Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

korona-1

ВМРО ДПМНЕ: Заев а зине, а излаже, го повикуваме да одговори каде точно СЗО вели дека во август ќе има втор бран од корона?

Заев се однесува како никој во Македонија да не знае да чита и да не се информира. Ваквото негово однесување е крајно потценувачко кон граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Го повикуваме да објави каде точно СЗО најавува нов бран на коронавирусот во август. Граѓаните се веќе навикнати на неговите лаги посебно кога станува збор за негови лични ветувања или објаснувања, но овој пат оди до таму да почнува да лаже што некој друг рекол, а всушност тоа никогаш не си го рекол.Граѓаните се свесни дека на Заев и СДСМ не им е грижа за нивното здравје и уште од првиот момент кога започна кризата Владата води политика наместо грижа за здравјето на граѓаните.Ваквото скандалозно однесување на СДСМ кое води кампања среде пандемија на смртносен вирус ќе биде казнето. СДСМ оди во опозиција, а Заев заминува во политичка пензија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ   

Македонија | пред 5 години

pijan

Пијани браќа нападнале полицајци кои интервенирале по дојава за гласна музика

Двајца браќа во алкохолизирана состојба нападнале полицајци кои интервенирале во нивниот дом во Кучевиште, по поплака за гласна музика, соопшти МВР.Според информациите на полицијата, утринава во 04 часот, во полиција било пријавено дека се слуша гласна музика од една куќа во селото Кучевиште, близу црквата Свети Спас.„Во тек на постапување на двајца полициски службеници по претходно пријавена поплака за гласна музика во село Кучевиште, скопско на ул. 4  во близина на црквата Св.Спас, во семејната куќа на лицата Љ.К. и В.К., полициските службеници физички биле нападнати од двете лица- браќа, кои биле во видно алкохолизирана состојба“, се наведува во соопштението.Напаѓачите избегале, но набргу биле пронајдени и приведени во Полициската станица Чаир.По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zoo-skopje

Зоолошката градина во Скопје од утре се отвора за посетители

Зоолошката градина во Скопје од утре, 26 мај, од 9 часот, почнува со работа, но со нов протокол за движење и придржување кон мерките за заштита од коронавирус.„Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките: Носење маска/марама при влез во Зоо Скопје. Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители“, соопштија од ЗОО-Скопје.Исто така, бројот на посетители ќе биде ограничен, за да не се создава поголема гужва низ градината.https://www.facebook.com/ZooSkopje/photos/a.1031681913649071/1602722406545016/?type=3&theaterфото: Зоо Скопје

Скопје | пред 5 години

bubreg

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45 годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.фото: Bljesak.info 

Македонија | пред 5 години

gdu

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна со поврзаните со Власта коцкарници, казина и фирми

Изминува и третиот ден откако се појави прилогот во кој се набројани некои од компаниите кои добиле помош од државата за исплата на плата на вработените. Реакциите во јавноста се главно негативни со оглед дека на него се наоѓаат имиња на поранешни владини функционери, казина, коцкарници како и фирми кои и досега користат бенефиции од државата, се вели во соопштението од ГДУ.Можеби и не е за изненадување, но сепак, молкот од Владата и Министерството за финансии, пропратено со „предизборни активности“ на членови на владиниот кабинет, остава горчлив впечаток дека приоритетите во моментов не се врзани со последиците од сегашнава состојба.Граѓанско Демократската Унија пред безмалку два месеци, јавно предложи државната помош за вработените да се насочи дирекно на сметките на вработените, а не на сметките на работодавецот. Бевме свесни, колку и да е добар системот за кој тогаш Владата размислуваше, ќе предизвика реакции во јавноста. Исто така, нема(ше) никаква објективна пречка тоа да не биде реализирано.Впечаток е дека помошта до самовработените и малите правни лица (од 1 до пет вработени) воопшто ја нема, или тешко доаѓа. И да бидеме искрени, дел од компаниите кои се наоѓаат на списокот, почнаа со отпуштања безмалку со почетокот на кризата.Конечно, министерката за финансии на ова нека гледа како на шанса да го поправи впечатокот од нејзината последна прес- конференција и да и ги објасни на јавноста контроверзите кои се појавија. Впрочем, кога веќе дел од нејзините колеги почнаа со кампања, веруваме дека тоа би бил одличен предизборен чекор, се вели во соопштението од ГДУ.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Параполициските структури на СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семeјства

Параполициските структури на СДСМ мотивирани единствено од политички причини да допринесат за владеење на овој хибридно криминален режим воден од фамилијата Заеви и СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства и најблиски, истакна  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е цел на нелегално телефонско и физичко следење. Ова следење е организирано и реализирано преку двете безбедносни агенции со кои што раководат СДСМ и Зоран Заев. За ова постојат сериозни докази и ова ќе биде докажано на два начини. Веднаш штом се формира новиот парламентарен состав и мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде поднесено барање до соодветните парламентарни комисии кои ќе треба да извршат надзор врз овие две агенции за да се утврди следењето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Јавното Обвинителство со соодветни докази кои ќе бидат приложени  кои треба да ја обелоденат вистината за ова параполициско нелегално следење од двете безбедносни агенции во Република Македонија водени од Зоран Заев и СДСМ.Во моментов правосудните органи се заробени од Зоран Заев преку „трас трас“ судството кое директно е управувано од адвокатот на Заеви, Филип Медарски, добро познат на јавноста како управува со ова правосудство. Значи од една страна Зоран Заев преку братот на своето обезбедување кој е началник во МВР во секторот за следење, директно СДСМ и Заев го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ.Од друга страна не може никој да одговара за истото следење бидејќи адвокатот на Заеви, Филип Медарски управува со „трас трас“ судството.ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и затоа ќе победи на изборите. Со СДСМ и Заев добивме единствено хибриден режим, неспособност и сиромаштија.Едно морам да напоменам и да ги предупредам сите инволвирани кој ги прават овие незаконски дејствија, верувајте дека ќе дојде ден кога СДСМ и Заев нема да се на власт и Заев нема ниту да ве познава ниту да може да ве заштити како и сите останати ќе ве пушти низ вода. Тој ден сите инволвирани ќе сносат одговорност согласно законот кој што ќе завладее во Република Македонија. Затоа размислте уште еднаш дали вреди да го правите ова за еден пропаднат политичар и криминалец како Зоран Заев, истакна  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

korona-2

Потврден 21 нов случај на ковид 19, оздравени се 17 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 725, активни 204•       Куманово – 436, активни 35•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-41, активни 6•       Прилеп –210, активни 46•       Тетово – 177, активни 82•       Струга – 75, активни 8•       Велес – 127, активни 41•       Битола –28, активни 7•       Охрид –23, активни 8•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –21, активни 3•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 3, активни 1•       Крива Паланка- 6, активни 0•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 0•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 0•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 0•       Свети Николе-1, активни 1Направените 258 теста се преку: ИЈЗ –193, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -57, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -1  и МАНУ -7.  Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие

Власта неколку дена молчи за неодговорното однесување на Рашковски. Дали Рашковски е над законот и поради тоа не е казнет за непочитување на мерките и законите?Генералниот секретар на владата Драги Рашковски пред неколку дена е фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.За ваквото беззаконие институциите се уште молчат.Граѓаните прашуваат зошто за Рашковски не важат законите кои за нив важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие.Уште еднаш се докажа дека со Заев и СДСМ Македонија доби единствено хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, додаваат во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

divogradbi-2

(ВИДЕО) Ал Џазира: Над 700 нелегално изградени објекти на Охридското Езеро

Глобалната телевизиска мрежа Ал Џезеира објави прилог за дибоградбите на Охридско Езеро. Во прилогот се опфатени ѕидовите во Градиште каде јасно се гледа дека парапетчиња и ѕидови се изградиле и на другиот крај од плажата Градиште 1 која половина е веќе соѕидана со ѕид кој не е урнат бидејќи се уривал само тој кај ресторанот.На крајбрежниот појас на Охридското Езеро има над 700 нелегално изградени објекти, а секојдневно се градат и нови, објави Ал Џазира Балканс.Во прилогот зборува и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, а се прикажани и останатите дивоградби на самиот брег.Градоначалникот пак на Струга пред два дена ја даде и легендарната изјава во која вели:,,Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ми е гајле”.Поради ова локалното население бара итна реакција од Власта, а антикорупциската комисија предлага Владата да превземе дел  од ингеренциите на локалната власт со цел поефикасно да се реши овој проблем  на кој подолго време укажува и УНЕСКО. 

Македонија | пред 5 години

mickoski

СДСМ: Мицкоски призна, со помош на Чулев вршел притисок врз вработени за истрага што се води против него

Без срам Христијан Мицкоски призна дека праќал пораки и телефонски се слушал со вработени во МВР кои воделе истрага во која самиот тој е предмет. Ова, според сопствено признание, Мицкоски го сторил со директна помош од техничкиот министер Наќе Чулев, се вели во соопштението од СДСМ.По кој закон и по кој правилник Чулев му дал на Мицкоски телефонски број од помошник министер во МВР за тој да врши притисоци за истрага која се води за него? Дали Чулев на сите лица против кои се водат истраги им дава телефонски броеви од лица од МВР кои ги водат истрагите, наместо да го штити нивниот професионален интегритет?На овој начин Мицкоски и Чулев ги прекршиле законите, затоа што  на секој граѓанин, па дури и претпоставено лице во институција забрането му е да му се јавува на службено лице кое врши истрага и да се интересира за неговиот случај.Ова е класично однесување по режимската матрица од времињата која ВМРО-ДПМНЕ го претвори МВР во МВРО-ВМРО, но тој филм Мицкоски нема да го гледа.Времето кога со телефонски повици од белиот дворец се покренуваа или прекинуваа истраги, се монтираа случаи и се диктираа пресуди, завшри.СДСМ, граѓаните, јавноста нема да дозволат враќање на ВМРО-ВМРО. Режим - никогаш повеќе, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dozd

Денеска претпладне облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност., а попладне ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.Максималната температура до 25 степени.Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди, но во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

cedomir

(ВИДЕО) Чедомир Јовановиќ е тој што лудува ? !

Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ објави видео во кое не ја крие среќата што го монува времето со саката сопруга.Сопругата на политичарот снима со мобилен телефон додека на некоја приватна забава се слуша рефренот на познатата „Ти си тај што лудује“ песна испеана од легендарната Маја Оџаклиевска. Јовановиќ е еден од најнапаѓаните политичари во Србија.https://www.facebook.com/cedomir.jovanovic/videos/193062221819429/?v=193062221819429

Магазин | пред 5 години

2

Почина затвореник од КПУ Идризово

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ починал М.П.(58) од Скопје, осуденик од КПУ Идризово.Затвореникот бил донесен на 04.05.2020 од КПУ Идризово со здравствени проблеми.Од страна на доктор е констатирана смрт.Телото на починатиот е предадено за обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

janusev0

Јанушев: ДИК достави мислење каде што јасно пишува дека им се потребни од 35 до 50-тина дена за спроведување на избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев гостуваше во емисијата „Детектор“ каде што посочи дека ДИК има доставено мислење дека им се потребни минимум 35 до 50-тина дена за да се подготват за избори.„Мислењето на ДИК не е е мислење на еден човек таму кој што можеби или можеби не инклинира или симпатизира одредена партија. Ова мислење не е мислење направено од еден човек, ова мислење врз основа на сите членови на ДИК кој што го имаа состанокот со претседателот Пендаровски. Впрочем и самово  мислење почнува вака – „Согласно заклучокот од нашиот заеднички состанок одржан на 13-ти мај 2020 година, а за потребите на организирање и спроведување..“ продолжува натака, а адресирано е до претседателот на државата, појасни Јанушев“.Јанушев додаде дека сите од ДИК без разлика кој од која партија е предложен биле кај претседателот на државата, разговарале и заклучиле дека им се потребни 35 до 50-ти дена за да се подготват за избори.„Ме радува што од СДСМ се вразумуваат и ги прифатија нашите барања дека со глава во ѕид, со уцени, со поставување на ултиматуми не се постигнува ништо и навистина ми е драго што ретерираат од првичните ставови бидејќи од првиот момент кога заврши лидерската средба она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го соопштивме на јавноста беше дека очекуваме дека сепак ќе се најде начин да се седне и консензуално да се договори датумот за кога ќе се оддржат изборите, потенцираше  Јанушев, во своето гостување.Јанушев запрашан дали очекува Комисијата за заразни билесто  да даде појасен став  кога може да биде безбедно да се одржат изборите  рече:„Јас очекувам Комисијата за заразни болести конечно да даде некој став во однос  на ова прашање и ова го велам ете затоа што еве може ќе ме обвините дека и премногу сакам политички да го кажам ова, но искрено не е така. Не е така затоа што од една страна Комисијата  не уверува на некој начин дека е добро да одиме на избори, од друга страна после првата лидерска средба препорача нова вонредна состојба.Eве гледаме дека предлогот за 3-4 дена затварање за викендов е дојдено од страна на Комисијата. Од друга страна еве ќе кажам што Комисијата прати во она мислење до Пендаровски :Прво наведува дека ги гледаме добрите ефекти од силните рестрективни мерки. Јас  навистина не знам каде ги гледаат ефекти кога секојдневно имаме или некоја констатнта на бројот на заболени или благо зголемување. Понатау се вели дека се наоѓаме во последните недели од вообичаено траење на респираторните епидемии и еве ова го прифаќама најверојатно е така и кажуваат дека сме во фаза каде не работат школи и градинки. Тоа знчи дека пред нас е период  во кој треба да научиме да живееме со вирусот“. фото: Детектор 

Македонија | пред 5 години

skopje-sever

(ВИДЕО) полицискиот час не им смета на граѓаните од Скопје Север, Чаир, Топаана

Забраната за движење која деновиве е продолжена поради празникот Рамазан Бајрам не се спроведува секаде исто.  Телевизија Телма  објави како во Северниот дел на Скопје се отворени продавници, а луѓе има по улици и паркови.

Македонија | пред 5 години

ramazan

Георгиески: Посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение со уверување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови радости

Честитка од градоначалникот Константин Георгиески до сите граѓани со исламска вероисповед. Во честитката се вели:На сите граѓани со исламска вероисповед како и на претставниците на Исламската заедница во Република Северна Македонија најискрено им го честитам големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам .Овој празник нека ви донесе радост, мир и среќа во домовите и нека духот на Рамазанскиот месец го покаже врвот на своето значење и суштина преку добрите меѓусебни односи , искреност, хуманост и простување. Посакувам празничните денови да ги минете весело и среќно со своите семејства и драги луѓе, внимавајќи на своето и здравјето и сигурноста на другите луѓе.Во време исполнето со големи предизвици, најбитно е да се покаже човечност, слога и солидарност. Најголема доблест во време со искушенија е да се има сила . Искрено посакувам овој голем празник ви донесе семејно единство и општествена солидарност. Денеска како никогаш досега ни е потребно едни со други да подаваме рака и да помагаме со дела. Посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и расположение со уверување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови радости.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/603322000273407/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Секое одбележување на денот на сесловенските просветители одново ја потенцира симболиката во пораките кои тие ги испраќале од нашиот свет Град. Нивното дело нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Кирил и Методиј, веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески. Сите ние, треба достојно да ја почитуваме нивната жртва, но и да го продолжиме нивниот аманет во борбата за сопствениот јазик, бидејќи нивното дело никогаш не згасна, одолжувајќи преку работата на Светите Климент и Наум и преку работата на Климентовиот универзитет од каде произлегле илјадници ученици кои токму од Охрид, ја продолжиле мисијата за ширење на сесловенската писменост.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/603371386935135/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Foto-1-2

(ФОТО) Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј одбележан во Рим

Во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, 24 Мај, денеска во базиликата Сан Клементе во Рим, делегации на Република Северна Македонија и Република Бугарија, положија цвеќе на гробот на Св. Кирил.Делегациите ги предводеа вршителите на работи во амбасадите на Република Северна Македонија при Светиот Престол и Република Италија, Александар Спирковски и Магдалена Димова, како и нивните хомолози од бугарска страна, амбасадорите Богдан Паташев и Тодор Стојанов. Беа присутни и вработените во амбасадите, а на делегациите им посака добредојде отец Стивен Хачинсон, јереј во базиликата Сан Клементе.Шефовите на делегациите одржаа кратки пригодни говори, при што беше истакнато одбележувањето на 1151-вата годишнина од смртта на Св. Кирил во Рим, неговиот историјат, значењето на светите браќа просветители за целокупната словенска писменост, но и за историјата и доближувањето на македонскиот и бугарскиот народ, како и основата што ја создаваат за градење на добрососедските односи и во иднина.Од страна на македонската делегација на гробот на Св. Кирил беше положен венец во име на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, како покровител на годинешната манифестација – Денот на Св. Кирил во Рим, а сите присутни дадоа пригодна почест и на олтарот во базиликата, каде денес е положен фрагмент од моштите на Св. Кирил.Заради актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, традиционалните манифестации поврзани со одбележувањето на Денот на Св. Кирил во Рим, се одложени за подоцна, во текот на годината.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Со македонските свети заштитници Кирил и Методиј ќе ги поразиме во обидот за рушење на македонскиот народ и црква

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија упати честитка по повод одбележувањето  на 24 мај, Денот на Македонските просветители Св. Кирил и Методиј. Во честитката Бачев вели:-„Дозволете ми во свое лично име и во името на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на македонските апостоли кои оставија траен белег во историјата на човештвото. Празникот со децении го одбележувавме со голема радост. Но, во последните три години одбележуваме поразлично од изминатите децении, соочени со националното предавство што го изврши марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар за спроведување на геноцидната политика врз Македонија и Македонците.  Марионетската власт во Скопје е голем срам за Македонците бидејќи денеска се срами да го изговори зборот „Македонските просветители“.Марионетската власт се определи за погубната определба да гледа во иднината и големото творештво на светите Македонски браќа Кирил и Методиј да го подари на татарско-монголска Бугарија иако простата вистина вели дека иднина без минато на еден народ е празнина и безличност. Денеска на отворена сцена светот одава признание дека писменоста доаѓа од Македонија, само марионетската власт во Скопје се срами од Македонските апостоли Кирил и Методи кои го променија светот.На овој голем и светол ден упатувам јасна порака до непријателите на македонското дело дека ќе бидат поразени во обидот за уништување на светата македонска црква, македонската нација, јазик, идентитет, историја и култура.  Да ја надминеме националната и духовната поделба меѓу Македонците преку семакедонско единство како најсилна брана од секаква закана на што не обврзуваат светите Македонци, Кирил и Методиј кои го променија светот.Нека ни е честит 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј!фото: Единствена Македонија

пред 5 години

pozarna

Опожарена тераса на угостителски објект во Скопје

На 24.05.2020 во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на бул.“Гоце Делчев“ во сопственост на Г.Н.(52) од Скопје, опожарена била терасата на угостителскиот објект. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

policija-123

Маж упатил закани по живот кон полицаец и избегал

На 23.05.2020 во 16.00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 08,00 часот пред бензинска пумпа во Битола, Љ.Т. кој управувал патничко моторно возило„мерцедес“ со велешки регистарски ознаки упатувал закани по живот кон полициски службеник од СВР Битола, по што го напуштил местото на настанот.За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

DSC_0062

Чулев: Да ги почитуваме мерките за наскоро животот да се врати во нормала

Министерот Наќе Чулев денеска оствари работна средба и ги посети полициските службеници кои се распоредени на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар.  На средбата министерот Чулев беше запознаен со активностите кои се преземаат за контрола на мерките и одлуките на Владата, со посебен акцент на одлуката која е на сила, а се однесува на ограничување на движењето на време на продолжениот празничен викенд.„Денес граѓаните празнуваат два големи и значајни празници, еден верски и еден државен. Тука сум пред се на колегите, а потоа и на сите граѓани да им ги честитам двата празници. Соработката, меѓусебната доверба и почитување се основата на која се темели полициското постапување и полициската работа и токму на вакви значајни и важни денови добро е уште еднаш да се потсетиме на вредности кои му даваат смисла на живеењето, а општеството го прават средина во која секој го добива местото што го заслужува“, истакна Чулев.Министерот Чулев уште еднаш се заблагодари на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од коронавирусот.„Времето во кое живееме и предизвикот со кој се соочуваме секојдневно не потсетуваат дека битките кои ги водиме во професионалниот и приватниот живот не познаваат етничка, национална, професионална или било каква припадност, а тоа е уште еден доказ и потврда дека соработката и сплотеноста е единствениот начин преку кој можеме да ја постигнеме и оствариме оваа цел. Мостовите на соживот кои ние заеднички ги градиме денес, се основата по која ќе чекорат идните генерации“, потенцираше Чулев.Министерот Чулев на крајот упати апел до граѓаните да останат во своите домови за време на ограничувањето на движењето овие неколку дена, да ги почитуваат мерките за користење заштитна опрема и изрази искрена надеж дека многу наскоро животот и секојдевните обврски ќе се вратат во нормала.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

99155102_2395079364132416_498310699911479296_o-1

Д-р Маја Мојсова Мијовска: Горда сум што тројца пациенти добија органи, продолжуваме да работиме со поголем ентузијазам

На вчерашната прес-конференција одржана по повод првата трансплантација на срце во нашата земја на Клиниката за Државна Кардиохирургија, Националната Координаторка за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска изјави дека целиот овој процес немал да биде успешен доколку не постоело семејството кое со најголема емоција ги дарувале органите.„За мене, беше ова, многу инвентивен и веројатно нешто што долго време го спремаме. Не е случајно вака изведено. Сите овие тимови беа цело време контактирани, имавме многу состаноци во кои што ги синхронизиравме како лисите, така и критериумите, како и протоколите, но сепак требаше да се појави некој, кој што ќе сака да донира“, рече д-р Мојсова-Мијовска.Таа истакна дека е горда, што била дел од сето ова случување, во коешто тројца пациенти добија органи.„Трансплантација на срце, за првпат се случи во нашата земја и сметам дека може само да ни даде уште поголема воља и надеж дека семејствата кога ќе се соочат со загуба на својот близок, сепак ќе се одлучат да ги донираат органите и дека сепак голем број на пациенти ќе ја имаат својата шанса да го продолжат лекувањето со нов орган, со нова надеж, а тоа нас ни дава уште поголем ентузијазам, да работиме уште попосветено на оваа проблематика. Сакам уште еднаш да изразам сочуство на семејството, но и да им кажам дека срцето на нивната драга чука и дека во суштина се уште живее“, потенцираше д-р Мојсова-Мијовска.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

reis

(ВИДЕО) Реисот Сулејман Реџепи го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов

Поглаварот на исламската верска заедница на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам и порача дека вирусот Ковид-19 е мртов, објави ТВ 21.извор: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

Ribarska-mreza

Во 80 контроли СВР пронашла и одзела околу 300 парчиња разновидна риба, околу 220 рибарски мрежи, метални чамци како и рибарска опрема

Интензивни се контролите што, координирано ги преземаат СВР Охрид, граничната-езерска полиција, регионален центар Запад и Државниот инспекторат за земјоделие, со цел сузбивање на казнени дела поврзани со незаконит риболов и други дела спротивни со Законот за рибарство и аквакултура. Целта е откривање на сторители на вакви казнени дела и заштита на рибниот фонд во водите на Охридското езеро .Од почетокот на оваа година, на охридско - струшкото крајбрежје, реализирани се околу 80 акциски контроли во кои, затекнати се повеќе лица при вршење незаконит риболов од кои три се приведени, пронајдени и одземени се околу 300 парчиња разновидна риба со вкупна тежина од над 122 килограми. Притоа, одземени се околу 220 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 23.000 метри, неколку метални чамци како и друга разновидна рибарска опрема. Рибниот улов заедно со мрежите се предадени во Јавната научна установа „Хидробиолошки Завод“ Охрид.Мерките против незаконитиот риболов и понатаму ќе се спроведуваат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања