Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

oruzje-i-heroin

Жител на Грчец во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 40 години од Грчец за кривично дело  – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, кој неколку месеци беше недостапен на органите на прогонот, на 07.12.2019 година, на земјениот пат за селото Крушопек, над селото Грчец, заедно со уште едно обвинето лице, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција – едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Zastava M57” со калибар 7,62Х25мм од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот. Освен ова, сега обвинетиот кај себе држел и едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Zastava M88”со калибар 9мм Para од југословенско производство со четири куршуми во шаржерот.Полициските службеници најпрвин извршиле претрес во домовите на обвинетите, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. По извесно време двајцата обвинети го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето и муницијата ги оставиле во автомобилот. По настанот, едниот обвинет беше лишен од слобода и против него беше поднесено обвинение на 9 март. Постапувајќи по поднесениот Обвинителен акт, Основниот кривичен суд Скопје за него веќе донесе Пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од две години.За вториот обвинет постапката беше запрена до неговото пронаоѓање и лишување од слобода на 17 април. Заедно со Обвинителниот акт поднесен против него денеска, надлежниот јавен обинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се оздравени 16 пациенти, потврдени 17 нови случаи на ковид 19 – починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 592, активни 134•       Куманово – 413, активни 43•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-35, активни 1•       Прилеп –193, активни 63•       Тетово – 131, активни 68•       Струга – 69, активни 6•       Велес – 113, активни 49•       Битола –26, активни 7•       Охрид –17, активни 2•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –19, активни 3•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 2, активни 0•       Крива Паланка- 6, активни 2•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 4•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 1•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 1•       Виница – 2, активни 0•       Кратово-2, активни 2•       Берово-1, активни 1Направените 460 теста се преку: ИЈЗ –257, Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –8, Биотек -20, Филип Втори (Жан Митрев) –33, Систина со PCR метода  -19 и МАНУ -109.  Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Побарани парични казни за вкупно 53 лица во Скопје зарaди непочитување на полицискиот час

Вкупно 53 лица се опфатени со предлозите за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје ги поднесе денеска пред Основниот кривичен суд Скопје за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во член 206 став 1 од Кривичниот законик.Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите предложија парична казна од по 2000 евра во денарска противвредност, односно 100 дневни глоби од по 20 евра.​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

04022020_VRSM_6_sednica_na_Vlada3

Владата: Донесен ребалансот на Буџетот за 2020

Владата на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.На вчерашната седница се донесени измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.Владата вчера ја усвои Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал - еврообврзници на Република Северна Македонија.Имајќи ги предвид сите предизвици кои произлегоа по прогласената пандемија на КОВИД-19 на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирањето со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство.Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал - еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Република Северна Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Северна Македонија.Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од назначување на агент за процесни услуги на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии во процесот на издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и го задолжи Министерството за надворешни работи преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, Велика Британија да ја преземе функцијата на агент за процесни услуги во име на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии.Владата донесе изменување на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците. Со Уредбата се предвидува продолжување на рокот во кој банките и штедилниците можат да ги променат договорните услови на кредитните изложености на должниците - правни и физички лица и тоа за 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.Исто така, беше донесена и Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.На оваа седница е донесена измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со која се продолжува рокот за исполнување на обврската за поднесување гаранција за обезбедување на плаќањето на акцизниот  долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување. Имено, приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник, треба да поднесат гаранција заклучно со 31 декември 2020 година, како дополнителна олеснителна мерка во услови на ширење на коронавирусот КОВИД-19.На вчерашната седница донесено е дополнување на Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини, со која се уредуваат причините и постапката за времено запирање на вршењето на експлоатацијата на доделени концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини од страна на концедентот во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува здравјето на населението.Владата донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот. Со измената, се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка, за што овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nbrm-narodna-banka

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2020 година

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2020 година. Нејзин добитник е Ален Калач, награден со втора награда за трудот „Унапредување на процесот на кредитна анализа кај банките преку употреба на методи од машинско учење“.Трудот на Калач беше оценет со највисока просечна оценка, во согласност со критериумите од објавениот конкурс. Станува збор за труд што се одликува со актуелност, како и со релативно висока апликативна примена во контекст на секојдневните кредитни активности на банките. Поконкретно, Калач го истражува прашањето за прецизна оцена на кредитниот ризик преку примена на методи од вештачката интелигенција, односно машинското учење. Преку тестирање и споредување на перформансите на повеќе методи и модели, авторот дава конкретни заклучоци во поглед на користењето и прецизноста на секој од нив, како  и конкретни препораки за нивна примена во рамки на процесите на кредитна анализа и оценување од страна на македонските банки.Трудот на Ален Калач е објавен на веб-страницата на Народната банка и е достапен на следната врска:http://nbrm.mk/content/unapreduvanje_na_procesot_na_kreditna_analiza_kaj_bankite_preku_upotreba_na_metodi_od-mashinsko_uchenje.pdfНародната банка ја доделува Годишната награда за млади истражувачи веќе четиринаесет години, со цел стимулирање на развојот на научната мисла во земјата и заради афирмација на младите стручни кадри. Конкурсот за годинешната Награда беше објавен кон средината на минатата, а трудовите се доставуваа до 1 февруари оваа година. Согласно стандардно утврдените правила, право на учество на конкурсот имаат авторите од земјата на возраст до триесет и пет години, при што секој автор може да конкурира само со еден труд, којшто задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. На годинешниот конкурс беа уредно пристигнати и разгледани вкупно пет трудови од млади истражувачи.Заради состојбата со пандемијата на ковид-19, оваа година, Народната банка не беше во можност да организира одделен настан на којшто би била врачена Годишната награда. Согласно со досегашната практика, наградениот труд „Унапредување на процесот на кредитна анализа кај банките преку употреба на методи од машинско учење“ ќе биде презентиран во рамки на активностите на Клубот на истражувачите, кога за тоа ќе бидат создадени соодветни услови во натамошниот период.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

elizabeta

Елизабета Костова Бочварова: Неопходно и приоритетно е да се врати довербата на народот кон државата, преку достигнување на најнизок степен на криминал и корупција

Интервју со Елизабета Костова Бочварова, „Македонски Концепт“, Кандидат за листа на пратеници за ИЕ 3Елизабета Костова Бочварова – Дипломиран Инженер по биологија. Веќе 17 години работи во локалната самоуправа, а моментално во општина Зелениково. Од првиот ден на својот професионален ангажман, делува на полето на обезбедување на финансиска поддршка неопходна за реализација на проекти од сите економско – социјални области, со нагласен приоритет на проектите поврзани со заштитата на животната средина.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Елизабета Костова Бочварова: Можноста да придонесам во развојот на мојата таковина особено во областа на заштитата на животната средина, и економскиот развој преку реализација на проекти и привлекување на странски инвестиции, а со тоа државата да се стави во рамките на нормално функционирање, каде секој граѓанин ќе си го најде своето место и улога во општеството.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Елизабета Костова Бочварова: Не. Јас сум долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ . Но веке подолг период во мирување. Причина за тоа е несогласување со политиките на раководството.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Елизабета Костова Бочварова: Економски развој, привлекување на странски инвестиции, реализација на бројни проекти од сите сфери, реформи во јавната администрација, нејзина професионализација, односно департизација, реформи во образованието и судството и подршка на земјоделците со проекти за развој специфични за нивната дејност.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Елизабета Костова Бочварова: Реформи во администрацијата, во судството, во образованието, во здравството! Неопходно и приоритетно е да се врати довербата на народот кон Државата, преку достигнување на најнизок степен на криминал и корупција. Само на тој начин, ќе се створат услови за враќање на младите од странство и намалување нивното, во овој момент, масовно иселување од државата.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Елизабета Костова Бочварова: Платформата на Македонски концепт е нешто сосема ново во нашата држава и за нашиот народ. Тоа е платформа која води кон етаблирање на една нормална држава, во која сите чинители имаат подеднакво значење. Концепт кој подразбира извршување на јавните услуги и сервиси без криминал и без корупција, чесно, транспарентно и државнички.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Елизабета Костова Бочварова:  Мојот придонес го гледам низ реализација на проекти финансирани од домашни и странски донаторски куќи, но и во иницијативите и активностите за привлекување на странски инвестиции насочени кон зголемен економски развој, а со тоа создавање на нови работни места. Со успешна реализација на овие иницијативи, лично сметам дека ќе успееме да ги мотивираме младите луѓе, да останат и да ја бараат својата шанса во оваа наша држава.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Елизабета Костова Бочварова: За Реализација на проектите! За привлекување на инвестиции! За создавање на нови работни места! За силен економски развој и за зачувување и заштита на животната средина!ПОЛИТИКА: Зошто проекти? Елизабета Костова Бочварова: Тоа е најефективен начин на кој можат да се реализираат целите на Македонски Концепт, но и развојните приоритети на државата. Сѐ се сведува на реализација на што повеќе проекти од сите области на целата територија на Македонија.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Елизабета Костова Бочварова: Реформирана администрација, департизирана администрација, департизирано судство, во секоја општина минимум по три производствени капацитети, вработени млади лица, намален број на иселени млади лица. Подигнати на највисоко ниво, образовен и здраствен систем, намалена на минимум корупција во сите сфери на општественото делување. На кратко кажано, Нормална Држава. фото: Македонски концепт   

Македонија | пред 5 години

Makedonski-pasos

Продолжен рокот на патните исправи и возачките дозволи до 31 јули

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие важат до 31 јули 2020 година. Имено, на 51-вата седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи на државјаните на Република Северна Македонија за време на вонредна состојба, со кои се продолжува рокот на овие лични исправи до 31 јули 2020 година.Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

Civil

ЦИВИЛ го интензивира изборниот мониторинг

ЦИВИЛ соопштува дека донесе одлука од денеска да го засили изборниот мониторинг. Ќе се реактивираат и дел од долгорочните набљудувачи кои беа деактивирани поради одложувањето на датумот поради кризата со коронавирусот. Сите заедно, во структурата на Организацијата, ќе добијат дополнителни насоки за зајакнат мониторинг на изборниот процес во земјата.Почитувањето на правото на глас на граѓанките и граѓаните е приоритет за ЦИВИЛ. Во фокусот на мониторингот на ЦИВИЛ е и политичкото финансирање и политичката корупција, како и лажните вести, говорот на омразата и црната пропаганда. ЦИВИЛ спроведува и мониторинг на политичките партии, медиумите, како и на институциите.Од големо значење за мониторингот на ЦИВИЛ воопшто, па така и за изборниот мониторинг, се пријавите кои доаѓаат од граѓанките и граѓаните од целата земја. Изобилството од обраќања до организацијата е само уште еден показател за тоа дека Организацијата ужива голема доверба кај луѓето.Уште пред да се изјаснат политичките партии, ЦИВИЛ изгради став дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат час поскоро, односно изборниот процес да продолжи веднаш по укинување на вонредната состојба во земјата, согласно и со изјавите од Државната изборна комисија, дека процесот е застанат на 24 дена пред денот на гласањето.Во изминатиот период, тимот на ЦИВИЛ работеше на усвојување на повеќе методолошки новитети соодветни на потребата за заштита од ширењето на коронавирусот.ЦИВИЛ ја информира јавноста и своите поддржувачи, членови и соработници дека во своите протоколи за работа ги вгради мерките и препораките за заштита од коронавирусот е од исклучително значење и бара максимално придржување до нив.Листата од 14 категории на изборни нерегуларности, ЦИВИЛ денеска ја додава и тн. „корона-категорија“ во која спаѓаат случаите на непридржување кон мерките за заштита од коронавирусот во текот на изборниот процес.ЦИВИЛ започна со мониторингот, со различен интензитет, уште од моментот кога се донесе решението за предвремени парламентарни избори на лидерската средба на 20 октомври 2019 година. Соодветно на методологијата за долгорочен мониторинг на политичките настани и процеси во изборен контекст, ЦИВИЛ остана активен на теренот и во текот на кризата со коронавирусот. Сепак, мониторингот на ЦИВИЛ беше со намален интензитет и со максимално придржување кон владините мерки и препораките за заштита од ширење на коронавирусот.Од денеска, мониторингот ќе се спроведува со полн капацитет. Воедно, ќе се контактираат сите кандидати за краткорочни набљудувачи, за уште еднаш да го потврдат своето учество во мониторингот на ЦИВИЛ за денот на гласањето, кога и да биде тоа. Воедно, тие ќе бидат информирани за новите протоколи и за новиот начин на обука кој ќе се спроведува во текот на наредниот период, веднаш по одредување на датумот за избори.ЦИВИЛ обезбеди средства за вклучување на 220 набљудувачи од кои 24 се долгорочни, но во Организацијата се работи на зголемување на бројот и на долгорочните и на краткорочните набљудувачи.ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи (формирана во 1999 година), спроведува изборен мониторинг од 2008 година, според специфична и уникатна методологија која постојано се развива соодветно на потребите и промените во општествено-политичките процеси.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-6

МВР во 24 часа затекна 23 лица без заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие (14/15.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица,  а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се  23 лица што ја прекршиле оваа мерка.За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на  81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска ќе биде сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР.Минималната температура ќе се движи од 10 до 18, а максималната ќе достигне  34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде висока и ќе изнесува 9.Во Скопје темперарурата ќе се искаќи до 33 степени.Слично време ќе преовладува и во следните денови.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

apsenje

(ВИДЕО) Полицијата за 10 тина минути го пронајде и уапси разбојникот кој ја ограби поштата во Охрид

Денеска беше ограбена експозитурата на „Македонска пошта“ во близина на Мизичкото училиште, но за среќа разбојникот беше фатен за 10 минути.СВР информира дека околу 12.30 часот, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“,приведен е Д.С.(37) од Пробиштип, со постојано место на живеење во Охрид. Приведувањето е извршено откако, во СВР Охрид е добиено телефонско известување за стореното казнено дело извршено во експозитурата на „Македонски пошти“ во Охрид, зад Мини маркетот. Според пријавеното, околу 12.20 часот, во експозитурата влегол, за вработените непознат маж, кој со остар предмет во раката се заканал и побарал да му бидат предадени пари.Неофицијално приведеното лице е доктор, а сумата која ја одзел е над 30 000 ден.

Македонија | пред 5 години

liderska-sredba

Познато е кога ќе се одржат престојните избори, водејќи се од чекорите на институциите

Ѝ натаму не е јасно дали двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги усогласат ставовите за датумот на одржување на изборите, но сè поизвесно е дека тие ќе одржат кон крајот на јуни, објави А1ОН.За досегашните избори, датумот се одредуваше со усогласување на ставовите на власта и опозицијата, но овој пат, Уставниот суд пресече и го отвори патот за продолжување на изборните дејствија со прекинот на вонредната состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски. Уставните судии решија да не поведат постапка за владината уредба со која поради коронавирусот, Државната изборна комисија ги запре сите активности поврзани со изборниот процес.Првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, на 22 март го потпишал заклучокот, со кој, се обврзува за четири дена по прекинувањето на вонредната состојба, да продолжат да течат преостанатите 22 дена од изборните дејства, до одрувањето на изборите.Текстот во целост на А1ОН

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите ќе победи убедливо, но ако цената е макар и еден загубен живот, таквите некрофилски политики не прифаќаме

ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите ќе победи убедливо на тие избори, но ако цената е макар и еден загубен живот, таквите некрофилски политики како партија не прифаќаме, цената за тоа не смее да биде изгубени човечки животи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма телевизија.„Знам дека нашиот политички противник наметнува антикампања дека ВМРО-ДПМНЕ бегал од избори, но мојот одговор на тоа прашање може да кажам дека кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ.  Но, повторно ќе кажам, ако цената за тоа е да имаме еден повеќе загубен живот, јас не би сакал да бидам дел од таквото сценарио.“ потенцираше МицкоскиТој додаде дека тоа некрофилско сценарио го остава на други политичари кои се длабоко потонати во политичкото мочуриште и бараат сламка за спас.„И еден ако е јас не би можел да живеам со сето тоа, бидејќи јас не се чувствуам ако човек потонат во политичко мочуриште и ми треба сламка за спас. Се чувствувам дека сум слободен, човек кој цврсто гази на нозе и не му треба помислат дека еден човек повеќе починал затоа што ние сме избразле во одлука кога ќе се случат изборите. “ изјави МицкоскиТој нагласи дека тие како политичари мора сериозно да се однесуваат и пред се одговорно кон здравјето на граѓаните, а дури потоа да размислуваат како и дали би ги одржале тие избори.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mancevski

Манчевски: Одговорно е да имаме избори во првиот можен рок, согласно здравствените препораки

Одговорно е да имаме избори во првиот возможен рок, во моментот кога здравствените власти тоа ќе го препорачаат. Декември е крајниот термин кога според уставните рокови ќе мора да одржиме избори. ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни, бидејќи ако немаме функционално Собрание ќе влеземе во опасно сценарио, кога ќе мора вештачки да воведуваме вонредна состојба само за да го одржиме системот функционален. Тоа неодговорно. Ова го порача потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски,на денешната дебата на „Само вистина“.Тој смета дека е клучно да се почитува мислењето на здравствените власти од каде сметаат дека во јуни, поради досегашните рестрикции,  не очекува период на стивнување на епидемијата од корона вирусот и затоа е неопходно изборите да ги организираме во тој период.-ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни и неодговорни. Ние сметавме дека Собранието може да заседава, тие беа против тоа. Во услови ако имавме активно Собрание,  ќе бевме покомотни и ќе можевме да разговараме за избори во друг термин. Доколку во одредена ситуација нема потреба од вонредна состојба, а од друга страна немаме избори во првиот можен рок, како ќе функционира државата. Ние ќе треба вештачки да ја продолжуваме вонредната состојба за да имаме функционален систем, што не е добро. Влегуваме во опасно сценарио без парламентарна контрола. Ние сме одговорна власт, но ако ова трае предолго тоа не е добро за демократијата“, нагласи Манчевски и потсети дека и други земји како Франција, Србија и Хрватска брзаат да го искористат овој период за избори, во случај да има втор бран од вирусот, рече Манчевски.Тој додаде дека и бизнис заедницата бара стабилност, предвидливост и затоа мора да се обезбеди фунционален систем кој ќе го овозможи тоа согласно заздравувањето на економијата.Во однос на изборната кампања Манчевски е дециден дека веќе не можеме да очекуваме класична кампања, СДСМ нема да планира митинзи и целата кампања ќе ја прилагоди, ќе ја насочи на онлајн активности, преку социјалните мрежи и без масовни собири.Манчевски зборуваше и за новиот пакет економски мерки вреден 500 милиони евра.-Овие мерки се дополнителни  и ги адресираат денешните проблеми но идниот развој на економијата. Денеска е најавен и третиот сет на мерки, кои ќе бидат имплементирани, станува збор за сериозна поддршка од на граѓаните и на економијата во висина од 500 милиони евра, што во основа е продолжувања на нашата досегашна политика парите кај граѓаните, додаде Манчевски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohrid-velosiped

Општина Охрид ќе објави втор повик за субвенционирање за купување велосипеди

Поради големиот интерес на охриѓани за искористување на субвенции за купување на велосипед, каде за неполни 24 часа се пристигнати повеќе од 110 барања, Локалната самоуправа одлучи во ребалансот на буџетот, кој ќе биде ставен на дневен ред на наредната седница, да одвои дополнителни средства за оваа намена.Ги охрабруваме сите кои периодот од објавување на првиот повик заклучно со денес, купиле велосипед потребните документи да ги достават до општина Охрид за добивање на субвенција.Сите оние кои што нема да бидат опфатени во првиот повик, ќе имаат приоритет во вториот повик кој ќе веднаш по изгласувањето на ребалансот на буџетот ќе биде објавен.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

car-fire

Го фатиле со неисправен „голф“, па го запалил пред полицајците

Во село Жидилово, Кривопаланечко, полицајци запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М. (29) од Крива Паланка. Во возилото биле и лицата Г.Ѓ. од Жидилово и Х.С. од Крива Паланка.При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин. Додека полицајците влегувале во службеното возило, дошла Ј.Ѓ. со шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело.Интервенирала Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени во полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

ДЗС и МВР трагаат по исчезнато лице во околината на Тумбе кафе

Тим на Дирекцијата за заштита и спасување, специјализиран за спасување од планина заедно со припадници на МВР рано изутрина почнаа акција за потрага по лице на возраст од 85 години, откако вчера е пријавен за исчезнат во околината на Тумбе кафе и местото викано Сива.Дирекцијата за заштита и спасување соопштија денеска дека покрај тимот за спасување од планина, во потрагата по исчезнатото лице вклучи и дронови. Акцијата  е во тек.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

98484483_1044469672601595_4859222455622828032_n

Побаран притвор за жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со калибар 9 mm Para, со 3 рамки со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со калибар 7,62Х39 со една рамка со 29 куршуми од тој калибар. Лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните. Оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот во текот на денешниот ден.Со оглед на тоа што во предметот постојат околности кои укажуваат на тоа дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​фото:МВР

Скопје | пред 5 години

SILEGOV-1

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивната советничка група не разликуваат тревник од плочник

Со големо жалење мораме да констатираме дека ВМРО ДПМНЕ и нивната советничка група во Град Скопје не знаат да разликуваат основни работи (тревник од плочник), па од тие причини излегуваат на прес-конференции со небулозни тврдења, се вели во реакцијата од Град Скопје.Со ова уште еднаш ја известуваме јавноста, а истовремено го демантираме небулозното тврдење на ВМРО ДПМНЕ, дека не тревата, туку поплочувањето и уредувањето на јавниот простор на излезот од ГТЦ до Плоштад Македонија, поплочувањето и уредувањето на јавниот простор од Плоштад Македонија кон Собрание на РСМ, заедно со урбаната опрема што се состои од клупи, канти за отпадоци, целосно ново осветлување на овој простор (канделабри), како и дрворед составен од 25 дрвја е тоа што чини 33 милиони денари со вклучен ДДВ. Се што е направено на терен и потрошена сума, впрочем, беше и претходно најавено на прес-конференцијата што се одржа на 30 септември 2019 година.Впрочем, граѓаните на Скопје секојдневно овој простори го гледаат и го користат. Тоа што му пречи на ВМРО ДПМНЕ е фактот што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор, но и уживаат во него, при тоа правејќи споредба што значи квалитет на јавен простор сега, а што и какво беше лудилото со јавниот простор во минатото.Времето кога граѓаните за 3 врби во Реката Вардар плаќаа 220 илјади евра е одамна поминато. Тоа на сите им е јасно. Јасно му е и на ВМРО ДПМНЕ, па токму заради таа своја немоќ се служат со лаги и невистинити небулози. Граѓаните на Скопје препознаваат дека овој градоначалник за само 2 и пол години покажа дека може да се биде различен. Да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните, да се биде транспарентен, отворен, а истовремено и штедлив при работењето со јавните пари.Убедени сме дека сите (а особено ВМРО ДПМНЕ) се свесни дека се тотални аутсајдери во Град Скопје. Ние ќе продолжиме чекор по чекор да ги решаваме наталожени проблеми останати од нивното лудило, а тие слободно можат да продолжат да се занимаваат со небулози, лаги и да креираат лажни вести, се вели во реакцијата од Град Скопје.https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/3100890209957170

Скопје | пред 5 години

30042020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Посетата на функционери во соседни земји ќе се одвива исклучиво за координација за коронавирусот

На денешната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше дека се почнува со регионални состаноци со претставниците на владите и институциите во регионот за координиран пристап во однос на транзитот, посетите и здравствените протоколи кои ќе се имплементираат по најавите од соседните земји за отворање на границите. Координиран пристап ќе овозможи побрзо и побезбедно патување во текот на летото.„Европската комисија вчера излезе со пакет мерки за патување во рамки на Европската Унија, кадешто се препорача ваков координиран пристап за олеснување на рестриктивните мерки. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, за координирано делување во овој дел ги започнуваме и ние овие состаноци за координација во балканскиот регион“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека денеска заминува во Грција на состанок со грчкиот министер за здравство.На средбата, двајцата министри ќе разменат искуства за досегашното менаџирање на кризата, кои треба да помогнат во понатамошната битка на коронавирусот, припремата на здравствениот систем и за наредниот период кога се очекуваат нови пикови. Исто така, ќе се дискутира и во однос на отворање на границите и Аеродромите, имајќи предвид дека со отворањето на границите Република Северна Македонија повторно ќе го отвори и транзитниот коридор север/југ, којшто е многу оптеретен во летните месеци.„Вчера ги регистриравме бројните реакции на јавноста во однос на оваа одлука да се дозволи посета на функционери на соседните земји. Дозволете да појаснам дека воопшто не станува збор за ништо друго освен за организирани состаноци со причина да се координираат токму овие активности во однос на олабавување на мерките, а за што треба регионален пристап. Сите тие посети се одвиваат согласно протоколот којшто за такви посети го донесе и Комисијата за заразни болести. Не станува збор да се дозволи на било кој функционер да патува, туку само за вакви состаноци заради тоа што веќе се најавени средби со ваков повод“, истакна министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

DSC03

Мицкоски-Галовеј: Здравјето на граѓаните ни е на прво место

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски денес оствари видео разговор со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.Во разговорот стана збор за здравствената и економска криза, како политичката состојба во државата.Мицкоски посочи дека Република Македонија се соочува со тешка здравствена состојба, како и економска криза која државата ја става во незавидна состојба. Стопанството е преполовено и очекува реална поддршка од Владата која во моментот не ја добива.Мицкоски посочи дека е несериозно  однесувањето на Зоран Заев и СДСМ кој лицитира со датуми за избори додека се бројат жртвите од корона кризата. Првенствено потребно е да се заштити здравјето на граѓаните а потоа да се обезбедат гаранција за безбедни избори.Зоран Заев наместо да се бори за помал пораз на изборите, треба да се бори заеднички за заштита на здравјето на граѓаните, истакна претседателот Мицкоски. Заев ќе изгуби на изборите, но прво треба да е здравјето на граѓаните.Претседателот Мицкоски истакна дека е за развивање на стратешкото партнерство со Велика Британија и унапредување на взаемната поддршка и соработка.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

posta

СВР со детали за грабежот на поштата во Охрид

На 14.05.2020 година, околу 12.30 часот, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, во СВР Охрид приведен е Д.С.(37) од Пробиштип, со постојано место на живеење во Охрид. Приведувањето е извршено откако, во СВР Охрид е добиено телефонско известување за стореното казнено дело извршено во експозитурата на „Македонски пошти“ во Охрид, зад Мини маркетот. Според пријавеното, околу 12.20 часот, во експозитурата влегол, за вработените непознат маж, кој со остар предмет во раката се заканал и побарал да му бидат предадени пари. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Уставниот суд отвора постапка - се укинуваат „специјалниот“ полициски час за постари од 67 и за помлади од 18 години

Уставните судии денеска одлучија да поведат постапка за категоризацијата на полицискиот час – забраната за движење на помладите од 18 години и за возрасните над 67 години. Со мнозинство гласови судиите одлучија дека има сомнеж за неуставност на оваа одлука на Владата, овие групи да смеат да се движат само во одредени временски интервали, објави alsat-m.tv.Од Уставен за alsat-m.tv. брифираат дека не е спорен полицискиот час, туку ограничувањата според возрасна категорија. Ова значи дека со поведувањето постапка од Уставен, прекинува важноста на владината уредба за ограничено движење на младите и највозрасните. Па така од Уставен посочуваат дека и за оние под 18 и за оние над 67 години ќе важи полицискиот час како и за сите останати граѓани или во моменталното ограничување од 19 часот навечер до 5 наутро.Текстот во целост на: alsat-m.tv. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Починат маж пронајден во кругот од старата касарна во село Долна Бањица во Гостивар

На 13.05.2020 во 18.10 часот во СВР Тетово, Д.Г.(50) од гостиварското село Долна Бањица пријавил дека во кругот од старата касарна во село Долна Бањица во Гостивар бил пронајден починат М.З.(53) од истото село. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на лице место на лице место извршиле увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, почија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

posta

Фатен е разбојникот кој ја ограби поштата во Охрид, се утврдува колку средства биле одземени

Секторот за внатрешни работи Охрид потврдува дека утрово била ограбена пошта во центарот на Охрид, а моментално се работи на утврдување колку средства биле одземени од страна на разбојникот.Можниот сторител на кривичното дело е фатен по неколку часа, а ќе се гони за разбојништво од страна на охридската полиција. Засега останува непознато дали во моментот на грабежот во поштата имало клиенти или биле само вработените.Попладнево, пред филијалата е мирно и нема голема раздвиженост.фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања