантини, спроводот на лицата кои преку хуманитарните конвои се враќаа во нашата држава“, рече Чулев.Притоа тој презентираше статистички показатели од сработеното: “кога станува збор за почитување и спроведување на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните во оваа прилика ќе споменам дека заклучно со денес вкупно 4783 граѓани не ја почитувале одлуката на Владата за ограничување на движењето, од нив вкупно 3110 се приведени од страна на полициските службеници.  Вкупно до сега од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени вкупно 2632 кривични пријави за 3137 дела против 3412 сторители. Најголемиот дел од оваа бројка отпаѓа на територијата на главниот град и територијата на СВР Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните на општините кои потпапаѓаат под секторите за внатрешни работи Велес и Куманово“.Во однос на мерките за почитување на самоизолација и изолација министерот Чулев истакна дека се поднесени – вкупно 127 кривични пријави за 156 кривични дела против 169 сторители, а вкупно 5030 лица до сега се спроведени во државен карантин. Исто така тој посочи дека во врска со обврската за носење на лична заштита до сега се констатирани се вкупно 1973 прекршоци, а пак дека   Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во изминатиот период постапувал по 57 случаи за говор на омраза поврзан со “ковид 19“, при што до сега до Основното јавно обвинителство поднесени 33 известувања и две кривични пријави.На крајот министерот Чулев констатираше дека грешки и пропусти секогаш се можни – “ некогаш грешевме ние, а некогаш граѓаните. Но, од грешките учиме и сме во можност да се подобруваме и да го подобруваме работењето на полицијата во заедницата што е една од клучните и стратешки приоритети на Министерството за внатрешни работи“.Министерот Чулев порача дека и покрај намалувањето на рестриктивните мерки насочени кон справување со пандемијата, сепак неопходно е и натаму да се задржи потребното ниво на одговорност и дисциплина и да се почитуваат мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на користење на задолжителна заштитна опрема, забрана за групирање и држење на дистанца, и дека  МВР и понатаму останува посветено на контрола на овие одлуки и заштита на здравјето и животот на граѓаните.видео: МВР

Македонија | пред 5 години

IMG_8504

Милевски: Поставени две фотоволтаични централи во Прилеп, ја штитиме животната средина

Поставени се две фотоволтаични централи со моќност од 15 и 16 киловатчасови за производство на зелена електрична енергија од соларните зраци на две регионални јавни институции - регионалниот пазар во Прилеп и регионалниот Дневен центар за лица со церебрална парализа во Прилеп.- Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на овој начин овозможува произведената зелена енергија да намали испуштање на најмалку 56.000 килограми годишно на CO2 во атмосферата во Пелагонискиот регион и намалување на трошоците за електрична енергија на овие две регионални јавни институции, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.Според него овој проект придонесува кон заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион преку искористување на обновливите извори на енергија.- Еден од системите на обновливите извори на енергија кој што воопшто се користи во општеството, а тоа посебно се направи во нашиот град, како реакција на пелагонискиот плански регион направивме два проекти тоа е од минатата година, фотовонтаични системи во градскиот пазар во Прилеп и во Дневниот центар за целебрална парализа. Вакви проекти се од особена важност токму за сите нас во Прилеп., вели градоначалникот на Прилеп, Илија ЈовановскиВкупниот буџет за проектот е  3.319.199 денари, од кои општината Прилеп учествува со 149.707 денари.- Ова е еден од проектите во Центарот за развој на пелагонискиот регион кои што беа за 2019 година, исто така во 2019 имавме одобрени проекти од околу 40 милиони денари за цел пелагониски регион во кои беа вклучени сите 9 општини, додека за оваа година имаме одобрени проекти од 38 милиони денари за цел пелагониски регион исто преку оваа програма за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, секако пак е тука вклучен Прилеп со набавка на едно комунално возило за собирање на отпад, додаде директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.фото: Министерство за локална самоуправа МЛС

Македонија | пред 5 години

restoran

Рестораните и кафулињата од утре ќе работат до 20 часот

По денешното укинување на полицискиот час, од утре почнуваат со работа угостителските објекти кои имаат летни тeраси. Работното време ќе биде до 20 часот. Притоа ќе мора да се почитуваат препораките за дистанца и за носење заштитна опрема. Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека на една маса во угостителски објект можат да седат до четири лица.„Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите, ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворениот простор во објектите. Според протоколите на Комисијата, на една маса најмногу ќе можат да седат четири лица, а ќе нема никакво ограничување дека тие треба да се членови од исто семејство“, рече Бектеши.Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, пак најави засилени контроли дали се почитуваат протоколите за работа во објектите кои од утре почнуваат со работа.„Протоколот за работа на сите објекти кои што со одлуки на Владата ќе можат да работат, ги носи Комисијата за заразни болести и тие треба да се почитуваат од страна на правните лица. МВР имаше и оперативна координација на која што ги разгледавме идните модуси на дејствување на полицијата, при што во наредниот период ќе бидат зајакнати контролите од страна на Министерството за внатрешни работи во однос на почитување на препораките на Владата за задолжително носење на лична заштитна опрема и држење на дистанца, односно забрана за групирање, со оглед дека веќе нема ограничување на движење и пунктови на полицијата. Во однос на контролата на угостителските објекти, МВР во соработка со инспекциските служби ќе изврши контрола на нивното работење во зголемен обем“, рече Чулев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid-900x312

Роковите за исполнување на препораките од УНЕСКО течат, до каде сме ние?

Роковите за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на Охрид и на Охридско Езеро се одамна изминати, а досега се исполнети само некои, и тоа, пред сѐ, административните. Дел од активностите се запрени поради пандемијата од корона вирусот, а друг дел допрва треба да почнат.  Во јавноста, која постојано сведочи информации и фотографии за изградени парапетчиња на плажите, ѓубришта покрај езерото или изјави на локални властодршци што „баш ги брига“, се шири впечатокот дека состојбите на теренот се влошуваат, објави prizma.mk.Министерот без ресор, Едмонд Адеми, кој беше владин претставник на седницата на Комитетот лани, во разговор за БИРН го отфрли тврдењето дека Владата лобирала да се избегне прашањето за Охрид, додавајќи дека таа нема никаква можност да влијае врз дневниот ред.И Антикорупциската комисија ѝ препорача на Владата да ги преземе надлежностите од општините Охрид и Струга за да се справи со дивоградбите.Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, пак, вели дека локалната самоуправа прави сѐ што може, но дека ѝ треба поголема поддршка.„Ние имавме само еден градежен инспектор, сега имаме тројца. Но, голем дел од општината, како стариот дел и крајбрежјето, е во надлежност на државата. Тука треба да интервенира Државниот градежен инспекторат, но тие немаат ниту еден инспектор стациониран во Охрид.Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, дека „баш му е гајле“ дека го напаѓаат невладините за дивоградбите и дека ќе дозволи уште да се гради.Текстот во целост на:  prizma.mk.

Македонија | пред 5 години

andonovski

Андоновски: Димова, пуленот на Заев, трошела стотици илјади евра на самопромоција без тендер и доделувала финансии на свои блиски организации

Во изминатите денови ја информиравме јавноста за криминогеното однесување на раководството на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Оваа Агенција е одговорна за распределување на европските фондови за финансирање на образование, мобилност, млади, спорт и граѓански сектор. Во паника од откривањето на незаконското работење, директорката на агенцијата, Лидија Димова ги потврди наводите на ВМРО-ДПМНЕ и не демантираше ниту една поента од вчерашната прес конференција, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.Обзнанивме дека Димова, пуленот на Зоран Заев, трошела стотици илјади евра на самопромоција без тендер и доделувала финансии на свои блиски организации. Фрапантно е и дека Димова признава дека од благајната на Националната агенција недостасуваат пари, но таа не се согласува дека се работи за десетици илјади евра без покритие.Затоа, ја повикуваме Димова да ги прикаже на македонската јавност документите со кои се покажува дека во Агенцијата недостасуваат пари на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на Европската унија. Зошто таа, како одговорно лице, нема покритие зошто недостасуваат овие пари?!Исто така, помеѓу редовите навреди и лични дисквалификации, Димова не успеа да одговори дали набавила возила во износ од 100.000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби? И дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени од лица блиски на Лидија Димова?Во меѓувреме, сведоци сме на информации од страна на вработени во Агенцијата кои се жалат на притисоци, мобинг и закани заради изнесените информации во емаил порака која е доставена до сите домашни и странски надлежни институции.Денес, прашуваме и дали се точни наводите во емаилот дека Националната агенција должи илјадници евра кон приватни и државни организации со кои има потпишано договори за грант? До нас стигнуваат поплаки дека средствата не се исплаќаат, а во исто време се бара и нивен поврат.Истовремено, прашуваме и дали директорката Димова врши влијание врз надворешни експерти при оценувањето на апликации и финални извештаи, при што фаворизира нејзини блиски организации и лица. Подоцна таа ги ангажира истите како тела за вршење анализа и спроведување обуки за кои исплаќа баснословни суми. Според овие информации, овие обуки се спроведуваат со ресурси на Националната агенција, а темата на обуките е предмет на работа на вработените, за што не мора да се плаќаат дополнителни надоместоци од илјадници евра на нејзините блиски лица.Во целиот изминат период, Димова се заканува, уценува, отвора дисциплински постапки и неосновано доделува откази на вработени во Националната агенција. Ова, според информациите, е за да ги спречи вработените да не изнесуваат информации за незаконитото раководење на истата. За жал, Димова не може да излезе од матрицата на самобендисаниот квазиинтелектуализам и да сфати дека својата месечна плата ја добива на грбот на нас граѓаните на кои ни должи одговори, а не навреди. Таа очигледно покажува авторитарно, противзаконско и малициозно однесување.Сепак, до нас пристигнаа информации дека за ова поведение на Димова, информирани се службите на Европската комисија, ОЛАФ како и Делегацијата на ЕУ во Скопје.По официјалното признание за незаконско работење во Национална агенција, бараме надлежните институции да покренат соодветна постапка против раководството на Националната агенција. Бараме и неодложна оставка на Лидија Димова, истакна  истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

27-05-2020-Zaev

Заев: Новата нормалност значи дека животот продолжува согласно протоколите за заштита, тоа е наш влог во заштитата на здравјето

Време е сите ние, како поединци, но и како општество да се подготвиме за новата нормалност, да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува и се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен. Затоа не смееме да се опуштиме, истакна во видео обраќањето претседателот на СДСМ, Зоран Заев.Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето.Носењето заштитна опрема на лицето, како маска или марама, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие.Овие основни мерки за заштита мора да бидат наше правило од кое нема да отстапуваме. Наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето.На тој начин, сите ние, делуваме како тим. Заеднички си помагаме, но им помагаме и на здравствените работници кои со месеци се на првата линија на борбата со вирусот.Новата нормалност значи дека живеачката ќе продолжи согласно протоколите за заштита, а со тоа и сите наши секојдневни обврски и активности. Семејни, приватни, професионални.Во таква, нова нормалност, ќе се одвиваат и сите процеси во нашето општество.  Така ќе функционираат градинките, училиштата, факултетите, јавниот живот, театрите,  фабриките, јавниот транспорт...Политичкиот систем кој денес е во крајно комплицирана состојба исто така ќе функционира во рамки на оваа нормалност.На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт, ново Собрание и политичка Влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните.Институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност и подготвени да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен.Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември подготвени. Со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија.Новата нормалност значи организирање на изборен процес, кампања и гласање согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес.Покажавме дека заедно можеме да се избориме со невидливиот непријател и да го заштитиме јавното здравје.Сега е време да покажеме дека заедно можеме да ја обезбедиме новата нормалност, да го заштитиме здравјето и да ја рестартираме македонската економија, истакна во видео обраќањето претседателот на СДСМ, Зоран Заев.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

sar-planina-2

Левица: Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната средина се гледа во успешното штитење на најголемите индустриски загадувачи на воздухот, како и на рудниците на смртта на Еуромакс. Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се уште една предизборна манипулација. Тоа најдобро може да се види од студиите за валоризација кои се основа за добивањето на статус за национален парк, се вели во соопштението о Левица.Според планот за Шар Планина како национален парк, се предвидува само 32,2% од територијата да биде зона на строга заштита. Тоа е оној дел од планината кој и во моментов не е под закана. При тоа, во оваа зона не влегува Попова Шапка што значи дека ќе продолжи градежната офанзива која во моментов се одвива. Дополнително, со ова се отвора можноста за комплетирање на продажбата на овој ски-центар.Според планот, дивата сеча на Шар Планина и натаму ќе продолжи бидејќи делот каде во моментов се одвива дивата сеча е надвор од заштитеното подрачје. Секако, министерот Нуредини и Владата ќе ги наградат сите оние што имаат дозвола за концесија на оваа планина. Така експлоатацијата на природните богатства ќе продолжат и по прогласувањето на Шар Планина за национален парк.Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните, се вели во соопштението о Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Последниот ден полицискиот час не го почитувале 20 лица во целата држава

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата  држава 20 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени  се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  284 прекршоци.За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на  76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

asasdgagfgafgasdf

ФОТО: Активистка од Скопје со крвави фотографии тврди дека татко ѝ се обидел да ја убие

Активистката Моника Ристеска-Конопова која минатата година заврши во затвор бидејќи јавно пушеше марихуана, вчера била натепана од нејзиниот татко во семејната куќа во скопски Даме Груев. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од неа на кои се гледаат расекотини на лицето, крв и тешки повреди. Под фотографиите кои се јавно објавени, таа напишала: „Пред два часа татко ми Стојан Ристески од село Свето Митрани неписмен бездушник и хроничен алкохоличар се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата“.https://twitter.com/MoniqueKonopova/status/1265395473101328384Подоцна, таа завршила во болница, каде денес ќе и бидат направени операции според нејзините тврдења.Полицијата постапила на терен и го уапсиле нејзиниот татко, кој 24 часа е во станица. Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека таткото на активистката Ристеска ќе се гони за делото телесна повреда.„Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот“, соопшти министерот Чулев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Спасовски и СДСМ немаа пари за заштитна опрема за здравствените работници, но имаа пари за мебел и столарија

На манипулациите на СДСМ им нема крај. Во време во пандемија додека владата на СДСМ се гоштеваше со шкампи и шампањ, докторите беа оставени сами на себе без опрема, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Спасовски и СДСМ немаа пари за заштитна опрема за лекарите и медицинските работници, но имаа пари за мебел и столарија.СДСМ ја манипулира јавноста со покажување на бруто платата + 5 дежурства. Така изгледа поблиску до она што го ветија  и го излажаа.Владата спрема здравствените работници само покажа непочитување и негрижа.Од оваа влада македонските здравствени работници добија само хибриден режим, неспособност, сиромаштија и корупција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Од денеска престанува да важи одлуката за забрана и посебен режим на движење - задолжително носење заштитна опрема, миење на раце и одржување на потребната дистанца

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.Оваа одлука е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превземените мерки дадоа одредени резултати.Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските и светските трендови. Во однос на регистрираните случаи со КОВИД-19, тие се контролираат и во постојана комуникација со медицинскиот тим. Во овој момент, 50 посто од капацитетите се исполнети во болничките установи. Има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини.Но, граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки.Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohridskoezeromart

ЦЈЗ: Водата во крајбрежниот дел на езерото е од I и II класа, одлична за капење и рекреација

Во согласност со својата дејност и надлежности за вршење на континуиран здравствено-еколошки надзор, Центарот за јавно здравје од Охрид, во периодот од 13-ти до 26-ти мај 2020 година, изврши физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероци на површинска вода од источниот, северниот и западниот крајбрежен дел на Охридското Езеро, од 32 мерни места од Св. Наум до селото  Радожда.– Комплетните анализи на квалитетот на водата во крајбрежниот дел на Охридското Езеро од македонска страна беа извршени во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, а резултатите од физичко-хемиската и микробиолошка анализа на земените примероци на површинска вода покажуваат дека водата во крајбрежниот дел, односно делот кој се користи за капење и рекреација на Охридското Езеро, од македонска страна, во втората половина на мај 2020 година, припаѓа на I и II класа, односно е оценета како одлична. Според тоа и согласно Уредбата за класификација на водите, водата во крајбрежниот дел на Охридското Езеро од македонска страна е погодна за капење, спорт и рекреација. Во наредниот период ќе бидат земени и анализирани примероци на вода од реките што се вливаат во Охридското Езеро од македонска страна, информираат од ЦЈЗ.Додаваат дека Центарот за јавно здравје Охрид, континуирано, во текот на целата летна сезона ќе ја следи состојбата со квалитетот на површинската вода во Охридското Езеро и навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за резултатите од извршените анализи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Krvodariteli

Во среда крводарителска акција во Охрид

Општина Охрид, Црвен Крст – Охрид и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје  на 27.05 2020 година (среда), организираат крводарителска акција во спортската сала при ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Акцијата започнува во 9 часот наутро  и ќе трае до 14 часот. Се повикуваат  сите хумани граѓани кои се во добра здравствена состојба да бидат дел од овој хуман настан.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

karadzoski

д-р. Караџоски: Во 7 градови има само од 1 до 3 пациенти кои ги следиме, во 5 градови сè уште има активни случаи кои се на листата на надзор

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски се заблагодари на сите колеги од Комисијата за заразни болести, сите чинители кои придонесуваат за намалување на бројот на заразени, заболени и на сите лица кои помогнаа и помагаат во лекувањето на овие пациенти. Тој истакна дека тие се неговите херои.„Комисијата за заразни болести во досегашниот период, направи една анализа како тромесечен период, квартален период на она што ни се случува во државата. Констатиравме дека соодветно се применуваа нашите препораки, нашите алгоритми, при што преземените мерки дадоа одредени резултати. Во периодот од 14 дена којшто ни се случува, имаме просечно од 10 до 40 регистрирани случаи - на дневно ниво. Просечно изнесува 24. Еден од факторите што не натера да размислуваме за олабавување на овие мерки во прва, втора, па и во трета фаза е намалениот морбидитет, намалениот морталитет, леталитет којшто ги следи европските и светските трендови. Во изминатите 14 дена направени се 6.063 тестови за КОВИД. Односно, близу 1500 тестирања на еден милион жители. Ние немаме новорегистрирани случаи, туку точно знаеме во оние фамилии, оние општини каде што имаме веќе дијагностицирани случаи. Ги знаеме кои лица биле во самоизолација или во изолација. И веќе во нивните фамилии имаме појава на новорегистрирани случаи. Значи, ги контролираме случаите кои се регистрираат во нашата држава“, рече д-р Караџовски.Во моментов 1.439 лица се излекувани, нешто повеќе од 400 се во состојба на активни случаи коишто се следат. Во 7 градови има само од 1 до 3 пациенти кои ги следиме. Во 5 градови сè уште има активни случаи кои се на листата на надзор. Во другите градови нема ниту еден случај. Во овие 5 градови има повеќе од 20 кластери коишто се следат, а тоа се - Скопје со неколкуте кластери во неколку општини: Чаир, Гази Баба и тоа е општината Сарај, каде што се знаат и лицата. Потоа Велес, Штип, Струга и Тетово како регион.„Го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Обезбедивме болнички капацитети за третман благодарение на пожртвуваноста на инфектолозите, анестезиолозите, пулмолозите и сите медицински сестри, техничари, биохемичари и сите во институциите кои придонесоа за успешното лекување. Ве уверувам во овој период дека државата се надрасна себеси - во делот на струка, наука, компетенција, едукација, третман, епидемиолошки надзор, за што ни оддава признание и Светската здравствена организација“, потенцираше д-р Караџовски.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски: Лицата кои влегуваат во земјава ќе треба да приложат ПЦР негативен тест за КОВИД-19 направен во последните 72 часа

Денеска го усвоивме и прецизниот протокол за постапување при влез на сите лица македонски државјани во земјата. Согласно овој протокол задолжителниот државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, се заменува со домашна изолација доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР негативен тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција.Министерот додаде:Од денеска, сите лица кои се спроведени во објектите за државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот во кој се сместени и доколку имаат негативен резултат да бидат упатени во домашна самоизолација.На предлог на Министерството за надворешни работи, во соработка со Комисијата за заразни болести е подготвен протокол за странски дипломати акредитирани во земјата и членови на нивните семејства, кои доколку приложат медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа пред да влезат во Република Северна Македонија, ќе можат непречено и тековно да ја извршува својата работа, без упатување во домашна самоизолација.Освен овие одлуки, на денешната седница на Владата ја задолживме Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници, како и да подготват соодветни протоколи за влез и излез на и од територија на Република Северна Македонија.Сакам да напоменам дека оваа одлука ја правиме и врз основа на заедничката координација со земјите од регионот и со секоја од нив имаме одлична комуникација која најавува дека многу бргу патувањето во регионот ќе биде регулирано во интерес на граѓаните на сите земји.Второто задолжение до Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство е да подготви соодветни протоколи за работа на хотелите, односно за начинот на работа со посетители, и за работата во простории на хотелите, истакна премиерот Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bujar-osmani-696x396

Османи: Ова не значи крај на кризата, ова значи поголема внимателност, носење маски, неверување во лажни вести

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро се справила со коронавирусот и не дозволила тој да излезе од контрола.„Ова не значи крај на кризата, ова значи поголема внимателност, носење маски, неверување во лажни вести. Оваа закана беше невидена претходно и никој не можеше да се подготви за вакви рестриктивни мерки. Не беше лесно ни за граѓаните ни за државата, но и покрај сето тоа успеавме од моментот на влезот на вирусот да преземеме мерки и во ниту еден момент вирусот да не излезе од контрола“, рече Османи.Тој рече дека денешните одлуки не се ад-хок решенија, туку се дел од подолгорочна стратегија на Владата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Три месеци се справуваме со коронавирусот, неколку пати кажавме дека првата битка е добиена, но борбата ќе трае

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките, бидејќи ако тоа не биде така, агонијата со вирусот ќе продолжи, а по неколку месеци, повторно ќе мора да се воведат рестриктивните мерки.„Сега по три месеци ние на некој начин сме на една раскрсница, дали да продолжиме постепено да го враќаме животот во нормала, да се отвораат и угостителските објекти, бизнисите, постепено и границите, а притоа, граѓаните да ги почитуваат сите мерки кои што се пропишани од Комисијата за заразни болести. Или ако тие мерки не се почитуваат, оваа агонија со вирусот да продолжи понатаму, па по неколку месеци повторно да бидеме соочени со предизвик да воведуваме рестриктивни мерки“, рече Филипче.Тој кажа дека сите граѓани се одговорни, мерките за носење на заштитни маски, дезинфицирање, дистанца, мора да се почитуваат бидејќи вирусот е тука.„За жал до овој момент многу граѓани беа жртва и во ризик од граѓани кои овие мерки не ги почитуваа. Ние практично три месеци се справуваме со коронавирусот, неколку пати кажавме дека првата битка е добиена, но борбата ќе трае, ќе мораме да научиме да живееме со вирусот, но мора да се заштитиме. Сакам да кажам дека целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата. Очигледно е дека вирусот е тука и ќе биде тука, веројатно ќе чекаме вакцина и колективен имунитет, иако е тоа далеку.Да се почитуваат сите мерки, да се носат маските, да се дезинфицираат рацете, да се мијат. Сите сме одговорни“, додаде Филипче.

Македонија | пред 5 години

spasovski-1

Спасовски: Од четвртот почнуваат да работат угостителските објекти

Техничкиот премиер Оливер Спасовски соопшти дека Владата донела одлуки да прекине повеќе рестриктивни мерки.„Од утре нема да важи забраната и посебниот режим на движење на целата територија. Од четврток, отпочнуваат со работа угостителските објекти според протокол на отворените делови, односно терасите. Во затворените делови ќе се регулира во наредната фаза. Од први јуни ќе престанат да важат заклучоците со кои различни категории лица се ослободени од работа поради различни причини, а одлуката ќе има соодветен протокол за работа. Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка ќе има и за родители кои имаат деца до 10 години и во предшколска возраст, за кои ќе се чека одлука за работа на градинките“, рече Спасовски.Тој кажа дека се укинува и се укива и задолжителниот карантин со домашна изолација.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/616173899248067/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 5 години

31032020_Spasovski_Pres_7

(ВИДЕО) Прес конференција на Спасовски, Филипче, Османи, Караџоски -Се укинува полицискиот час

Прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски.Владата на денешната седница донела одлука за целосно ослободување на движењето, односно за укинување на полицискиот час, како и почеток на работа за угостителските објекти.Според неофицијалните информации, забраната за движење ќе биде укината утре, додека кафаните ќе отворат во четврток.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/616173899248067/  фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

skopje-3

Позната одлуката на Владата, ќе се укинува, но и отвора она што беше затворено

Владата одлучи да ги прифати предлозите на Комисијат за зарзни болести и да го укине полицискиот час, но и, за два дена да може да се отворат сите угостителски објекти, неофицијално дознава „Скопје1.мк“ од извори на владината седница.Засега останува непознато што е одлучено во однос на отворањето на градинките, но и, отворањето на границите. Официјалните податоци ќе ги презентираат техничкиот премиер, Оливер Спасовски и епидемиологот Жарко Караџовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zarko

Нема да има целосно олабавување на мерките, Комисијата за заразни болести има нова анализа

Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните.Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.Денеска на прес конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи Др. Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања