Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Ангела Мирчевска победи на онлајн квизот за ЕУ

Ангела Мирчевска од Филозофскиот факултет во Скопје, со точно одговорени 29 од вкупно 30 прашања победи на онлајн квизот за Европската Унија што се одржа на 9 мај по повод Денот на Европа на Фејсбук страницата на Европското движење (www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK).Второто место го освои Михаил Дивјакоски од Економскиот факултет во Прилеп, со точно одговорени 28 прашања, а третото Никола Чамовски од Факултетот за безбедност во Скопје со точно одговорени 25 прашања.На онлајн квизот за ЕУ учествуваа 11 студенти од повеќето универзитети во државата и сите покажаа одлично познавање за Европската Унија, за државите – членки, како и за процесот на пристапување на нашата држава кон Унијата,  со над 70% точни одговори.За победниците се обезбедени парични награди од страна на Европското движење, кое има за цел да ги промовира европски вредности. Честитки до победниците!Со студентскиот квиз, всушност, се заокружија активностите за одбележување на 9 Мај, Денот на Европа, што оваа година се одвиваше преку Фејсбук со заедничка кампања на европските движења од сите европски држави под мотото „Заедно за Европа“, за разлика од претходните години кога акцент се ставаше на масовни активности.Инаку, во рамки на прославата на Денот на Европа, Македонското Европско движење претходно организира и онлајн дебата за размена на искуствата на студентите преку Еразмус плус програмата, онлајн натпревар за избор на најдобра фотографија, видео-конференција на тема „Општествата во време на кризи: причини и последици“ со учество на еминентни експерти за евроинтеграцискиот процес, како и конкурс за најдобар есеј на тема „Заедно за иднината на Европската Унија“.фото:Европско движење во Република Македонија

Македонија | пред 5 години

Dimsa-PRESS-2810-2

Арсовски: Заев ги давал разговорите кому стигне – со нив денес може да тргуваат и уценуваат

Зоран Заев е најголемото зло што и се случило на Република Македонија. Зоран Заев вчера ја потврди автентичноста на разговорите кои граѓаните имаа можност да ги чујат деновиве каде што го пцуе сопствениот народ, но и јавно потврдува дека бомбите ги имале повеќе луѓе со сомнителен бекграунд, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Се потврди дека нелегално стекнатите аудио записи кои ги имаше Зоран Заев за илјадници граѓани и пристап до нив имале воедно и Зоран Заев и ги давал на кого стигне.Јасно е како бел ден дека разговорите во моментов може да ги поседува било кој и да уценува било кого, само затоа што Зоран Заев тие истите разговори ги давал и пристап до нив и луѓе кои што претходно биле обвинети за криминал како на пример Захир Беќири Чауш, партиски близок човек на Зоран Заев инаку обвинет за фалсификување патни исправи. Каде што заедно со него селектирале што да се објавува во медиумите.Зоран Заев е човекот кој што десетици илјади приватни разговори од граѓани ги дал во рацете на разни луѓе кои денес може да тргуваат, уценуваат и изнудуваат пари од граѓани и бизнисмени кои што ги има на снимките. Впрочем тоа го правеше Зоран Заев најпрвин преку СЈО, а сега гледаме дека и многу други луѓе ги поседуваат и имаат пристап до бомбите на Зоран Заев. Тоа и самиот Заев го потврди на онаа бомба која што беше објавена во медиумите од пред неколку денови.Сега веќе е јасно дека не се предадени сите разговори во институциите, ниту пак дека ги поседувал само еден човек. Овие аудио бомби веќе се предмет на тргување на таканаречениот црн пазар и може било кој да тргува и да ги купи.Не може да се очекува и ништо поинакво од човек кој си го пцуе сопствениот народ. Но, Зоран Заев треба да биде свесен дека сопствениот народ се срами од него и неговите постапки.Вистинското лице и лицемерието на СДСМ и Заев за жал граѓаните го видоа и тоа преку пцовки, потврдувајќи дека Заев дека се што говореше во јавноста е невистина, манипулирајќи ги граѓаните.Наводната борба на Заев за подобар живот била само борба за власт и криминал, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

13-05-2020-Kostadinov

Костадинов: Кочоска по налог на Мицкоски кочи поддршка од 90 милиони евра од Светска банка

Неодговорното и несовесно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри во техничката Влада продолжува и тоа на директна штета на здравјето на раѓаните, на државата и на економијата.Дополнителната заменичка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска по налог на Христијан Мицкоски го кочи Проектот за итно справување со Ковид 19 вреден 90 милиони евра што од Светска банка треба да ги добие нашата земја, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Кочоска со недели упорно одбива да се потпише на апликацијата со што спречува сериозни средства, 90 милиони евра, наметени за борба со коронавирусот да завршат во нашата држава.Овој проект, почитувани граѓани  е веќе одобрен од Светска банка. Главни цели се да се спречи, открие и да се одговори на заканата од Коронавирусот и да се зајакне јавното здравство во Северна Македонија.Со овие средства предвидено е да се обезбеди финансирање на здравственото осигурување на ранливите корисници и ќе помогне да се заштити финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување.Дополнително, со ова ќе се финансира привремен приход на лица и домаќинства кои исполнуваат услови и се обезбедува социјална помош на ранливите домаќинства погодени од оваа криза. Очекуван опфат на нови корисници погодени од пандемијата се 15.500, а времетраењето на користење на надоместоците е предвидено да трае од 6 до 8 месеци.Понатаму, со дел од овие средства ќе се обезбеди и лабораториска опрема, опрема за медицинскиот персонал и реновирање на дел од здравствените установи.Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ е против сето ова. Со непотпишувањето, Кочоска работи против здравството, против поголема помош на ранливите категории на граѓани.За ВМРО-ДПМНЕ нивните лични и партиски интереси им се поважни од здравјето и економската состојба на граѓаните.Соочен со стравот од изборен пораз Мицкоски преку неговите кадри во преодната Владата прави сè за да им наштети на граѓаните,  секако да ѝ наштети на државата.Никако не може да разбере дека од изборен пораз нема да помогне со тоа што ќе и нашети на државата.Ова правење штета на граѓаните и кочење на проетките од страна на ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине веднаш, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

korona-3

Почна скринингот на одредени критични категории

Министерството за здравство информира дека денеска почна таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за КОВИД-19.„Од денеска почнува скринингот на одредени критични категории. Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека е ова најдобриот пристап, затоа што и на тие несвесни носители на вирусот ќе бидеме во можност контактите да ги ставиме во изолација. Затоа и го крстивме таргетиран скрининг.“, рече министерот Филипче.На територија на Република Северна Македонија се отворени пунктови за земање брисови од пациенти кои се упатени од матични лекари по претходен скрининг за КОВИД-19 во просториите на Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици, а за Град Скопје во поликлиниките на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.Таргетираниот скрининг за вработените во градинките се спроведува по посебен протокол и со земање на брисеви во пунктовите со веќе дефинирано работното време од 08.00 до 14.00 часот.Закажувањето на земање на брис за вработени во градинки се врши преку договор помеѓу надлежниот Центар за јавно здравје или Подрачна единица од територијата на соодветниот ЦЈЗ/ПЕ. Распоредот за земање на брисеви по денови е согласно табеларен распоред. Се применува Протокол за земање на биолошки материјал (брис) од пунктови за скрининг на лица во ризик од КОВИД-19 во однос на користење на ЛЗО и земање на биолошки материјал.Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје направија план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критична категорија. Во овој скрининг ќе бидат тестирани здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, пациенти со хронични болести кои беа одложувани, пациенти на биолошка терапија.Скринингот ќе се прави со ПСР тестови, а целта на тестирањето е да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот - односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми. Со оваа стратегија, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително зголемување на бројот на тестови.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

20 нови случаи на ковид 19, оздравени се 24 пациенти – починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1.Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 579, активни 129•       Куманово – 410, активни 46•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-35, активни 2•       Прилеп –184, активни 56•       Тетово – 121, активни 58•       Струга – 67, активни 4•       Велес – 109, активни 50•       Битола –23, активни 4•       Охрид –15, активни 0•       Кавадарци – 5, активни 0•       Гостивар –19, активни 4•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 2, активни 0•       Крива Паланка- 6, активни 2•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 5•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 1•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 1•       Виница – 2, активни 0•       Кратово-2, активни 2•       Берово-1, активни 1Направените 309 теста се преку: ИЈЗ –161, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –13, Биотек -24, Филип Втори (Жан Митрев) –40, Систина со PCR метода  -36 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pretepan

Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од поранешната сопруга Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од поранешната сопруга

Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од поранешната сопруга, синоќа во 23.30 часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.Според пријавата  во Полициската станица Кавадарци, 38 годишниот маж рекол дека околу 18.45 часот, физички бил нападнат во домот на поранешната 32 годишна брачна другарка, по кратка расправија.По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nbrm-narodna-banka

Седница на КОМП: Намалена основната каматна стапка, дополнително намален понудениот износ на благајнички записи и проширен опфатот на инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот сис...

Вчера се одржа седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП), на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, на оваа седница на Комитетот се донесе одлука за нејзино повторно намалување за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5%. Истовремено, по намалувањето на износот на благајнички записи којшто беше понуден на априлската аукција, на седницата беше одлучено понудата на благајнички записи на аукцијата што ќе се одржи денес да се намали за нови 7 милијарди денари. Заедно со средствата коишто беа ослободени со намалената понуда на благајнички записи на аукцијата во април се ослободуваат вкупно 15 милијарди денари, коишто се очекува да овозможат натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем.Одлуката за натамошно монетарно релаксирање се темели на стабилизирањето на очекувањата и довербата на економските субјекти во последниот период, видливо преку подобрените движења на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем. Овие околности, при истовремено комфорно ниво на девизните резерви и умерена инфлација, а при оцена за неповолни ефекти од здравствената криза врз економската активност на краток рок, отвораат простор за натамошна поддршка преку монетарната политика.Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија.На седницата се одлучи да се направат и дополнителни промени преку коишто од централната банка ќе им се овозможи на банките поголем пристап до ликвидност, доколку во следниот период се појави таква потреба, што индиректно отвора и дополнителен простор за зголемена кредитна поддршка на економијата. Поконкретно, со овие промени се прошири опфатот на хартиите од вредност коишто Народната банка може да ги прифати од домашните банки како инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем. Така, при спроведување на монетарните операции за откуп на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа, Народната банка ќе може да ги прифаќа и домашните државни обврзници со најдолга рочност (15 и 30 години), како и еврообврзниците издадени од страна на државата на меѓународните финансиски пазари, коишто се во сопственост на домашните деловни банки.Комитетот ги разгледа најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите априлски макроекономски проекции, при што заклучи дека и покрај веќе видливите негативни ефекти врз економијата поврзани со шокот од ковид-19, економските фундаменти и натаму остануваат здрави. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската инфлација и стабилните движења на девизниот пазар во последниот период.Во однос на најновите макроекономски показатели, по релативно солидниот раст на економијата во 2019 година, досега расположливите високофреквентни показатели за економската активност во првото тримесечје на оваа година упатуваат на продолжување на растот, но со забавено темпо. Имено, и покрај поволните движења во првите два месеца од годината, првите ефекти од корона-кризата се забележуваат во март, а се видливи преку падот на активноста во индустријата и трговијата. Во градежништвото, и во текот на вториот месец од годината е регистриран висок раст на активноста.Просечната годишна стапка на инфлација остварена во првите четири месеци од годината изнесува 0,4%, при очекувања за стапка на инфлацијата од околу 0% за оваа година и урамнотежени ризици околу проекцијата.Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, со остварувања во согласност со очекувањата. Во однос на расположливите информации за надворешниот сектор, податоците за надворешнотрговската размена заклучно со март оваа година упатуваат на проширување на трговскиот дефицит на годишна основа во првиот квартал – движења коишто се вградени во објавените најнови проекции на Народната банка. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на април укажуваат на остварени нето-приливи од приватните трансфери коишто засега се малку пониски од очекуваните за вториот квартал од оваа година, иако периодот за поконкретна оцена е многу краток.Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за април покажуваат нивен натамошен раст на годишна основа, иако со поумерена динамика, согласно со очекуваната патека во рамки на проекциите.Показателите за домашните финансиски пазари посочуваат на постепено стабилизирање на движењата на девизниот пазар, при забележано нормализирање на очекувањата на физичките лица. Имено, од крајот на април наваму се забележува постојано намалување на побарувачката на девизи од физичките лица, којашто постепено се враќа кон вообичаеното ниво пред отпочнување на корона-кризата. Во такви околности, Народната банка во втората половина на април, повремено интервенираше на девизниот пазар со продажба на вкупно 28 милиони евра. Од почетокот на мај, централната банка нема интервенирано на девизниот пазар.Во однос на надворешното окружување, мерките со привремено запирање на активноста во одредени економски дејности кај земјите ширум светот резултираа со значителен пад на економската активност на глобално ниво, видлив преку показателите за БДП за првото тримесечје од годината и други високофреквентни показатели. Во такви околности, во април, носителите на монетарните и фискалните политики на развиените земји и на земјите во развој продолжија да обезбедуваат соодветна поддршка за домашните економии. Ваквите случувања влијаеја за стабилизирање на очекувањата на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари и соодветно за намалена променливост на цените на финансиските инструменти.Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека надворешните и домашните ризици за економијата и натаму се присутни. Во актуелните околности, при стабилизирање на показателите коишто се релевантни за монетарната политика, постои простор за натамошно монетарно релаксирање, во функција на поддршка на економијата. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките и преземање други, дополнителни мерки, доколку тоа е потребно.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

javen-prevoz

Филипче: Да се мијат или дезинфицираат рацете откако ќе се користи јавен превоз

Препораки за патници кои користат јавен превоз:👉 Редовно мијте ги или дезинфицирајте ги рацете, особено по допир на површини во јавниот простор (држачи, рачки, копчиња)👉 Покријте ја устата со марамче или превиткан лакт доколку се накашлате или кивнете👉 Секогаш кога сте во можност, користете велосипед или пешачете, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2384932901813729/2384932128480473/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

makedonski-koncept

Македонски концепт: Да не дозволиме да влеземе во нова криза – уставно, институционална

Политичката платформа Македонски концепт и политичката партија СДУ, предупредуваат од можноста да влеземе во нова уставна / институционална криза, доколку не се одржат брзи предвремени парламентарни избори.Изборите е потребно да се одржат најдоцна од втора половина на јуни до првата половина на јули 2020 година. Со тоа ќе се избегне генерирање на нестабилност во земјата, ќе се распушти оваа “Пржинска влада”, а земјата ќе влезе во процес на стабилизација и нормализација, се вели во соопштението од Македонски концепт.Политичките партии треба веднаш да престанат со личните калкулации на нивните лидери, а да се држат до државниот интерес за воспоставување на целосно легитимна политичка власт во земјата.Потсетуваме дека политичката криза од крајот на минатата година требаше да биде решена на предвремени парламентарни избори. Парламентот се распушти во редовни услови, без можност за негово повторно свикување. Процесот на спроведување на изборите беше времено одложен од прогласување на вонредна состојба, поради новата здравствена криза предизвикана од вирусот Ковид-19. Во услови на пандемија, се соочуваме со сè понагласена економска криза, која се заканува да предизвика дестабилизација на целото општество.Министерството за здравство официјално констатираше дека епидемијата е под контрола, а Владата започна со укинување на рестриктивните мерки. За период од 15 денови, се очекува здравствената криза целосно да исчезне.Потребен е фокус на решавање на економската криза и да не дозволиме да влеземе во нова потешка уставна / институционална криза. Решение на таквата состојба се брзи и ефикасно спроведени избори.Експертите предупредуваат за можен втор бран на коронавирусот од септември 2020 година. Македонија не смее да влезе во таков период и нова здравствена криза во услови на нефункционален државен систем, без парламент, со некаква квази Пржинска влада, надвор од Уставниот поредок. Летниот период да се искористи за целосна политичка и институционална стабилизација на земјата, со цел да бидеме подготвени за следните предизвици, се вели во соопштението од Македонски концепт. фото: Македонски концепт 

Македонија | пред 5 години

04042020_Spasovski_Cestitka_1

Спасовски денеска ќе сведочи за 27 април

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска во Основниот кривичен суд во Скопје  треба да сведочи во предметот за „организаторите на 27 април“.Спасовски е повикан да сведочи за настаните од Собранието на 27 април 2017 кога тој беше пратеник. Покрај премиерот, за денешното рочиште е планиран уште еден сведок.Обвинети во овој случај се тогашниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувалo забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.05) по однос на забраната за движење  евидентирано е дека на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци за што ќе следуваат соодветни мерки.Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 17 лица кои што ја прекршиле оваа мерка. На територијата на државата за изминативе 24 часа на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација. Од извршените контроли од страна на полициските службеници  не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така

❗ Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрен ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Денешната изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја задскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар, напиша на својот ФБ профил министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев.Министерот во продолжение додава:За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за задскривање на неговата неспособност и некомпетентост. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така.➡️ Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост.Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера, напиша Чилев на ФБ.https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/158060432387426?__tn__=-R

Македонија | пред 5 години

avtobus

(ВИДЕО) Се запали автобус паркиран под железничка станица во Скопје

Приватен автобус за јавен превоз се запали утринава на автобуската постојка под Железничката станица во Скопје. Автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.Пожарот го изгаснаа десеттина пожаникари со две возила.видео: 360 степени.мк

Скопје | пред 5 години

liderska-sredba

ВМРО ДПМНЕ: Заев на лидерската средба дојде неподготвен, исклучиво спремен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните

Зоран Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните. Неговите позиции и лицитација со датуми не беа прифатени од ниту еден учесник на лидерската средба. Заев дојде неподготвен, исклучиво спремен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните, истакна на брифингот во ВМРО ДПМНЕ портпаролот Димче Арсовски.Арсовски на брифингот потенцираше како што кажа неколку невистини искажани од Заев и Спасовски по одржаната лидерска средба:1. Не е точна изјавата на Заев дека "изборите се прогласени" . Изборите не може да се прогласени, кога договор за датум нема, а датумот пред се зависи од три фактори:оценка за здравствената состојба од Комисијата за заразни болести, мислење од ДИК за превземање на дејствија и подготовка за избори, како и обезбедување на набљудувачи на изборите од ОБСЕ и ОДИХР кои ќе обезбедат целосно покривање и мониторинг на мисијата.2. Целосно е невистинито тврдењето на Заев и Спасовски дека изборните дејствија продолжувааг онаму каде застанаа последниот пат по прогласување на вонредната состојба. Ова не може да е така поради фактот што и двајцата се согласија дека ДИК треба да даде своја проценка за потребното време за подготовка на изборите под услов да има зелено светло од комисијата за заразни болести дека има услови за непречена кампања и објективно потребното време на ДИК за прочистување на избирачкиот список, организирање на самите изборни дејствија и условите кои треба да се обезбедат. Тој рок е минимум шеесетина дена од денот на распишувањето на изборите3. Трета невистина од Заев е таа дека укинувањето на вонредната состојба ќе значи и веднаш почеток на изборен период. Тоа не може да се толкува на тој начин, и преставува противправно толкување на изборниот законик. Забележително е незрелото однесување на Зоран Заев како и бесчуствителноста кон заштитата на здравјето на граѓаните. За Заев лидерската средба се претвори во политиканство, и во борба за помал пораз, а не и во суштина. Добро е што е прифатен планот на Мицкоски во 4 точки со што ќе се гарантира здравјето на граѓаните. Уште подобро ќе биде Заев на ова да пристапи сериозно и зрело, наместо калкулантски во обид да спаси нешто од последните денови на својата кариера. Ова не е борба за потесен пораз на Заев туку борба за заштита на здравјето на граѓаните. Нокаутот од народот за Заев на изборите не му бега, кога и тие да се случат, но сега е најважно здравјето на граѓаните, истакна Арсовски на брифингот во ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

alksandar-4

Проф. Д-р Александар Иванов: Промената на менталниот склоп и разбирањето на политичкиот ангажман како одговорност, се пресудни за подобра иднина на државата

Интервју со Проф. Д-р Александар Иванов –„ Македонски концепт“, – Кандидат за листа на пратеници за ИЕ 2.Проф. Д-р Александар Иванов е роден во 1986 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДСЕПУ „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје. Во 2005/06 година се запишува на Полициската академија во Скопје, дипломира со просек 9,66 и во 2008 година се стекнува со звање Дипломиран криминалист.Во учебната 2008/09 година се запишува на после-дипломските студии на Полициската академија (сегашен Факултет за безбедност). После-дипломските студии ги завршува со просек 9,33, а во мај 2011 година магистрира стекнувајќи се со звање магистер на науки од област на криминологија и криминалистика.Во 2013 Александар Иванов успешно го брани докторскиот труд стекнувајќи се со научен степен доктор на науки од областа на безбедноста.Покрај наставно-образовниот процес д- р Александар Иванов активно бил вклучен во научно-истражувачкиот процес при што учествувал како истражувач на повеќе домашни и меѓународни истражувања. Исто така д-р Александар Иванов во текот на неговото стручно и научно усовршување посетувал и активно се вклучувал во повеќе проекти, работилници, учествувал со свое учество и излагање на домашни и меѓународни конференции.Во 2019 г. Иванов е избран за вонреден професор на Факултетот за безбедност-Скопје, каде и денес работи.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Проф. Д-р Александар Иванов: Погледот кон иднината, наместо кон минатото. Широкото разбирање за позициите во меѓународните односи и меѓународната политика. Оригиналниот концепт кој подразбира разбирање, помирување и соработка наместо создавање антагонизми.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Проф. Д-р Александар Иванов: Активизмот никогаш не ми бил туѓ. Прашањата кои се од заедничко значење за луѓето секогаш ми бил од интерес. Сепак, ова е мој прв сериозен политички ангажман.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Проф. Д-р Александар Иванов: Промена на менталниот склоп, што во основа подразбира многу повеќе работа од сите, како и одговорност за она што го правиме. Разбирање на политичкиот ангажман како одговорност за создавање на заеднички добра, наместо лични, суетни и егоцентрични цели.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Проф. Д-р Александар Иванов: Развивање на општество каде ќе преовладува дебатна, рационална размена на аргументи кога треба да се донесат одлуки, како и лична жртва за остварување на поголеми добра.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Проф. Д-р Александар Иванов: Сметам дека погоре наведените аргументи во моментот најмногу преовладуваат во MK концепт. Се друго е чист и гол антагонизам, по секоја цена на политичката сцена.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Проф. Д-р Александар Иванов: Со личен пример за горенаведените аргументи и размислувања.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Проф. Д-р Александар Иванов: Работа и одговорност.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Проф. Д-р Александар Иванов: Само така може да се следат процесите, дали воопшто имаме напредок или само политички поентираме, на име на дневно политички маркетинг, колку да се биде присутен.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Проф. Д-р Александар Иванов: Држава во која младите, но и возрасните повторно ќе имаат надеж за развој, можност за иднина. Држава во која образовниот, здравствениот систем, социјалниот систем ќе бидат функционални обезбедувајќи ги функциите за кои се основани. Се повеќе деца згрижени во градинка, развој на земјоделието, премин кон дигитално општество со сите придобивки. Значително намалена корупција, невработеност под 15%, и секако за 30% повисока просечна плата. Намалување на јазот помеѓу исклучително богатите и исклучително сиромашните.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

evra

Северна Македонија ќе има пристап до Фондот за солидарност на ЕУ вреден 800 милиони евра

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската унија (ФСЕУ) за справување со финансиското влијание на КОВИД-19.Во април 2020 година, како дел од Иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање на активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со КОВИД-19, и обезбеди финансиска поддршка од околу 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки.Пристап до овој фонд имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Амандманот бр.3 на Договорот за грант меѓу Република Северна Македонија и Соединетите американски држави – САД, од програмата на УСАИД, за развојната цел: „Република Северна Македонија е просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество“.Со овој амандман на Договорот за грант, УСАИД го зголемува износот на средства кои ги доделува со дополнителни 15.929.675 долари, кои ќе бидат наменети за поддршка на растот на приватниот сектор, за поголема вклученост на информирани граѓани, за програми за добро владеење, како и за проекти за подобра кохезија во општеството.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Со пиштол ограбил жена во зграда во Карпош

Вчера, во 17.30 часот, Н. К. (53) од Скопје пријавила во полиција дека во влез од зграда на улицата Радика непознато лице ѝ се заканило со пиштол и ѝ ја украло чантата.Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски: Донесовме одлуки за попуштање на рестриктивните мерки под крајно прецизни услови и критериуми

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на онлајн прес-конференција ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на КОВИД-19.Во прилог на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Спасовски во целост:На денешната седница на Владата го донесовме првиот пакет мерки со што ги намалуваме рестрикциите и преземаме нов чекор кон новата нормалност во одделни области, кои во оваа фаза на пандемијата со КОВИД-19 во нашата земја, го дозволуваат тоа.Сметаме дека ситуацијата е под контрола. Не дозволивме ширење на коронавирусот кое посериозно би го загрозило јавното и здравјето на граѓаните, а здравствениот систем со полна кондиција постигнува ефикасност во борбата со фаталните последици од вирусот.Оваа ситуација е резултат на сеопфатни и системски мерки, носени исклучиво врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и врз основа на нивните научни анализи и студиите на Светската здравствена организација.Од Комисијата имаме јасни укажувања дека влегуваме во период кога се очекува дополнително опаѓање на интензитетот на ширењето на вирусот, што ја отвора можноста за попуштање на рестриктивните мерки и ограничувања, под крајно прецизни услови и критериуми.Во прилог на ова е и резултатот од воведените мерки со кои ја исправивме кривата на новозаболени. Тие не само што дадоа добри резултати, туку и ги зајакнавме медицинските капацитети повеќе од тоа што ни беа на почетокот, и со увереност можеме да кажеме дека од тој аспект сме спремни да одговараме на текот на новото нормално.Се разбира, и понатаму остануваме крајно алармирани. Одиме многу внимателно и во повеќе фази низ кои постепено ќе се спроведува намалувањето на рестрикциите во едно ново секојдневие за кое ќе мора да прифатиме дека ќе биде наша нова реалност, нова нормална ситуација.Меѓу секоја фаза ќе следува преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука за тоа дали се исполнети условите за да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза.Сите следни чекори кон новата нормалност ќе зависат од три најважни критериуми:1. Дали епидемијата е ставена под контрола?2. Дали здравствениот систем е во состојба да се справи со повторното појавување случаи по олеснувањето на некои мерки?3. Дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти и да идентификува повторување на случаи?Имајќи го сето ова предвид, Владата на денешната седница го донесе Планот за попуштање на рестриктивните мерки, како процес кој би се одвивал во три фази, согласно развојот на епидемиолошката состојба.Првата фаза е тековното функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење.Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално  воспоставување на работните активности со почитување на препорачаните мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на КОВИД-19, иТрета фаза, која предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните превентивни, против епидемиски мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.Ова значи, дека дури и во третата фаза, кога ќе воспоставиме целосна функционалност во сите сектори, нашите обврски ќе продолжиме да ги извршуваме во поинакви услови, согласно новата реалност, со што новото секојдневие станува и наша нова нормалност. Тоа не треба веќе да се гледа ниту како нешто страшно, ниту како нешто чудно, туку како неопходност за заштита на нашето здравје.Во првата недела од олабавувањето на мерките, односно од утре, ќе започнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик, и тоа:- Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје,- Центри за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции,- Авто школи,- Спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови,- Спортски и други обложувалници преку шалтер,- Затворени трговски центри-молови, без угостителските објекти во нив.За да се постигне максимална ефикасност, и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.На пример, дејностите кои се занимаваат со одржување состаноци, седници, обуки, семинари, конференции, настани, ќе можат да ги спроведуваат своите настани во ограничено времетраење од најмногу 6 часа со задолжителна пауза на секои 2 часа.Пред почеток на обуките, курсевите, семинарите, учесниците треба задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да го одложат настанот односно да не присуствуваат.Настаните ќе се организираат и со ограничен број на учесници согласно просторот со цел, но не повеќе од 30 лица, да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, како и со задолжително носење лична заштитна опрема.Во просторијата задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, односно услови за почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена.Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите, со забрането групирање на присутните.По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, во која мора да има обезбедено корпа за отпадоци со капак.Протоколот за одржување на седници на органи на управување и конференции ќе се ограничи на максимум до 30 лица согласно просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2 метри, за кои е задолжително носењето заштитни маски, и задолжителна употреба на средство за дезинфекција на рацете, кои се задолжение на организаторот на настанот.И за овие настани и работни процеси се задолжителни општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена, зачестеното проветрување, и забрана за групирање, како и чистење и дезинфицирање на работните простории.Владата на денешната седница заклучи да се дозволи службено патување на избрани и именувани лица, во странски држави, со почитување на препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за одржување на потребното растојание и носење на лична заштитна опрема, заради координација и други работни активности поврзани со мерки за COVID-19 како и поради други итни причини кои не трпат одлагање, без спроведување на овие лица во државен карантин по нивното враќање во Република Северна Македонија.Согласно епидемиолошката состојба во државата и одлука од Комисијата за заразни болести се дозволува отворањето на затворените трговски центри - моловите, со почитување на строги правила и протоколи за нивна работа во услови на спроведување на мерки за превенција за спречување на појава и ширење на КОВИД-19. Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафичите, освен преку систем за нарачка, шалтер или достава.Протокол за отворање и работа на моловите предвидува ограничено/скратено работното време (10:00-18:00), со исклучок во недела кога моловите ќе бидат затворени.Остануваат задолжителни сите мерки за заштита кои предвидуваат задолжително регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице за да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, задолжителната опрема за лична заштита на купувачите и вработените, како и дезинфекција на просториите во моловите.Од утре со работа можат да почнат и спортските и другите обложувалници преку шалтер, согласно протоколот од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.Од утре, со почитување на протоколите за овие дејности, започнуваат со работа на теретаните и фитнес клубови, како и активностите за спроведување тренинг на спортисти во поединечни спортови, во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5 метри помеѓу секој спортист, со обезбедени сите санитарно хигиенски  услови.На крајот, напоменувам уште еднаш дека треба да прифатиме дека уште долго нема да биде како што беше пред пандемијата, и дека ќе мораме да се навикнуваме на новата нормалност, во која секојдневие ќе ни бидат личните заштитни мерки како што се физичката дистанца, маските и другата опрема за лична и за заштита на другите, како и нагласената употреба на дезинфекционите средства и навикнувањето на нив.Да запомниме, да почитуваме, имаме обврска да го штитиме личното и колективното здравје: Редовна дезинфекција, заштитна маска на лицето, дистанца од 2 метри, секогаш, секаде.Уверен сум дека првата фаза од попуштањето на дел од рестриктивните мерки, ќе биде проследена со натамошно спуштање на интензитетот на заканата од коронавирусот што ќе помогне да се реализираат одложените парламентарни избори.Тоа, од своја страна, ќе помогне што поскоро да ја обезбедиме новата нормалност, на која ќе се прилагодуваме и ќе ја поддржуваме за да го помогнеме и забрзаме процесот на трансформација кон нашата нова економија, која веќе станува подинамична, побрза, похрабра.Да ги почитуваме мерките, сите, секаде, секогаш, затоа што тоа е во интерес на сите нас, на нашето здравје, на новата нормалност и новата економија.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

milososki

Каде е Антонијо Милошоски - поштарот не може да го најде да му даде известување за „Моќник“

Обвинителката Фатиме Фетаи ја завршила истрагата против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски за злоупотреба на службената положба и овластувањата уште пред три месеци, но поштарот не може да го најде да му даде известување. Без уредно примена покана, според нашите закони, обвинение против осомничен не може да се покрене, објави sdk.mk. На 16 октомври 2018 година Милошоски беше на распит во Обвинителството. Предистрагата против Антонијо Милошоски, неговиот татко, поранешниот градоначалник на Македонски Брод и уште 11 лица, Фетаи ја отвори на 18 март.Во случајот „Моќник“, Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. При презентирање на случајот, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека во заблуда бил донесен Советот на Општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања, објави sdk.mk.Текстот во целост на:  sdk.mk. 

Македонија | пред 5 години

zaev-2

Заев не отстапува од избори летово

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по денешната средба на претседателите на партиите кај претседателот на државата Стево Пендаровски, рече дека за време на разговорите биле проектирани одредени датуми за одржување на парламентарните избори, во зависност од тоа дали и за колку време би се продолжила вонредната состојба.-Ако теоретски нема трета вонредна состојба, тоа значи дека изборите би се одржале  22 дена од 17 мај, односно на осми јуни, ако се прогласи нова вонредна состојба од триесет дена, изборите би се одржале на 7 јули, ако вонредната состојба се продолжи за две недели изборите би се одржале на 21 јуни, а ако се прогласи воредна состојба за плус една недела, тогаш изборите би се одржале на 14 јуни. Така стојат правните апсекти за кои се дискутираше, рече Заев.Според него, сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски по лидерската средба: Предложивме план во неколку чекори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека неговата партија има четири услови кои треба да бидат исполнети за да се одржат предвремените парламентарни избори. Според него, на лидерската средба бил реафирмиран ставот дека датумот за избори треба да се одреди консензуално.„Имајќи во предвид како се одвиваше дискусијата во еден момент предложивме план како да дојдеме до кредибилен изборен процес, а притоа, здравјето на граѓаните да не биде загрозено, граѓаните да не бидат изложени на вирусот Ковид-19, а со тоа да ги заштитиме што е можно повеќе човечките животи, а воедно, да обезбедиме кредибилни, фер и демократски избори. Предложивме план во неколку чекори. Ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните дека ние најважно, тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во насока на тоа дали и какви мерки треба да се спроведат. Мерките кои ќе бидат во текот на тој процес да гарантираат фер и кредибилен изборен процес. Втората работа е консултации со ДИК за времето неопходно да се спроведе овој фер и кредибилен процес, под услов првиот чекор да е исполнет. Понатаму, да се оствари комуникација и контакт со ОПСЕ и ОДИХР во делот на организирање на набљудувачка мисија. И како четврто, откако ќе ги имаме овие константи, можеме да зборуваме за прва возможна дата кога да се одржат изборите“, кажа Мицкоски.За планот кажа дека бил прифатен од страна на учесниците на лидерската средба, а за изборите потенцираше дека не сака да биде премиер ако еден загубен живот е цената која треба да ја плати неговата партија.„Ако еден човечки загубен живот е цената со која што треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори, а јас да го добијам премиерскиот мандат, тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура. Тоа е во согласност со сите ставови со кои изминатите денови политичките лидери излегуваа во јавност, дека не е важен изборниот процес и изборите, туку важно е пред и над се, здравјето на граѓаните. Тоа беше нашата позиција од самиот почеток. Имаше и такви позиции кои го определуваа датумот, а потоа, велеа дека Комисијата за заразни болести треба да каже дали и како ќе се спроведуваат мерките и изборите, што го оценивме како незрело и несериозно“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

Ahmeti

Ахмети: Здравствените експерти треба да го имаат конечниот збор за одредување на датумот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба рече дека ќе чекаат да добијат известување од Комисијата за заразни болести за тоа кога би можелo да се одржат изборите. Тој најави нова лидерска средба.„Останува идната недела да имаме уште една средба, на која ќе се добијат информациите од соодветните надлежни институции и повторно да се собереме и одлучиме за наредниот датум. Кога ќе ги добиеме мислењата од здравствените експерти ќе дадеме одговори“, рече Ахмети.Според лидерот на ДУИ, здравствените експерти треба да го имаат конечниот збор за одредување на датумот.„Во една воена состојба, збор имаат генералите, а генералите во овој случај се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и кои што даваат препораки за кои апелирам сите граѓани да ги почитуваат, без разлика на која заедница припаѓаат. Исто така, за да ја добиеме оваа глобална војна тие мерки треба да се почитува“, рече Ахмети.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Liderska1

Нема датум за избори, но договорена е нова лидерска средба следната недела

Нема датум за избори, но лидерите на политичките партии на средбата кај Претседателот денеска се договорија за нова лидерска средба следната недела.До наредната лидерска средба треба да се обезбедат информации од Комисијата за заразни болести за безбедноста на гласањето, од Државната изборна комисија (ДИК) за времето потребно  за организирање на изборите, како и информации од ОБСЕ за начинот на кој ќе го следи гласањето во Македонија.Lидерот на (ДУИ), Али Ахмети, по лидерската средба истакна дека дискусиите денеска биле многу плодни и детално ја анализирале состојбата во земјата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Неурачунливите изјави на Шилегов покреваат загриженост за неговaта емотивна состојба,

Со внимание ја проследивме изјавата на Петре Шилегов со која ја префрла сопствената одговорност за инцидентот во Вардариште на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тоа е изјава во која тој наместо аргументи, понуди навреди со зборовите “Лудак, ненормален”. Уличниот речник на Петре Шилегов е последица на пропуштена социјализација и специфичната емотивна состојба во која се наоѓа скопскиот градоначалник, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму како советничка група на градот Скопје, и загрижени за сето ова ќе предложиме пред секоја седница на советот на градот Скопје освен присуство на претставници од пожарната единица на град Скопје кои редовно присуствуваат, да присуствува и претставник на итната медицинска помош, како и да се спроведува задоложителен алко тест, со цел да се зачува здравјето на сите, а највеќе на Петре Шилегов.Наместо градски татко Шилегов одбра да биде градски кловн, кој освен патолошко лажење, е и заштитник на црните пари на Заеви преку отворените сомнежи за тендер коалициите во јавните претпријатија со кој управува градот.Проблемот Вардариште е проблем на Петре Шилегов. Тој за време на полицискиот час преку јавното претпријатие за комунална хигиена фрла тони и тони смет и го загрозува здравјето на граѓаните. Дополнително Петре Шилегов неможејќи да го реши проблемот барал од Наќе Чулев да забрани и казнува граѓани кои прописно го фрлале сметот во преполните контејнери. Полните контејнери не се проблем на Наќе  Чулев туку на лажоманот Петре Шилегов.Едно е јасно Петре Шилегов е најнеспособниот градоначалник на град Скопје кој мора да си замине од функцијата градоначалник и да се поднесе оставка, затоа што освен тоа што е неспособен е и недостоинствен за таа позиција, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

SILEGOV-1

Шилегов: Згрозен сум од Наќе Чулев

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов коментирајќи го инцидентот кај депонијата Вардариште, каде што двајца редари на Град Скопје биле физички нападнати од граѓани кои нелегално истурале отпад,  упати жестоки навреди за министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој како што рече не ги заштитил градските редари.„Згрозен сум од Наќе Чулев. Згрозен сум како човек, затоа што станува збор за човек кој очигледно има мисија да направи целосна девастација на правниот систем во нашата држава. Непостапувањето на полицијата во ниту еден од случаите, кои би ни обезбедиле нормала во смисла на попуштање на епидемијата, јавното негово декларирање дека нема да казнува, придонесува луѓето да добијат сила за таква анархија како што вчера се случи официјалните лица – инспектори на Град Скопје да бидат нападнати“ – истакна Шилегов.Тој вели случајот го пријавиле во полициската станица во Гази Баба и дека очекува, како што вели, полицијата конечно да се разбуди.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања