Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

naum-mojsoski-1

Доктор Наум Мојсоски: До 15 јули нема да имаме повеќе корона, втор бран нема да има

Докторот во пензија Наум Мојсоски во гостувањето на „Само Вистина“ на Канал 5 тврди дека до 15 јули ќе исчезне Ковид-19 во нашата земја.-Јас и за свинскиот грип кажав како ќе заврши и сега мислам во Македонија, последниот случај може да се биде на 15 јули. Значи 15 јули ние нема да имаме повеќе Ковид-19. Втор бран нема да има, но ќе има одредени личности кои биле болни потешко таканаречени перзистери, ќе се активира кај нив во одреден период кога ќе се ослаби имуниот систем кај тој човек. Инаку нови заболени нема да има.Вирусот не слабее, тој е ист само нашиот имунолошки систем слабее. Во летно време се формира голема количина на витамин Д кој е имунорегулатор и затоа треба да се дава голема количина на Д витамин кај оние кои се веќе позитивни нема да упаднат во потешка состојба.Според Мојсоски освен Д витаминот, голема улога игра и БеСеЖе вакцина, а Италија никогаш нема ставено бесеже вакцина кај населението и кај нив имаше катастрофално сценарио.Фото: Канал 5 

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Почина 14 годишно девојче од Струга на пат кон болница во Скопје

На 16.05.2020 година, во 06 часот и 30 минути, во ОВР Струга, пријавено е дека, во Општата болница во Струга, Н.Т. (49), од струшкото село Лабуништа, во тешка здравствена состојба ја донел својата 14 годишна ќерка.Истата, на пат за Ургентен Центар во Скопје, починала.По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

karta

(ФОТО) Карта на географска Македонија и сонцето од Кутлеш се појавија при онлајн настава во Србија

На слајд во рамки на онлајн наставата по српски јазик за учениците од осмо одделение во Србија, на кој се набројуваат сите национални малцинства во земјата со мапи и знамиња на матичните држави, за Македонија е прикажана картата на географска Македонија со знаме со сонцето од Кутлеш.Како што објави белградски „Телеграф”, на ваквиот слајд, емитуван во рамки на онлајн наставата  на тема „Дијалекти на српскиот јазик” во текот на вчерашниот ден, реагираше Граѓанската партија на Грците во Србија (ГСГС), која упати протест до српскиот министер за образование Младен Шарчевиќ.– Со цел зачувување на традиционално пријателските односи меѓу Грција и Србија, вложувам протест во име на целата грчка заедница во Србија поради прикажувањето на картата на државата Северна Македонија, која во текот на часот по српски јазик на децата им е прикажана како да опфаќа територија на Република Грција. Сметаме дека овој пропуст е ненамерен, но и недозволив, па затоа Ве молам што поскоро да реагирате во согласност со вашите овластувања и за тоа да ја информирате јавноста, се вели во писмото упатено до Шарчевиќ потпишано од лидерот на ГСГС, Василиос Провелегиос.На протестот на партијата на Грците, реагираше српскиот помошник министер за образование Милан Пашиќ, кој истакна дека станува збор за „голема грешка, која не е направена намерно”.– Грешката ќе ја исправиме во најкраток можен рок и на интернет платформата ќе поставиме променета верзија на часот. Упатуваме големо и искрено извинување до грчкиот народ поради грешката и се надеваме дека грчко-српското пријателство ќе продолжи да се негува и развива како и досега, објави Пашиќ на својот Фејсбук профил. 

Македонија | пред 5 години

vizzar

„Визер“ ја продолжува суспензијата за сите летови од и до земјава

Најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, „Визер“ најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 30 Мај.Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.Компанијата се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tepacka-2

(ФОТО) Соседи по расправија завршија со физичка пресметка во Охрид, ги раздвои полиција

Соседска расправија заврши со физичка пресметка непосредно пред почетокот на полицискиот час во зградите на улицата Егејска во Охрид.Интервенираше полиција.

Македонија | пред 5 години

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Со ребалансот на буџетот приоритет се изборите, не економијата

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза се потенцира политичката димензија, а не финансиската и економската димензија на буџетот, велат од Алијанса за Албанците. Со овој ребаланс, додаваат од партијата, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија.„Намалувањето на приходите од буџетот во најоптимистичкото сценарио на Министерството за финансии предвидува намалување за 20%, додека истите се планирани со намалување од само 11,5%. Бидејќи сме ограничени во информациите и сè уште не ја знаеме динамиката на рестартирање и отворање на економијата, едноставно се сомневаме дека ова е одржливо планирање на приходите од буџетот. Можеби се планира и некое зголемување на данокот како тој со акцизата. Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2% се претвори во пораст од 1,4%, 53,7 милиони евра) Образложението дека е помало зголемување на јавната потрошувачка отколку во земји како Германија, Финска не бара коментар“, велат од АА.Иако беше најавено зголемување и динамизирање на капиталните инвестиции неопходни за економското закрепнување, велат од партијата, тие сепак беа жртвувани, со пад за 4,2 милијарди денари, додека последователните расходи се зголемени за 9,6 милијарди денари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Скопјанка која оздраве од коронавирусот воодушевена од човечноста на лекарите од Центарот за јавно здравје кои ја лекувале

Скопјанка која оздраве од коронавирусот и која решила да се лекува дома иако немала лесна форма на болеста, вели дека е восхитена и трогната од пожртвуваноста, професионалноста и човечноста на лекарите од Центарот за јавно здравје кои ја лекувале со домашни посети. Триесетгодишната девојка која живее сама и била сама во текот на целото боледување, вели дека најважно е да се биде максимално отворен и транспарентен со медицинските лица за целокупната своја здравствена состојба, зашто само така ќе може лекувањето да биде успешно, објави СДК.МК.Битката со коронавирусот траела месец и пол.„Се заразив од колеги на работа, во средината на март влегов во самоизолација, и првиот тест ми беше негативен. Три дена подоцна, развив симптоми. Осум дена имав многу висока температура. Тие осум дена, цело време бев во контакт со лекарите од Центарот за јавно здравје, ми се јавуваа на секои два саата да проверат како сум. Се лечев со парацетамол, витамини Д и Ц и инхалации со сода бикарбона што многу ми помогна. Осмиот ден почнав да осеќам страшни болки во зглобовите и коските, од што бев целата во грч почнав многу да кашлам. Тогаш првпат дојдоа лекарите кај мене дома, сакаа да ме однесат на Инфективна клиника, но јас одбив. Имав лошо чувство, мислев ако одам на клиника нема жива да излезам од таму. Решив да останам дома под лекарски надзор сè додека може. Потпишав дека своеволно одбивам хоспитализација и оттогаш лекарите доаѓаа секој ден за преглед. Болките беа неиздржливи, а антибиотик не смеев да примам бидејќи сум алергична. Не знам што точно ми дадоа, ама по 2-3 дена болките попуштија, а со тоа и кашлицата почна да се смирува“, вели девојката за СДК.МК и додава:„Немам зборови да ја опишам пожртвуваноста, професионалноста и човечноста на лекарите од Центарот за јавно здравје, им симнувам капа. Првиот ден кога дојдоа останаа многу подолго од предвиденото. Ми беше лошо, немав сила да се движам. Кога ме виде таква, една лекарка ми рече – Ќе ти сварам супа, ќе те закрепне. Ми дојдоа солзи на очи, ме трогна длабоко. Тие лекари ми го спасија животот“. Текстот во целост на СДК.МК

Македонија | пред 5 години

koski-matka-cerep

Извршен увид од јавен обвинител за пронајдено безживотно тело во Осој

Вчера попладне, на местото викано Осој во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“, полициски службеници пронашле безживотно човечко тело во распаѓање. Местото веднаш е обезбедено, а денеска, започнувајќи од утринските часови, извршен е увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи. На местото на настанот беше присутна и екипа на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.Во текот на увидот, по наредба на јавен обвинител, телото е откопано и веднаш е предадено за обдукција. Обезбедени се траги од лице место и по наредба на јавниот обвинител тие ќе бидат извештачени.Воедно, ќе се прават и други проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев до Пендаровски: Со две македонски и пет албански партии дефакто го укина плурализмот и ги забрани опозициските партии, тоа не ве спасува

Реакцијата на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев на диктаторското однесување на Стево Пендаровски-„Однесувањето на нелигитимниот претседател Стево Пендаровски избран со само 23 отсто од запишаните избирачи од кои голем дел албанци, е диктаторско. Пендаровски недозволиво стана и законодавец и де факто го укина плурализмот. Според важечките закони во Македонија, партиите учесници на изборите се еднакви. Но, Пендаровски го укина плурализмот и еднаквоста на партиите што е видливо од неколку причини:Прво, недозволиво е Пендаровски на седенки со две македонски и дури пет албански партии да одлучува за изборите за сите 15 учесници кои имаат потврдено листи од ДИК. Второ, Протоколот за изборната кампања и гласање во услови на коронавирус, Пендаровски го достави само на две македонски и пет албански партии.Трето, Извешптајот на ДИК во врска со временската рамка за изборните дејствија, Пендаровски го достави само на две македонски и пет албански партии.Пендаровски дури наметна апсурдна ситуација во која учесниците на изборите не се еднакви во правата, но, се еднакви во обврските-казните, бидејќи, санкции има за сите учесници на изборите ако не го почитуваат Протоколот. Загрижува и однесувањето на претставниците на НАТО и ЕУ. Устите им се полни со демократија, владеење на правото, партиски плурализам, но, за диктаторксото однесување на Пендаровски, целосен молк и тоа од оправдани причини: Пендаровски е нивната битна марионета во Скопје за нивната геноцидна политика против Македонија и Македонците.Го охрабрувам Пендаровски да отиде и чекор понатаму - да прогласи крај на плурализмот во Македонија, но, тоа нема да ги спаси од катастрофален пораз на изборите марионетите во Скопје кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата“ - потенцираше Бачев.фото: Единствена Македонија 

Македонија | пред 5 години

koski-matka-cerep

(ФОТО) Во близина на карпите на Матка пронајден човечки труп во фаза на распаѓање

Човечки леш бил пронајден вчера во близина на Горна Матка, на патот кон Козјак-На 15.05.2020 околу 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје при вршење обиколка на место викано „Осој“, атар на с.Чајлане, покрај карпата во каменоломот кој се наоѓа на патот конрезерватот „Јасен“ пронашле човечки череп. На 16.05.2020 од увидна екипа од СВР Скопје, во присуство на Јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика билизвршен увид на местото на настанот, а телото било ископано, подигнато и предадено за обдукција, соопштуваат од МВР.фото: press24.mk

Скопје | пред 5 години

policija-1

СВР Скопје расчисти неколку кривични дела

Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје презеде мерки и активности и по добиена наредба од судија на претходна постапка изврши претрес во дом на ул.„Никола Русински“, каде биле пронајдени С.Ј.(40) и Т.П.(41). При извршениот претрес биле пронајдени и одземени пиштол, мобилни телефони, ранци, обувки и повеќе други предмети кои потекнуваат од кривични дела „разбојништво“, „разбојничка кражба“ и „кражба“.Имено, на 12.05.2020 на ул.„Радика“ осомничените со закана со пиштол ѝ одзеле ранец со предмети на Н.К., а на 15.05.2020 во 11.45 часот било пријавено дека на ул.„Варшавска“ во влез од зграда, две непознати лица со закана со пиштол ѝ го одзеле мобилниот телефон на И.Л.Б.(30) од Скопје и физички ја нападнале. СВР Скопје работи на целосно документирање на случајот по што до Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.Исто така, полициски службеници од СВР Скопје, по наредба од судија на претходна постапка, извршија претрес во дом на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, каде престојува З.Т. (22) од Битола, при што биле пронајдени предмети за изработување на дозволи за движење при забрана за движење, фалсификувани документи за кредити и други предмети. Притоа, З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта кои биле дадени за лицата: З.Т., М.Н., С.Л., С.Д. и М.М.По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.фото: Архива   

Скопје | пред 5 години

oliver-derkoski-1

Деркоски за Курир: Нема да го потпишам избирачкиот список доколку има избори 22 дена по вонредната состојба

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски вели дека тој нема да го потпише избирачкиот список додколку се донесе одлука да се одржат изборите за 22 дена и се надева дека истото би го направиле и дел од колегите, бидејќи според него во тој рок не може да се изготви избирачкиот список.„Јас не сакам да носам одговорност за нелегитимен процес и не може да ме натераат на тоа. Треба да се почитуваат законските прописи во државата“, изјави Деркоски во интервју за порталот Курир.Сепак во интервјуто тој вели дека доколку се донесе одлука ДИК ќе мора да ги спроведат изборите иако во оваа ситуација процесот ќе биде многу комплициран.„Не е возможно да се одржат избори за 22 дена затоа што нема избирачки список. Со кој избирачки список би оделе на избори? Толкувањето на уредбата која е предмет на некои политичари, експерти и слично вели дека не треба да се продолжи 22-от ден пред денот на изборите. Уредбата вели дека се запираат дејствијата кои што беа дотогаш, а во вториот став се вели дека на ДИК и се дава задача ден по вонредната состојба да изготви ревидиран роковник, тоа значи дека ДИК ќе мора да ги предвиди овие рокови за избирачкиот список повикувајќи за на изборниот законик. Во тој роковник ние ќе ги предвидиме сите рокови кои се потребни за да се направат легални и легитимни избори“, вели Деркоски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

„Стандард и Пурс“ и „Фич“: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав и останува стабилен

Кредитните агенции „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија кредитниот рејтинг на нашата земја. „Стандард и Пурс“ го задржува кредитниот рејтинг на нивото ББ-, со стабилен изглед, а „Фич“ го потврдува кредитниот рејтинг ББ+, при што изгледот е негативен, заради влијанието на пандемијата на ковид-19 врз економијата во глобални рамки. Во соопштенијата со коишто известуваат за своите одлуки за кредитниот рејтинг на земјата и ги претставуваат своите проекции и видувања за македонската економија, од двете агенции се осврнуваат и на мерките коишто ги презема Народната банка, стабилноста на девизниот курс на денарот, нивото на девизните резерви и состојбите во банкарскиот систем.Во однос на банкарскиот систем, во соопштението на „Стандард и Пурс“ е истакнато дека системот останува стабилен. Од агенцијата наведуваат дека во услови на неизвесност, притисоците врз депозитната база биле од краткотраен карактер, како во однос на динамиката, така и во однос на промените во валутните преференции. Притоа ги потенцираат и последните трендови кај девизните резерви, коишто упатуваат на нивен раст и на стабилни движења на девизниот пазар.Од „Фич“ пак, напоменуваат дека банкарскиот систем има здрави основи и висока ликвидност. Според нивните оцени системот е во добра кондиција што овозможува тој да придонесе за ублажување на шокот од корона-кризата, обезбедувајќи кредитна поддршка за македонската економија. Притоа посочуваат дека е клучно што адекватноста на капиталот минатата година се зголеми на нивото од 16,3%, како и тоа што нефункционалните кредити се на досега најниско ниво од 4,8%. Во соопштението на „Фич“ е констатирано и дека банкарскиот систем е подготвен да ги апсорбира кредитните загуби коишто се очекувани во текот на корона-кризата, но истовремено и очекуваат оваа година да има благ пораст на вкупните кредити.Во соопштенијата на „Стандард и пурд“ и „Фич“ посебен акцент е ставен и на мерките на централната банка, преземени за поддршка на економијата во условите на глобалната пандемија на ковид-19, како што се релаксирањето на монетарната политика и регулаторната флексибилност, како мерки коишто треба да го поддржат кредитниот циклус и да придонесат економијата да се справи со ефектот од кризата.Во однос на следниот период, од двете агенции укажуваат на неповолните ризици од корона-кризата врз економијата од една страна, но и на позитивните ризици од засилени структурни и институционални реформи, во рамки на евроинтегративниот процес.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-2

51 годишен работник се повредил во фабрика во Скопје, починал во болница

Педесет и едногодишен работник во фабрика во Скопје се повредил на работното место, по што бил пренесен во болница каде што починал.Според информациите на МВР, вчера во полиција од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје.По излегување на местото на настанот, полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа.Поврдениот им подлегнал на повредите.Не се познати повеќе детали за настанот.Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

gordana

Димитриеска Кочоска: 200 милиони евра буџетски дефицит за само четири месеци

Состојбата во економијата е повеќе од алармантна. Во првите 4 месеци имаме дефицит од цели 200 милиони евра, и во ваква една ситуација се прави ребаланс кој е наменет за предизборна корупција, а не за помош и развој на економијата. И ова доаѓа во ситуација кога на државата и граѓаните не им треба еднократна помош и поткуп, туку на сите нас ни треба стратегија како оддржливо решение со ќе се извлечеме од здравствената и економска криза, истакна на денешната прес конференција Гордана Димитриеска Кочоска, дополнителен заменик министер за финансии.Таа денешниот прес би го поделила на два дела.Првиот дел се однесува на податоци за извршување на буџетот за месец април, податоци  кои може да ги прочитате во ребалансот на буџетот во делот на Остварување на Буџетот за 2020 година. Овие податоци се многу важни бидејќи планирањето на буџетот до крајот на годината се заснова меѓу другото на реализација на буџетот за овие четири месеци.Во месец април буџетскиот дефицит се зголемил за нови 80 милиони евра. Повторувам 80 милиони евра нов буџетски дефицит.Во истиот месец имаме пад на вкупните приходи за 20,1% во однос на истиот месец минатата година. Мора да земеме во предвид дека овие приливи во месец април во најголем дел се однесуваат на приходи за месец март, што значи дека ефектот од корона кризата е само половина месец. Ова укажува дека за мај трeба да очекуваме и подлабок пад на вкупните приходи во буџетот.Од друга страна вкупните расходи во април се зголемени за 1% и тоа во месец во кој немаме никакви мерки за поддршка на бизнисот.Зошто е намален трансферот до Агенцијата за вработување за 55% во однос на април 2019 година, односно за повеќе од 30% за периодот јануари - април 2020 во однос на истиот период 2019 година.Социјалната помош е зголемена за само 11%, наспроти зголемување од 29% кое го имаше во првите три месеци од 2020 во однос на 2019 година. Дали на лицата кои примаат социјална помош повеќе им беа потребни средства во првите три месеци од годината или во четвртиот месец.Јасно е почитувани дека на СДСМ не им е грижа за граѓаните на Република Македонија.Во месец април 2020 година најмногу ме загрижува ставката - Други трансфери, која изнесува над 7 милијарди денари. Точно во оваа ставка се евидентираат и субвенциите на тутунарите, но да се потсетиме тие беа 1 милијарда и 800 милиони денари од потрошените над 7 милијарди денари. Оваа ставка има раст за 74% во однос на 2019 година, но затоа ставката здравствена заштита каде што најмногу требаше да се потроши во месец април е порасната за скромни 1,3% или само за 568.000 евра на годишна основа.И така врз основа на овие податоци буџетскиот дефицит за првите четири месеци од годината во кои немаме исплата за никакви економски мерки, изнесува 200 милиони евра или 1,5% од БДП, што е нов креиран долг.Вториот дел од пресот се однесува на ребалансот на буџетот за 2020 година.Од податоците презентирани во ребалансот на буџетот може да се види дека за периодот јануари - април имаме остварување на 27,3% од вкупните планирани приходи за 2020 година. Исто така во самиот документ јасно е наведено дека вкупните приходите за овие четири месеци се помали за 4,9% во однос на истиот период лани. Даночните приходи имаат реализација од 25,9% во однос на планот и намалување од  9,2% во однос на минатата година.Ако земеме предвид дека во првите четири месеци имаме јануари и февруари, месеци во кои немаше криза и половина од март, а приливот на пари во буџетот за април во најголем дел се однесува за пресметки до месец март, тоа значи дека ефектите од кризата врз приходите многу малку се чувствуваат во овој период, а сепак истите се движат надолу.Оттука се поставува и прашањето од каде е тој оптимизам во планирањето на вкупните приходи? Изборен ребаланс? За оптимизам, по песимизам? А никаде нема реализам?Имено, со ребалансот на буџетот приходите во 2020 се проектирани на ниво од 196 милијарди денари што е за 11,5% помалку од планот за 2020 година. Напоменувам, дека најоптимистичкото сценарио дадено претходно од ММФ на почетокот на кризата беше намалување од планот на приходите за околу 20%. ММФ во нивните проекции има намалување на вкупните приходи за 14,8% во однос на иницијалниот план за 2020 година, што е пад на годишна основа за 7,7%, многу повеќе од претпоставениот пад со ребалансот на приходите од 3,5% во однос на 2019 година.Податоците од погоре јасно укажуваат дека оваа година падот на вкупните приходи ќе биде поголем, особено ако се земе во предвид фактот дека ефектите од април и мај ќе се чувствуваат во мај и јуни, а до крајот на годината ќе живееме со позабавено темпо почитувајќи одредени протоколи кои нема да и дозволат на економијата така брзо да се врати во нормала.Во ребалансот на буџетот на Централна влада на ставка плати, Владата крати  потенцирам само 6,5 милиони евра,  од вкупно планиран раст на плати за оваа година од околу 42 милиони евра.Почитувани граѓани, ова јасно покажува дека во претходниот едногодишен предизборен период имаше масовно вработување во јавниот сектор што повеќе го оптовари буџетот на плати за 2020 година до сега и од сега натаму. Тоа понатаму значи дека во изминатиот период нашите обвинувања упатени кон власта имаа основ.Во однос на ставката стоки и услуги на централна влада, за мене и понатаму останува неодговорено прашањето каде ќе се потрошат 41 милиони евра повеќе во однос на 2019 година. Само договорните услуги во вкупниот планиран износ учествуваат со над 70%. Расходите пак за патувања во земја и странство се скратени за скромни 17,4%. Падот на оваа ставка во месец април за 33% јасно укажува дека во период на карантин не се троши, од таа причина не знам зошто имаме таква проекција на ставката за стоки и услуги и нема корекција надолу.Ако ги погледнеме планираните расходи по буџетски корисници и подетално го разгледаме Министерство за здравство ќе видиме дека планираните расходи се зголемени за само 720 милиони денари или нецели 12 милиони евра. Зошто не се планирани 34 милиони евра кои беа толку неопходни, итни за кои се бараа средства од Светската банка. Кога е нешто итно и неопходно за тоа средства мора да има. Истата ситуација ја имаме и во Министерството за труд и социјална политика. Што се случи, средства не се потребни? Ве повикувам да ја погледнете ставката за социјална помош на Централна влада дали има промени помеѓу првичниот планиран буџет и овој ребаланс. Нема!Почитувани, сите овие податоци јасно укажуваат дека има огромна разлика има помеѓу она што СДСМ го зборува и тоа што СДСМ го прави на дело. Економските податоци кажуваат дека Македонија тоне, трошоците за непродуктивни цели растат, а стопанството крвари.Ако владата имаше добра намера да ја поттикнува економијата, зошто тоа не го направи преку капитални расходи, за кои пред повеќе од еден месец кажував дека имаме одобрено над 1 милијарда евра. Зошто преку реализација на капиталните проекти не му помогнат на градежништвото и индиректно на тој начин потикнат уште најмалку 30-тина дејности.Зошто вонредната состојба не ја искористија за да на побрз начин се донесат одлуки поврзани со одредени капитални проекти со цел да се олесни процесот и да се забрза изведбата?Зошто се носат одлуки за издавање на лиценци за марихуана, а не се работеше на надминување на сите пречки се разбира доколку ги има, за да се заврши автопатот Кичево - Охрид?Вкупно за 4 месеци има само 12,6% реализација на капитални инвестиции или тоа се само 50 милиони евра.Напоменувам – за други трансфери за четири месеци имаме околу 300 милиони евра. И ако во нив имаме 50% блок дотации сепак остануваат неверојатни 150 милиони евра потрошени за други трансфери.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ, и парите на сите треба да се трошат рационално и домаќински. Тие говорат за еднократни мерки, ние зборуваме за стратегија. А повеќе од јасно е дека владата на СДСМ размислува само за избори и повторно го потценува народот мислејќи дека во овие тешки момент со разноразни празни ветувања ќе успее да им ги избрише сите лоши политики кои ги гледаме секој ден, истакна на денешната прес конференција Гордана Димитриеска Кочоска, дополнителен заменик министер за финансии.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

vmro-dpmne11

ВМРО ДПМНЕ: Економијата тоне, а народот осиромашува заради неспособноста на СДСМ

Стопанството е пред колапс, а мерките се недоволни и задоцнети што дополнително ја носи економијата во амбис. Угостителите се незадовиолни, земјоделците се оставени сами на себе, туристучките работници мака мачат да преживеат додека секој четврт работник во земјава зема намалена плата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Дополнително со новиот ребаланс владата јасно покажа дека владата воопшто не размислува за подобрување на економијата туку за грабеж и делење на тендери.  Владата очајно доцни со мерките а со тоа дополнителни ја става македонската економија во уште поочајна и полоша состојба.Мерките на владата во економијата се мизерни и никако не помагаат во справување со последиците од корона пандемијата која го тресе целиот свет. Неодговорноста на кадрите на СДСМ кои ги водат ресорните министерства со својата некомпетентност и менување на политиките секој ден го носи стопанството во безизлезна состојба.Над 100.000 граѓани се отпуштени од работа или се на принуден одмор додека над 78 % од рабонците се погодени од кризата.Со некадарните министри на СДСМ на чело  сиромаштијата дополнително тропа на сечија врата и секое семејство во државава.  Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија и оваа бројка дополнително ќе се зголемува поради неспосбноста СДСМ да се справи со кризата.Сите реномирани финансиски институции проектираат очајни бројки за македонската економија. ММФ предвидува пад од 4 % на БДП додека Фајнанс Тинк истакна дека економската активност во државата во вториот квартал ќе падне многу поостро од било кој период од независноста на државата. Исто така стапката на невработеност според сите индиции ќе расте над 20 %.Владата на СДСМ секој ден покажува дека нема визија и дека носи штетни политики за економијата што додатно влијае и врз намалување и на онака слабиот стандард на живеење на граѓаните.СДСМ треба да си замине за земјата да тргне напред. СДСМ мора да си замине за економијата и граѓаните да не ја трпат оваа економска и политичка агонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Битиќи: Со ребалансот на буџетот за 2020 година ја трансформираме македонската економија

Ребалансот на буџетот за 2020 година има една јасна цел – забрзување на процесот на опоравување на македонската економија преку финансирање на мерките за надминување на последиците од корона кризата. Многу поважно, овој ребаланс ќе овозможи брза трансформација но и зголемување на конкурентноста на македонската економија, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.Со ребалансот, приходната страна на буџетот се намалува за 11,5% и истата изнесува 196,8 милијарди денари, додека расходната страна се зголемува за 1,4% и истата изнесува 242,9 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 6,8% и е во линија со проекцијата на Европската комисија.Преку вчерашниот ребаланс, со дополнителни 3 милијарди денари на КОВИД програмата, Владата предводена од СДСМ, креира мерки за стимулација на приватната потрошувачка со цел поддршка на македонската економија но и македонските производи и услуги .Овој ребаланс со дополнителни 600 милиони денари за Министерството за Економија овозможува и поголема поддршка на македонскиот туризам.За социјална заштита поврзана со ефектите од КОВИД-19 се распоредуваат 350 милиони денари, а исто толку и за Фондот за здравство.За Министерство за здравство обезбедуваме 300 милиони денари за да ги зајакнеме здравствените капацитети за откривање на болести преку обезбедување на техничка експертиза, лабораториска опрема и системи за откривање на случаи во согласност со упатствата на СЗО.За Министерство за образование обезбедивме дополнителни 350 милиони денари во КОВИД програмата со цел да им помогнеме на нашите млади да се стекнат со ИТ и дигитални вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата економија.Алоциравме и 150 милиони денари за исплата на надомест за невработеност во Агенцијата за вработување и 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија преку Развојната банка на Северна Македонија.Други поголеми расходи се за исплата на платите, проектирани на ниво од 30,2 милијарди денари или за 0,4 милијарди денари пониско.  Расходите за стоки и услуги се намалени за 1,8 милијарди денари во однос на планот за 2020 година а тековните трансфери се планирани на ниво од 166 милијарди денари или за 9,6 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година, како резултат на обезбедување на средствата за економските мерки.Капиталните расходи се планирани на ниво од 19,5 милијарди денари или 4,2 милијарди денари пониски во однос на планот за 2020 година, што е всушност на ниво на максимално реализирани капитални расходи во изминатите 10 години.Финансирањето на буџетскиот дефицит ќе се сервисира со поволни средства од меѓународни финансиски институции, повлекување на средства на домашен пазар преку државни хартии од вредност, како и со излегување со еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал. Очекувањата за економскиот раст се -3,4%.Почитувани граѓани, кризата од коронавирусот може да биде и одлична можност за сите нас. Преку сетот на економски мерки, сите заедно, ги поставуваме темелите за трансформација на македонската економија. Заедно ќе излеземе од оваа криза уште похрабри, уште посилни, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 22 нови случаи на ковид 19, оздравени се 16 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-8, Прилеп-2, Струга-2, Велес-2, Гостивар-1 и Кратово-1.Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 601, активни 134•       Куманово – 414, активни 44•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-35, активни 1•       Прилеп –197, активни 65•       Тетово – 137, активни 74•       Струга – 69, активни 4•       Велес – 114, активни 48•       Битола –26, активни 7•       Охрид –18, активни 3•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –19, активни 2•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 2, активни 0•       Крива Паланка- 6, активни 2•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 4•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 1•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 1•       Виница – 2, активни 0•       Кратово-2, активни 1•       Берово-1, активни 1Направените 462 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –10, Биотек -35, Филип Втори (Жан Митрев) –94, Систина со PCR метода  -4 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 6 пациенти, од кои 4 се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се 2 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

snezana

Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Темелни реформи во сите области за создавање на нормална држава

Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска, носител на листа на ИЕ 2Снежана Костадиноска – Милошеска е универзитетски професор.Во периодот 2006 – 2009 година извршувала функција на државен секретар во Министерството за финансии и други владини активности поврзани со функцијата, како што се: Претседател на Поткомитетот за преговори со ЕУ за економија, финансии и статистика; Член на владини комисии и тела; Претседател и Потпретседател на Фондот за здравство на РМ; Потпретседател на националниот совет за платни системи на РМ; Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во РМ; Претседател на комисијата за оценка на способноста на општините за влез во II –та фаза на фискалната децентрализација и слично. Во текот на овој период и потоа, има активно учествувано во креирање и спроведување на клучни економски / финансиски реформи во земјата, реформите во здравството, во јавната и локалната администрација.Покрај практичниот придонес, има богат научен придонес. Учествувала во подготовка и изведба на многу истражувачки проекти, научни конференции, семинари, конгреси и симпозиуми во земјата и странство. Автор е на бројни економско / финансиски трудови, публикации и книги. Професор и ментор е на последипломските и докторските студии по економија при УКИМ од Скопје.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Ако морам во една реченица концизно да го спакувам одговорот, тој би бил: Мојот мотив за приклучување кон Македонски концепт е промена на црно-белиот свет во кој Македонија вегетира три децении од независноста. Оваа состојба, просто, веќе е неодржлива и многумина од нашите сограѓани ги направи апатични и не гледаат излез од состојбите, едноставно се помирени со непроменливоста. Македонски концепт е создаден токму за тоа, да активира и соедини многу граѓански активисти, неистрошени и неискомпромитирани луѓе, истомисленици, кои имаат желба, имаат знаење и фокусираност, конечно, нешто да се направи за доброто на нацијата.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Да, ова е мој прв политички ангажман.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: За подобра и попросперитетна иднина на македонското општество пресудно е државата да се стабилизира од секакви шокови, па потоа да се истрасираат и да се реализираат темелни реформи во сите области. Во Македонија има луѓе коишто знаат, сакаат и можат тоа да го направат, затоа ние во Македонски концепт на прво место го ставаме поединецот, го истакнуваме индивидуализмот, којшто преку професионалната и политичката профилација ќе го даде најдоброто од себе за креирање на подобра иднина за сите.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Основен приоритет е нормализација на државата! Затоа што сега е сè, само нормална држава не! Сите вредности се искривени, црното е бело, а белото е црно. Ние мора да го пресоздадеме македонското општество, да креираме клима без конфликти, без поделби, без големи провокации за мали политички поени. Ние сме современици на едно политичко милје кое опстои на создавање внатрешни конфликти и создавање анимозитети во заедницата на сите нивоа заради свој гол опстанок, а граѓаните се жртви на тој систем. Затоа, најнапред, државата мораме да ја направиме нормална!ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Македонски концепт е вреден во целина, односно ако сите работи се постават на соодветно место. Тоа би значело дека во Македонски концепт во изминатиот период се разработени мноштво идеи, се искреирани повеќе проекти, тие се преточени во конкретни мерки и проекти, за повеќе сфери од животно значење за државата. Кога тој концепт би добил можност да се реализира, за што не се сомневам дека тоа ќе се случи на претстојните избори, тогаш сложувалката – којашто, впрочем не случајно е и дел од логото на Македонски концепт – ќе ја добие целината!ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Од целиот корпус на промени, мојот личен ангажман најмногу ќе го фокусирам во работа на промените на економијата и финансиите. Ова се сферите на којшто им требаат многу концептуални промени, конкретни проекти и решенија и тука се сметам за најкомпетентна да го дадам максимумот. Таа моја комоција во овие сфери што ми ја даваат академската и практичната експертиза пратставува и едно мое мото – знаењето како потенцијал треба да се искористи кај секој од нас поединечно, за да живееме сите подобро заедно. Нашето општество, во ера на силна глобализација и конкуренција може да опстои и да биде успешно само ако се инвестира и користи врвно знаења и силна посветеност на секој поединец.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Процесите во државата мора одржливо да се управуваат. Тоа значи дека економските политики мора да се покренувачи на растот, но тој раст да биде во функција на што поголем број граѓани, а притоа паметно да се користат ресурсите. Оттука, би се заложила за динамизирање на економијата на пазарни основи со мала и ефикасна државна управа, во смисла на организација на мала и ефикасна администрација; за солидно поставен и конкурентен приватен сектор и за силно граѓанско општество, како цврст партнер на двата сектори. Притоа, силно ќе се заложам да се создадат можности за самореализација на најголем број македонски граѓани. И тоа да биде на одржлива основа, без оптоварување на идните генерации.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: Би рекла дека ова се повеќе процеси, отколку проекти кои треба синхронизирано да се планираат и спроведуваат. Значи, проектите се сегменти од процесите коишто неминовно мора да се случат во државата. А Македонски концпет ќе биде дел од нив!ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за пет години од сега.Проф. д-р Снежана Костадиноска – Милошеска: По спроведување на процесите, а следствено на тоа и проектите предложени од Македонскиот концепт, Македонија би била стабилна држава со силен напредок кој би се манифестирал во напредно демократско општество. Татковината ја гледам и со видно зголемена благосостојба на граѓаните, во која би се намалиле социјалните и други разлики, во едно општество коешто дава шанса на сите. Затоа пледирам сите добронамерни и совесни граѓани, да ги подржат овие процеси и со свое залагање и личен пример да придонесат за напредокот на македонската држава, гледајќи ја сопствената и иднината на своите деца токму тука, а не низ белиот свет.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

Foto-1-1

Волонтираме за солидарно општество“ продолжува со поддршка на најранливите категории на граѓани

Во рамки на хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“,  под мотото  „Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!“ #ТукаСме #ЕдниЗаДруги, сопругата на Претседателот,  Елизабета Ѓоргиевска заедно со волонтери од партнерски организации, учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.Во проектот којшто се реализира под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, партнерски организации се: Црвен крст на Република Северна Македонија, Иницијативата  #РетвитниОброк, Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци  „Љубезност“, Здружението за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, како и „Храна за сите – Банка за храна“.Целта на хуманитарната акција е преку вклучување на граѓаните, општествено одговорните компании, граѓанските организации, дипломатските претставништва во Република Северна Македонија, како и меѓународните организации и институции, во согласност со своите можности и ресурси,  заеднички да се даде неопходната помош на што поголем број наши сограѓани.Во досегашниот тек на хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“ се вклучија десетина општествено одговорни компании, едно дипломатско претставништво и граѓани. Приемот на производи се одвива секој понеделник и среда, а дистрибуцијата на истите до најранливите категории на граѓани се врши секој петок во канцеларијата на Претседателот „Млади хаб“.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 5 години

devojka-pretepana

Тепаната девојка од Штип добива закани, татко ѝ починал од стрес, таа остана без пари и со кредити

Почина таткото на девојката која двајцата насилиници од Штип ја тепаа и снимаа со телефон, објави Алфа.„Таа остана сама. Пред да почине татко ѝ, мајка ѝ е згрижена во психијатриска установа. Единствена поткрепа во овие тешки моменти е семејството на чичко ѝ. Не сака јавно да зборува, образложувајки дека душевната болка и состојбата во која се наоѓа неговата внука е многу тешка. Потврди дека ѝ е потребна финансиска помош, затоа што наследила кредити во висина од над 200.000 денари. Во куќата во која живее девојката треба да се изведе дополнителен приклучок за струја, а за тоа се потребни пари кои таа не може да ги плати бидејки е неврботена“, објaснува чичкото за Алфа. Тврди дека добива закани по живот од двајцата насилници.Единствена светла точка ѝ е да може да си го врати едногодишното дете, кое е дадено на згрижување.Девојката, вниманието на јавноста го привлече откако минатиот месец на социјалните мрежи се појави видео клип каде што се гледа како ја тепаат во влез на зграда. Двајцата сторители експресно беа откриени, а судот им изрече казна во висина од по 2,6 години.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

(ВИДЕО) Сезоната непочната негативната кампањата за Охрид започна – зошто?

Сигурно се сеќавате на насловите: Наезда на змии во Охрид, Охридското Езеро е загадено… и ред други вакви наслови. Сите објавени во месец мај различна година. Зошто некој упорно и медиумски сака да го нападне Охрид?Годинава најнова вест која ја слушнавме е дека кафето во Охридските кафетерии ќе биде 350 ден. Кафичите неотворени некој им ги скрои цените. Зошто?Низа негативни коментари денеска и на емисјата на национална телевизија на која водителот потенцира дека кафето ќе биде 350 ден.https://www.facebook.com/111220626921688/videos/2677969259099126/?v=2677969259099126Имено, согласно препораките на Владата се очекува овој период да се отворат угостителските објекти во земјава. Но, тие ќе мора да работат според одредени протоколи. Имено неофицијално ќе работат само отворените тераси,  масите ќе мора да бидат на растојание од над 2 метри, нема да смеат да седат повеќе од двајца/тројца гости на маса, а  бројот на гостите ќе зависи од квадратурата и слично. Но ова се само неофицијалните препораки, за тоа како ќе работат угостителските објекти официјално како ќе биде ќе соопштат од комисијата за заразни болести, кога ќе ги презентираат официјалните препораки.Од познатата и омилена  на Охриѓани кафетерија ПЛАН Б велат:-Чекаме официјално да дадат дозвола да ги отвориме објектите, а цените нема воопшто да поскапат од оние кои беа пред вонредната состојба. Цените во План Б ќе останат исти, категорични се од менаџментот од План Б.Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски е човекот кој наназад постојано апелира, кризата ќе заврши а после да летуваме во Македонија.– ПОТСЕТЕТЕ СЕ ШТО ЗНАЧИ ДОМА! Ќе го истражам Охрид на поразличен начин! Велосипед на Галичица, Посета на заливот на коските, ќе уживам во зајдисонцето од Канео , кафе на св.Наум, ѓомлезе во локален ресторан знаејки дека покрај убавите моменти помагам за зачувување на триесетина илјади работни места во туристичкиот сектор. Знам дека ќе видам многу пријатели кои ќе го направат истото во многу дестинации на Македонија. Потсетете се што значи Дома си е дома, вели Јаневски за Охрид 1.   И додека некој се мачи да го оцрни Охрид, оние кои навистина го сакаат веќе пристигнаа во Балканскиот Ерусалим. Денеска колони возила пристигнаа во Охрид. Охриѓани велат добредојдовте, Охрид вака го личи, раздвижен и со гости.И секако на крајот да потсетиме дека денеска претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба овој пат во трање од 14 дена. Активни се сите мерки од Владата за носење заштитни маски и држење на дистанца. Почитувајте ги мерките на Владата и повелете во Охрид.

Македонија | пред 5 години

zapisuvanje-prvo

Запишувањето на деца во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/21 год. ќе се реализира во јуни 2020 год.

Согласно Уредба со законска сила за измена и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба и насоките од Министерството за образование и наука, запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во месец јуни,2020 година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Средба Филипче -Кикилиас: Потребен е брз проток на границите и достапни здравствени услуги во земјите во текот на престојот

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во Атина оствари средба со министерот за здравство на Република Грција, Василис Кикилиас на која разменија искуства за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот, како и предизвиците со кои се соочуваат двете земји за време на пандемијата.Повод за средбата на двајцата министри беше најавата за отворање на границите во Европа и регионот за што е потребно да се подготват усогласени протоколи за патување во регионот. Овие протоколи треба да го олеснат и забрзаат транзитот на патници.Министерот Филипче по средбата истакна дека разговорот поминал во исклучително позитивна атмосфера каде и двајцата се согласиле дека е потребно да се обезбеди брз проток на границите кои се исклучително оптоварени во текот на летото и да се обезбеди лесен пристап до здравствени услуги на граѓаните доколку евентуално се случи да бидат заболени од коронавирусот во текот на престојот во Грција и Северна Македонија.Во текот на следната недела двете земји ќе ги подготват предлог протоколите кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани. Исто така, овие протоколи ќе бидат разговарани и со другите соседни земји со цел унифициран пристап и услуги во регионот кој значително ќе им го олесни движењето на граѓаните.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

pendaroski

(ВИДЕО) Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во трање од 14 дена

Вонредната состојба продолжува уште 14 денови, објави на денешната прес конференција претседателот на државава, Стево Пендаровски. Претседателот образложи дека одлуката е донесена на состанокот на Советот за безбедност.„Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата“, рече Пендаровски, додавајќи дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзано со датум за изборите.https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2026148764184920/?v=2026148764184920

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања