Детектор анкета: 25% од граѓаните велат дека останале без работа поради корона кризата
Една четвртина од граѓаните велат дека останале без своето работно место поради корона кризата, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведеИнститутот за политички истражувања Скопје.Според него, 25,8% од анкетираните велат дека или тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% оданкетираните велат дека го немале тој проблем.14,4% од граѓаните велат дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле.47,4% велат дека немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% велат дека донекадеимаат намалување на приходите.Сепак, анкетата не покажува значителен раст на задолжувањето. Само 4,7% од анкетиранитеграѓани велат дека во овој период аплицирале или планираат да аплицираат за кредит во банка,додека 80.7% велат дека не го сториле тоа. 53,3% од граѓаните велат дека се задоволни од мерките и понудите на банките за време на кризата додека 24% велат дека не се.59,8% од граѓаните веат дека цените на храната и лековите се зголемени, 28,4% велат дека ценитеостанале исти, додека 4,9% сметаат дека имало поевтинување.Сепак, граѓаните се на ставот дека во продавниците ги има потребните производи. 86,1% оданкетираните велат дека кога пазаруваат успеваат да ги најдат сите производи во продавниците,додека 12,6% велат дека не можат секогаш се да купат. 24,1% велат дека во продавниците најтешко се наоѓа брашно, 21,3% средства за дезинфекција и чистење, додеа по 12,1% велат дека кога пазаруваат најчесто им недостасува тоалетна хартија и овошје и зеленчук.Најголем дел од граѓаните или 38,1% велат дека пазаруваат неколку пати неделно, 28,3% вопродавница одат еднаш во неделата додека 20,7% во супер маркетите по храна и други основнипотреби одат секој ден. 7,7% рекле дека пазаруваат неколку пати месечно, 2,8% само еднашмесечно, а 1,6% и поретко од еднаш во месецот.Купувањето главно се прави со директно одење во продавниците бидејќи 72,5% од анкетиранитевелат дека во овој период на корона вирусот не ја користеле можноста за онлајн купување,додека онлајн шопинг правеле 21,4% од граѓаните.Повеќе од половина од анкетираните или 56,5% велат дека не очекуваат недостаток на храна илекови поради корона вирусот додека 20,6% стравуваат дека тоа може да се случи.Во однос на анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во март, може да се забележинамалување на бројот на граѓани кои очекуваат недостаток на храна и лекови поради коронакризата и тоа од 32,6% во март на 20,6% во април и раст на бројот на граѓани кои не очекуваатнедостаток на храна и лекови од 50,4% во март на 56,5% во април.58,5% од граѓаните велат дека се информирани дека поради корона вирусот, во Македонија имапристигнато помош или донација од странство, додека 41,5% велат дека немаат таквиинформации.18,6% од граѓаните велат дека најголема помош за Македонија очекуваат од Европската Унија, по3,7% од НАТО и Турција, 2,7% од Словенија, 2,2% од Кина и по 2% од САД и Русија. 31,2% велатдека помош не очекуваат од никого.Граѓаните сметаат дека на Македонија во моментов најмногу и треба финансиска помош. Ваковстав имаат 39,7% од анкетираните. 24,8% сметаат дека најнеопходна во моментов е медицинскатапомош, 14,3% сметаат дека од меѓународниот фактор ни треба помош во стручен медицинскиперсонал, 10,6% во лекови и 2,6% во храна.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.фото: детектор
Македонија
|
пред 5 години