Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

26052020_PVRSM-Spasovski_MTV-Sugareski_MEPSO-Shukleva_dalnovod-Stip-Probistip_1

Спасовски: Ја обновивме и модернизиравме инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа за поголем економски потенцијал и подобра бизнис клима

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, присуствуваa на завршните активности на 110 киловолтниот далновод Штип – Пробиштип по што следува пробното пуштање во работа на делницата што ја поврзува трансформаторската станица Штип со трафостаницата на индустриската зона „Неокази“ во непосредна близина на Пробиштип.Во изјавата за медиумите по овој повод, премиерот Спасовски истакна дека со овој голем инфраструктурен проект на акционерското друштво во државна сопственост МЕПСО, се подобрува снабдувањето со електрична струја за неколку градови во источниот дел на земјата, а исто така се овозможува директно и квалитетно снабдување со овој енергенс и до индустриската зона „Неокази“ близу Пробиштип.Воедно тој потенцираше дека со обновувањето и модернизирањето на инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа се создава подобра бизнис клима и се зголемува економскиот потенцијал како значајна основа за актуелните и сите потенцијални инвеститори во регионот.„Оваа модернизација значи во крајна линија создавање услови на долг рок за подобрување на целокупното општествено живеење. Затоа што редовно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија е основен предуслов за сите сегашни и идни инвеститори да вложат во земјата, да отворат нови работни места, да го зголемиме бруто домашниот производ, и да создадеме поквалитетна сегашност и просперитетна иднина“, подвлече претседателот на Владата Спасовски.За оваа Влада, посочи премиерот Спасовски е приоритет модернизирањето и зголемувањето на преносните капацитети на електропреносниот систем бидејќи тој е крвотокот на електроенергетскиот систем.„Од значењето на електроенергетскиот систем произлегува и уникатното стратешко значење на МЕПСО како државна компанија која управува со електропреносниот систем и која во реално време, 24 часа секојдневно, ја контролира стабилноста и размената на електрична енергија со електропреносните системи на сите соседни држави“, истакна премиерот Спасовски.Тој посочи дека од тие причини, АД МЕПСО ја има целосната поддршка на Владата за континуираното вложување во преносната мрежа и за надградување на системот.„Тековните инвестиции во преносната мрежа вклучително изградба на нови и модернизации на трафостаници и далноводи изнесуваат 50 милиони евра, и Владата е секогаш подготвена да ги поддржи добрите проекти и со тоа да ја зголеми економската благосостојба на населението во овој регион и во целата земја, што е наша крајна цел“, подвлече премиерот Спасовски.Министерот за транспорт и врски, Сугарески потенцираше дека инвестициите во електроенергетиката и модернизацијата на преносната мрежа е од огромно значење како за унапредување на стопанството и раст на економијата, така и за секое домаќинство во државата.„Денес сведочиме на успешна реализација на многу значаен проект кој претставува само дел од тековниот инвестициски циклус и вклучува изградба на нови капацитети и модернизација на постоечки трафостаници“, информираше министерот Сугарески.Тој воедно наведе дека во моментов се одвиваат обемни активности за модернизација и ревитализација на 6 трансформаторски станици.„Исто така во фаза на подготовка е изградба на 4 нови далекуводи на постоечките траси, со што, ако го земеме предвид и овој објект каде присуствуваме денес, станува збор за изградба на 150 километри нова далекуводна мрежа“, нагласи министерот Сугарески.Тој посочи дека она што е особено важно е дека овој инвестициски фронт ќе биде одбележан со проектот за изградба на нов 400 киловолтен далекувод од ТС „Битола“ – ТС „Елбасан“ и проектот за изградба на нова трансформаторска станица кај Охрид.„Покрај инвестициите во електроенергетиката, со силно темпо работиме на реализација на крупни капитални инвестиции и во делот на патната, комуналната и железничката инфраструктура, интензивно тече изградбата на магистралниот гасовод. Станува збор за најголемите инвестиции во инфраструктурата досега, со вредност од преку 1 милијарда евра“, потенцираше министерот Сугарески, и додаде дека сето тоа значи раст на градежништвото, нови работни места, подобри услови за работа на компаниите, стимулирање на економијата и поквалитетен живот на граѓаните.Генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева, истакна дека со овој далновод се овозможува стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија на новата индустриска зона до Пробиштип и со тоа се остваруваат заложбите на Владата да се подобрат условите во кои работи бизнис секторот и да се создаде подобра економска перспектива за Пробиштип и околните градови.„Станува збор за реконструкција на 110 kV далновод што беше во функција 48 години, изграден 1972 година и беше поставен на армирано – бетонски столбови. На постоечката траса старите бетонски ги заменивме со нови челично-решеткасти столбови. На нив се поставени нови проводници, овесна и спојна опрема и ново заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна“, нагласи директорката Шуклева.Таа информираше дека реконструкцијата се финансира со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а инвестицијата за изградба на далноводот вреди 2,45 милиони евра.Директорката Шуклева наведе дека вкупната должина на далноводот е 25,2 км и планирано е работите во целост да завршат ова лето во август.Овој далновод е дел од најголемиот инвестициски циклус во историјата на МЕПСО кој опфаќа: реконструкција на 6 далноводи кои работат на 110 kV ниво, модернизација на 6 трансформаторски станици и изградба на прв далекувод што ќе не поврзе со електропреносниот систем на соседна Албанија и изградба на нова трансформаторска станица кај Охрид.

Македонија | пред 5 години

Pres-K.Kostadinov

Костадинов: Изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок

Ставот на СДСМ неколкупати јавно го соопшуваме и тука нема што да се крие. Како што напоменав и во оваа прес-конференција дека изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок, секако по завршување на вонредната состојба и согласно состојбата со епидемијата. Избори се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции коишто ќе бидат целосно посветени на заштита на здравјето на граѓаните, но потребни ни  се функционални институции коишто ќе бидат посветени и за рестарт на македонската економија. Рековме дека договор е можен до завршување на вонредната состојба, согласно законите се знае дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, одгобарајќи на новинарско прашање.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Од владејачката партија има молк по ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се поставени македонската историја и македонскиот јазик?Дали дел од пакетот на договор е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик?За само неколку месеци ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евроатланските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед.Заев со неговата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија.Заев  не е способен да испорача резултати на ниту едно поле.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Побарани парични казни од по 2000 евра за две лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои не го почитувале полицискиот час.Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, лицата биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа. На овој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Јавниот обинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-3

Денеска се потврдени 16 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај.Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.Во последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 733, активни 208•       Куманово – 436, активни 35•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-46, активни 11•       Прилеп –210, активни 46•       Тетово – 177, активни 70•       Струга – 76, активни 9•       Велес – 127, активни 40•       Битола –28, активни 7•       Охрид –23, активни 8•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –22, активни 4•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 3, активни 1•       Крива Паланка- 6, активни 0•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 0•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 0•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 0•       Свети Николе-1, активни 1Направените 314 теста се преку: ИЈЗ –292, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -13  и МАНУ -0.  Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно испрвката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациент. На респиратор се 7, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Tiroidna-zlezda

Меѓународна недела за подигнување на свесноста за здравјето на тироидната жлезда посветена на здравјето на мајките и новороденчињата

Во периодот од 25 - 31 мај се одбележува 12. Меѓународна недела за подигнување на свесноста за здравјето на тироидната жлезда. Здравјето на тироидната жлезда е важно за целокупното функционирање на организмот, бидејќи тироидната жлезда произведува тироидни хормони кои го регулираат телесниот метаболизам – производството на енергија од нутритиентите и кислородот и се неопходни за круцијалните телесни функции, како што е правилното функционирање на срцето, мускулите и дигестивниот тракт, мозокот и скелетниот систем.По тој повод, од Универзитетската клиника за ендокринологија потсетуваат дека навремената дијагностика е најважна за успешен третман на заболувањата на тироидната жлезда и доколку навреме се открие болеста и се почне со адекватна терапија, лицата со нарушена функција на тироидната жлезда може да водат нормален живот. Токму поради тоа е потребна редовна контрола на функцијата на тироидната жлезда, која може да се изведе со проверка на нивото на тироидни хормони во крвта. Третманот се состои од земање терапија со тироидни хормони, доколку пак, станува збор за тироидна жлезда која лачи повеќе тироидни хормони, терапијата е со антитироидни лекови, кои го спречуваат зголеменото лачење на тироидни хормони.По повод одбележувањето на Меѓународната недела за подигнување на свесноста за заболувања на тироидната жлезда, која годинава е посветена на здравјето мајките и новороденчињата, Универзитетската клиника за ендокринологија упатува препораки за заштита на нивното здравје.„Жените се многу поподложни на заболувања на тироидната жлезда - една од осум жени може да има проблем со функционирањето на тироидната жлезда во текот на животот. Ова е посебно важно да се земе во предвид во тек на бременоста, бидејќи за адекватен раст и развој на бебето, како во текот, така и по бременоста, неопходно е оптимално ниво на тироидни хормони, кои се одговорни за правилен раст и развој“, потенцираат од Клиниката. „За таа цел, во нашата земја, кај сите новороденчиња, задолжително се прави проверка за функционирањето на тироидната жлезда – TSH скрининг. Многу е важно жените кои имаат заболување на тироидната жлезда, штом ќе дознаат дека се бремени, веднаш да се јават на својот ендокринолог, со цел да се провери дали нивото на тироидни хормони во крвта е адекватно.Инаку, нарушувањата на тироидната жлезда, како хипотироидизмот (недоволно лачење на тироидни хормони)  и хипертироидизмот (прекумерно лачење на тироидни хормони) може да предизвикаат проблеми со забременување и неплодност.Се препорачува да се направи проверка на нивото на тироидни хормони во крвта доколку жената неуспешно се обидува да забремени повеќе од дванаесет месеци, доколку има нередовни менструални циклуси или претходни неуспешни бремености или доколку во своето семејство има лице со дијагностициран проблем со тироидната жлезда“, посочуваат од Универзитетската клиника за ендокринологија.Оптималното ниво на тироидни хормони во тек на бременоста е есенцијално за здравјето, како на мајката, така и на бебето. Недостигот од тироидни хормони (хипотироидизам) во тек на бременоста може да доведе до несакани исходи од бременоста. Мајките со хипотироидизам многу почесто имаат покачен крвен притисок во тек на бременоста, кој може да води до прееклампсија, почесто е и предвремено породување, породување со царски рез и можноста за крварење по породувањето. Бебињата на мајките, кои имаат недоволно ниво на тироидни хормони, во тек на бременоста може да се родат со пониска родилна тежина, често се раѓаат пред термин, може да имаат неадекватен раст и невропсихолошки нарушувања.Научните сознанија покажуваат дека некаква форма на нарушена тироидна функција се јавува кај 5% од светската популација, или дека околу 1,6 милијарди луѓе се во ризик да развијат нарушување на функцијата на тироидната жлезда. Дури 50% од луѓето кои имаат заболување на тироидната жлезда, може да бидат несвесни за симптомите во раните фази на заболувањето.Постојат два главни типа на нарушена тироидна функција, односно нарушено создавање хормони на тироидната жлезда: хипотироидизам - состојба кога тироидната жлезда не произведува доволно тироидни хормони, што резултира со успорување на телесните функции и метаболни процеси. Симптоми на хипотироидизам може да бидат слабост, малаксаност, добивање телесна тежина, забавена работа на срцето, нетолеранција на студ, нарушен мисловен процес, депресија, констипација, болки во мускулите и зглобовите, сува и кршлива коса и нокти, нередовен менструален циклус или проблеми со забременувањето кај жените. Неретко кај оваа состојба може да се види зголемување на тироидната жлезда – гушавост и хипертироидизам - состојба кога тироидната жлезда произведува повеќе тироидни хормони од неопходното, што резултира со забрзување на телесните функции и метаболни процеси. Симптомите на хипертироидизам се резултат на еден забрзан метаболизам и вклучуваат: слабеење, забрзана работа на срцето, вознемиреност, нервоза, проблеми со сонот, забрзана работа на цревата, мускулна слабост следена со тремор, потење, нарушување на менструалниот циклус, при што тироидната жлезда често е зголемена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Зголемувањето на платите за здравствените работници инвестиција во човечки капитал, во јавното здравство, но и во иднината на државата

Во мигови кога целиот свет се соочува со криза за јавното здравје, јасно е дека здравството и здравствените работници се еден од клучните столбови во државата, кои се во постојана борба за справување со коронавирусот, но се и најизложени на ризици. Како резултат на несебичните заложби на вработените во здравствените установи за сите здравствени и нездравствени работници коишто беа вклучени и сè уште се вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирусот во нашата земја, доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници – болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош ќе добијат награда од 20% од основната плата за два месеци. Начинот на исплата ќе биде со платежната картичка која се чека да биде подготвена од страна на министерството за финансии.„Оваа награда е само дополнување на она на што веќе работиме подолг период во Министерството за здравство - вложуваме во човечкиот капитал, во јавното здравје, зошто знаеме дека само квалификуван и мотивиран медицински кадар е еден од основните предуслови за квалитетно здравство. Почнувајќи од 2018 година постојано вложуваме во вработените во јавното здравство и во споредба со декември 2017 година сега за илустрација само основната бруто плата на лекарот специјалист е зголемена за повеќе од 50%, на медицинските сестри за 33%, на општите лекари за 29%, а на здравствените соработници за 15%, не сметајќи ги наградите.“ – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.Првото покачување на платите во јавното здравство беше во месец септември 2018 година, на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за 5%; во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари, 5% за медицинските сестри, 8% на медицинските сестри на Клиниките и 10% за докторите специјалисти; и во септември 2019 година за 5% беше зголемена платата на администрацијата во здравството. Со зголемувањето на платите за февруари 2020 година на лекарите специјалисти за 25%, и на медицинските сестри за 10%, се заокружува циклусот на покачувања на плати во здравството.За илустрација просечно пресметаната и исплатена платата за профилот наставен кадар во декември 2017 година изнесувала 87.517 денари во бруто износ и до февруари 2020 година е зголемена на 122.810 денари или 40,3% зголемување на бруто износот. Просечната плата на доктор специјалист во декември 2017 година изнесувала 72.192 денари во бруто а во февруари 2020 година е зголемена на 111.377 денари – зголемување од 54%, додека кај доктор на медицина во декември 2017 година изнесувала 45.952 денари во бруто износ и во февруари 2020 година се зголемува на 58.991 денари, односно зголемување од 29%.Кај медицинските сестри со ВСС во декември 2017 година просечната плата изнесувала 37.753 денари во бруто и во февруари 2020 година е зголемена на 50.376 денари, а кај  медицински сестри со ССС во декември 2017 година изнесувала 28.814 денари и до февруари 2020 година се зголемила на 38.182 денари во бруто износ. Односно зголемувањето на просечната бруто плата кај медицинските сестри е 33,4%, односно 32,5%.Кон овие зголемувања во платите, во текот на изминатите две години зголемени се коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници 4 до 5 пати и тоа 20% зголемување добива наставниот кадар, 25% - лекарите специјалисти, 15% - општите лекари, 10% - медицинските сестри, и по 5% здравствените соработници и помошно техничкиот персонал.При тоа, Филипче истакна: „Иако ова е едно од најголемите покачувања на надоместоците во здравството со кои ги зајакнуваме професионалните капацитети на здравствените работници, тоа не го сфаќаме како трошок, туку како инвестиција во јавното здравство, но и во иднината на државата со оглед на тоа што имаме значителни подобрувања во сите сегменти на здравството, што директно ќе влијае врз одлуката на здравствените работници својата кариера да ја градат во нашето јавно здравство. Во мигови на здравствена криза како оваа која ја живееме денес, тоа се покажува како добра стратегија и инвестиција.”Министерот Филипче потсетува и дека во периодот откога е на чело на Министерството за здравство, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи во земјава, а за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија и одобрени се повеќе од 1.000 специјализации и супспецијализации.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

janeva-ruskovska

Русковска: Kлучниот лик на „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

„ По Јанева заедно со ‘Чарлиевите ангели’, најголемиот дел од нас ги издигнавме на највисокиот пиедестал во една држава, а тоа е пиедесталот за борба за правда и правичност. Од тие кои ги поддржувавме, доживеавме разочарување кога клучниот лик на ‘Чарлиевите ангели’ премина на страната на злото”, истакна на почетокот од својот завршен говор за „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска.Таа за Камчев и „Империја додаде:„Кога Камчев дојде во обвинителството и кажа што се случувало, мислев дека се наоѓам во лош сон. Износите на пари кои се барани повеќето од нас не можеме да ги замислиме ни на сон, а не на јаве”, истакна Русковска.Пред да почне рочиштето, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, реагираше дека член на судечкиот совет е со изминат мандат. Но, после кратка пауза судијката Васка Николовска-Масевска, достави доказ дека на наведениот судија поротник мандатот му започнал во јули 2018, а не како што тврдеше адвокатот Сашко Дуковски, дека мандатот му почнал од декември 2015.Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Од утре почнува исплатата на мајските пензии, еве како ќе може да се подигнуваат

Над 320.000 пензионери ќе ја добијат предвреме мајската пензија. Почнувајќи од утре, 27 мај, ќе почне етапната исплата на мајската пензија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда 27 мај. Тие можат да ја подигнат мајската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, да носат лична заштитна опрема којашто ги покрива устата и носот како и да држат растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од МТСП.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

99155337_2395609134079439_4462865749513338880_o

(ФОТО) Цинична честитка од Грчки хирург за македонските колеги кои извшија трансплатацијата на срце

Грчки хирург на Фејсбук цинично им честиташе на своите колеги за извршената трансплатација на срце, но посочи дека тоа се случило во Северна Македонија, додека пак во Македонија (Тесалоники) првата странсплатација на срце била изведена одамна, пред многу години.„Честитки!! ....мислите во Северна Македонија- Скопје. Бидејќи во Македонија (Тесалоники) првата трансплатација ја извршивме одамна, пред многу години“ напиша грчкиот хирург.извор: press24.mk

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Комисијата за заразни болести предлага: Од утре отворање на кафулињата, границите на 1 ви јуни

На денешната Комисија за заразни болести било разговарано за отворање на кафулињата и рестораните од утре, отворање на границите од 1 јуни во договор со соедните држави, како и за укинување на полицискиот час со оглед на тоа што не се почитува, дознава неофицијално „Фокус“.Ова се заклучоците на Комисијата кои преку министерот за здравство Венко Филипче ќе бидат предложени до владата, која на владина седница го има последниот збор.Текстот во целост на:„Фокус“.

Македонија | пред 5 години

tepacka-zeni

Тепечка на брачни двојки во Велес

Две брачни двојки синоќа физички се пресметале во Велес. Според информациите на полицијата, по претходна расправија дошло до тепачка помеѓу А.М.(45) и неговата сопруга Е.Ј.(42), од една страна и С.К.(36) и неговата сопруга А.К.(34), од другата страна.Настанот се случил на улицата „Јордан Џурнов“.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

restoran

Угостителите единствени: Денеска од 12 до 18 часот ќе пуштаат музика, велат со ова да им покажаме дека сме тука

Спласнува трпението кај сите. Естрадните уметници, угостителите, но и граѓаните чекаат дозвола за да можат да продолжат со работа. Одлука комисијата за заразни болести треба да донесе денеска. Доза оптимизам дава изјавата на министерот за здравство кој кажа дека по карантинскиот викенд ќе има олабавување на мерките, но и најави дека ќе се отворат угостителските објекти, кои ќе треба да работат по нови правила.Сопствениците на угостителските објекти, сеуште со доза на неверување.  Објектите ги исчистија, дезинфицираа и прилагодија на мерките уште пред 10 тина дена.  Но, бидејќи се плашат дека и денеска повторно нема да добијат зелено светло за работа тие одлучија да го привлечат вниманието.– По продолжениот карантински викенд, ги повикуваме сите сопственици на угостителски објекти од денеска во сите локали да се извади по некој звучник и да се пушти музика. Целта е да покажеме дека сме тука и полека да привлечеме внимание и да ги разбудиме луѓето и одговорните. Исто така, ќе извршиме дополнителен притисок, дека сме подготвени за поскоро отварање. Ве повикуваме сите заедно денеска точно од 12- 18 часот да пуштаме музика, секој по свој избор и да покажеме единство, се вели во писмото на дел од сопствениците на угостителските објекти.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

fudbal

(ФОТО) Во Чаир се игра фудбал под рефлектори среде - полициски час

Синоќа на Фејсбук-страницата „Ултрас-тифо.нет“ се појави фотографија од Скопје, на која може да се забележи како се игра фудбал и тоа среде полициски час.Теренот, според пишувањето на страницата, се наоѓа во населбата Чаир, а очигледно во оваа скопска населба дел не ги почитуваат мерките донесени од Владата. Пред еден месец овој скопски дел исто така беше во центарот на вниманието поради играње фудбал за време на полициски час, но тогаш беше  преку ден.https://www.facebook.com/ultrastifo/photos/a.10151766943787466/10157130216372466/?type=3&theater

Скопје | пред 5 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Денес завршни зборови за „Рекет“

Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбрана на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде поранешна прва обвинителка на СЈО обвинетата Катица Јанева, која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршела својата работа додека било на чело на Специјалното обвинителство.Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Полицискиот час не го почитувале 126 лица - приведени се  79 лица

Во текот на изминатото деноноќие (25/26.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата  држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени  се  79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  18 прекршоци.  За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

direkcija-3

СДСМ: Преку почитување на препораките за заштита од коронавирусот се грижиме за нашето и за колективното здравје

Македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата со коронавирусот.  Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова, се вели во соопштението од СДСМ.Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем.Но, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или се пронајде вакцина.Затоа од исклучително значење е граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките на Владата, за неопходната физичка дистанца и носење заштитна опрема.Да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот но на начин на којшто ќе бидеме заштитени а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас.На тој начин се грижиме за нашето и за колективното здравје, но и директно им помагаме на здравствените работници, кои се во првата борбена линија со коронавирусот.Секој од нас треба да им помогне со почитување на мерките за заштита, секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. Продолжуваме да  вложуваме во одржлив здравствен систем.Преку одговорни и стратешки политики ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и создадовме услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.Сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност што нашите здравствени работници го вложија изминатиов период и од тие причини вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот - доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

korona-2

ВМРО ДПМНЕ: Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот

Владата на Заев и на СДСМ доживеаа вистинско фијаско во справувањето со пандемијата. Граѓаните се жртви на неспособноста на оваа Влада.  Статистичките показатели за епидемијата во Македонија се поразителни. Речиси 2 илјади граѓани се заболени од почетокот на кризата, a 113 наши сограѓани ја загубија борбата со вирусот, голем дел на патот кон болницата. Дел од нив немаа шанса навреме да се тестираат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Додека Владата на СДСМ се фали со успесите во справувањето со пандемијата, во последните 5 дена Македонија има најголем број на новозаразени на 1 милион жители.Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители.Македонија е прва со црната статистика со најголем број починати на 1 милион жители во регионот.Додека македонските граѓани живеат со последиците од неспособноста на власта во справувањето со коронавирусот, Заев агитира за брзи корона избори, избори кои го загрозуваат здравјето на граѓаните со единствена цел да го намали поразот.Анкетите велат дека над 70 проценти од граѓаните се против брзи избори во јуни. здравјето мора да биде приоритет за одговорните политичари.Граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес, а кој за свои лични и теснопартиски интереси.Казната за ваквото однесување од граѓаните за Заев ќе дојде на следните избори.Оваа влада на Македонија и донесе хибриден режим, сиромаштија и корупција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nake-i-idze

Иџе Стефановски: „Медицинарите и полицијата се нашите херои“

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе денеска после 18 часот започна со промотивно возење на релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош.  Возењето со неговиот тркачки автомобил е во чест на сите здравствени работници и полицајци.„Медицинарите и полицијата се нашите херои“ оваа порака денес ја пренесе најдобриот македонски автомобилист Igor Idze Stefanovski. Преку промотивната трка насловена ,,ќе брмчи Иџе“ тој дава поддршка на медицинските лица, полицијата, армијата кои се на првата борбена линија во справувањето со коронавирусот, напиша на својот Фб профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Министерот во својата објава додаде:Во изминатиот период полициските службеници покажаа високо ниво на професионалост, одговорност, но и подготвеност да се справат со сериозни предизвици. Министерството за внатрешни работи покажа високо ниво на организираност и е столбот кој ја обезбедува здравствената сигурност на граѓаните.На барање на организаторите Министерството за внатрешни работи со своите ресурси даде поддршка на овој настан и со тоа уште еднаш искажуваме голема благодарноста за придонесот кон секој оној кој безпоштедно даваше се од себе во оваа борба.На денешниот настан упатив благодарност до Idze за овој гест кој е уште една потврда дека тој е спортист кој го сака својот народ и својата држава. Заеднички посакавме оваа состојба да заврши што поскоро и улиците повторно да бидат полни со луѓе, напиша Чулев на ФБ.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/pcb.161672838692852/161672318692904/?type=3&theaterфото: ФБ Наќе Чулев 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Чулев: Доколку се покаже дека „орото“ во Чаир било за време на забраната за движење ќе се преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците

Намалување на бројот на заразени од вирусот Covid19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Министерот додаде:🗣️ Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки. Во контиутет ги следиме социјалните мрежи, видеа и содржините кои се објавуваат и секаде каде што има основ за постапување, Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности.▶️ Во оваа прилика сакам да напоменам дека во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото.❗ На сила се уште е ограничувањето на движењето кое беше воведено за продолжениот викенд кој завршува денес. Министерството за внатрешни работи со сите свои ресурси го контролира спроведувањето на одлуките на Владата и овој пат со задоволство можам да констатитирам дека полициските службеници одговорно и професионално ја вршат својата работа, а граѓаните се одговорни. И воедно ќе напоменам дека на територијата на град Скопје овој викенд Секторот за внатрешни работи од Скопје имаше распоредено вкупно 55 патроли на полициски службеници, а одлуката поврзана со ограничување на движењето со минорни исклучоци се почитува на територијата на целата држава.✔️Наспорен факт е дека заедничка желба на сите нас е состојбата да се нормализира што поскоро и во таа насока апелирам на разумност, одговорност и строго придржување до препораките за заштита на здравјето.  https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.112821600244643/161682135358589/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

dimitrov

Димитров и се заблагодари на норвешката колешка за помошта за справување со пандемијата

На барање на норвешката страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес разговараше со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.Димитров и’ се заблагодари на норвешката влада, којашто одобри помош во вредност од 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата на УНОПС за Северна Македонија, Србија и Црна Гора, за медицински материјали и препарати за справување со пандемијата. Од тие средства беа набавени респиратори со што беше зајакнат капацитетот на здравствениот систем во справувањето со Ковид-19.Тој исто така упати благодарност и за Проектот наменет за  изработка на систем за процесирање на класифицирани информации во Министерството за надворешни работи, што исто така е финансиран од Кралството Норвешка.Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби поврзани со здравствената криза, предизвиците и можностите за поддршка, ги споделија искуствата и праксите при справувањето со неа и уште еднаш беше истакната потребата од солидарност и соработка.Воедно, Министрите изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка, а се осврнаа и на блиската соработка во мултилатералата.фото: МНР

Македонија | пред 5 години

korona-sutka

(ВИДЕО) Во Шуто Оризари раздвижено е и за време на полицискиот час

Коронавирусот не ги плаши жителите на Шуто Оризари. Во оваа скопска населба раздвижено е и за време на полицискиот час. Дел од жителите велат дека короната е бизнис, а не вирус. Нема ниту еден заболен тука – велат жителите во анкетата за ТВ 24.  Повеќе велат ги плаши тоа што немаат пари како да го преживеат месецот, објави ТВ 24.„Кога ќе видиме полиција бегаме дома. Ова што е корона, ние го викаме корона бизнис, никој не е болен кај нас во Шутка.“„Може има стварно корона, но луѓето во Шутка имаат поголеми проблеми, немаат работа, немаат за јадење“Во Топаана пак мораше да интервенира и полицијата. И тука раздвиженост за време на полицискиот час регистрираше ТВ 24.  Според здравствените власти семејните собири и групирањата се главните причини за повторниот пораст на заболени.извор: ТВ 24

Скопје | пред 5 години

mozocen-udar-1

Мозочен удар и COVID 19 - Активности на здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“

Додека пандемијата COVID19  ги зема своите жртви, во здравството се јавува опасност од појава на дополнителни тешки последици по многу други болести  кои може да бидат серизони и долготрајни.  Пандемијата COVID-19 според светската организација за мозочен удар (World Stroke Organization) , која ги мониторира искуствата низ светот, значајно се одразува на здравствената услуга која им се пружа на болните со мозочен удар Утврдено е дека лицата со церебро-васкуларни болести  се особено подложни на развој на компликации и смрт кога страдаат од инфекција COVID-19 , токму  затоа, тие треба да бидат заштитени од контакт со заразени лица . Но, пандемијата има многу пошироко влијание врз грижата за болните со мозочен удар. Присутно  е значително  отежнување при пружање на здравствените  услуги поврзани со мозочните  удари.      Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, согласно со препораките на светската организација за мозочен удар во изминативе три месеци се вклучи со повеќе активности во мисијата да се подобри статистиката  Континуирано беа организирани  активности, водени од тим на лекари и медицински сетстри,  преку кои јавноста беше информирана за проблемите на болните од мозочен удар и при тоа беа понудени практични  совети во однос на раното препознавање на знаците на мозочен удар како и потребата од брза реакција и упатување во соодветен центар, потребата од ран скрининг на ризикот кај оние кои имале транзиторна исхемична атака или мал мозочен удар,  но и поддршка на  болните во однос на  менаџирање на хроничните тегоби настанати по мозочен удар како спастицитет, болка, депресија ,деменција и сл. Преку ZOOM платформата допревме до повеќе од  200 лица  кои директно или индиректно се поврзани со мозочниот удар.     Активистите на здружението постојано беа во контакт со заболените и нивните семејства и континуирано ја следеа состојбата на болните во регионот на југозападна Македонија. Исто така ,здружението направи обид да не ги остави настрана ниту  најосетливите категории на нашите штитеници и во соработка  со ТАМАРО маркетите во неколку акции  подели помош од храна и основни продукти на социјално загрозените .фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Излез од Криза

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Колку и да се големи проблемите, неопходно е да размислуваме позитивно и да се надеваме дека ќе пронајдеме решение за излез од кризата. Главното мото на позитивната психологија се темели врз ставот: „Како размислуваш така доживуваш“.Постојаното размислување за болест, неуспех и пораз е пат за доживување болест, неуспех и пораз. Преокупирањето со негативното отвора можност да се случи негативното. Од друга страна, позитивниот пристап и афирмативниот начин на размислување создаваат предуслови за успех, напредок и реализација.Умот функционира низ принципи произлезени од вродени идеи, карактерни својства, стекнати ментални обрасци на однесување и навики создадени во текот на животот.Многумина имале ужасни примери и научени се на некои мошне лоши и деструктивни навики. Негативните животни околности предизвикале нивната визија на светот да биде помрачена со алчност, себичност и несигурност. Со овие лица многу тешко оди соработката, пријателството или љубовната врска, бидејќи во сè гледаат црнило, непријателство и неубави нешта. Нивниот модел на однесување се карактеризира со критицизам, отпор и негација.Постојат периоди кога секој од нас е подложен на негативни мисли и чувствува, страв за перспективите на иднината. Опасноста за здравјето се појавува ако долго време сме под влијание на негативни емоции и константно опфатени со стресни ситуации. Навикнувањето на умот да живее со емоционални болки, проблеми и тешкотии ќе предизвика несвесно да влегуваме во проблеми, да доживуваме болки и да се сретнуваме со тешкотии. Излезот е во промена на менталниот склоп на размислување и во поништувањето на начинот врз кој нашиот ум е програмиран од лошите искуства.ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ЛОШИТЕ МАТРИЦИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД МИНАТОТО СЕ: ПРИФАЌАЊЕ; ВЕРУВАЊЕ И ПРЕДАВАЊЕ. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕШТАТА КОИ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ПРОМЕНИМЕ, ДОЛЖНИ СМЕ ДА ГИ ПРИФАТИМЕ; ЗА ДА ГО ПОСТИГНЕМЕ ТОА ШТО ГО САКАМЕ – МОРА ДА ВЕРУВАМЕ; ЌЕ СЕ ОТВОРИМЕ ЗА ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ИДНИНАТА  – ДОКОЛКУ Ѝ СЕ ПРЕДАДЕМЕ.Сè потекнува од умот. Афирмативните мисли и зборови претставуваат моќна енергија. Тие можат да исцелуваат, да создадат позитивна енергија помеѓу луѓето и да ја смират ситуацијата. Народната мудрост вели: „Убавиот збор, железни врати отвора;  позитивната мисла чуда создава“. Со силна верба во Бога, желбите стануваат реалност, бидејќи како што кажал Исус Христос: „Сè е можно за оној што верува“.Затвореното срце, крутоста во размислувањето, недовербата во духовното, преокупираноста со материјалното и ниските страсти се најголеми пречки за остварување внатрешен мир. Сите ние носиме во себеси еден дел на неверие, грешност, малодушност, отпор и неприфаќање. Кога ќе се ослободиме од таквите состојби, ќе можеме својата енергија да ја искористиме за надминување на кризата и за воспоставување на смиреноста.Силната верба и посветената молитва создаваат чуда, зашто според зборовите на папата Фрањо: „Молитвата која моли за чудо е посебно дело во кое треба да бидат вклучени сите, треба сите да бидат вовлечени. Чудата постојат и се случуваат и денес! Но за тоа е потребно да се молиме од срце“. Асоцијацијата е да настојуваме низ молитва и позитивна енергија да оствариме душевен мир на тој начин што ќе се сосредоточиме врз смирувачки мисли, зборови и дела, и дење и ноќе. Тие имаат чудесна лековита моќ и придонесуваат емоционално да се смириме, ментално да се сталожиме и душевно да се хармонизираме.Кога повеќето од луѓето духовно ќе се сродат и прозрачат со вера, љубов и позитивна енергија, тогаш не треба да стравуваме од разни негативни влијанија произлезени од корона вируси и лоши (алчни) човечки настојувања. Треба да знаеме дека силата на доброто е секогаш помоќна од силата на злото, а кое својата сила ја црпи од незаинтересираноста на мноштвото да му се противстави на лошото. Релативизирањето на злото и игнонирањето на доброто е патоказ што води кон пропаста и ништожноста на постоењето.ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА БОГ ЗА СИТЕ НАС ИМА УБАВИ ПЛАНОВИ И ТРАСИРА ПАТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА. НАШЕ Е ДА СЕ ОТВОРИМЕ ЗА ПОЗИТИВНОТО И ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГО ПОТХРАНУВАМЕ НЕГАТИВНОТО. ТРЕБА ДА ИМАМЕ НА УМ ДЕКА ПОЕДИНЕЦОТ КОЈ ИНИЦИРА МАЛ ГРЕВ, УТРЕ ЌЕ БИДЕ СПОСОБЕН ДА НАПРАВИ МНОГУ ПОГОЛЕМ ГРЕВ, БИДЕЈЌИ „СЕКОЈ (НЕПОКАЕН) ГРЕВ РАЃА НОВ ГРЕВ“.Сè што се случува длабоко во нас, емитира вибрации врз нештата околу нас. Голем број луѓе живеат со внатрешен конфликт и потсвесна агресивност. Тие зрачат со незадоволство и негативна енергија, манифестирајќи нетрпеливост, нетолеранција, гнев и тензија. Смирениот и пријатен човек зрачи со позитивна енергија и споделува радост, милина, виталност и топлина. Кога остваруваме контакт со позитивци, се чувствуваме убаво и сакаме почесто да бидеме во нивно друштво. Негативците предизвикуваат да се чувствуваме неубаво, изнемоштено и нервозно.Многу од нив се енергетски вампири кои своето биополе го надополнуваат на сметка на туѓото биополе. Ако подолг временски период одржуваме блиски односи со овие личности, може да се доведеме во состојба на исцрпеност, расеаност и несигурност. Животната енергија (виталност) е најскапоцената вредност без која не можеме здраво и хармонично да функционираме. Кога креативната енергија ја излеваме на лица и ситуации кои ментално нè исцрпуваат и емоционално оптоваруваат, тогаш сериозно ја разнебитуваме психофизичката сила на личноста.Програмирани сме да веруваме дека сме жртви на судбината, а всушност сме нејзин креатор. Од нас зависи како ќе се поставиме пред животните предизвици и тешкотии. За да се извлечеме од кризата неопходно е да престанеме да се програмираме со страв и негативни мисли и да им се докажуваме на негативците. Кога нашата свест е константно обележана со немир, страв и напнатост создаваме подлога за појава на разни несреќи и болести.Постојаните стресови и нервози произлезени од предавањето на брзото темпо на живеење, мошне негативно влијаат врз здравствената состојба. Депресијата, анксиозноста, празнотијата и хроничниот умор го обележуваат времето во кое живееме и се производ на нетрпеливоста, тензијата и постојаното брзање со цел „ништо да не се пропушти и сè да се направи“.Животниот стил на личноста и нејзината емотивна природа во голема мера влијаат врз состојбата на здравјето. Постои голема врска помеѓу умот и телото. За да се чувствуваме добро со самите себеси и зрачиме со љубов,здравје и убавина, неопходно е позитивно да размислуваме, да се дистанцираме од лошото и да веруваме во тоа што го работиме. Незадоволството, конфликтот, отпорот и фрустрацијата не можат да создадат мир, среќа и хармонија.Секој поседува различно ниво на толеранција на стрес. Некои лица умеат да се носат со проблемите, додека други потклекнуваат пред тешкотиите и стануваат нервозни, вознемирени и раздразливи. Човекот е програмиран за да преживее и најтешки животни ситуации. Излезот од кризата секогаш е производ на силната волја, вербата, менталната издржливост и духовната стабилност на личноста.Од друга страна, ниеден организам во природата не е способен да истрпи долгорочен стрес. Константната подложност на стресогени ситуации предизвикува серија негативни емоции манифестирани низ гнев, љубомора, вина, непријателство, омраза, фрустрација, тага, срам, страв, мачнина, безнадежност и несигурност. Решението е да размислуваме што правиме, да преиспитаме со кого се дружиме и да вложуваме во најскапоценото богатство што го имаме – мирот во душата.Попуштањето пред стресот, откажувањето од борбата и прифаќањето на кризата се патокази што водат кон неуспехот, дисхармонијата и стагнацијата. За да ја избегнеме безизлезната ситуација, клучно е да внимаваме на своето здравје, да инвестираме во личниот развој и да веруваме дека ќе се извлечеме од кризата. Борбата, вербата и позитивниот дух секогаш се подобра опција од малодушноста, откажувањето и препуштањето на негативните сили на судбината.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Granica-ungarija

Унгарија ги отвори границите за српските државјани

Унгарија ги отвори границите за српските државјани, објави денеска министерот за надворешни работи на таа земја, Питер Сијарто, на граничниот премин Решка, по средбата со министерката за европски интеграции на Србија, Јадранка Јоксимовиќ.Како што објави Радиотелевизија Србија (РТС), граѓаните на Србија можат да влезат во Унгарија од денеска од 10 часот на сите девет гранични премини, без тест за Ковид-19 и без задолжителен карантин од 14 дена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања