Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Pendarovski

Владата ќе бара од претседателот ново продолжување на вонредната состојба

Владата ќе побара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, по истекот на вонредната состојба во сабота, тој одновно да ја прогласи на целата територија на државата. Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека препораката е поради повеќе причини, но, конечната одлука ќе ја донесе претседателот Пендаровски по утрешниот состанок со Советот за безбеднсот.„Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба поради повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплементирање на препораки и во периодот кој што следува“, рече Филипче.Претседателот на државата, претходно кажа дека ако состојбата со коронавирусот се смирува, тој двапати ќе размисли дали ќе прогласи нова вонредна состојба, по трети пат.„Важно е прогласувањето на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат само за време на вонредната состојба. Многу е важно тие да важат и понатаму. Важно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми. Во однос на рестрикцијата на движењето, уредбите кои што важат и така натаму. Се уште е важно да имаме инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести, практично можат да се имплементираат преку Владата“, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Изготвен протокол во четири дела за предеизборниот период, но и за денот на изборите

Комисијата за заразни болести го испрати протоколот според кој ќе треба да се одржуваат престојните избори до техничкиот премиер Оливер Спасовски и претседателот на државата, Стево Пендаровски. Со него, не се забрануваат одржувања на митинзи, одење од врата на врата, туку се препорачува почитување на мерките кои веќе се донесени за користење на дезинфекциски средства, држење дистанца, носење на маски. Министерот за здравство, Венко Филипче, презентирајќи го протоколот, рече дека очекува сите учесници во изборите да ги почитуваат правилата.„Тој предвидува мерки и ограничувања кои прецизно го регулираат начинот и спроведувањето изборната кампања, организацијата на собирите, здравствениот протокол на денот на гласањето. Протоколот е составен од четири дела. Во однос на предизборната кампања согласно генералните препораки на Комисијата за заразни болести, а врз основа на кои се темелат генералните правила за движење, социјализација и комуникација на луѓето, одржувањето на сите активности на партиите во кампањата треба да се одржуваат почитувајќи ја физичката дистанца од 1,5 до 2 метри, задолжително носење на маска при реализација на сите активности за време и пред кампањата и задолжително често миење на рацете и дезинфекција во насока на превенција“, рече Филипче.При собирите, Филипче кажа дека се препорачува користење на разгласни уреди за нема собирање на поголема група луѓе без препорачаната дистанца. Активисти од партиите можат да одат и од врата на врата, но, не смеат да влегуваат внатре во домаќинствата.„Во однос на спроведување на кампањата, предлозите се при одржување на било какви собири, мора да се почитуваат сите мерки кои ги набројав. Собирите кои се одржуваат на отворен и затворен простор, секогаш почитувајќи ги овие мерки и согласно тоа, бројот на учесници. Дури и за помали собири да се користат разгласни уреди за озвучување, за да се избегне концентрирање на луѓето на помал простор. Кампањата од врата на врата, мора да се реализира исто согласно овие протоколи, задолжително да се носи заштитна опрема, да не се влегува во самите домаќинства, туку надвор на врата или во дворовите. Партиските активности во штабовите секогаш кога е можно да се одржуваат на отворено, а кога не може да се почитуваат горенаведените правила. Задржувањето во партиските простории не смее да биде подолго од два часа, по што, тие ќе треба да се проветруваат и да се врши секојдневна дезинфекција на просториите. Мобилните штандови односно пултови за делење на рекламен материјал не смеат да служат како места за собирање на голема група на граѓани, а не смее да има повеќе од двајца активисти на еден штанд. Партискиот превоз се спроведува со средствата за јавен превод, чиј капацитет може да биде пополнет максимум 50 проценти, а сите внатре носат заштитна опрема“, додаде Филипче.За денот на гласање, предвидено е гласачите двапати да се дезинфираат и тоа на влез и излез, а маската која ќе мора да ја носат, да ја вадат само кога ќе треба да се идентификуваат пред избирачкиот одбор.„Во однос на денот на изборите, сите акредитирани набљудувачи и членовите на одборите мора да носат заштитна опрема. Во просториите седат со отворени прозори или ги проветруваат секој час. На секое избирачко место мора да има задолжително средства за дезинфекција на гласачите. На избирачкото место ќе се чека на дистанца од 2 метри, при самото влегување најпрво ќе треба да се дезинфицираат рацете, при подавање на личната карта ја симнуваат кратко маската за идентификација и ја држат потребната дистанца од членовите на избирачкиот одбор, а по гласањето повторно ги дезинфицираат рацете. Во просторијата никогаш нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање. Доколку постои можност, а за што треба да се консултира ДИК се препорачува зголемување на времето за гласање за два часа, со цел да се избегнат поголеми гужви“, соопшти Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

voz

Тримесечно бебе и четворица луѓе се тешко повредени во железничка несреќа кај Велес

Дваесет и двегодишен кумановец и тримесечно бебе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на железничката пруга Градско-Велес, кога товарен воз удрил во нивниот автомобил.Според информациите од МВР, автомобилот претходно излетал од патот и паднал на пругата по што возот удрил во него.Во автомобилот, покрај 22-годишниот возач и бебето, биле и тројца сопатници. Сите веднаш биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди.Во периодот од 19.05 до 23.40 часот, за време на вршење на увидот, железничкиот сообраќај бил во прекин.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Дваесетгодишник од Делчево силувал малолетничка

Полицијата поднесе пријава против 20-годишно момче од Делчево осомничено дека силувало малолетно девојче.Според информациите на МВР, Б. М. (20) од Делчево е осомничен дека во текот на октомври и ноември минатата година во Делчево, во два наврата, извршил полови дејства над малолетно девојче од Делчево.На 11 мај во просториите на ОВР Делчево девојчето го препознало пријавениот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

derkovski

Дерковски: Одржувањето на избори зависи од тоа што здравствените власти ќе препорачат

Претседател на ДИК Оливер Дерковски, во гостување во „Утрински Брифинг“ зборуваше за актуелната тема која е поврзана со одржување на избори каде посочи дека процесот за одржување на изборите ќе мора да се прилагодува на она што здравствените власти ќе препорачат.-Избори мора да има до крајот на мандатот на овој пратенички состав согласно верификацијата на 31 декември кој беше тогаш ратификуван.  Сега настапи една пандемиска криза која за сите нас е новина ви рекол во државата. Ние се соочуваме со ситуација до која до сега не била, така што и самата комисија и овој процес ќе мора да се прилагодува на она што здравствените власти ќе го препорачат, истакна Дерковски.Претседателот на ДИК вели дека нема да потпише избирачки список кој нема да ја помине целата процедура за тој да биде прочистен и нема да обезбеди заштита на гласачкото право.-Избирачкиот список се потпишува од сите членови на комисијата и од кога ќе се потпишат сите, тој се заклучува и со тој список се оди на избори. Избирачки список кој не би ја поминал целата процедура за да биде утврден прочистен, распоредени сите гласачи на своите места, да им се даде право на увид за да може да се заштитат и да обезбедиме заштита на гласачкото право пред надлежните судови, јас нема да потпишам, истакна претседателот на ДИК, Дерковски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vmro-za-trevnik

Попова: Шилегов плаќал како да купува злато, а има само зелена трева, најскапиот тревник во светот скопјани ги чини 530 илјади евра

Ова зад мене е најскапиот тревник во светот. Овој тревник заедно со содржините на него скопјани ги чини неверојатни 33 милиони денари, односно над 530 илјади евра. Оваа трева не е златна, ниту се златни содржините на него, а истите скопјани ги чини цели 530 илјади евра. Што значи дека еден метар квадратен трева чини 6.600 денари односно 110 евра, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.За илустрација со 530 илјади евра може да се изгради монтажно училиште, или пак амбуланта какви што им се потребни на скопјани. Овој тревник чини 110 евра по метар квадратен, а метар квадратен за градба на училиште на пример изнесува 70 евра. Сето ова отвора сомнеж за корупција и криминал. Петре Шилегов стои зад најскапиот тревник во светот, а гледаме дека освен зелена трева, клупи и дрворед нема ништо атрактивно.Шилегов плаќал како да купува злато, а има само зелена трева, најскапиот тревник во светот скопјани ќе ги чини неверојатни 530 илјади евра.Се поставува прашањето во чии џебови отидоа парите од вака скапиот парк. Кој веројатно ќе влезе во гинис и тоа не само како најнефункционален парк бидејќи се наоѓа на самиот плоштад туку и како најскап парк во светот, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.видео: ВМРО ДПМНЕ   

Скопје | пред 5 години

98484483_1044469672601595_4859222455622828032_n

(ФОТО) Пронајдено оружје кај жител на Арачиново

На 14.05.2020, врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1, во координирана акција помеѓу Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со одрога и оружје при СВР Скопје, бил извршен претрес во домот на Б.Н. од с.Арачиново, скопско. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со една рамка со 29 куршуми, пиштол „Глок 19“ со три рамки и 63 куршуми калибар 9 мм.Б.Н. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.фото: МВР 

Македонија | пред 5 години

puska

Скопјанец се повредил со ловна пушка во Галичник

На 13.05.2020 во 21.35 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека на регионален пат Маврово-Маврови Анови, на совозачкото седиште во паркирано патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, бил затекнат повреден М.В.(54) од Скопје. По кажување на возачот на возилото О.Р.(45) од Скопје, додека двајцата, заедно со Н.Д.(29) од с.Маврово, биле на место викано „Тонивода“, атар на с.Галичник, каде пукале во мета, М.В. се повредил од ловнапушка карабин, сопственост на О.Р. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била констатирана тешка телесна повреда.За настанот е известен Јавен обвинител, а од полициски службеници од СВР Тетово ловната пушка била подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

culev

Чулев: Постапував согласно законот, Антикорупциска ја отфрли пријавата на Петровска

Државната комисија за спречување на корупција во изминатиот период постапуваше по пријави поднесени од страна на Министерот Наќе Чулев и Дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска.  Во првиот случај од страна на Министерот Чулев беше доставена пријава како резултат на одлуката на владата за поништување на решенијата за распоредување, а во вториот случај од страна на дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска беше поднесена пријава за наводни незаконитости и коруптивни дејствија во постапка за објавување и избор на кандидати по интерни огласи во МВР, а наводно сторени од министерот за внатрешни работи. Во случајот каде Министерот Чулев се јавува како подносител на пријавата Државната комисија за спречување на корупција донесе одлука дека истата се прифаќа, а во случајот на Дополнителната заменик министерка истата е се запира со одлука на ДКСК.Имено, во однос на пријавата поднесена од министерот Наќе Чулев од страна на ДКСК донесена е одлука според која владата со донесувањето на одлуката за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување на наредби и задачи со која е поништено и решението со кое се именува началник на сектор за внатрешни работи Тетово, ЈА ПРЕКРШИЛА ЗАБРАНАТА утврдена во чл. 8-а став 1 алинеја 3 од изборниот законик и во членот 34 став 1 алинеја 3 од законот за спречување на корупција и судир на интереси. Спорната одлука на владата била донесена на 18.02.2020 година, два дена по донесување на решението за распишување на предвремените избори за пратеници од страна на претседателот на собранието, односно истата била донесена за времетраење на изборниот процес, кога важат забраните утврдени во чл. 8-а ст. 1 алинеја од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.Во однос на пријавата од дополнителниот заменик министер, Славјанка Петровска ДКСК донесе одлука со која постапката по конкретниот СЕ ЗАПИРА. Во образложението на одлуката ДКСК утврди дека во предметниот случај не се направени никакви прекршувања на законските и подзаконските акти и било какви коруптивни дејствија, дека во предметниот случај е променета фактичката состојба односно од страна на владата биле донесени одлуки за поништување на решенија за распоредување на работно место и наредби за извршување на работи и задачи, со кои биле поништени повеќе решенија донесени од министерот за внатрешни работи, потпишани само од него во периодот од 06.02 до 17.02.2020 година  и дека во конкретниот случај станува збор за прашање поврзано со надлежно постапување на друг надлежен државен орган, односно се работи за несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик во кој случај согласно одредбите на законот за владата должна е да постапи државната изборна комисија.Согласно погоренаведеното сакаме уште еднаш да истакнеме дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев донесувањето на решенијата за распоредување и наредби за извршување на работи и задачи во изминатиот период го правел согласно законот за Влада, одредбите регулирани во делот на техничката Влада, законот за внатрешни работи, колективниот договор и законот за организација и работа на органите на државната управа како и сите релевантни подзаконски акти.

Македонија | пред 5 години

maska

МВР затекнала 25 лица без заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.05.2020 година) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се  25 лица што ја прекршиле оваа мерка.За последните 24 часа на  територијата на Република Северна Македонија на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bremeno

Совети: КОВИД-19 и бременоста

Министерството за здравство, во соработка со УНФПА и ХЕРА изготви препораки и брошура на македонски и на албански јазик за антенатална и интерпартална грижа, во услови на Ковид-19 и бременост.Брошурата е наменета за трудници со совети за одржување на своето здравје и превенција од овој вирус, кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се заразат со Ковид-19, дали трудниците се во поголем ризик од останатите, дали вирусот може да се пренесе на нивното бебе и други корисни информации.Изготвени се и нови препораки наменети за здравствените работници за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со Ковид-19, со цел нивно правилно информирање и соодветно следење во текот на бременоста, како и во постпарталниот период. Тука има корисни совети за превенција на ширењето на инфекцијата со коронавирусот, како и оптимизација на прегледите на бремените жени за да не се изгубат придобивките од редовните антенатални контроли, а по потреба да се намали нивниот број и да се обезбеди превенција од заразување на пациентката со болеста КОВИД-19.Во рамки на препораките се вклучени и неколку алгоритми за олеснета прегледност на постапките, кои треба да се преземат кај пациентките суспектни или со потврдена инфекција со коронавирусот, и тоа во тек на антенаталните контроли, тријажа на пациентки со симптоми за КОВИД-19, хоспитализација на ризични пациентки, начин на завршување на породувањето и постпородилниот период.- Брошура за бремени жени и коронавирус македонски јазик 

Слајдер | пред 5 години

todor

Тодор Ивановски: Департизација на земјата, воведување на заштитни механизми и принципи кои драстично ќе го намалат влијанието на носителите на власт врз процесот на вработување, градење кариера, избор...

Интервју со Тодор Ивановски , „Македонски Концепт“ – Кандидат за листа на пратеници за ИЕ 5Тодор Ивановски е Дипломиран менаџер по туризам и угостителство на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, но практично сиот професионален ангажман го врзува за културата, фестивалскиот менаџмент и независната културна сцена.Во своето професионално портфолио кое започнува да го гради пред 25 г. се вбројуваат преку две илјади културни и сoцио-културни настани, иницијативи, прокети, акции…Поборник е на департизација на општеството, културна децентрализација и поддршка на независната културна сцена.Искусен професионалец и посветен граѓански активист.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Тодор Ивановски: За МК Концепт дознав од социјалните медиуми. Ме бендиса начинот и стилот на „повикот“, отвореноста за  сите граѓани што сакат да придонесат кон подобра иднина; „Граѓанскиот манифест“ како платформа, граѓанскиот пристап наместо партискиот кој лично ми е одбивен; ставањето на акцент кон професионалноста наместо партиската припадност, и секако, едно што секој од нас во оваа земја го посакува: нормалноста како посакувана состојба во општеството…Се приклучив поради чувството на одговорност кон нашата заедница која е во длабока криза.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Тодор Ивановски: Да, макар сум бил дел од граѓански иницијативи, една граѓанска листа, герила акции и кампањи на граѓанскиот сектор, за прв пат прифатив ваков предизвик и формално да бидам дел од една изборна листа.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Тодор Ивановски: Живееме во деградирано општество, кое е во „термална“ фаза на распаѓање, ако можам така да се изразам. Поместени се границите помеѓу нормалното и ненормалното, легитимното и легалното, професионалното и дилетантизмот, културното и естрадното… Речиси не постои сегмент на живеењето кој не е зафатен со тој дегенеративен процес. Апатија, итроманство, клиентелизам, политички волунтеризам, страв, не-слобода, фарсичност, масовна миграција. Тоа се само неколку од состојбите. Процесот за жал оди надолу со голем интензитет. Основната причина за една ваква системска, социо-економска, па и духовна катастрофа ја гледам во злоупотребата на политичкиот систем од двете најголеми политички партии кои наизменично владеат со оваа земја скоро 30 г.  „Тие“ се претставници на таканаречената „Партократија“, која е антитеза на Демократијата. Практично „партократијата“ е паралелен политички систем во државата, кој се крие зад легитимноста, законите, дадената доверба на граѓаните и сл.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Тодор Ивановски: Пред се департизација на земјата. Воведување на заштитни механизми и принципи кои драстично ќе го намалат влијанието на носителите на власт врз процесот на вработување, градење кариера , избор и именување. Градење на отворени можности за секој граѓанин да учествува на пазарот на трудот, без оглед на партиската , етничката или било која друга припадност. Реални еднакви шанси за секој, наспрема сегашната декларативност! Професионализам наместо Партизам!ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Тодор Ивановски: Ако веќе треба да ставам фокус на една или две компоненти тоа би било пред се департизација на администрацијата, како и  јакнење на граѓанскиот сектор и независната културна сцена.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Тодор Ивановски: Мојот фокус врз е градење еднакви можности за сите граѓани, и анулирање на штетните последици од досегашната пракса каде „партијата“ одлучува! Од тој аспект како човек од културата и граѓанскиот сектор, ќе се трудам моето, а и сечие друго искуство и контакти, да ги подобрам условите на функционирање во културата, посебно во делот на независната културна сцена. Оттука ќе настојувам на ист начин да придонесам подобрување на условите за делување и партнерство со реалниот граѓански сектор, кои сега се на незавидно ниво или практично не постојат.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Тодор Ивановски: Департизација на органите и институциите како основен предуслов за вистински промени и напредок на општеството, преку воведување контролни механизми и стандарди, поголема јавност и транспарентност. Промена на политичкиот систем кој се покажа како неефикасен и далеку од демократичен, со една изборна единица и отворени изборни листи и одговорност за носителите на функции.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Тодор Ивановски: Проектите се начин да се имплементираат нови идеи, стандарди, трендови во секоја област. Исто така тие се можност за вклучување на повеќе субјекти, градења партнерства…Проектите имаат јасни перформанси и видливост. Проектното работење е европски модел кој се покажа како ефикасен, секако доколку се постави на јасни основи , критериуми и индикатори за успех.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Тодор Ивановски: Посакувам да ја видам нормализирана, созреана… Демократизирана, послободна, поотворена, економски и социјално поздрава!фото: Македонски концепт 

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев: Ќе поднесеме кривична пријава за Наќе Чулев, не ја исполни својата обврска и во Струга дозволи да се прекршуваат мерките

Претседателот на СДСМ Зоран Заев најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, за масовното групирање што се случи на литијата во Струга, бидејќи како министер тој не ја исполнил својата должност.„СДСМ ќе поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, затоа што не ги исполни очекувањата како министер.  МВР однапред знаело дека се подготвува овој настан, беа претходница на случувањата, а тоа не смееше да се случи бидејќи има забрана за групирање. Се работи за принцип, санкциите се применуваат за да не се повторат прекршувањата“, рече претседателот Заев во вечерашното гостување на емисијата Топ Тема.Тој потсети дека СДСМ и премиерот Оливер Спасовски побарале оставка од Чулев, бидејќи тој бил единствено надлежен да ги санкционира случувањата со литијата во Струга.„Државата не ги затвори верските објекти, туку воведе рестриктивни мерки да не смеат граѓаните да се групираат. Мерките мора да ги почитуваат сите, бидејќи никој не е над законот, законите важат за сите подеднакво“, додаде Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев е спремен да жртвува се, само за да има полесен пораз на избори

Зоран Заев денеска го покажа вистинското лице на хибридниот режим. Заев би го жртвувал и здравјето на граѓаните, само за да извлече политички бенефит. Заев е спремен да жртвува се, само за да има полесен пораз на избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Точно е дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е многу поголем од тој на СДСМ тоа впрочем го знае и Заев, но ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на избори кои ќе значат макар и еден заразен граѓанин повеќе.Потребно е обезбедување на целосно безбедни избори, од аспект на запазување на здравјето на граѓаните.Само за да го намали поразот Заев е спремен и да го жртвува здравјето на илјадници граѓани.Апсурдите на Заев се гледаат и од неговиот став дека не сака избори сред лето затоа што е многу топло. Јасно е дека Заев сака избори што е можно побргу за да го минимизира поразот, без разлика колку луѓе од тоа би настрадале.Заев не го боли литијата во Струга, туку тоа што Наќе Чулев влезе во магацините каде неговиот брат Вице Заев делеше поткуп среде Струмица.Заев и СДСМ три месеци покажуваат како не треба да се води држава.Економијата е на колена. Мерките кои ги најавуваа на големо не вродија со плод. Македонија за своето стопанство одвојува најмалку во споредба со целиот регион, но задолжувањата не престануваат само во првите три месеци секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари.Акцизата за горивото кое Заев ја нареди допринесе граѓаните да плаќаат најскапо гориво во регионот. Краде од народот за да даде на тајкуните блиски до него.Заев и СДСМ ја фрлија Македонија во хаос, а граѓаните во сиромаштија и беда.Три години Заев. Три години хибриден режим, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kupi-on-line

Комерцијален оглас - Kupionline.mk понуда на ексклузивна козметика – Крем за инстант лифтинг (30 гр)

Крем за инстант лифтинг (30 гр) нарачајте го на Kupionline.mk со клик Т У К А.AuQuest 5 е еден од најдобрите anti-age  креми на козметичкиот пазар, кои ја затегнуваат кожата на лицето, вратот и деколтетот веднаш по нанесувањето и ги прават брчките невидливи! Лифтинг ефектот трае до 8 часа (зависно од квалитетот на вашата кожа), но со редовно користење ја регенерира кожата и го успорува драстично нејзиното стареење.Кремот е ефикасен и за брзо и забележливо намалување на торбичките и темните кругови под очите, како и за бришење на  брчките на вратот и деколтето. Претставува идеално решение за специјални прилики кога сакате да изгледате посебно убаво. Кремот содржи пептиди и моќни антиоксиданти, кои не само што ја прават кожата по-младолика, туку моментално ја зацврстуваат и го успоруваат нејзиното стареење.За разлика од другите креми од овој тип на на пазарот кои најчесто се  мрсни, сјајни и забележливи , AuQuest има текстура на гел-крем кој мошне лесно се апсорбира, не ги затвора порите и не создава бубулици, а ја прави кожата свежа и затегната.  Благодарение на  без-мрсната и лесна формула, крем-гелот е погоден за сите типови кожа. Може да го користат и мажи и жени, лица од сите возрасти над 20-та година, кај кои веќе се појавиле првите брчки.Начин на користење:Кожата се чисти со топла вода, и кремот рамномерно се нанесува  со блага масажа  и притискање, се додека не се упие.

Магазин | пред 5 години

zaev

Заев: Имаме предност од 6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, високиот рејтинг се должи на добрите економски мерки и политики

„Аналитичарите од СДСМ правеа анкета преку релевантна агенција и јас не би коментирал поконкретно околу резултатите. Имаме шест отсто предност, а ако има анкета со предност на ВМРО ДПМНЕ тогаш тие би требало да сакаат избори“- посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизија Телма.Високиот рејтинг на СДСМ, додаде тој, се должи на исправните економски мерки.„Лично верувам дека мојата политичка опција заедно со граѓаните, тоа што го нудиме, и како кадар, и како политика, дека ќе имаме нов мандат. Очекувам да порасне нашиот рејтинг до есен и да имаме предност и осум проценти, затоа што имаме солидни економски мерки. Имаме доволно пари, имавме голем пораст на БДП. Тврдам дека ќе бидеме економија за најмалку последици од пандемијата. Затоа и имавме рестриктивни мерки, за да спречиме ширење на вирусот“- изјави Заев.Тој објасни дека СДСМ ќе практикува нов метод на изборна кампања.„Граѓаните не познаваат, но сепак е важна кампањата, програмата и кадрите кои ќе се понудат. Нема да можеме класични митинзи секако, но може мали собири, со граѓани на дистанца, еве имаме пример во Германија, како граѓаните беа на собир со дистанца. Ние ќе користиме видео стриминг од нашите простории со носителите на листите. Така ќе ја преставиме програмата пред гласачите и секој ќе може тоа да го следи. Настапи ќе имаат и другите кандидати. Имаме алтаки кои ќе ги користиме. Можеме и со принципот од врата на врата“- рече Заев на Телма.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев на ТВ Телма: Потребни се избори, за да ги вратиме институциите, за да градиме здрава економија

Нема поважно од здравјето на луѓето, чуму ви било на некој избори ако ние загрозиме макар здравје на еден човек, не ни треба таа работа ќе го потврдам од аспект на СДСМ ние сме владеачка партијата, ние веруваме по истражувања, по тоа што сме сработиле, по тоа што нудиме за следниот четиригодишен период дека ќе добиеме доверба и одговорност повторно од граѓаните без разлика дали изборите ќе се сега во јуни или ќе бидат во јули во август па дури и во декември, ние ќе имаме уште четири години мандат зошто тогаш да не ги искористиме овие девет месец, истакна претседателот Заев во гостувањето на Топ Тема на Телевизија Телма.Тој истакна дека сега кривата на заразата е долу и треба да се искористи периодот, а особено есента и зимата се време на нови вирози, на нови пикови.- Сега ризикот е најмал, но ако здравствените експерти оценат дека нема услови за избори, нема да има избори, ние не можеме да си дозволиме да го доведеме во опасност здравјето на граѓаните. Никој не сака да изнасили избори, нашата суштина е да бидеме паметни да ги вратиме институциите час поскоро да фунцкионираат да биде здрава демократијата нагласи Заев.Сосема ми е јасно, додаде Заев, како се чувствуваат граѓаните, како ги поминуваат овие тешки моменти. Одговорна политика значи да понуди, кои се опциите за нашиот народ.Образложувајќи ги аргументите за што поскоро одржување на избори, Заев истакна дека нашата земја нема парламент, како коректив на владата, владата е техничка, а економијата ќе претпри уште еден удар ако изборите се одржат наесен.- Сега кога излегуваме од оваа работа треба да ја завршиме и работата со изборите, ако одиме во септември уште еден удар ќе и дадеме на економијата, заклучи претседателот Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Започнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот

Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусот. Овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа.Согласно ова, Владата на вчерашната седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.Во одлуката се наведува дека заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за КОВИД-19, за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата. Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на Државната изборна комисија

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија, која следува по вчерашната одржана лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори.Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.На средбата беше договорено ДИК, во текот на утрешниот ден да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

basket-ohrid

Баскет игралиште во населбата „Црногорци“ - Охрид

Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија  наскоро започнуваат со реализација на крупен спортски проект, изградба на  Баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“ .Игралиштето сместено во делот за спорт и рекреација  ќе биде со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него ќе има специјална подлога за играње кошарка, а ќе бидат поставени рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.Игралиштето ќе биде наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“, а според  планираното Општина Охрид  во иднина предвидува овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ohrid-velosiped

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјетона општина Охрид за купување велосипеди во 2020

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година, согласно член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед во 2020 година („Службен гласник на Општина Охрид’’ бр.1, бр.08-815/21), општина Охрид  објавува ЈАВЕН ПОВИКЗа субвенционирање на граѓаните на подрачјетоНа општина Охрид закупување велосипеди во 2020 година  Опис на јавниот повик1.1. Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.1.2. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот,  но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „првдојден, првуслужен“. Право на учество на Јавниот повикПраво  на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Охрид, кои ќе купат нов велосипед од било кој продажен салон во нашата држава од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпувањето на буџетот  наменет за Јавниот повик, или неподоцна од 30.11.2020 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик. Услови што треба да ги исполни барателотБарателот треба да ги исполни следниве услови:да е жител на општина Охрид,до сега нема искористено субвенција за купување на велосипед,новиот велосипед да е купен во нашата земја во периодот од објавување на повикот се до исцрпување  на буџетот наменет за Јавниот повик, но неподоцна од 30.11.2020 година. Начин на пријавување на Јавниот повик4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети,  барателот до општина  Охрид  треба да достави:– барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општина Охрид:  (www.ohrid.gov.mk),– доказ за жителство во општина Охрид, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,  фотокопија од трансакциска сметка на барателот,-изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед ,–  оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од  објава на јавниот повик на официјалната веб стрна на општина Охрид, се до исцрпувањe на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2020година4.2.Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед.4.3. Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020 година, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57, секо јработен ден од 09:00 до 15:00 часот.4.4. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020година. “4.5. Архивата на општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата. Начин на спроведување на Јавниот повик5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2020година.5.2. Општина Охрид, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2020година.5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, општина Охрид ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страна. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решение за исплата на средствата. Начин на остварување на правото на надоместок(1) Градоначалникот на општина Охрид врз основа на Предлогот на комисијата носи решение за одобрување на Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди.(2) Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно Јавниот повик за одбивање на барањето.Деталите може да ги погледнате на овој линк...

Македонија | пред 5 години

droga-prodazba

Приведен дилер на дрога во с.Заграчани

На 11.05.2020 од Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од СВР Охрид во с.Заграчани бил лишен од слобода З.А.(49) од с.Заграчани. Приведувањето е извршено по претходно распишана потерница и наредба издадена од Основниот кривичен суд Скопје, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 од КЗ. Притоа на З.А. од страна на Основен суд Струга изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.По спроведена истрага во врска со реализиран случај на недозволена трговија со марихуана во кој беше запленета наркотична дрога од пет килограми марихуана, на 11.05.2020, поднесена е кривична пријава против Ф.Д.(55) од Албанија и З.А.(48) од Струга, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215  од Кривичниот законик.Имено, во текот на месец ноември 2019 Ф.Д. извршил неовластена набавка и транспорт на наркотична дрога марихуана од територијата на Република Албанија на територија на Република Северна Македонија, која што З.А. ја чувал во семејната куќа во с.Заграчани со цел понатамошна продажба.Притоа Ф.Д. и З.А. врз основа на претходен договор на 02.12.2019 остваруваат средба на територија на Струга, поточно во семејната куќа на З.А. во с.Заграчани каде било извршено предавањето на марихуаната и истата ја презел Р.А. кој ја сместил во патничко моторно возило “Опел Корса“, по што се упатил во правец на Кичево. Од полициски службеници било сопрено возилото управувано од Р.А. и по извршен преглед на возилото во предниот дел на подот пред совозачкото седиште пронајдени биле пет најлонски паковки со марихуана.По извршеното вештачење утврдено било дека се работи за вкупно нето маса од 5019,6 грама марихуана.На 11.05.2020 врз основа на претходно издадена наредба од Основен Кривичен Суд Скопје 1 Скопје, извршен бил претрес на дом и други простории на З.А. каде било пронајдено и со потврда за привремено одземени предмети одземени биле мобилен телефонски апарат, 16 патрони за ловечка пушка, два патрони за ловачка пушка, како и предмети со остатоци од непозната црна материја.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Milosev-foto-13.5.2020

Милошев: Мерките за справување со коронавирусот дадоа позитивни резултати

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска учествуваше на меѓународна видеоконференција за размена на мерките за превенција и контрола, како и размена на искуствата и предизвиците во дијагностика и третман, балансот меѓу нормалната економска и социјална активност, како и потребите од епидемиолошка контрола поврзани со коронавирусот во светот.- Ги поставивме мерките за справување со коронавирусот во вистинската насока, навремено и со добра организација, а сето тоа даде позитивни резултати. Во соработка со експертите од Комисијата за заразни болести, епидемиолозите, како и во консултација со вработените во јавноздравствените установи поставивме темели на самиот почеток кои беа високо-рестриктивни, но ги постигнаа очекуваните резултати. Во секој момент ги следевме трендовите од другите држави и ги разгледувавме позитивните и негативните сценарија и согласно на тоа реагиравме. Досега сме задоволни од резултатите и остануваме во надеж за добар тек на ситуацијата со коронавирусот, со намален број новодијагностицирани, како и со цел усовршување на третманот на веќе заболените пациенти и со работа на изнаоѓање лек против овој вирус, истакна државниот секретар Милошев.На видео конференцијата учествуваа и претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија, кои ги презентираа досегашните искуства во своите земји. Сите претставници  укажаа на тоа дека само со координиран  пристап на сите земји во натамошното делување при справување со состојбата со коронавирусот може побрзо да се надмине оваа глобална здравствена криза.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 5 години

13052020_IS_pres-konferencija-2

За една недела направени 3.690 инспекциски надзори, угостителите да се воздржат од отворање на објектите, до нова одлука

Претседателката на Инспекцискиот Совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната редовна прес-конференција информираше за инспекциските надзори направени од страна на шест инспекторати во периодот од 4 до 11 мај годинава, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.„Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства реализираа вкупно 3.690 вонредни инспекциски надзори. Клучна улога во контролата на спроведувањето на сите мерки донесени од Владата имаат инспекциските служби кои секојдневно одговорно и професионално го следат почитувањето на мерките од страна на правните лица и граѓаните“, рече Филиповска-Грашкоска.При тоа, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, и во овој период беа особено активни, при што се реализирани 2.221 контрола, во трговски објекти на големо и мало во кои спаѓаат и угостителски објекти, аптеки, бензински станици, банки и пошти. Директорот на државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски апелираше до угостителите да продолжат да се придржуваат на одлуката на Владата и да не ги отвораат угостителските објекти бидејќи забраната за нивно работење се уште е на сила.„Државниот пазарен инспекторат постапува исклучиво по одлуките коишто ги донела Владата. Согласно ова укажуваме дека се до моментот додека Владата не донесе нова Одлука, Државниот пазарен инспекторат ќе постапува и се што ќе констатира како неправилност ќе санкционира. Мора да напоменеме дека многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и притоа се собираат граѓани. Во вакви случаи постапивме изминатите два дена во Тетово, Врапчиште и во Гостивар“, подвлече Пауновски.Државниот пазарен инспекторат постапуваше по утврдените неправилности и при тоа се затворени вкупно 5 угостителски објекти во Кичево, Охрид, Тетово и Струмица, а за објектите во Охрид и Струмица ќе следуваат и кривични пријави.Воедно се евидентирани 5 прекршока за непочитување на замрзнати цени или несоработка при надзорот, во повеќе населени места и се запечатени 3 кафемати во Штип. При контролите извршени во Виница, Кочани, Пробиштип, Делчево. Ресен, Прилеп, Кичево и во Скопје евидентирани се 18 прекршока за непочитување на одлуката за лична заштита и еден прекршок по одлука за ред и дисциплина пред и во трговските објекти.Претседателката Филиповска-Грашкоска истакна дека Државниот инспекторат за труд, во горенаведениот период го зголеми обемот на активностите, при што реализираше вкупно 819 контроли кај работодавачи, по планиран распоред или по доставена пријава од граѓани. За периодот од 4 до 11 мај од страна на овој инспекторат донесени се 11 решенија и 39 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.„Постапувајќи по препораката за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни, трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораки за заштита на вработените од КОВИД-19, при што кај одреден број на работодавачи е евидентирано дека има работници кои работат и од дома“, нагласи Филиповска-Грашкоска.Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од овие седум дена спроведе вкупно 214 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти, зелени пазари.„При тоа е издаден еден прекршочен платен налог заради промет со небезбедни производи, изречени се вкупно 5 решенија заради неспроведување на контрола на штетници и заштита од нив, неводење на записи или лоши хигиенски услови како и вкупно 12 казнени мерки едукации поради непримена на заштитни мерки против корона вирус, неводење евиденции за добра хигиенска пракса и неправилно означување на производите“, посочи Филиповска-Грашкоска.Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 4 до 11 мај направи вкупно 183 надзори. При тоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Во целосен прекин се меѓуградските линии од Скопје кон Охрид, Битола, Ресен, Прилеп, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Кочани, Берово и обратно.Меѓуопштинскиот линиски превоз на патници на релација Скопје – Куманово и обратно и Скопје -Тетово и обратно исто така е во целосен прекин по одлука на Влада на Република Северна Македонија.„Меѓународниот линиски превоз од почетокот на вонредната состојба и воведувањето на рестриктивните мерки е во целосен прекин и нема постојан престој на граничните премини. Од направените контроли на автобуските станици во неколку градови низ државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50% намален капацитет, односно за преполовен број на патници. Воедно, констатирано е дека товарниот сообраќај се одвива без ограничувања и се почитуваат препораките“, рече Филиповска-Грашкоска.Државниот здравствен и санитарен инспекторат, спроведе вкупно 184 надзори во субјекти во нивна надлежност, односно во приватни и јавни здравствени установи, домови за стари лица и други правни субјекти во нивна надлежност, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од коронавирусот КОВИД-19.„Исто така, во овој период издадени се 396 дозволи на транспортери професионални возачи, со кои се обезбедува непречено спроведување на транспортот во услови на епидемија од коронавирус“, потенцираше Филиповска-Грашкоска.Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД во периодот од овие пет дена изврши вкупно 69 контроли. При тоа е констатирано дека нема специфични отстапувања. Инспекторите на МАЛМЕД продолжуваат да ја следат состојбата секојдневно на терен и ги повикуваме граѓаните и сами да пријават неправилности доколку наидат на невообичаени практики.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам, покани две македонски и дури пет албански партии, во која држава живееш

Нелигитимниот претседател Стево Пендаровски избран со само 23 отсто од запишаните избирачи од кои голем дел албанци, е голем срам за Македонија и Македонците, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Стево Пендаровски заборавил во која држава живее со поканата на гости кај него за изборите и моделот на изборната кампања во услови на коронавирусот да одлучуваат две македонски и дури пет албански партии на албанското малцинство во државата.  Овој формат не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и сите државјани на Македонија. Овој формат е неприроден, неприфатлив, недозволив и не ја отсликува македонската реалност.Здравјето на луѓето и Татковината е немерливо. Затоа, решение за изборите треба да се бара според формулата за учество на сите политички партии кои имаат потврдени Листи за пратеници од Државната изборна комисија и тоа од најмалку две причини, прво, овој формат овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите малцинства, и второ, претстојните изборите имаат историско значење оти народот треба да го даде одговорот по кој пат ќе оди Македонија - или ќе се зацементира бришењето на сешто е македонско од марионетската власт во Скопје или ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања