Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

institut

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ до БАН: Македонскиот јазик е посебен

Ненаучно, паушално и тенденциозно, ова е ставот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за најновото издание на Бугарската акдемија на науките со кое се негира постоењето на македонскиот јазик и тој се именува како „северномакедонски бугарски јазик“. Потпишано од 12 автори меѓу кои и потпртседателот на БАН, Васил Николов, „За официјалниот јазик на Северна Македонија“ на 68 страници се негира постоењето на македонскиот јазик. Од Институтот за македонски јазик велат дека ставовите на авторите не се научно базирани и не може да се третира како сериозна научна студија., објави телевизија Телма.Во пишаната реакцијата од Институтот пак детално се одговара на ставовите на БАН за историјата на македонскиот јазик, создавањето на македонскиот литературен јазик, македонските преродбеници, имиња, дијалекти, при што се наведува дека во книгата се даваат искривени факти. Притоа во рекацијата се подвлекува дека македонскиот јазик функционира како стандарден јазик 75 години, кодифициран и рамноправен во рамките на ОН. Текстот во целост на : Телевизија Телма  

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Сакаме избори летово кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше вклучување во вестите на телевизија Телма каде што посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ пред се е здравјето на граѓаните, а потоа фер и демократски избори.Мицкоски додаде дека принципот на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе настапи на лидерската средба е прв и основен приоритет е здравјето на граѓаните, а дури потоа може да се дискутира за било какви датуми кои што ќе овозможат фер и демократски презентирање на политичката платформа.„За да видиме кога ќе се одржат избори сакам да ги слушнам здравствените власти и по тоа да се водам, а исто така и претседателот на ДИК колку време се потребни за подготовки на предвремените парламентарни избори“, рече Мицкоски.Тој посочи дека според правните норми по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се организиараат изборите.„Сакаме избори ова лето. Сакаме избори кои нема да го загрозат животот на граѓаните. Сакаме да бидат избори кои ќе донесат нова власт која ќе знае да се справи со последиците од корона вирусот. Гледате ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, но мене ми е поважно здарвјето на граѓаните, а не да се бројат жртви од корона вирусот“, појасни Мицкоски.Тој посочи дека се надева дека за датумот на изборите ќе се постигне консензус со останатите политички партии.„Сценарио од аспект на тоа како понатаму ќе се одвиваат изборните дејства треба да каже ДИК. Практично колку време им е потребно за да го спроведат овој фер и кредибилен изборен процес. Ќе ве потсетам на овие избори и покрај тоа што граѓаните ќе бираат, а политичките партии ќе ја бараат поддршката на граѓаните, морам да ве потсетам дека неопходно е да имаме кредибилно присуство на меѓународни набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР. Вие претпоставувам следите и знаете дека границите на ЕУ остануваат затворени до 14-ти јуни. Понатаму би сакал да ве потсетам дека СЗО за 3 месеци го продолжи рокот за од кога ја прогласи пандемијата. Така што има многу фактори кои што треба да се анализираат пред да ја донесеме конечната одлука“, појасни Мицкоски.Мицкоски апелираше до сите политички чинители да бидат зрели, да бидат над ситуацијата, да не се загрозува здравјето на граѓаните, и да не се водат од личните партиски интереси, туку да се водат од интересите на граѓаните.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Притвор за полов напад врз дете

Битолското обвинителство поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека го извршило кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Крвичниот законик. Едновремено со Наредбата за спроведување истражна постапка, до Основниот суд Битола обвинителството поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судот го прифати пердлогот, па со Решение на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.Осомничениот ги искористил приликите како близок роднина на жртвата – дете  и на 7 април 2020 година го сторил кривичното дело кое му се става на товар.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Економскиот совет на СДСМ утврди нов пакет економски мерки, Владата разговара, штом биде подготвена ќе ги објави

Јас некни најавив економски пакет, помина таа дебата на економскиот совет на Социјалдемократскиот сојуз на којшто учествиваа премиерот, министерот за финансии, претседателката на Владата за економски прашања, а и неколку директори на економски институции, Развојната банка, Управа за јавни приходи итн. каде што од прилика ги димензионираме одредени пакети, но сето тоа Владата го преговара, истакна одговарајќи на новинарско прашање за третиот пакет на економски мерки околу справувањето со економската криза претседателот на СДСМ Зоран Заев. Заев во продолжение образложи:   Владата разговара прво со своите партнери , мислам и на коалициони но и на партнерите како синдикатите и коморите, разговара и со банките. Ние сме во преговори со банките и затоа и секоја мерка мора да биде усогласена заедно со банките од коишто бараме поволни и евтини кредити, затоа што не смееме да дозволиме да бидеме надвор од ваквиот преговарачки процес, затоа што со Светска банка имаме одлична соработка, со ММФ се разговара за следен договор за кредит, а исто така чекаме позитивни одлуки околу обезбедувањето на еврообврзницата во државата.  Но Владата штом ќе биде подготвена , верувам дека ќе ги објави мерките. За мене се сеуште на ниво на шпекулации, еве како еден од најинформираните тоа што спомнавте 10 илјади денари па кои луѓе , какви луѓе.Верувајте може да има еден амбиент точно кои,  но ММФ со своите стручни служби  или Светска банка да кажат извинете ама во светот покажало тоа и тоа резултат, треба да биде таму и таму тоа насочено. Затоа досега е само на ниво на дебата тоа, а на крајот Владата е конечно таа што ќе ги донесе одлуките и ќе ги соопшти.Јас се сметам како претседател на најголемата политичка партија, чинител во извршната власт дека давам доволно придонес заедно со нашите органи и тела и сите наши коалициони партнери во димензионирањето на максимално добри мерки за рестарт или за заживување на економијата, односно да го искористиме периодот дека секоја криза може да биде и нова можност но и дополнително навремено да се димензионираат и почнат да се ефектираат следните пакети на мерки, истакна Заев.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Македонскиот полициски синдикат со апел до лидерите на верските заедници: Воздржете се од организирање на верски манифестации

Македонскиот полициски синдикат од името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи апелира до лидерите на верските заедници и сите граѓани да се воздржат од организирање на верски манифестации, настани или да поттикнат собирање на граѓани и на било каков друг начин да не се почитуваат донесените мерки за заштита од КОВИД 19.Изминатите три месеци, заедно со здравствените работници деноноќно работиме на ваша заштита, на заштита на вашите и наши семејства Постапувавме со грижа кон секој од вас и со подадена рака да си помогнеме едни на други.Упатуваме апел до сите вас, воздржете се од непочитување на мерките, воздржете се од повик на собири и други облици на загрозување на здравјето на граѓаните.Не заборавајте и ние сме луѓе, и ние сме нечие семејство, не го загрозувајте нашето здравје и здравјето на вашите и нашите семејства со непочитување на мерките.Вработените во МВР вложија многу во овој период, ги ризикуваа животите, дел и заболеа од вирусот.Да не дозволиме ширење на вирусот и загрозување на здравјето на сите граѓани, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-2-1

(ВИДЕО) СДСМ и коалицијата предлагаат изборите да се одржат на средината на јуни

СДСМ и коалицијата предлагаат изборите да се одржат на средината на јуни, изјави на прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по состанокот со коалиционите партнери.Ставот на коалицијата ќе биде предложен на лидерската средба кај претседателот, Стево Пендаровски, во вторник кога се очекува да биде утврден датумот за одржување на парламентарните избори.Првиот човек на СДСМ вели дека потребни се кредибилни институции со полн капацитет за справување со кризата.– Веќе втор месец сме во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци имаме техничка влада, 3 месеци е распуштено Собранието. Потребни се Собрание и Влада за да преземат конкретни чекори пред се во надминување на економската криза. Со тоа, сѐ повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарните избори, рече Заев.Тој образложи дека во ситуација кога интензитетот на кризата се намалува, изборите треба да се одржат, бидејќи во такви услови нема загрозување на здравјето на граѓаните. Тој рече дека на државата и се потребни избори, веднаш штом се создадат услови за нивно одржување, а во моментов охрабрува тоа што мисијата на ОДХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи, а и други држави не случајно одат на избори во овој период.Видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

janusev

Јанушев: Заев кога е пред камери, е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ

Го видовме вистинското лице на Зоран Заев. Кога е пред камери, е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ. Пцуењето на Зоран Заев кон народот е тешка навреда за секој еден граѓанин, било тоа да е член на СДСМ или на ВМРО, или да не е член на ниту една партија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Нема друг таков политичар во светот кој го пцуе сопствениот народ и кој е аболиран за криминал.Исто така, Заев јавно признава дека СЈО предводена од рекетарската и криминогена дружина од на Катица Јанева е целосно под негова контрола. Тој самиот кажува дека управува со оваа компромитирана институција за рекет со зборовите „СЈО ќе превземе драстични чекори“!Воедно, Зоран Заев призна дека прислушуваните материјали ги давале надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери, но воедно дознаа и шарените, но и целата јавност дека и, цитирам, „Граѓанските организации, тоа што е финансирано од СОРОС, граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се се полни со луѓе од СДСМ“.Бараме јавно извинување од Зоран Заев за тешките навреди и пцости кон народот.Овој човек не е достоинствен и не заслужува да се занимава со политика. Оставката е единственото нешто што му преостанува во услови кога е потопен со криминал и коруцпија.Заев го пцуе народот, открива дека контролира граѓански организации и студентски движења, дека го контролира компромитираното и рекетарско СЈО и дека уценува политичари со прислушкувани разговори.Заев од Македонија направи хибриден режим и сака да направи криминален пашалук. Секој еден граѓанин ќе ги запамети зборовите кои ги слушна од Заев и како тој лицемер ги пцуе и навредува граѓаните, истакна истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Тетовец починал во сообраќајна незгода, со возило излетал од патот

Вчера на автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на реката Вардар товарно моторно возило со тетовски регистарски ознаки излетало од патот и удрило во метална ограда.Од полицијата информираат дека со возилото управувал 25-годишен тетовец, кој по несреќата со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите.Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pukanje

Приведени пет лица за пукањето на Матка

Пет лица се приведени за пукањето што се случи вчера на Матка.Од полицијата информираа дека се приведени лицата С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од селото Глумово и К.В.(24) од селото Рашче.„С.С.(31) од селото Глумово пријавил дека околу 15 додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот“, велат од полицијата.Еден од напаѓачите е внук на реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 20 нови случаи на ковид 19, оздравени се 24 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2.Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415. По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 550, активни 132•       Куманово – 408, активни 53•       Дебар – 51, активни 0•       Штип-35, активни 2•       Прилеп –176, активни 68•       Тетово – 110, активни 54•       Струга – 67, активни 16•       Велес – 107, активни 49•       Битола –23, активни 4•       Охрид –15, активни 9•       Кавадарци – 5, активни 1•       Гостивар –19, активни 5•       Гевгелија – 4, активни 0•       Струмица – 2, активни 0•       Крива Паланка- 6, активни 2•       Радовиш – 4, активни 0•       Крушево – 3, активни 0•       Кочани – 31, активни 5•       Пробиштип – 2, активни 0•       Кичево – 2, активни 1•       Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)•       Демир Хисар – 1, активни 0•       Македонски Брод - 2, активни 0•       Пехчево- 3, активни 2•       Делчево-1, активни 1•       Валандово -1, активни 1•       Виница – 2, активни 0•       Кратово-2, активни 2•       Берово-1, активни 1Направените 275 теста се преку: ИЈЗ –185, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода  -24 и МАНУ -17.  Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Влада: На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата

На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април.Ова е резултат само од оваа антикризна мерка на Владата како поддршка на стопанството за ублажување и справување со последиците од коронакризата која е од значителна помош за компаниите кои беа први на удар на кризата и кои ги исполнија условите, односно покажаа загуби со закана за загуба на работни места.Од вкупниот број на поднесени барања, 2.377 барања се од угостителската дејност, 253  се туристички агенции (туроператори), 2.177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16.625 се од останатите дејности.Со уредбата на Владата за оваа мерка можеа да аплицираат и самостојните вршители на дејност (трговец-поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење на дејност и е запишано во соодветен регистар), ним им се одобрени 5.840 барања за финансиска помош од 14.500 за исплата на плати за април.Грижата за секое работник и за неговото работно место беше цел и на дополнувањето на оваа уредба со што работодавачите можеа да ги вратат назад на своите работни места работниците на кои им беше прекинат работниот однос во периодот од 11-ти март до 30-ти април. Благодарение на ова дополнување до 7-ми мај, до кога беше определен рокот за ова, околу 500 работници се вратија на своите работни места.На останатите им останува правото за надомест заради изгубено место во  определен број на месеци соодветно на нивниот работен стаж и во висина од 50% од просечната нето плата во последните 24 месеци, мерка која се спроведува преку Агенцијата за вработување.Паралелно со оваа, во тек се и спроведувањето на мерките Ковид 1 и Ковид 2 бескаматни кредити од линиите на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13.7 милиони евра, кои што ги таргетираат микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата.Од линијата кредити Ковид 1 досега се одобрени вкупно 631 кредитни апликации за исто толку компании со 5.588 вработени.По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 76%, малите компании до 50 вработени учествуваат со 22%, а средните компании до 250 учествуваат со 1%.За втората линија бескаматни кредити - Ковид 2, се примени околу 2.500 апликации. Повикот е објавен на 29-ти април, а ќе трае до 13-ти мај 2020 година. Владата повикува компаниите да аплицираат и за овие поволни кредити кои ја поддржуваат нивната ликвидност.Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.Во широкиот и сеопфатен пристап на дизајнирање на мерките за ублажување на економските последици опфатени се и интервенции за одржување на ликвидноста на стопанството, во таа насока беше овозможен брз поврат на ДДВ-то.Од почетокот на годината заклучно со април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра.Тоа е за 16.7% повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23% повеќе во однос на истиот месец лани.Во однос на 2018 година повратот на ДДВ за периодот јануари-април е зголемен за 19.4%, додека во однос на 2017 за високи 67.6% повеќе.Во време на здравствено-економска криза Владата, покрај здравјето, го стави справувањето со економските последици на граѓаните и стопанството на врвот на листата на приоритети.За да го помогнеме намалувањето на негативните ефекти од кризата донесовме мерки за одложување на обврската за аконтации на данок на добивка и данок на личен доход.За ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход поднесени се 816 барања – прифатени се 597 барања.За ослободување на плаќање на аконтации на данок на добивка поднесени се 1.019 барања – прифатени се 747 барања.Ја  поттикнавме и солидарноста на секој граѓанин одделно во услови на оваа криза од коронавирусот. На 5-ти мај заврши можноста за донација преку апликацијата МојДДВ каде 8.700 корисници на апликацијата, одговорија потврдно на опцијата за донирање, односно одлучија да го донираат својот поврат на ДДВ. Износот на донација изнесува 9.529.917 денари кој ќе се донира во фондот за справување со КОВИД-19.Во оваа ситуација беше исклучително важно да покажеме најсоодветна грижа за нашите сограѓани во социјален ризик и за граѓаните кои се дел од неформалната економија со релаксирање на критериумите и начинот на користење на правото за минимална помош и брз влез во системот на социјална заштита.Го продолживме времетраењето на олеснетиот услов за утврдување на материјална необезбеденост како услов за добивање гарантирана минимална помош, и го проширивме опфатот на ранливите групи граѓани кои може да добијат финансиска поддршка.Од носењето на првата уредба со законска сила за Законот за социјална заштита, односно од 3-ти април во центрите за социјална работа имаме околу 1.000 барања за остварување на правото на гарантирана минимална помош и тие се решаваат тековно.Во тек се преговори со Светска банка за нов проект за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од КОВИД-19. Проектот е во износ од 90 милиони евра и се состои од две компоненти - првата компонента се однесува на зајакнување на здравствените капацитети а втората компонента е за поддршка на домаќинствата и се однесува на обезбедување поддршка за трансфери за ранливи домаќинства погодени од последиците од коронавирусот и паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места како резултат на кризата.За дополнителна поддршка на ранливите семејства е и мерката со која околу 30.000 домаќинства, корисници на социјална помош, добиваат по 1.000 денари енергетски додаток, освен за месеците април и мај, се до септември, односно и надвор од грејната сезона.Мерките за поддршка на компаниите ја поттикна и брзата адаптација на текстилната индустрија и земјоделството. Со брзото прилагодување на ситуацијата за производство на лична заштитна опрема, за што Владата објави јавен повик, текстилните компании се адаптираа на потребите и на поширокиот пазар, па така извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300% поголем со април минатата година.Во критичен момент, кога настапи полниот ек на сезоната на работата во земјоделството, особено во производството на раноградинарските  култури Владата ги иззеде земјоделците од уредбата за ограничување на движењето, и во овој период имаме зголемен извоз на раноградинарски култури.Владата на Северна Македонија презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места, а во подготовка е нов сет мерки, насочени кон реконструирање и заживување на македонската економија.Сите досегашни мерки се активни и доколку биде потребно, ќе се применуваат и понатаму. Во тек е подготовката на третиот пакет мерки кои ќе понуди директна поддршка и помош за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, мерки кои ќе дадат стимул за полесно и побрзо надминување на економските последици од коронавирусот за навремено да можеме да фатиме чекор за заживување на македонската економија и нејзин динамичен раст и развој.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Изненадени сме од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ, дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?

ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше уште една  целосно промашена операција и неуспешен обид да наштети на демократските политики на СДСМ и Зоран Заев, овојпат преку нелегални снимки, се вели во соопштението од СДСМ.Ние од СДСМ и утрово сме изненадени од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ. Дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?Ако навистина ги слушнале и ако не биле во бунило, ќе им станело јасно дека објавената содржина не е ништо друго освен потврда на јавните и познати политики на Зоран Заев.Во аудио разговорите, претседателот Заев јасно и недвосмислено зборува дека е уверен во победата на изборите и дека волјата на граѓаните е неприкосновена, дека граѓанските организации се многу поблиску до демократските отколку до режимските политики, дека нема никаква поврзаност со спомнатиот Чауш и дека бомбите се предадени на СЈО и само на СЈО и дека следува расчистување со криминалот.Очигледно е дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ одат во корист и за јавна афирмација на добрите политики на Зоран Заев, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ во време на пандемија склучуваат матни тендери, а граѓаните немаат ни за леб

За три години откако СДСМ е на власт Македонија доби хибриден режим, три години неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Македонија поради неодговорноста на власта на СДСМ и Заев уште пред почетокот на кризата создаде буџетска дупка од 120 милиони евра со што секое семејство во Македонија го задолжи со 250 евра нов долг. Таа дупка, поради ненавремените и лоши мерки се проценува дека ќе порасне до крајот на година на речиси 1 милијарда и 300 милиони евра.Додека СДСМ си тера предизборен маркетинг секој ден граѓани заболуваат и умираат од корона вирусот.Епидемијата за жал ја користат и за догазување на достоинството на граѓаните или за некој нов матен тендер.Розовите очила во СДСМ ќе ги донесат до изборен пораз кој што ќе им биде неминовен, кога и да се одржат изборите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

NBRM

Податоците од Кредитниот регистар ќе се издаваат без надоместок

Стапи во сила Одлуката на Советот на Народната банка, согласно со којашто укинат е надоместокот за издавање податоци на физички лица од Кредитниот регистар за нивната задолженост кон банките и штедилниците. Сите граѓани коишто ќе имаат потреба, извештајот со податоци од Кредитниот регистар ќе го добиваат бесплатно.Извештајот што го издава Народната банка на барање на физичко лице, содржи податоци за износот на обврските и институциите коишто ги имаат пријавено на последниот датум на доставување податоци од страна на банките и штедилниците, како и за категоријата на ризик на кредитната изложеност, според навременоста во подмирувањето на обврските и кредитоспособноста. Покрај ова, извештајот содржи и збирен податок за обврските на барателот како жирант.Барањата за издавање податоци од Кредитниот регистар се поднесуваат лично од барателот или од полномошник, преку писарницата на Народната банка, секој работен ден, во периодот од 8:30 до 15:45 часот. Заради состојбата со пандемијата на ковид-19, во овој период, податоците од Кредитниот регистар се издаваат во вторник и четврток, во периодот од 15 до 16 часот, преку писарницата на Народната банка. Во случаите кога барателот не е жител на Скопје, доколку барањето е поднесено до 11 часот, извештајот со податоците се изработува и се издава во текот на истиот работен ден.Активно се работи за да се овозможи доставувањето на барањето и издавањето податоци од Кредитниот регистар понатаму да се одвиваат електронски.Со укинувањето на надоместокот за издавање податоци од Кредитниот регистар, Народната банка настојува во овој период и дополнително да придонесе за намалување на финансискиот товар на граѓаните, во согласност со своите надлежности. фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

DAD_0375

Венко Бошнаковски: Неопходно е да ги мотивираме и ангажираме чесните и професионалните човечки потенцијали, кои ќе ги ангажираме во проектите за развој на Македонија

Интервју со Венко Бошнаковски, „Македонски Концепт“ - кандидат за листа на пратеници за ИE 3. Венко Бошнаковски е дипломиран сообраќаен инженер, на отсекот патен сообраќај и транспорт на техничкиот факултет во Битола. Во овој момент работи на раководна позиција во Автошкола, и поседува дозволи за сите возачки категории и сите инструкторски категории. Истовремено, Венко се занимава и со производството и изработка на мебел од секаков вид.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Венко Бошнаковски: Затоа што МК концепт е издржана трета политичка опција, кон која се приклучуваат чесни и искрени луѓе, кои првенствено ја сакаат својата татковина, и луѓе кои по примерот на промоторот на оваа платформа Петар Богојески, знаат како да се справат со корумпираните процеси, проблемите во судството и јавната администрација. Верувам дека МК концепт има капацитет и знаење во своите редови, и дека ќе распореди вистински професионалци на вистински позиции во државните процеси.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Венко Бошнаковски:  Не. Од 2006 година поседувам членска книшка на ВМРО ДПМНЕ.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Венко Бошнаковски:  Пресудно ќе биде справувањето со митото и корупцијата во секоја пора на политичкиот живот, а посебно во судството. Истовремено, клучно би било и справувањето со проблемите во јавната администрација и реалниот сектор, а каде сметам дека ниеден одговорен раководител не смее да биде платен помалку од 40.000 денари месечно. Само на тој начин, ќе се овозможи чесно раководење и залагање на сите професионални кадри, во насока на понатамошен развој и делување на субјектите, како во стопанството, така и во јавната администрација. Искрено сметам, дека Македонија е нерамномерно развиена во сите подрачја и региони. Со тоа, воведувањето на сет на мерки и дополнителни финансиски повластувања или даночни олеснувања за неразвиените подрачја, ќе биде од огромно значење за адекватен развој и помала миграција на национално ниво, која во овој момент опустошува цели региони во државата.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Венко Бошнаковски: Да се препознаат, мотивираат и ангажираат чесните луѓе и професионалци во оваа земја, а верувајте ги има многу, а чиј труд знаење и професионализам, етички и морален, да биде правилно искористен во насока на развој на стратегии и проекти за подобро утре на секој граѓанин на Македонија.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Венко Бошнаковски: Стоп за криминалот и корупцијата присутен во секоја пора на општествено-социјалниот и политичкиот живот во Македонија.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Венко Бошнаковски: Со личен професионален однос и со искористување на сите лични знаења и искуства од реалниот сектор од каде и доаѓам, а насочени кон консултации и стручна поддршка при формирање на тимови, дизајн на проекти и проектни решенија, како и мотивирање на луѓето кои во нив ќе бидат ангажирани.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Венко Бошнаковски: За зголемување на личните примања на сите професионални и стручни кадри кои се ангажирани во државната администрација, затоа што лично се водам од девизата -  „некој кој што е добро платен, не е поткуплив“. Во насока на овој принцип, ќе се залагам за воведувањето на санкција и казна за сите оние кои ја злоупотребиле својата функција или позиција или во своја лична корист го злоупотребиле тоа право. Секако, кон ова ќе би се надоврзале и иницијативите за подигање на јавната свест и перцепција за транспарентноста, чесноста и моралната платформа на кои што би се базирале овие активности и мерки во секоја област и категорија.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Венко Бошнаковски:  Проект подразбира тимски ангажман, повеќе стручни лица и тимови кои имаат иста заедничка цел, и кои се мотивирани да реализираат процес кој е квалитетен, уникатен, транспарентен и има почеток и крај.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Венко Бошнаковски: Македонија сѐ уште во незавидна економска состојба, но со реални индикации за подобрување, пред сѐ поради промените кои се воведуваат. Земја на позитивни луѓе, со позитивна мисла; земја на чесна работа и човечко залагање, каде секој граѓанин ќе настојува да го сочува достоинството, личното и на Државата, и каде секој граѓанин Македонија ќе ја чувствува како своја татковина, како своја мајка. Како земја каде сите ние си ги сакаме своите вредности и огниште, онакво какво што ни е од Бога дадено! фото:Македонски концепт        

Македонија | пред 5 години

zaev-1

По бомите за Мицкоски излегоа снимки и за Заев, но тој се правда туку се исмева со материјалите

После вчерашните снимки за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска осамнаа и аудио материјали за Зоран Заев. Порталот „Инфомакс“ објави четири аудио-записи за кои тврди дека еден од соговорниците е лидерот на СДСМ.Во една од снимките соговорникот му забележува на Заев дека го вознемируваат бизнисменот Орце Камчев и дека тоа не му се допаѓа, на што лидерот на СДСМ одговара со: „Море ќе му е…. маме“Четири аудио-снимки, најдолгата во траење од 41 секунда, се објавени на канал на „Јутјуб“ насловен „Bosko Buha“, на кои се тврди дека се слуша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во разговор со непознат соговорник.На една од снимките се слуша како соговорникот му вели на Заев дека СДСМ ќе изгуби на изборите, на што лидерот на СДСМ му одговара дека зборува како закоравен вмровец.Во последната снимка, соговорникот му забележува на Заев дека го вознемируваат бизнисменот Орце Камчев и дека тоа не му се допаѓа, на што лидерот на СДСМ одговара со: „Море ќе му е… маме“. По објавените снимки статус на ФБ напиша претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој во објавата напиша:После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови.https://www.facebook.com/66035312931/posts/10158621280072932/?sfnsn=moфото: Prtsc

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Спасовски професионална одговорност да ја побара од луѓето во Бирото за јавна безбедност кои се поставени токму од него

Професионалниот пристап во работата и мојата лична култура не ми дозволуваат да коментирам политички изјави затоа што тие најчесто се одраз на одреден страв, аматеризам, непознавање на состојбите и ниска политичка култура. И навистина е така, особено во денешната изјава на Оливер Спасовски во која тој бара некаква одговорност од моја страна, објави на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Министерот во продолжение на својата објава пишува:➡️ Па за да бидат работите целосно јасни, најпрво ќе го упатам таа професионална одговорност да ја побара од луѓето во Бирото за јавна безбедност кои се поставени токму од него, а кои во хиерархиската поставеноста на Министерството за внатрешни работи ја имаат директната одговорност на конкретниот настан на кој тој посочува пропусти од страна на полицијата.➡️ Дополнително, кога зборува за политичка одговорност ќе го потсетам само на десетиците спорни и незаконски тендери кои се направени од негова страна во Министерството за внатрешни работи, а за кои веќе постапува Основното јавно обвинителство, хаосот со личните документи, незаконските решенија кои ги делеше по политичка линија пред да замине и без да се почитува системот на кариера, незаконското поништување на решенија кога се фалсификуваа одлуки и документи од страна на Владата и за кои Државната комисија за спречување на корупција потврди дека се направени на незаконски начин и низа други активности кои се во спротивност со законот.➡️ Јавноста е сведок дека во времето на Оливер Спасовски, на големо се шпекулираше дека полициските структури блиски до него се на платен список кај криминалните структури, а неспорен е и фактот дека токму во тоа време во неколку наврати се случуваше бегство на осудени лица за тешки кривични дела.➡️ На Оливер Спасовски веројатно му пречат констатациите на граѓаните дека во последните три месеци од страна на полицијатa се реализирани многу повеќе акции во споредба со целиот негов мандат во МВР или пак тој е уплашен од неселективното спроведување на законите и безпоштедна борба против криминалот и корупцијата.❗ Граѓаните, но и самиот Оливер треба да бидат смирени. Јас сум човек професионалец и мене не ме интересира политика. Во фокусот на моето работење се граѓаните и мојата држава и ќе направам се што е во мои раце Министерството за внатрешни работи и во иднина да биде вистински сервис и заштита на секој еден чесен и искрен човек.⁉️ За каков морал и за каква одговорност зборува Оливер Спасовски? Зарем погореспоменатите работи не се доволен аргумент против тоа?https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/157017829158353?__tn__=-Rфото: ФБ Наќе Ќулев

Македонија | пред 5 години

dete

Здружение од Кавадарци: На семејство со мало дете очајно му треба помош

Имавме повик до нашето здружение за заштита на животните ,,Срце за животните – Тиквеш”, па од Кавадарци заминавме во Неготино, каде ни беше посочена локација, од каде требаше да земеме мали кученца.Но, кога стигнавме на адресата, имаше што да видиме. Останавме без зборови од условите во кои преживува едно четиричлено семејство – за ,,Фокус” раскажува Виолета Николова, активистка во здружението.Ги зедовме кученцата, тој проблем е решен, но не можеме едноставно да ја игнорираме состојбата во која живее ова семејство. Се работи за дете од пет години, неговите мајка и татко (таткото има одредена попреченост), исто и бабата Ленче, и таа е лице со попреченост. Од она што ни го појаснија, тие живеат со државна помош од околу 8.000 денари, во услови под секое ниво. Домот им се распаѓа, имаат некаков проблем со електричната енергија околу фазите, немаат апарати од бела техника, им треба покуќнина, потребно е реновирање и дезинфекција на целиот простор. Дворот, но и внатрешноста на нивниот дом е преполн со крлежи, пет годишно дете спие и живее таму! Мора да се реагира!- појаснува Николова.Текстот во целост на ФОКУС.МК

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Слушнавме како Заев го пцуе и навредува својот народ, дека го контролирал студентското движење и што мисли за шарените

Гледаме дека од СДСМ се чудат кој ги пуштил денешниве разговори и тука не можеме да им помогнеме, ама можеме од истите да го препознаеме гласот на нивниот лидер Заев како го пцуе и навредува својот народ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Вредно е да се напомене и дека Заев го контролирал студентското движење чувме што мисли за шарените, но добро е и да знаат албанците што мисли тој за Али Ахмети.Исто така е добро и да чујат тој извесен Ацко, Костадинов, па и средношколецот Забарчанец како ги пцуе нив и целиот народ. Е тој човек за жал ја води државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во бунило, почна да го промовира Зоран Заев

Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО.Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор, наспроти политиките на поделби, национализам и криминал и тоа е една од најголемите болки на режимското ДПМНЕ.Конечно, нелегално снимениот разговор покажува дека нема спас за криминалните тајкуни на ВМРО ДПМНЕ и дека одговорност за секој што го прекршил законот ќе има, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-1

Египќаните од Охрид разочарани - од се што им ветил Протуѓер не добиле ништо, единствен што добил е Демир Далип

Мартин Протуѓер од ВМРО ДПМНЕ не ги исполнил ветувањата дадени на Египќаните од Охрид кои гласаа за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ на изборите 2013 година. Ова може да се слушне како го разговараат Кристијан Мицкоски и Зоран Милески во најновите аудио разговори обелоденети пред јавноста вчера.Интересно е да се напомене дека Египќаните своето политичко осамостојување од влијанието на партијата ДУИ го започнаа со појавата на Арбен Демироски Бено, но благодарение на Мартин Протуѓер и власта во Охрид овој пат беше саботиран од постојаните контакти и договарања кои Протуѓер и Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ ги имаа со политички маргинални фигури како Демир Далип.ШТО ДОГОВАРАЛ ДЕМИР ДАЛИП И ШТО ДОБИ ТОЈ ?!Власта на ВМРО ДПМНЕ го вработи Демир Далип во „Здравствен дом“, додека неговата сопруга ја вработи во Општа Болница. Сопругата на Демир Далип почнала да работи на 1 декември 2016 со превземање од болницата во Тетово. Деновиве ќе се направи истражувачка сторија за тоа како тогашните кадри на ВМРО ДПМНЕ ја „превзедоа“ сопругата на Демир Далип и дали таа воопшто работела во болницата или била волонтер, па тоа веројатно ќе отвори нови истраги за кршење на Закон. Јавноста слушна и сниман разговор на кој Демир Далип незадоволно се жали дека поранешниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ не му купил нов точак, иако како што се слуша на снимката тој пишувал пофалби за неговата работа на Фејсбук повеќе од сите.https://www.facebook.com/111220626921688/videos/1087903881591614/?v=1087903881591614Дали Демир Далип остварувал бројни средби со Мартин Протогер и го фалел градоначалникот од ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук во замена за точак ? Интересите на Египќаните кои се цела една етничка заедница се сведени на купување точак за Демир Далип ?Дословно транскриптот од објавениот разговор кој се однесува на Египќаните е следниот:„Бено, значи е, не сакам јас да му се јавувам, затоа што што и да сум направил ќе бидам сватен погрешно“, па повторно се надоврзува Мицкоски: „Погрешно“. Кичеец објаснува и натаму: „Затоа што јас прошлиот пат сум рекол, ти Бено, ќе правиш како што мислиш. Да не дозволиш притисок да се прави. Ако некој ти прави притисок, ќе ми се јавиш, нема што. Терај си. Затоа што, многу го изигра Мартин“, а Мицкоски прашува: „Кој Мартин?“, Кичеец одговара „Протуѓер“. Мицкоски му вели на Кичеец: „Од тие избори, многу последици влечеме“, женскиот глас е надоврзува: „И многу долгови“, а Кичеец одговара: „Луѓето ги направија маскара, мене ме коштаат, ако ви кажам колку пари, нема да ми верувате. Јас сум завршувал на луѓето работи кои Мартин им ги ветувал, никој претседателе не се јави. Сум одел сум запослувал луѓе, Бакрач, минимално, нула и тој многу можел. И тој што му одговараше си праеше, а за луѓето кои сработеле и реално ја донеле победата, не мрднаа со мал прст, дури кривични пријави.. А сите тие работи, јас сум им ги вршел лично. Така мене ми го начука Мартин и Саше, но Саше тука не ни е ни битен, затоа што кажуваше оди, а Мартин лично им ветуваше на луѓето работни места. Тие се мали работи, ама тие се претседателе ѓупци, како да ви кажам, тоа е Еѓипјанец, тоа е човек, тој не е пример да го вратиш за директор. Метлар, правиме муабет за такви работи. Луѓе се. Ни завршиле работа, не може после да не ги познавам“.

Македонија | пред 5 години

pukanje

(ВИДЕО) Физичка пресметка и пукање на Матка

Попладнево се случило пукање на Матка. На видеото се гледа пукање од огнено оружје, а според информациите на пукањето претходела расправија и физичка пресметка меѓу две групи.Расправијата, наводно, настанала во врска со движењето на чамците за туристи во правец кон пештерата.Видео: НЕТПРЕС

Скопје | пред 5 години

ohrid11

Досегашните мерки остануваат на сила, во понеделник нова препорака на Комисијата за заразни болести до Владата

Министерството за здравство информира дека денеска Комисијата за заразни болести одржа состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата на Република Северна Македонија сите досега донесени мерки да останат на сила.Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Levica-logo

Левица: Македонија повторно ќе го победи фашизмот!

На денешен ден капитулира нацистичка Германија. Со тоа се означува крајот на Втората светска војна, војна во која својот живот го изгубија над 70 милиони жители, се вели во соопштението од Левица. Во соопштението по повод 9 ти мај од Левица додваат.Фашизмот е фронтален и директен напад против работниците и работничките движења од сиот свет. Во XX век, големопоседниците живеат во страв поттикнат од меѓусебните конфликти како производ на многубројните социо-економски контрадикции, создавањето на првата работничка држава – СССР и замавот на силни работнички партии кои стремат да ја освојат власта. Сопствениците на капиталот соочени со растот на политичката моќ на работниците, својот спас и опстојувањето на општествениот поредок кој им дозволил да се богатат од работничката пот повеќе не го гледаат во умерените партии, па прибегнуваат кон фашистички методи и практики за да го задржат статус квото.Но, фашизмот не е феномен својствен само за Втората светска војна, тој не е анахрона појава – модифицирајќи се низ историјата тој држи чекор со времето. Денешниот фашизам е крипто-фашизам, сокриен во економските односи и политичката култура наметнат од тие односи. Денеска, фашизмот е најочигледен во меѓународните односи на империјалистичкиот поредок каде нациите од центарот на капитализмот вршатагресии врз нациите од периферијата. Токму нашата држава, Република Македонија, од една страна соочена со империјалистичка агресија на воениот пакт НАТО, од друга страна притесната од шовинистичките претензии на соседитете држави поддржани и поттикнати токму од Европската Унија, е една од неговите најголеми жртви на денешницава. Денес, токму како во времето на НОБ, се соочуваме со борбата против фашизмот.Темелите на македонската државност се резултат на борбата на нашиот народ против крвавиот фашизам. Тоа е резултат на херојската народноослободителна борба против фашистичките окупатори, меѓу кои беше и токму бугарската држава.Фашизмот е реакција на општеството кое што изумира и е подготвено да прогресира напред, да заземе нов облик и ново уредување. Фашизмот е најсуровиот обид да се спречи одумирањето на капитализмот, да се спречи триумфот на работникот врз својот газда, на угнетениот врз угнетувачот, на слугата врз господарот. Фашизмот е избезумениот крик на владеачката класа, која ја губи контролата врз своите поданици. Фашизмот е плачот на капитализмот, кој се гуши во рацете на работничката револуција.Нека ни е среќен 9 мај – Денот на победата над фашизмот, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

oliver-spasovski-670x367

Спасовски: Ќе креираме Буџет, којшто ќе може да ја подржи економијата и во моменти кога ќе имаме услови за целосно враќање на економијата

Премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања најави Ребаланс на Буџетот, за како што кажа ќе се направи  кратење што ќе биде за функционирање на државата.- Ние разговаравме неколку пати, во рамки на економскиот тим и економскиот совет. Секако ќе се разговара во наредните денови во делот на Ребалансот на Буџетот, наша идеја е да направиме кратење што ќе биде за функционирање на државата. Тука, пред  сè сметам дека капиталните инвестиции, кои создаваат добра економска активност, треба да останат максимално, за да може да ги одработиме сите тие проекти. На тоа сме насочени како Влада. Едноставно, ќе креираме Буџет, којшто ќе може да ја подржи економијата и во моменти кога ќе имаме услови за целосно враќање на економијата да биде македонската економија подготвена да се врати во полна економска активност. За платите на администрацијата, сега немаме таква одлука. Ги гледаме сите анализи, коишто стојат пред нас. Знаете, дека донесовме Одлука, јас сметам дека тоа беше една од најисправните одлуки, токму функционерите, ние што имаме и најголеми плати во државата, да ги намалиме на минимална плата. Уставниот суд го оспори тоа, но сепак тоа не беше наша одлука, туку на Уставниот суд. Меѓутоа.. Во меѓувреме сите функционери веќе ги донираат своите плати во Фондот којшто го формиравме за оваа криза КОВИД - 19, истакна премиерот Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања