Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

remenski-i-boki

Ременски, Мандиќ, Боки 13 со татко му и асистенката седнуваат на обвинителна клупа, се гонат за измама и перење пари

Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинението против „Меѓународен сојуз“, како и против заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски, како и самиот Бојан Јовановски.„Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по одржана нејавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, велат од Кривичниот суд Скопје. По веќе одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.Според обвинението, Бојан Јовановски како претседател на Меѓународен сојуз имал намера за себе да прибави имотна корист, па користеjќи документи од сојузот, оштетил управители на друштва со што ги довел во заблуда. Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од државата, па оштетените преку Македонска авторска агенција му исплатиле 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.Во измамата на Бојан Јовановски, според Обвинителството, му помагале пратеничката Фросина Ременски, неговата заменичка – Јасна Мандиќ и асистентката. Мандиќ и асистентката ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на Јовановски. Иако знаејќи од каде потекнуваат парите, односно дека се земени со сторено кривично дело, тие со умисла му помагале и да ги пушти во промет.Обвинителството го сомничи Миле Јовановски дека тој знаел од каде потекнуваат парите и со умисла му помогнал на својот син Бојан Јовановски да ги пушти во оптек, со што ги уплаќал парите на своја девизна сметка, а дел од нив ги уплаќал на правните лица како позајмица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Скринингот започнува утре со тестирање на вработените во градинките

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека од утре ќе започне скринигот на вработените во градинките. Тој напомена дека ова е резултат на намалениот број на тестирањата поради значително намалениот број лица со симптоми или вистинска индиција за тестирање за ковид и поради тоа што мал процент од системот на „мој термин“ е испонет, како резултат на што има слободен капацитет на лабораториите.„Од утре почнува скринингот на одредени критични категории. Ќе почнеме со вработени од градинка кои се на број близу 2000 со цел изготвување на протоколот  за работа на градинките за нивно ставање во функција, рече Филипче.Скринингот се планира да се прави со истите ПСР тестови како и досега, а целта е со ПСР техниката да се  идентификуваат асимптоматските носители значи луѓе кои се заразени, а не се свесни заради тоа што немаат симптоми.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nesreka-prvi-momenti

Автобусот на Дурмо Турс не бил технички прегледан според предвидените процедури

Техничкиот преглед на автобусот на компанијата Дурмо Турс, кој се преврте во близина на село Ласкарци, не бил реализиран според стандардните процедури.Овој став на денешното рочиште за предметот „Ласкарци”, го изнесе обвинителот Дарко Јакимовски, кој истакна дека автобусот на 2 јули 2018 влегува во техничкиот преглед во 14:16 минути и излегува во 14:18 минути.– При технички преглед на овој автобус може да се види дека нема ниту еден контролор во работниот канал. Исто така може да се види дека автобусот не подлежи на системот на тресење која е една методологија која се применува кај останатите возила. За илустрација може да се види техничкиот преглед на едно патничко возило „Пежо”. Во овој случај се гледа како контролорот влегува во работниот канал со батерија. Воедно оваа возило се тестира и на системот за тресење, истакна обвинителот Јакимовски.Одбраната на обвинитетите негодуваше на овој материјален доказ на обвинителство, и истиот го оцени како ирелевантен, објави makpress.mk. Свој коментар на овој доказ даде и обвинетиот Боваровски, кој се гледа на видео материјалот како се движи околу автобусот. Тој истакана дека во овој случај станува збор за вонреден техники преглед на возило наменето за јавен транспорт и истиот престанал да важи кога се реализира редовниот техничи преглед за регистрација (18 декември 2018 година).– Техничкиот преглед почнува од 14:12 минути. На снимката може да се види како вршам контрола на стаклата, пневматиците и каросериајта на автобусот. Исто така во еден случај се качувам во автобусот и вршам контрола на копитот. Од кога во внесов возилото во компјутер јас влегувам и во каналот од каде се гледа целото подвожје на автобусот. Гледав да не имаа откачени кабли и констатирав дека нема. На крај автобусот поминува на нагазна плоча за мерење на кочниците. Прво беше мерена предна кончница. Децидно тврдам дека имаше и мерење на рачна кочница, па после и на ножната кочница, исткана обвинетито Боваровски.Следното рочиште за случајот „Ласкарци”, e закажано на 14 мај.извор: makpress.mk. 

Македонија | пред 5 години

Liderska1

(ВИДЕО) Почна лидерската средба

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна лидерската средба. Лидерите се очекува да се договорат за  терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.На средбата се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Levica-logo

Левица: Поднесени четири кривични пријави против сопственици на фирми

Вчера, правниот сектор на Левица, професионално помогнат од адвокатски тим по трудово право, поднесе четири КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ против работодавачи – првенствено газди на текстилни фабрики – поради сторени серија кривични дела против работните односи (непријавување работници, одјавување работници без нивно знаење, враќање пари на рака од К-15, неисплата на отпремнини, потпишување бланко откази и сл.)!Поточно, станува збор за следниве пријавени кривични дела сторени од сопствениците, директорите или шефовите на вработените: „Повреда на права од работен однос“ (казниво по чл. 166 од Кривичниот законик), „Повреда на право од социјално осигурување (чл. 167 од КЗ), „Повреда на правата за време на привремена невработеност“ (чл. 169 од КЗ) и „Фалсификување исправа“ (чл. 378 од КЗ), се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tepa-zena

Два фемициди за неполни две недели се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство!

Фемицидот е најекстремната форма на насилство врз жените и девојчињата и во најголем број случаи е последица на континуирано повеќегодишно семејно или интимно-партнерско насилство, и за жал, често застапен и во порите на нашите семејни заедници и општествениот систем во целост.По објавувањето на вознемирувачката вест за вчерашното убиство на млада жена во Скопје од страна на својот партнер, за неполни две недели во нашата држава бележиме 2 фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици.Ги повикуваме Министерство за Внатрешни работи, Основното Јавно Обвинителство и Министерство за труд и социјална политика за итно разрешување на случаите и покренување на соодветни постапки против сторителите. Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство постојано предупредува за зголемениот ризик од семејно насилство и интимно-партнерско насилство во услови на криза, и повторно апелира за итно и приоритетно постапување во случаите на насилство врз жени и деца од надлежните институции. Очекуваме кривична пријава и гонење на сторителот согласно законите и Истанбулската Конвенција.Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ќе ги следи случаите, постапувањето на институциите и преземените мерки, како и секој случај кој вклучува насилство врз девојки, жени и/или нивните деца. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Потврдени 10 нови случаи на ковид 19, оздравени се 5 пациенти – почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Неготино-2.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април.Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Велес-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1674, бројката на оздравени пациенти е 1205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 569, активни 131•       Куманово – 410, активни 46•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-35, активни 2•       Прилеп –179, активни 59•       Тетово – 117, активни 58•       Струга – 67, активни 4•       Велес – 108, активни 50•       Битола –23, активни 4•       Охрид –15, активни 0•       Кавадарци – 5, активни 1•       Гостивар –19, активни 4•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 2, активни 0•       Крива Паланка- 6, активни 2•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 5•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 0•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 2•       Делчево-1, активни 0•       Валандово -1, активни 1•       Виница – 2, активни 0•       Кратово-2, активни 2•       Берово-1, активни 1Направените 189 теста се преку: ИЈЗ –57, Ветеринарен ф-тет -5, Авицена –0, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –52, Систина со PCR метода  -19 и МАНУ -18.  Досега во земјата се направени вкупно 19430 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.Во ГОБ „8 септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 25. На респираторна машина се 5 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче смета дека периодот пред нас ќе биде мирен, што значи дека има можност за одржување на избори

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека периодот пред нас ќе биде мирен што значи дека ќе има можност за одржување на избори.  Oдговарајќи на новинарско прашање дали е возможно одржување на изборите, министерот истакна:-Пред нас е еден мирен период, заради тоа што имавме досега строги мерки, видливи се резултатите од рестрикциите на движењето и затворените граници, Според дискусијата, според предвидувањата сметаме дека пред нас е еден мирен период, период во којшто може да се изменаџира овој евентуален број на пациенти со којшто може да се соочиме. Тоа што е на некој начин е што сите новодијагностицрани пациенти се во врска со точно утврдени настани, еден погреб во Тетово, еден настан семеен во Скопје. Отворените граници, патувањата, влезот на наши граѓани во странство и враќање назад, деца во училиште...тоа се фактори коишто може да ја влошат епидемиолошката слика. Тоа се предвидувањата врз основа на научните сознанија, такви се предивувањата и затоа сега врз основа на тие анализи го препорачуваме ова олабавување на мерките. Ова се аргументите поради кои сметаме дека периодот пред нас ќе биде мирен и ги кажав ризците, коишто таа епидемиолошка слика можат да ја влошат, а врз основа на чии предвидувања ги воведовме рестриктивните мерки“, истакна Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Исплашени од извесниот пораз ВМРО-ДПМНЕ забегаа со лажните вести, Мицкоски нема да се спаси од соочување со граѓаните

Очигледен е стравот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од тотален пораз на парламентарните избори кои следат. И повеќе од очигледни и прочитани се сите нивни обиди на изнаоѓање на начини на манипулација на граѓаните преку лажни вести и соопштенија, се вели во соопштението од СДСМ.Очајот во ВМРО-ДПМНЕ е толку голем што оваа партија буквално забега со лажните вести и конструирани сценарија.Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ лажните вести да ги темелат на дезинформации и шпекулации, но овој пат отидоа чекор понатаму што лагите ги темелат на сведоштва како оние на Мицкоски, се видов  не се видов, го „поткрепам“ па не „поткрепам“ Договорот.Ноторна лага е дека против претседателот Зоран Заев се води каква било истрага надвор од државата, ВМРО-ДПМНЕ безобразно лаже.Граѓаните никогаш нема да го заборават режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ базирано на лаги и конфликти, нема да го заборават деструктивното однесување на Мицкоски во време на криза и оттука е стравот на оваа партија од пораз на изборите кога и да се случат и оттука поривот секојдневно да пласираат лажни вести.Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да се спасат од соочување со граѓаните и извесниот изборен пораз што ги чека, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Arsovski-Dimce

Арсовски: Зоран Заев е „првата виолина“ во случајот „Рекет“

Молкот од СДСМ и Зоран Заев за случајот „Рекет“ е уште една потврда дека Зоран Заев е таканаречена прва виолина во целиот случај „Рекет“.   Бледите обиди за дефокус од реалната ситуација во која што се наоѓаат Зоран Заев и СДСМ, а тоа е дека се заглавени до гуша во криминал околу аферите за рекетирање на стопанственици и политичари, не можат да го свртат вниманието на јавноста која ја очекува целата вистина и очекува некој да сноси одговорност, односно да сносат одговорност и извршителите и нарачателите, и сите инволвирани, Истакна Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Рекетарската власт на СДСМ и Зоран Заев, сеуште не одговори, зошто Зоран Заев молчел од 3-ти април кога го предупредил Бојан Јовановски алијас Боки 13 дека против него се води постапка од странски обвинител, па молчел Заев се до 22 април кога наводно го пријавил случајот кај другарка му Русковска. Да потсетиме на еден факт,а тоа дека никаде не стои официјален запис дека Зоран Заев го пријавил случајот „Рекет“.Секојдневно се повеќе се заплеткува Зоран Заев во сопствените лаги и тоне надолу.Дваесет дена Зоран Заев им оставил простор на извршителите на рекетот да се погрижат да прикриваат докази, да губат телефони, да влијаат врз сведоци. Постои сомнеж дека целиот тој период можно е и извршителите на рекетот да биле во директна корелација со Зоран Заев и дослух во целата операција за подготвување на оваа судска фарса од случај која ја води другарката на Зоран Заев Вилма Русковска на крајно аматерски начин.Затоа, бараме, МВР и ЈО да ги вештачат уште веднаш мобилните апарати на инволвираните, а ЈО иако е под канџите на Зоран Заев да се разбуди, да не спие и веднаш да отворат случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело. А, понатака како се размотува целото клопче околу случајот „Рекет“ сигурно ќе се стигне и до тоа дека Зоран Заев е нараччател.Зоран Заев е уценет човек и најважно, заглавен до гуша. Тој мора да си оди од политиката.Стравот кај него е очигледен да не се дознае целата вистина околу случајот „Рекет“.Вистината е една, а таа граѓаните веќе се повеќе ја зборуваат и ја знаат. Ниту Русковска, ниту било кој нема да успеат да спречат да излезе вистината на виделина околу случајот „Рекет“ и околу другите случаеви на рекетирање и нема никој да го спаси ниту Зоран Заев, ниту другите инволвирани во сите овие криминални афери од било каква одговорност, истакна Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Се отвораат трговски центри, спортски и други обложувалници, автошколи ...

Оваа недела во функција се враќаат затворените трговски центри, центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, за организација на седници на органи за управување и конференции, автошколи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови како тенис и спортски и други обложувалници, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.Трговските центри ќе се отворат, но оваа недела не смеат да нудат угостителски услуги, а обложувалните ќе работата само преку шалтер.„ Сето ова е согласно критериумите препорачани од Комисијата за заразни болести. Сите субјкети мора да се придржуваат до дистанцата, носењето на заштитни материјали и одреден број на присутни во локалите односно на местата. По следењето на епидемилошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителстките објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективните спортови и повторно после епидемиолошката анализа и следењето на состојбата неделата што следува после оваа, игрите на среќа во казина, автомат клубови , тренинзи во затворени спортски објекти и базени, работа на теретани и фитнес клубови и хотелски објекти“, најави министерот Филипче.Денес беа регистриран десет новозаболени од коронавирусот, а Комисијата за заразни болести ја оценила состојбата со вирусот кај нас како стабилна.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Фотографијата „Минхен“ на Никола Чамовски победи на натпреварот за најдобра фотографија

Фотографијата „Минхен“ на Никола Чамовски е победник на студентскиот натпревар за најдобра фотографија по повод одбележувањето на Денот на Европа на тема „Најдобар европски град“ со освоени 1947 лајкови и други реакции.На второ место е Теодор Мицески со фотографијата „Потсдам“ со 1268 реакции, а на трето Михаел Дивјакоски со фотографија од Сплит со „освоени“ 792 реакции.Онлајн натпреварот за најдобра фотографија, на кој учествуваа 47 студенти, се одржа од 27 април до 9 мај по повод Денот на Европа на Фејсбук страницата на Европското движење (www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK) и предизвика огромен интерес „освојувајќи“ над 5000 лајкови и други реакции. Резултатите се менуваа во текот на целиот натпревар, но на крајот една од учесничките беше дисквалификувана поради непочитување на правилата. За победниците се обезбедени парични награди од страна на Европското движење, кое има за цел да ги доближи европските градови до младите во Македонија и да промовира европски вредности!Инаку, во рамки на прославата на Денот на Европа, Македонското Европско движење организира и онлајн дебата за размена на искуствата на студентите преку Еразмус плус програмата, како и онлајн квиз за знаењата за ЕУ, а за средношколците, пак, објави конкурс за најдобар есеј на тема „Заедно за иднината на Европската Унија“.фото: Европско движење во Република Македонија

Македонија | пред 5 години

nadgrobna-ploca

(ФОТО) Надгробна плоча осамна на улица во Ѓорче Петров

На Фејсбук страницата „Ѓорче Петров“ денеска беа објавени неколку фотографии на кое се гледа како на улицата некој фрлил надгробна плоча.. Како што е наведено во објавата, станува збор за улицата 31 во скопската населба Волково, којашто деновиве била асфалтирана и на која „никнала“ надгробна плоча. Во објавата уште пишува:Три години ќе намолиш за тампон на уличка од стотина метри, едвај ќе стават и го добиваш ова.НАДГРОБНА ПЛОЧА.Улица 31, Волково.Останува нејасно зошто е ставена ?Веројатно како споменик за нашите желби за нормални услови за живот.Кој ја ставил ?Чија е оваа плоча ?Ги контролира ли некој работниците ?Кој ќе понесе одговорност ?Aleksandar Naumoski и општина Ѓорче Петров освестете се !Излезете од канцелариите и видете со што се соочуваат луѓето.Одамна го поминавме стадиумот на смешно, веќе е морбидно. https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko/posts/3733375293401575

Скопје | пред 5 години

plata-evra

Постигнати спогодби со тројца ресенчани обвинети за измама

По сеопфатна истражна постапка против четири лица од Ресен осомничени дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Измама“ од чл.247 ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола достави предлог спогодби за тројца обвинети.Осомничените на почетокот оваа година, со лажно прикажување на факти дека преку правно лице од Ресен можат да им продадат земјоделски производи, довеле во заблуда четири правни лица од Република Словенија, Република Унгарија, Босна и Херцеговина и Руската Федерација. Оштетените правни лица вршеле уплата на договорен износ на сметка на правното лице од Ресен, а осомничените ги подигнувале уплатените парични средства и ги трошеле за сопствени потреби, неиспорачувајќи ги договорените земјоделски производи.Во текот на истражната постапка, осомничените доброволно ја надоместиле севкупната штета на оштетените правни лица во вкупен износ од 49.170,00 американски долари и 17.466,00 евра. Тројца од осомничените ја признаа вината и побараа да се спогодат со обвинителството, додека еден од осомничените во текот на постапката почина и против него постапката е запрена.Основниот суд Битола ги прифати предлог – спогодбите и со пресуди на двајца од обвинети им изрече алтернативна мерка – условна осуда со што им е утврдена казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од пет години не сторат ново кривично дело, додека еден од осомничените е осуден на казна затвор во траење од една година и осум месеци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

SMK_6117

(ВИДЕО) За прв пат после 23 години и со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан

За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан. Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт  вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.„Овој извоз го најавивме уште пред два месеци, барајќи алтернативни пазари за извоз на јагнето и за решавање на кризата за извозот на јагнето поради пандемијата од вирусот КОВИД 19, и целта ја остваривме. После 23 години, денес повторно македонското јагне се извезува во Јордан. Околу 30 тони свежо разладено македонско јагне заминува на пазарот во Јордан“, изјави министерот Димковски.Диркеторот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов посочи дека со отворањето на пазарот во Јордан, се отвораат нови пазари не само за јагнето туку и за другите македонски земјоделски производи.„Преговорите со надлежните служби од Јордан почнаа уште на почеокот на годината. Успешно ги завршивме со усогласување на здравствено-ветеринарниот сертификат за извоз на македонско јагне во Јордан, и еве започна првиот извоз. АХВ и понатаму останува посветена да работи на отворање на нови пазари и да ги договара со странските земји здравствените гаранции за македонското јагне“, изјави директорот Атанасов.Поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, годинава извозот на јагниња се одвива со намален интензитет, особено на традционалните пазари. Од почетокот на извозот на јагне, МЗШВ и АХВ беа во постојана комуникација со амбасадите, откупувачите и одгледувачите на јагне со цел да најдат пазари за македонското јагне. Поради кризната ситуација, за да им се помогне на одгледувачите на овци, МЗШВ ја зголеми вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари по грло.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

120190520_075956

Времето денеска ќе биде сончево и топло со темпретаура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а во западните и во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено во западните делови засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 степени.Во Скопје сончево и топло, со максимална температура до 27 степени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ИВЗ денеска ги отвори џамиите

Џамиите во земјава од денеска се отворени откако минатата недела таква одлука на вонреден состанок донесе Исламската верска заедница (ИВЗ).И покрај апелите на надлежните да се преиспита одлуката поради пандемијата на коронавирус, ИВЗ остана на ставот, најавувајќи дека ќе се почитуваат мерките за физичка дистанца.Како што објаснија од ИВЗ, молитвите ќе се вршат на одредени места за да се задржи потребното растојание, а верниците ќе можат да се молат и во дворот на џамиите.Вчера, вицепремиерот Бујар Османи апелираше до верниците да не одат во џамија додека целосно не се смири состојбата со пандемијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Ljujeta

Лулјета Ајрулаи: Борбата против криминалот и корупцијата на сите нивоа на системот мора да биде бескомпромисна

Интервју со Лулјета Ајрулаи, кандидат за листа на пратеници од „Македонски концепт“ за ИЕ 5.Лулјета е дипломиран социјален работник на институтот за социјална работа и социјална политика при УКИМ – Скопје, со над 12 годишно работно искуство во сферата на социјалната заштита. За време на професионалната кариера има учествувано во многубројни активности и проекти од областа на социјалната работа и социјалната политика. Во моментот активно работи на својот магистерски труд на Институтот за социологија при Филозофски факултет во Скопје кој очекува да го заврши набрзо.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Лулјета Ајрулаи: Во Македонски концепт препознав политичка платформа која има реална идеја и визија за промени и подобрување на целокупната состојба во Македонија која е во моментов очајна, за да прерасне во современа европска држава. Кон остварување на оваа цел од клучно значење и структурата на Македонски концепт, која се состои од нови лица, знаења, искуства и идеи, лица со морални вредности и докажани професионалци во својата област.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Лулјета Ајрулаи: Не. Имав, би рекла скромен, политички ангажман во Демократската партија на Албанците пред околу 10 години, кога беше жив г-динот Арбен Џафери, за кого имам голема почит, пред сѐ како врвен албански интелектуалец.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Лулјета Ајрулаи: Вистински луѓе на вистински места, што подразбира стручни и компетентни лица на клучни државни позиции. Економски развој, развој на граѓанска свест, независно судство, независни медиуми, функционална правна држава, одговорна власт.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Лулјета Ајрулаи: Пред сѐ, борбата против криминалот и корупцијата на сите нивоа на системот мора да биде бескомпромисна. Законите навистина да важат за сите и сите да имаат еднаков третман пред законот. Отсекогаш сум сметала дека основен проблем во ова држава е сиромаштијата со која се соочуваат голем број на граѓани, а која произлегува токму од неправедниот однос при вработување, каде не се цени образованието, стручноста  и  квалитетот, туку само партиската книшка и „врските“. Тој пристап е погубен, и се одрази да голем број граѓани без оглед на нивната етничка и религиска припадност. Се одрази и на младите лица, кои иако се образовани, интелигентни и иновативни, сепак иднината ја гледаат во намерата да се иселат од државата поради немање на локална перспектива. Овие состојби мора да се променат!ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Лулјета Ајрулаи: е всушност основната цел на овој концепт, просперитетна, интегрирана држава на внатрешен и меѓународен план. Држава каде сите граѓани ќе живеат во благосостојба, фер општество во кое шанса ќе има за секого и каде ќе царуваат правото и безбедноста. Да изградиме нормална демократска држава!ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Лулјета Ајрулаи: Со посветеност, ангажираност, принципиелност, знаење, професионалност, чесност, одговорност и доследност кон секоја иницијатива, проект, стратегија…ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Лулјета Ајрулаи: Една од основните заложби доколку станам дел од Законодавниот дом, ќе ми биде патните трошоци на пратениците да се намалат до нивото на висина на повратен автобуски билет од местото на патување. Ова не е популизам, туку искрена лична заложба! Исто така, ќе се залагам за иницирање промени во законот во контекст на моментот кога ќе се самораспушти Собранието, да се престане и со исплатата на приходите на пратениците. За воспоставување на правна држава и владеење на правото во вистинска смисла на зборот! За ефикасен социјален систем и за еднакви можности за сите! За пристапност на граѓаните до народните избраници!Еднаш и засекогаш, да се прекине со нечесните игри и манипулации со кои политичките партии ги добиваат гласовите на избори, а потоа стануваат недостапни за проблемите на граѓаните. За отчетност и одговорност на високите државни функционери. За слобода на мислата и говорот! Замислете само колку луѓе денес се плашат јавно да искажат свое мислење или став поради негативните последици по нив кои ќе следат од страна на политичките моќници. Затоа, мора да ги ослободиме граѓаните од стравот и да ги санкционираме оние кои ги повредуваат слободите и правата на граѓаните.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Лулјета Ајрулаи: Затоа што преку проекти поефикасно се доаѓа до практична реализација на зацртаните цели како и спроведување и имплементација на потребните реформи.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Лулјета Ајрулаи: Доколку Македонски концепт стане дел од власта, тогаш гледам убава иднина и перспектива за Македонија. Висок напредок во преговорите со Европската унија, економски развиена, почитувана држава со задоволни граѓани од институциите на системот.фото: Македонски концепет

Македонија | пред 5 години

Janusev-PRESS-1209-2

Јанушев за лидерската средба вели дека очекува конструктивна дискусија од која ќе се изнајдат вистински решенија за претстојниот период

Денеска на Телевизија 24 линковски се вклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој ги истакна очекувањата од лидерската средба која утре треба да се случи кај претседателот на државата Стево Пендаровски.Јанушев вели дека очекува конструктивна дискусија од која ќе се изнајдат вистински решенија за претстојниот период. Тој посочи дека во моментов најважен проблем во државата е борбата со коронавирусот кој покажа дека не е наивен и дека мора да се има професионален пристап кон неговото решавање. Јанушев исто така додаде дека иако владата не се вклучува во решавање на проблемот со пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, сепак ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект ќе се вклучи активно во решавање на овој проблем.“Комисијата за заразни болести во неколку наврати потенцираше дека во Република Македонија сеуште владее пандемија која ниту малку не е за потценување и поради која треба сите мерки да се почитуваат и во наредниот период. Изборите не се најважното нешто во моментов, иако кога и тие да се случат ВМРО-ДПМНЕ е спремно да се соочи со политичките опоненти.”, вели Јанушев.Иако сите политички партии се спремни за одржување на избори и нивните политички програми горе долу се спремни да се соочат, сепак неодговорно и непрофесионално би било доколку здравјето на народот биде во втор план, а изборите во прв. Датумот за изборите не може да се каже од ракав па потоа пак да се промени. Поради тоа мора да се согледаат сите индикатори и согласно истите да се одреди датум за избори, вели Јанушев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tepa-zena

Еден осомничен за убиство при вршење семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 10 мај, во раните утрински часови, во куќа на улицата „Перо Наков“, при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди – хематоми од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт.Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека осомничениот би можел да ги скрие трагите на кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-2

Полициски час до 23-ти Мај, од следна недела отворање на трговски центри

Полицискиот час останува до крајот на неделата, дознава Телма. Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките. Комисијата за заразни болести на Владата и` препорачала органичувањето на движењето да продолжи да важи до 23-ти мај, но од понеделник граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршуавње на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почне од 21 часот навечер.Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри. По еден купувач на 15 метри квадратни, а пробувањето облека ќе биде забрането.Доколку на касата нема можност од растојание од два метри фирмата е должна да постави плексиглас, а продавницата мора да се дезинфицира 4 до 5 пати во текот на работното време.Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работата до 18 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат. Свадби и крштевки се забранети. Одговорено лице мора да стои пред влезот на објектот за да го регулира протокот на гости.Најмалку 9,6 метри квадрати е просторот кој ќе смее да зафаќа една маса за 4-рица гости и на секоја маса ќе мора да има средство за дезинфекција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Лидерска средба кај Пендаровски утре во 13 часот

Утре со почеток во 13 часот во кабинетот на претседателот ќе се одржи најавената лидерската средба. На оваа средба треба да се дефинира и датумот за парламентарните избори.На средбата ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.Согласно тоа, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, поканети се претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.На средбата се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски, информираат од кабинетот на Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

besim

Бесим Красничи и Фадил Точи кои МВР ги бараше со потерница се уапсени во Косово

Kосовското Министерството за внатрешни работи во текот на минатата недела ги уапсило  лицата Бесим Красничи и Фадил Точи, кои беа барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи за извршени тешки кривични дела, информира министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.Акцијата за приведување на двете лица е реализиранa во непосредба соработка и комуникација помеѓу „Интерпол“ во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја.„Согласно информациите со кои располагам, понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда. Министерството за внатрешни и работи и понатаму ги презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот“, вели Чулев. 

Македонија | пред 5 години

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

ВНИМАВАЈТЕ - Се шири лажен меил од адреса слична на Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај.Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk.Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Регулаторна: Горивата поскапуваат по 3.5 денари!

Во согласност со трендовите на светските берзи и методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата ќе се зголемат во просек за 8.51%.Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат 3,5 денари. Од вечерва на полноќ малопродажните цени на „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“ и „евродизел“ (Д-Е V) се зголемуваат 3,5 денари за литар и ќе изнесуваат 54 денари за „евросупер БС-95“ и 56 денари за „евросупер БС-98“.Малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 45,5 денари за литар, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,5 денара за литар и ќе изнесува 33,5 денари.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 2,026 денара и килограм ќе изнесува 18,169 денари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања