Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Честитка од претседателот Џафери за Бајрам

Во честитката од Џафери се вели:Ми претставува голема чест и задоволство да од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници кои денес го слават големиот празник Фитер Бајрам кој што е круна на светиот месец Рамазан, да им упатам искрени честитки за добро здравје, бериќет и мир во душите и домовите. Се надевам дека овој Бајрам кој што како и претходно месецот на пост и солидарност го прославуваме на невообичаен начин, далеку од верските храмови, сепак блиску до нашите најдраги и најблиски членови на семејството, ќе ни донесе искрени и убави мисли упатени до целото човештво за што побрзо и побезболно пребродување на овој предизвик кој што како што реков и во претходната Рамазанска честитка, не бира ниту вера, ниту нација, ниту богати или сиромашни, мажи или жени. Нека даровите на Рамазан Бајрам, солидарноста, взаемната почит и разбирање, милоста и опростувањето бидат дарови кои ќе го збогатуваат нашето секојдневие.Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,Почитувани мои, имајте верба, имајте трпение, бидете силни и останете дома со своите блиски. Верата се носи во срцето а домот е вашиот храм, нека е честит Фитер Бајрам!За многу години, се вели во честитката од Џафери.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Преку описменувањето и ширењето на нивното учење, Кирил и Методиј овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива

Честитка од претседателот Џафери за празникот Св. Кирил и Методиј:Почитувани граѓани, дозволете во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да упатам искрени честитки по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и да ви посакам срдечни желби за личен напредок и колективно негување на нивната мисија и дела со кои направија епохално влијание врз описменувањето, развојот и културното издигнување на словенските народи, затоа што нивниот неуморен труд и придонес кој ги одбележал нивните животи, е значаен не само за Македонците туку и за сите народи кои припаѓаат и ја негуваат словенската култура и јазици. Преку описменувањето и ширењето на нивното учење, тие овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива. Културите се белег на човечкиот род и затоа треба да се негуваат и почитуваат како богатство од непроценлива вредност кое насочено во позитивна насока, може да донесе само развој и напредок.Почитувани, дозволете уште еднаш да Ви упатам искрени честитки по повод 24 мај и да Ви посакам убав празничен ден, се вели во честитката од Џафери.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Петар Колев, претседател на ГДУ: Честит Св. Кирил и Методиј, честит Рамазан Бајрам!

Дозволете ми, од мое лично име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, да упатам искрени честитки по повод двата големи празници во нашата земја, Св.Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам, се вели во честитката од Петар Колев, претседател на ГДУ. Во продолжение на честитката се вели:Селовенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, со нивното дело дадоа огромен  придонес во поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи вклучително и на македонскиот. Нивната просветителска мисија е заслужна и остави траен белег во историјата и културата. Писменоста и духовноста е едно од основните обележја на еден народ. Правото на образование и писменост е право на апсолутно секој граѓанин во нашата земја, кое никогаш не смее да биде одземено на никој, без разлика на полот, верата или етничката определба.Различноста е специфична за нашата Македонија која ја прави поубава и побогата. На овој убав ден во нашата земја исто така се празнува и друг голем празник, Рамазан Бајрам. На припаниците на исламската веросиповед за празникот Рамазан Бајрам им посакувам добро здравје, љубов и спокојство. Во нивните семејства нека царува хармонијата и благосостојбата.Нека празниците бидат мост со кој ќе не поврзат сите граѓани во Македонија и со заеднички сили секогаш да се бориме со препреките и потешкотиите кои ќе се појават на нашите патишта, а со цел подобра иднина на сите нас и нашите деца.Честит Св. Кирил и Методиј, честит Рамазан Бајрам!фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ivan-transplantacija-768x539

Филипче и тимот лекари утрово го посетија Иван

Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче-Иван изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им поскаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации, рече Филипче.

Скопје | пред 5 години

paketi

(ФОТО) Градоначалникот Константин Георгиевски подели пакети за Рамазан Бајрам

Заради кризата со Ковид 19 оваа година не се одржа традиционалната Ифтарска вечера на отворено, па градоначалникот на Охрид денес подели пакети за социјално загорезни лица од муслиманската вера.Во официјалното соопштение на општината стои:Во духот на меѓусебното почитување и соживот, Општина Охрид традиционално години наназад организира Ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед.Поради моменталната ситуација, денеска во присуство на Муфтијата Семет Ајдари, донирани се 100 социјални пакети на Исламската верска заедница.Пакетите ќе бидат поделени на социјално загрозените граѓани.Ова е само мала порака за хуманост и солидарност во овие тешки денови и има за цел зајакнување на односите на граѓаните во Општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.602968130308794/602967926975481/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

pukanje-1

Престрелка во Бутел - нема повредени

Вечерва инцидент во скопски Бутел. Престрелка се случила на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.  Неофицијално, било пукано од возило во движење во друго возило, но најверојатно нема повредени. По инцидентот новоотворениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел е затворен од полициски специјалци.Според непотврдени информации, станува збор за престрелкамеѓу две групи поврзана со инцидентот што се случи во хотелот „Александар Палас“.Од МВР го потврдија инцидентот .„Во 17.47 часот О.И. пријавил дека на улицата Христијан Тодоровски Карпош, новиот дел после подвозникот од десната страна, од два автомобили, едниот „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди А4“ црна боја од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје кон О.И., но никој не бил повреден. Пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.фото:архива

Скопје | пред 5 години

100089062_2395079064132446_4760028309020999680_o

(ФОТО) Прва трансплантација на срце - историски ден за македонското здравство

На денешната прес конференција одржана по повод првата трансплантација на срце во нашата земја зборуваа Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче, Проф. д-р. Сашко Јовев од државна кардиохирургија, академик д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев клиника“, Проф. д-р Александар Николиќ од „Аџбадем Систина“ и анестезиологот д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ, воедно и Национален координатор за трансплантација.Министерот Филипче нагласи дека денеска, како земја, испишавме историја бидејќи за прв пат беше направена трансплантација на срце од починат дарител- чин, акт и целоцна организација, предоперативна подготовка, оперативна интервенција и постоперативен тек на којшто треба да бидеме сите многу горди.„Трансплантацијата немаше да биде можна без еден друг чин, чин на човекољубие, на алтруизам, заради тоа што откако семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата сакана мајка и сопруга, по дијагностицирањето на мозочната смрт се согласи да ги донира срцето и бубрезите на починатата. Верувам дека со ова ќе се испрати многу силна порака до сите наши граѓани колку е битно органодарителството и како тоа во даден момент спасува живот.“- изјави Филипче и додаде дека кардиохирургијата и медицината имаат периоди на моќ и на немоќ.„До вчера не бевме моќни да го спасиме животот на Иван Огненовски, поради тоа што сите механизми на лекување беа исцрпени. Меѓутоа со овој чин на алтруизам на семеството Диневи- на Миле, Влатко и Викторија, ги спомнувам со нивна согласност, срцето на нивната сакана сега чука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот. Борбата е на почетокот, заврши еден од најтешките делови. Се надеваме дека , во процесот којшто следи организмот нема да го отфрли срцето, исто така и двата бубрези кај другите двајца реципиенти кои сега ќе живеат многу поквалитетен живот и нема да одат на дијализа.“- потенцираше Филипче.Тој нагласи дека вчерашниот настан и оваа интервенција е многу битна и од друг аспект.„За првпат се обединија капацитетите, знаењата, искуството и експертизата на тројцата наши врвни кардиохирурзи, професор Сашко Јовев од  Државната Клиника за Кардиохирургија, Академик Жан Митрев од клиниката Жан Митрев и професор Александар Николиќ од клиниката Аџибадем Сиситина коишто покажаа дека здравјето на граѓаните е на прво место и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлики. Овој процес на припрема за трансплантација на срце, со Националниот Координатор, Маја Мојсова, со нашиот кардио хирург од Франкфурт, д-р Петре Ристевски, го започнавме пред повеќе од година, се направија протоколите, се направи национална листа на чекање, на кандидати за срце и го чекавме само овој ден. Сакам да им честитам на сите од тимот, којшто синоќа со огромна доза на ентузијазам, пожртвуваност, висока професионалност, покажаа како се работи за да се спаси човечки живот.“- рече Филипче и им посака и понатаму успешна работа и зајакнување на процесот на трансплантација.Проф. д-р Сашко Јовев од државна кардиохирургија изјави дека ова е круна на македонската медицина.„Би сакал најнапред да се заблагодарам на фамилијата на донорот, која што овозможи да спасиме еден друг живот. Понатаму, посебно би сакал да се заблагодарам на Министерот и нашата Влада кои што овозможија да се изведе сето ова и да продолжам со целиот тим на Универзитетската Државна Кардиохирургија, на Координаторот за трансплантација и нејзиниот тим, како и на колегите од останатите иснституции со кои што заедно, практично го изведовме ова и покажавме дека заедно сме посилни и може да направиме многу.“- кажа д-р Јовев и извести дека пациентот засега е добар, а ова, не само што преставува, само по себе, како зафат, круна во кардиохирургијата и во медицината, туку претставува и заокружување на еден започнат процес на лекување на терминалната срцева слабост - патологија, која што е се почеста, патологија, која што во светот завзема епидемиски размери.Јовев потсети дека лекувањето на терминалната срцева слабост е започнато со имплантацијата на уреди, таканаречени механички помагала или популарно кажано механички срца. Но, сепак трансплантацијата на срце е можеби одговор, кој што најретко ќе го добиеме, а сепак може да овозможи најпристоен и најдолг живот за оној кој што ќе го прими.Академик д-р. Жан Митрев посочи дека ова за него е  голем настан и изрази благодарност до Министерот Филипче за обединувањето на тимот.„Од минатата година, за прв пат во Македонија се дозволи вградување на вештачко срце и тоа беше првиот исчекор кон сето ова. Бидејќи штом се дозволат такви операции, кои се привремено решение, а трајното решение е трансплантација, сето ова беше неминовно и логично и мораше да се случи. Се покажа дека ги имаме сите капацитети и сите можности и морам јавно да се заблагодарам на Министерот Филипче кој не организира, кој не сплоти и колку и да сме различни, сепак на крајот сме исти, имаме една цел, а тоа е да ги лекуваме пациентите. Без разлика дали сме приватни, државни, ние сме во таа дејност, со таа функција и сето ова е една голема и успешна приказна.“ – изјави академик д-р. Митрев.Проф. д-р. Александар Николиќ од „Аџибадем Систина“ изрази задоволство  што е дел од еден од најзначајните чекори во медицината и историски ден за нашата земја.„Ништо од ова не би се случило без силната заложба на Министерството за здравство и веројатно би чекале за ова многу долго. Благодарение на сето ова, влеговме во едно ново поле во медицината и се надевам дека отсега ќе имаме уште многу убави случувања и дека македонското здравство ќе оди на прав пат, напред.“ – изјави Проф. д-р Николиќ.На прес конференцијата се обрати и анестезиологот д-р. Маја Мојсова Мијовска која е и Национален Координатор за трансплантација.„Ова немаше да биде успешно доколку не постоеше тоа семејство, кое што навистина, со најголема емоција, ги даруваше своите органи. Не дека досега не сме работеле кадаверична трансплантација во нашата земја, но секогаш се завршувало со транслплантација на бубрези. Таа програма работи повеќе години успешно. Ова е нешто што долго време го спремаме. Не е случајно вака изведено. Сите овие тимови беа цело време контактирани, имавме многу состаноци во кои што ги синхронизиравме како листите, така и критериумите и протоколите, но сепак требаше да се појави некој, кој што ќе сака да донира.“ – изјави д-р. Мојсова Мијовска и потсети дека трансплантација на срце која за прв пат се случи во нашата земја може само да ни даде уште поголема воља и надеж дека семејствата кога ќе се соочат со загуба на својот близок, сепак ќе се одлучат да ги донираат органите.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

rdedzepri

(ФОТО) Реџепи ја покажа 50 години помладата сопруга?

Фотографија на која е Муфтијата на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи во друштво на млада девојка со која се држи за рака се појави на социјалните мрежи од како претходно беше објавена вест дека Реиз Ел Улема Хаџи Сулејман Ефенди Мустафа Реџепи се жени со 50 години помлада девојка.Интересно е што таа на фотографијата носи часовник, за кој веќе се шпекулира дека е часовникот „Ролекс“ за кој Реисот јавно кажа дека му е подарок од бизнисмен од Охрид, кој во знак за благодарност за тоа што реисот купил станови во зградата изградена од бизнисменот му подарил скапоцен часовник „Ролекс“.

Македонија | пред 5 години

100703694_602967966975477_1838667042626994176_n

Градоначалникот Константин Георгиевски подели пакети за Рамазан Бајрам

Заради кризата со Ковид 19 оваа година не се одржа традиционалната Ифтарска вечера на отворено, па градоначалникот на Охрид денес подели пакети за социјално загорезни лица од муслиманската вера.Во официјалното соопштение на општината стои:Во духот на меѓусебното почитување и соживот, Општина Охрид традиционално години наназад организира Ифтарска вечера за граѓаните од муслиманска вероисповед.Поради моменталната ситуација, денеска во присуство на Муфтијата Семет Ајдари, донирани се 100 социјални пакети на Исламската верска заедница.Пакетите ќе бидат поделени на социјално загрозените граѓани.Ова е само мала порака за хуманост и солидарност во овие тешки денови и има за цел зајакнување на односите на граѓаните во Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

vasil

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш и едно многу големо благодарам за нив. Во државата имаме многу добри доктори што ќе спасат милиони животи“, изјави Васил Огњановски, синот на пациентот кому ноќеска му беше трансплантирано срце.Тој изрази сочувство до семејството на починатата жена, чие семејство го донираше нејзиното срце и бубрезите, за да спасат неколку животи.„И благодарам на фамилијата што со донирањето спасија три животи, од кој еден е животот на татко ми“, рече Огњановски. Тој раскажува дека се се случило многу бргу. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација во земјава.Тој би сакал да се сретне со семејството на донаторката, но вели дека најпрво треба да стивне нивната болка и да закрепне татко му пред да се реализира средбата.„Сакаме да им кажеме дека нејзиното срце се уште чука. Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство“, рече тој. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Во Скопје пронајдено безживотно тело во фаза на распаѓање

На 22.05.2020 во 14:53 часот во СВР Скопје, Б.П. пријавил дека на ул. „Анастас Митрев“ од стан во кој живеел У.И (42) неколку дена се шири непријатна миризба.При полициската интервенција во станот било затекнато телото на У.И. во фаза на распаѓање.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.По наредба на јавен обинител телото е предадено на обдукција.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

srce-1

ЧОВЕЧНОСТ: Од донорот на срце, во моментов се трасплантираат бубрега на Клиниката за урологија

Два бубрега од истиот донор кој донираше срце, во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, информираат од Министерството за здравство. Утринава, по 6-часовна операција, успешно заврши првата трансплантација на срце во земјава, која во координација со министерот за здравство Венко Филипче ја започна и ја водеше Националниот координатор за трансплантација др Маја Мојсова.Таа со својот тим болнички координaтори Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези. Во моментов на Клиниката за Урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на др Сашо Дохчев, др Александар Трифуновски, др Сотир Ставридис и др Јанчулев, со тим лекари од клиниката.„Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања и секако на лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа“, информираат од Министерството.Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство. Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. др. Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др Васил Папестиев, Др Марјан Шокаровски, др Ванѓел Здравески, др Кјутим Џелили, др Тања Анѓушева, др Никола Христов, др Стефанија Хаџиевска, Др Надица Мехмедовиќ, др Весна Миташова, Др Јасмина Илиевска, др Марија Гераковска и др Димче Славевски од Аџибадем Систина.фото: ФБ

пред 5 години

donator

Мемети: Споделувајќи фотографии ненамерно или намерно можеме да предизвикуваме хаос

ФБ статус на Арбнора Мемети, фоторепортер:-Денешната слика на персоналот кои се поклонува пред пациентот од Кина, а се претставува дека е од кај нас, е голем доказ колку ни фали медиумска писменост.Денеска ова позитивна слика ја споделуваме како наша, утре некоја трагична/тенденциозна, и со такви вести/слики ненамерно или намерно можеме да предизвикуваме хаос.Проверувајте пред да споделувате.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=883109845489807&set=a.110143016119831&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Sulejman-Rexhepi

Сулејман Реџепи не е повеќе сингл, се ожена со 50 години помлада девојка

Реисот Сулејман Реџепи кој 4 години беше сингл, одлучил повторно да се жени. Вака пишува на објавата на “Шкупи Нисма” на социјалните мрежи, која ја пренесуат и дел од медиумите на албански јазик, објави Либертас.мк.“Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова лубовно-брачна врска со 50 години помлада девојка. Џематот ни сподели и повеќе информаци, но ние нема да се занимаваме со приватноста на никого. И посакуваме живот како што заслужил”, пишува во објавата на “Шкупи Нисма” на Фејсбук, кој перманентно ги критикув и политиките на ИВЗ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Дозволете ми, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, да упатам најискрени честитки до граѓаните со исламска вероисповед, со желба да го поминете празникот во среќа, добро здравје и во хармонија со вашите најблиски.На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош.Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина.Почитувани сограѓани,Оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото. Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата.Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина.Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите.Честит Рамазан бaјрам,  истакна во честитката Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.видео: Кабинет на претседател

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Изборите се решение, а не проблем!

Денеска заедно со кандидатите за пратеници од мојата изборна единица, 4, тука во Струмица, имавме состанок со Регионалниот изборен штаб.  Состанокот се организираше според сите протоколи за зашита од Ковид кои ги имаат усвоено здравствените власти.Зборувавме за актуелната состојба со коронавирусот во државата, за мерките за заштита на граѓаните и потребата од реализација на изборите во првиот можен момент.Државата ни се наоѓа во крајно комплицирана состојба, пред новиот бран на епидемијата наесен, заедно со сезонскиот грип, за што предупреди и Светската здравствена организација. Со распуштено Собрание, со техничка Влада која имаше мандат за организирање на предвремените избори на 12 април.Со останатите кандидати за пратеници потврдивме дека крајно потребно и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почеток на летото, најмногу заради здравјето на луѓето.Затоа нашата, мојата порака денеска е: Изборите се решение, а не проблем!Спроведувањето на изборите бара внимателност и одговорност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт.Граѓаните да одлучуваат е врвна демократска придобивка.Изборите се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија.Избори треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата.Денес уште еднаш порачуваме дека сите имаме и обврска и одговорност да водиме прилагодени, контролирани, нов тип на кампањи, со сите мерки на заштита и се разбира, без масовни настани.Исто така, уверени сме дека институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето. Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе биде гаранција дека слободно изразената волја на граѓаните ќе биде легитимна.На граѓаните им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет, пренесен суверенитет и доделена одговорност за управување со земјата. Северна Македонија мора подготвено и со 100% капацитет на институциите да го дочека септември. Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.Функционалните институции се неопходни и за рестарт на економијата.Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.Ние сакаме избори на кои ќе учествува опозицијата. Ние имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес.Почитувани, оддаваме јавно признание на мнозинството граѓани за почитувањето на мерките за превенција и заштита од вирусот. Свесни сме, ова е тежок период во кој сите заедно се откажуваме од претходните секојдневни навики, изложени на стрес и неизвесност.Истовремено, изразуваме огромна благодарност до лекарите, здравствените работници, полицајците и сите оние кои деноноќно се борат за нашето здравје.Борбата со вирусот продолжува. Вирусот е присутен и нема скоро да си замине.Но, тоа е „новата нормалност“. Секојдневно новата нормалност ни кажува дека, додека не се пронајде вакцина, ќе мора да научиме да живееме и да се справуваме со овој невидлив и опасен непријател.Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречат пикови на заразата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод меѓународниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ,  упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Охрид и  Република Северна Македонија по повод 23 Мај –  Националниот ден на Власите.– Влашкиот народ како посебна етничка и културна заедница, има особено значење  во нашава земја. Власите се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја. Нивната култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое  се темели на меѓусебно разбирање и  почит.Одбележувајќи  го овој празник покажуваме дека ги  почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници во нашава држава. Тоа е влог во заедничкиот просперитет и напредокот  во нашава  татковина која нуди подеднакви можности за сите нејзини граѓани– се вели во честитката на градоначалникот Георгиески,  по повод 23 Мај-  Националниот ден на Власите.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

vmro-1

ВМРО ДПМНЕ: Зошто Рашковски е над законот и не е казнет за непочитување на законите?

Зошто Рашковски е над законот и не е казнет за непочитување на законите? Генералниот секретар на владата Драги Рашковски е жив фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Поминаа 24 часа од фотографијата, а институциите молчат за ваквото беззаконие.Оттука оправдано се поставува прашањето зошто за Рашковски не  важат законите кои за другите граѓани важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?Бараме итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие.ВМРО-ДПМНЕ е за апсолутно спроведување на законите.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-3

Денеска се потврдени 20 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-4, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и Битола-2.Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Куманово2 и Прилеп-2.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417. Последната дистрибуција по градови е:• Скопје – 701, активни 189• Куманово – 425, активни 26• Дебар – 51, активни 0• Штип-38, активни 3• Прилеп –208, активни 53• Тетово – 165, активни 70• Струга – 71, активни 4• Велес – 127, активни 45• Битола –28, активни 7• Охрид –21, активни 6• Кавадарци – 5, активни 0• Гостивар –21, активни 4• Гевгелија – 4, активни 0• Струмица – 3, активни 1• Крива Паланка- 6, активни 1• Радовиш – 4, активни 0• Крушево – 3, активни 0• Кочани – 31, активни 0• Пробиштип – 2, активни 0• Кичево – 2, активни 0• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)• Демир Хисар – 1, активни 0• Македонски Брод - 2, активни 0• Пехчево- 3, активни 1• Делчево-1, активни 0• Валандово -1, активни 0• Виница – 3, активни 1• Кратово-2, активни 1• Берово-1, активни 1• Свети Николе-1, активни 1Направените 744 теста се преку: ИЈЗ –462, Ветеринарен ф-тет -28, Авицена –38, Биотек -37, Филип Втори (Жан Митрев) –38, Систина со PCR метода  22-  и МАНУ -119.  Досега во земјата се направени вкупно 24762 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.  Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

vilma

По допрен глас почната предистражна постапка за Александар Николоски

Обвинителката Вилма Рускоска утрово потврди дека отворила предистражна постапка по допрен глас за Александар Николоски кој е актуелен втор човек на ВМРО ДПМНЕ.„Сеуште нема истрага, се врши предистражна постапка по допрен глас по што ќе се знае дали ќе има отворање на истрага. Сега имаме само предистражна постапка по допрен глас“ – изјави за „Скопје 1“ обвинителката Вилма Рускоска без да прецизира дали предистражната постапка се однесува само на перење пари или и на други дела и без да каже дали со предистражната постапка е опфатен само Николоски или има и дурги лица.Според информациите до кои дојде „ Скопје 1“ предистражната постапка покрај Николоски ги опфаќа и еден од главните разузнавачи во кабинетот на Георге Иванов, поранешен директор на „Фондот за здравствено осигурување“ кој потоа станал директор на фарма за канабис, еден бизнисмен кој работи во градежништо, угостителство и обложување, еден поранешен кошаркар, потоа еден директор на приватна фирма со руски капитал ( познат на јавноста по закани со убиство и подметнати бомби ) се дел од истрагата која ја отпочнало Јавното обвинителство во Скопје, а на која и е дадено работно име „Пајажина“. Предистражната постапка се однесува на субверзивни активности за уривање на Преспанскиот договор и за перење пари кои доаѓале од една источна држава со светско влијание, а износите се во милиони евра.Александар Николоски деновиве кажа дека раководството на ВМРО ДПМНЕ подолго време било следено и прислушкувано од службите. Оваа изјава беше демантирана од Наќе Чулев, а дополнителната министерка Славјанка Петровска кажа дека против Николоски е отворена истрага за „перење пари“. 

Македонија | пред 5 години

donator

(ФОТО) Тој човек не е "донор", туку личност со големо ИМЕ и ПРЕЗИМЕ - Наклон!

ФБ Статус:По успешната трансплантација на неговото донирано срце, во моментов на Клиниката за урологија се врши трансплантација и на неговите донирани бубрези.Тој човек не е "донор", туку личност со големо ИМЕ и ПРЕЗИМЕ, кој направи похуман чин од сите политичари и декларирани добротвори во последните 30 години ЗАЕДНО.Ваквите луѓе се вистински светци и поради нив се уште живее вербата во хуманизмот и човештвото.Наклон!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10223418781236482&set=a.1386789908541&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Vlada-23-maj-Vlaski7

Спасовски: Влашкиот народ и истакнати личности Власи имаат значајно место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја и во сите премрежја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, во негово, и во име на Владата, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница. Честитката ви ја пренесуваме во целост:Денеска го одбележуваме 23 Мај, Националниот ден на Власите, и ова е можност да оддадеме признание на влашкиот народ на вековниот стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција.Влашката заедница секогаш била силен елемент во нашата заедничка борбата за слобода, правда, независност и државност.Влашкиот народ и истакнати личности Власи, споделувајќи ги овие вредности, учествуваа и имаат значајно место во најважните поглавја на нашата долга и богата историја и во сите премрежја, во добро и во зло, се нераскинлив дел на нашето заедничко живеење.Би сакал да се заблагодарам за вашиот несебичен придонес во градењето на заедништвото и низ толеранција, доверба и почитувањето да продолжиме да создаваме едно општество за сите.И денес кога се соочуваме со кризата предизвикана од КОВИД-19 заедно со нашите сограѓани Власи, обединети и со солидарни, полесно и побрзо ќе се справиме со актуелната здравствено-економска криза и ќе придонесеме за благосостојба и за  просперитет на нашата заедничка татковина.Честит 23 Мај, Национален ден на Власите!   

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Министерот Филипче го посети пациентот на кој му беше трансплантирано срце

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во моментов е во посета на пациентот, на кој му беше трансплантирано срце. Синоќа, за првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. фото: Министертво за здравство

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на влашката етничка заедница да им го честитам празникот 23-ти мај - Националниот ден на Власите, се вели честитка по повод 23 Мај, Национален ден на Власите од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција.Нивниот придонес за градењето на основните човечки вредности во нашето општество, но и во изградбата на нашата заедничка држава Македонија е значајно голем.Денес власите исто како и другите заедници поминуваат низ заедничките предизвици, економска неизвесност, здравствена криза, несигурност и ерозија на моралните вредности наметнати од неодговорното лидерство на државата. Положбата на заедниците не се подобрува со убави зборови, туку со работа, стратегија и конкретен план.Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Власите и за сите граѓани на Република Македонија.Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава, се вели во честитката од Мицкоски.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето соверемено општество, заедништвото и меѓусебното почитување

Со особено задоволство од името на СДСМ и од мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите, се вели во честитката од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за 23 мај - Националниот ден на Власите.Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме  и признание, благодарни за се она што го направија и се уште го прават за нашата заедничка татковина.На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност.Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето соверемено општество, заедништвото и меѓусебното почитување.Честит 23 мај, Национален ден на Власите! Ti multsa anj Dzua Nacionala Armanjlor, се вели во честитката од Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања