Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Levica-logo

Левица: Обвинителство отвори постапка за конфекцијата „Ју-ка” и покрај манипулациите на градоначалникот Коцевски

Градоначалникот на општина Велес – Аце Коцевски, наместо да држи прес-конференции на кои спроведува интерна партиска агенда и притоа ја злоупотребува позицијата како градоначалник за да ги наклевети неговите политички опоненти, сериозно треба да се посвети на новонастанатата криза во градот како последица од зголемување на заболени работници од корона-вирусот, се вели во соопштението од Левица.После многубројните дојави кои до нас пристигнаа од страна на вработени во конфекцијата „Ју-Ка“ од Велес, а кои укажуваа на голем број нерегуларности и непочитување на мерките за заштита и превенција, Левица случајот го пријави до надлежните инспекторати. Дополнително, медиумски ги повикавме надлежните институции да го истражат случајот и директно се обративме до градоначалникот Коцевски за тоа дали се вистинити шпекулациите дека градоначалникот и сопственикот на конфекцијата „Ју-Ка“ се пријатели и дали градоначалникот чувствува била каква одговорност за ширењето на пандемијата во Велес?Веднаш после нашето обзнанување на случајот, градоначалникот Коцевски на прес-конференција наместо да презеде одговорност, истиот ја обвини политичката партија Левица дека шири лаги. Ја потсетуваме јавноста дека сите наши реакции и прашања упатени преку медиумите се врз основа на претходни информации од страна на самите работници. Знаеме дека е во негов интерес да не одговори на поставените прашања и да продолжи со манипулирање на јавноста, но сега, откако ОЈО Велес отпочна предистражна постапка за овој случај, јасно е дека постојат основани сомнежи за несовесно постапување и непочитување на мерките за безбедност од страна на конфекцијата „Ју-Ка“.Сакаме повторно да упатиме неколку прашања до градоначалникот Коцевски, за кои се надеваме дека наместо празни клевети, Велешани ќе добијат прецизни одговори. Имено:1.Дали е вистина дека сопственикот на „Ју-Ка“ бил повикан за соработка на седница на кризниот штаб на општина Велес?2.Колкав број на вработени во конфекцијата „Ју-Ка“ се тестирани, а колку се пратени во самоизолација?3.Дали е вистина дека конфекцијата „Ју-Ка“ е добитник на тендер за изработка на заштитни маски?4.Дали е вистина дека е намален бројот на тестирања за ковид-19 во Велес?5.Дали е вистина дека е зголемен бројот на починати лица во Велес од ковид 19 и дали истите биле во контакт со вработени во конфекциите од Велес?6.Дали Коцевски сѐ уште тврди дека нема простор за паника и дека Левица шири лаги или смета дека е загрижувачка ситуацијата во Велес, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Едно лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Пендаровски позитивен на КОВИД 19

Во попладневните часови на 17 мај 2020 година (недела) извршено е тестирање за КОВИД-19 на едно лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во Министерството за внатрешни работи, при што е утврден позитивен резултат.Членот на обезбедувањето на претседателот е дел од поширокиот тим на обезбедување, што значи дека немал директна комуникација со претседателот. Минатата седмица користел годишен одмор, а последен пат бил на работното место на 11 мај 2020 година (понеделник).По спроведената епидемиолошка анкета, утврдено е дека е потребно да се тестираат дополнително 11 лица кои биле во контакт со лицето кое е позитивно.Сите 11 лица беа тестирани и се негативни на КОВИД-19, но и покрај тоа остануваат во самоизолација до 25 мај, до истекот на инкубација од 14 дена.По извршената епидемиолошка анализа, претседателот Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација.Претседателот продолжува со извршување на редовните работни обврски.Кабинетот на претседателот продолжува непречено да функционира, согласно препораките за заштита од КОВИД-19. Во изминатите два месеци вработените работат по различен распоред. Поголемиот дел од активностите се одржуваат на отворено. На средбите и настаните се одржува препорачаното физичко дистанцирање, се користи заштитна опрема како маски и ракавици, средства за дезинфекција, а редовно се чистат и дезинфицират просториите во „Вила Водно“. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

На ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци.За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

branimir-jovanovic

Јовановиќ за мерките од Владата: Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи

Бранимир Јовановиќ, советникот на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски, се огласи по повод мерката на Владата во рамките на третиот пакет економски мерки за зголемување на потрошувачката. Една од мерките е да се помагаат и бизнисите па беше најавено за сите граѓани викенд на пазарење без ДДВ.Јовановиќ не се согласува со мерките Влдата. Предупредува дека со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист ќе имаат богатите.Во својот статус на „Фејсбук“ тој пишува:1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.„Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема“, пишува Јовановиќ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Gradiste-1

ОК ВМРО ДПМНЕ: Охрид само со СДСМ и Георгиески не може да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО

Нарушувањето на светското природно и културно наследство на Охрид пред очите на Георгиески никако да запре, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.Георгиески зошто ја лажете јавноста или тоа веќе Ви премина во навика?Ако се почитуваат законските процедури за да се отстрани ѕидот до самото Охридско Езеро во Градиште, а се ближи и крајот на месец мај, тогаш зошто тоа не е направено и отстрането во предвидениот рок од општина Охрид?Тука е вашето лицемерие затоа што во целиот мандат освен селективни решенија за рушење повеќе храборост не видовме.Јавноста е сведок дека не срушивте ниту еден објект.Дали тоа го правите свесно и намерно сакајќи да помине Законот за легализација предложен од вашата партија?Или сѐ Ви е пресметано во предизборен пазар?И после со право ќе се плашите за Вашиот живот.Фактурите пристигнуваат, а никој од времето не избегал исто како Вас.Веднаш да пристапите кон рушење!Охрид само со СДСМ и Георгиески не може да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

97390133_913305039091297_8822692381737353216_n

Гевгелиски доктори со акустичен концерт ги поддржаа своите колеги!

Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот. Вака гласаа зборовите на младите гевгелиски стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев кои со гитарите во раце и добро скоцкана листа од исклучиво македонска музика во текот на саботниот полициски час им приредија едночасовно уживање на гевгеличани под отворено небо.„Можеби ноќните излегувањата се уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони. Се надеваме дека пораката која ја испративме до јавноста ќе биде прифатена од сите“, вели Александар.„Караорман“ е место од каде се гледа целиот град, а исто така е и местото од каде настапуваа тие двајца. Нивното дуо е познато како „ChillOut“. Поддршка можете вие да им дадете на нивниот инстаграм профил потпишан како: chill_out.official„Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен апауз“, вели Томе.Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“ кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи.фото: Kajak Kajak

Македонија | пред 5 години

korunoski

Жарко Коруноски: Реорганизација на државниот апарат и промена на законите - неопходни за да се воспостави функционален државен систем, кој пред се, би важел подеднакво за сите

Интервју со Жарко Коруноски – Македонски Концепт“, кандидат за листа на пратеници за ИЕ 4Жарко Коруноски е дипломиран машински инженер. Високото образование го завршува на УКИМ, Машински Факултет, Скопје. По завршувањето на факултетот професионално работи и се надградува во повеќе компании, од кои ги издвојуваме: „Еуроинвест 11 Октомври“ – Прилеп, како заменик носител на проект, „Металец“П – Прилеп како Раководител на развој, „Макро“ –  Прилеп, како Заменик директор, „Центропромет“ – Прилеп како Помошник директор, за економско финансиски прашања, по што во 1998 година го основа „ТехновестМк“ каде освен како основач тој е и менаџер од почетоците, па сѐ до денес. Од 1994 година започнува да се занимава и да ја развива интернационална трговија со компании од: Турција, Бугарија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина. Оваа негова активност овозможува реализација на повеќе договори за трговија и застапување на повеќе познати брендови, во и надвор од Македонија, од кои поважни се: „Декортекс“ од Радовиш, продажба на мебел штоф на територија на Босна и Херцеговина и „ДИПО“ Дрвна индустрија од Подградци, Босна и Херцеговина, а која подразбира продажба на мебел на територија на Македонија.Во 1999 година започнува со изградба на стопански комплекс – Погон за производство на мебел во Прилеп. Во тој комплекс, на површина од преку 1000 м2 инсталира повеќе од 30 машини, но и гради комплементарни објекти неопходни на негова целосна функционалност, и тоа: сопствена трафостаница, салон за мебел, магацин, котлара, компресорска станица, лакирница, канцелариски дел и сл.Од 2004 година започнува производство на дрвен, корпусен и тапациран мебел за домаќинства, угостителски и хотелски објекти на територијата на Македонија и неколку држави од Европа, а од средината на 2019 година води активни преговори за соработка со сродни компании од Англија, Белгија и Шпанија.Во Агенцијата за претприемаштво Жарко е регистриран советник – специјалист за Оптимизација на производство и Планирање и контрола на производство.Паралелно со производните и развојните активности, се занимава и со иновативни активности. Имено, првите патенти кои се заштитени во заводот за индустриска сопственост, се регистрирани токму од Жарко, а нивната применливост настапува дури по инсталирањето на технологија за производство на мебел во сопствените производни погони во Прилеп во 2004 год. Од тогаш, па до денес, Жарко има осмислено вкупно седум иновативни технологии во функција на дрвната индустрија и тоа:1.Искористување на дрвените отпадоци за енергетски потреби за погон за производство на мебел.2.Полуавтоматски задвижуван тунелски фен систем за сушење на боени и лакирани парчиња во погон за производство на мебел.3. Полуавтоматска машина за режење на трупци од меко, тврдо и замрзнато дрво во погон за производство на мебел.4.Мултифункционална, автоматска, енергетски ефикасна ЦНЦ технологија за обработка, хемиско третирање и сушење на плочести елементи за производство на мебел.5. ЦНЦ технологија за плазма режење на метали со двострана аспирација на штетните испарливи гасови ослободени при обработката.6.Фибер ласерска технологија со портален додавач за 2Д сечење на различни материјали во погон за производство на мебел и7.Согорувач на хемиски честици, ЦПФ, од лакирница во погон за производство на мебел.Како иноватор и успешен претприемач, добитник е на значаен број на грантови од домашни и странски финансиски фондови, што е потврда за неговата постојана желба за напредок, креативност и иновативност, а во насока на заштеда на финансиски средства, подобрување на условите на работа на вработените, олеснување на процесот на производство, постигнување на конкурентни цени во индустријата, претворање на дрвената био-маса во енергенс и секако, заштита на човековата околина.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Жарко Коруноски: Да бидам глас на разумот кој сите свои капацитети ќе ги насочи кон активностите кои се неопходни да му помогнат на македонскиот народ да излезе од ова секојдневие и да почне да размислува за подобра иднина.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Жарко Коруноски: Да.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Жарко Коруноски: Стопирање на сите криминогени активности на постојните политички фактори, кои освен што ги менуваат позициите на власт, не се занимаваат со проблемите и потребите на обичниот граѓанин на оваа држава.Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Реорганизација на државниот апарат и промена на законите, при што за секој сторен криминал би се вовеле ригорозни санкции. Неопходно е да се воспостави функционален државен систем, кој пред сѐ би важел подеднакво за сите.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Жарко Коруноски: Проектите. Тие се клучниот елемент кој оваа политичка платформа ја издвојува од сите останати. Овој пристап освен што е иновативен, не прави разлика или селекција од аспект на тоа кој, како и кога креирал или предложил некаков проект. Единствен критериум е одржливоста и корисноста на идејата и решението, и тоа гледано само од аспект на креирање на подобра иднина на македонскиот граѓанин.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Жарко Коруноски: Своите свои патенти, иновативни идеи и решенија, безрезервно ќе ги понудам кон платформата на проектите кои Македонски Концепт ќе ги промовира или имплементира, или истите ќе ги даде на располагање на индустрискиот сектор во Македонија, со што оваа Држава ќе створи реални можности за забрзан развој и подобрени економско развојни услови. Секако, при имплементацијата на овие идеи, патенти и проектни решенија, на располагање се ставам и себе си со својата безрезервна поддршка, да помогнам во секоја сфера каде за тоа постојат услови и потреби.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Жарко Коруноски: За враќање на довербата на народот во нивните легитимно делегирани застапници кои ќе учествуваат во законодавната и извршната власт. Тоа може да се постигне само со чесност, транспарентност и искреност. Верувам дека Македонски Концепт поседува капацитети кои се подготвени за ваков пристап и однесување, во случај кога би станале носители на функции во законодавната и извршната власт.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Жарко Коруноски: Тоа е единствен начин да почне во Македонија да се чувствува промена на добро.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Жарко Коруноски: Држава со силна трета политичка опција, која ќе почне да делува и да прави разлика на политичката сцена. Тоа би бил повеќе од доволен аргумент, кој би го отпочнат процесот на коренити промени на ова денешно општествено окружување.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

devojce

Малолетното девојче вратено кај родителите

Девојчето кое денеска беше пронајдено кај полициската станица Бит Пазар е вратено кај родителите.Инаку на социјалните мрежи попладнево се споделуваше фотографија од малолетно девојче кое беше пронајдено кај Бит Пазар. Додека траеше потрагата по родителите девојчето беше згрижено во полициската станица.фото: ФБ

Скопје | пред 5 години

korona

Негативен е брисот за ковид-19 кај починатото девојче од Лабуништа, се чекаат резултати од обдукцијата

Негативен е брисот за присуство на коронавирус, што посмртно е земен од 14-годишното девојче од селото Лабуништа, струшко, информираат здравствените власти.Девојчето од Лабуништа почина вчера на пат кон болница во Скопје.Се чекаат резултатите од обдукцијата за да се дознаат причитните за ненадејната смрт на девојчето.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Gradiste-1

Охрид SOS: Ве заболе вас за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион

По фотографиите објавени на социјалните мрежи дека се гради бетонски ѕид на плажата во Градиште, се огласија и од Охрид SOS. Тие во својата објава пишуваат:ПАРАПЕТЧЕ 2020Вонредната состојба се користи на различни начини, еве, некој решил да започне со изградба на парапетчето предложено пред многу години. Дека истата агенда ја тераат и новите коалициони партнери СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија и Bashkimi Demokratik për Integrim - BDI е повеќе од очигледно. Кога се во опозиција, делуваат како да се грижат за светското наследство, но чим дојдат на власт веднаш ги прифаќаат практиките на своите претходници. Додуша, „интегративците“ се постојано на власт безмалку две децении, така што тие веќе и не се преправаат.Се гради ѕид практично в езеро. Не знаеме кој дал одобрение, кој гради, или зошто. Ги повикуваме инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен и да се запре изградбата а да се санкционираат сторителите. Дополнително, во јавноста, да кажат како може да се случува ова. Зошто вакви работи не се прикажаа во брошурата за една година мандат на Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид? Претседателот Stevo Pendarovski нека вметне вонредна точка на таа т.н. лидерска средба па малку да се зборува и за ова, а не само за датуми за избори.Секој ден, со секој еден ваков нов пример, само се потврдува лицемерноста на локалната и централната власт, отсуството на вистинска волја за справување со ваквите девијации. Додека козметички дотеруваа во извештајот до UNESCO, на терен имаме сосема спротивна практика. Од Радожда до Свети Наум. Благодарение на наши сограѓани, секој ден излегуваат на виделина вашите „подвизи“ и вистинското ваше лице. Ве заболе вас за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Ве интересира само профит и узурпација, и кој повеќе ќе ви тутне в џеб. Наместо справување со дивоградбите, аминувате да се градат нови.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10222890602201870&set=pcb.10222890603401900&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

gadiste-11

(ФОТО) Ќе се урне ли дивоизградениот ѕид на плажата во „Градиште“ ?

Бура од реакции ја преплавија македонската и охридската јавност од како денес на социјалните мрежи беа објавените фотографии од бетонскиот ѕид кој се гради на самата плажа.Со реакција се јави и градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески.– Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во Авто кампот Градиште, да Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник. Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот. Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме дале или имаме намера да дадеме одобрени за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство, информира Георгиески.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

devojce

Малолетно девојче е пронајдено на Бит пазар, а се бараат нејзините родители

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена фотографија од малолетно девојче. Во коментарот пишува дека девојчето е пронајдено на Бит пазар и дека се бараат нејзините родители. Според објавата девојчето во моментов се наоѓа во Полициска станица.-Драги пријатели, ова дедте беше пронајдено на Бит пазар во Скопје. Детето во моментот се наоѓа во Полициската станица „Бит пазар“, се вели во објавата во која се бара помош за да се лоцираат родителите на девојчето. https://www.facebook.com/baruti.de/posts/655734488598444

Скопје | пред 5 години

dimitrov

Димитров: За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот

За нас прашањето за македонскиот јази е затворено и кај нас и во светот,  вели  министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24 вести.Тој истакна дека повеќето од прашањата што ја рефлектираат позицијата што соседна Бугарија ја усвои во нивниот Парламент тогаш кога имаа локални избори минатата есен, според нас, излегуваат вон, а често се и спротивни на одредбите на Договорт за добросеседство.Неодамна имал телефонски разговор со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, при што тој ги презентирал нашите позиции, а таа нивните.Меѓу соседите, потенцира, мора да се разговара. За решавањето на пробемите секогаш на некој начин предуслов е дијалогот. Наша задача како министри за надворешни работи е да работиме така за да ги вратиме на позитивен колосек билатералните односи.-За нас прашањето на македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот и многу тешко ќе биде да се гради блискост и пријателство ако на таков тип на прашања имаме предизвик од соседот. Мислам дека тоа оди во друга различна насока. Во самиот Договор за  пријателство, соработка и добросоедство во преамбулата зборува за меѓусебна почит. Македонскиот јазик во тој билатерален  договор има апсолутна иста позиција и статус со бугарскиот јазик. И клаузулата за јзиците вели- овој договор е напишан на  македонски јазик согласно Уставот на тогаш Република Македонија  и на бугарски јазик согласно Уставот  на Република Бугарија. Таа формулација важи само за билатералните односи, наведе Димитров.Големата разлика, дополни, на големата планина што ја имавме со Грција беше што таа планина имаше правна основа врз Резолуција на Советот за безбедност од 1993 година. Нашата лична карта во ООН во  Преспанскиот договор е затворено прашање и во меѓународното право државите признаваат или не признаваат јазици. Тоа е прашање на нашето самоизјаснување и самоопределување. Мислам дека ако успееме да се вратиме на позитивниот колосек ова прашање мора да се надмине. Тоа е крајно непродуктивно прашање. За нас апсолутно навредливо и мислам дека тој обид да се отвори прашање  што е затворено не може да успее во 2020 во Европа.,Истовремено не е ниту на линија на европските вредности, рече Димитров.Тој порача и дека ниту една држава нема правен основ нам да ни кажува сега нешто во однос на нашето име и македонскиот јазик.Говорејќи за потребата од одржување на парламентарни избори шефот на дипломатијата повтори дека ни треба Влада со полн политички мадат, како и Собрание.-Важно е оваа ситуација да се расчисти и во смисла на суштинската агенда на државата сакаме втората поливина оваа  година да почнеме пристапни преговори со ЕУ, Комисијата најавува дека ќе излезе со  преговарачка рамка, нам ни треба Влада со полн политичлки мандат, да решава проблеми, да креира политики, ни треба да имаме Собрание. Мојот ресор поради девет одложувања на Комисјата  за надворешна политика не испративме девет амбасадори кои  ги завршија подготовките и со тоа се праќаат погрешни сигнали кон земјата каде  тие луѓе треба да ја претставуваат татковината, укажа Димитров.Нашето демократско досие во Брисел, потенцираше, е далеку над тоа дали сме способони да имаме демократски избори и не смееме да си дозволиме создавање такви сомнежи во ваква ситуација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев за ТВ Сител: Економски мерки опфаќаат над 730.000 граѓани, ја рестартираме економијата

Трите пакети економски мерки што ги обезбедивме опфаќаат над 730.000 граѓани. Тоа се повеќе од 320.000 семејства. Ја надминуваме економската криза и обезбедуваме заживување, рестартирање на македонската економија и нејзина трансформација, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното интервју за ТВ Сител.-Сите три пакети мерки опфаќаат 730 илјади граѓани, тое се повеќе од 320 илјади семејства. Овој пакет на мерки има многу широк опфат, навремено е испорачан, и има за цел поддршка на економијата и на фирмите, помош на ранливите, сиромашните, на оние граѓани на кои помошта им е неопходна.Платежната картичка е исто така дел од третиот пакет мерки, која овозможува  директна помош од 150 евра кои во рок од 30 дена треба да ги потрошат на домашни произвори или ваучерот за домашен туризам., рече претседателот Заев.Од мерките за стопанството, претседателот Заев ја издвои директната поддршка на неповратни пари за фирмите.-Има огромен пакет за стопанството каде што ќе се вложат 25 милиони евра директни неповрати пари за фирмите, обезбедени се 31 милион евра бескаматни кредити за микро и мали претпријатија, 125 милиони евра за поддршка на кредити за сите компании, како и дополнителни 30 милиони евра поддршка за вработување на млади, жени менаџери, иновации“, нагласи претседателот Заев и додаде дека  поддршката на економијата и зачувување  на работните места  на граѓаните е обезбедена со првите два пакети, а последните мерки се насочени заживување и рестарт на економијата.Вкупната вредност на трите пакети економски мерки на Владата предводена од СДСМ досега изнесува 550 милиони евра што е 5,5% од БДП. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Пакетот мерки на владата е наменет дури за септември, или владата се спрема тогаш за избори или ќе кршат закон и сега ќе прават поткуп на граѓаните

Ако го анализираме она што денеска беше кажано од страна на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, можеме да дојдеме до заклучок дека денеска тој септември го проектираше како месец коога треба да се одржат изборите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 телевизија.„Имајќи го предвид фактот дека на 30 мај завршува вонредната состојба, од 31 мај па во следните 60 дена ако имаат намера како што велат да ги одржуваат изборите во месец јуни стапува на сила Членот 8 а, од Изборниот законик кога вонредни плаќања кои не се предвидени со планот, не можат да се случуваат односно во тој случај практично собираат сите вонредни плаќања или тој кој ќе стави потпис на таква одлука автоматски прави кривично дело кое што Изборниот законик го третира како поткуп. Оттука го вадам заклучокот дека или денеска Спасовски го постави месец септември како можен месец за избори, или пак се лицемерни пред граѓаните ветуваат нешто што не можат да исполнат.“ истакна Мицкоски.Според Мицкоски доколку се погледнат останатите два столба ќе се види дека периодот на реализација е септември-декември, што значи дека во моментот ниту имаат јасен план, ниту, знаат ниту имаат намера да го испорачаат ветеното.Мицкоски посочи дека овие пари ги немаат туку, ова се пари со кои треба да бидат задолжени нашите деца, внуци за да Зоран Заев и ова раководство на СДСМ се обиде да прави поткуп.Во врска со лидерската средба Мицкоски кажа дека очекува разум, трезвеност и свесност за реалната ситуација. Потенцирајќи дека само за една недела од последната лидерска средба до денес имаме 170 нови заболени и десетина луѓе кои ги загубија животите.- Така што работите не само што не одат во позитивна насока, туку одат во спротивна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.„Очекувам да ги слушнам одговорите на алгоритамот кој што го усвоивме во минатиот состанок, а тоа се одговорите од комисијата за заразни болести, да видиме од седиштето на ОБСЕ и ОДИХР, и што мисли ДИК и на тој начин да го утврдиме првиот можен датум кога би можеле да се случат овие избори.“ потенцираше Мицкоски.Тој истакна дека очекува политичките партии да, се позиционираат со одредени датуми кога цениме дека здравјето на граѓаните најмалку ќе биде загрозено или недај Боже, да имаме еден човечки живот загубено.Во однос на рестриктивноста на мерките тој посочи дека ако се погледне целата ситуација сега и за време на воведување на мерките нема да се воочи некоја посебна разлика.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Детектор: Една четвртина од граѓаните имаат проблем да се справат со рестриктивните мерки на Владата

Една четвртина од граѓаните велат дека имаат проблем во справувањето со мерките на Владата за социјална изолација и полициски час, покажува најновото истражување на јавното мислење коеза  Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.Според него, 24,6% од анкетираните граѓани велат дека справувањето со мерките за социјалнаизолација и полицискиот час им претставува проблем додека 71,8% велат дека таков проблемнемаат.Но и оние кои го имаат, ретко се решаваат за тоа да побараат помош. Анкетата покажува декасамо 14,1% од анкетираните велат дека побарале помош за да се справат со проблемот додека85,9% не го сториле тоа.Само 2,8% од граѓаните велат дека имаат некој близок или познаник кој во овој период на коронакризата се соочил со домашно насилство, додека 86,3% не познаваат вакви лица.Речиси половина од граѓаните периодот кога се во изолација во својот дом го поминуваатработејќи низ дома или гледајќи телевизија. 22,5% од граѓаните велат дека изолацијата ја поминуваат работејќи низ дома, додека 21,6% главно гледаат телевизија.14,4% велат дека се одмараат, 10,8% ги прегледуваат постовите на социјалните мрежи а 7,6% седружат со семејствата. 68% од граѓаните велат дека интернетот и социјалните медиуми значително им помагаат во периодот на домашна изолација, додека 23,9% велат дека тоа и не е некоја помош.60,4% анкетирани велат дека во овој период со роднините и пријателите комуницираат главнотелефонски, 21,6% ги користат социјалните мрежи, а 9,1% комуникација преку видео врска.Само 4,5% од граѓаните велат дека комуницираат со блиските преку директен контакт, а 3% велатдека воопшто немаат комуникација.Нешто помалку од половина или 46,9% велат дека се задоволни од информациите околусостојбата со кризата кои ги добиваат од медиумите. 39,8% велат дека се делумно задоволни а8,5% велат дека не се.Во споредба со мартовската анкета, во април се намалува бројот на граѓани кои се задоволни одинформациите кои ги добиваат од медиумите. Од 66,9% во март, за еден месец оваа бројка сеспуштила на 46,9%. Затоа речи си двојно се зголемил бројот на граѓани кои се делумно задоволниод информациите за кризата кои ги добиваат од медиумите. Па така, од 21,2% во април, бројот наделумно задоволни граѓани скокнал на 39,8%.Благо зголемување за еден процентен поен бележи и бројот на граѓани кои не се задоволни одинформациите за кои за кризата ги добиваат од медиумите. Ако во март, само 7,5% од граѓанитесе изјасниле како незадоволни, во април, тој процент се зголемил на 8,5%. 72,4% од анкетираните велат дека имаат доверба во информациите кои ги добиваат од медиумите, додека 21,5% немаат доверба во добиените информации.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.фото: Детектор

Македонија | пред 5 години

molovi

Владата воведува викенд без ДДВ за сите граѓани

Премиерот Оливер спасовски најавувајќи ги новите економски мерки на владата за справување на последиците од корона кризата, кажа дека се воведува викенд без данок на додадена вредност (ДДВ) што ќе се однесува за сите граѓани.-Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани, преку поевтини цени за граѓаните. Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство, истакна премиерот Оливер Спасовски на  денешната прес-конференција.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Досега со скринигот во градинките опфатен 581 вработен – позитивен еден случај на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скрингот во градинките и сите се негативни.Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и 6 лица од Велес, со што практично започнува и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.Согласно денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен позитивен случај на ковид-19, сите останати тестирани лица се негативни на вирусот.Во Битола, за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките, каде е регистриран и единствениот позитивен случај на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

darko-poposki

Попоски: Нема да не изненади сега во понеделник таканаречените „лидери“ и да предложат нов Талат Џафери

Кога во државата во март месец имавме 29 заболени од корона вирусот се воведе полициски час. Два месеци подоцна со исто толкава бројка  инфицирани со Ковид 19 власта излезе со датум за брзи избори. Па наредниот ден се премисли зошто сфати дека не оди заедно продолжување на вонредна состојба и гласање па го помести датумот за една недела. И само се лицитира со датуми, па се прават симулации како ќе изгледало, ќе се купувале пенкала за сите граѓани, изборниот ден ќе траел подолго. Па ако немало избори ќе се враќала политичката влада. Па каде е овде разумот, запраша на дешната прес конференција портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.Нема да не изненади сега во понеделник таканаречените „лидери“ и да предложат нов Талат Џафери. Како тргнале да се договараат сѐ може да се очекува.Постојат сомнежи дека вонредната состојба се злоупотребува за носење на уредби кои не се во корист на граѓаните и стопанството, туку во полза на партијата на власт која ја користи кризата за поткупување на гласачи.Предупредуваме дека сѐ што не е донесено со консензус, избрзано и без во прв план да биде интересот и здравјето на граѓаните ќе ја втурне Македонија во уште поголема криза.Притоа сакаме да бидеме децидни дека кога и да се донесе одлука да се оди на избори, ГДУ е подготвено. Не се плашиме од избори туку подготвени сме да се бориме со аргументи против погрешните политики. Но притоа сме загрижени дека истите можат да бидат злоупотребени во вакви услови. Сметаме дека е потребна една посеопфатна анализа, а не само нафрлање на датуми и неразумни идеи.Инсистираме и апелираме на разум пред понеделничката лидерска средба, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.фото: ГДУ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Дали за 24 – ти мај ќе има 24 часовен полициски час?

Не се исклучува можноста на 24 – ти мај, да има 24 часовен полициски час, кога се слави Бајрам како и празникот на светите просветители „Кирил и Методиј“.„Со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 – ти мај, секако дека тоа заслужува внимание да се разговара на главниот Кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Меѓутоа како и да е одлуките ги носиме на база на мислењето на стручните луѓе. Какви мислења ќе бидат донесени, такви ќе ги разгледуваме и ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста“, рече Спасовски.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Здравствените работници ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција информираше за нова мерка, со која владата ќе им изрази благодарност на здравствените работници кои директно се борат против Ковид-19 во земјава. Тие ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци, која ќе им биде исплатена преку домашна платежна картичка.– Здравствените работници во битката со Ковид-19 се во првите редови и тие го заслужуваат целото наше внимание и благодарност. Заради нивната посветеност, надежта и оптимизмот во битката со Ковид-19 беа реални – изјави премиерот Спасовски.Зголемени плати ќе добијат докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, на Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје низ земјава, како и сите членови на тимовите од итната медицинска помош.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Трет пакет економски мерки е за нова развојна македонска економија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на прес-конференција ги образложи мерките од третиот пакет за економска поддршка на граѓаните и стопанството на земјата кој денеска беше усвоен на седница на Владата.Третиот сет, иако е поттикнат од ургентноста и вонредната состојба, содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на нашата економија, а некои од нив имаат опсег и до крајот на годината, и заедно со ефектите од мерките првите два пакета, создаваат услови и за динамичен раст и нова развојна македонската економија.Обраќањето на премиерот Спасовски, во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме во целост.„Денеска го објавувам третиот пакет на економски мерки кој штотуку го утврди Владата. Ако првите два сета мерки го ублажувавме одразот на здравствената криза врз економијата, сега одиме чекор понатаму.Третиот сет економски мерки се однесува на ревитализацијата, опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата.Станува збор за таргетирани мерки, директна помош од државата и на граѓаните и на стопанството. Се подржуваат сите категории и социјални ранливи групи на граѓани и бизнисите.Третиот пакет економски мерки освен што е едногласно усвоен на Владата тој е широко усогласен со експерти, коморите, синдикатите. Станува збор за директна финансиска поддршка за зголемување на потрошувачката, директна поддршка на стопанството, земјоделството, награда за лекарите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија.Toa што можеме да го заклучиме е дека првиот и вториот пакет економски мерки  беа навремени и сериозни мерки за спас на работните места.Беа сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен, и така точно димензионирани, ги запреа трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални, и создадоа услови за третиот пакет економски мерки, кој има за цел да ги закрепне и да ги заживее со нова динамика домашните економски дејности.Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството. Истиот содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на македонската економија.Ова се мерки за нова, развојна економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкурентност, и во регионот и пошироко.Морам да нагласам дека креирањето на мерките од овој пакет беше направен максимално транспарентно и во целосно инклузивен процес во кој учествуваа стопанските комори, синдикатите, граѓанските организации, како и поединци, експерти во одделни области од социо-економската и финансиска сфера.Сакам да напоменам дека сите три пакети мерки за поддршка на економијата, всушност во својот фокус ги имаат граѓаните на нашата земја, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарноста и креирањето амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот.Оваа определба ја задржавме и во овој, трет пакет економски мерки, па така нашето внимание е целосно насочено кон граѓаните со нагласок на невработените лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања, вработените во јавниот здравствен сектор и граѓани од други категории.Дури и кога зборуваме и кога го помагаме и стопанството, односно домашните компании погодени од кризата, како и поддршката на земјоделството и туризмот, ние пред нас ги имаме вработените во тие дејности, нашите сограѓани кои секојдневно го вложуваат својот труд и на тој начин го помагаат не само развојот на компанијата, туку и економскиот развој на земјата.Вредноста на мерките од третиот пакет изнесува 355 милиони евра и преку нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Со овој пакет, вкупната помош за економијата од трите сета мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5.5% од БДП.Кога го креиравме Буџетот за 2020 година, рековме дека креираме буџет посветен на развојот на човечките ресурси во нашата земја затоа што тоа е најголемото богатство и потенцијал на Северна Македонија.За жал, КОВИД-19 удри по здравјето и животот на нашите граѓани и на граѓаните и општествата во целиот свет.Оттаму нашиот одговор на оваа закана, како и грижата за граѓаните на нашата земја, го поттикна креирањето на третиот пакет мерки во насока на поддршка на економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната и јавната потрошувачка како стимулатори на општествениот раст.Затоа, во првиот столб од новиот пакет, како директна финансиска поддршка за граѓаните со цел стимулирање на потрошувачката со фокус на домашните производи и услуги и погодените сектори, воведуваме платежни картички за граѓаните - за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.- Како прво, околу 100 илјади граѓани на нашата земја ќе добијат платежна картичка вредна 9.000 денари за македонски производи и услуги.Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.Со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.Но пред сѐ, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.Оваа платежната картичка може да се користи само за домашни компании, производи и услуги и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.- Исто околу 100 илјади наши граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6,000 ден и домашна платежна картичка од 3,000 денГраѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи.Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.- Следува мерката парична поддршка за млади дo 6,000 денари,  платежна домашна картичка од 3,000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештиниОва е силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и ученичкиот стандард.Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6,000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи.Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 3,000 денари за домашни производи и услуги.Воведуваме и ваучери до 30,000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади.Со покривањето на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и вештини од информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.Оваа мерка ќе опфати 100 илјади млади сограѓани, во вредност од 12 милиони евра.- Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓаниПреку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство.-  Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок на сите лица кои ја изгубиле својата работа, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, или добиле отказ од работодавачот.Оваа мерка ги опфаќа лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април кои имаат престанок на работа по сонов на невработеност за давање на писмена изјава за престанок на работниот однос, спогодбен престанок на работниот однос и за престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот .Познато е, и докажани се искуствата кои укажуваат на тоа дека од секоја криза  најважно е да се извлечат поуки и да се прилагодат и прераспределат ресурсите за нов развој во нови услови. Затоа, Владата на Северна Македонија презема мерки и соодветни долгорочни чекори од здравствената, а со неа и од социо-економската и финансиска криза, да се создадат предуслови и  можности за структурни промени и раст.За да го поттикнеме тоа, на мерките од претходните два пакета, го додаваме и новиот сет од овој трет пакет, како втор столб, за директна поддршка на македонското стопанство за иновативност и развој, за зачувување на постојните и отворање на нови работни места. Овој сет мерки содржи:- Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра - поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисотОваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании а истата ќе понуди и 30% грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење.- Државна гаранција за комерцијални кредити и за обезбедување на царинскиот долгДржавата става на располагање финансиски средства за поддршка на за поддршка на Старт ап и мали и микро компании преку комерцијални банки со 10 милиони евра иницијален капитал за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик. поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит.Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на РСМ.- Нови 25 милиони евра за приватниот сектор - за нови пазари, конкурентност и модернизацијаСогласно законот за финансиска поддршка со 25 милиони евра преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност како и модернизација на процесите.- Дигитална платформа за нови пазари за текстилните компанииСо финансиска поддршка од 1 милион евра ќе им помогнеме на овие индустрии да креираат платформа на која ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари.- Поддршка за развој на домашни старт-ап продукти и услуги преку ФИТРНови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР, како и трансформирање на македонско туристичко село во скопско Нерези во македонско СТАРТ АП село. Директно го стимулираме отворањето нови сопствени бизниси.- Кофинансирање на настани и конференции со 50% финансиска поддршка од државата најмногу до 30.000 денариСо финансиска помош од 245 илјади евра ќе им помогнеме на компаниите преку субвенционирање на 50% од трошоците за организација на настани, обуки и конференции, до максимален износ од 30.000 денари.Доаѓаме до третиот столб кој предвидува директна поддршка за земјоделците за нови приходи од плодната македонска земјаСо новиот пакет мерки во земјоделството вложуваме 76,1 милион евра.- Првата мерка во овој дел е поддршката на аграрниот сектор од 5 милиони евра  преку Развојната банкаСо 5 милиони евра ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.- Следува платежната картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделцитеПо ланското субвенционирање од 30%, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелена нафта на 50%.Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4,6 милиони евра.- Воведуваме стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продуктиПреку оваа мерка ги стимулираме преработувачите на грозје и винариите да произведуваат алкохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра.- Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот секторТоа ќе го направиме со поддршка на модернизирањето и ставање во функција на капацитети во производство на преработки од тутун и грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор, како земјоделски гранки кои се повеќе и повеќе извозуваат.Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и бруто домашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра.- Воведуваме долгорочен закуп на пасиштаПреку оваа мерка овозможуваме издавање на пасиштата на долгорочен закуп со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот.- Ќе понудиме окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделствоОваа мерка овозможува ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и нови инвестиции во овој сектор. Од оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години и поголема конкурентност на македонското земјоделство.- Воведуваме Програма за финансирање на микро земјоделски компанииСо 3 милиони евра ќе овозможиме финансирање на старт-ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка, но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи.- Мерки за модернизација на земјоделствоСо оваа мерка преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација на земјоделството со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста.Здравствените работници во битката со КОВИД-19 се во првите редови и тие го заслужуваат целото наше внимание и благодарност.Заради нивната посветеност, надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19 беа реални, остварливи.Во име на таа посветеност и во знак на благодарност, во име на народот на нашата земја, докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, На Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош, ќе добијат 20% повисока плата за 2 месеци, која ќе биде исплатена преку домашна платежна картичка.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

И рекле дека ќерка и направила сообраќајна незгода и згазила дете, па и барале пари да „средат“ да не оди во затвор

На 16.05.2020 во 18.00 во СВР Куманово, Д.Р.(70) од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1050 евра. Според пријавеното, околу 13.00 часот ѝ се јавило машко лице кое ѝ кажало дека ќерка ѝ направила сообраќајна незгода и згазила дете, а дека само тојкако очевидец можел да ја спаси ќерка ѝ да не оди во затвор, доколку му даде пари. Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека ќерка ѝ има скршена вилица и не може да зборува. Таа му поверувала и околу 16.00 часот излегла пред зградата каде што живее и му ги дала парите.Според пријавата, веднаш потоа се јавила ќерка ѝ, по што Д.Р. заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. фото: Архива

Скопје | пред 5 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Опасна закана

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Живееме во време на темнина – ја бараме светлината, но таа останува скриена. Несигурноста, јанѕата и немирот длабоко го поткопуваат егзистенцијалниот темел на постоењето. Песимизмот и стравот од иднината целосно се надвиснаа. Голем број луѓе се чувствуваат несреќно, осамено и отуѓено. Не знаат кому да веруваат и на што да се потпрат. Фрустрациите и незадоволствата се присутни на секој чекор.Злото се заканува сè да однесе кон бездната, наметнувајќи систем на вредности креиран врз лаги, манипулација, контрола, неслобода, принуда и зависност. Моралот, умереноста и совеста ја губат битката со алчноста, површноста и неукоста. Смислата на животот почна да зависи од нагонската волја за уживање, консумеризмот, сладострастието и  потрошувачкото општество. Се наметна уверувањето дека угледот и почитта од заедницата произлегуваат од финансиската моќ и високиот статус, а не од акумулираното знаење, етичката свест, духовните вредности и придонесот за општото добро. Врвните спортисти (фудбалери) се далеку повеќе ценети и подобро платени од најпознатите доктори и научници кои помагаат да се спасат човечки животи. Етаблираните политичари имаат многу повеќе следбеници и „заслепени“ поддржувачи од најголемите духовни просветители и етички реформатори. Така било порано, така е и денес – изборот паѓа(л) на разбојникот (Варава), наместо на спасителот (Исус Христос).Затоа не треба да се чудиме што постојат измамници кои во името на профитот, моќта и себичоста шират страв, создаваат ригорозни мерки и притисоци, наметнуваат ниски вредности и ги деградираат хуманите аспекти на битисувањето. Таквите поединци бескруполозно го експлоатираат работникот, го загрозуваат немоќниот, предизвикуваат несигурност кај заболениот, манипулираат со гласачот и си поигруваат со напредокот (судбината) на народот.Историјата покажа дека човековата природа е наклонета да предизвикува зло, но и очајна за прошка, покајување (откуп) и ослободување од сопствените емоционални товари и гревови. Проштевањето, сочувството и меѓусебното почитување се основни за еволуцијата и опстанокот на човештвото. Позитивните вредности се плод на духовниот пристап кон животот. Негативните постапки се производ на духовната неосвестеност и нискиот степен на развој на личноста.Еволуциски гледано луѓето се разликуваат според нивото на свест, емпатија, знаење и воспитание, како и според способноста за инкорпорирање на социјални, морални и духовни норми на однесување.Кога ги потиснуваме аспектите на светлината, тогаш неизбежно ги вкусуваме последиците од препуштањето на темнината. Тие се одразуваат низ сè поприсутните болести, наездата на разводи, уништувањето на семејната клетка, егзистенцијалната несигурност, опасноста од губење на работно место, понижувањето на човековото достоинство, оддаденоста на ниските страсти и разните изопачени дејствија карактеристични за современиот начин на живеење.Духовната неосвестеност и константната подложност на гревовни активности се патокази што водат кон пропаста и ништожноста на постоењето. Не преземањето одговорност за сопствените постапки создава навика вината за лошите околности да се префрла врз другите луѓе, заедницата или судбината. Нема ништо пострашно од гревот, лошите мисли и негативните постапки што преминале во навика. Св. Јован Златоуст има кажано: „Не е страшно за човек да падне во грев, тоа е човечки, но страшно е човек да остане во гревот – тоа е демонско“.Најголемиот проблем е што гревовните навики, негативните постапки и коруптивните практики на распродажба на националните вредности (богатства) се релативизираат, озаконуваат и стануваат нормална форма на живеење. Дискутабилно е дали единките оддадени на негативизмот, измамата, алчноста и ниските страсти се свесни за своите злодела и какви последици си предизвикуваат на самите себеси и на заедницата која ја застапуваат или во која опстојуваат. Времето е најдобриот судија за сè  – тоа непогрешливо покажува дека поединците кои западнале во гревовни навики и иницирале негативни постапки, само навидум изгледаат задоволни со себе и спокојни, а всушност живеат обвиени со страв, црнила и болка.Определбата да опстојуваме со тело на болка создава предуслови да живееме живот исполнет со болка. Голем број луѓе се обидуваат преку оддаденоста на ниските страсти и пороци да ја избегнат болката и главната закана – здодевноста и бесцелноста на сопственото постоење. Тоа предизвика да градат површни љубовни врски, неискрени пријателства и отуѓени семејни односи. Моралот, чесноста и достоинството на личноста сè повеќе се подредуваат на побудите поврзани со задоволствата на телото, сладострастието и искористувањето на можностите за препуштање на искушенијата, бидејќи „животот е краток за да се пропуштат нештата“.Сиромаштвото на духот наметна консумеризмот, развратот и расипништвото да станат главна цел  во животот. Евидентно е дека култот на парите и ниските страсти го имаат приматот врз моралната свест и чувството за општото добро. Сè додека не се подигне колективната свест и не се препознаат вистинските вредности, сè дотогаш темните сили ќе управуваат со човештвото и ќе го држат човекот во страв, незнаење, подреденост и несигурност.ПОЗИТИВНИОТ СТАВ Е ИСКЛУЧИТЕЛНО БИТЕН ЗА ДА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ДОБРО СО САМИТЕ СЕБЕ И ЗА ДА ИЗГРАДИМЕ МОЌНА САМОЗАШТИТА ОД ЛОШИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА ОКОЛИНАТА. УВИДОТ ВО СОСТОЈБАТА ВО КОЈА СЕ НАОЃАМЕ Е КЛУЧЕН ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО ЖИВОТОТ. СЕПАК, КОЛКУ И ДА САКАМЕ ПОЗИТИВНО ДА ГЛЕДАМЕ НА НЕШТАТА, ЧЕСТОПАТИ ЖИВОТНИТЕ ОКОЛНОСТИ НÈ ПРИНУДУВААТ ДА СЕ СООЧИМЕ СО ГОРЧЛИВАТА ВИСТИНА.Светот во кој живееме не е совршен, бидејќи повеќето од луѓето се несреќни, незадоволни и фрустрирани. Процесите кои се случуваат на глобален план нé ветуваат мир и хармонија – во ек сме на технологизација и роботизација кои лесно може да станат најголема закана за здравјето и сигурноста на луѓето. Последиците од воведување нови и недоволно испитани технологии (5Г-мрежа), можат да ја отворат „Пандорината кутија“ и да создадат потенцијална опасност за човештвото. Пандемијата на коронавирусот предизвика повеќе ништо да не биде исто. Современиот човек се соочи со големи предизвици и со отежнувачки околности кои сериозно може да ја загрозат неговата слобода, сигурност и стабилност. Сите овие искушенија, неизвесности и тешкотии условија нов пристап кон нештата, промена на досегашниот начин на живеење и реогранизирање на психофизичките капацитети на личноста.Да се биде мирен, опуштен, задоволен и исполнет во свет (социјална средина) во кој преовладува критицизмот, примитивизмот и негативизмот воопшто не е лесна работа.Критицизмот и негативната енергија произлегуваат од неисполнетите очекувања и незадоволството од перспективите на животот. Задоволниот, среќен и исполнет поединец не им завидува на другите, не прави пакости и не го оневозможува напредокот на заедницата. Живеејќи со тело на болка, таквиот човек свесно или несвесно се обидува својата внатрешна состојба на немир и фрустрација да им ја пренесе и на другите луѓе. Ниту еден диктатор, уништувач, тиранин и мачител на човечкиот род не се карактеризирал со внатрешен мир, хармонија и емоционална исполнетост. Омразата, уништувањето, негативизмот и суровоста се производ на сиромашниот дух, психопатолошките својства на личноста и заболеноста на душата.Каков пристап треба да развиваме за да создадеме хармонични услови на опстојување и постигнеме мир со самите себеси?Главно е да сфатиме дека колку и да се големи проблемите, должни сме да се бориме и да бараме начини за излез од дисхармоничната ситуација. Позитивниот став и вербата дека ќе биде подобро се клучните импулси за создавање нови поубави основи на постоењето. Претопувањето во матното, прифаќањето дека владее нечестивата енергија и релативизирањето на злото нема да ни донесат излез од кризата.Решението е да почнеме да се бориме за тоа што го сакаме и заслужуваме – слобода, здравје, право на достоинствено живеење, мир и хармонија, бидејќи само така ќе се ослободиме од лошите влијанија и ќе ги неутрализираме опасните закани за хуманото битисување.фото: Архива

Магазин | пред 5 години

Dimce-Arsovski

Арсовски: Во време на вонредна состојба, блиски луѓе до Заеви добиваат лиценци за марихуана

Има разлика помеѓу нормална држава и мафијашка држава. Република Македонија одамна е мафијашка држава контролирана од еден клан. Додека граѓаните бројат ново заразени и црното конто на жртви секојдневно расте, Владата предводена од СДСМ неспособна да се носи со кризата, во вонредна состојба продолжуваат да работат криминално, корумпирано и штетно и да единствено да работат за бизнисите на фамилијата Заеви, истакна Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Да, за жал додека сите земји во светот од петни жили се борат да помогнат на стопанството со денар повеќе, кај нас не само што не им помага Владата на компаниите, туку оваа криминална и корумпирана Влада носи одлуки во корист на бизнис мафијата Заеви.На седница на Влада на 12 мај пред 5 дена, во време на вонредна состојба заради корона кризата, криминалната Влада на СДСМ, доделува 2 лиценци за одгледување на марихуана на фирмите Еко Енерџи-Космос од Зубово – Ново Село и фирмата Лајтинг Лукс од Струмица.Во фирмата Еко Енерџи-Космос управител е синот на градоначалникот од Ново Село, близок до Заеви, кој шверцуваше цигари и беше фатен и спасен воедно од фамилијата Заеви, а еден од сопствениците на истата фирма е Христијан Котев, син на претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев.Во другата фирма која доби лиценца од Заеви пред 5 дена Лајтинг Лукс, сопственик и управител е Славица Котева, инаку братучетка на Претседателот на СДСМ Ново Село и тетка на сопственикот на првата фирма Еко Енерџи-Космос која што исто така доби лиценца.Инаку сите гореспоменати се блиски до семејството Заеви, имено до браќата Зоран и Вице Заеви.Е ова е правото лице на СДСМ. За жал ова е и правото лице на Венко Филипче, кој е можеби и највиновниот за доделување на овие 2 лиценци имајќи во предвид дека овие лиценци ги доделува ресорното министерство за здравство, па дури потоа Владата ја гласа одлука.За жал наместо Венко Филипче да се бори за здравјето на граѓаните, Филипче одработува за фамилијата Заеви.Јавно ги прашуваме, Венко Филипче, Зоран Заев, Оливер Спасовски дали лиценците за марихуана доделени на блиски луѓе до фамилијата Заеви се поважни од здравјето на граѓаните на Република Македонија?Дали некоја институција ќе се одважи конечно да им ги оспори овие бизнис одлуки на СДСМ додека граѓаните мака мачат со здравствена и економска криза?Одговорност за ова и за се останато мора да има и верувајте дека ќе има. Не смее никој да се богати на сметка на стравот на граѓаните предизвикан од корона кризата. Верувајте дека за сите криминалии ќе одговараат, истакна Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања