Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

korona-3

Денеска се потврдени 22 нови случаи на ковид 19, оздравени се 50 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1.Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 636, активни 143•       Куманово – 416, активни 21•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-38, активни 4•       Прилеп –202, активни 59•       Тетово – 150, активни 66•       Струга – 71, активни 5•       Велес – 125, активни 53•       Битола –27, активни 8•       Охрид –21, активни 6•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –20, активни 3•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 2, активни 0•       Крива Паланка- 6, активни 1•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 4•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 1•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 0•       Виница – 2, активни 0•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 1•       Свети Николе-1, активни 1Направените 533 теста се преку: ИЈЗ –256, Ветеринарен ф-тет -7, Авицена –12, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода  -53 и МАНУ -108.  Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  51 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pistol

Обвинение за недозволено држење оружје и муниција во Арачиново

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 14 мај, обвинетиот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со калибар 9 мм Para, со 3 рамки со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со калибар 7,62Х39 мм со една рамка со 29 куршуми од тој калибар. Лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што сѐ уште постои опасност од бегство, имајќи ја предвид висината на запретената казна за делото кое му се става на товар, како и другите околности во предметот. Исто така, постои опасност тој да го повтори кривичното дело, па од тие причини јавниот обвинител оцени дека не постојат основи за поблага мерка за да се обезбеди присуството на обвинетиот и непреченото водење на кривичната постапка.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Kursum

По кавга со соседот испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка

На 18.05.2020 околу 19.30 во СВР Куманово било пријавено дека во с.Слупчане, кумановско, по претходна расправија со неговиот сосед С.И., Н.М испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што билапронајдена и подигната една чаура. Н.М. бил приведен, а му било одземено и оружјето. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Levica-logo

Левица: Дали ЈСП е приватна сопственост на партиските послушници на СДС?

Откако започна вонредната состојба, до Левица неколку пати пристигнаа информации за нерегуларности во работењето на градското претпријатие ЈСП. Иако досега поднесени се три пријави до Државниот трудов инспекторат за кршење на работничките права и непочитување на мерките за заштита, никаков одговор нема од институциите. Одговор нема и од директорот Кристијан Чушков, иако неколку пати јавно беше прозван, се вели во соопштението од Левица.Деновиве до нас пристигнаа нови информации за скандалозно и корумпирано работење во ова јавно претрпијатие, кое очигледно станува приватна сопственост на неколку партиски послушници за цедење буџетски пари и лично богатење. Имено, согласно информациите дел од службениците на Дирекцијата повеќе од еден месец не оделе воопшто на работа, иако си исплатувале дневници, додека останати вработени со нарушено здравје биле принудени да одат на работа, дел од нив и по 12 часа, без никаква заштитна опрема!Дополнително, во ноќните часови кога стапува во сила полицискиот час, дел од старите автобуси се носат во автобазата Ѓорче Петров, за во даден момент да се исечат на делови и како отпад да завршат во непознат правец, а средствата да завршат во нечиј џеб. Со години се алармира за корумпираното и неодговорно работење во ова претпријатие, без почитување на основните безбедносни стандарди и редуцирани државни инвестиции во осовременување на јавниот превоз. Со ваквиот пристап, директно е загрозена безбедноста и сигурноста на граѓаните и дополнително се зголемува сообраќајниот хаос во градот. Како владата предводена од СДСМ планира да го оствари своето ветување од 50% намалување на загаденоста на воздухот, кога директно го дестимулира јавниот превоз во главниот град?Јавно го повикуваме директорот Чушков да одговори за низата скандали кои го следат градското претпријатие, особено поради фактот дека неколку вработени  веќе имаат покренато и постапка за непочитување на нивните права. Загрозување на безбедноста за време на економска и здравствена криза заради лично профитирање од страна на корумпирани функционери е еднакво на воено профитерство и одговорност мора да има, особено после неминовниот пад на оваа анти-работничка и недемократска власт, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

МВР : Граѓаните  да не отвараат сомнителни линкови, измамници шират измама со наводна нова дигитална криптовалута

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР детектираше постоење на наводна кампања во која што лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до лажна страница во која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина.Со кликнување на линкот, се влегува на лажната страница:а потоа преку сите линкови кои се појавуваат на страната ве пренасочуваат кон странатаhttps://yuan-payments.com/ која е хостирана во Украина.Откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, во рок од неколку минути непознати лица ги контактираат преку телефон со цел да ги убедат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута бидејќи цената расте секој момент.Од страна на СККДФ беа направени проверки на веб страната и за истата е утврдено дека како регистрант се јавува лицето Vasyl Dymarev од Русија.Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена, почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250$, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства.МВР апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

spasovski-1

Спасовски: Датумот на изборите го определува Уредбата со законска сила со која изборните дејствија се ставија во мирување и која определува дека изборните рокови продолжуваат во моментот кога ќе прест...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, во емисија на ТВ Клан образложи дека кога се одлучи да се одложат изборите на 12-ти април, со Уредбата со законска сила изборните дејствија се ставија во мирување, но таа утврдува дека во оној момент кога ќе престане вонредната состојба од тој момент продолжуваат да течат изборните рокови и на тој начин се одредува датумот кога треба да се одржат изборите, а валидноста на оваа Уредба со законска сила ја потврди Уставниот Суд.„Ние преку вонредната состојба носиме уредби со законска сила за да функционира државата во овие услови, но сега се поставува прашањето колку време треба да бидеме во вонредната состојба? Не смееме да си дозволиме да не ги комплетираме институциите на системот тогаш кога е најпогодно да бидат  комплетирани само заради што некој има поинаков партиски интерес и не сака да оди на избори во овој момент, сака да оди подоцна итн. Сите анализи покажуваат дека сега, во текот на затоплувањето на времето, би имале најнизок степен на ширење на корона вирусот додека после тоа е можно нов бран на епидемијата на есен, на зима“, истакна во емисијата на ТВ Клан премиерот Спасовски.Нормалната состојба од пред пандемијата нема да се врати сега и нема да биде исто како што беше пред неа, рече Спасовски, и додаде дека треба да се навикнеме на нова состојба во која со строги протоколи ќе биде овозможено организирање и спроведување на кредибилен изборен процес.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

foto-4

СДСМ: Исплашен од волјата на граѓаните, Мицкоски јавно излажа дека Словачка нема институции и прави се за да нема избори

Исплашен од изборен пораз Христијан Мицкоски продолжува да се однесува крајно неодговорно и незрело.  Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се' само за да не се соочат со волјата на граѓаните.За Мицкоски, не значат ништо заклучоците од комисијата за заразни болести, ниту пак потврдниот одговор на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека е подготвена да го набљудува одржувањето на вонредните парламентарни избори, се вели во соопштението од СДСМ.Мицкоски отиде до таму, што се дрзна свесно да ја лаже јавноста, кога ја посочи Словачка како земја без функционални институции во времена криза и која сепак ги одложила изборите.Оваа свесна лага на Мицкоски, ја покажа неговата несериозност, незрелост како политичар, но и потценувачкиот однос кон јавноста и граѓаните.Словачка, која е земја членка на ЕУ и НАТО одржа парламентарни избори на 29 февруари годинава и има функционален парламент кој одржува сесии секојдневно.Колку и да не сака, Мицкоски ќе мора набрзо да се соочи со казна на изборите.СДСМ како одговорна партија, водена од интересите на граѓаните и државата, смета дека токму во овој момент, повеќе од кога било, потребни се функционални институции, активно Собрание, здрав целокупен систем за нов економски развој и пред се, за заштита на здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

srce

Во Македонија над дваест лица имаат потреба од трансплантација на срце

Над дваест лица имаат потреба од трансплантација на срце. Десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце. Еден од нив е 31 годишниот Кристијан Неделковски, кој е првиот пациент на кој пред 8 години му се вградени две пумпи во Берлин. Тој денес живее со многу компликации, а рокот на вградените пумпи е 5 години. Таткото на Кристијан, Зоран Неделковски вели дека состојбата му била влошена па морале да направат интевенција на вградените пумпи и платиле приватно 18 илјади денари, објави ТВ 21.И 38 годишната Емилија Христоска жевее со андеж дека ќе добие срце за да продолжи да живее, објави Канал 5.Од здружението„Храбро срце“ уште пред неколку месеци бараа да се започне со итна кампања за органодарителство но поради Ковид 19 започнувањето на кампањата доцни.Најмладото лице кое има потреба од трансплатација на срце има 13 години, а најстариот 61 година. Македонија никогаш нема направено трансплатација на срце. Од почеток на корона вирусот починаа две млади лица кои имале компликации со срцето. Од почеток на корона вирусот починаа две млади лица кои имале компликации со срцето.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-7

На целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени  се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 28 прекршоци.За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

ВМРО ДПМНЕ: За три дена 77 заболени и 7 починати, а Заев брза на избори за да ублажи пораз

Нов црн ден во Македонија со 25 заболени од корона вирус и 3-ца починати. За три дена во Македонија бележиме црн биланс од 77 заболени и 7 починати лица. Тоа покажува дека здравствените предизвици од корона епидемијата не само што не се надминати, туку се одржуваат на загрижувачко ниво.  Заев, Филипче и СДСМ наместо да се справуваат со опасноста по здравјето и животите на граѓаните, како прв приоритет им се брзи избори за да го ублажат поразот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Недозволиво е кариерата на Заев да биде побитна од животот на макар еден човек.Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители.Македонија е во врвот по заразени на милион жители.Македонија е земја со најмалку тестирања.Македонија е земја која одвојува најмалку средства за справување со последиците со епидемијата.Овие црни бројки покажуваат дека на Заев не му е битно здравјето на граѓаните, туку како да се спаси од катастрофален  пораз. Притоа не бира средства. Во сред епидемија СДСМ прават изборен поткуп, делат концесии за марихуана, прават сомнителни тендери, партиски вработуваат набавуваат шампањи, шкампи, лигњи и слично. Затоа се појави буџетска дупка од 200 милиони евра уште пред да почне епидемијата. Поважно им е да одвојуваат повеќе средства за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции.Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zarko

Жарко Бошкоски: Македонија да биде држава во која кариерата, приходите и расположението на граѓаните нема да зависат од однесувањето на политичарите, туку спротивно

Интервју со Жарко Бошкоски, Носител на листа за кандидати за пратеници за ИЕ4Жарко Бошкоски е дипломиран економист и долгогодишен професионалец и претприемач од областа на осигурувањето, со повеќе од 30 години искуство ова оваа област. Од почетокот на својата кариера бил ангажиран во ЗОИЛ Македонија за потоа да работи како самостоен осигурителен брокер на повеќе раководни позиции во неколку осигурителни компании. Покрај професионалниот ангажман во сферата на осигурувањето, Жарко поседува големо професионално искуство во доменот на основањето и создавањето на успешен бизнис од оваа специфична област.Истовремено, Жарко е еден од основачите на Ротари клуб во Прилеп, каде низ своите и активностите на другите Ротари членови, дава значаен придонес кон поголем број проекти кои се насочени кон интересите на заедницата и специфичните социјални и општествени групи.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?Жарко Бошкоски: Се приклучив кон МК Концепт, од причина што верувам дека оваа платформа има капацитет и знаење да донесе вистински промени во државата. Подолго време активно ги следам состојбите и лично ја чувствувам потребата за промени, од аспект и начин на кој што сметам дека јас можам да допринесам тие промени да се случат. Сигурен сум дека со моето лично и деловно искуство можам повеќе да дадам на државата, отколку да очекувам да добијам нешто од неа. Затоа се приклучив во Македонски Концепт, за да понудам идеја за промена кон подобро и да помогнам таа идеја да се реализира.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Жарко Бошкоски: Да, немам никаква претходна поврзаност со ниту една политичка партија.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Жарко Бошкоски: Нашата држава би можела брзо и секојдневно да се трансформира во подобра, само доколку сме спремни да ги напуштиме старите принципи на функционирање. Меѓутоа, навистина е тешко да очекуваме модерни принципи од луѓе кои ни докажале дека своите навики не ги менуваат и не сакаат да ги променат. Затоа, за реално да очекуваме промени, мораме да прифатиме, дека политичар не смее да биде професија со долгорочен стаж, затоа што секој кој е политичар подолг период, не е во можност да ни донесе вистински промени, ниту да ги напушти своите лоши навики. За вистински промени, неопходно е да идентификуваме вистински луѓе, кои само кратко ќе делуваат и ќе допринесат, за потоа, истите брзо да ја завршат политичката кариера и да се вратат на својата основна професија или бизнис. Сметам дека во овој момент, тоа е пресудно; да одбереме нови, вистински луѓе, кои можат да донесат промени за подобра иднина на државата. Тие можат да ни донесат подобра иднина за економијата, здравството, образованието, судството…ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Жарко Бошкоски: За да се направи вистинска промена во Македонија, неопходно е да се воспостави интензивна и секојдневна комуникација помеѓу функционерите и граѓаните. Доколку граѓаните се во можност брзо, лесно и едноставно да воспостават контакт со лице кое е на позиција да направи одредена промена, функционерите ќе бидат изложени на поголем притисок да дадат резултати. Само на тој начин и доколку функционерите и политичарите поминуваат исто онолку време со граѓаните по завршување на изборите, како што тоа го прават пред избори кога им е потребен нивниот глас, ќе имаме вистинска демократија и нашата држава ќе биде подготвена да спроведе промени на подобро. Денес, со технологијата со која сите располагаме, е многу лесно и едноставно овој процес на комуникација да се оствари. Потребно е единствено да се постави како ветување пред, и како приоритет после завршувањето на изборниот процес.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Жарко Бошкоски:  МК концепт го гледам како еден целосен пакет на компоненти, проекти и мерки неопходни за функционирање на државата. Самата идеја дека на граѓаните може да им се понудат индивидуи, кои немаат зад себе години политички стаж и лоши навики влева ентузијазам и очекување за подобра иднина. Знаеме дека да правејќи иста работа од која очекуваме различен резултат, е во најмала рака нерационално, па затоа само логично е доколку очекуваме промени на подобро. Затоа е потребни да избереме нешто ново, нов концепт, свежи идеи и нови лица. Тоа денес, на политичката сцена, е она што го нуди МК концепт.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Жарко Бошкоски: Пред сѐ за обновување на темелите на демократијата преку повторно зближување на оние кои можат да влијаат на промените и граѓаните на кои овие промени им се неопходни. Секој политичар треба да знае дека состанокот со обичниот граѓанин е најбитниот состанок во денот за него. Само со ваква преродба на клучните играчи на политичката сцена, може да размислуваме кон подобра иднина. Доколку ова го реализираме, можеме да размислуваме за планови, проекти и стратегии кои ќе ни го подобрат образованието, судството, здравтсвото и економијата.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Жарко Бошковски: Проектот сам по себе ќе решава проблем по проблем, сѐ додека конечно не стигнеме до нивото каде што ќе се чувствуваме подобро во нашата држава. Проектот ќе биде дел од стратегијата која би се поставила откако ќе се вратиме на вистинските основи.Од тој аспект, а гледано низ призмата на прв и најнеопходен проект, е проектот за воспоставување на нов однос помеѓу политичарот и Граѓанинот. Однос во кој политичарот ќе чувствува одговорност кон оној што го избрал, а не кон лидерот на својата политичка партија.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Жарко Бошкоски: Држава во која кариерата, приходите и расположението на граѓаните не зависат од однесувањето на политичарите, туку спротивно.фото: Македонски концепт 

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев на Канал 5: ДИК да се води според законските рокови, Џафери нема уставна можност да распише нов рок

Државната изборна комисија е извршно, а не надлежно одлучувачко тело. Тие добиваат пропишани рокови со распишувањето на изборите од страна на претседателот на Собранието и тие постапуваат по тие рокови, ние имавме случај кога целиот изборен процес се одржа и за 40 дена, како што беа претседателските избори во 2004 година,  истакна претседателот Зоран Заев во интервју за Канал 5 Телевизија на прашање кое се однесуваше на потребните рокови за проверка на избирачкиот список и улогата на ДИК.Тој додаде дека претседателот на Собранието не може повторно да распише избори затоа што така ќе го прекрши Уставот.„Ако повторно претседателот Џафери распише избори, тој мора да се повика на 60 дена од распуштање на Собранието. Повеќе таа уставна можност тој ја има изгубени, тој не може да распише нов рок. Останува единствено валидниот рок кој е замрзнат заради вонредната состојба, посочи претседателот Заев, додавајќи дека ДИК мора да постапува и да ги спроведува законите и Уредбите со законска сила и да се води според законските рокови.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dafina

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ не избегнува од избори, ние сме за избори, но за избори кои што ќе го гарантираат здравјето на граѓаните

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес гостуваше во „Отворено Студио“ каде што посочи дека не треба да има сега за сега брзи избори бидејќи според резултатите на заболени и починати од корона вирусот се уште е рано.„Лидерската средба, оваа денешната втората и од минатата недела беше најмногу на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, ние секако бараме да стигнеме до некаков заеднички заклучок и заедничко решение кое што ќе понуди излез од оваа криза, во која што завлеговме. Се разбира основен причинител е корона пандемијата која што ја зафати Македонија, но за жал и вторава средба денешна што заврши пред еден час од изјавите што можевме да ги слушнеме од сите лидери кои што присуствуваа на неа резултатот е без исход“, појасни Стојаноска.Стојаноска посочи дека за жал според сегашните резултати на заболени и починати може да се забележи дека се уште е рано за да се оди на брзи избори, никако во јуни.„ВМРО-ДПМНЕ сака да се обезбеди фер и кредибилен изборен процес. И не бега од избори затоа што сме сигурни во изборна победа. Таа победа ќе се случи кога тогаш. Но ние се грижиме исклучиво за здравјето на граѓаните“, нагласи Стојаноска.Стојаноска истакна дека во однос на роковите тие секако се надминати. 60 дена рок според Уставот и законите, изборите да завршат. По распуштање на Собрание во рок од 60 дена треба изборите да се завршени. Но не се, тоа е факт. Поради тој факт и лидерите сега се состануваат.„Единствено на Зоран Заев му одговараат брзи избори и тоа на 21 јуни. Зошто? За да не се соочи со револтот на граѓаните. Ќе го ризикува и нивното здравје само за да избегне од економската криза, па еве гледаме сега трет сет од мерки што се нуди. Повторно се популистички мерки. Зарем мисли Зоран Заев дека народот во Македонија ќе ги заборави сите негови нереализирани ветувања. И сега преку криза газејќи по лешеви сака избори. Но ВМРО-ДПМНЕ го става прво здравјето на граѓаните во прашање. Тоа е основната причина поради која ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на такви брзи избори кои што се единствено желба на Зоран Заев“, потенцира Стојаноска.Стојаноска образложи дека 75% од граѓаните во Република Македонија не се заинтересирани за избори.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

DSC_0107

Шахпаска: Мицкоски бега од избори, неговите тврдења не се темелат на медицински сознанија, експертите оценуваат дека ризокот за избори во јуни е најмал

Во медицината два плус два не е секогаш четири и никој не може да се предвиди што ќе се случува на есен, затоа не е јасно врз основа на која проценка Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат избори на крајот на август или почетокот на септември. Нашиот став за избори во првиот можен момент го темелиме на светските искуства, на препораките на Светската здравствена организација како и на нашата Комисија за заразни болести, која  оцени дека во периодот  после рестриктивните мерки  и кога има намалување на интензитетот на коронавирусот најдобро  и најбезбедно е да има избори, порача пратеничката  од СДСМ Јагода Шахпаска во емисија на ТВ 24.„Во перодот после крајот на јуни многу граѓани ќе заминат во странство, многу луѓе ќе ја посетат земјава, ќе се отворат училиштата, оттука навистина не можеме да знаеме каква ќе биде состојбата на есен.  Врз основа на која проценка Мицкоски предлага крајот на август или почетокот на септември, кога не можеме да знаеме што ќе се случува тогаш.  Јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори и се плашат од сопствениот народ“, изјави Шахпаска.Таа нагласи дека ставот на СДСМ е јасен  избори да има во првиот момент кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, доколку заврши вонредната состојба на 30 мај, првиот рок за избори е 21 јуни.„Ние како држава одлично се справивме со здравствената криза, ги заштитивме возрасните лица, и тоа е јасен показател дека државата одлично се справи со кризата и ги заштити граѓаните“, рече Шахпаска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

foto-1

Ахмети вели важно е да се има консензус, а Касами сака избори во јуни

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, важно е да се има консензус од сите политички партии за одредување на датумот за претстојните избори, а пак, лидерот на Беса, Билал Касами, по средбата кажа дека нивниот предлог е избори во јуни.„Важно е да се има консензус за овие прашања, но здравјето на граѓаните е пред се. Изборите се пред се, но треба да се има консензус за тој датум и да се имаат во превид мерките од здравствените институции. Претседателот на Собранието го почитува Уставот и е во комуникација со правните експерти. Ова беше важна средба, се разгледаа документи од институциите кои се одговори за ситуацијата. Имаше дебата од сите политички партии, бидејќи изразивме став дека сите сме загрижени за ситуацијата и тоа треба внимателно да се следи. Здравјето на граѓаните, за нас е пред се. За ситуацијата, треба да бидеме во целосна комуникација со здравствените институции, за да имаме консензус за датумот на изборите. Ние сме свесни дека земјата е без Собрание, дека земјата е со техничка влада, но оваа ситуација е предизвикана од пандемијата и еден многу опасен вирус. Многу е важно оваа ситуација да не се политизира или партизира за политички цели“, рече Ахмети.Касами, повтори дека немало усогласување на датумот за изборите на лидерската средба.„Ситуацијата со коронавирусот, според здравствени експерти, ќе продолжи и понатаму до откривањето на вакцината и ние треба да се усогласиме за еден датум за избори, кој што со завршувањето на вонредната состојба, треба да се одржат. Нашиот предлог како Беса е изборите да бидат во рамките на Уставот и законот, за понатаму, Владата која ќе произлезе од овие избори, подобро да се соочи со здравствената и економската ситуација. Ние со политичка одлука ги одложивме изборите, сега, течат претходните рокови бидејќи не се усогласивме за нови избори, па останува Владата и претседателот да одлучат до кога ќе продолжи вонредната состојба, а по нејзиното завршување, да се определи и датумот на изборите. Апелираме институциите да ги подготват граѓаните за претстојните избори, нашиот предлог како Беса беше јуни, а за тоа ќе се одлучи како ќе биде прекината вонредната состојба. Институциите треба полека да ја тргнат забраната за движење од 7 попладне до 5 наутро, да се почитува социјалната дистанца, граѓаните психички да се спремаат за избори“, рече Касами.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

taneski

Таневски: Ѕидови, шанкови, ресторани и куќички се градат на наша земја

Земјиштето на кое се распослани дивоизградени ресторани ( меѓу кои и парапетчето кое ја згрози јавноста ) се градат на земја која е предмет на денационализација и за која повеќе наследници од Пештани повеќе од 20 години водат судски спорови да си го вратат тоа што е нивно, додека моќници влијаат врз институциите да не им ја враќаат земјата.Повеќе од изјавата на Ѓорѓи Танески:фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

foto-4

Заев: Неодговорноста, незрелоста и мислењето само на партиската фотелја на Мицкоски, во ВМРО-ДПМНЕ, не доведе до тоа да нема договор со консензус

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба, го окарактеризира Мицкоски како неодговорен и незрел, потенцирајќи дека досега не видел политичар, толку да се плаши од сопствените граѓани.„Изборите се утврдени и во моментот согласно вонредната состојба, која завршува на 30 мај, изборите се на 21 јуни. Неодговорноста, незрелоста и мислењето само на партиската фотелја на Мицкоски, во ВМРО-ДПМНЕ, не доведе до тоа да нема договор со консензус. Наместо да се стават интересите на граѓаните на прво место, за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа се партиските калкулации и ставот од изборите. Не сум видел политичар со ваков страв од сопствените граѓани. Политичари кои работат за интересите на сопствените граѓани не се плашат од нив. Однесувањето на Мицкоски е незрело и неодговорно, на штета на граѓаните и државата, како што го видовме во изминатите две и пол години и за време на справување со кризата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се одолговлекува здравствената и економската криза и да креираат нова, политичка криза. Тоа ние нема да го дозволиме. Имаме одговорност пред граѓаните и државата. На граѓаните им требаат функционални институции со нов мандат, да им служат и да се подготват за новиот бран од корона кризата на есен. Предупредување за нов бран издаде и СЗО. На граѓаните им треба враќање на новото нормално, трансформација на економијата и заштита на здравјето на соодветен начин. Одговорност на политичките партии е да направат се, за да им се обезбеди таа нова нормалност на граѓаните. Во нови услови, согласно препораките и протоколите за заштита, сметаме дека можеме да организираме избори. Техничката влада чија првенствена улога е да организира избори, треба да ги рестартира и предизборните процеси за организирање на фер и демократски избори со целосна заштита на граѓаните“, рече Заев.Според него, Мицкоски барал Комисијата за заразни болести да гарантира дека на крајот од август и почетокот на септември ќе има нула починати или три до четири заразени, по што Заев потенцираше дека тоа не може никој да го гарантира.„За жал, не се постигна договор за да се организираат избори во првиот соодветен термин, иако сите податоци и аргументи укажуваат дека се создадени услови и дека сега е вистински момент да се излезе на избори. И тоа, од здравствен и економски аспект, како и демократски аспект. Тоа го потврдуваат и препораките од Комисијата за заразни болести, законските рокови, уставните одредби, како и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Во Комисијата и извештајот кој е доставен, покрај коментари и детали на разработен начин како да се води кампања, но и денот на изборите, има една глава која што вели ‘Предвидување на следниот период’ и вели: ‘Имајќи во предвид дека во овој период сме во фаза кога ги гледаме ефектите од силните рестриктивни мерки, се наоѓаме во последните недели од вообичаеното траење на респираторните епидемии, во фаза која не работат школите и градинките, и имаме затворени граници, состојбата со Ковид-19 ќе потрае подолг временски период, се до пронаоѓање на вакцината’. Затоа велат: ‘Пред нас е период кога треба да научиме да живееме со вирусот. Од друга страна, фактори кои можат да ја влошат пандемијата се отворање на државните граници, патување надвор од државата и враќање на голем број граѓани внатре во државата, но и влез на странци во земјата што се очекува во летните месеци, почеток на новата учебна година и почеток на сезоната на грип што е можна епидемија од сеознски грип’. И заклучуваат: ‘Според ова, како поминува времето, се зголемува ризикот со враќање на пандемијата со втор бран, со зголемување на бројот на пациентите’“, цитираше Заев.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

liderska-sredba

Села и Гаши: Нема договор, ставовите на двете македонски партии се барикадирани во врска со изборите

Лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши, посочија дека нема договор на лидерската средба бидејќи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не можеле да ги усогласат ставовите за изборите.Тој предложил, лидерите на политичките партии да се сретнат откако ќе биде укината вонредната состојба, но не одговори дали ќе ги блокираат изборите доколку роковите течат по укинување на вонредната состојба.„Ставовите на двете македонски партии се барикадирани во врска со изборите, едната е за избори на крајот од јуни, другата е за крајот на август и почетокот на септември. Ние бевме усогласени денес да добиеме документи од три институции, од Комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ/ОДХР. Суштината на трите документи е што, документот од Комисијата за заразни болести вели дека ситуацијата со коронавирусот оди кон подобрување, но сепак опасноста на граѓаните е повторно висока, додека, констатацијата на ДИК е дека тие не можат да ги спроведат изборите во рок од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, а одговорот од ОБСЕ/ОДИХР беше дека можат да учествуваат како набљудувачи на овие избори, но треба да се определи датум и да се имаат во предвид здравствените протоколи, како и за протоколите на границите. Со други зборови, додека границите се затворени, тие немаат одговор. Во овој период, ќе може да присуствува набљудувачката мисија. Исто така, ДИК ќе има можност да ги отвори списоците за граѓаните кои наполниле 18 години и тие да имаат право не само да изберат, туку и да бидат избрани. Но, за жал денес не можевме да се усогласиме. Повикувам сите да одиме со заеднички датум, со консензус за сите политички партии“, рече Зијадин Села по лидерската средба.Африм Гаши, пак, рече дека се надева дека во наредните денови ќе се одржи нова средба, за да се определи датум за избори со консензус.„Ставовите на македонските партии, позиција и опозиција, беа далечни. Едните беа за избори во јуни, а другите за избори на почетокот на септември. Тие не ја надминаа оваа барикада, а ако ја надминаа, тоа ќе беше датумот кој ние го договоривме, односно крајот на јули. Се надевам дека во наредните денови ќе имаме средби, за да определиме датум за избори, со консензус, но исто така, треба да имаме во превид дека треба да има институции во државата, но здравјето на граѓаните да не биде во опасност на денот на изборите. Јас ќе ви кажам дека и самиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе даде изјава, но можам да ви кажам дека тие беа за избори кон крајот на август и почетокот на септември, затоа немаше доближување до ставовите на СДСМ“, рече Африм Гаши.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски:Избори на крајот на летото ја намалува опасноста по здравјето на граѓаните

Најпрвин да се заблагодарам на присуството на интересот и да ја искористам оваа прилика од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да им се извинам на сите граѓани во нашата држава што денеска наместо да зборуваме за мерки за превенции за заштита на здравјето на граѓаните, ние зборуваме за избори кои што би го ставиле во опасност и би го загрозиле здравјето на граѓаните посебно во ден кога имаме повторно нови 25 или 26 дијагностицирани, заразени случаи и уште 3 за жал кој што го загубиле својот живот, затоа ќе ми дозволите да ја искористам оваа прилика на сите да им се извинам и навистина жалам што наместо да го направиме нивниот живот поедноставен ние дополнително го оптоваруваме, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по лидерската средба.Инаку што се однесува до денешната лидерска средба има втора откако беше воведена вонредната состојба во Македонија, зборувавме околу предизвиците, анализиравме, предлагавме можни датуми и сето она што како ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба го кажавме се водеше од  фактот како можеме да го заштитиме здравјето на граѓаните, како може здравјето на граѓаните да не биде доведено во опасност и како можеме да излеземе што е можно посериозни пред граѓаните во насока на тоа да одредиме дата, а притоа  ризиците да бидат минимални.Се родија многу нови правни дилеми кои што луѓето кои што беа присутни на денешната средба ги eлаборираа, она кое што исто така сакам  да го кажам е ВМРО-ДПМНЕ ја постави дилемата за повторно ажурирање на дијаспората и можноста за гласање бидејќи се ускратува уставно загарантираното право на лицата кои што во меѓувреме од последниот пат до денеска навршиле 18 години  да бидат ажурирани и да можат да гласаат.Поразговаравме отворено за сето она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го антиципиравме, пред нас ги имавме извештаите кои што морам да признаам ме разочараа, а тоа се извештајот од Комисијата за заразни болести каде што во четири точки отприлика беше пренесена сето она кое што го имаме во минатото слушнато, уредбите, растојание од еден и пол до два метри како препорака, да носиме маски, да носиме ракавици, да ги миеме рацете. Прилично неочекувано за мене иако да бидам искрен очекував дека ќе бидат малку подетални, ќе бидат малку повеќе отворени во писанието бидејќи тоа што ни го напишаа дента претходно го слушнавме од неколку политичари од власт и од самиот господин Заев.Понатаму тука беше дописот кој што го имаше ДИК доставено до претседателот Пендаровски каде што практично  каде што беше  антиципиран можниот роковник на предвремените парламентарни избори. Ако се собере многу лесно се доаѓа до бројката од 35 до 50 дена. И конечно на крај го имавме одговорот на писмото на одговорните од ОБСЕ/ОДИХР кои што велат вака накратко кажано, кажете ни дата ние ќе ви кажеме во колкав обем и колкава мисија можеме да испорачаме.Имајќи го сето ова во предвид, но имајќи ги и консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме ги правеше со експерти од земјава и од странство предложивме три термина кога цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку доведено под опасност бидејќи тоа е првата константа која што за сите нас е важна. И тоа се три термина кои што не се фиксни него кои едноставно ќе се доближуваме до тие три термина. И ќе ја анализираме ситуацијата бидејќи ќе ве потсетам на 13-ти март имавме состанок кај Спасовски во Владата каде што на памет не ни паѓаше да зборуваме за одложување на изборите, а 6 дена потоа се тепавме по меѓу себе кој попрв да излезе и да ги одложи тие избори.Така што имајќи го сето тоа во предвид и искуството со кое што до сега настапувавме во јавноста ги предложивме термините на крајот од август и почетокот на септември, односно термините 23-ти и 30-ти август и 13-ти септември. Како термини кои што цениме дека пандемијата ќе го намали интензитетот, се уште граѓаните ќе бидат под определен ризик но имајќи го во предвид актуелното функционирање на институциите, имајќи го во предвид интензитетот на пандемијата некако тоа конвергираше кон оптимален предлог и тој предлог денеска од името на ВМРО-ДПМНЕ го предложив овдека на оваа лидерска средба.Имаше и други предлози и други датуми, од останатите политички лидери имаше своевиден ултиматум од страна на господинот Заев, ние под ултиматуми не работиме, не носиме одлуки така што оној предлог кој што ВМРО-ДПМНЕ го даде т.е. би рекол оние три предлога кои што ВМРО-ДПМНЕ ги даде остануваат предлози кои што цениме дека здравјето на граѓаните ќе биде најмалку тогаш доведено во опасност на сметка на брзи избори, кога броиме десетици новозаболени и мртви, починати речиси секој ден.Така што еве сосема на крај би сакал уште еднашка да заклучам дека ВМРО-ДПМНЕ има единствен приоритет, а тоа е заштита на здравјето на граѓаните. И уште еднашка ќе го искористам оваа прилика на граѓаните да им се извинам што наместо да зборуваме за олеснување на нивниот живот ,а ние дополнително ги оптеретуваме  со политики и политиканство, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus

Сите здравствени работници кои се вклучени во борбата со коронавирусот ќе добијат финансиска поддршка

Министерството за здравство во следните денови ќе направи темелна анализа кои здравствени работниици и институции ќе бидат опфатени со мерката за финансиска поддршка.Сите здравствени работници од сите нивоа и институции кои што работеа со пациенти со Ковид-19 ќе бидат вклучени во програмата. Оваа мерка пред се е наменета за оние кои беа се прва линија во борбата со коронавирусот и никој нема да биде изоставен. Во тек е допрецизирање на целиот процес.Во однос на деталите за начинот на исплата и како ќе се користат овие средства, условите ќе бидат исти како сите оние кои ќе добијат платежна картичка.За начинот на функционирање на платежната картичка повеќе информации може да се добијат во Министерството за финансии.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

20200514_160249

Крстевски: Од говедскиот коронавирус не може да се заразат луѓето

Говедскиот коронавирус претставува еден член на групата коронавируси кој, како што самото име укажува, може да предизвика болест само кај говедата и не претставува никаква опасност за луѓето. Овој вирус е одамна добро познат како причинител на дијареја и респираторни инфекции кај телињата и возрасните говеда и се среќава насекаде низ светот, вели проф. д-р Кирил Крстевски, катедра за заразни болести и епидемиологија од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.-  Терминот коронавируси означува група составена од голем број на сродни, но сепак различни вируси. Оваа група на сродни вируси (коронавируси) се добро познати причинители на дигестивни и респираторни нарушувања кај голем број животински видови и човекот. Она што е значајно да се истакне е тоа што секој поединечен коронавирус од оваа група може да предизвика заболување само кај оној вид на организам за кој е адаптиран и оттука може да го нападне и инфицира, појаснува проф. д-р Крстевски.Според него со оглед на тоа што појавата на говедскиот коронавирус е поврзана со смалена продукција кај говедата и губитоци за фармерите, препорачливо е лабораториското испитување за утврдување на неговото присуство при појава на дигестивни и респираторни инфекции кај говедата.- Во контекст на ова, нашата лабораторија врши испитување на присуството на овој вирус во случаите кога тоа е индицирано и позитивните наоди не се ништо ново, ниту пак невообичаено за ветеринарните лекари и одгледувачи на животни, потсетува проф. д-р Крстевски. Тој вели дека постојат и други, добро познати типови на коронавируси кои се причинители на болести со слична симптоматологија и кај останатите домашни животни (свињи, коњи), миленици (кучиња, мачки) и живина (кокошки).- Потенцирам дека сите сите овие типови на коронавируси кај животните се добро познати, присутни се повеќе децении и неможат да се пренесат на луѓето, па оттука не претставуваат никаков ризик за нивното здравје и не треба да се мешaат со новиот коронавирус кој е причинител на болеста Ковид-19. Иако овој коронавирус постепено еволуирал од тип на коронавирус присутен кај лилјаците, тој во моментов претставува посебен тип на човечки коронавирус (наречен SARS корона-2 вирус) кој е адаптиран и се шири помеѓу луѓето. Значи, во случајот на Ковид-19 зборуваме за нов, човечки коронавирус, за кој се уште се отворени многу прашања кои постепено ќе го добиваат својот одговор преку големиот број научни студии кои непрекинато се реализираат насекаде низ светот. Дел од овие прашања се однесуваат и на можноста овој нов човечки коронавирус да предизвика инфекција и кај животните, дополнува проф. д-р Крстевски.Како што објаснува проф. д-р Крстевски од она што засега со сигурност се знае, причинителот на Ковид-19 може да ги инфицира мачките и ласиците и кај истите да предизвика појава на респираторни симптоми. Иако вирусната РНК е потврдена и кај неколку кучиња, во моментов се смета дека вирусот кај кучињата не може да се реплицира и да предизвика болест.Од овие причини, според него потребно е да се ограничи контактот на домашните миленици (особено мачките) со лица кои се сомнителни на или заболени од Ковид-19 како истите би се заштитиле од можна инфекција. Во таа насока, се препорачува милениците на луѓето заболени од Ковид-19 да бидат згрижени од некој друг. Доколку тоа не е можно, потребно е сопственикот да избегнува блиски контакти со своето милениче и да носи маска, односно да ги применува истите превентивни мерки како и во однос на останатите членови од семејството.-За крај, би сакал да нагласам дека во моментов не постојат докази дека мачките, кучињата, ласиците кои се инфицирале од луѓе заболени од Ковид-19, можат да бидат извор на зараза за здрави луѓе, па оттука се смета дека тие немаат улога во ширењето на болеста. Секако дека ветеринарната наука во светот продолжува интензивно да работи на комплетно разјаснување и конечно утврдување на евентуалната улогата на различните животински видови при ширењето на Ковид-19, порачува проф. д-р Крстевски

Македонија | пред 5 години

97642671_559376181651022_3625257220242931712_n

(ВИДЕО) Започнува заштитата од град со авионско засејување на облаците

Управата за хидрометеоролошки работи го потпиша договорот за јавниот оглас „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“, со што започнува и реализацијата на заштитата од временски непогоди (град) со авионско засејување на облаците.Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, на спортскиот аеродром Стенковец, присуствуваа на   првиот пробен лет на авионите коишто ќе вршат засејување на облаците.„Со овој модерен систем на заштита од град ќе придонесеме да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе го заштитиме трудот на земјоделците. Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса“,  изјави министерот Димковски.Вредноста на проектот за авионско засејување на облаците е околу 60 милиони денари, кои се обезбедени преку Програмата за рурален развој. Директорот на УХМР, Тодоровски посочи дека оваа метода вклучува засејување на градонoсните облаци со реагенси, односно со  сребрен јодид.„Откако редарските центри на УХМР ќе ја детектираат нестабилната воздушна маса во која се создава градот, јавуваат до економскиот оператор и тој треба во најбрзо време и на најквалитетен начин да изврши засејување на воздушните маси со сребрен јодид “- изјави директорот Ивица Тодоровски. 

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска потврдени 25 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка  од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај.Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 628, активни 152•       Куманово – 416, активни 31•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-36, активни 2•       Прилеп –200, активни 63•       Тетово – 147, активни 79•       Струга – 70, активни 4•       Велес – 121, активни 50•       Битола –27, активни 8•       Охрид –21, активни 6•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –19, активни 2•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 2, активни 0•       Крива Паланка- 6, активни 2•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 4•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 1•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 1•       Виница – 2, активни 0•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 1Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -18 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Grabez-pistol

Утрово, драма во Сарај: Скопјанец ограбен пред банка, разбојништвото извршено со автоматско оружје

Ограбен 27-годишен скопјанец пред банка во САРАЈ.„Во 11:05 часот пријавено е дека во с.Сарај, пред банка извршено е разбојништво врз Б.О. (1993) од страна на три лица, кои со автоматски пушки му одзеле пари. Откако ги одземале парите со автомобил, се упатиле кон Матка“, велат од МВР за „Скопје1.мк“фото: Архива

Скопје | пред 5 години

18052020_sovetnik_na_PRVSM_Bitikji_pres-konferencija_3_set_merki-2

Битиќи: Третиот пакет мерки е за нов развој, поддршка добива секој којшто има потреба, ја стимулираме домашната економија

Третиот пакет економски мерки кој Владата го усвои, има за цел заживување на домашните економски дејности, да ги трансформира и модернизира за да се создадат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија, истакна Советникот по економски прашања во кабинетот на премиерот во Владата, Фатмир Битиќи.Станува збор за директна финансиска поддршка за зголемување на потрошувачката, директна поддршка на стопанството, земјоделството и туризмот, како и награда за најизложените здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа.Ефектите од овој пакет економски мерки се повеќе димензионални, па така резултатите кои ќе се постигнат со нив ќе значат и системски решенија:●     Ќе се поттикне приватната потрошувачка●     Ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и регионално ниво●     Ќе се трансформира и унапреди дел од економијата со воведување на ИТ и друга технологија во нивното работење●     Ќе се формализира дел од неформалната економија●     Ќе се зголеми употребата на безготовинските плаќања како инструмент за сузбивање на сива економија●     Ќе се овозможи модернизација и дигитализација на услугите и процеситеЕфектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоа, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка.Токму затоа, со првиот столб од третиот сет мерки преку издавање на платежни картички за граѓаните, поттикнуваме поголема потрошувачка и развој на домашните економски дејности, даваме директна финансиска поддршка за граѓаните, која пак ќе ја стимулира домашната економија.Преку воведување на платежни картички вредни 9.000 денари за околу 100 илјади граѓани ја стимулираме понудата на домашни производи и услуги со директна парична поддршка од државата, преку потрошувачката на граѓаните.Корисници на платежната картичка може да бидат невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 денари месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.Интервентно го активираме домашниот туризам преку ваучер вреден 6,000 денари за користење во домашните хотели и други сместувачки капацитети, а граѓаните ќе добијат и платежна картичка од 3,000 денари за купување на домашни производи и услуги.Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи. Тоа значи дека без разлика на месечните примања на едно домаќинство, членовите од семејството кои имаат лични примања под 15.000 денари месечно можат да бидат корисници на домашниот туристички ваучер и платежната картичка. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.Определбата на Владата да се грижи за сите и да создаде амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот, ја докажуваме уште еднаш преку три посебни мерки за младите:– парична поддршка за млади дo 6,000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи.– платежна домашна картичка од 3,000 денари за домашни производи и услуги за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард.– ваучери до 30,000 за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини за подржување на младите да бидат конкуренти на пазарот на труд и брзо да се вработат во новата развојна економија.Вредноста на овие мерки за млади се околу 12 милиони евра и со проектиран опфат од 100.000 млади.Во име на посветеноста на здравствените работници кои се бореа во првите редови во битката со КОВИД-19 и во знак на благодарност, Владата ќе ги награди докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, На Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош, со 20% повисока плата за два месеци која ќе биде исплатена преку домашна платежна картичка.Понатака, сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020 ќе добијат паричен надоместок за два месеци, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено но и добиле отказ од работодавачот.Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани кои преку поевтини цени, ќе поттикнат потрошувачка и раст на приходи во домашните производствени и продажни капацитети, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. На овој начин граѓаните ќе добијат поголем поврат на ДДВ од сегашниот модел и преку постоечкото софтверското решение „МојДДВ“. Се очекува преку оваа мерка 20 милиони евра, да се слеат назад во стопанството.Веќе споменав на почетокот на моето обраќање, дека овие мерки покрај тоа што имаат за цел да ја зацелат и заживеат македонската економија после кризата предизвикана од КОВИД – 19, имаат за цел истата да ја трансформираат и модернизираат. Одлучивме дека оваа здравствена и финансиската криза нема да ја гледаме само како проблем и ризик, туку пред се како нова можност за нова развојна македонска економија, за структурни промени и раст.Вториот столб од овој сет мерки нуди Директна поддршка на македонското стопанство – иновативност и развој за зачувување на постојните и за нови работни места.Преку Бескаматните кредитни линии за сите микро и мали компании, во вредност од 31 милион евра, преку Развојната Банка на Северна Македонија, нудиме 30% грант како поддршка за жените, младите, фирми кои воведуваат дигитализацијата во бизнисот или пак се извозно ориентирани.Со мерката – Државна гаранција за комерцијални кредити и за обезбедување на царинскиот долг државата става на располагање финансиски средства за поддршка на Старт ап и мали и микро компании преку комерцијални банки со 10 милиони евра иницијален капитал за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик.А, со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Република Северна Македонија.Понатаму, ќе го поддржиме приватниот сектор со нови 25 милиони евра – за освојување на нови пазари, зголемување на конкурентноста и модернизација на стопанството.Согласно законот за финансиска поддршка со 25 милиони евра преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата.На текстилната индустрија ќе и помогнеме да ги пласира производите на нови пазари преку креирање на – Дигитална платформа за нови пазари за текстилните компании.Ќе инвестираме нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР преку мерката – Поддршка за развој на домашни старт ап продукти и услуги преку ФИТР, како и трансформирање на македонско туристичко село во скопско Нерези во македонско СТАРТ АП село на овој начин стимулираме и отворање на нови сопствени бизниси.Со финансиска помош од 245 илјади евра ќе им помогнеме на компаниите преку субвенционирање на 50% од трошоците за организација на настани, обуки и конференции, до максимален износ од 30.000 денари.Со третиот столб од овој сет мерки, даваме поддршка за земјоделците за нови приходи од плодната македонска земја.Со првата мерка од овој столб го поддржуваме аграрниот сектор со 5 милиони евра преку Развојната банка.Ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.По ланското субвенционирање од 30% за зелена нафта, преку платежната картичка за субвенционирање на зелена нафта за земјоделците, ја зголемуваме субвенцијата на 50%. Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра.Ќе ги стимулираме преработувачите на грозје за производство на нови продукти.Преку оваа мерка ги стимулираме преработувачите на грозје и винариите да произведуваат алкохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра.Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор.Преку модернизирање и ставање во функција на капацитети во производство на преработки од тутун и грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор, како земјоделски гранки кои се повеќе и повеќе извозуваат.Понатаму, планирано е окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство.Оваа мерка овозможува ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и нови инвестиции во овој сектор. Од оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години и зголемена конкурентност на македонското земјоделство.Овозможуваме долгорочен закуп на пасиштата со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот.Преку програмата за финансирање на микро земјоделски компании со 3 милиони евра ќе овозможиме финансирање на Старт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи.Преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе овозможиме Модернизација на земјоделство со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста.Вредноста на овој трет сет економски мерки изнесува 355 милиони евра и со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, трите пакети мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5 до 5.5% од БДП.На крај би сакал да потенцирам дека третиот пакет економски мерки е усогласен со стопанските комори, синдикатите, граѓанските организации, како и поединци експерти на целосно транспарентен и инклузивен процес и верувам дека заедно со ефектите од економските мерки од првите два пакета, создаваат услови за динамичен раст и нова развојна македонска економија, истакна Советникот по економски прашања во кабинетот на премиерот во Владата, Фатмир Битиќи.Фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања