Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

zaev-micko

Заев: Ако сака Мицкоски јас го донесов вирусот од Кина, но дајте да одиме на избори

Владеачката СДСМ смета дека договор за изборите можа да има само додека трае вонредната состојба. Според нив по 30 мај продолжуваат да течат законските рокови за избори на 21 Јуни.“Еве, ако сака Мицкоски, нека биде вака, јас нека сум виновен за се, јас сум виновен за корона кризата, јас го донесов вирусот од Кина. Но, дајте, исправени сме пред сериозни одлуки. Да го фатиме првиот можен момент”, вели Заев.Од ВМРО-ДПМНЕ не ја отфрлаат можноста за договор но истакнуваат дека нема приближување на ставовите. Она што го гледаат кај СДСМ засега е само обид за спас на кариерата на Заев. Велат дека здравјето на граѓаните треба да биде приоритет, објави Алфа.мк.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

struga

АА: Дивите градби во Струга се прават со знаење, амин и стимулирање од Мерко

Арогантното и неодговорното однесување на градоначалникот на Струга, уште еднаш покажа дека дивите градби во Струга се прават со знаење, амин и згора на тоа и со негово стимулирање. Повеќето од тие што градат околу езерото и не само, ги кажуваат истите зборови: „Се договоривме со Рамиз“, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците огранок Струга.На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму.За жал, институциите стануваат алатка на криминал и криминалци како Рамиз.Уште еднаш ги покануваме полицијата, Обвинителството, Судот, Владата, да преземат мерки се додека не стане предоцна. Нашето богатство се уништува и узурпира. Додека организираниот криминал цвета на секој агол на Струга, се додава во реакцијата. фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

21052020_MF_ME_pres-konferencija_1

Ангеловска и Бектеши: Со третиот пакет економски мерки директна поддршка на стопанството

Поддршка на инвестиции, на полесен пристап до капитал, наоѓање на нови пазари, извозна-ориентираност, дигитализација, модернизација, нови производи, како и вклучување на таргетирани категории како жени претприемачи и млади лица, преку мерки од третиот пакет насочени кон директна поддршка на стопанството.Министерката за финансии посочи дека овие мерки конкретно се насочени кон заштита на ликвидноста и работните места на краток рок, но и поддршка за развој и зголемување на конкурентноста на компаниите во пост-корона периодот.Ангеловска посочи дека преку Развојната банка ќе се нуди нова линија на бескаматни кредити, а ќе се развие и гарантна шема за комерцијални кредити.„Со бескаматни кредити за фирми преку Развојната банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра ќе се поддржат сите микро и мали фирми, а истата ќе понуди и 30% грант од ЕУ, за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење. Понатаму преку развивање на државна гарантна шема за комерцијални кредити преку Развојната банка ќе се овозможи полесен пристап до капитал за фирмите, за ликвидносни потреби, за инвестиции за зголемување на конкурентност и истата се користи ширум светот токму запериодот на заживување на економијата“, вели Ангеловска.Понатаму ќе се поддржи пласман на компаниите на нови пазари и подобрување на конкурентноста, прво преку 25 милиони евра за приватниот сектор преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата, а во соработка со стопанските комори, понатаму преку развивање на дигитална платформа, за текстилна, чевларска и индустрија за производство на мебел. Предвидени се и 1.6 милиони евра поддршка за Старт ап компании и мали и средни фирми за воведување на нови процеси, иновации, освојување на нови пазари, дигитализација и зголемување на конкурентност, како и 3 милиони евра преку Фондот за иновации и технолошки развој.Министерот за економија Крешник Бектеши се осврна на мерките од третиот пакет кои се реализираат преку Министерството за економија и се во вредност над 50 милиони евра.„Туризмот и угостителството се најпогодени сектори од оваа здравствено-економска криза, затоа и поддршката којашто преку сите три сета мерки ја даваме за овој сектор е најголема во овој дел. Во третиот пакет мерки предвидена е поддршка од 16 милиони евра за ваучери за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 денари нето месечно и немаат други приходи. Оваа мерка опфаќа околу 100 илјади граѓани и ќе започне да се реализира со почетокот на туристичката сезона.“Министерот Бектеши потенцираше дека оваа криза можеме заедно да ја претвориме во можност за сите нас.„Со цел да го заштитиме домашното прозиводство, да им помогнеме на домашните производители и компаниите кои се погодени од оваа криза и заеднички да ја направиме нова можност за сите нас. Затоа е и оваа поддршка од 16 милиони евра ваучери за граѓаните кои можат да ги искористат во домашните угостителски објекти“, истакна Бектеши.Министерот за економија, Бектеши посочи дека во Буџетот на Министерството за економија се предвидени средства и за финансиска поддршка за приватниот сектор, економијата и индустријата во вкупна вредност од околу 400 илјади евра преку креирање на програма за зајакнување на конкурентноста на компаниите и индустријата, согласно Законот за финансиска поддршка на претпријатијата, а предвидена е реализација на мерка за поддршка за модернизација на компаниите и за освојување на нови пазари, пред се за одбрани индустрии со фокус на текстилна и чевларската индустрија и производство на мебел и ПВЦ производи - на која домашните компании ќе може да ги нудат и пласираат своите производи на странските пазари и преку алтернативен начин на продажба.Ќе се кофинансираат и настани и конференции со 50% финансиска поддршка од државата, а до максимален износ од 30.000 денари.

Македонија | пред 5 години

novoizbran-vladika-1

(ФОТО) Игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј, избран за нов епископ на МПЦ-ОА

Денес, кога го славиме споменот на Светиот Апостол и Евангелист Јован Богослов, во црковното предание нарекуван уште и „Апостолот на љубовта“, тој ни благовести уште една радосна вест: нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, нашиот нов апостол на љубовта Христова, од страна на светите архиереи од Свештениот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија, едногласно беше удостоен со највозвишениот и свет, апостолски архиерејски чин, објави bigorski.org.mk.Ова ново послушание, овој голем крст во служењето на народот Божји, Светиот Синод му го возложи на нашиот Старец по барање на нашиот многупочитуван и возљубен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го побара за викарен епископ на нашата богочувана епархија. Новата владичка титула на Старецот ќе му биде Епископ Антаниски и игумен на Свештената Бигорска Обител. Насловот на оваа епископската титула доаѓа од древниот град Антанија, чијашто местоположба била кај денешниот Чебренски манастир и кој во доцното римско доба бил епископско седиште.Наречението на Старецот за епископ ќе се одржи Претечевиот храм на Бигорската Обител, на 11 јули, во навечерието на празникот Собор на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле, а хиротонијата – наредниот ден, на самиот апостолски спомен, во древниот и преубав храм на Премудроста Божја, „Света Софија“ во Охрид.За нашата Свештена Обител е посебна радост што возљубениот ни Старец станува владика во годината кога таа го слави своето илјадалетие.На монашкиот синаксис пред некој ден, на кој Старецот ни соопшти на браќата за неговиот избор за епископ, тој меѓу другото уште еднаш ја предочи неговата главна животна цел – духовниот напредок на монашката заедница и спасението на што повеќе луѓе:Старец и игумен, Архимандрит Партениј„Чеда мои, вие добро знаете колку сум чувствителен за секого од вас, колку многу секој од вас поединечно ми значи; зашто, сите вас со многу маки и со големо трпение сум ве раѓал во монашкиот живот, пролевајќи обилна духовна крв. Затоа пак ќе ви повторам: сите вие сте ми неопходни, бесценети. Потребни ми сте, бидејќи сте мои деца. Без вас не можам и не сакам со ништо да продолжам. Ние сме меѓусебно поврзани со врската на совршенството – љубовта во Христа (сп. Колос. 3,14), во едно тело, во еден духовен организам. Вие сте сведоци дека вашиот пад, бил и мој пад; вашата тага е и моја тага, вашата радост – моја радост. Преку благодатта Божја и по молитвеното покровителство на нашата заедничка Мајка Богородица и на нашиот закрилник Свети Јован Крстител, тоа така и ќе остане докрај! Мене ништо друго не ми е поскапоцено од моите монаси, монахињи и духовните чеда. За ништо од овој живот не би ве оставил и не би ве менувал. За мене нема ништо поскапо и попосакувано од вас. Па дури и ако би ме удостоил Бог со Рајот, а да треба да останам без некои од вас, јас, ви кажувам отворено, нема да одам. Или сите заедно, макар какви и да биле некои, или ниту јас. Сакам ова добро да го запаметите. Да имате секогаш на ум колку многу ми значите и колку ве љубам. Без вас животот навистина не можам да го замислам. Затоа, ве замолувам да бидете внимателни и трезвени. Со вашите молитви и со вашиот подвиг да ми помагате во носењето на крстот. Оти, архиерејската служба во правилна смисла значи постојано распетие за словесното стадо Христово. Неутешениот свет, во вас гледа голема утеха, гледа Христови ученици. Да не ги разочараме жедните за Бога души. Низ целата историја, најголемата утеха и просвета доаѓала токму од Црквата, особено од манастирите… И немојте да мислите дека некој е безначаен. Сетете се на зборовите што ги кажа Спасителот, дека само една душа човечка е поскапоцена во Неговиот очи од целиот свет (сп. Матеј 16,26). Вие сте виделе како сум се натажувал кога ќе разберев дека некому му се случило нешто лошо, или има некаков проблем, или паднал во грев, или, не – дај Боже – сосема отстапил. Кој изнемоштува, без да изнемоштам и јас? Кој се соблазнува, без да се распалам и јас? – вели Апостолот Павле (2. Кор. 11,29) Колку пати сме ги оставале 99-те овци, за да ја побараме загубената? Колку загубени души го нашле патот и се исправиле во нашите манастири, пронаоѓајќи се себеси и Бога?! Сме се труделе, сме тргале, сме влечеле нагоре, многупати и онаму каде што ни се чинело дека е непоправливо… Колку солзи, молитви, зборување – сè додека заблудената овца не влезе во стадото. Ова го говорам не само за монасите, туку, пред сѐ, за духовните чеда во светот, коишто никако не смееме да ги оставаме без Божјата утеха. Зашто, како што сум секогаш тука за вас, така сум и за духовните чеда и тоа нема да се промени никогаш. И во нашево време, значи, ние сме тие што треба да се молиме за нашиот род, деца, да бараме милост и спасение. Во овој наш, 21 век, вие сте, всушност, Христовите апостоли. Вие треба да им ја пренесувате на светот пораката дека Исус Назареецот, Распнатиот, – воскресна (Марко 16,6). А како ќе ја пренесувате оваа порака? Со тоа што, преку подвигот на љубовта и служењето на ближните, ќе станете сведоци по духот на Неговото славно Воскресение, ќе станете, на некој начин, живи евангелија… Срцето, значи, на нашата мисија, на нашиот призив, на нашиот живот, е спасението на душите на што повеќе ближни. Силата, пак, на таа мисија – сте вие монасите и сестрите монахињи, тие нови жени мироносици, коишто, исто така, премногу се трудат. Наскоро ќе станам владика, ќе го примам свештениот архиерејски чин, но тоа за мене преставува залог за уште повеќе да се трудам, секако, заедно со вас, во духовната работа со луѓето – да ги слушаме нивните исповеди, маки, таги, радости… и да ги приведуваме нив и сите заедно да се упатуваме кон тивкото пристаниште на Христовата утеха и љубов. Па така, деца мои, како ваш духовен родител, ве замолувам да го сфатите овој призив сериозно, да бидете силни и да барате од Господ благодатна помош, за да излеземе од овој свет како достојни Христови ученици. Во која смисла велам достојни? Во тоа што докрај ќе останеме во Неговата љубов. Оти, љубејќи Го Него, ќе се љубиме и повеќе меѓу нас и полесно ќе ги победуваме сите искушенија…“А ние, последните и најнедостојните синови на нашиот Старец и духовен татко, со нашите срца ќе му одговориме преку зборовите на големиот монашки учител, Преподобниот Јован Лествичник:„Душата која се приврзала заради Христа со пастирот со љубов и доверба, останува до крв и не се оддалечува од него, особено ако има добиено од него исцеление на душевните рани, според зборовите на оној кој рече: Ни ангелите, ни властите, ни силите, ниту, пак, некоја друга твар ќе може да не оддели од љубовта Божја во Христа Исуса (Рим. 8,38-39)“.Да се молите, татко наш во Христа, овие божествени слова да се остварат и со нас, та да Ви останеме верни во послушанието, љубовта, и во служењето за спасение на мнозина. Оти, и да имаме десетици илјади наставници во Христа, татковци многу немаме, бидејќи Вие нѐ родивте во Исуса Христа преку Евангелието (сп. 1. Кор. 4,15).Молитвите на Пречистата наша Богородица, на Чесниот Претеча, на Свети Партениј Лампсакиски, чиешто име достојно го носите, и на сите Светии нека бидат со Вас, Владико и татко наш, како и молитвите на предците од славниот мијачко-рекански крај, за чиешто севкупно воскресение Вие се вложивте како доброволна жртва сепаленица!На многаја и благаја лета, наш духовен татко во Христа!Би сакале тука да им ја изразиме и нашата неизмерна благодарност на нашиот возљубен Митрополит и архипастир на нашата Дебарско-кичевска епархија, г. Тимотеј, како и на сите архиереи од Светиот Синод, што денес го удостоија нашиот Старец со ова големо достоинство, за слава на Црквата Христова! На многаја лета, објави bigorski.org.mk.Извор: bigorski.org.mk.фото: Бигорски манастир

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Кузеска: Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок

Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот “Теретана“. За Мицкоски сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека  е „отсјај“ од светлото.Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза.Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Неодговорното однесување на Мицкоски е дел од истата, режимска матрица на оваа партија.Единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски.Мицкоски треба да знае - времето на привилегирани, на затворање на случаите со притисоци по телефон, заврши.Истрагата на МВР е во тек и продолжува. Истрагата ќе утврди дали Мицкоски вежбал во време кога на сила се забраните против коронавирусот и кога се затворени ваквите објекти, и дали има одговорност.Сепак, ќе остане запаметено дека за време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски се однесуваше крајно неодоговорно, несериозно и незрело, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата Диамед

Венко Филипче и Ден Дончев важат за едни од најблиските луѓе и соработници на Зоран Заев.Истите двајца Ден Дончев и Венко Филипче се замешани во безброј скандали и афери, но еден од најкоруптивните случаеви на оваа Влада што ги поврзува и двајцата е случајот РЕКЕТ 2, случај преку кој изнудувале пари од фирмата Дијамед, истакна Димче Арсовски– портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Јавното Обвинителство потврди дека против Ден Дончев се води истрага и има поднесено кривична пријава.Ден Дончев изрекетирал 824.000 евра од фирмата „Дијамед“. Замислете, Ден Дончев, изрекетирал од фирмата Дијамед 824.000 евра, само за да им ги врши навремено исплатите коишто законски им следуваат на оваа фирма која се занимавала со дијализа.Зошто јавноста откако дозна за овој случај, со право го поврзуваше и Зоран Заев како дел од овој рекет? Затоа што човекот кој ги земал парите од фирмата Дијамед и ги разнесувал, бил истиот што е осуден веќе во случајот Рекет 1 каде што ги зема парите во Луј Витон торбата.Очигледно главата на октоподот Зоран Заев, еден ист човек користел за собирање на рекетот од бизнисмените.Истите Ден Дончев и Венко Филипче се обидоа насилно да спречат продажба на фирмата „Дијамед“ на странска компанија, бидејќи биле свесни дека нема да можат понатака да рекетираат компанија од ЕУ и ќе бидат разоткриени, а понатаму и ќе одговараат.824.000 евра е сумата којашто Ден Дончев ја изрекетирал потенцирам од фирмата Дијамед, за да истиот Ден Дончев исполни обврски кои му налага законот како директор на Фондот за здравство. Ова се докази кои веќе се во обвинителството и за кои се води постапка и веќе и јавноста е запознаена преку медиумите, од ова нема бегање.Знаејќи го сето ова Зоран Заев, уште јавно вели дека Ден Дончев се повлекува од приватни семејни причини, бидејќи мора да се сели во Австралија, земјата од каде што дојде да работи тука. Со ова Заев однапред ни најави кој му е следниот планиран чекор на Ден Дончев откако ќе се отворат границите.Коруптивноста и криминалот се главната работа којашто ја извршуваат функционерите на СДСМ. Три години ништо друго не прават единствено се занимаат со криминал и корупција, но не да спречат туку самите да реализираат.За овој криминал мора да одговараат и тоа веднаш штом Заев си замине и ги ослободи канџите од правосудството, истакна Димче Арсовски– портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

19052020_Filipche_press

Филипче: На Институтот за трансфузиона медицина пуштен во употреба нов апарат за донирање на конвалесцентна плазма

Институтот за трансфузиона медицина, денеска пушти во употреба нов клеточен сепаратор за плазмаферза. Овој апарат, институтот го набави од сопствени средства и периодов ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма.„Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирусот. Со клеточниот сепаратор, значително ги зајакнуваме капацитетите на нашиот Институт“, истакна директорот на Инстутот за трансфузиона медицина, Седула Усеини.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, излекувани се пет пациенти со крвна плазма.„Задоволен сум што целиот труд, мерки, грижа на здравјето на пациентите даваат резултати. Сите јавно-здравствени установи се на ниво на задачата. Покажавме стручност, спремност и мобилизираност за заштита од оваа непозната болест.  Поради сето ова, не го оптеретивме нашиот здравствен систем. Имаме поголем број на излекувани пациенти, отколку на заразени. Да продолжиме да ги применуваме препораките. Голема благодарност до сите оздравени пациенти кои донираа крвна плазма. Упатувам апел до сите што можат да донираат да го сторат тоа. Да спасиме човечки живот и да ја надминеме оваа здравствена криза. Пациентите можат во секое време да го контактираат институтот за начинот на донирање“, потенцираше министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

NAJNOVA-VEST-KORONAVIRUS

Голем скок на заболени од коронавирус во државата, 40 нови случаи од 549 тестирања

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:• Скопје – 673, активни 169• Куманово – 419, активни 23• Дебар – 51, активни 0• Штип-38, активни 3• Прилеп –204, активни 55• Тетово – 161, активни 73• Струга – 71, активни 5• Велес – 127, активни 52• Битола –28, активни 9• Охрид –21, активни 6• Кавадарци – 5, активни 0• Гостивар –21, активни 4• Гевгелија – 4, активни 0• Струмица – 3, активни 1• Крива Паланка- 6, активни 1• Радовиш – 4, активни 0• Крушево – 3, активни 0• Кочани – 31, активни 1• Пробиштип – 2, активни 0• Кичево – 2, активни 0• Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)• Демир Хисар – 1, активни 0• Македонски Брод - 2, активни 0• Пехчево- 3, активни 1• Делчево-1, активни 0• Валандово -1, активни 0• Виница – 3, активни 1• Кратово-2, активни 1• Берово-1, активни 1• Свети Николе-1, активни 1Направените 549 теста се преку: ИЈЗ –302, Ветеринарен ф-тет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода -26 и МАНУ -94. Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

filipce-2

Филипче: Не бев нападнат, човекот кој имал проблем затоа што не можел да заврши некои испитувања

Вознемирен маж кој утрово го чекал министерот Венко Филипче пред зградата на министерството за здравство предизвика реакција на полицијата. Обезбедувањето на министерството повикало полиција која подоцна го лоцирала мажот во околината на Медицинскиот факултет. Филипче за ДВ вели дека побарал да разговара со мажот и од разговорот дознал дека тој имал проблем со прием во болница на испитување, објави  dw.com. „Разговарав со човекот кој имал проблем затоа што не можел да заврши некои испитувања во болница. Го испратив кај колегите на Клиника“, вели Филипче.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Скопјанец извршил полов напад врз неговото вонбрачно дете

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години  за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно опреелената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи сè уште постојат истите основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото​.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

korona-3

Во изолација се ставени 34 лица од Охрид кои имале контакт со заболените во Единицата за брзо распоредување при МВР

По дијагностицирањето на коронавирус кај седум вработени во Единицата за брзо распоредување при МВР, во изолација се ставени 34 лица од Охрид кои имале контакт со нив. Затворено е и одморалиштето на МВР каде што престојувале полицајците изминатата недела поради своите работни активности. Од објектот каде биле сместени, во изолација се ставени 18 вработени.Сега, МВР има 46 полициски службеници надвор од функција, ако во предвид се земат и останатите полицајци од други единици кои се инфицирани од вирусот.Директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид, Сашо Точков, за „А1он“ вели дека епидемиолошката анкета е во тек, а тие кои контактирале полицајците ќе останат во изолација уште седум дена. Во однос на дезинфекцијата на објектот каде престојувале полицајците, тој вели дека тоа се правело по секоја ротација на вработените во МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mrezi

Во близина на авто камп полицијата затекнала три лица со риболовен алат и вреќи со улов

На 20.05.2020 во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на авто камп во Охрид, во близина на брегот на Охридско езеро, биле забележани М.П.(65), Е.З.(35) и Е.З.(31), сите од Охрид, со риболовен алат и вреќи со улов, по што го напуштиле местото.По издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во чамецот и била пронајдена поголема количина риболовен алат и улов од риба. Предметите и уловот се подигнати за понатамошна постапка.Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Поведени постапки против 23 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации.За сите нив, јавен обвинител до надлежниот суд достави предлог да им се определи парична казна од по 100 дневни глоби со износ на секоја дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд. Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака?ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам. На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Воедно со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога.На овој начин СДСМ директно ја злоупотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните.Со оглед на тоа дека земјава е на врвот по штетните последици од корона вирусот потребно е суштинско делување, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Го помагаме домашниот туризам, ја поттикнуваме домашната потрошувачка

Да се помогне секому кому му е потребна помош,  со што ќе се обезбеди зголемување на потрошувачката, директна поддршка на стопанството земјоделството и туризмот, но и истовремено да овозможиме и динамичност и градење на развојна македонска економија базирана на иновативни решенија, беа главните принципи од кои се водевме кога ги креиравме економските мерки, нагласи претседателот на СДСМ Зоран заев во интервју за ТВ Стар.Тој додаде дека станува збор за пакет на мерки кој е 5,5 проценти од БДП или 550 милиони евра,  директни пари. Заедно со ефектите што се постигнуваат преку враќањето на дополнителното ДДВ кон фирмите, со одложените аконтации на данокот на добивка, со одложените аконтации на персонален данок на доход, се стигнува до една милијарда евра поддршка,  што е десет проценти од БДП.„Само мерките од третиот пакет опфаќаат 730 илјади граѓани или околу 320 илјади семејства од вкупно 480 илјади семејства. Во сите три пакети дименизониравме мерки за јакнење на економијата, преку пуштање пари за најсиромашните, за најзагрозените. Тие да трошат, да ја креваат продажбата на домашното производство и услуги. Даваме платежна картичка за сите невработени баратели на работа, околу 100 илјади граѓани и на 27 илјади граѓани кои се приматели на социјална помош како домаќинства, тоа се некаде околу 16 милиони евра. Сите граѓани што имаат приход помал од 15 илјади денари добиваат ваучер од 100 евра за туризам во домашните туристички капацитети и плус добиваат платежна картичка од 50 евра. Сите млади до 29 години - студенти, средношколци сите ќе добијат доболнителен ваучер за партиципација, за студентски дом, за ученички домови или приватно сместување во регистрирани капацитети“, додаде Заев и нагласи дека се обезбедени и 500 евра за ИТ-едукација и дигитализација за младите.Тој информираше дека побезбедена е поддршка за земјоделието, преку покривање на 50 проценти од трошоците за зелената нафта, како и со финансиска поддршка за производителите на грозје за производство на вински алкохолен дестилат.„Димензиониравме мерки како платформа за текстилната индустрија, да отвориме нови пласмани за нашиот текстил и за чевларската индустрија. Обезбедена е сериозна поддршка во стопанството преку бескаматните кредити од мерките Ковид 1 и 2“, додаде Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

МВР ја има пораката со која Мицкоски барал од полициски службеник да ја прекине истрагата за „Теретана“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не само што му се јавил на дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола во МВР, туку му пишал и смс-порака да ја прекине истрагата за снимките од посета на теретаната во време кога поради пандемијата сите теретани беа затворени, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР, кои не се овластени да даваат информации за јавноста.Внатрешната контрола не води истрага за тоа што теретаната била специјално отворена за лидерот на опозицијата наводно во време на најстрога забрана, бидејќи тоа е домен на јавна безбедност, туку за присуство на тројцата обезбедувачи од МВР во придружба на Мицкоски. Видео-снимката од празната вежбална на која се гледа Христијан Мицкоски и обезбедувањето кое носи гумени ракавици, на социјалните мрежи беше објавена на 25 април, објави СДК.МК.Текстот во целост на СДК.МК

Македонија | пред 5 години

clipboard01-620x350-1

ВМРО ДПМНЕ: Ако Заев е убеден дека ќе победи на избори зошто не одговори дали ќе се повлече од позицијата претседател на СДСМ ако ги изгуби изборите

Ако Зоран Заев е убеден во победа тогаш зошто не одговора на прашањето дали ќе се повлече од функцијата претседател на СДСМ кога ќе ги загуби изборите?Анкетите покажуваат дека над 70 проценти од македонските граѓани се против брзи избори. Заев оди наспроти волјата на огромнот мнозинство граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев и натаму дрско ја лаже македонската јавност, тој не се грижи ниту за економската, ниту за здравствената добросостојба на своите граѓани. Доказ за колку Заев се грижи за сопствениот народ е голготата која македонските граѓани ја преживеаа изминатите три години откако СДСМ е на власт, пцостите и навредите кои самиот ги упати кон граѓаните, поразите кои и ги сервираше на државата  како и притисоците врз целата македонска јавност за брзи корона избори.На 21 јуни Заев наместо гласови сака Македонија да ги брои жртвите и заболените од опасниот коронавирус. Во изминатите 5 дена во Македонија има 118 нови заразени од коронавирусот, а 5 лица починаа. Да се грижеше барем малку за здравјето на граѓаните немаше да притиска изборите да се одржат час поскоро во време кога нема услови за фер и демократски изборен процес и кога здравјето на граѓаните е ставено под знак прашалник.Бизнис сектор исто така апелираше дека во моментов нема услови за брзи избори, потенцирајќи дека во моментов на стопанството не мѕ се потребни избори туку мерки за спас на економијата која е урнисана. Граѓаните како и стопанствениците се излажани, нема ниту “е“ од економските мерки кои толку помпезно беа најавувани, загубите на стопанството се бројат во милиони, повеќе од 100 илјади македонски граѓани се оставени без работа или добиле привремен отказ.Граѓаните се свесни дека за човекот кој се колнеше во своите деца и претци и лажеше нема поствето од фотелјата, токму поради ова граѓаните ќе го казнат Зоран Заев на следните избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

kate

м-р Катерина Василеска: Секој поминат ден без промена на системот во образованието, ќе има фатални последици врз сите други сектори

Интервју со м-р Катерина Василеска, кандидат на листа на пратеници за ИЕ 5Катерина Василеска – Магистер по човекови права и демократија и социјална претприемачка од Охрид. Покрај Македонија, се има образувано на специјалистички обуки за родова еднаквост, одржливо управување, проектно менаџирање и лидерство и во Босна, Италија, Косово, Хрватска, САД, Израел, Холандија, Франција, Германија. Во истите земји, има остварено соработка и континуирана размена на успешни пракси со многу организации и експерти во разни области. Создавач на: уникатен модел за лидерство за млади и Лидерската академија за девојки (Best Practice Awards in Education 2015 – Soroptimist International of Europe), практичен курс за екологија за средношколци  „Посвојте парк“– Best State Alumni Innovation Project 2012), еколошки образовни тури околу Охридското езеро, активист е во неколку локални граѓански иницијативи во Охрид и Струга, ко-основач на општествено одговорна организација за промоција на автентични туристички искуства од Македонија и Албанија.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?м-р Катерина Василеска: Одбрав да живеам во Македонија и да не се преселам иако имав многу можности. Завршив политички науки, бидејќи отсекогаш сакав да се вклучам во осмислувањето на јавни политики особено во сегментот на одржливо управување. После многубројни обиди (околу 50-тина проекти) да направам позитивни промени преку граѓанскиот сектор, сфатив дека за долгорочни и стратешки промени, неизбежно е да се стапи на политичката сцена. Бидејќи политиките на досегашните најголеми партии немаа добри резултати, единствен избор ми беше некоја трета опција. Храброста со која г-дин Богојески настапуваше во последниве години, неговата искреност и самокритичност ми влеаја доверба. Ги следев и анализирав сите објави и луѓето кои се вклучени во Македонски Концепт, и заклучив дека тоа е мојата опција, за некого трета, но според мене прва и најдобра.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?м-р Катерина Василеска: Да. Припаѓам на „неопределените“ кои не се обоиле со водечките политички партии. Сум била поддржувач на третите опции како „Левица“ на почетоците и симпатизер на сите граѓански движења кои се обидувале да донесат позитивни промени во Македонија. Сум била и дел од многу иницијативи и проекти кои имале за цел да ги подобрат условите во образованието, екологијата, туризмот – што иако е вон официјалните канали на политиката, го сметам за мој независен политички ангажман.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?м-р Катерина Василеска: Политичките партии треба да престанат да се однесуваат како биро за вработување на своите членови. Администрацијата, училиштата, болниците, министерствата после секои избори се полнат со несоодветни партиски кадри кои со својата нестручност и големи „врски“ го блокираат нормалниот проток на сите секојдневни услуги од кои ние граѓаните зависиме.Истовремено, најспособните кадри, гледајќи го сето ова, непрекинато заминуваат од Македонија. Со тоа ги губиме токму оние, кои можат да ја трансформираат оваа тажна состојба, чии жртви се граѓаните, децата, болните, ранливите категории.Во оваа насока пресудно би било на државни работни места да се вработат најспособните, врз основа на компетентност, без разлика дали или на која партија припаѓаат. Секако важно е да се има мерливост на резултатите и годишни проверки на работата на сите оние кои се платени со пари од буџетот.Позициите на пратеници, советници, градоначалници треба да се позиции каде ќе има место за оние граѓани кои се докажале како искусни, успешни и сакаат да го споделат своето знаење на ниво на цела држава. Овие позиции треба да се нормално платени и нема потреба од имунитети и бенефиции, бидејќи ги подразбирам како позиции за јавно препознавање и уважување на најдобрите граѓани кои освен за себе, сакаат и знаат како да придонесат за целата држава.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?м-р Катерина Василеска: Неопходни се брзи и ефикасни реформи буквално во сите сектори, а најитно би рекла во банкарскиот, енергетскиот и земјоделскиот сектор. Тоа е за да имаме пристап до ефтини пари да се раздвижи стопанството, одржлива енергија и храна што е неопходно за да можеме како држава да сме колку толку само-одржливи и со голем праг на еластичност во вонредни состојби како на пример оваа со Корона кризата.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?м-р Катерина Василеска: Стручност пред партиска припадност. Либерализација на банкарскиот сектор. Проверка на имотот на сите функционери 30 години наназад и конфискација каде ќе се утврди нечесно стекнат имот.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?м-р Катерина Василеска: 15 годишно искуство како предавач и креатор на програми во неформалното образование, со стотици учесници на моите обуки. Најдобрите македонски предавачи-учители се вон формалното образование, бидејќи сите знаеме како се влегува на работа во државните училишта и факултетите. Тоа е тажно, има фатални последици, но овој процес не смее да продолжи. Учителите мора да се најкомпетентните, вистински посветените и веќе докажаните во својата сфера.Педагошки факултет треба е престиж и таму да има место само за најдобрите. Сметам дека животните вештини треба да се дел од формалното образование, а не нешто попатно како сега. Секој поминат ден без промена во на системот образованието, ќе има фатални последици врз сите други сектори.Одржливиот туризам е мојата втора омилена тема – доаѓам од Охрид, работам како водич скоро две децении и ги сведочам негативните последици од масовниот и ефтин туризам кој го промени ликот на мојот прекрасен град.Важно ми е да си ја зачуваме Македонија убава и природна, и да фатиме чекор со модерните трендови на одржлив туризам. Да престанеме да се нудиме како ефтина дестинација за масовен туризам! Охрид, Струга, Ресен, Дебрца и сите прекрасни села, градови, планини во Македонија заслужуваат многу повеќе од епитет „ефтини“.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?м-р Катерина Василеска: За квалитетни, способни и чесни луѓе – граѓани на Македонија, да бидат ангажирани во сите процеси, независно од нивната партиска определеност, етничка припадност, возраст. За создавање на јавни политики и носење одлуки во консултација со стручни лица, а не со партиски претставници. Да не измислуваме топла вода, сѐ е одамна измислено – туку стручните луѓе да дадат насоки на кој начин да го адаптираме и примениме она што функционирало кај други. За да си ги вратиме најспособните кои ни заминаа разочарани – сакам да им ја вратиме вербата во Македонија и да посакаат да ни помогнат на нас кои останавме, со нивното искуство и контакти од други држави.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?м-р Катерина Василеска: Проектите се засега единствена алатка која успешно се применува и во бизнисот и во граѓанскиот сектор. Преку проектите на еден јасен и лесно следлив начин – една идеја се трансформира во конкретен логичен редослед на активности кои даваат мерливи резултати. Дури и ако некој проект е неуспешен, многу лесно може да се пронајде каде бил проблемот и брзо да се реагира. Современите концепти за проекти се многу адаптибилни и лесно менливи, ако е потребно. И најважно од сѐ, имаат поставени индикатори и во секој момент се знае до каде е проектот. А долгорочните стратегии и класични партиски програми кои се како колекција на желби, се полесни за манипулација, и барем јас не сум видела некој да поднесува отчет за сработеното. Проектите се кратки, јасни, ефикасни или не – сѐ тоа е многу повидливо и транспарентно. На ниво на држава, секако е неопходно – проектите во сите нивни фази, да бидат дигитално достапни на секој заинтересиран граѓанин кој сака да има увид до каде е сработено она што е ветено, а не да се чека на секои 4 години пред избори.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.м-р Катерина Василеска: Нормална држава, со функционални институции, со стручни лица на лидерските позиции и со задоволни граѓани, кои се горди што останале тука. Со издржана социјална политика која се грижи за ранливите и немоќните. Со бизнисмени кои сакаат да инвестираат тука и знаат да ги ценат своите вработени. Со дигитализирана и ефикасна администрација. Со млади кои сакаат и ја гледаат својата иднина тука каде што се родиле. Со граѓани кои не се приморани да молат и да се понижуваат за работа по партиските штабови.фото: Македонкси концепт

Македонија | пред 5 години

biznismeni

(ФОТО) Филипче се сретна со бизнисмените - на пристојна далечина разговараа за отворање на угостителските објекти

Министерот за здравство Венко Филипче вчера имаше средба со бизнисмените од Стопанската комора која што се одржа во хотелот „Белви“.Тој изрази голема благодарност до компаниите кои преку донации во текот на оваа криза го помогнаа здравствениот буџет.- Присуствував на седницата на Собранието на Стопанската комора на РС Македонија која се одржа во Хотелот „БЕЛВИ“ – Скопје, каде дискутираше за повеќе прашања од бизнис секторот.Меѓу нив и за отворање на угостителските објекти во скоро време, но и за други дејности за кои има забрана за работа.Мерката за забрана на враќање во земјата во траење од 3 месеци при напуштање се очекува набрзо да се укине. За отворање на границите потребен е координиран пристап со земјите од регионот.фото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

slavjanka

Петровска за ТВ24: Мицкоски врши притисок за снимката во теретаната

Нема потреба Христијан Мицкоски да врши притисок кај дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола, рече дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во денешното гостување во отвореното студио на ТВ24.– За овој случај истрагата е сè уште во тек. Министерот Чулев се обиде да го одбрани и моментално се вештачат хард-дисковите од теретаната. Целта на тоа вештачење е да се провери веродостојноста на снимката и дали нешто е избришано од хард-дисковите. Затоа истрагата не е завршена. Нема потреба Мицкоски да врши притисок кај дополнителниот помошник министер во Одделот на внатрешна контрола. Мицкоски бараше овој случај побрзо да се реши – рече Петровска.Тексто во целост на:ТВ24.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

(ВИДЕО) 59-годишниот Цветан Крстески, уште една жртва на измама на ,,фаталната‘‘ прилепчанка

Вдовецот Цветан Крстески од Прилеп е уште една жртва на прилепчанката за која веќе постојат кривични пријави за кражба. Се запознале преку нејзина пријателка, а по година и пол заеднички живот, успеала да му извлече милион и шестотини илјади денари, преку банкомат, објави Сител.За измамата тој дознал откако отишол во банка да извади пари. Имал само 1000 денари на сметката. Таа самата признала дека ги извадила парите, а го излажала дека ѝ требале за операција на детето на нејзината ќерка.Два месеци по овој настан таа си заминала без никаква најава, а парите не му ги вратила. Трипуновски се пожали дека полицијата не презема никакви мерки.Претходно, жената на сличен начин успеала да го измами 56 годишниот скопјанец, кој остана без своите 3000 евра, пари со кои планирал да исплати семеен долг.

Македонија | пред 5 години

merko

Мерко: Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ми е гајле

,,Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ми е гајле" вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко одговори на прашањето зошто во неговата општина продолжува да се узурпира крајбрежјето и покрај мораториумот за градба, забелешките на Унеско и вонредната состојба.Во однос пак на барањето на Антикорупциската комисија Владата да ги урне дивоградбите во охридско струшкиот регион бидејќи не веруваат дека општините можат самите да го сторат тоа Мерко вели дека тие како локална ингеренциите им ги понудиле но им било посочено дека нема закон за нивно одземање.-Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, нас баш не брига, вели Мерко.За градоначалникот Мерко, се што се градело било легално. Мерко вели дека во Струга имало само 262 дивоградби и тоа во селските средини.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

19052020_Filipche_press

Болниците се подготвуваат за нормално функционирање

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешниот настан во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ информираше дека се подготвуваат капацитетите во јавно-здравствените установи за нивно целосно редовно функционирање.„Се уште добар дел од работата се одвива по системот на пауза-ротација од една до две недели, за да се штеди медицинскиот персонал. Притисокот во болниците попушти, тоа вистински интензивно се избегна и веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат редовните програми. Направени се списоците на пациентите и интервенции коишто беа одложувани.“- изјави Филипче.Филипче образложи дека системот Мој Термин за закажување ќе функционира по новиот протокол, што ќе значи дека прегледите ќе се закажуваат на подолг интервал, наместо на 20 до 30 минути, за да се избегнат гужвите во амбулантите.„Сето ова, планираме да почне од следната недела, исто како и капацитетот на ГОБ „8ми Септември“ којшто е најголем по број на болничките кревети и по бројот на интервенции. Треба добро да се подготвиме и затоа не брзаме, а истовремено го следиме и бројот на пациенти коишто се лекуват од ковид-19 во болницата „8ми Септември“ и на Клиниката“- потенцираше министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

asfalt

(ФОТО) Завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани

Како дел предвидените активности за подобрување на инфраструктурата во повеќе населени места во Општина Охрид, денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани.Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Рача, Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.601112960494311/601112833827657/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

fakulteti

Јунската сесија на факултетите ќе се полага електронски, нема услови за физичко присуство на студентите во факултетите

Факултетите не смее да организираат испити и колоквиуми со физичко присуство, вели министерот Арбер Адеми, потенцирајќи дека уредбата на Владата, која е донесена на почетокот од пандемијата и вонредната состојба, останува во сила.„Знаеме дека во меѓувреме имаше петиција за да не се организираат испитите преку средствата за електронска комуникација, особено јунската сесија, сè уште оваа одредба од уредбата е во сила бидејќи сè уште сме во вонредна состојба. Ние сме во постојана комуникација со високообразовните установи, па ако се одлучиме да дадеме можност јунската сесија да биде со физичко присуство, тоа ќе биде по донесување конкретен протокол од страна на Владата, а предложен од Комисијата за заразни болести, така што мора да се почитуваат препораките од Владата и здравствените органи и авторитети“, кажа Адеми.Според него, досега организираните испити поминале без никаков проблем.„Сите наши одлуки и решенија биле мотивирани од најдобриот интерес на учениците, професорите, наставниците. Навреме донесовме уредба со законска сила, каде што предвидовме дека целата дејност во високообразовните установи ќе се организира преку средствата за електронска комуникација, така што одржувањето на испитите, одржувањето на колоквиумите, одбраната на додипломските трудови, магистерските трудови, докторските трудови, одлучивме уште на почетокот на пандемијата да се организираат онлајн имајќи предвид дека секој ученик и студент треба да продолжи со образовната надградба и во вакви околности. Знаеме дека во меѓувреме се организираа испитите, нема никаков проблем, во уредбата стои дека факултетот сам треба да обезбеди технички услови за да има кредибилитет на процесот на оценување на студентите“, додаде Адеми.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања