Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

korona-3

Потврдени 19 нови случаи на ковид 19, оздравени се 16 пациенти – починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 647, активни 145•       Куманово – 418, активни 22•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-38, активни 4•       Прилеп –203, активни 59•       Тетово – 151, активни 63•       Струга – 71, активни 5•       Велес – 126, активни 53•       Битола –27, активни 8•       Охрид –21, активни 6•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –21, активни 4•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 3, активни 1•       Крива Паланка- 6, активни 1•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 3•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 1•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 3, активни 1•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 1•       Свети Николе-1, активни 1Направените 512 теста се преку: ИЈЗ –235, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода  -31 и МАНУ -115.  Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни.  Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filip

(ВИДЕО) Петровски: Мицковски се замислува дека е премиер, а стотина луѓе му веруваат во Белата палата

„Кадровскиот потенцијал со кој располага Македонија на политичката сцена , на политичките партии и репрезентите на народот , се повеќе од слаби и драматични. Секоја наредна генерација која доаѓа во партиите, станува се полоша. Секоја наредна генерација на „Лидери“ форсира принципи како наведнување на глава, молчење, возвишување на партискиот лидер без никаква причина и особена вредност на тој лидер. Се наоѓаме во сериозен застој. Токму поради тој кадровски потенцијал, кој е еднаков на нула, Македонија пропадна во сериозна дупка. Се што се случува во денешно време е пресметка и борба за партиски фотељи и за буџетото на Р Македонија. Не гледам перспактива на политичкиот систем на овој начин за жал “,  вели во интервју за Скопје 1 Филип Петровски.Петровски говори и за ВМРО ДПМНЕ која е негова матична партија и идеологија која ја застапува. Но, тој отворено кажува каква е денес ВМРО ДПМНЕ и колку партијата има јасни ставови околу „Преспански договор“ , договорот со Бугарија, интеграциите во ЕУ и НАТО.„По конгресот во Валандово, кој јас не го признавам, затоа што беше наместен  затоа што делегатите не избраа претседател на партија со слободна воља, туку имаа наредба за кого треба да гласаат. Партијата од тогаш воопшто не личи на ВМРО. Нема јасен став за одбрана на државата и се претвори во партија на кукавици. Она што во 2016 беше ВМРО денеска е СДСМ. ВМРО во 2016 го повикуваше СДСМ, а Американскиот амбасадор  требаше три пати да ги одлага изборите, април, јуни па декември, за да се обиде со поткуп и со разни притисоци да му обезбеди на СДСМ каков - таков поволен резултат. ВМРО тогаш сакаше избори, сега ВМРО не сака избори, затоа што се плашат од пораз, вели Петровски.Петровски вели дека Христијан Мицкосвки се замислува дека е премиер, а стотина луѓе му веруваат дека е премиер во Белата пелата. Внатре тој располага со финансиите од ВМРО ДПМНЕ, стекнати со закон кој го донесоа со СДСМ.-Овој закон јас не го одобрувам. Овој закон одзема пари од државниот буџет, а ги доделува на партиите. Овој закон мислам дека мора веднаш да се укине, а не беше укинат со овој ребаланс, вели Петровски.На прашањето Какви односи треба да градиме со западот и какви со истокот, Петовски вели:-Исток не отпиша, а запад не не запишува,, вели Петровски.Тој во видео интервјуто образложува негово гледање на моменталната ситуација за која како што вели дека 99 % од луѓето поради корона кризата не забележаа. За односите на Трамп и Путин и она што во моментов се случува на светската политичка сцена.На прашањето: Како Македонија да ги задржи односите со западот и како да остане и натаму Македонија? Петровски покажувајќи го уставот вели:-Ова е уставот на Р македонија, но овој устав минатата година беше променет.На новите копии пишува Устав на Република Северна Македонија. За жал Република Македонија веќе не постои. Свесно со соучешништво на политичките корумпирани елити Р Македонија не постои. И прашање е како да се врати? Бидејќи сите кои се околу Македонија имаат интерес Македонија да не се врати. Тоа се прашања поврзани со историјата. Уставот го сменаа не 8 пратеници на ВМРО ДПМНЕ туку повеќе. За промена на уставот се потребни 80 пратеници. Заев имаше 49, албанци имаше 20, а тоа се 69. Значи не им требале 8 туку 11. А тие ги доби од редовите на нашата коалиција. Е на ова јас се спротиставувам категоричен е Петровски.На прашањето што мисли кога е најпогогоден момент за избори ставот на Петровски  е следен: вели:-Мислам дека е подобро да има поскоро избори, од проста причина што треба да има легитимност тој што ќе биде на Власт. За жал немаме реформа на политичкиот систем така што и тој што ќе дојде на власт ќе биде како овој што бил досега. Дали ќе биде Заев пак или Мицскоски исто ќе ни се фати. промена нема да има, категоричен е Петровски. https://www.facebook.com/ohrid1/videos/261677291693273/

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Како е можно да се откаже полагањето на Државна матура со образложение дека не е доволно безбедно, а да се закаже испитната сесија за студентите?

По одлуката да се продолжат јунската и септемвриската сесија на УКИМ, со физичко присуство на студентите, студент на Градежниот факултет, Брајан Петкоски, во статус на Фејсбук, укажува дека најдобро е да се организира онлајн испитна сесија, бидејќи сѐ уште ситуацијата со Ковид-19 не дозволува поинаку.Во продолжение ви го пренесуваме интегрално неговиот став: „Би Ве замолил да одвоите малку од вашето време и да го прочитате овој текст, посебно студентите на Универзитетот “Св Кирил и Методиј”.Денес на 249 седница на Ректорската управа на УКИМ е донесена одлука да се спроведе и одржи јунската испитна сесија со физичко присуство на студентите. Јас како студент имам неколку прашања на кои се надевам дека ќе добијам одговор од некој од надлежните.Сакам да ставам до знаење дека целта на објавата не е тоа да се откажат полагањата по предметите и испитната сесија, туку да се организира online испитна сесија, или испитна сесија со физичко присуство кога тоа ќе го дозволат условите. Ваков начин на полагање се применува на скоро сите Универзитети во странство. Изговорот на ова барање беше дека факултетите кои спаѓаат под Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” не се доволно опремени за овој начин на полагање. Истотака како причина е наведено дека постоеле студенти кои немаат пристап до интернет, па не би можеле да полагаат.1. Доколку некој студент нема пристап до интернет нели мислите дека веќе е оштетен со тоа што не можел да ги следи оnline предавањата по предметите кои сега треба да ги полага и зошто не е наведено како ќе му се надополни пропуштеното знаење и пропуштените предавања пред да го полага предметот, или тоа не е важно? Важно е само да се полага?2. Како ќе се одвива полагањето по предметите со физичко присуство на студентите а притоа да се запазат сите мерки на претпазливост од Министерството за здравство? Ќе наведам само неколку од нив:-Носење на задолжителна заштитна опрема (маска и ракавици).Доколку се почитува оваа мерка како ќе се врши легитимирањето на студентите при полагање на испитот кога поголем дел од лицето на студентот е покриено, и како очекувате да го почитуваме ова во затворен простор на +40 степени со уште голем број на колеги во иста просторија?-Задолжително одржување на дистанца од 2 метри помеѓу луѓето.Кој ќе спроведе ред при влегувањето во факултетите и внатре во нив да се одржува ова потребно растојание?-Забрането групирање на повеќе од 5 лица. Во просторијата присутни ќе бидат Професорот и Асистентот, дали тоа значи дека само уште 3ца студенти ќе можат истовремено да бидат присутни и да го полагаат писмениот дел од предметот кој трае околу 2 часа? Доколку да, колку денови ќе бидат потребни за полагање на еден предмет за сите студенти да го исполнат своето право на полагање? Доколку не, нели мислите дека ова е прекршување на законот за групирање на група граѓани и кој ќе ни ја гарантира безбедноста за нашето здравје?-Задолжителен “скрининг” (односно тестирање за присуство на вирусот) на сите просветни работници. Кога ќе се изврши скринингот и што доколку некој од професорите е позитивен на вирусот?3. Како студентите, кои не се од градот во кој студираат и престојуваат во студентските домови, ќе се појават на испитот, знаеќи дека студентските домови се затворени, а организираниот превоз меѓу градовите е забранет? Дали треба приватно да патуваме секој ден од градот во кој живееме до градот во кој студираме и кој ќе ни ги покрие тие финансиски трошоци? Дали треба да почнеме да бараме станови за изнајмување и кој ќе ни ги покрие тие финансиски трошоци?4. Како е можно да се откаже полагањето на Државна матура за учениците од средно образование со образложение дека не е доволно безбедно да се одржи, а во истиот термин да се закаже испитната сесија за студентите. Или здравјето на едните е побитно од здравјето на другите, или целта беше да се добијат политички поени од ученици кои се малолетни и сеуште не се политички определени?5. Зошто Универзитетот кој се смета за најпрестижен, има најмногу факултети под негова закрила и се смета за најдобар Универзитет во нашата земја нема основна IT опрема и зошто таа не беше обезбедена за време на оваа криза која веќе трае 3 месеци? Истотака како ќе ни се надополни изгубената шанса предметите да ги полагаме во колоквиумската недела?По еден предмет на нашиот факултет одржавме online колоквиум и си дозволувам да кажам дека и студентите и Професорот и Асистентите беа задоволни од начинот на кое што беше тоа изведено, па не гледам проблем зошто тоа не би се применило и по останатите предмети. Истотака и online предавањата течеа во најдобар ред.Дали имате надчовечки моќи па предвидовте дека до 1ви Јуни нема да има новозаразени, иако бројот на заболени и починати од вирусот расте исто како на почетокот на епидемијата во нашата земја? Во последните 4 дена има 99 новозаболени и 9 смртни случаи. Дали ако е безбедно да се одржи јунската испитна сесија, безбедно е да се отворат и театрите? Кината? Кафаните? Ноќните клубови? Дали ќе продолжат да се одржуваат спортските настани со присуство на публика?Или пак целта со ова е да и докажете на јавноста “еве студентите полагаа, безбедно е да има и избори”. Само заборавате дека студентите се движечка сила на општеството и можат да направат големи промени во изгледот на истото.Зошто македонското образование секогаш мора да се разликува од светските примери?P.S. Објавата нема никакви политички цели, само сметам дека е време студентите да се изборат за своите права. Од старт се извинувам ако некој се почувствува навреден или директно нападнат од објавата, тоа не е целта. Цел е да се добие одговор на поставените прашања.Универзитетско студентско собрание – УКИМ Ssgf Skopje Министерство за образование и наука Arbër Ademi Универзитет Кирил и Методиј“, напиша Петкоски.https://www.facebook.com/brajan.petkoski16/posts/3324243304274810фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zname

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Понеделник, 25 мај е  неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 24 Мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ , ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на верниците од исламската вероисповест-Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.Министерството за труд и социјална политика ги честита празниците на сите граѓани.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

Во периодот на епидемијата на Ковид 19 -извршени 1771 операции на пациенти во Хируршките клиники

Од почетокот на епидемијата со КОВИД 19 во земјата направени се 1771 операции кај пациенти на Хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската Општа болница „8 ми Септември“ и Стара градска болница, клиника за хируршки болести  Св. Наум Охридски“ во Скопје.Во хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ во периодот март-мај е направена 1091 операција и тоа најголем дел на Клиниката за Трауматологија 175, на Абдоменална хирургија 216, на Клиниката за Торакална хирургија 89 операции. Вкупно 203 пациенти биле оперирани на Клиниката за Урологија, на Детска хирургија 90 пациенти, на Клиниката на неврохирургија 95, на Ортопедија 120 пациенти  и на Клиниката за пластична хирургија 103 болни. Лекарите од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување кои во целиот овој период работат со полн капацитет, аплицирале 970 анестезии и направиле преку 1000 прегледи во нивната амбуланта..Сите интервенции се извршени по протокол за работа со суспектни пациенти, земени им се брисеви пред и по операцијата и користена е комплетна заштита како за пациентот, така и за медицинскит тим: операторот, анестезиологот и останатиот вклучен персонал.Во Градската Општа Болница „8ми Септември“ во Скопје, направени се вкупно 310 операции на суспектни и позитивни Ковид 19 пациенти.Според типот на операции, направени се 39 кардиолошки интервенции од кои 34 коронарографии со стентирања  и поставени се 5 песмејкери. Од вкупниот број на кардиолошки пациенти, 37 од нив се влезени во сала за операција како суспектни, а двајца биле потврдени позитивни за ковид 19 вирусот. Извршени се 10 неврохируршки операции, 80 ортопедски и трауматолошки, 28 уролошки операции и 64 абдоминални интервенции.На 13 пациенти им се направени операции во делот на уво, нос и грло, а оперирани се и 7 офталмолошки пациенти. Направени се вкупно 69 радиолошки интервенции и тоа биопсии, аблации, каротидографии, поставување на венски портови, пункции и многу други специфични радиолошки интервенции Сите оперирани пациентите се комплетно  згрижени во соодветни изолациони центри.Во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје во периодот март-мај направени се вкупно 370 интервенции: 116 трауматолошки, 60 онколошки, 90 итни абдоминални и 104 други општохируршки интервенции. Сите пациенти кои имале потреба од операција и интервенција во изминатиот период, биле соодветно згрижени и третирани согласно протоколите за работа.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ucenici

„Маргини“: МОН мора итно да спроведе целосна ревизија на наставнитепрограми и учебници

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува препораката на Народниот правобранител со која му се укажува на Министерството за образование и наука да спроведе  ревизија на учебниците по социологија за втора година гимназиско образование и да ги замени спорните содржини со текстови кои се ослободени од дискриминација по која било основа. Препораката е содржана во одговорот на Народниот правобранител по претставки од страна на Мрежата за заштита од дискриминација за учебниците по социолигија кои содржат дискриминација врз основа на род, брачен и семеен статус, раса, етничка припадност, здравствен и социјален статус. Изминатите години јавноста и граѓанските организации интензивно реагираа и се застапуваа за целосно ревидирање на учебниците за основно и средно образование, но надлежните институции постојано го одолговлекуваа процесот. Имајќи предвид дека содржините во учебниците се предуслов за еманципација на идните генерации, недозволиво е во нив да се промовираат: шовинизам, родова нееднаквост и дискриминација, се вели во соопштението од Коалиција „Маргини“. Во 2019 година Министерството за образование и наука информираше дека  учебниците по социологија не биле опфатени во процесот на ревизија од 2018 година и затоа најави ревизија на истите во текот на учебната 2020/2021 година. Народниот правобранител информира дека Педагошката служба објавила повик за формирање комисија за давање мислења по доставените предлози за исправки на учебниците по социологија, откако авторите на двата учебници изработиле предлози за измени на учебниците. Изразуваме сериозна загриженост за начинот на кој се врши корекцијата на постоечките содржини за кои Народниот правобранител утврди дека се дискриминаторски и од чии автори Министерството повторно бара да извршат корекција. Од претходните искуства со промена на дискриминаторските содржини во учебниците, авторите најчесто не се сензитивни и не можат да го препознаат перпетуирањето на стереотипите и на дискриминацијата во текстовите коишто самите ги напишале. Оттука, неопходно е да се ангажираат автори кои имаат современи знаења од областа и кои имаат капацитети за да изработат квалитетни учебници. Кај најголем дел од учебниците се работи за текстови кои се целосно застарени и нерелевантни, што значи дека е невозможно да се добие квалитетна и современа содржина со измена на само неколку параграфи. Апелираме до Народниот правобранител да ја следи имплементацијата на препораката со цел да се осигура дека Педагошката служба, односно дека Министерството за образование и наука како надлежна институција, ќе преземе мерки за отстранување и замена на спорните содржини со адекватни текстови коишто ќе бидат ослободени од дискриминација на сите основи.  Бараме од Министерство за образование и наука да постапи согласно своите надлежности, да започне со осовременување на образовните содржини, да изврши целосна ревизија на учебниците коишто се користат во основното и средното образование, како и да ги повлечат од употреба сите учебници каде се промовираат штетни и дискриминаторски содржини. Потсетуваме дека образованието е клучна област преку која се инвестира во човечки капитал, а правото на образование не е возможно да се гарантира преку пласирање на неквалитетни и нерелевантни содржини. Недостатокот од квалитетни и современи содржини во образованието е клучен фактор кој резултира со поразителните резултати од истражувањето на ПИСА, според кое македонските ученици се на 11-то место од назад и според кое само Косово има полоши резултати од нас во регионот. Обврската за ревизија на учебниците е предвидена во Програмата на Владата за периодот од 2017 – 2020 година, а комитетите на ООН и Европската комисија во повеќе наврати препорачаа и побараа од државата да ја отстрани стигмата и дискриминацијата од образовните содржини, се вели во соопштението од коалицијата „Маргини“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

98282774_164254861731297_9220539213865287680_n

Македонски концепт: Редно е да кажеме БЛАГОДАРИМЕ на лекарите, полиција и војска, службеници, граѓански активисти, новинари …

„Македонски концепт“ преку соопштение за јавност изразува благодарност! Во соопштението се вели:-Редно е да кажеме БЛАГОДАРИМЕ на македонските лекари, медицинари, полиција и војска, службеници, граѓански активисти, новинари… за тоа што се справија со корона вирусот и не направија нас Македонците горди на тоа!Многу семејства претрпеа загуби, бизнисот исто пострада… но Македонија релативно лесно помина во пандемискиот хаос низ светот!Политичките “лидери” за жал се зафатени со изборно пазарење! Не најдоа време да искажат благодарност! Но ние граѓаните, знаеме да бидеме благодарни, а да ги казнеме овие “непрокопсани лидери”!фото: Македонки концепт

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Левица: Дали криминално работење во ФЗОМ е причина за доцнење на исплатата на надоместокот за породилно отсуство?

Бројни пораки со апел да кренеме глас за заштита на најмалите, очигледно заборавени од државата, ни пристигнаа на наша адреса. Мајките реагираат дека веќе два месеци, а според некои и дури три месеци, се доцни со исплатата на надоместок на плата за работнички кои користат отсуство поради бременост, раѓање и родителство, а и отсуство за нега и заштита на дете. Во нив има и самохрани мајки кој ова им е единствен приход, а и такви каде другиот родител ја изгубил работата во новонастанатава ситуација, се вели во соопштението од Левица.Иако на мајките неколку пати им било кажано дека ќе ја добијат паричната помош, никакви средства се уште не се исплатени. Дополнително, имаме информации дека има доцнење и на еднократната помош за новороденче неколку месеци пред да почне кризата.Во услови на здравствена криза кога голем дел од работниците ги изгубија своите работни места, недозволиво е било какво доцнење на исплати! Органите на прогонот допрва треба да утврдат дали се работи за криминално работење од страна на поранешниот директор Ден Дончев, за кој веќе постојат обвинувања во јавноста. Дали Обвинителството веднаш ќе поднесе постапка за утврдување одговорност поради неисплатата на надоместок, со оглед на тоа што сведоци сме дека репресивниот државен апарат експресно реагираше изминативе два месеци за казнување на прекршување на полицискиот час?Исто така, ја повикуваме и заменик-претседателката на Влада – Мила Царовска да ѝ објасни на јавноста зошто доцнат исплатите за породилно отсуство и исплатите за еднократен надоместок за новороденче, во услови кога техничката Влада со најновиот ребаланс на буџетот не се откажа од енормните непродуктивни трошоци,  се вели во соопштението од Левица. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Обвинети 19 лица во Скопје заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка пред надлежен суд против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Имено, 18 од обвинетите биле затекнати при непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, додека еден обвинет не постапил по Решението со кое му била определена задолжителна самоизолација.За сите обвинети Јавното обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Polen

(ФОТО) Полен од зимзелени дрвја и од брезите, ја прекри езерската вода кај градското пристаниште

Полен од зимзелени дрвја и од брезите, ја прекри езерската вода кај градското пристаниште во Охрид. Многумина охриѓани најпрво мислеа дека станува збор за уште еден еколошки инцидент, но нуркачот Никола Паскали кој ја фотографира оваа појава ги смирува сите. Тој вели: „Станува збор за полен што го испуштаат зимзелените дрвја и брезите, но тука за жал, пак има и многу отпад што и понатаму се фрла во езерото”, вели Паскали. https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/pcb.2830053070426218/2830048390426686/?type=3&theaterфото: ФБ Нуркачки центар „Акватек“

Македонија | пред 5 години

thumbnail

Проф. д-р Цветановска: Пресудно за подобра иднина на државата е на клучните позиции да се поставуваат високопрофесионални, успешни и докажани стручни лица во своите професии и средини!

Интервју со проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска – МК Концепт – кандидат за листа на пратеници за ИЕ 1Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска  е Универзитетски професор на УКИМ воИнститутот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС-Скопје. Основно и средно образование завршила во Битола, а дипломирала на Градежниот факултет во Скопје, како најдобар студент на генерација. После дипломирањето се вработува во ИЗИИС –Скопје, каде магистрира и докторира од областа на Земјотресното инженерство. Во текот на целиот нејзин работен век, работела во областа на проектирање на Аб згради, и тоа од анализа, димензионирање, оцена на сеизмичката отпорност, санација и зајакнување, развој на методологија и примена на ултра-јаки бетони во зградарството, па сѐ до имплементација на европската техничка регулатива, развивање на компјутерски програми за димензионирање на згради согласно повеќе прописи, ревизии на капитални објекти; (на пример 44 катните згради на Џевахир, проект ЛИМАК – Јужен булевар и многу други).Како главен проектант и учесник во проекти дава придонес кон многу проекти реализирани во земјата и странство, (Италија, Алжир, Казахстан). Како проектант и учесник во проекти, има учествувано при проектирање на голем број на згради во Скопје, а посебно во изградбата на населбите Капиштец, Аеродром, Ново Лисиче, порта Влае, Скопје Север…Во последните години, како главен проектант реализира уште неколку други проекти, и тоа на клучни инфраструктурни објекти во Скопје, од кои посебно го издвојува Клиничкиот Центар. Како Автор и коавтор се појавува на над 400 стручни и научни трудови од областа на градежништвото и земјотресното инженерство, трудови кои се објавени во земјата и странство. За нејзината успешна професионална дејност сведочат многу награди и признанија кои ги добила во текот на нејзината долга професионална кариера.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Мислам дека не само мој личен мотив, но убедена сум дека ќе биде и мотив на голем број на граѓани за приклучување на МК Концепт од повеќе причини.Со години на политичката сцена се менуваа само две опции. Кога граѓаните ќе помислеа дека новата опција што доаѓа на власт ќе донесе нешто ново, иако со големи ветувања, многу брзо таа опција ги прифаќаше навиките и однесувањето на претходната, и обратно. …И така цели 30 години. Граѓаните се постојано во исчекување на подобро утре. Со МК Концепт, верувам дека за прв пат имаме граѓанска опција кај која програмата на делување е составена согласно барањата и потребите на граѓаните. Прв пат имаме граѓанска платформа која во своето работење и дејствување на прво место ги става интересите и реалните проблеми на граѓаните и нуди реални програми за решавање на истите.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Не, сум учествувала повеќе пати на избори преку политичка партија која имаше многу блиски програмски определби како МК Концепт, затоа и ја прифатив поканата за да бидам кандидат за пратеник во оваа Граѓанска опција.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Сведоци сме од минатото, дека на клучни позиции во извршната власт се поставуваа и се поставуваат луѓе кои воопшто немаат допирни точки со проблематиката со која раководат. Според мене, пресудно за подобра иднина на државата е на клучните позиции да се поставуваат високо професионални, успешни и докажани стручни лица во своите професии и средини. Потребни се луѓе на кои не им е потребна партијата за да ги реализираат своите интереси, туку луѓе кои се спремни да го вложат својот личен авторитет, знаење и умешност за реализација на програмските цели и задачи, луѓе кои се нудат на државата да направат добро за иднината на сите нас, нашите деца, нашите внуци…ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Последните два месеци, нашата земја, но и светот, се зафатени од пандемијата од новиот корона вирус. Покрај заболени и изгубени животи, загубите во економијата ќе бидат огромни, граѓаните ќе се среќаваат со големи проблеми пред се за својата сопствена егзистенција, а малите и средните претпријатија со големи финансиски загуби. Престои тежок период за секого. Основен приоритет во наредниот период треба да биде  вклучување на сите прогресивни сили од државата, без разлика на партиска, верска, национална припадност, во решавање на ново настанатите проблеми. Мора да се најде начин како да се обединат силата и разумот, мудроста и храброста, знаењето и работливоста , околу основните национални и државни интереси. Паралелно МК концепт треба да ги активира и реализира своите програмски определби за да се изгради модерна, средена  држава во која ќе живее здрава нација, слободен човек, задоволна младина .ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Компоненти кои ги нуди МК концепт, се изградени токму врз основа на барањата и проблемите со кои секојдневно се среќаваат граѓаните. Имајќи го во предвид тоа, не би сакала да одвојам посебно некоја компонента, но морам да истакнам дека најважно е дека МК концепт во својата програма нуди реален начин како да се искористи позитивната енергија, мотивираноста, добронамерноста, работливоста, знаењето и реализмот кој го поседуваат сите оние што се вклучени во оваа граѓанска опција, а сѐ тоа во насока на реализирање на компонентите кои ги нуди МК Концепт.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска : МК концепт предвидува да се направат реформи во економскиот систем,  претприемаштвото, одговорното управување, законските решенија, науката, образованието, здравството, градежништвото, земјоделието …а при тоа да се промовираат и да се воведат нови генерации на политичари, со кои може да се постигне фер општество, здрава нација, посветла иднина на младите.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Целиот мој работен век го поминав во областа на науката, образованието и градежништвото, односно во проектирање и градење на објекти отпорни на земјотресни дејства. Тоа е областа каде лично ќе можам да дадам и најголем придонес кон промените кои ги предлага Македонскиот Концепт.Заедно со останатите кандидати за пратеници (спој на младост, мудрост и знаење), ќе го трасираме патот за здрава, силна и модерна држава, патот кон европската унија и реализација на зададените цели и обврски на НАТО и ЕУ. Патот по кој ние чекориме и по кој ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат, е патот кој не оди ни лево, ни десно! Тоа е патот кој нуди нов почеток, со нови луѓе, со нови визии…Со еден збор тоа е вистинскиот пат. …Ние можеме и знаеме како!ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Реализирањето на програмските цели поставени во било која партиска програма може да се оствари само преку предлагање на проекти со јасно зацртани цели и динамика на реализирање на тие цели. Предлагање на проекти, без јасно поставени цели, без разработка на начинот на реализација, може да бидат само празни ветувања, (како што имаме голем број на ветувања во минатото). Затоа МК концепт на барање и во интерес на граѓаните, има поставено и разработено голем број на проекти кои би биле основа за реализирање на зацртаните цели. Преку реализирање на поставените проекти може да се реализираат и поставените цели од МК Концепт.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Проф. д-р Голубка Нечевска Цветановска: Би сакала основните определби во МК Концепт да бидат реалност, да имаме средена и здрава држава, со изразено взаемно човечко почитување без разлика на политичка, верска и национална припадност. Држава во која ќе има мир, напредок и максимално почитување на човечкото достоинство и човековите права. Држава со која ќе раководат нови лица со нова енергија, држава на слобода и благосостојба на сите граѓани. Држава со задоволна младина, која со своето знаење и умешност ќе твори и ќе ја гради својата иднина во Македонија. Држава која конечно ќе биде дел од ЕУ.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Седуммина полицајци од ЕБР се со ковид-19, се затвора објект во Охрид во кој биле сместени

Извори од МВР потврдуваат за „360 степени“ дека од 15 полицајци од ист тим речиси половина се позитивни на коронавирусот, од кои четворица биле на одбележувањето на Денот на полицијатаНајмалку седуммина припадници на МВР се позитивни на коронавирусот, поради што, по препорака на здравствените власти, се затвора одморалиштето во Охрид каде што биле сместени, дознава „360 степени“.Според извори од МВР, седумтемина полицајци за кои е потврдено дека се заразени со ковид-19 се од Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Тие биле испраќани како засилување на СВР-Охрид и ротирале на неколку дена, објави „360 степени“.Текстот во целост на: „360 степени“. 

Македонија | пред 5 години

petar-bogojeski

Богојески: Избори на 21.06.2020 година мора да има, согласно Устав и закони!

Кога ќе има избори, одлучуваат Уставот и законите, а не господата Заев (СДСМ 1) и Мицкоски (СДСМ 2)!Ние сме подготвени… граѓаните против мафијата! Имаме шанса конечно да ја поразиме, напиша на својот ФБ профил лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека Заев бара брзи избори за да ги изгуби, е трагикомичен, реагира Петар Богојески од Македонски концепт на денешиот настап на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ во однос на датумот за избори, објави Фокус.-Дали тоа значи дека Мицкоски е загрижен да не изгуби Заев, па сака да му помогне со одлагање на изборите? Ниту господин Мицкоски, ниту господин Заев имаат право да одлучуваат кога ќе има избори! Таа одлука ја донесуваат Уставот и законите, а не политичарите! Избори на 21.06.2020 година мора да има, согласно Устав и закони! Ако Мицкоски одлучувал за Илинденско востание, никогаш немало да го има! Па какви се овие војводи во палатата, што се плашат од избори?!? Нашата теза дека палатистите се измеќари на Заев се докажува! Со ова однесување, Мицкоски му дава на тацна уште 4 години власт на Заев! Факт е дека опозицијата е киднапирана од еден безидеен лидер, кој работи за власта!, вели Богојески за Фокус.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Македонскиот полициски синдикат: Дали светна црвениот аларм во МВР

Црвениот аларм светна откако заразата се појави кај неколку припадници на Единицата за брзо прераспоредување кои по извршените тестови се позитивни на тестот за Корона вирус COVID-19.Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат, го повикува Mинистерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев веднаш да превземе засилени мерки и активности во насока на заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од зараза со Корона вирусот, се вели во соопштението од Македонскиот полициски синдикат. Тие додаваат:Почитуван Министер,Од Ваша страна под итно бараме да бидат превземени минимум следните мерки и активности: -преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа;- пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила;- да се врши вонредна дезинфекција на сите простории во кои престојуваат и работат колегите.Од денес не смееме да дозволиме ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција бидејќи полициските службеници како никогаш до сега им се потребни на граѓаните на Република Северна Македонија.Исто така се обраќаме и до сите наши колеги максимално да се придружуваат до мерките за заштита од Корона вирус COVID-19. Како единствен репрезентативен синдикат Ви даваме целосна подршка на сите Вас колеги кои деноноќно сте на терен и гордо покажувате на дело како се сака татковината и како се почитува униформата што ја носите.Како синдикат прашуваме ???Дали Полициските службеници ќе добијат исто така награда за нивниот вложен труд и рамо до рамо со медицинските лица несебично вложуваат натчовечки напори да ја одржит ситуацијата со ширењето на заразата со корона вирусот под контрола? Дали и овој пат ќе дозволиме истите да бидат оставени на маргините?Од тие причини, на крајот уште еднаш го повикуваме Министерот, следејќи го примерот со најавеното покачување на платата на најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19 за 20 % за месеците Март и Април да ја покачи платата и на полициските службеници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се демонтира мобилната болница – останува монтажната болница која ќе се користи како тријажен центар

Министерството за здравство информира дека денеска се демонтираат шаторите од мобилната болница која беше поставена како надополнување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во случај на зголемување на бројот на пациенти на кои би им бил потребен хоспитален третман.Мобилната болница „Role 2“  добиена како донација од Норвешка, имаше капацитет од 130 кревети и комплетна опрема. Болницата беше поврзана со топла врска со Клиниката за инфективни болести и фебрилни заболувања, а истата беше поставена во соработка со Министерството за одбрана и Армијата во март.„Ова е голем успех што немавме потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти од ковид-19, бидејќи од почетокот на епидемијата во земјата постоечките болнички капацитети за хоспитализација на овие пациенти се стабилни и исполнети само 10 проценти. Успешно го амортизиравме ударот врз нашиот здравствен систем, но покажавме подготвеност да се справиме и со полоши сценарија“ – смета Министерот Венко Филипче.Во меѓувреме со донација од Швајцарската амбасада се постави монтажната болница како дел од системот за понатамошното справување со ковид-19 во земјата.Таа ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

SDK.MK: Пет дена ја шетале со скршен колк и негативен тест за КОВИД 19, на крај ја оперирале на приватна клиника

Жена на 85-годишна возраст, со скршеница на колкот и со негативен тест на коронавирус, пет дена, пет пати ја возеле на релација Клинички центар – Градската општа болница „8 Септември“. Не ја оперирале зашто имала температура нешто повискока од 37  степени Целзиусови, но без други симптоми на КОВИД-19. По петдневно малтретирање и стресови, семејството одлучило да ја земе пациентката и од „8 Септември“ ја однеле на операција во приватната клиника „Жан Митрев“, каде веднаш била згрижена и оперирана, објави SDK.MKМинистерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција денеска кажа дека „ако има конкретна информација ќе ја провери со директорот на „8 Септември“.SDK.MK пишува дека жената  13 мај жената, со возило на Брза помош била донесена на клиничкиот Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со повреда на лев колк со индикација за оперативен третман. Таа имала температура нешто над 37 степени Целзиусови, без други симптоми на КОВИД-19. Од таму е препратена во Градската општа болница „8 Септември“ која од 18 март е КОВИД центар. Таму е хоспитализирана како суспектна на КОВИД-19 и чекала операција.Земен ѝ е брис на 14 мај. Резултатот од тестот доаѓа на 15 мај и тој е негативен. На 16 мај веќе тече четврти ден од повредата. Од  ТОАРИЛУЦ велат дека немаат место и пациентката останува хоспитализирана во „8 Септември“ уште една ноќ.  Другиот ден, на 17 мај, по претходен договор за транспорт од „8 Септември“ ја селат на Клиника. Таму ѝ мерат температура, таа пак има малку над 37 степени и со образложение дека „брисот е застарен“ (земен на 14 мај) ја враќаат во „8 Септември“. Истиот ден, на 17 мај таа повторно е транспортирана и хоспитализирана во „8 Септември“, објави SDK.MK.Текстот во целост на : SDK.MK 

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: Додека збориме за избори има 22 новозаболени и 2 починати од корона кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју за телевизија Сител зборуваше за критериумите според кои ВМРО-ДПМНЕ смета  дека треба да се одржат  парламентарните избори каде како решение го понуди крајот на август или почетокот на септември, но тоа не беше прифатен од страна на Зоран Заев. Во врска со неприфаќањето на овој став од страна на Заев, Мицкоски истакна:„Не е прифатливо затоа што како што јас успевам да го разберам неговото политичко толкување е функционирање врз основа на ултиматум и затоа почувствува вчера по завршувањето на лидерската средба да им се извинам на граѓаните што во услови кога ние броиме 26 заболени и 3 починати во текот на вчерашниот ден да зборуваме за избори. Еве сега додека го правиме интервјуто разбрав дека има нови 22 заболени и двајца починати, а ние зборуваме за избори“.Мицкоски во интервјуто посочи дека потребно е оваа пандемија добро да биде менаџирана како што тоа го прават земјите од соседниот регион имено тој потенцираше дека оваа владата предводена од СДСМ не знае и нема капацитет да ја менаџира кризата поврзана со корона вирусот. Имено тој кажа дека очекувал повеќе труд од Комисијата за заразни болести, а не мислење од четири реченици.„Имаше некои протоколи од Комисијата за заразни болести кои беа од 4 реченици кои во принцип секој граѓанин  знае дека треба да одржува лична хигиена, дека треба да мие раце, дека доколку се наоѓа во затворена просторија треба да има ракавици и треба да има маска на лицето, кога е на отворено треба да  држи дистанца од еден и пол до два метра и таа затворена просторија секој еден час да се проветрува. Навистина јас немам проблем со  кредибилитетот  на луѓето, таму има и медицинско лице кое што е и кандидат за пратеник од СДСМ, која што се потпишала на тој документ, немам проблем со нивниот медицински кредибилитет, но навистина бев изненаден со слабата содржина, истакна Мицкоски“.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sekerinska

Шекеринска за ТВ 24: Избори во првиот можен рок, ВМРО-ДПМНЕ сака само криза

Потребно е да има избори во првиот возможен термин, тие се неопходни за да имаме стабилни институции кои ќе бидат функционални, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во денешното гостување на ТВ 24.Таа посочи дека ниту  граѓаните, ниту политичките партии, ниту нашите сојузници во странство, никој не посакува оваа состојба на половично функционални институции  да продолжи до бесконечност.Шекеринска истакна дека СДСМ има принципиелен став за клучните прашања да се постигне консензус меѓу политичките партии, бидејќи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има голема разлика во однос на практикувањето на демократијата. Сепак, нагласи дека тоа е тешко во услови кога ВМРО-ДПМНЕ отстапила од првичниот став дека се можни избори на средината на јули.„Ние имавме закажани и договорени избори кои поради епидемијата не можеше да се случат. Но факт е дека секое одлагање на изборите ќе не доведе во ситуација да се справуваме со неколку типови на кризи. Страв ми е дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба беше став агонијата да продолжи. Да се справуваме и со финансиската криза и со здравствената криза со која се справува целиот свет, апритоа да не можеме да одиме на две нозе. Во секоја нормална ситуација опозицијата би сакала час поскоро да го прекине тој сооднос во кој Владата нема демократска контрола од страна на Собранието“, заклучи Шекеринска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Nikoloski-PRESS-2512-2

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за избори, но тие избори мора да се со целосна заштита на здравјето на граѓаните

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисија „Отворено студио“ на телевизија 24 кај што говореше за парламентарните избори и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за избори, но избори кои ќе вклучуваат целосна заштита на здравјето на граѓаните.„Точно, нашите предлози се 23 август, 30 август и 13 септември возможно беше и 6 септември, но имајќи предвид дека е националниот празник 8-ми септември и ќе е продолжен викенд затоа ги даваме овие три опции. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно за избори, вусшност и ние сакаме да одиме на избори за да успееме и да формираме влада и тоа е целта на нашата политичка партија и од таа страна не треба да има дилема што мисли ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сака да оди и да победи на избори но тие избори мора да се со целосна заштита на здравјето на граѓаните што, за жал, во моментот не го гледаме. Со гаранција дека нема да имаме новозаболени и мртви заради гласањето, со гаранција или извесност дека нема да имаме новозаболени и мртви заради кампањата, со доволна информативност на граѓаните што е една од основните пилари на едни фер и демократски и со голема партиципативност на граѓаните на истите избори затоа што ова брзање на СДСМ нас ќе не одведе во избори без кампања, во избори во кои што граѓаните нема да можат да ги слушнат граѓаните ниту да ги видат кандидатите на политичките партии и ќе не одведе до ситуација кога излегувањето на избори ќе значи ризик по живот на граѓаните. Многу граѓаните три пати ќе размислат дали да излезат што може да не доведе до ситуација очајно ниска излезност што ќе го доведе до прашање целиот кредибилитет на изборниот процес“, истакна Николоски.„Очигледно е дека се манипулира со бројот на тестирања и тоа по неколку основи. Бројот на тестирања во оној момент кога Зоран Заев процени дека сака да отиде на брзи избори на кои што ќе се обиде да направи помал пораз затоа што луѓето ќе се плашат да излезат да гласаат, падна и ако се одеше некаде од 600 700 па и 800 тестови во некои денови паднаа на 150 тестови што апсолутно покажува дека процесот се менаџира да има помали бројки, но дури и со помал број на тестови бројките излегуваат што значи дека реалните бројки се многу поголеми“, истакна Николоски.Николоски во своето гостување рече дека се работи за комплетен политички менаџмент во однос на корона кризата од страна на владата на СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

platforma

(ФОТО) Отстранетите платформи се враќаат во Охридско Езеро

Една од платформите поставена во Охридско Езеро која беше отстранета кон крајот на месец септември минатата година, односно по летната сезона во Охрид, а е лоцирана на плажата Канео, сега повторно е поставена на истото место. Од неа, беа извадени само штиците, но не и металната конструкција. Пред почетокот на овогодинешната туристичка сезона, платформата е повторно наместена на истото место каде што беше. Ваквиот потег создаде револт кај жителите на Охрид, но и еколошките здруженија.Од „Охрид СОС“, вината за ова ја гледаат кај Општина Охрид и Владата, за кои сметаат дека ја лажат јавноста, но и УНЕСКО со наводно воспоставување на ред во градот. Во објавата од Охрид SOS се вели:-Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и Влада на Република Северна Македонија ја лажат и светската организација и домашната јавност, покажува и оваа обратна акција, на враќање во претходна состојба на платформата во Канео. Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство.Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO, International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) и IUCN. Секоја штица е обележана со број, знеаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи.Нормално, како што и се навикнати, ќе излезат со изјава Edmond Ademi, Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид, Oliver Spasovski и други институции и носители на јавни функции, па прстот ќе го вперат во лицата кои стопанисуваат со плажата, на нивното самоволие и непочитување на законите, со „ветување“ дека уште веднаш ќе се отстрани целата конструкција. До кога вака? Секој ден само испливуваат еклатантните примери на вашата неспособност и корумпираност. Наместо да сте регулатор, треба да ве регулираме секој еден момент, бидејќи сте спремни на сè.https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/pcb.2651012215177419/2651011435177497/?type=3&theaterфото: ФБ Охрид SOS

Македонија | пред 5 години

19052020_Filipche_press

Филипче: Мора да се навикнеме да ги почитуваме мерките за заштита и да се навикнеме да живееме со вирусот

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција, информираше за состојбата со пациентите заболени со КОВИД-19 вирусот во нашата земја.„Денеска се регистрирани 50 оздравени пациенти, во Скопје - 16, Куманово - 10, Прилеп - 6, Тетово - 15, Велес - 1 пациент, Крива Паланка - 1, Валандово - 1 пациент. За жал имаме двајца починати пациенти во ГОБ „8ми Септември“, еден пациент од Скопје на 78 годишна возраст примен на 7ми мај со бројни минати заболувања и уште еден пациент од Тетово на 77 годишна возраст којшто се лекува од 14ти мај. Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања и регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје - 8, Штип - 2, Прилеп - 2, Тетово - 3, Струга - 1, Велес - 4, Свети Николе - 1, Гостивар - 1 пациент. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти 1351, починати 106, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 382“, рече министерот Филипче.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, хоспитализирани вкупно 43 пациенти, двајца пациенти се на механичка вентилација. Во болницата „8ми Септември“ вкупно хоспитализирани се 21 пациент, на респиратор се четири пациенти и на инфективните одделенија во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп вкупно 62 пациенти.„Со сите овие досегашни тестирања во земјата вкупно се направени 22.255 тестови, во изминативе 24 часа 533 од кои 203 во рамките на скринингот во градинките во Скопје и во Велес, и денешните тестови од скринингот се негативни. Задоволни сме од динамиката со која се одвива скринингот, но и од резултатите. За неколку дена, а тоа е од 14 мај се направени 908 тестови на вработени во градинките во Битола, Скопје, Велес и сите освен еден резултат се негативни. Конкретно во Битола е завршен скринингот, тестирани се 322 вработени каде е потврден и едниот позитивен случај. Како што најавивме продолжуваме со скринингот по другите ризични групи и вработените во домовите за стари лица, здравствени работници, хроничните болни пред интервенција и пациентите коишто треба да почнат да примаат биолошка терапија како и други групи на граѓани за коишто сметаме дека спаѓаат во ризичните категории врз основа на контакти коишто ги имаат во тек на денот“, истакна министерот Филипче.Во изминатиот период во трите хируршки институции во Скопје, на Клиниките, во болницата 8ми Септември и во болницата Св. Наум Охридски направени се над 1000 итни и неодложни операции. Од 1 март досега вкупната бројка на оперирани во овие три здравствени институции изнесува 1700. Во хируршките клиники од 1 март до 1 мај направени се 1190, во ГОБ во Скопје 310 операции, повеќе од 300 операции во старата градска болница.„Врз основа на проценките, врз основа на разговорите и секако потребата одлучивме да се додели парична награда за сите здравствени и нездравствени работници коишто беа вклучени и сеуште се вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирусот во нашата земја, доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници - болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош ќе добијат награда од 20% од основната плата за два месеци во сите Јавно-здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови коишто го организираа транспортот итн. Никој нема да биде изоставен, сите се земени во предвид. Начинот на исплата ќе биде со платежната картичка за што повеќе информации ќе може да даде министерството за финансии“, потенцираше министерот Филипче.На прес-конференцијата, министерот Филипче информираше дека се анализира состојбата со епидемијата во земјата и овие изминати денови нешто зголемениот број на новодијагностицирани случаи. Заедничка констатација на Комисијата за заразни болести е дека и покрај ова - епидемијата е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен, голем дел од потврдените се веќе од познати кластери, а дел од заразените се инфицирале при групирање на приватни собири. 91% од здравствените работници се оздравени и со тоа практично целокупниот дел на човечки капацитет на здравството е на располагање и е функционален. Не постои ниту едно одделение или институција каде е компромитирана работата заради недостаток на здравствени или нездравствени работници. Заклучокот на комисијата е дека голем број на новодијагностицирани случаи на дневна основа е резултат на олабавување на мерките и поголемото движење на граѓаните и тоа е впрочем случај и во соседните земји, но и во повеќе други земји во Европа и во светот. Тоа не е неочекувано, има зголемен број на новозаразени во Бугарија, Албанија има во Србија, во Босна и Херцеговина.„Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Успешно го амортизиравме првиот удар. Ја стабилизиравме состојбата во земјата со контролираниот број на нови случаи и во ниту еден случај не се преоптерети капацитетот на ниту една институција, болница. Сето тоа беше резултат на мерките кои ги донесовме во насока на заштита на здравјето на граѓаните. И отсега натаму со строго почитување на сите мерки и препораки може да ја задржиме епидемијата под контрола. Рестриктивните мерки се опуштаат секаде, со цел полека враќање на животот во нормала. Економијата заживува и како секаде во светот почнуваме да живееме понормално. Но, ова може да го одржиме само ако сите граѓани ги почитуваат мерките, а институциите ги спроведуваат контролите и никако поинаку. Здравствените работници, институции не можат сами. Не можеме ништо да постигнеме ако мерките кои се на сила не се почитуваат, а зголемен број на случаи може да е лошо за економијата, работните места, и секако за здравјето. Ние тоа не смееме да го дозволиме. Комисијата за заразни болести минатата недела донесе предлог план за намалување на рестриктивните мерки со соодветни протоколи за работа.“ - изјави министерот Филипче и додаде дека „вирусот е тука и никој од нас не е имун. Коронавирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет. Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме да ги почитуваме сите мерки за лична заштита и да живееме со вирусот. Мора да ги вршиме сите дневни обврски, грижејќи се за своето здравје, но и за здравјето на другите“.Сите стопански гранки, организации, граѓани, групи, секој поединец е дел од оваа борба без исклучок. Сите треба да се прилагодат на новата реалност и само така постепено ќе го враќаме животот во нормала. Доколку доследно се почитуваат сите овие мерки се очекува и понатамошна стабилизација на ширење на вирусот. Министерот Филипче рече дека најголемата опасност за пренесување на вирусот според информациите кои се добиваат секојдневно се групни собирања и упати апел до граѓаните да се воздржат од вакви собири.„Сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии, податоците кои доаѓаат од Кина, покажуваат дека вирусот многу веројатно ќе има и втор бран. Ние за ова се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, СЗО, но и поединечни случаи од повеќе земји во светот. Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Се подготвуваме за вториот бран на есен и ќе го дочекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето на граѓаните. Ќе ги опремиме сите одделенија за интензивна нега за да се даде соодветна здравствена заштита. Покажавме што значи да се работи во интерес на граѓаните и како одговорно и навремено се делува во случај на криза. Покажавме дека умееме одлично да се носиме со големите предизвици и кризи и тоа уште подобро ќе го правиме кога и да го имаме пред нас повторно предизвикот за заштита на јавното здравје и секако граѓаните“, потенцираше министерот Филипче.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

Спасовски - Варадкар: Имаме взаемен интерес за поблиска соработка и за споделување на искуствата со Северна Македонија како Ирска стана една од најсилните економии во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше срдечен и пријателски телефонски разгоовор со премиерот на Ирска Лео Варадкар во кој доминираат взаемните желби и интереси за поблиска соработка меѓу двете земји.Премиерот Варадкар упати честитки за работата на Владата во услови на пандемијата со  КОВИД-19, како и за членството во НАТО и позитивната одлука на ЕУ за почеток на преговорите. Ирскиот премиер во разговорот истакна дека неговата земја останува голем поддржувач на Република Северна Македонија и нагласи дека неговата Влада е подготвена да го сподели искуството како членството во ЕУ и помогна на Ирска да ја развие својата економија да биде меѓу најсилните во ЕУ, и изрази надеж дека истото може да се случи и со Северна Македонија.Премиерот Спасовски се заблагодари за искрената поддршка од Ирска и потенцираше дека нашата земја ја очекува преговарачка рамка во јуни, и побара поддршка за побрз почеток на преговорите. Спасовски ја издвои посебната посветеност на Владата кон имплементација на билатералните договори со Грција и Бугарија, кои значително ги подобруваат добрососедските односи и претставуваат позитивен пример во регионот.Двајцата премиери се согласија дека Самитот Загреб 2020 за ЕУ и Западен Балкан испрати силна порака за поддршка на ЕУ за регионот.Во телефонскиот разговор премиерот Спасовски му честиташе на колегата од Ирска Варадкар за неговата одлука повторно да ја активира својата лиценца како доктор и да се приклучи кон здравствениот тим на неговата земја за време на пандемијата како гест на силна позитивна порака за посветено лидерство.Премиерот Варадкар се заблагодари и информираше дека Ирска почнува да ги олабавува мерките, а премиерот Спасовски информираше дека и кај нас започнува олабавување на мерките и дека по завршувањето на вонредната состојба, ќе продолжат активностите за спроведување на парламентарните избори.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

avtobus-1

Влада: Се укинува домашната изолација, која беше задолжителна после државниот карантин

Владата на Република Северна Македонија на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со кој патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.Владата, денеска, ја донесе Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредна состојба, со која се уредува дека за време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година, при спроведување на вториот практичен дел од возачкиот испит на кандидат за возач, во возилото се присутни, претседателот на испитната комисија и испитувачот по практичен дел.На денешната седница е донесен новиот текст на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за 2019 година, со дополнување, според кое се предлага рокот во кој здруженијата и фондациите треба до Генералниот секретаријат да достават извештај за користење на средствата, од 30 јуни 2020 година да се продолжи до 30 ноември 2020 година, а Генералниот секретаријат да достави Извештај за реализација на оваа Програма до Владата на Република Северна Македонија, со финансиски показатели и образложение на постигнатите резултати, до 31 декември 2020 година.Владата, денеска, го разгледа Извештајот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во 2019 година, како и информацијата за намалување на финансиските средства за поддршка на здруженијата и фондациите и го прифати укажувањето на Комисијата за политички систем на Владата, да се разгледа можноста за обезбедување  дополнителни финансиски средства наменети за граѓанскиот сектор.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tino

Летувајте во хотел „Тино“ во Охрид, еве што ви нудат …

Хотелот „Тино“ во населбата Св. Стефан Познат по гостопримливоста, квалитетна и разновидна храна, како и мирен амбиент за одмор на душа и тело ве поканува на одмор во Охрид. Менаџерскиот тим веќе ги дефинира цените за оваа сезона. Летувајте по 34 евра по лице, со вклучено користење на:– појадок – бифе– внатрешен и надворешен базен (лежалки, чадори)– базен за деца– спа центар (џакузи, сауна, парна бања)– соба за забава (пинг-понг, билјард)– детско игралиштеГостите кои престојувале или го посетиле овој хотел, секогаш заминале задоволни со уверување дека повторно ќе се вратат.„Ви Благодариме на сите кои сте не посетиле и да се се гледаме уште многу, многу години“, велат од  менаџерскиот тим на хотелот.Инаку хотелот „Тино“, претставува спој на традиција и квалитет и амбиент кој ја смирува душата. Хотел Тино модерен и атрактивен хотел , дизајниран да ги задоволи сите стандарди и желби на гостите.Оние кои еднаш го посетиле велат дека „Тино“ е „Вистински дом- далеку од дома“.Во склоп на хотелските капацитети кои работат под брендот „Хотел Тино“, работи и реномиран ресторан во кој ќе ги најдете највкусните јадења.фото: Хотел Тино

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Три лица вработени во МВР позитивни на КОВИД 19, се чека резултати уште за 11 лица

Три нови полициски службеници, вработени во МВР, позитивни на коронавирус. Овие вработени во МВР, како и уште 15 други службеници биле  тестирани откако претходно, еден од нив појавил симптоми за присуство на коронавирусот. Овие лица изминатава недела престојувале во Охрид, поради извршување на работни задачи, а биле сместени во одморалиштето на МВР, во месноста Свети Стефан.Од МВР  велат дека дека четворица службеници од тестираните биле негативни, а за останатите 11 вработени се чекаат резултати. Сите биле припадници на Единицата за брзо распоредување. Останатите полициски службеници во моментов се наоѓаат во самоизолација. Епидемиолошката анализа теба да покаже кога и на кој начин се заразиле полициските службеници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања