Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

culev

Чулев: Најодговорно тврдам дека настанот од кој се објавени фотографии, а кои наводно се направени на Денот на полицијата не се направени оваа година

Во врска со последните обвинувања објавени на социјалните мрежи, се огласи и Министерот Наќе Чулев. Тој на ФБ напиша:-Објавите кои вечерва се појавија на социјалните мрежи, веројатно се резултат на стравот од професионално работење на полицијата и на неселективна борба против криминалот. Веројатно, тоа што безпоштедно тргнавме во борба против криминалот и фактот дека Министерството за внатрешни работи конечно е сервис на граѓаните е причината за зачестените политички напади во последниот период.✔️ Во однос на објавите од страна на Мухамед Зекири, најпрво ќе гo запрашам дали тој ќе одговара што во јавноста објавуваат стари фотографии и истите ги доведуваат во корелација со актуелни настани? Дали позади нападите на Министерството за внатрешни работи стои директен напад кон полициските службеници? Дали тој ќе поднесе оставка од позицијата поради тоа што на социјалните мрежи споделува лажни и неточни информации? Дали е коректно еден партиски функционер пред јавноста да објавува монтирани, стари архивски фотографии и со истото да се напаѓа полицијата?✔️ Дополнително, ја информирам јавноста дека во конкретниот настан се преземаат сите мерки и ќе бидат преземени соодветни активности во согласност со законот. Најодговорно тврдам дека настанот од кој се објавени фотографии, а кои наводно се направени на Денот на полицијата не се направени оваа година и со овие обвинувања уште еднаш во контекст на политиката, а без аргумент се напаѓа Министерството за внатрешни работи.✔️ Во однос на објавата во некои од медиумите, а поврзана со денешното одбележувањето на Денот на полицијата ја информирам јавноста дека за конкретниот случај поврзан со новинарот веќе од страна на Одделот за внатрешна контрола се преземаат соодветни активности и доколку се утврди дека од страна на вработените во МВР се пречекорени службените овластување за истите ќе следи постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. Но, истовремено апелирам до новинарите да се придржуваат и да го почитуваат етичкиот новинарски кодекс. Градењето на коректни односи со медиумските работници е од исклучително значење, но тој однос неопходно е да го градиме заеднички.🗣️ Истовремено апелирам до сите политичари да бидат внимателни во својата комуникација, секој напад врз Министерството за внатрешни работи е напад врз полициските службеници кои во овој исклучително важен период се во првите редови во борбата против пандемијата од корона.🗣️ Напоменувам дека помина времето кога во Министерството за внатрешни работи предметите се чуваа во фиока и луѓето се делеа на „наши„ и „ваши“. Граѓаните треба да бидат уверени дека неселективното спроведување на законите е врвен приоритет за мене и така ќе биде и во иднина.https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.112821600244643/156432109216925/?type=3&theaterфото: ФБ Наќе Чулев

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Следува период на стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.Во Скопје, максималната температура ќе достигне 23 степени.Според најавата на метеоролозите следува период на стабилно време, освен во недела кога ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Единствено во што е најдобар Заев е рекетирањето, криминалот и корупцијата

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Денеска во суд Бојан Јовановски призна дека Зоран Заев знаел за рекетирањето две недели и директно го менаџирал и прикривал рекетот. Јавното обвинителство мора да се ослободи од спрегата Заев и СДСМ и да отвори истрага, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на интервјуто на Зоран Заев воемисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат .Криминалецот Зоран Заев нема ниту срам ниту перде. Заев зборува за канализација во Арачиново, а во период од три години власт ништо не направи.Три години Заев и СДСМ, се три  години изгубени за граѓаните на Република Македонија.Ништо нема да го прекрие фактот дека македонската економија е урнисана, додека граѓаните живеаат во сиромаштија и беда, Заев и функционерите од власта се луксузираат на грбот на народот.Единствено нешто во кое  Заев е најдобар е рекетирање, криминал, корупција, лаги и манипулации.Република Македонија со СДСМ и Зоран Заев на власт два пати по ред е прогласена за хибриден режим, најпрво според светко реномирано списание „Економист“, а денеска и Фридом Хаис го потврди тоа.3 години Заев, три години Хибриден режим. Три години неспособност, криминал и сиромаштија.Многу набрги следува одговор и одговорност.Заев и СДСМ никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Мицкоски не знае економија, нека оди да биде професор, каде е примен со ургенции на татко му

Антикризните мерки се навремени и со нив ќе имаме најдобри ефекти во целиот регион, со најмал пад на БДП, на економијата и целосно спремни за да се справиме со последиците, истакна претседателот на СДСМ, во емисијата „Патот кон..“ на Алсат телевизија.Правиме се, додаде Заев, за да пуштиме повеќе пари назад во економијата, затоа имаме поврат на ДДВ поголем за над 16 отсто, затоа и исплативме субвенции од 85 милиони евра кон земјоделците, за да ја стимулираме потрошувачката.„ Со двата пакети мерки ќе помогнеме на 30 до 35.000 фирми, на 200-250.000 работници. Тие што останале без работа влегуваат во системот на социјална помош, се работи за 8.160 нови невработени, од кои на 4.270 им истекол договорот за работа, а не 140.000 невработени, како што зборува опозицијата, рече Заев.Тој додаде дека заинтересираноста за мерките е голема, што покажува дека тие се добро димензионирани и осмислени.„До утринава за финансиска помош аплицирале 21.000 фирми, но тој број ќе расте, со мерките ги опфаќаме сите погодени и тоа многу ќе им помогне на сите, посочи претседателот Заев додавајќи дека се подготвува и трет пакет на мерките, и истовремено потсети дека во последните години преземени се сериозни економски чекори. .„Во последните две и пол години многу работи се променија. Имавме уништена економија, со пад од 1,8 отсто, а сега таа е со раст од 3,6 отсто. Покачени се пензиите, платите во здравството, во образованието, во социјалната заштита и затоа сме спремни да се носиме со глобалната економска криза“, заклучи Заев.Несериозно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ за преземените антикризни мерки да не споредуваат со Германија и Шведска, рече престедателот на СДСМ Зоран Заев на Алсат телевизија.-Ние сме земја во развој, а ниту Германија, ниту Шведска немаа 11 години цунами од ВМРО-ДПМНЕ како ние. Може ќе имаше повеќе пари ако не се потрошеа милијардите на споменици, жални врби, на музеи и слично. Колку маски ќе купевме за сите жални врби, за сите лавови, златни огради по мостовите, колку болници ќе изградевме. Мицкоски од таму зборува Филипче да си оди и да биде добар доктор. Нека оди Мицкоски да биде професор, каде е примен со ургенции на татко му. Ништо не знае ни од енергетика, ни од економија – нагласи Заев.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

zoran

Зоран Наков: Преку свежи идеи, предлози и проекти во полето на спортот и градење на национална стратегија за развој, да се задржат младите во државата, а за оние кои ја напуштија да се створи амбиент...

Зоран Наков, кандидат на листа на пратеници за изборна единица 2 од “Македонски концепт“Зоран Наков - проф. по физичко и здравствено образование, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Ѓорче Петров, член во Извршниот одбор на Сојузот на училишен спорт на Град Скопје, претседател на Училишниот спортски клуб Димитар П.Г. Беровски, координатор/тренер по фудбал (УЕФА „Б“ лиценца). Секогаш максимално професионален пристап во работата и со посебни достигнувања во спортот.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Зоран Наков: Како посветен спортски работник со јасна визија, покрај замислите за значителен прогрес во рамките на спортот, во мене се буди надеж за развој и на други дејности од најразлични области. Македонски Концепт како демократска политичка платформа нуди можност за искажување на идеи и ставови од експерти во повеќе професии, а дава можност да се слушне и гласот на народот.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Зоран Наков: Не, Јас сум неажуриран член на ВМРО-ДПМНЕ, и поранешен вршител на јавна функција - Член на советот во локална самоуправа при Општина Ѓорче Петров, во период од 2005 до 2009 година.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Зоран Наков: Политичките чинители треба да работат чесно, транспарентно и професионално во интерес на сите граѓани, ако сакаме истите да ги задржиме и опстанеме како држава. Искоренување на криминалот и корупцијата во државата, враќање на довербата кај народот. Сузбивање на непотизам и партиски вработувања во државниот сектор, каде професионализмот и знаењето ќе бидат примарни квалификации на пазарот на трудот. Вреднување и значително подобрување на животниот стандард на граѓаните, за нормално функционирање и градење на „Нормална држава“.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Зоран Наков: На нашата држава ѝ е потребна е стабилност, просперитет и развој. Брзо опоравување од кризата зафатена од вирусот COVID-19. Потребни се значителни реформски процеси во сите сфери на општеството (Економија, Судство, Образование и Здравство). На нашата земја ѝ е потребен видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи, а тоа да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите. Рационално користење на пристапните фондови од ЕУ, субвенционирање на малите и средните претпријатија, вложување во проекти во сите области се со цел да има одржлив развој.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Зоран Наков: Можноста што ја дава секој индивидуално да ги искаже своите ставови, идеи и предлози, за решавање на проблемите на граѓаните. Да предложи проекти кои ќе бидат од големо значење, реално остварливи и со одржлив развој и континуитет.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Зоран Наков: Со идеи, предлози и проекти во полето на спортот кој има големо и позитивно влијание врз личноста, заедницата, па и општеството во целина. Спортот генерално ги опфаќа сите возрасни категории и е од огромно значење за здравјето на човекот. Со современиот начин на живеење, немаме голема можност за движење, затоа со физичката активност се надоместува потребата за движење. Кога сме здрави и физички активни, можеме полесно да ги исполниме секојдневните обврски. Физичката активност допринесува за формирање на здрава и сестрана личност. Превентивно влијае кај младите да се оттргнат од штетните пороци (алкохол, пушење, дрога). Многу мали држави по број на жители, како Исланд, Норвешка, Шведска, Холандија, Ирска, Лихтенштајн и Нов Зеланд, вложуваат во образовниот систем и спортот, а постигнуваат одлични резултати на светско ниво. Населението што живее и работи во овие земји се чувствува здраво и среќно, а просечниот животен век изнесува 80 години.Ние како релативно мала држава по број на жители и низок стандард на живеење, можеме да ги промениме работите во спортот само со добра организациска поставеност и вложување во спортска инфраструктура.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Зоран Наков: Би се залагал за создавање на позитивна клима во државата, враќање на довербата на граѓаните кон политичарите, за чесно, транспарентно и одговорно делување. Реформски процеси кои навистина ќе допринесат за брз економски развој, враќање на оптимизмот и надежта за подобар живот. За градење стратегија, како да се задржат младите во државата, а за оние кои ја напуштија, да се створи амбиент за нивно враќање.ПОЛИТИКА: Зошто проекти? Зоран Наков: Проектите се потребни во секоја област, во секој сегмент на општествено-социјалниот живот. Секој од нив  решава одредени проблеми и ги задоволуваат потребите на граѓаните. Проектите може да бидат финансирани од државата, локалната самоуправа, пристапните грантови од ЕУ, невладини организации и други субјекти.Ќе дадам неколку предлози и идеи за решавање на био-социјалните потреби на граѓаните:Изградба на повеќе наменски игралишта во секоја населба;Изградба на пешачки и велосипедски патеки во природни средини;Изградба на отворени/затворени базени во секоја општина;Изградба на мини паркови во секоја населба со различни содржини, каде би рекреирале од најмала до највозрасна популација.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Зоран Наков : Членството во НАТО ја зголемува безбедноста и стабилноста на земјата со што се создава подобра основа за економски раст и развој, долгорочна безбедност и политичка стабилност. Во наредните пет години треба да работиме посветено на реформските процеси за влез во ЕУ. Придобивките од членството во ЕУ се значајни за граѓаните на Македонија, истите треба да ни бидат поттик за посветено работење. Посакувам Македонија во 2025 год. да стане членка на ЕУ, каде граѓаните ќе имаат повисок животен стандард и квалитет на живот.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене

Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство венко Филипче.Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала, напиша Филипче на ФБ.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2382000762106943

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев за Алсат: Јуни е најприкладен период за да се одржат изборите, потребни ни се кредибилни и функционални институции

Демократски треба да постигнеме здраворазумски  договор за одржување на изборите, но не верувам дека ќе имаме вака прикладен период, како сега во јуни, секако под услов кризата со коронавирусот целосно да биде одмината, сите земји го избегнуваат јули, затоа сметам дека јуни е поприкладно да се одржат изборите, секако со договор. истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.Секако потребни се соодветни рокови за подготовка на избори, во уредбата е наведен 21 ден од завршување на вонредна состојба, и токму затоа се прави лидерска средба, рече Заев, додавајќи дека прв услов е кризата да биде целосно одмината, бројот на оздравени да биде видлив, потоа изборите да бидат миониторирани од ОБСЕ/ОДИХР, и секако ажурирањето на избирчакиот спсок,.Причина плус за што поскоро одржување на избори е тоа што немаме парламент, а од друга страна имаме техничка, а не политичка влада, која треба да понесе одговорност. Ние сме парламентарна демоктратија, а немаме парламент, ние сме парламентарна политичка демократија, треба да имаме политичка влада која ќе понесе одговорност, во вакви услови граѓаните немаат кај кој да се обратат, рече претседателот Заев.Тој додаде дека не помалку важна е и економијата, која и онака е во криза, а во време на избори, се наоѓа во еден вид рестрикција.Бидејќи од парламентот зависат економските политики, да не се доведеме да имаме уште еден пик за економијата, заклучи Заев.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески до припадниците на полициските сили: Покажавте и докажавте дека сте спремни да се жртвувате за јавното добро

Почитувани припадници на полициските сили,Ви го честитам Денот на полицијата со желби за добро здравје и успешна работа. Уште еднаш и во овие тешки мигови за човештвото покажавте и докажавте дека сте спремни да го понесете бремето кое Ви се става на товар. Покажавте и докажавте дека сте спремни да се жртвувате за јавното добро, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Затоа, дозволете во мое име и во името на охриѓани да Ви изразам едно големо благодарам за сите ваши напори и заслуги сега и во минатото.Нека Ви биде честит Денот на полицијата !https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/593241554614785/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Оставка од Наќе Чулев за непостапување при настан во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје

СДСМ бара оставка од неспособниот Наќе Чулев Отсјај затоа што го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните.  СДСМ бара одговорност од неспособниот и неодговорен технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, да си поднесе оставка затоа што го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.Денеска, јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ Струга, а полицијата беше прустуна на настанот и воопшто не реагираше.Наместо предупредување, укажување и спречување на масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната.Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните.Покрај Струга, неодговорното, несовесно однесување на Наќе Чулев се виде и во Скопје, баш на Денот на македонската полиција.Спротивно на препораките, злоупотребувајќи го Денот на полицијата, техничкиот министер Наќе Чулев организираше јавен собир, без запавуање на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и чадна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.Во само еден ден, јавноста е сведок на неколку настани со големи последици за здравјето и безбедноста на граѓаните поради неодговорниот Чулев.На овие скандалозни настани треба да се додадат и бројните случаи со злоупотребата на полицијата за партиски цели на Мицкоски и непреземањето ништо за кришење на мерките и препораките од страна на навивачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ.Наќе Чулев освен да го брани Христијан Мицкоски за ништо друго не е способен, затоа мора да си поднесе оставка и да преземе одговорност.Со ваквото однесување Наќе Чулев потсети на неговите претходници Гордана Јанкуловска и Митко Чавков, кога се злоупотребуваше полицијата, се напаѓаа новинари, кога некои групи граѓани не беа казнувани за тоа што ги кршат законите а се тоа на штета на граѓаните.За ова одговорност мора да има. Наќе Чулев мора да поднесе оставка, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

пред 5 години

19

(ФОТО) Успешна еколошка акција во и околу Пештани, но не се застанува, организаторот најавува дека ќе се чисти и утре

Успешна еколошка акција во и околу Пештани. Собрани  се околу 100 вреќи ѓубре претежно пластични шишиња и лименки!Еден од организаторите вели дека се дочисти депонијата над Десарет. Но не се застанува тука. за утре најавена е уште една акција за како што велат да се дочисти се. Најавуваат дека утре во 12:00 ќе се продолжи од истото место но сега пред Пештани и целата плажа до пред Елешец.Еден од организатоерите Башоски на својот ФБ се заблагодари на сите кои ја поддржаа акцијата, но и ги повика сите кои се во можност да се приклучат и да помогнат утре. Башоски напиша:-Почитувани Пешчанци, вие шо се осеќате како Пешчанци и сите кои на било каков начин ја помагате нашата Акција, сакам да Ви се заблагодарам и да Ве информирам!Денеска се собравме доволно луѓе, искрено очекував повеќе, но работата што ја завршивме беше огромна и на крајот на денот сите бевме задоволни и среќни од тоа што го сработивме, односно исчистивме!Денес се чистеше од пред Роки до Рибноно, по песок и по пат!Се поделивме на две екипи, а на екипата што работеше по патот им се приклучи и Капетанот со Еко-камионот!Се собраа околу 100 вреќи ѓубре, претежно пластични шишиња и лименки, кои утре со кајче ќе бидат донесени во центарот и од тука со камион на депонија!Во Договор со сите што учествуваа денеска, Акцијата продолжува утре во 12 часот од истото место, но во спротивна насока!Чистиме пред Пештани до кај што ќе стигниме према Урвиште!Ви благодарам уште еднаш на сите што зедовте учество во денешната Акција и ве очекувам во поголем број утре!       фото: Дарко Башоски

Македонија | пред 5 години

zaev

(ВИДЕО) Заев негира дека им кажал на Боки 13 и на Јанева дека ги следат странски служби

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, негира дека му кажал на обвинетиот Бојан Јовановски дека него и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, ги следат странски служби.„Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако, секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам и ќе го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата кога сме биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум коментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал затоа што законите мора да важат еднакво за сите“, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања.Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Бугарија кажала кои се нејзините услови за Северна Македонија да биде примена во Европската Унија, лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека очекува во идниот период земјата „да продолжи да биде наш искрен пријател“ и дека ќе се решат отворените прашања.„Покажавме дека сме пријателска Влада. Претходната Влада имаше капацитет само за кавги со соседите, а ние најдовме решенија. Ја интегриравме земјата во НАТО и добивме одлука за почеток на преговори. Двете стратешки цели ги исполнавме. Очекувам во идниот период Бугарија да продолжи да биде искрен пријател на Република Северна Македонија. Народите ни се блиски. Владите се блиски и верувам дека во иднина ќе продолжиме со соработката. Мене ми е јасно дека сме застанати на петтиот елемент од историските поглавја. Четири прашања затворивме: Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум и тоа објавено и во ред, во духот на заедничката историја од минатото. Верувам дека и прашањето за Гоце Делчев ќе го решиме во духот на заедничката историја, каде што двата народа, и македонскиот, и бугарскиот, ќе останат горди народи. И тука да нема дилема“, истакна Заев.Во однос на економските последици, Заев истакна дека поради одговорните политики во изминатите две и пол години, сега нашата економија подготвена ја дочекала кризата и затоа и последиците се послаби.„Добро е што сите параметри покажуваат дека ние подобро се справуваме споредено со сите во регионот,второ, меѓу извештаите на Светска банка и на многу други институции се покажува дека кај нас импактот врз економијата ќе биде најблаг. Тоа покажува дека мерките одлучени од владиниот кризен штаб биле вистински димензионирани да ја заштитат здравствената состојба на граѓаните  преку сите рестрикции а при тоа да дадат живот и на економијата, освен неколку дејности кои беа комплетно затворени, сите други сектори живееја. Втората работа е што навремено и подготвено ја дочекавме кризата благодарение што за две и пол години имавме  можност да ја дигнеме економијата од – 1,8 на 3,6 % каде што имавме можност да дадеме подобри плати на лекарите, на медицинскиот персонал, поголеми плати на вработените во социјалната заштита, во образованието,  да дадеме поголеми пензии, сето тоа е зголемена потрошувачка моќ“, оцени Заев.Тој истакна дека оваа ситуација е шанса за да се реконструира економијата, односно да се искористи повеќе од потенцијалите на неколку сектори кои во моментов не се доволно искористени.„Земјоделството не е доволно искористен потенцијал и треба да го искористиме, затоа ајде да видиме кои се новите дејности, да го модернизираме земјоделството, да видиме што ново може да произведеме, што има траен пласман. Не ни е искористено доволно ниту сонцето како можност за развивање на „зелена економија“. Мора да работиме и на ИТ секторот и дигитализација и да се движиме во тој правец. Обезбедивме пари за реализација на прв и втор пакет на мерки, еве сега работиме на трет пакет. Тоа само покажува колку е стабилна македонската економија“, посочи Заев. https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/535254607384727/

Македонија | пред 5 години

nikoloski

(ВИДЕО) Николоски: Бараме JO да поведе постапка против Заев, тој е главата на рекет шемата

Зоран Заев се надеваше дека корона кризата ќе го спаси него и неговите најблиски од одговорност и од дознавање на јавноста што се случувало со „Рекет“. Но еве денеска вистината излезе на виделина. И затоа наместо да држи прес конференции без поента и без цел за економската состојба во Македонија за која што и самиот призна дека веќе не блеска, напротив туку дека е во тешка рецесија, најмногу заради недомаќинското работење негово и на тимот составен од Нина Групер, Мила Царовска и останатите кои што не знаат да водат економија. Зоран Заев треба да одговори на прашањата кои што ги заинтригира денеска македонската јавност, истакна во дел од своето обраќање Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво осомничениот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“? Бараме МВР и Јавното Обвинителство против Зоран Заев да отвори случај за сторено кривично дело прикривање и помагање во сторување на кривично дело.Во продолжение ви ја пренесуваме прес конференцијата во целост:видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

puska-1

Прилепчанец со пушка пукал кон куче, но го погодил братучедот во главата

Во текот на вчерашниот ден околу 15: 00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека од куќа на ул.„Беровска“ во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушка „норика“ кал.4,5мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата. Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Воведување на имунолошкиот пасош за патување засега е само во фаза на размислување

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за воведување имунолошки пасош за нашите граѓани кои би патувале надвор од земјата по отворањето на границите. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека засега можноста само се разгледува, а земјите немаат консензус за воведување на имунолошкиот пасош.„Имунолошки пасош е се уште на ниво на размислување на поединечни земји. Дилемите се кој е тој протокол што ќе се признае за валиден, колку денови направениот тест ќе важи за валиден, колку ќе се комплицира целиот тој процес ако станува збор за краткотрајни патувања на еден или два дена и на крајот каква е гаранцијата да од земање на тестот па се до влегувањето во некоја земја, некој не се заразил од вирусот. Многу отворени прашања. Ние дискутиравме во рамките на нашата Комисија, засега, согласно овие препораки сметаме дека некаква голема вредност, во смисла на сигурност, но сме отворени за опцијата и за наши граѓани кои што би патувале и за странци кои треба да дојдат доколку станува збор за пристап на повеќе земји во смисла на регионален пристап или во земји од Европската Унија. За ова прашање се уште нема некој поширок консензус. Повеќе земји го разгледуваат, вклучително и ние. Засега немаме став“, истакна Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

akcija-maski-3

(ФОТО) Со кампања за подигање на свеста и одговорно однесување СВР Охрид го одбележа Денот на полицијата

7 мај - Денот на македонската полиција, СВР Охрид го одбележа со превентивна кампања посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштитата од ширењето на вирусот “COVID 19“ и придржување до одредбата за задолжително носење заштитни маски. Претпладнево, на целото подрачје на СВР Охрид, во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар, полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици, поделија пакети заштитна опрема што опфаќа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал. Во рамките на превентивната кампања, полициските службеници, ги потсетија граѓаните за задолжителната законска обврска и препораките за носење и користење заштитни маски како најпотребно средство во одбрана од Корона вирусот, за неопходноста од поседување и на останата заштитна опрема, држење на потребното меѓусебно растојание и секако на казнените одредби за непридржување до законските обврски. фото: СВР Охрид

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Со поддршка од Швајцарската амбасада во најкраток рок поставена монтажната модуларна болница, која ќе прерасне во ургентен центар

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, нејзината екселенција Сибил Зутер и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денеска ја посетија монтажната болница, поставена до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Монтажните модули се набавени и поставени со финансиска поддршка од Швајцарската амбасада, со што во најкраток временски рок се дуплирани капацитeтите на Инфективната клиника.-Монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје e поставена во рамки на мерките преземени против коронавирусот. Тоа беше реализирано во рекорден рок од само 14 дена, иако рокот за изведба беше 21 ден. Таа ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника, каде што ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба, изјави министерот Филипче и изрази огромна благодарност за досегашната успешна соработка со амбасадата на Швајцарија и за континуираниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава, особено во време на пандемија, кога сите земји се соочуваат со низа предизвици.Станува збор за корисна површина од повеќе од илјада метри квадратни, каде се сместени простории за амбулантски и тријажен простор, како и други помошни простории, кои се функционално организирани, согласно специфичните протоколи и патеки за движење на здравствениот кадар и на пациентите.-Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во Северна Македонија. Солидарноста и одговорноста се клучен дел од нашата традиција врз која ја темелиме долгогодишната соработката со нашите партнери. Нашата развојна програма е флексибилна да одговори на вистинските потреби, особено во време на криза. Со големо внимание ги следиме случувањата во земјата, и со задоволство прифативме да помогнеме на Министерството за здравство во доопремувањето на модуларната болница со „монтажни модули“, кои во соработка со Министерството за локална самоуправа, ги обезбедивме преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, изјави Сибил Зутер, амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија.Монтажната болница има капацитет од 72 легла, целата структура е поврзана со „топла врска“ со зградата на Инфективната клиника, а во периодот кој следи ќе биде доопремена и со потребната немедицинска опрема.„Согласно моменталната состојба за време на пандемијата Ковид-19, Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, активно се вклучивме во поддршка на Министерството за здравство и во нивните напори за справување со настанатата состојба во државава. За таа цел излеговме во пресрет за потребите на капацитетите на Инфективна клиника преку Министерство за здравство, со средства во висина од 260.000 швајцарски франци преку проектот ‘Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој’, наменети за поддршка на здравствениот систем. Денеска извршивме увид и навистина сме задоволни од целокупната реализација на проектот“ вели Горан Милевски, Министер за локална самоуправа.фото: Минситертво за здрвство

Македонија | пред 5 години

000

Одбележување на „7 мај -Денот на македонската полиција

Денеска, 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,, беше одбележан  „Денот на македонската полиција“. Одбележувањето на - ,,Денот на македонската полиција“ започна со оддавање на почит на спомен обележјата на загинатите бранители со положување свежо цвеќе во кругот на министерството од страна на највисокото раководство на МВР во придружба на претставници од различни организациони единици, семејствата на бранителите и  македонскиот полициски синдикат.Свечената церемонија продолжи во 11.30 часот во Полицискиот центар  ,,Ѓорче Петров,, каде што раководството на МВР,  дел од вработените, семејствата на бранителите, поканетите гости од Дипломатскиот кор имаа можност да го проследат обраќањето  на министерот  за внатрешни работи Наќе Чулев, неколку показни вежби од страна на Единиците на МВР како  и доделувањето плакети за посебен придонес и заложба во работењето на министерството  за вработени во МВР и плакети за благодарност до  претставниците на Дипломатскиот кор .Во своето празнично обраќање  министерот Чулев истакна дека: „Денешниов празник го одбележуваме во едни сосема поинакви околности, кои што ни даваат јасен увид за значењето и улогата на полицијата и во кризни состојби, како што впрочем е актуелната пандемија од “Корона“ вирусот“.  „Демонстрираната организираност, исполнителност, законска дисциплинираност, и пожртвуваност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, во исполнувањето на сите зададени обврски и задачи во справувањето со пандемијата и примарно – во зачувувањето на човечките животи како бесценета вредност на секое општество, е јасен показател за потенцијалите и кредибилитетот на македонска полиција.“ Во еден хронолошки контекст ние денес можеме сосема, со мирна совест, да констатираме дека во сиве изминати децении раст и развој на Министерството за внатрешни работи, беше вложен огромен напор и професионалност на генерациите наши претходници, прилагодувајќи го системско-институционалното устројство на македонската полиција на потребите на општеството. Понекогаш поуспешно, понекогаш помалку успешно, но секогаш без исклучок насочени кон остварување на нашата приоритетна цел - јавниот ред и мир, и безбедноста и сигурноста на граѓаните.Поминавме низа фази на реформи во сите сфери на полициското работење. И тоа од нормативната во сфера преку носење на законски одредби што ќе не доближат до европските стандарди во полициското работење, техничко-технолошки, кадровски, структурални и организациски промени, односно надградби. Сето тоа, како во насока на континуирано следење на трендовите во полициското работење,  така и во насока на максимална ефективност и ефикасност во функционирањето на тој сложен систем врз кој што почива министерството за внатрешни работи.Министерот Чулев истакнувајќи ја својата лична увереност дека македонската полиција, не само во контекст на актуелните кризни случувања, туку и пошироко во сите други домени од своето работење ќе остане непоколеблив гарант во заштитата на уставно-правниот поредок, на спроведувањето на законите, на личната и имотна сигурност на секој наш човек. На сите наши колеги им го честитам 7-ми Мај , Денот на македонската полиција, и ви пожелувам успеси како на професионален така и на личен план-го заврши своето обраќање министерот Чулев .Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска им го честита Денот на полицијата на сите сегашни, но и поранешни припадници на МВР.„Секој од нив има свој дел од она што денес го живееме, верувам во нивната посветеност, ги поддржувам во нивната професионалност и истрајност. И токму затоа испраќам порака до сите нив дека заедно ќе продолжиме да се бориме против сите современи безбедносни закани, но и против сите секојдневни предизвици. Денес, Република Северна Македонија е членка на НАТО и е безбедно стабилна држава. И тоа е резултат на сите безбедносни реформи кои беа направени изминатите три години. Довербата во полицијата расте и тоа ќе ни биде поттик и во иднина реформите во полицијата да се темелат на чесност и професионалност, штитејќи ги интересите на нашата држава и граѓаните. Им благодарам на сите припадници, поранешни и сегашни, кои храбо и одлучно се грижат за нас. Им оддавам почит на сите кои ги положија своите животи за она што денес го живееме. Тие секогаш ќе бидат дел од нас“, рече Петровска.фото: МВР  

Македонија | пред 5 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Не е точно дека мора да поминат 60 дена по вонредната состојба за да има избори

Интересно е да се гледа како стравот од избори и свесноста за пораз на опозицијата на нив, тера некои луѓе да спинуваат најнеписмено и најнепрофесионално дека Венецијанската комисија препорачала дека треба да поминат најмалку 60 дена по престанокот на вонредната состојба за да може да се организираат избори, реагира на својот фејсбук профил министерката за правда Рената Дескоска.Тоа едноставно не е точно. Во извештајот од кој наведуваат фрагментарни делови, почетната раченица во делот за избори е дека “Не постои формално правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.” Понатаму извештајот реферира на различни уставни и законски примери од земјите за чии законодавста давале мислења, меѓу кои е и уставот на Грузија за кој велат дека позитивно се изразиле, кој устав предвидува дека после воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена. Таков е грузискиот устав. Нашиот устав е поинаков и тој предвидува дека нема да се спроведуваат избори само за време на траење на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата. Одредбата од грузискиот устав не е задолжителен стандард на Венецијанската комисија, како што пофалбите кои ние ги добивме од Венецијанската комисија за законите во областа на судството не се задолжителен стандард за другите земји. Тие се нешто што другите можат да го земат како добри практики при измена на нивното законодавство. Така што исплашените од избори треба да знаат дека за нас задолжително дејство имаат одредбите на нашиот устав, а не на грузискиот. А дека пофалените одредби не мора да бидат применети во други држави го потврдува и првата страница на Извештајот на Венецијанската комисија на кој се повикуваат, а на која пишува: “Овој документ е компилација на извадоци превземени од извештаи/студии на Венецијанската комисија за вонредна или воена сосотојба и мислења за уставни одредби или закони за вонредна состојба на одредени земји... Оваа компилација треба да се смета само за рамка... Читателот треба да биде свесен дека повеќето од мислењата од кои извадоците се цитирани во компилацијава се однесуваат на поедини земји и треба да ја имаат во предвид специфичноста на ситуацијата таму. Цитатите не се нужно применливи на други земји...”Ова веројатно на правници кои се “скарани” со математиката и логиката, не им е доволно јасно, но на било кој математичар - би требало да му е јасно дека не може да го користи како изговор за одлагање на изборите, напиша Дескоска на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2683375461941557&set=pcb.2683378855274551&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Владата оддава признание на сите демократски чинители за напредокот на Северна Македонија нотиран во најновиот извештај на Фридом Хаус

Во објавениот извештајот на Фридом Хаус „Земји во транзиција 2020“, Република Северна Македонија е оценета како држава која забележала напредок во оценката за демократија во однос на минатата година.Во извештајот за 2020 година се нотира подобрување во изборниот процес поради добро организираните претседателски избори и подобрување во независноста на медиумите како резултат на пообјективното и поверодостојно известување.Во извештајот како позитивен пример за решавање на навидум несовладлив проблем е наведено решавањето на спорот помеѓу Грција и Северна Македонија (со медијација предводена од САД), кое на земјата ѝ го овозможи членството во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ.Извештајот нотира дека напредокот на Северна Македонија е значаен и во однос на состојбите во поширокиот регион.Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи со силен интензитет да соработува со сите чинители и да создава амбиент за постојано унапредување на демократијата и слободите во нашата земја.Владата оддава признание на сите граѓани, организации, заедници, медиуми и институции кои со своите демократски капацитети и дејствија го овозможуваат демократскиот напредок на земјата и охрабрува за уште посилен ангажман во иднина.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Обвинителството да го повика Георгиевски за изјавата дека странски центар го назначил Ден Дончев

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вчера обелодени во јавноста дека доскорашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, бил наметнат од страна и тоа не од еден туку од повеќе странски центри, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.Да потсетиме, Ден Дончев не беше директор било каде, туку, на институцијата која располага со најмногу државни пари - Фондот за здравственото осигуруавње со најголем годишен буџет од дури 700 милиони евра.Обвинителството веднаш да го повика Георгиевски да даде изјава кој странски центар го инсталирал Ден Дончев да располага со 700 милиони евра на македонските даночни обврзници, дотолку повеќе, во јавноста деновиве излегуваат информации дека Ден Дончев нелегално  се стекнувал со милиони евра.Единствена Македoнија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ очекува обвинителството да реагира и да открие кој се тие од надвор со моќ недозволиво да одлучуваат за работи кои се исклучиво во внатрешната надлежност на Република Македонија, се вели во соопштението од „Единствена Македонија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Утре ќе се дискутира за тоа каков ќе биде полицискиот час за време на викендот

Министерот за здравство Венко Филипче  денеска на прес конференцијата соопшти дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа каков ќе биде полицискиот час за време на викендот, додека во сабота ќе се дискутира за полицискиот час од понеделник.Филипче не откри дали се планира укинување на полицискиот час од понедеделник. Како што кажа министерот сите мерки во иднина ќе зависат од бројот на новозаболени од КОВИД -19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

izjava-zaev.Still267

Боки 13: Заев ми кажа за Рекет уште во април - бев уценуван, а беше и Јанева. 

И поранешниот премиер Зоран Заев имаше интерес да се урне СЈО а тоа го тврдам бидејќи докази имам во мојот телефон, кој не е вештачен. Може ќе допрам несакајќи некоја од соголените жици од бојлерите во Шутка, и така осудените терористи имале подобри услови од него, објави  24info.mk.-Во притвор ме држат поради мојот денешен исказ дека на трети април дознав за случајот од тогашниот премиер Зоран Заев. Се тргуваше со овој случај, Катица Јанева беше уценета или ќе дадеш оставка или ќе се случи ова што се случува сега.Рускоска гордо рече дека уште во јануари била во контакт со Камчев, кој го ангажирал Стерјо Зиков зашто беше близок со обвинителката.  Ако имало предмет од ноември до мај зошто  таа контактирала со Камчев. Заев  по емисијата дојде во канцеларијата која беше вечерта и ми рече дека јас и Јанева сме следени од странски служби. Ми рече дека странски обвинител веќе има предмет оформено. Ми велеше што сега да правам. Бев уценуван, а беше и Јанева. Жал ми е што не се вештачи мојот мобилен да се види целата комуникација со Заев.Текстот во целост на 24info.mk.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Кузеска: Мицкоски математички прецизно да пресмета колкава е разликата од 8.160 до 100.000 невработени

И во време на здравствена и економска криза, Христијан Мицкоски знае само за лажни вести и деструктивност. Последната лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е дека поради кризата со коронавирусот 100.000 лица останале без работа. Оваа лага е официјално демантирана од институциите, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Агенцијата за вработување вчера соопшти дека од 13 март, денот кога започнаа превентивните мерки, па до 30 април, невработени станале 8.160 лица.Од нив, повеќе од половина, односно 4.279 лица останале без работен ангажман поради истек на договор на определено време. Тоа е огромна разлика од лагите на Мицкоски.Мицкоски, кој вели дека е добар математичар, може да каже математички прецизно колкава е таа разлика. Мицкоски нека пресмета и нека каже колку илјадници работни места тежи неговата лага?Колку е разликата од 100.000 до 8.160?Не му е првпат на Мицкоски да шири лажни вести и невистини. Исто така Мицкоски лажеше и дека имало само 100 теста за коронавирусот, а оттогаш се направени илјадници тестирања. Ако Мицкоски се дрзнува да лаже и манипулира со бројки кои се лесно проверливи, може да претпоставиме за што сè излажал и за што сè е подготвен да излаже.И покрај тоа што нивните лаги секогаш се официјално демантирани, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од пласирање на лажни вести.  Тоа е нивниот единствен начин на делување.За таквото нивно неодговорно, несовесно и несериозно оценката ќе стигне од граѓаните. Нивните лаги и деструкции повторно ќе бидат поразени, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

orce

Ѓорѓиевски: Заев го евакуира и спасува Дончев, зошто ЈО се уште молчи и не го повикува на разговор?

Според тврдењата и пишувањата на медиумите Ден Дончев бил главата на криминално рекетарска шема за земање на мито од фирми кои пружаат разни услуги во здравствениот сектор, за услуги кои ги покрива ФЗОМ, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ден Дончев, бизнис ортакот на Заев и во содејство на омилениот рекетар на власта Зоки Кичеец спроведувал рекет на територија на Република Македонија, објавија медиумите.Заев сега спроведува операција за евакуација на Дончев и негов спас. Вистинското прашање е зошто Ден Дончев се крие од јавноста и што точно знае?Фирмите како што пишуваат медиумите биле уценувани со исплата на кеш пари на рака на Дончев, со цел истите отпосле редовно да се наплатат од ФЗОМ.Ова е класична злоупотреба на позицијата на најдрзок можен начин. Дончев буквално се однесувал како шериф.Според податоците изнесени во медиумите доказите за овој мега криминал, кој претставува впрочем скандал пар екселанс ги има во зградата зад нас.Зошто ЈО се уште молчи и не смее да го повика Дончев на разговор?Очигледно Дончев е бела мечка за ЈО и со многу го задолжил Зоран Заев кој што впрочем е главата на овој криминален октоподот.ЈО мора да излезе од сенката на Заев и да покаже дека работи согласно закон. Ден Дончев веднаш да биде повикан на распит и да се отвори соодветна истрага против него. ЈО ќе биде директно одговорно, доколку Дончев си сите сомневања за криминал избега од државата.ЈО и сите замешани во случајот треба да знаат дека прикривање и помагање на криминал е исто така криминал, дело за кое се одговара согласно закон. Одговорност ќе има за сите и затоа повикуваме на строго почитување на законите во Република Македонија, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Боки 13: „Рекет“ е направен за спас на Јордан Камчев, за рушење на СЈО и Катица Јанева

Бојан Јовановски или Боки 13, на денешното судење ја дава својата одбрана во случајот „Рекет“.Судијката Васка Николовска-Масевска даде пауза на денешното судење за „Рекет“, откако тоа го побара ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која ѝ се слоши. Пред паузата, а по обвинувањата од Бојан Јовановски, кој кажа дека Вилма Русковска му јавувала кој ќе биде повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал, за тој да испрати новинарска екипа, таа ги повика институциите да ги истражат наводите.„Рекет“ е направен за спас на Јордан Камчев, за рушење на специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, бидејќи им пречеше на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ“, рече Јовановски во судницата.Русковска побара од судот Јовановски да се осврне на доказите кои ги има за да докаже дека е невин во постапката за случајот „Рекет“, каде се гони за две дела, примање награда за противзаконито влијание, за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар – перење пари и други приноси од казниво дело.„Недозволиво е да се навлегува во нечиј личен и приватен живот. Дали Русковска или некој друг направил кривично дело или криминал, нека истражат институциите. И јас барам да истражат“, рече обвинителката Русковска.Јовановски говореше за пораки кои Русковска му ги испраќала на апликацијата „Ватсап“.„Овој ми е одвратен, мора да го снимате, обавезно пушти новинар“, ми пишуваше Русковска за експретседателот на Судскиот совет. Тој во исказот посочи дека повеќе пати се среќавал со обвинителката Вилма Русковска во „1ТВ“, каде разговарале додека таа пиела алкохол. Јовановски кажа и дека тој ја договорил Русковска да гостува во „1ТВ“.Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, на распит пред судијката Васка Николовска-Масевска повторно говореше за доказите кои, според него, покажуваат дека не рекетирал, а се во неговиот телефон одземен од страна на Обвинителството, за кој тврди дека не е вештачен.Јовановски кажа дека во телефонот, кој не му бил вештачен, имало аудиоснимки од разговор со ексглавниот и одговорен уредник на згаснатата „1ТВ“, Ацо Кабранов, со кого разговарал за Орце Камчев.„Ова што јас го зборувам можеше да го потврди господинот Кабранов. Доколку сведочеше Дувњак, ќе објаснеше за средбата со Катица Јанева, кога ја посетивме во СЈО“, посочи Јовановски.Тој во исказот посочи дека повеќе пати се среќавал со обвинителката Вилма Русковска во „1ТВ“, каде разговарале додека таа пиела алкохол. Јовановски кажа и дека тој ја договорил Русковска да гостува во згаснатата „1ТВ“.„Јас ја повикав Русковска во телевизијата, неколку пати беше во редакцијата, во четири очи сме пиеле кафе, па и алкохол, како што е редот во една домаќинска куќа. Јас не пиев алкохол бидејќи таква беше атмосферата“, рече Јовановски.Обвинетиот Јовановски во изјавата посочи дека телевизијата со која раководел се финансирала легално од компании што се рекламирале, а не од СДСМ и ВМРО, ниту, пак, барал државни пари.Со исказот Јовановски сака да докаже дека „1ТВ“ не се финансирала од рекет, туку од легални пари. Во текот на исказот, а одговарајќи и на прашања од неговиот адвокат Сашо Дуковски, Јовановски кажа дека немал приходи, ниту, пак, сопственички удел во „1ТВ“. Според него, ќе имало конфликт на интереси доколку бил сопственик на медиумот, а истовремено и претседател на невладината „Меѓународен сојуз“.Во исказот пред судечкиот совет на рочиштето за „Рекет“ првообвинетиот Бојан Јовановски говореше за односите со ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, за нејзиниот син Лазар Јанев, како и запознавањето. Во текот на судењето, тој ја карактеризираше Јанева како народен човек и либерална жена, која нема предрасуди, што се покажало бидејќи не ѝ пречела неговата сексуална определба.„Со неа разговаравме и за мои љубовни работи, но никогаш не сум ѝ кажувал што да работи и како. За предметот ‘Империја’ и другите предмети дознав овде, во судницата. Со Јанева се запознав во септември 2018 година, кога ја поканив да гостува во ‘1ТВ’, па имавме средба во СЈО, но ја одби поканата. Целта беше да ја раскаже животната приказна во емисијата ‘Лица’.Лазар Јанев првпат го видов на фотографии, а таа ми кажа дека е правник и не е вработен. Тогаш ѝ понудив да работи кај нас. Јанев контактираше со АВМУ, но немаше врска со маркетингот“, рече Јовановски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања