Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Владата одлучи: Факултетите повторно се отвораат, но со почитување на посебен протокол

На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот за полагање испити на високообразовните установи, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот од Комисијата за заразни болести, може да се реализираат студиските програми, како и проверката на знаењето, со физичко присуство на студентот, одлучи денеска Владата.„На високообразовните установи каде постои можност за целосна примена на протоколот, со физичко присуство на студентот може да се реализираат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно – инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), полагањето на испитите и колоквиумите, како и одбраната на дипломска, магистерска теза и докторски труд“, се наведува во соопштението.Исто така со оваа Уредба се регулира и работата на Стручната служба – може да се врши со физичко присуство на вработените, ако за тоа постои можност за примена на протоколот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

srce

За првпат се извршува трансплатација на срце во Македонија

Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2394319200875099/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

maska-2

Уште 200 дена по престанокот на вонредната ќе се применуваат мерките за заштита во трговските објекти

Владата на денешната седница ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пензиите повторно ќе се делат порано, еве која група кога ќе се опари ...

Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27.05.2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:-   Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;-   Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;-   Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;-   Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filipce1

Филипче: Лично сметам дека недоволно се санкционираат оние кои ги прекршуваат мерките

„Лично сметам дека недоволно се санкционира. Институциите треба поинтензивно да работат на терен да ги идентификуваат ваквите прекршоци. Мора граѓаните кои не ја почитуваат мерката да сфатат дека тоа е сериозна закана не само за нив, туку и по јавното здравје. Сведоци сме дека мерките се олабавуваат, животот постепено се враќа во нормала, но тоа е можно само со почитување на препораките, во спротивно бројот на пациенти ќе расте“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на ТВ 24.Министерот додаде дека сега сега сме во мирна фаза врз која имаме контрола.„Ова е ситуација со намалување на кривата и тоа е така во целиот свет. Имаме нови заболени, но како резултат на контакти со претходно заразени. Уште некои факти кои влијаат, воведовме многу рестриктивни мерки и сето тоа даде резултат.“, вели Венко Филипче.Филипче уверува дека ситуацијата е под контрола и дека единствен начин да се спречи неговото ширење е почитување на препораките.„Кластерите се целосно познати, има по десетина случаи заразени на собир на поширока фамилија, имаме заразени и од присутните на литијата во Струга, но ние ги лоцираме, ги следиме контактите и преземаме мерки. Во изминатиов период се покажа дека само со силно рестриктивни мерки е можно спречување на вирусот. Секако олабавување на мерките се планира и за наредната недела. Таму каде што се почитуваат мерките нема вирус, но го има онаму каде што не се почитуваат.“- изјави Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

avtobus-1

Задолжителниот државен карантин за лица кои доаѓаат од странство се заменува со домашна изолација

Задолжителниот државен карантин за лица кои доаѓаат од странство се заменува со домашна изолација со приложен негативен ПЦР тест на коронавирус, одлучи Владата на денешната седница.„Изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација“, соопштија од Владата.Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

missing

Во Велес се трага по исчезнато 17-годишно момче

Вчера во 13.30 часот во СВР Велес 41 годишниот Ш.Ш. од Велес пријавил дека вчера утро околу 05.30 часот од нивната куќа се оддалечил неговиот син, 17-годишниот М.Ш.Според СВР Велес, полицијата работи на пронаоѓање на момчето. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bebe-se-doi

Породилното отсуство ќе трае до завршувањето на времените мерки

Мајките кои се на породилно отсуство сè додека траат времените мерки не мора да се вратат на работа, соопшти Министерството за труд и социјална политика.– За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, да продолжи да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот ковид-19 – се наведува во соопштенито од МТСЦ. 

Македонија | пред 5 години

04022020_VRSM_6_sednica_na_Vlada3

Се исценкаа, па направија разумен компромис за полицискиот час?!

Објавувањето на т.н. половичен полициски час, повторно го отвара прашањето, дали СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и во случајов, ИВЗ, направија разумен компромис за карантинскиот викенд?! Иако Комисијата за заразни болести предложи четиридневен, односно 58 часовен полициски час, Владата донесе одлука да прогласи од недела во 19 часот до вторник изутрината во 05 часот. Што претходеше?!ИВЗ покажа забиИсламската верска заедница денеска вчера соопшти дека нема да се одржи традиционалната манифестација за празникот Рамазам Бајрам. Откажана е од страна на Ријасетот заради актуелната состојба со корона вирусот. Главната препорака се однесува на однесувањето на верниците во џамиите, па од ИВЗ велат молитви да се практикуваат најмногу во дворовите на џамиите. Истовремено, пренесува Фактор, препорачуваат задолжителна дезинфекција при влез во џамиите, а верниците со себе да си понесат седеџе.Чулев им даде ветер во грбМинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека утрово имало седница на главниот Координативен кризен штаб каде што биле дискутирани предлозите на Комисијата за заразни болести, а во текот на денот се очекувала седница на влада на која што треба да се донесе конечна одлука во однос на мерките за продолжениот викенд.„Мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжување на движењето не е добро за нивното психофизичко и ментално здравје“, изјави министерот Чулев во вклучување во дневникот на телевизија Сител.Кој се сака, тој се караПоглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи, на својот официјален фејсбук профил објави дека врз свештени лица од ИВЗ бил вршен притисок од полиција за да нема молитви во џамиите за претстојниот муслимански празник.„Денес, Претседателството е преплавено со извештаи од нашите муфтии и имами дека полицијата ги повикува нашите имами и влијае врз нив да не се молат за молитвата, а во други случаи, полицијата влезе низ нашите џамии со цел да изврши притисок. Имаме писмени изјави на имамите и на верските работници. Ова се забележува низ целата земја, но особено во Скопје и околината“, објави реисот Реџепи.Ѝ Чулев им вратиЈас како Министер за внатрешни работи нема да дозволам полициските службеници да вршат притисок и да влијаат на работата на верските објекти и заедници. Наша обврска е да го заштитиме здравјето на граѓаните и во таа насока полициските службеници преземаат соодветни превентивни мерки и активности. Министерството за внатрешни работи, категорично ги отфрла како паушални и неточни изесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница, а по повод чествувањето на престојниот верски празник Фитр Бајрам.Граѓаните се погласни во коментарите на социјалните мрежи дека одлуката е донесена врз база на пазар и ценкање.Инаку, сите политички чинители во државата се повикуваат на тоа дека треба да се почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести, но, никој не кажа врз основа на што е решено да се постапи спротивно на неа. Со одлуката за полицискиот час за викендов, се калкулираше неколку денови.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче за ТВ24: Лица кои биле на литијата во Струга имаат белодробен наод кој одговара на ковид – 19

Во следните денови може да се очекуваат случаи на новозаразени со коронавирус во Струга, изјави вечерва министерот Венко Филипче во интервју за ТВ 24 одговарајќи на новинарско прашање дали литијата што се одржа во овој град на 7 мај може да предизвика нови случаи.„Од оддлението во Струга не’ известуваат дека има лица кои доаѓаат со белодробен наод кој одговара на ковид – 19 и тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Ќе видиме дали е така. На таков настан каде не се одржува физичко растојание, не се носат маски може да се очекува дека вирусот се шири“, истакна Филипче за ТВ 24.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija

Објавено траењето на полицискиот час за викендов

Владата на денешната седница одлучи дека е потребна зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.„Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро“, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски преку Фејсбук.

пред 5 години

zabrana

Полицискиот час ќе започне во недела во 11 часот и ќе трае до вторник до 05 часот

Владата на денешната седница одлучи дека е потребна зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.„Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро“, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски преку Фејсбук.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Pozar

(ФОТО) Изгоре магацин за автоделови во Радишани

Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.– Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.https://www.facebook.com/bppzgradskopje/posts/2919383391516155

Македонија | пред 5 години

Bitola-2

(ФОТО) Вакво паркирање сигурно не сте виделе!

На социјалните мрежи се објавија фотографии од денешната случка во Битола, на кои се гледа нешто сосема несекојдневно.  Според информациите на социјалните мрежи, Битолчанка при возење во рикверц, не забележала дека зад неа има бандера, по што се искачила на истата, а потоа колата останала во воздух.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

respiratori

(ФОТО) Нова донација - 85 респираторни машини за т.н. неинвазивна вентилација и дополнителни 24 концентратори на кислород

Денеска добивме донација, 85 респираторни машини за т.н. неинвазивна вентилација и дополнителни 24 концентратори на кислород. Благодарност до компаниите „Мега“, „Голден арт“, „Акустик“ и „Грин Мак“, но и до сите други компании и поединци, државни институции, странски амбасади, кои во овој период кога се справуваме со коронавирусот донираа за јавно-здравствениот систем, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.Оваа донација е многу значајна, затоа што на една сериозна група пациенти кои се заболени од коронавирусот им е потребна ваква респираторна поддршка. По завршување на оваа криза, респираторите ќе се користат за третман на пациенти кои имаат друга индикација за поддршка на дишењето.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2394118377561848/2394109870896032/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

oliver

На седница во 17 часот ќе се одлучува дали ќе има 58-часовен карантин за викендот

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека денеска, на владина седница во 17 часот, ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд. Премиерот уште еднаш нагласи дека одлуките во однос на ситуацијата со коронавирусот се носат исклучиво врз основа на оценките на науката, на стручните луѓе и во тој контекст сите партии имаат речиси идентичен став, освен претставникот на опозицијата.-Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката, истакна премиерот.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

СДСМ: Здраво, би сакал да се слушнеме, Мицкоски призна дека вршел притисок во МВР за теретаната

Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретана. Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај, се вели во соопштението од СДСМ.„Здраво, би сакал да се слушнеме“ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО.  Но тоа време заврши.Според истото принзание на Мицкоски, притискот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност.Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите.Снимките ги виде цела јавност среде најголемата пандемија. Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.Мицкоски ќе остане запаметен за време на коронакризата дека беше на спротивната страна, дека лажеше и се однесуваше неодговрно и незрело, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шахпаска: 20% поголеми плати, благодарност и награда за здравствените работници од првите борбени редови

Македонското здравство покажа дека има капацитет навремено и ефикасно да се справи со закани како што е пандемијата со коронавирусот. Со соодветен системски пристап и добра организација македонското здравство може да функционира на ниво на кое функционираат здравствените системи во далеку побогати земји, истакна Јагода Шахпаска, кандидатка за пратеничка на СДСМ од ИЕ 3.Вложувањата кои Владата предводена од  СДСМ ги направи во здравството овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении.Со оваа криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови. Продолжуваме да  вложуваме во одржлив здравствен систем.Преку одговорни и стратешки политики ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и создадовме услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.Сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност што нашите здравствени работници го вложија изминатиов период и од тие причини вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот - доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата.Никој нема да биде изоставен, сите се земени предвид.Владата предводена од СДСМ го цени човечкиот капитал во здравството и затоа и пред оваа криза инвестиравме во него.За период од две години издадени се  повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените институции и дадени се повеќе од 1000 согласности за специјализации и супспецијализации.Во периодот од септември 2018 до февруари 2020 години за четири пати е зголемена платата во здравството. Основната плата за лекар специјалист е зголемена за 40 проценти, на медицинските сестри за 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, а на останатите здравствени соработници за 15 проценти.Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства, за 15 проценти е зголемен капитациониот бод на натичните лекари, гинеколозите и стоматолозите.Покажавме дека имаме системски пристап и добар план. Направивме многу, но имаме уште многу да направиме. Продолжуваме да работиме посветено на подобрувања во секоја област: инфраструктура, опрема, терапија, персонал. Затоа што само така, со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите, истакна Јагода Шахпаска, кандидатка за пратеничка на СДСМ од ИЕ 3.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

dzamija-2

МВР: Неточни и паушални се тврдењата на ИВЗ околу наводниот полициски притисок

Во интерес на вистината, на објективното информирање на јавноста, а особено  во интерес на интегритетот на институцијата – Министерството за внатрешни работи,  категорично ги отфрла како паушални и неточни изесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница а по повод чествувањето на престојниот верски празник Фитр Бајрам, се вели во соопштението од МВР.Полицијата, односно министерството за внатрешни работи  ниту има надлежност ниту пак  се обидувало да наметне влјание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Притоа јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво. Во актуелниот момент на вонредна состојба на ниво на целава земја  предизвикана од пандемијата со корона вирусот (“ковид 19“), Министерството за внатрешни работи покрај постапување во делот на почитувањето на донесените владини мерки, уредби и препораки за заштита на здравјето и животот на сите граѓанина нашата држава,особено внимание посветува и на превентивното делување.Свесни за потребата од заедничко делување заради надминување на опасностите од пандемијата  и зачувување на здравјето на граѓаните, со посебно внимание работиме на интензивирање на соработката со верските заедници со цел засилено превентивно делување особено во пресрет на претстојните државни и верски празници. И во оваа ситуација   станува збор за редовна полициска активност со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија.Полициските службеници секојдневно работат и  во делот на превенција информирање  и едукација, а во насока на заедничко надминување на опасностите од пандемијата   и зачувување на здравјето на граѓаните. Таквото полициско делување пред се на локално ниво, во локалните заедници, било и ќе биде наша редовна и секојдневна обврска, а во рамки на концептот на полицијата како сервис на граѓаните, граден децении наназад со нашите партнери од ОБСЕ и ЕУ.МВР уште еднаш потенцира дека ќе остане доследно во исполнувањето на сите свои законски обврски и задачи чија што единствена цел, преку бескомпромисно спроведување на законите, е заштитата, личната сигурност и безбедност на сите наши граѓани, токму онака како што меѓу другото, налага и Уставот на нашата земја.фото:Senzacija  

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Да се познавам со господинот Александар Верушевски, тој е е голем патриот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање за Александар Верушевски истакна дека го познава и додаде:-Да се познавам со господинот Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг, а она што можеби е значајно да го знаете е голем патриот – одговори Мицкоски на поставеното новинарско прашање.Заев пред неколку дена откри дека објавената снимка која неодамна беше пуштена во јавност, ја снимил Верушевски, на ручек во Струмица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-3-1

Презентација на родовата перспектива во одбраната пред претседателот Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска беше информиран за унапредувањето на родовата перспектива во Министерството за одбрана и Армијата, родовата структура, Националниот акциски план и политиките за еднакви можности.На презентацијата беше истакнато дека Министерството за одбрана и Армијата работат на системски решенија за подобрување на родовата еднаквост и унапредување на правата на вработените.Претставниците на работната група за унапредување на родовата перспектива во одбраната го информираа претседателот дека целосното нормативно уредување и имплементацијата на родовата перспектива во одбраната е во согласност со политиките кои НАТО ги презема во однос на агендата за жените и безбедноста. Во Законот за служба во Армијата и Законот за одбрана се воведени родови компоненти, како и родова структура во Министерството и Армијата, придонесувајќи кон зголемување на родовата сензитивност.Претседателот Пендаровски истакна дека еднаквите можности и инклузивните родови политики се обврска на сите политички чинители во општеството, како и на севкупната раководна структура во Министерството за одбрана и Армијата. Во таа насока потребно е доследно спроведување на позитивните законски прописи, како и исполнување на обврските како членка на НАТО во чија армија мажите и жените се дел од воените и цивилните структури, како и дел од меѓународните операции и вежби.Претседателот додаде дека како одраз на поддршката на политиките за еднакви можности, во Кабинетот на претседателот за првпат е поставена аѓутантка, како и ангажирана советничка за прашања од областа на родови политики и еднакви можности.Претседателот Пендаровски исто така истакна дека покрај постигнатиот напредок, како општество треба да направиме уште крупни чекори за поголема родова еднаквост и инклузивни родови политики во различните сектори.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 5 години

korona-3

Денеска се потврдени 23 нови случаи на ковид 19

Денеска се потврдени 23 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1921, оздравени 9 пациенти, почина 1 лице.Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти во: Скопје-3, Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1.Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден позитивен денеска.Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4, Неготино-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 685, активни 178•       Куманово – 423, активни 27•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-38, активни 3•       Прилеп –206, активни 56•       Тетово – 165, активни 76•       Струга – 71, активни 4•       Велес – 127, активни 49•       Битола –28, активни 9•       Охрид –21, активни 6•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –21, активни 4•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 3, активни 1•       Крива Паланка- 6, активни 1•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 0•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 1•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 1•       Свети Николе-1, активни 1Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –408, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –38, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода  - 28 и МАНУ -127.  Досега во земјата се направени вкупно 24018 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

a1-on

(ВИДЕО) Полицијата повторно покажува мускули, спречи новинар од А1 ОН да снима

Инцидентот се случи откако полицајката неколку пати се обиде да ја спречи екипата на „А1он“ да го сними настанот, преместувајќи ја од едно на друго место, со арогантен однос, со покажување сила, без да прецизира каде е дозволено да се застане. Откако ѝ беше укажано дека нејзиниот однос ќе го снимиме и пријавиме во МВР, прашувајќи каде е дозволено да се застане, таа наместо одговор, рече:„Исклучи телефонот...“.По ова, новинарската екипа побара од полицајката да се идентификува, а наместо легитимација, таа на арогантен начин рече:„Немој да ми кажуваш јас што да правам, кај што се другите граѓани“. И по второто инсистирање на екипата од „А1он“, за полицајката да даде легитимација за идентификување, за против неа да поднесеме пријава во Внатрешна контрола при МВР, таа дрско одговор: „Продужи!“.Текстот во целост: А1ОН

Македонија | пред 5 години

22052020_VRSM_Delegacija_polozhuvanje_buket_24-Maj_Sv.Kiril-i-Metodij-1

Премиерот Спасовски предводеше владина делегација која положи свежо цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, по повод Денот на сесловенските просветители

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во име на Владата на Република Северна Македонија, по повод државниот празник 24 мај - „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, денеска положија букети свежо цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, во кампусот на универзитетот во Скопје.Премиерот Оливер Спасовски и министрите Адеми и Апостолска имаа и кратка средба со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, на кого му ги пренесоа честитките по повод државниот празник 24 мај - „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, со порака за поддршка на автономноста на универзитетот како научна, високо­образовна институција, кој обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите, и која е посветена на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ и на негувањето и промоцијата на културните вредности на другите етнички заедници во земјата.

Македонија | пред 5 години

culev-1

(ФОТО) Чулев во посета на полициските службеници на граничниот премин Богородица

Министерот Чулев денес ги посети полициските службеници на граничниот премин Богородица. Во објавата на ФБ Министерот напиша:❗ Пандемијата од Корона вирусот значително го смени текот по кој функционираше општеството и нашите животи. Ги затвори границите и го ограничи нашето движење. Но, еден сегмент од човечкото живеење не смеевме да дозволиме да застане и успеавме во тоа. И тоа беше вистински предизвик за сите нас. Економијата и транспортот продолжија да функционираат без посериозно и поголеми отстапувања.➡️ Денес бев на граничниот премин „Богородица“ каде се сретнав со раководството и ги посетив полициските службеници кои изминатиот период неуморно и посветено работеа за камионскиот транспорт да не запре, да не се затворат маркетите и граѓаните да ги имаат сите потребни продукти за нормално функционирање на животот. Со својот труд, ангажман и посветеност тука и на сите други премини униформираната полиција го даде својот придонес пандемијата да нема влијание врз реалниот живот.💬 Благодарам за ангажманот и посветеноста за сите вработени во Министерството за внатрешни. Но, благодарам и на професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на оваа состојба.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/pcb.160748958785240/160748522118617/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања