Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

struga

МВР излезе со детали околу собирот во Струга

Во врска со верската манифестација ЕРОДИЈА-ЛИТИЈА, што вчера од 15 до 18.30 часот се одржа во Струга а во чест на празникот Свети Ѓорѓија Победоносец“, ОВР Струга согласно предвидените безбедносни протоколи ги презеде сите неопходни безбедносни мерки  и постапуваше во согласност со Владините мерки и протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19. Во пресрет на верската манифестација, ОВР Струга презеде превентивни мерки кои имаа за цел доследно почитување на пропишаните мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга. На 04.05.2020 година, началникот на ОВР Струга, заедно со други претставници од полициската станица, одржа работен состанок со старешината на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, на која на старешината му беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со Корона вирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење прописно растојание. Старешината на црквата, ги запозна полициските претставници дека, навремено ќе информира за сите планирани активности пред и за време на одржувањето на Литијата и нагласи дека бил во постојан контакт со МПЦ-ОА. Исто така, старешината информира дека, во согласност со превентивните мерки, Литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на луѓе во текот на движењето.  Со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан, ОВР Струга изготви оперативен план и во согласност со истиот, на 07.05.2020 година, изврши физичко покривање на поширокиот  дел од црквата „Св.Ѓорѓи“ , во чиј двор беше забележана помала група верници кои имаа заштитни маски и беа на соодветно меѓусебно растојание. При движење на Литијата кон кејот и на шеталиштето, од споредните улици и од дворовите на приватните куќи, околу 17.30 часот, полициските службеници забележаа движење и  приклучување на групи верници.Иако, имаше обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката на што наидоа од вербална реакција и негодување од граѓаните, таа појава не беше возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на  ситуацијата. Напоменуваме дека за разлика од минатогодишната литија каде имаше околу 10.000 верници, годинава регистрирано е присуство од околу 300 лица. ОВР Струга, натамошните мерки за целосна реализација на случајот ги води во координација со надлежното ОЈО а една од првите задачи е повторно средба со надлежните во црквата „Св.Ѓорѓија“ со цел идентификување на евентуални организатори на непредвиденото и ненајавеното приклучување на групите верници по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во расветлувањето на настанот, целосно е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Николовски: Одекна вистината, Кичеец бил извршител на Мицкоски, се среќавал со него и работел за ВМРО-ДПМНЕ

Вистината денеска силно излезе на виделина, граѓаните на крајот  дознаваат се. Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, кои упорно, 1 година се пласираат од скапиот бел дворец, за случајот познат како „Рекет“. Граѓаните денеска слушна како Христијан Мицкоски имал средби, разговори и директна соработка со Зоран Милески Кичеец, сега веќе осудено лице во случајот познат како „Рекет“, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ .Мицкоски  ја лажеше целокупната и  целата јавност дека немал никакви средби со Зоран Милески.Мицкоски и Кичеец, активно и директно комуницирале, очи в очи, на средби но и преку телефон. Не преку „Петко-Станко“ како што самиот Мицкоски вели на објавената снимка, туку  сосема директно.Кичеец бил извршител на Мицкоски и одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ.Активно ја помагал ВМРО-ДПМНЕ и работел  во функција на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски го ангажира Кичеец во изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година.Оваа снимка освен што ја потврдува вистината може да биде основ и за постапки поврзани со изборен криминал.Конечно, оваа снимка фрла око, вистинско светло на случајот Рекет кој очигледно води директно до овој скап дворец платен од граѓаните, до ВМРО-ДПМНЕ и до Христијан Мицкоски.Дека Мицкоски ги лаже граѓаните, дека е деструктивен и тоа сигурно го знаат, и одамна е познато и граѓаните тоа го знаат за него.Но денеска, на дело се докажува неговата спрега со  тајкуни блиски до ВМРО-ДПМНЕ.Само се потврдува зошто Мицкоски работи против правната држава, зошто ги брани криминалите на Никола Груевски, на режимот и зошто правеше се во овој период наместо да се реформира , да ги блокира и да ги спречи  сите реформи во правосудството.Очекуваме целосно расчистување на овој скандал и одговорност, согласно законите, за сите инволвирани во овој случај, вклучително и на оние од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ .видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Foto

Пендаровски: Разговарав со поглаварот и со реисот, побарав да не поттикнуваат собири на големи групи верници

Претседателот Стево Пендаровски по повод случувањата во Струга и најавата на ИВЗ за отворање на верските објекти на 12 мај испрати соопштение во кое се вели дека денеска телефонски разговарал со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и со поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи.Денеска телефонски разговарав со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и со поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи. И, на двајцата лидери им ги пренесов моите ставови и загриженост во врска со вчерашните случувања во Струга, како и за најавата на ИВЗ дека ќе ги отворат верските објекти на 12 мај.Како претседател на сите граѓани им укажав на верските лидери дека од нив очекувам како и досега да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи, се вели во соопштението од кабинетот на Претседателот.Една од клучните работи што ни ги покажа пандемијата со КОВИД-19 е дека без разлика на која заедница припаѓаме, сите еднакво сме под ударот на коронавирусот.Мерките кои се воведени за заштита од пандемијата, не забрануваат на ниту еден граѓанин да ја практикува својата религија. Но, она што мораше да се ограничи и уште е ограничено, се масовните собирања по повод кој било верски празник, како и верски обичаи.Ги повикувам надлежните институции да постапуваат соодветно, во рамки на одговорностите кои ги имаат за одржување на стабилноста. На сила е вонредна состојба, пандемијата на КОВИД-19 уште трае, а здравствените работници неуморно и со натчовечки напори секојдневно се ангажирани за лекување на нашите сограѓани кои се заразени.Вложивме многу за да ги избегнеме негативните последици со кои се соочија многу земји каде што имаше голем број на жртви и кои доведоа до затворање на храмови и светилишта како во христијанскиот, така и во муслиманскиот свет.Во интерес на сите граѓани, а со цел што поскоро надминување на состојбите побарав од поглаварот и од реисот да делуваат превентивно и да не ги поттикнуваат собирите на големи групи верници.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Шеќеринска најави прифаќање на условите на Бугарија дека сме нација со фалсификувана историја

На денешната прес конференција претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев  истакна:-„Бугарскиот премиер Бојко Борисов по Самитот на ЕУ во Загреб  јасно кажа дека ќе има вето од Бугарија за Македонија доколку не прифатиме дека сме измислена нација. Да појаснам, ние немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско-монголско потекло, туку ние имаме проблем со нашите одродени македонски јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и подпаднале под егзархиската пропаганда.Но, она што силно загрижува е вчерашното своевидно признание на Радмила Шеќеринска дека Македонија ќе ги  прифати условите на Бугарија дека сме нација со фалсификувана историја, со цел, Македонија да не добие вето од Бугарија.Поточно, Шеќеринска рече дека до крајот на годината Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, а тоа е за период од околу шест месеци.Но, токму таквото однесување на Шеќеринска е опасно кога решавањето на проблемите ги врзува за шест месеци.Да потсетам, во изборната кампања во 2008 година, Шеќеринска како лидерка на СДСМ, исто така рече дека доколку победи СДСМ, за шест месеци ќе го решела проблемот со Грција и влегуваме во НАТО.Од друга страна, Никола Груевски кој ја предводеше кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, ја повикуваше Шеќеринска да каже како ќе го реши проблемот за шест месеци и како ќе станеме членка на НАТО, кога се бара да го промениме името.Шеќеринска наместо да даде одговор, во тоа време во кампањата зајадливо му враќаше на Груевски, цитирам:  Никола не се плаши од сукња и дојди на ТВ дуел, бидејќи во тоа време ставот на Груевски беше во кампањата да не оди на ТВ дуели.На крај, на тие избори што се одржаа на 1 јуни 2008 година, Шеќеринска доживеа катастрофален пораз, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ освои дури 63 пратеници. Иако покасно видовме дека и овие 63 пратеници не значат ништо оти Груевски целосно ја оплеска работата а последиците ги гледаме до денешно време.Десетина години подоцна, во 2017 кога СДСМ се врати на власт, дојде и одговорот од Шеќеринска и се виде како мислела да го решава работите за шест месеци. Шеќеринска, заедно со Заев и Димитров и навистина, брзопотезно, го реши проблемот со Грција, но, со бришење на се што е македонско.Да се навратам на почетокот од пресот. Значи, Шеќеринска вчера пак се фати за фамозните шест месеци и ни порача дека до крајот на годината сигурно започнуваме преговори за членство во Унијата, што значи дека и проблемот со Бугарија ќе го реши за шест месеци.Поучени од минатото како Шеќеринска за шест месеци ги решава проблемите, уште од сега е јасно како Шеќеринска ќе го решава и проблемот со Бугарија.Во услови кога Бојко Борисов јасно вели дека Бугарија става вето ако Македонија не прифати дека има фалсификувана историја и дека мора да се откажеме од нацијата, јазикот, Македонците во Пиринска Македонија, тогаш јасно е како Шеќеринска ќе го реши и овој проблем со Бугарија за шест месеци - со прифаќање на бугарските услови и признавањето дека сме измислена нација.Но, дали ќе се оствари оваа, зависи од македонскиот народ, кој на изборите ќе го каже последниот збор - или ќе се согласи марионетската влада во Скопје да не помножи со нула, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили со определба за поништување на антимакедонските договори со Бугарија и Грција.Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија имаат јасна определба за поништување на антимакедонските договори со Грција и Бугарија. На потег е македонскиот народ. Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде и последната шанса за Македонија.Заедно сме во битката за Република Македонија. Нашите идни пратеници се спремни за најтешката битка, Битката за Македонија - потенцираше Бачев.видео: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ не ја оспорува содржината на снимките, но тврди дека нема ништо незаконски

ВМРО-ДПМНЕ изразува благодарност за ваквата петарда на Заев за да види народот дека нема ништо зад шпекулациите што ги пушта СДСМ. Ваква услуга не може да направи никој друг освен некој кој со страв од пораз, паника и поплавен од емоции носи одлуки.Лов во матно. Нема било што незаконски во објавеното аудио. Очајни се обидите на Зоран Заев и СДСМ да го свртат вниманието на јавноста од вистинскиот рекет и вистинскиот криминал на чие чело седи Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Доколку има било што инкриминирачко во снимките кои ги објави Зоран Заев тогаш ги повикуваме надлежните органи да преземат веднаш активности. Во спротивно, да тоа ќе биде уште една клевета на Зоран Заев и лажно обвинување.Зоран Заев треба да одговори за јавните искази на првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски за следново:Зоран Милевски е привезок на Зоран Заев. Затоа во време на корона криза истиот од Заев беше пуштен на слобода преку Рускоска Обвинителството. Во дел од сведочењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Бојан Јовановски вели: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“.Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“?Што барала главната обвинителка Рускоска во друштво со првообвинетиот Бојан Јовановски, на кој што се нарачувале монтирани медиумски прилози на неистомислениците на Рускоска во судството и обвинителство.Зоран Заев е должен да одговори каква е таа олеснета положба која им ја ветил на дел од обвинетите во случаите и истрагите на СЈО? За какви повластувања говори Заев?Ваквите работи нема да ја запрат и да направат народот да не ја гледа вистината за Македонија која ја чувствуваат, а таа е реалноста на криминал, корупција и мафијашки пресметки, пропадната економија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Објавен планот за полициски час за време на викендот

За време на викендот, Комисијата за заразни болести ќе предложи движењето на јавен простор да биде дозволено од пет часот наутро до 19 часот навечер, а Владата на седницата која ќе се одржи попладнево, ќе треба да одлучи дали ќе ја одобри оваа мерка. „Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час за време на викендот почнува од 19 часот до 5 часот следниот ден, утрината. Тоа ќе го дадеме како предлог и на Владата за седницата во 16 часот.Во однос на ослабувањето на мерките, кое што е планирано да се предложи од почетокот на следната недела, практично од понеделник, останува да ја следиме состојбата во текот на денешниот ден, да ги анализираме случаите од денешниот ден на утрешниот состанок и потоа ќе излеземе со соодветни предлог мерки до штабот и Владата“, рече Филипче.Во однос на собирот во Струга, министерот Филипче рече дека е непочитување на здравствените работници, кои два и пол месеци пожртвувано работат за што побрзо да се излезе од кризата предизвикана од коронавирусот.„Ова е непочитување и кон граѓаните кои ги почитуваат мерките. Најостро ги осудувам сите кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага за собирот на граѓаните во Струга. Институциите мора да ги санкционираат прекршителите, за во иднина да се спречат вакви прекршувања“, додаде Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-1

Полицискиот час за викенд ќе почнува во 19 часот?

Полицискиот час се намалува за време на викендите и ќе трае од 19 часто до 05 часот следниот ден, дознава Сител телевизија. Здравствените власти етапно ќе ги намалуваат рестриктивните мерки за што ќе одлучуваат утре.Повеќе детали во прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче во 15:30 часот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Скопјанец кој работи во Германија испратил текст со говор на омраза до функционер и Владата

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерскисистем“.Пријавениот, по пат на информатички систем, на 06.05.2020 до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Р.С.Македонија испратил текст со говор на омраза. Потоа, Б.П. на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден Б.П. на објавен пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа имал објава во која се ширел говор на омраза.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Гостиварец со секира и нож нападнал татко и син

Гостиварец завршил во полициска станица откако бил пријавен дека синоќа физички нападнал татко и син. Во пресметката, пријавениот се заканувал со нож и секира.Според СВР Тетово, синоќа во 19 часот, И.Р.(44) од Гостивар пријавил дека половина час пред тоа, на улица „Балиндолска“ во Гостивар, тој и неговиот син биле физички нападнати од Н.Ш.(56).Според пријавата, тие претходно се расправале и набрзо дошло до физичка пресметка. Пријавениот Н.Ш. им се заканил со нож и секира, а при обид да му го одземе ножот, И.Р. се здобил со повреда на десната рака.Н.Ш. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Tabana

Завршни активности кај плоштадот “Табана“

По извршената  реконструкција и замената на бехатон плочките со гранитни, деновиве  плоштадот “Табана“ хортикултурно се уредува, а поставена е и инсталација за соодветно осветлување. Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени жардинерии околу плоштадот и се замолуваат граѓаните да не паркираат возила на овој простор.Вредноста на овој проект е 2.672.582 денари, а  Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

mazija

(ФОТО) Се уредува паркот ,,Мазија”

ЈП ,, Охридски комуналец” започаа со уредување на паркот ,,Мазија”.Со акцијата е опфатено чистење на џбунастите растенија, кастрење на крошни и отстранување на сувите врби. Вкупно ќе се отстранат четири врби, кои се суви и не постои можност за нивнс рехабилитација, бидејќи претставуваат опсаснот за граѓаните. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

10022020_PVRSM_Spasovski_izjava_za_mediumi-1

Спасовски: Од верските заедници очекував поизразито чувство за здравјето на граѓаните

Премиерот Оливер Спасовки од Пробиштип кажа дека очекувал од верските заедници да го почитуваат здравјето на граѓаните. Спасовски собирот во Струга го опиша како сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и неодговорност кон државата.„Очекував дека навистина верските заедници ќе имаат поизразито чувство за животот и здравјето на граѓаните и како човек сум длабоко разочаран од постапката што се направи вчера во Струга“, рече Спасовски.Спасовски додаде дека надлежните служби треба да преземат мерки за санкционирање на организаторите, но и за оние кои не постапиле да се спречи собирот на граѓаните во период на пандемијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

izbori-02

(АУДИО) Нови бомби - Мицкоски договарал соработка со Кичеец за изборите

На четири објавени тонски снимки со времетраење од 4, 17, 2 и 1 минута се слушаат разговори од состанок меѓу Мицкоски, Кичеец и женска личност. Од разговорите може да се заклучи дека се снимени непосредно пред првиот круг на претседателските избори, во април 2019 година. Мицкоски му раскажува на Кичеец за неговите теренски активности во Охрид по што договараат стратегии за соработка за време на изборите, но и за по тоа. Во разговорите се слуша како Кичеец му објаснува на Мицкоски дека изборните резултати се тие, дека некои луѓе не можат да се одвратат, објави А1 ОН.Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 5 години

struga

Влада: Настанот во Струга и прославата за Денот на полицијата се закана за здравјето на сите граѓани, институциите итно да ги лоцираат и казнат одговорните

Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува организирањето на настанот во Струга поттикнат за одбележување на верски празник, како и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје. Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат во ризик и прашање сите ефекти и резултати што беа постигнати во спречувањето на ширењето на коронавирусот.Струга и поширокото подрачје во тој регион беа зони на нагласено присуство на закани од пошироки размери од коронавирусот и беа вложени натчовечки и исклучителни напори и мерки на здравствените работници, на полицијата, на Армијата и на сите останати вклучени во спречувањето на ширењето на вирусот и тоа даде резултати.Сега, после вчерашниот настан, имаме ситуација која може да предизвика сериозни последици заради неодговорното однесување кое повторно го подигна степенот на ризик по јавното здравје и здравјето на граѓаните во општината и во тој регион.Владата на Република Северна Македонија ги повикува Министерството за внатрешни работи и обвинителството итно да лоцираат конкретна одговорност во рамки на сите институции и чинители кои имале каков било удел во организирањето или неспречувањето на овие настани. Владата го повикува министерот Чулев да престане со чекорите со кои го загрозува јавното здравје и да преземе одговорност.Владата имаше коректна комуникација и соработка со верските заедници во текот на справувањето со коронавирусот, при што беше постигната согласност дека здравјето на граѓаните во овој период е врвен приоритет и дека сите настани од верските календари треба да бидат прилагодени на вонредната состојба, односно дека не треба да се одржуваат заради преголемиот ризик. Очекуваме и бараме, и од МПЦ и од ИВЗ, да не преземаат никакви следни чекори по однос на организација на какви било собири од верски карактер, се додека забраните и мерките за заштита на здравјето се на сила.Воедно, укажуваме на сите надлежни и одговорни лица во земјата кои од било каква причина би се осмелиле да организираат слични настани, дека ваквите дејствија можат да значат ширење на епидемијата за што се одговара согласно Уставот и законите.Владата на Република Северна Македонија на својата денешна итна седница ќе ги разгледа можните последици од настанот во Струга и согласно препораките на Комисијата за заразни болести ќе се преземат соодветни мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга и на регионот и за можното прелевање на ризиците и во други делови на земјата.Во меѓувреме, ги повикуваме сите граѓани, институции и организации да се придржуваат до мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и со воздружување и одговорно однесување да ги подржиме натчовечките напори на здравствените работници да ја стабилизираат состојбата и да го означат почетокот на новата нормална состојба во земјата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 14 нови случаи на ковид 19, оздравени се 20 пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1.Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:•       Скопје – 531, активни 130       Куманово – 404, активни 61       Дебар – 51, активни 0       Штип-35, активни 2       Прилеп –169, активни 62       Тетово – 96, активни 42       Струга – 67, активни 16       Велес – 101, активни 46       Битола –22, активни 3       Охрид –15, активни 9       Кавадарци – 5, активни 1       Гостивар –17, активни 3       Гевгелија – 4, активни 0       Струмица – 2, активни 0       Крива Паланка- 6, активни 2       Радовиш – 4, активни 0       Крушево – 3, активни 0       Кочани – 31, активни 5       Пробиштип – 2, активни 0       Кичево – 2, активни 1       Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       Демир Хисар – 1, активни 0       Македонски Брод - 2, активни 1       Пехчево- 2, активни 2       Делчево-1, активни 1       Валандово -1, активни 1       Виница – 2, активни 1       Кратово-1, активни 1Направените 242 теста се преку: ИЈЗ –107, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода  -22 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

08052020_DUJP_Lukarevska_pres-konferencija-2

Лукаревска: Одобрени 21.542 барања од компании за поддршка за исплата на плати

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција ги соопшти резултатите од одзивот на владините мерки од економските пакети за поддршка на стопанството од последиците од корона кризата.Обраќањето на директорката на УЈП Лукаревска, ви го пренесуваме во целост:Управата за јавни приходи, во време на здравствено-економска криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, е исправена пред нов предизвик во делот на навременото и квалитетното спроведување на економските мерки од двата пакети донесени од страна на Владата на РСМ, преточени во Уредби со законска сила.Тимот на УЈП активно се вклучи и го даде својот придонес и експертиза при креирањето на мерките, а продолжи и понатаму посветено да работи и на спроведување на мерките во сите фази почнувајќи од поставување на соодветните обрасци на електронските платформи (е-даноци, е-пдд), софтверско прилагодување на системите, потоа фазата прием и обработка на поднесените барања, како и достава на точната евиденција до институциите кои се надлежни за исплата на финансиските средства.Оттука, најпрво сакам јавно да се заблагодарам на вработените во Управата за јавни приходи кои неуморно работеа сиот овој период се со цел да излеземе во пресрет на оние даночни обврзници на кои најмногу им е потребна оваа помош.Управата за јавни приходи го продолжува партнерскиот однос со граѓаните и бизнис секторот. Во време на здравствено-економска криза покажавме дека интересот на граѓаните, стопанството и државата е на прво место. Помагаме за намалување на негативните ефекти од кризата.Согласно донесената Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, во УЈП заклучно со крајниот рок, 07 мај, преку системот е-даноци поднесени се вкупно 23.861 барање за финансиска поддршка (образец БФП-ИП), а се однесуваат за 21.542 компании. Истите барања ќе се обработат и потврдат во рок од три дена и ќе се достават до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ од каде ќе се врши исплатата на средствата за месец април 2020 година.Од вкупниот број на поднесени барања:-   Угостителска дејност – 2.377;-   Туристички агенции (организатори на патувања-туроператори) – 253;-   Транспорт - 2.177;-   Објекти за сместување – 258;-   Останати дејности - 16.625.Истовремено напоменуваме дека сите работодавачи, со комплетно барање по обработка на МПИН-образецот ќе бидат информирани за вкупниот износ на финансиска поддршка која ќе им биде исплатена.Согласно донесената Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец-поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење на дејност и е запишано во соодветен регистар) под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно.За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност (образец БСФ-СВД) до Управата за јавни приходи.Поднесувањето се врши преку системот е-Персонален данок до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на истото, УЈП го потврдува во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето. Самостојните вршители на дејност, односно физичките лица кои немаат профил во е-Даноци, ова барање го поднесуваат преку системот на е-Персонален данок. Досега се  поднесени 5.840 барања (образец БСФ-СВД).Исто така, оваа група на даночни обврзници поднеле 2.164 барања за  финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 за своите вработени  од кои:-   Угостителска дејност – 369;-   објекти за сместување - 11;-   Туроператори - 1;-   транспорт - 136;-   останати -1.647.Преку Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, со која се овозможува на работодавачите за месеците април, мај и јуни 2020 за секој осигуреник да користат субвенција за исплата на придонесите од задолжително осигурување, најмногу до 50% пресметани на просечната бруто плата по работник во РСМ, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во месец јануари 2020 година.За остварување на правото на субвенционирање, работодавачот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на  придонеси од задолжително осигурување (образец БС-ПЗСО) до УЈП. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на барањето го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 5 дена од доставувањето на барањето.На 25.03.2020 година стапија на сила Уредбите за примена на Законот за данок на личен доход во време на вонредна состојба и Уредбата за примена на Законот за данок на добивка, во време на вонредна состојба. Со нив се предвидува одложување на плаќање на месечните аконтации по основ на данок на личен доход и данок на добивка. Овие мерки даночните обврзници ги користат преку поднесување на Барање за ослободување на износот на аконтации од данок на личен доход (образец ДЛД-ОМА) и Барање за ослободување на износот на аконтации од данок на добивка (образец ДД-ОМА) за месеците март, април и мај 2020 година.Поднесени се вкупно 816 барања (образец ДЛД-ОМА), а прифатени се 597 барања.За мерката ослободување на износот на аконтации од данок на добивка (образец ДД-ОМА), вкупно поднеле 1019 даночни обврзници, а прифатени се барањата на 747 даночни обврзници и тоа:-  149 од дејност транспорт;-  114 од дејност угостителство;-  79 од дејност туризам;-  405 од останати  дејности.Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност, се предвидува издавање на електронска фактура, со што се олеснува работењето на даночните обврзници во периодот на кризата.Сакаме да потсетиме дека со донесувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка се намалува процентот на каматата за задоцнето плаќање од 0,03% на 0,015%. Исто така, Управата за јавни приходи согласно оваа Уредба нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.Вредно е да информираме за донирањето на средствата од проектот „МојДДВ“ што е регулирано во Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица за време на вонредна состојба. Рокот за изјаснување за донирање на повратот од „МојДДВ“ заврши на 5-ти мај. Вкупно 8.700 корисници на апликацијата одговориле потврдно на опцијата за донирање, а 35.219 корисници одговориле дека сакаат да им биде исплатен повратот од скенирањето на сметките, во целост. Износот на донација изнесува 9.529.917 денари. Овој износ ќе се донира во фондот за справување со КОВИД-19.До УЈП пристигнаа меилови од граѓани кои погрешно и ненамерно притиснале опција „донирај“ и истите бараат средствата да им бидат исплатени на сметка. За нив дополнително во најкраток можен рок ќе известиме за начинот на исплата. Опцијата „донирај“ беше поставена за доброволен избор на секој корисник на апликацијата „МојДДВ“. Им благодариме на сите граѓани кои го донираа својот поврат и помагаат за полесно справување со кризата предизвикана од коронавирусот.За сите овие мерки, даночни службеници се агенти во владиниот контакт центар и истите стојат на располагање за сите прашања и одговори поврзани со мерките кои ги спроведува УЈП. Направена е и мејл група finansiska.poddrska@ujp.gov.mk, која има за цел непречено и точно информирање.На крајот, сакам јавно да се заблагодарам на сите компании кои покажаа општествена одговорност со тоа што авансно ги платија своите аконтации за данокот на добивка за 2019 година и покажаа дека заеднички можеме да помогнеме за излез од оваа состојба.Продолжуваме понатаму во успешно спроведување на економските мерки. Продолжуваме понатаму во квалитетно спроведување на процесите за финансиска помош на даночните обврзници. Само заеднички можеме да излеземе посилни после оваа криза и да допринесеме на враќање на нормалното функционирање на општеството.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

orce

Ѓорѓиевски: Заев и ЈО да кажат дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата

Дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата и дали Зоран Заев и Вилма Русковска ќе преземат одговорност за тоа?ЈО со месеци молчи и не презема никакви активности против Дончев, иако истиот е посочен од страна на Вера Иванова, сопственичка на Диамед и нејзиниот адвокат, како човек кој заедно со Зоки Кичеец, омилениот рекетар на Зоран Заев барале удел во нејзината фирма, па откако не им бил даден уделот барале дел од парите од продажбата на фирмата, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ден Дончев континуирано во период од неколку месеци ја минирал продажбата на Диамед на странски инвеститор, токму со таа причина.Ден Дончев е еден од клучните играчи на криминалниот октопод и неговото евентуално завршување во притвор би значело откривање на сите пикантерии. Затоа ЈО молчи и заедно со Заев дозволија да избега, затоа што само така се штити самиот Зоран Заев.Обвинителството иако има докази против Дончев не покрена истрага и овозможува тој да избега.ЈО молчи и сега откако јавно медиуми обелоденија дека Дончев земал и до 2 милиони евра мито од фирми кои вршеле здравствени услуги на територија на Република Македонија за навремено да им се исплатат парите од ФЗОМ кои што впрочем им следуваат согласно закон.Доказите за овој криминал според објавеното во медиумите ги имаат и во ЈО, но реакција до денес нема.Нема затоа што ЈО го штити Зоран Заев кој што е главата на криминалниот октопод, со чие знаење се вршени сите дејствија.Одговорност за ова мора да има. Заштитени пред лицето на правдата во Република Македонија не смее да има, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

struga

ОЈО отвори предмет по допрен глас за не почитување на здравствените прописи за време на Литијата во Струга

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на  Литијата одржана на 7 мај 2020 година, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија.Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата и задолжително носење на заштитни маски доколку просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното.Во насока на утврдување на факти во предметот, струшкото обвинителство поднесе Барање до МВР – ОВР Струга за проверка на настанот и откривање на евентуални сторители на кривичното дело. При тоа, побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани, а во насока на примена на здравствените прописи во услови на опасност од ширење на заразната болест предизвикана од вирусот COVID-19.Обвинителството издаде и Наредба за обезбедување на безбедносните камери од околните објекти, со цел да биде извршена идентификација на лицата кои присуствувале на настанот, како и да се утврди дали лицата самоиницијативно присуствувале на настанот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Ivica

Томовски: Дали пред избори РЕК Битола ќе се претвори во нова пералница на пари за изборен поткуп за Заеви?

Се спрема ли повторно влез на струмички камион и механизација во РЕК Битола? Дали пред избори РЕК Битола ќе се претвори во нова пералница на пари за изборен поткуп за Заеви и СДСМ?Власта првин го поништи тендерот за набавка на механизација за потребите на РЕК Битола, кој беше распишан во време на ВМРО-ДПМНЕ  и со тоа овозможи три години непречено испумпување на пари од РЕК Битола на сметки на струмички и битолски фирми блиски до Заеви, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.Откако јавноста се крена поради големите трошење на РЕК за изнајмување на механизација распишаа оглас, кој од самиот старт беше невалиден и во спротивност со чл.141 од Законот за јавни набавки, со што предизвикале состојба која довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори.ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток алармираше дека постапката е спротивна на закон, но од страна на власта немаа слух и наместо да ја поништат на време, чекаа да поминат неколку месеци. Очигледно набавката на механизација никогаш и не била приоритет на власта.Целиот оглас е пуштен со цел да се продолжи периодот на чекање и периодот во кој ќе можат да вртат камионите на Заеви, за сега во период на корона вирус можноста за нов оглас да се пролонгира на неопределено време.Сите факти во случајот водат до заклучокот дека се работи за однапред наштелувана работа.Доколку не е така, немаше тендерот од 19 милиони евра да се прави со почетнички грешки, кои ќе ги воочи и студент во прва година студии на правен или економски факултет.Апелираме до директорите на институциите да не се ставаат во полза на Заеви и да не прават разни комбинации за да и му се допаднат на кланот. Одговорност за секој  ќе има. Сите постапки ќе бидат ревидирани и доколку се утврди грешка ќе има и соодветни одговорности, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ИВЗ ги повика верници од вторник во џамија

Од 12 мај, Исламската верска заедница ги отвора џамиите за молитви, одлучиле 13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи на вчерашниот состанок. Тоа значи дека од вторник, сите верници можат да одат на колективни молитви во џамиите. Тие велат дека одлуката ја донеле, врз основа на фактот што во земјата се намалил бројот на заразени од коронавирусот. Отворањето на џамиите следува по вчерашната литија одржана во Струга, а организирана од МПЦ, каде стотици верници излегоа на улиците.„Вреди да се напомене дека во текот на суспензијата на колективните молитви во џамиите, ИВЗ строго ги спроведе препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението, свесна за последиците. ИВЗ е единствената верска институција во земјава која јавно побара од исламските верници да се придржуваат кон препораките за одржување на здравјето, иако ниту еден од надлежните органи не даде позитивна оценка за нас, туку напротив, некои кругови блиски до Владата постојано ја напаѓаа ИВЗ и лидерот на ИВЗ“, пишува во објавата на ИВЗ.Одлуката донесена од ИВЗ се применува од нејзиното донесување, информираат оттаму, додавајќи дека се надеваат оти одлуката на Ријасетот ќе наиде на разбирање кај државните органи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

struga

Заев бара оставка од Чулев

ФБ статус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој прашува:Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга?Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните?Дали Мицкоски го натера Чулев да организира настан среде пандемија без мерки на заштита?Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга?Дали Мицкоски му одобри на Чулев напад врз новинар?Дали Мицкоски му одобри на Чулев фрлањe чадна бомба во публика?Тоа што структури на полицијата предводени од Чулев не реагираа и дозволија да се случaт овие инциденти покрева највисок степен на одговорност кај него и мора да заврши со итна негова оставка.Со ваквите постапки, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ повторно нѐ потсетуваат дека кај нив нема грам срам ниту одговорност. Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ преземаат опасни чекори во здравствената криза. Тие повторно тргнуваат од нивната вечна партиска позиција: колку е полошо за граѓаните, толку е подобро за опозицијата!Нема ниту еден разумен и добронамерен човек кој би можел ова да го оправда. Затоа, на вакво скандалозно однесување и при вакви катастрофални постапки против граѓаните, има само еден логичен чекор којшто Чулев треба итно да го преземе - Оставка!фото: ФБ Зоран Заев 

Македонија | пред 5 години

struga

ДОМ бара итна истрага за вчерашниот масовен верски собир во Струга

Зелената партија ДОМ бара од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да спроведат итна истрага за вчерашниот масовен верски собир во Струга.„Во време кога на територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба и пропишани се посебни ограничувања и мерки за заштита од Ковид-19 вирусот недозволиво е групирање по  кој било основ. По објавените фотографии на социјалните медиуми од масовниот собир, ДОМ бара Министерството за внатрешни работи да одговори зошто полициските службеници не реагирале за прекршувањето на мерките“, се наведува во соопштенито.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Град Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 09.05.2020 година (сабота) и на 10.05.2020 година (недела), во раните утрински часови.Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. За потсетување, Град Скопје во текот на минатата недела  реализираше авионска дезинсекција против ларви од комарци.фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

skopje-8

На ниво на целата  држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (07/08.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие  на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

litija-1

Чулев: Настанот во Струга очигледно не бил добро организиран, ќе има истрага

Настанот во Струга очигледно не бил добро организиран и ќе спроведеме истрага, истакна  министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во гостувањето на ТВ Алфа.„За литијата во Струга во текот на утрешниот ден ќе постапиме согласно полициските процедури да видиме кои се пропустите што се направени од страна на полициските службеници во Струга и во СВР Охрид. Имавме вакви случаи во Сингелиќ и Гевгелија, не е прв случај, генерално граѓаните ги почитуваат мерките, но се работи за важен верски настан којшто не е добро организиран очигледно. Како МВР ќе извршиме препознавање и доколку е неопходно ќе биде санкинирано“, изјави Чулев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања