Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Marka-1

АД „Пошта на Северна Македонија“ се извини и ја повлече марката со карта на „Голема Хрватска“

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје се извинува за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.-На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6000 (шест илјади) примероци. АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје изразува жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата Држава, велат од Пошти.Издавањето на поштенските марки е регулирано со Законот за поштенските услуги и Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници.-Издавањето на поштенските марки е во согласност со Годишна програма за издавање на поштенски марки, одобрена од страна на Министерството за транспорт и врски. Согласно одобрените теми, мотиви, тиражи и останати обележја на поштенските марки, во процесот на издавање на истите се вклучени: Биро за филателија на друштвото и Совет за издавање на поштенски марки. Бирото за филателија има надлежност да собира и стручно обработува податоци; предлага мотиви и подготвува графички и ликовни решенија на поштенските марки, ги подготвува за печатење во согласност со насоките добиени од Советот и др.. Советот за поштенски марки именуван од Управниот одбор на Друштвото е составен од 7 членови, четворица претставници од редот на вработените во Друштвото и три надворешни членови. Надворешните членови се од редот на лица ангажирани во културни, јавни и научни области (историчари од национални институти (2) и еден е уметник од ФЛУ, се вели во соопштението.Од Пошти појаснуваат дека конечна одлука за изборот на мотивите како и графичките и ликовни решенија на поштенските марки ја носи Советот за поштенски марки.-По повод ненамерната техничка грешка се состана Управниот одбор на Друштвото со цел преземање мерки во рамки на своите надлежности, а во согласност со Правилникот за издавање и продажба на поштенски марки и вредносници. На итно одржаната седница на ден 09 мај 2020 година, Управниот одбор на Друштвото донесе:– Одлука за повлекување од употреба на поштенската марка на тема „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „ Хрватска (Загреб)“ со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 72,00 денари со ден на пуштање во употреба на ден 08.05.2020 година. Со предметната одлука се утврдува и поништување на целокупниот тираж.– Одлука за разрешување на Раководителот на Бирото за филателија и– Одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.АД „Пошта на Северна Македонија“- Скопје во оваа прилика уште еднаш најискрено се извинува на сите засегнати страни за ненамерната техничка грешка.Само со взаемно почитување и блиска соработка може да бидеме составен дел на големото европско семејство, велат од Пошта.

Македонија | пред 5 години

Marka-1

Скандал на „Македонски пошти“ објавија поштенска марка со „голема Хрватска“

Србија најави дека ќе испрати протестна нота до Македонија за грешката со поштенската марка каде беше отпечатена мапа на „Голема Хрватска“, каде има делови од други територии, меѓу кои и од Србија.Вработен во македонската амбасада во Србија, повикан е денеска во министерството за надворешни работи каде му е предадена нотата, јавуваат повеќе медиуми во Србија.Ваквиот потез на „Македонски пошти“ наиде на жестока реакција во Србија.„Македонски пошти“ се извинија за грешката, за која велат дека е сторена ненамерно.Промотивниот материјал е повлечен од интернет страницата на „Македонски пошти“. Директорот Ејуп Рустеми експресно свикал состанок на Управниот одбор кој е во тек и на кој се расправа чија е одговорноста за сторениот пропуст.

Македонија | пред 5 години

09052020_PVRSM_Spasovski_9-ti_Maj-2

Влада: Република Северна Македонија припаѓа на европското семејство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, и шефот на делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Самуел Жбогар, по повод 9-ти мај - Денот на Европа пред платото на Градската општа болница „8-ми Септември“ присуствуваа на пригодната церемонија на кревање на знамиња на Република Северна Македонија и Европската Унија и оддадоа почит со едноминутно молчење на сите оние кои ја изгубија битката со коронавирусот КОВИД-19.На настанот во организација на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија во владината делегација присуствуваа и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.Во обраќањето премиерот Спасовски истакна дека нема посилна симболика со тоа што Денот на победата над фашизмот стана Ден на Европа, откако на денешен ден, пред точно 70 години додека уште се лекуваа длабоките рани од Втората светска војна, францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика да почне изградбата на нова Европа и се постави зародишот на Европската Унија.„Со учеството и победата во антифашистичката голема светска војна на територијата на нашата земја, припадничките и припадниците на партизанските единици на Народно-ослободителната борба, ја заокружија и историската борба за државност. Македонската држава беше создадена како дом на слободата. Дом на изборот, дом на слободата на изразувањето и на слободната мислата. За сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Дом каков што е денеска Европската Унија, како што е напредна и прогресивна Европа“, нагласи премиерот Спасовски.Воедно премиерот Спасовски подвлече дека токму затоа денеска имаме силни и големи причини да славиме и да бидеме дел од прославите ширум Европа.„Граѓаните на нашата земја го направија изборот и тие се горди на својот избор. Ја избравме иднината. Иднината на Европската Унија, затоа што е изградена на вредностите во кои веруваме и ги практикуваме и ние. Ние припаѓаме на европското семејство, формално сè уште не сме, но го почнавме патот! Би сакал да ја искористам денешната прилика најотворено и најискрено да упатам благодарност кон сите земји-членки на Европската Унија, да упатам благодарност до амбасадорот Жбогар во координирањето на огромната помош која ја добивме од ЕУ и за постојаната континуирана 24 часовна соработка со нашето семејство – Европската Унија“, нагласи претседателот на Владата, Спасовски.Тој посочи дека Република Северна Македонија во последните 3 години реши сериозно да заврти нови страници во својата историја.„Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи. Станавме 30-та членка на НАТО и оваа година ги започнуваме пристапните преговори за членство во ЕУ. Следните чекори се подготвени и ќе работиме посветено со Европската Комисија и Европскиот Совет што поскоро да ја закажеме Првата Меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија“, наведе премиерот Спасовски.И дополни дека со тоа ја ставаме нашата земја на експресниот пат до членството во Европската Унија, затоа што тоа е и наш концепт.„Концепт заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, за пазарна економија, како и за остварување на фер можности врз темелите на солидарноста.Затоа ја сакаме и ја замислуваме иднината заедно - замислуваме, ја посакуваме, работиме за неа и веќе сме заедно. Заедно и во добро и во зло“, рече премиерот Спасовски.Тој посочи дека заразата со коронавирусот КОВИД-19 во изминатите месеци сите заедно не соочи со суров избор помеѓу животот и смртта на нашите граѓани и опстанокот на нашите економии.„Новиот коронавирус предизвика пустош и не соочи со несогледливи предизвици, но донесе и нешто позитивно - јасно покажа дека европскиот континент има заедничка судбина. Начинот на справување со заразата покажа дека споделуваме иста политичка култура и пракси, и го истакна и високото ниво на социоекономска взаемна зависност помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан кои имаат силна и непоколеблива намера еден ден да бидат рамноправни членки на Унијата“, потенцираше претседателот на Владата, Спасовски.Тој нагласи дека Република Северна Македонија периодот на оваа здравствено-економска криза се увери дека Европската Унија ја сподели грижата и помошта со нашата земја како да сме веќе членка на европското семејство.И додаде дека оттаму доаѓа и нашата благодарност за видливо демонстрираната солидарност и помош од страна на ЕУ во форма на итна поддршка за здравствениот сектор, со финансиски пакет за соочување со социоекономските последици како и со макро финансиската помош која ќе биде нивно важно надополнување.„Високо го цениме и обезбедениот пристап без преседан до останатите ЕУ механизми и инструменти како и заедничките напори безбедно да ги вратиме нашите затекнати граѓани дома. Благодарни сме што на овој начин ЕУ ги третира нашите држави како да сме речиси дел од Унијата. Тоа ни дава чувство на сигурност дека заедно ќе се справиме со товарот на кризата. КОВИД- 19 заразата несомнено ќе продолжи да ја тестира нашата одлучност и сега најважно е да ги фокусираме напорите за опоравување и надминување на економско социјалните последици кои се длабоки во сите земји на ЕУ, како и во земјите кандидати за членство“, истакна премиерот Спасовски.Во своето обраќање амбасадорот Самуел Жбогар наведе дека 70-годишнината од Шумановата декларација ја одбележуваме во период кога се соочуваме со предизвик, како што светот досега не го доживеал.„Заканата од страна на коронавирусот не знае за граници, одзема животи, влијае на здравјето, ги поткопува економиите и ги загрозува нашите општества, па дури и светскиот поредок. Тоа го смени фундаментално нашиот начин на живот. Се смени за добро или за лошо, но дефинитивно засекогаш ги смени она нормално како што го знаевме.Исто така, вирусот во прв план истакна и еден од основните принципи на ЕУ - оној на солидарноста. Токму солидарноста и донесе на Европската Унија 70 години мир и просперитет. И токму солидарност ја изведува Европа од сегашната криза“, нагласи амбасадорот Жбогар.Тој истакна дека токму оваа година се одбележува 20 години на делегација на ЕУ во Скопје и конечно бевме во можност да го почнеме вашето патување кон подобра иднина во Унијата.„Солидарноста што ја прошири Европската Унија и нејзините земји-членки кон вас и регионот за време на оваа криза даде одговор на дилемата за тоа каков е ставот на ЕУ кон регионот: Ние сме едно семејство!И конечно, ЕУ ја предводи иницијативата за собирање средства за развој на вакцината за КОВИД-19 што ќе им биде достапна на сите во светот по прифатлива цена. Токму тоа е ЕУ во најдоброто светло како глобална сила за добро“, посочи шефот на делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Жбогар.Тој истакна дека од оваа криза ќе излеземе заедно, сегашните и идните земји-членки, барајќи ја основната европска вредност - солидарноста, како и овој ден на Европа и овие вонредни околности не потсетат дека заедно сме посилни и таа солидарност е европски пат кон подобра иднина заедно.Премиерот Спасовски и амбасадорот Жбогар пред присутните искажаа благодарност кон сите здравствени работници кои се во првите редови во борбата против пандемијата.Тие се вистинските херои на нашето време, кои ризикувајќи го сопственото здравје не учат лекции за солидарност, жртвување и хуманост.На крајот од пригодната церемонија премиерот Спасовски и амбасадорот Жбогар уште еднаш изразија длабока почит и за сите жртви од КОВИД-19 во нашата земја, во Европа и во светот.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

izbori-02

Спасовски: Избори ќе има, на лидерската средба ќе се одлучи за датумот

Премиерот Спасовски, денеска изјави дека изборите ќе се одржат, а на лидерската средба во вротник на 12 мај ќе стане збор за датумот, кој ќе зависи од развојот на кризата со коронавирусот.„Не знам дали јуни е идеално време за да се одржат парламентарните избори. Сепак, поради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните“, посочи Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oliver-spasovski-670x367

Премиерот вели дека ИВЗ треба да ја приспира одлуката за отворање на џамиите , а на МПЦ им порача да се однесува сериозно

Премиерот Оливер Спасовски вели дека Исламската верска заедница треба да ја приспира одлуката за отворање на џамиите на 12 мај, а на МПЦ им порача да се однесува сериозно.Тој во одговор на новинарско пеашање кажа дека верските заедници треба да ги почитуваат одлуките на Владата и дека нема организација, безразлика дали е верска, политичка, или поединец кој не треба да ги почитува одлуките.„Апелирам да си ја преиспитаат сопствената одлука во делот на отворањето на џамиите, меѓутоа исто така укажувам и МПЦ да се однесува сериозно заради тоа што направи низа на пропусти во изминатиот период“, изјави Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG-0157

Дополнителната заменик министерка Петровска им оддаде почит на загинатите херои во Куманово

Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска им оддаде почит на вечните почивалишта на загинатите херои кои загинаа пред пет години во Куманово. На овој ден, граѓаните на Европа го слават Денот на Европа, а ние со тага се присетуваме на 9 мај 2015 година, пред пет години кога загинаа осум припадници на Министерството за внатрешни работи: Љубиша Аранѓеловиќ Бобан Ивановиќ Горан Илијевски Жарко Кузмановски Исамедин Османи Сашо Самојловски Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ Нека им е вечна славата! И после пет години останува тагата за овие наши сограѓани, пријатели, колеги, роднини, зошто припадниците на Министерството за внатрешни работи ги загубија своите животи. Секоја неправда има име и презиме, и ова злосторство има име и презиме. Никогаш да не се повтори.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

09052020_PVRSM_Spasovski_odbelezhuvanje_den_na_Evropa_i_den_na_pobedata_nad_fashizmot-3

Спасовски: Со членството во НАТО и ЕУ, обезбедуваме безбеден европски дом и иднина за нашите млади, денеска, тоа е нашиот патриотизам

„Денеска одбележуваме и славиме голем ден, 9-ти Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Еден датум за два големи настани во историјата на Европа и на нашата земја Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа и на Европејците и датум за паметење на големото дело на борките и борците на партизанските единици од Народно ослободителната војна кои со двете заседанија на АСНОМ ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава.“ Со овие зборови, го започна своето обраќање премиерот Оливер Спасовски на свеченото одбележување на денешниот историски ден.Потсетувајќи дека освен заедничката победа на прогресивните народи на Европа над фашизмот, денеска се одбележува значаен јубилеј – 70 години, од денот кога на 9-ти мај 1950 година, на предлог на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, започна да се гради Европа, како опција за одржување на мирот.„Седум години подоцна, шест европски земји ја основаа Европската економска заедница со Договорот од Рим и го отпочнаа процесот на европската интеграција, кој ќе биде крунисан со она што денеска претставува Европската Унија. Со идејата за Европската Унија лидерите на европските земји избраа дека сите разлики ќе ги решаваат на масата, а не на воените боишта“, нагласи премиерот Спасовски.Осврнувајќи се на Втората светска војна на територијата на Македонија, која заврши со околу 25.000 загинати борци и цивилни жртви, нагласувајќи го заедништвото на сите етнички задници, припадничките и припадниците на партизанските единици на Народно-ослободителната борба, кои и за сметка на своите животи застанаа против фашистичките окупаторски сили, премиерот Спасовски рече:„Македонската држава беше создадена како дом на слободата. Дом на изборот, дом на слободата на изразувањето и на слободната мислата. За сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Дом каков што е денеска Европската Унија, како што е напредна и прогресивна Европа“, подвлече премиерот Спасовски.Тој го истакна вистинскиот избор и на денешната генерација во нашата држава, која со определбата за членство во семејството на најмоќниот воено-безбедносен сојуз, НАТО и со определбата да стане дел од најмоќната економска заедница, Европската Унија, чекори кон посигурна, безбедна и просперитетна иднина за нашите млади и за сите наши идни генерации.„Обединети и единствени во овој избор околу европските вредности, можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време. Затоа во изминатите три години, после сите последни премрежија и искушенија, презедовме крупни, храбри чекори, да направиме од нашата држава европски дом за сите зашто Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа. Денеска, тоа е нашиот патриотизам“, рече премиерот Спасовски честитајќи го Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.Упатувајќи честитки по повод 75-годишнината од Победата над фашизмот и Денот на Европа, претседателот на Сојузот на борците од НОАВМ и продолжувачите, Никола Стојановски оддаде признание на Владата на Република Северна Македонија за соработката и поддршката на Сојузот на борците, во овие како што рече, деликатни околности, кога европската и светската заедница се соочуваат со состојбата на пандемијата барајќи од сите, заедничка борба, солидарност и сојузништво.„Произлезени како држава и нација низ вековната борба може да се согласиме дека ова се најтешки моменти после антифашистичката херојска борба, крунисана со АСНОМ-ските решенија, до конечната сојузничка победа на 9-ти мај 1945. По тој повод, ние, членовите на Сојузот на борците, учесници и продолжувачи на делото, симпатизери, членови на светската федерација на ветерани, на Антифашистичката федерација, ќе истакнеме, Да не се заборава историјата од вчера и денес, оти не чека нова. Утре“, истакна во своето обраќање Стојановски.Тој подвлече дека одбележувањето на светлите датуми од Преродбата, од Илинден до Народноослободителната и антифашистичка борба, АСНОМ и победата, изградбата на државата, остануваат вечен завет.„Денес, оддаваме почит кон жртвите и кон едно големо дело, нашиот пат, како АСНОМ-ски, со прогрес и поддршка на прогресивните идеи, за слобода, еднаквост и братство. Искажуваме целосна поддршка кон интегративните, флексибилните и демократски политики на Владата“, порача Николовски честитајќи го 9-ти Мај, Денот на Победата и Денот на Европа.По повод денешниот ден, Владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, предводена од премиерот, Оливер Спасовски, заедно со делегација на Сојузот на борците на Народно-ослободителната антифашистичка војна, положија венци пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

IMG-0158

(ФОТО) Одбележување на петгодишната од загинување на полициските припадници кај Диво Насеље

Денес се одбележуваат пет години од трагичното загинување на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи во трагичниот настан кај Диво Насеље кај Куманово. Во нивна честа министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес присуствуваше на панихида која се одржа во црквата Св. Никола во Куманово.„Најпрво сакам како министер за внатрешни работи и како граѓанин да изразам искрено сочувство до семејствата и најблиските на загинатите припадници кои на денешен ден пред пет години ги положија своите животи во одбрана на уставниот поредок, мирот и сигурноста на сите граѓани“, истакна Министерот Чулев по завршување на панихидата во Куманово. Тој додаде дека несреќниот настан кој се случи во Куманово е без дилема еден страшен потсетник за реалноста од терористички закани и предизвици, за заедничката граѓанска осуда на таквото безумие, но уште повеќе за храброста и пожртвуваноста на припадниците на македонската полиција да го зачуваат нашиот мир и безбедноста нежалејќи ги своите животи.Во рамки на одбележување на овој тажен ден за Министерството за внатрешни работи министерот Чулев положи и цвеќе на спомениците кои во нивна чест се подигнати во круговите на Единицата за брзо распоредување и Единицата за специјални задачи на чии редови припаѓаа овие полициски службеници. Нашето општество сите негови чинители мора и се должни да извлечат силна поука од настанот во Диво Насеље: слободата, животот и безбедноста се најскапоцени вредности што сите заедно мораме да ги чуваме и негуваме. На тоа не обрврзува жртвата на нашите колеги дадена во името на иднината на сите македонски граѓани. И таа жртва не смее и нема да биде заборавена. Нека им е вечна славата, додаде Чулев во рамки на настанот. Јас како министер за внатрешни работи цврсто стојам на ставот дека институционалната поддршка на семејствата треба да се засилува и во иднина и како и до сега треба да излеземе во пресрет на сите нивни барања и потреби, заклучи тој. фото: МВР

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

36 нови случаи на ковид 19 - најмногу позитивни во Тетово

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Виница-1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1.Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 538, активни 131       Куманово – 408, активни 63       Дебар – 51, активни 0       Штип-35, активни 2       Прилеп –173, активни 65       Тетово – 108, активни 53       Струга – 67, активни 16       Велес – 107, активни 51       Битола –22, активни 3       Охрид –15, активни 9       Кавадарци – 5, активни 1       Гостивар –18, активни 4       Гевгелија – 4, активни 0       Струмица – 2, активни 0       Крива Паланка- 6, активни 2       Радовиш – 4, активни 0       Крушево – 3, активни 0       Кочани – 31, активни 5       Пробиштип – 2, активни 0       Кичево – 2, активни 1       Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       Демир Хисар – 1, активни 0       Македонски Брод - 2, активни 0       Пехчево- 3, активни 2       Делчево-1, активни 1       Валандово -1, активни 1       Виница – 2, активни 0       Кратово-1, активни 1       Берово-1, активни 1Направените 411 теста се преку: ИЈЗ –248, Ветеринарен ф-тет -13, Авицена –14, Биотек -42, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода  -27 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 3 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се 3 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

DSC_0871

(ФОТО) Општина Центар и Руската Амбасада подигнаа спомен-обележје во чест на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со Амбасадорот на Руската Федерација во РСМ, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин, положија свежо цвеќе на новоподигнатиот споменик во чест на Денот на победата над фашизмот и 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.На 9-ти мај 1945-та година, во Берлин, претставниците на германските сили ја предадоа потпишаната капитулација на советскиот маршал Жуков и британскиот маршал Тедер. Со тој чин, завршува едно мрачно поглавје од светската историја.“Денес, треба да бидеме помудри и да учиме од историјата. Да им бидеме благодарни на нашите претци, кои несебично се вклучија во битките и во борбите со окупаторот. Тие храбро и достоинствено ја извојуваа оваа голема победа за сите земји и народи и за враќање на светскиот мир, како една од највисоките цели на човештвото“, рече Богдановиќ.Спомен-обележјето, донација од Амбасадата на Руската Федерација во РСМ, е подигнато во сеќавање на милионите војници кои ги положија своите животи во име на мирот и слободата.„Споменикот што го отвараме денес е посебен, прв од ваков вид. Тој претставува потврда за единството на народите на антихитлеровата коалиција, која ја ослободи Европа од нацистите и нивните помагачи. Како прототип или поточно, извор на идејата за него послужи споменикот на советските војници во рускиот град Ржев, во чија што близина во јануари 1942-ра година до март 1943 се одвиваа тешки крвави битки. Во нив загинаа речиси 400 илјади војници и офицери на Црвената Армија“, изјави Баздникин.Општина Центар заврши со реконструкција на улицата на која се наоѓа споменикот, „9-ти Мај“. Стариот и дотраен асфалт е заменет со нов, на вкупна површина од 1076 м2, поставени се нови рабници, шахтите се нивелирани и реконструирани се тротоарите со нови префабрикувани бетонски елементи на површина од 1020 м2.Со оддавање почит на загинатите во Втората светска војна и со пораки за продолжување на пријателството меѓу двата народи, македонскиот и рускиот, Богдановиќ и Баздникин ги повторија заложбите за унапредување на соработката и партнерството помеѓу Република Северна Македонија од една и Руската Федерација од друга страна.фото:Општина центар

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: Мицкоски да се пријави во Шутка откако излегоа докази дека соработувал со Кичеец

Јавноста ја дозна вистината, потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Рекет“ кој очигледно води директно до белиот дворец. Објавени снимки потврдија дека Христијан Мицкоски имал средби и директна соработка со веќе осудениот Зоран Милески Кичеец, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Еден ден по објавувањето на вистината Мицкоски се уште се нема појавено во истржниот затвор „Скопје“ популарно наречен Шутка.Иако, Мицкоски јавно, во едно интервју рече дека сам ќе се пријавел во затворот Шутка ако се објави доказ дека тој имал нешто со Кичеец.Додека размислува за сопственото пријавување Мицкоски треба да одговори:Што сакаше да сокрие Мицкоски со неговите лаги?Дали сакаше да ја сокрие поврзаноста со Кичеец и Орце Камчев?Или можеби поврзаноста со случајот „Рекет“?Дали на оваа средба од која искочија неколку снимки се разговарало и за други задачи кои требало да ги изврши Зоран Милески - Кичеец?Очекуваме дека Мицкоски ќе одговори на сите овие прашања, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Колев: 9-ти Мај е симбол на победата врз едно зло, што позади себе остави многу смрт, болка и урнатини

Честитка по повод 9-ти Мај, Денот на Европа од Петар Колев, претседател на ГДУ. Во честитката се вели:-Би сакал од мое лично име и од името на Граѓанско Демократската Унија, да ве поздравам и да ви го честитам 9-ти Мај- Денот на Европа.9-ти Мај е симбол на победата врз едно зло, што позади себе остави многу смрт, болка и урнатини. Химната на Европа „Ода на радоста“ е потсетник дека сите ние треба да се стремиме кон тоа да го зачуваме нашиот заеднички дом, обединет и подготвен за предизвиците со кои што се соочуваме во моментот и со оние кои што ќе се појават на нашиот пат воиднина.Македонија може да биде успешна само како дел од таа Европа. Ние немаме друга алтернатива освен да работиме напорно за тоа нашата земја да почне да ги чувствува основните демократски вредности врежани во слободарскиот дух на стариот континент. Македонија може и ќе биде држава во која ќе владеат принципите на правото и правната држава. Македонија нема вечнода спаѓа во категоријата на земји со хибриден режим. Македонија ќе се раздели со синдромот „наше дете“ останат од времето на комунизмот.Македонија има сила да биде нормална европска земја, затоа што има граѓани на кои им е грижа за сопствената земја.Да работиме заедно за тоа. Да им покажеме на остатоците од лошите практики во минатото дека ние можеме да се избориме за подобри денови за нас и нашите деца.Без нарачани судски пресуди, без „бомби“, без непотизам, без корупција во невидени размери, без малтретирање на обичниот човек, без замајување и бегање од вистинските проблеми на граѓаните.Нека ние честит Денот на Европа и да ја направиме заедно Македонија навистина европска Република.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-3

Мицкоски: Обновата ќе победи, и тогаш ќе победат европските вредности

Честитка по повод  9-ти мај - Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во честитката се вели: Дозволете во мое име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам 9ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.9 мај го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа. Да не заборавиме дека партизаните, како наследници на илинденската епопеја и комитите се изборија за слободата која е скапо платена. Европа е вредности, но и ова е ден кога треба да се празнува слободата и солидарноста. Европа постои како триумф над режимите, угнетувањето, газењето на правата на луѓето.А Фридом Хаус вели во Македонија владее три години по ред хибриден режим, тоа значи недостаток на слобода, многу корупција и криминал. Земја во која главните од власта рекетираат, а оние кои треба да судат, ослободуваат под притисок на власта. Во овие три години на премрежја, отстапки, болни решенија и договори сеуште сме далеку од посакуваната цел за европската иднина. Дополнето со нови условувања, пречки, барања за отстапки. Неспособната власт во земјава и отсуството на лидерство значи за народот и нашата Македонија тапкање во место. Победата на европските вредности ќе значи победа над оние од власта кои не влечат во мочуриштето во кои тие опстојуваат и сакаат да се идентификуваат. Тоа е нивната претстава за животот, но не и на народот, кој оправдано сака подобар живот и обнова на пустошот кој го оставија за сите нас.Обновата ќе победи, и тогаш ќе победат европските вредности.Европа ќе ја донесеме пред се затоа што нашиот народ тоа го заслужува, а тоа значи пред се европеизација внатре, стандарди и вредности . Визијата за иднината каква ја заслужуваме.Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, се вели во честитката од Христијан Мицкоски.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

kiceec-i-mickoski

Слободанка Алексовска, е третата личност чиј глас се слуша на новообјавените аудиоснимки од разговорите меѓу Мицкоски и Кицеец

Ексраководителката во Агенцијата за вработување, придружник на Христијан Мицкоски во странство, а сега вработена во болницата „Систина“, Слободанка Алексовска, е третата личност чиј глас се слуша на новообјавените аудиоснимки од разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, и Зоран Милески-Кичеец.„А1он“ се обиде да стапи во контакт со Алексовска за потврда на информацијата, но таа не одговори на нашите повици и на прашањата испратени по СМС. Гласот на Алексовска се слуша во текот на разговорите меѓу Кичеец и Мицкоски како го потврдува веќе кажаното, но и како го дополнува тоа што претходно го кажува Кичеец. Запрашан дали Алексовска била на средбата од која аудиоматеријал беше објавен на „Јутуб“, Кичеец за „А1он“ ја потврди информацијата.Од профилот на Мицкоски на „Фејсбук“ може да се види дека Алексовска го придружувала на патување во февруари 2018 година кога неколку дена престојувале во работна посета на САД. Текстот во целост на А1 ОН

Македонија | пред 5 години

Tabela-maj-1

Во Охрид и Дебрца веќе нема болни од COVID -19

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува Центар за јавно здравје Охрид, а со цел избегнување на ширење на непроверени информации и шпекулации поврзани со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за  справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…За период од 01 до 08 мај 2020 г.Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 76 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 24 лица, во општина Струга и Вевчани 34 лица и 18 лица, во општина Дебар и Центар ЖупаОд вкупно земените материјали, 48 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 24, Дебар и Центар Жупа 2), а 28 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 2, Струга и Вевчани 10, а Дебар и Центар Жупа 16)Од тестираните лица во овој период во општина Охрид и Дебрца не е лабораториски дијагностицирано присуство на COVID-19 кај ниту едно лице, 1 лице од општина Струга е позитивни на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19Оздравени пациенти од општина Охрид се 9, од општина Струга се 7, а од општина Дебар 2 пациенти. Во Охрид денес веќе нема активни лица позитивни на COVID-19Во овој период почина едно лице од Струга позитивно на COVID-19. Од почетокот на епидемијата до денес, 09 мај 2020:-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на  вкупно 132 лица од кои 15 во општина Охрид и Дебрца, 67 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа. -оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 37, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти-НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 14, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4. Истакнуваме дека во општините Охрид и Дебрца денес веќе НЕМА активни пациенти, односно лица позитивни на вирусот  COVID-19, поточно сите 15 лица позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата, се оздравени.Почитувани сограѓани и покрај поволните епидемиолошки параметри во овој момент, особено во Охрид и Дебрца, простор за опуштеност нема. Епидемијата сеуште трае. Активноста на вирусот се намалува, но коронавирусот циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири. НЕКА ГРИЖАТА ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ ВИ БИДЕ НА ПРВО МЕСТО!

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Во изминативе 24 часа на 44 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 44 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 27 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

kosta

Георгиески: Една година заедно работиме за подобра иднина на нашиот Охрид

Посветено, одговорно и чесно, водени од Вашите приоритети и потреби, ЕДНА ГОДИНА ЗАЕДНО работиме за подобра иднина на нашиот Охрид, напиша напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во својата објава додава:Како што Ви ветив, во правата година од мојот мандат успеавме да реализираме голем број проекти кои се од исклучително значење во повеќе сфери од општественото живеење.Водени од принципот на транспарентност, подготвен е соодветен материјал, преку кој ќе Ви бидат презентирани детали од мојата едногодишна работа.Презентацијата за сите реализирани проекти ќе се одржи на 11-ти мај 2020 година (понеделник) во 11 часот преку линк во живо на официјалната страница на Општина Охрид и на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/594378681167739/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

9-ti-maj

Денот на Европа ќе се одбележи со оддавање почит на жртвите на Ковид-19

По повод Денот на Европа – 9 Мај, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија организира настан пред платото на Градската општата болница „8 Септември“.Настанот ќе почне во 12.30 часот со кревање на знамињата на Република Северна Македонија и на Европската Унија, по што ќе се оддаде почит со едноминутно молчење за жртвите од Ковид-19.Како што соопшти европската делегација во Скопје, на церемонијата свои обраќања ќе имаат евроамбсадорот Самуел Жбогар и премиерот Оливер Спасовски. На настанот ќе присуствуваат и шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче.Настанот ќе се пренесува во живо на официјалниот канал на Владата на Северна Македонија. 

Македонија | пред 5 години

Civil

На Денот на Европа, ЦИВИЛ повикува на одбрана, унапредување и промовирање на европските вредности

ЦИВИЛ им го честита Денот на Европа на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија и на Европа.На 9 Мај се слават европските вредности, кои се основата на Европската Унија. Почитување на човековото достоинство и човековите права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото се фундаменталните вредности на Европска Унија кон кои се обврзани сите земји членки на најдинамичниот и најпрогресивниот сојуз на држави во светот.Како организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ веќе две децении неуморно се залага за почитување на човековите права и слободи, слобода, правда, еднаквост и владеење на правото, кои се дел и од европските и општочовечките вредности.Денот на Европа, 9 Мај, го одбележуваме во исклучително тешки и сложени околности. Пандемијата на корона вирусот, економска криза и рецесија, растот на радикализмот, ксенофобијата и авторитарните тенденции во повеќе земји на Европа го одбележуваат овој период.ЦИВИЛ ја истакнува важноста на европските вредности и ги повикува сите поединци, заедници, институции и политички или граѓански организации на сите нивоа во земјава и во Европа, да ги удвојат напорите за одбрана, унапредување и промовирање на тие вредности, на секое место и во секое време.Членството во ЕУ беше и останува една од највисоките национални цели и стратешки интерес на Република Северна Македонија од основањето до денес. Живееме во период на предизвици кога, со прифаќањето и негувањето на европските вредности, секој од нас може да даде драгоцен придонес кон ЕУ интеграциите и кон подобрувањето на животот на сите граѓанки и граѓани на нашата земја, но и на Европа.Македонските граѓанки и граѓани имаат извонредна можност да дадат придонес нашата земја да биде лидер и европски пример за почитување на европските вредности и на тој начин да го подобрат квалитетот на живеењето во овој период, тежок за целиот свет. фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

prsm_9maj

Порака од претседателот Пендаровски по повод 9 Мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот

По повод 9 Мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:Пред седум децении тогашниот француски министер Роберт Шуман ја претстави својата визија за Европа во која истакна дека „Европа нема да се изгради одеднаш или според еден единствен план. Таа ќе се гради преку реални достигнувања кои првенствено создаваат де факто солидарност“. 70 години подоцна, визијата за Европа, како опција за одржување на мирот, заснована на принципите на соработка и солидарност уште трае.Уште од независноста во 1991 година, македонското општество ја избра Европската Унија како своја стратешка цел, прифаќајќи ги европските вредности на демократија, владеење на правото, економска соработка и просперитет за своите граѓани. Оваа година се оствари сонот на многу генерации, ја  добивме одлуката за почеток на преговорите за членство, наскоро очекуваме да се определи преговарачката рамка, а по нејзиното одобрување да го почнеме пристапниот процес со првата меѓувладина конференција.Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ни ја покажа на дело важноста да се биде дел од европското семејство и поддршката која оваа заедница може да ни ја обезбеди за стабилност и просперитет.Овој ден, исто така, го одбележуваме како Ден на победата над фашизмот. Пред 75 години, антифашистичката коалиција извојува голема победа со безусловната нацистичка капитулација.За време на Втората светска војна, и граѓаните на Македонија преку НОБ и партизанското движење, ја одбраа вистинската страна, одлучувајќи да се соочат со фашистичкото зло и да се борат да ја ослободат својата татковина за да и обезбедат просперитетна иднина.Нашата определба е да бидеме дел од Европа во која се почитуваат слободите на сите народи, да градиме отворено, праведно, солидарно и демократско општество во кое секој ќе се чувствува еднакво вреден, а младите ќе добијат шанса да успеат дома.Поради пандемијата со Ковид-19 годинава ќе изостанат бројните настани кои секоја година се одржуваа со цел да се одбележи Денот на Европа, како и Денот на победата над фашизмот. Сепак, да го искористиме 9 Мај да се потсетиме дека мирот и благосостојбата на општествата немаат цена, а соработката и солидарноста се клучни ако сакаме да имаме развој и просперитет.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев му дал 20 дена на Боки 13 за да ги отстрани доказите кои водат до главата на октоподот

Зоран Заев стои зад случајот „Рекет“. Затоа сега се обидува да ја дефокусира јавноста. Боки 13 пред суд кажа дека Заев знаел за криминалот и му укажал уште на 3 април. Дури на 22 април, Заев наводно, го пријавил случајот во обвинителството, што говори дека 20 дена се обидувал да го изменаџира скандалот за кој постојат сериозни индиции дека е лично длабоко поврзан. Тоа е класично прикривање на криминал и соучесништво во истиот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Молкот на Заев цели 20 дена говори дека тој всушност е капо ди тути капи на целата операција која се спроведувала.Аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој сите го видоа како бара евро за Вицето, очигледно не го променил својот карактер. Како што нарачува „трас трас”, така си нарачува алиби истраги кај Русковска обвинителството.Заев 20 дена ги искористил да се обиде да го забошоти случајот, а штетата да ја локализира на двајца-тројца обвинети за кои ќе се договори казна. Ова била операцијата на Заев за спасување на својата глава од овој скандал. Овие 20 дена биле денови на спасување на главата на октопод.За таквите криминали наскоро доаѓа судот на народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

dijana

Дијана Касмска: Приоритетите на политичкиот фактор треба да бидат сконцентрирани на состојбите со кадровските потенцијали и младите, со цел истите да ги задржиме во државата

Интервју со Дијана Касмска , „Македонски Концепт“, Кандидат за листа на пратеници за ИЕ 3Дијана Касмска е дипломиран филолог при УГД Штип на катедрата за странски јазици, а специфично на англиски и германски јазик. Од 2017 година е вработена во беровската гимназија.  Покрај професионалниот ангажман, љубител на убавиот пишан збор, поезијата и прозата.ПОЛИТИКА: Кој е Вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски концепт?Дијана Касмска: Мојот личен мотив да се приклучам на Македонски Концепт е желбата да живеам во една нормална држава. Кога велам нормална, мислам ЕВРОПСКА држава. Од таа причина, делејќи го истото размислување со Македонски Концепт, произлезе и мојата одлука да бидат член на оваа граѓанска иницијатива која верувам, дека на следните избори ќе направи разлика. Како млада и перспективна личност чувствувам должност и обврска да дадам свој придонес кон активностите кои сите нас, не водат кон подобра иднина.ПОЛИТИКА: Дали ова е Ваш прв политички ангажман?Дијана Касмска: Да, тоа е мојот прв политички ангажман.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Дијана Касмска: За подобра иднина сонува секој од нас. За жал соништата не секогаш стануваат и реалност. Доколку сакаме подобра иднина во нашата држава, а таа иднина да не бидат аеродромите на некоја европска држава (во потрага по работа), неопходно е да се случат некакви промени, промени кои верувам дека секој од нас ќе ги поддржи, затоа што верувам дека на многумина наши сограѓани, им е веќе мачно од присутноста на криминалот и корупцијата во секоја пора од животот. За нас граѓаните, позитивната проекција за подобро утре, не мора да значи и да нѐ асоцира на владејачката партија или пак опозицијата, односно СДСМ или ВМРО ДПМНЕ. Приоритетна и неопходна е борбата со самите себе, за еднаш да сфатиме дека како граѓани на оваа Држава, потребно нѝ е нешто ново, свежо и реално. Нови планови, нова иднина, нормална држава. Потоа, потребно нѝ е освежување на гарнитурата на политичари, потребни се нови луѓе, луѓе со перспектива, кои ќе создадат нови вредности. Сето ова, ќе води кон подобра иднина, структурни промени, независно судство, правна држава, држава со подобро здравство во вистинска смисла на зборот, реформирано образование. Држава во која ќе биде важно што знаеш и умееш како индивидуа, а не кого знаеш и познаваш! Држава во која квалитетот ќе се цени и почитува!ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Дијана Касмска: Инвестирање во младите и развој на домашните компании. Се изгуби доста време, се тапка во место на ова поле, додека нашиот професионален кадар се докажува во други држави, како на пример - нашите успешни доктори се докажуваат во болниците во Германија, а ние одвај се справуваме со недостигот на стручен и професионален персонал во здравствениот систем. Истото ќе ни се случи и со наставниот кадар, но и со квалификуваните лица во многу други професии и сфери од општествениот живот. Затоа сметам, дека приоритетите на политичкиот фактор треба да бидат сконцентрирани на состојбите со кадровските потенцијали и младите, со цел истите да ги задржиме во државата, и да им створиме доволен број на можности за тие да останат тука.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Дијана Касмска: Солидарноста и искреноста - компоненти кои што имаат влијание за мене, не само за мене како индивидуа, туку верувам и за сите како граѓани на Македонија. Понуда на решенија на проблеми кои одамна постојат и кои не внесуваат весел живот во државата. Кои се тие проблеми?Проблеми од типот, дипломиран филолог или педагог или правник и слично – невработен! Со диплома во рака и просек на кој може да се позавиди, но сеуште дома, затоа што не дека не знае, не учел и не е способен, туку затоа што ја нема таа среќа да познава никој кој може да му заврши работа. На тоа треба да се стави крај! Инвестирање во млади интелектуалци е најдоброто што може да го направи една држава, без разлика на браншата. Спојот на висока интелигенција и сомнителен карактер е невкусен, а нам нѝ се повторува Во политиката се повеќе и повеќе гледаме сомнителни карактери. Ретко гледам и препознавам интелигенција. Јас како љубител на убавиот пишан збор, би сакала да се цениме едни со други затоа што вредиме, затоа што сме луѓе, а не затоа што мораме или очекуваме нешто еден од друг. Сведоци сме на говорот на омраза по социјалните мрежи, на ТВ и радио медиумите и сл. Таквите говорници најчесто се од две различни политички партии. И на тоа мора да му дојде крај еден ден. За нормално функционирање на една држава, потребни се нормални луѓе! За интелигентно функционирање на една држава, потребни се интелигентни луѓе!ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Дијана Касмска: Јас работам како професор по германски јазик. Мојата порака до децата, е дека треба да го знаат и разбираат јазикот, не затоа што во иднина ќе им биде потребен во Германија, туку дека колку повеќе јазици знаеш и зборуваш, толку си и побогат. На тој начин треба да гледаме и кон предизвиците на денешницата, и преку солидарен и сестран принцип, да се обидеме на секој наш сограѓанин, да му овозможиме достоинствен живот.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Дијана Касмска: На сите нас ни е доста од болни разделби со фамилијата, роднините, другарите… Имаме држава, имаме каде, имаш и со што, но, немаш со кого… таа е болната вистина со која секој од нас во денешницава се соочува. Проекти и начини како младите, па и постарите би останале тука, би вложувале тука, во сопствени бизниси, во свои фирми.Би се залагала за реална држава, правна, прифатена од нас самите, а потоа и од сите други. Доста е од празни зборови и ветувања. Досегашната песна верувам дека секој ја научил. Една строфа, па рефрен. Потребно е ново нешто, а тоа нешто сме ние младите! Младите кои не сакаат да бидат граѓани од втор ред на 1500 км оддалечени од дома.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Дијана Касмска: Преку проекти , односно реализирани проекти, сите веруваме во нешто. Му доаѓа нешто како дело сторено пред зборот. Докажи, па покажи. Верувам дека ние можеме и да докажеме и да покажеме.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Дијана Касмска: Активен член на Европската Унија и НАТО. Земја на млади кадри, отворени работни позиции, држава без мито и корупција… Сликовито, како расцветано пролетно дрво. Верувам дека никој не би ги изморил очите гледајќи ја таа слика секој ден.фото: Македонски концепт    

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: Избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек на гласање нема да се заболи од корона вирус

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во емисијата „Само интервју“ каде што посочи дека здравјето на граѓаните е на прво место. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ работи на план кој ќе значи излез од ситуацијата и пат до избори кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните. Во однос на датумот кога би се одржале предвремените парламентарни избори, Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да гази преку човечки животи  за да дојде на власт и ќе се залага за избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек кој ќе гласа нема да заболи од корона вирусот.„Драго ми е што ќе има лидерска средба од причина што тоа беше наше барање. На почеток СДСМ одбиваше, потоа прифатија, здраво е за државата главните политички сили да седнат и разговараат за да се обидат да најдат консензус околу најкрупните прашања. А, тоа е убава порака и за граѓаните. Секако ние ќе излеземе со наш план кој ќе значи излез од ситуацијатаи ќе значи пат до избори. Работиме во моментов на планот, да беше готов би ви го презентирал, но во текот на викендот очекувам да е готов. Она што е можам да го кажам е дека тоа е план кој што ќе води до избори и ќе води до заштита на здравјето на граѓаните, затоа што ние не смееме да се доведеме во ситуација да луѓе заболуваат од коронавирус, или недајбоже ги губат своите животи за да во Македонија се случат избори. ВМРО-ДПМНЕ типува на избори во оној момент кога ќе сме сигурни дека ниту еден човек на гласање нема да се заболи од коронавирус. Тоа е основно за нас, затоа што нам не ни треба власт ако како резултат на изборите на кои што сме ја добиле власта се заразат стотици луѓе и недајбоже почина 10-тици луѓе. Нас таква власт не ни треба, затоа што тоа е газење преку човечки животи“, нагласи Николоски.Николоски истакна дека изборите се со голем влог за Филипче бидејќи доколку СДСМ загуби по изборите тој ќе мора да одговара за сторениот криминал. Токму поради ова Николоски се сомнева во непристрасноста на министерот за здравство кога станува збор за датумот за избори.„Јас не познавам многу луѓе во Македонија кои што имаат имот од 15 илјади метри квадратни на најатрактивна локација во Скопје. Ова ние јавно го објавивме и имаме документи за ова. Нема многу такви луѓе кои што имаат толку имот. Поентата ми е дека овие избори се влог за Венко Филипче дали ќе одговора потоа или не. Затоа што доколку победи ВМРО-ДПМНЕ верувајте дека ќе понесе одговорност за криминалните дејствија во министерството за здравство, а тие се бројни. Прво ги извадивме документите за неговото земјиште, постојат бројни индиции за местење на тендери, пред некој ден излеговме со две пресконференции, едната беше за стентови втората за реагенси. Такви информации објавуваше ВМРО-ДПМНЕ многу пред почетокот на корона кризата, заради корона кризата застанавме, но имаме уште многу материјали“, вели Николоски.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Kiceec

Милески: Разговорите што се објавени се автентични и се од состанок кој го имав Мицкоски на 14 април 2019 година

Зоран Милески-Кичеец за „А1он“ вели дека снимките објавени на „Јутуб“ се автентични. Тој потврди дека имал состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 14 април минатата година. Кичеец вели дека тоа не била единствена средба и имал повеќе состаноци со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Додека се борам да докажам моја невиност пред апелација во случајот „Рекет“, вчера слушнав нови обвиненија на сметка на мојата чест и углед од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски . Ова нема да го дозволам и ќе поднесам кривична пријава против него за нарушување на мојата чест и углед. Разговорите што се објавени се автентични и се од состанок кој го имав со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски на 14 април 2019 година. На тој состанок разговаравме за изборите во Охрид и мое помагање. Не знам кој снимал додека сум бил на состаноците. Сме имале повеќе состаноци со претседателот Мицкоски,“, вели Милески-Кичеец за „А1он“. Текстот во целост на А1 ОН.  

Македонија | пред 5 години

5

(ФОТО) Чиста околина - здрава животна средина, пештанции покажаа како сложно можат се

Пештанци покажаа дека имаат еколошки дух. На дело покажаа дека секој треба прво да си го исчисти дворот и околината, па потоа да наоѓа забелешки на другите.Успешно заврши и денешната еколошка акција која неколкумина ја предложија, но околината ја прифати, за на крај да им помогне и ЈП Охридски Комуналец. Денеска беа собрани над  60 вреќи ѓубре на порегот од „Роки“ до крајот на Пештани према Охрид. Во акцијата  учество зедоа многу луѓе. Организаторот вели дека посебно се горди што со овие акции го потикнаа еколошкиот дух кај младите кои активно се вклучија во акцијата.Вообичаено еден од организаторите Дарко Башоски на сите учесници им се заблагодари за акцијата. Тој на социјалната мрежа фејсбук напиша:Почитувани Пешчанци, вие шо се осеќате како Пешчанци и сите кои на било каков начин ја помагате нашата Акција, сакам да Ви се заблагодарам и да Ве информирам!Денеска се собравме многу луѓе, искрено се изненадив и многу ми е мерак!Денес се чистеше од пред Роки до Крај на Пештани према Охрид!Се поделивме на три екипи, едната ја чистеше целата плажа од ѓубре, а исто така и трската се збираше на посебни места!Другата екипа чистеше околу училиштето и теренот за фудбал!Третата екипа со кајче го собра ѓубрето кое вчера беше собрано во ќеси на потегот од Десарет до рибноно!Денес се собраа преку 60 вреќи ѓубре и очекуваме во теков на денов да се подигне од Охридски Комуналец и да биде правилно депонирано!Викендов одмараме, а од Понеделник помала група на луѓе треба да довршиме уште неколку мали депонии!Ви благодарам уште еднаш на сите што зедовте учество во денешната Акција и во иднина ви стојам на располагање за било какви акции за доброто на сите нас! фото: ФБ Дарко Башоски

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања