Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

naum

Стоилковски: Фридом Хаус го потврдува хибридниот режим на Заев и СДСМ

Три години власт на Зоран Заев - три години хибриден режим во Македонија. Оценката на Економист на почетокот на годината сега ја потврди  и Фридом Хаус. Македонија е делумно слободна држава со владение на хибридниот режим на СДСМ. Според оценките на Фридом Хаус Македонија воопшто не исчекорила од хибриден полудемократски режим, и е во групата на држави како Украина, Молдавија, Грузија, Босна и Херцеговина. Нема поместувања ниту во организирање на избори за кои се нотирани нерегуларности, ниту има подобрување во слободата на медиумите, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Македонија нема исчекор ниту во организирање на изборен процес, ниту во транспарентноста на власта, ниту во слободата за учество во политичкиот живот, ниту во политичката култура, ниту пак во нивото на граѓански слободи. Тоа се параметрите што се мерат и одредуваат каква е Македонија под хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев.Според оценката на Фридом Хаус и процентните поени Македонија има полош резултат од 2014 година, полош од 2015 и е на ниво од 2016 година. Тоа значи дека режимот спроведуван од СДСМ и Зоран Заев, воопшто нема демократско поместување.Имајќи ги предвид нивото на корупција со секој нов тендер, нивото на судството во пупка, нивото на молчаливото обвинителство каде поднесените предмети од ВМРО-ДПМНЕ стојат во фиоки, збунетите антикорупционери кои уште разгледуваат предмети стари по една година, отворениот терор врз медиумите по поделбата на Заев и СДСМ на провладини и противници, селекцијата на новинари кои ќе поставуваат прашања во владата, полициски тормозења и пресуди за новинари кои што откриваат скандали, отворениот поткуп во изборни цели - СДСМ ја турка Македонија на чекор до авторитарен режим.Почитувани, доста е од Вициња, Катици, Бокици, Зокици, Кикици и Фрикици. Доста е од хибриден режим и лажни ласкања. Доста е од Заевизам.СДСМ и Заев се виновни за сите порази, измами и криминал во Република Македонија и за тоа мора да понесат одговорност.Заев и СДСМ никогаш повеќе, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Korona-aplikacija

ЕК ја потврди клучната улога на апликациите како што е СтопКорона во борба со Ковид-19

Државите членки во Европската Унија, поддржани од Европската Комисија објавија официјален документ во кои се наведени предностите и клучната важност од користењето на апликации за следење на контактите на лицата позитивни на коронавирусот, со цел навремено детектирање на потенцијално новите заразени лица, рано тестирање и спречување на ширење на вирусот.На овој начин како што се наведува во документот во време на пандемија уште еднаш се потврдува улогата на технологијата за побрзо враќање на нормалниот тек на живот.„Апликациите за спречување на ширење на Ковид-19,  доколку се целосно во согласност со правилата на ЕУ, можат да играат клучна улога во сите фази на управување со кризата, особено кога ќе почне постепеното укинување на мерките за социјално дистанцирање. Тие можат да ги надополнат постојните анкетни листови за контактите на лицата позитивни на Ковид-19 и да помогнат во прекинувањето на ланецот на пренос на вирусот“, се вели во соопштението.Според Комесарката за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес,  „Дигиталните алатки ќе бидат клучни за да ги заштитиме нашите граѓани бидејќи постепено ги укинуваме мерките за седење дома. Апликациите за мобилни телефони можат да нè предупредат за ризиците од инфекција и да им помогнат на здраствените за да ги пробијат ланците на пренос. Треба да бидеме посветени, креативни и флексибилни во нашиот пристап за повторно да ги отвориме нашите држави. Треба да продолжиме да ја намалуваме кривата - и да ја задржиме надолу. Без безбедни и соодветни дигитални технологии, нашиот пристап нема да биде ефикасен “.Северна Македонија, во контекст на препораките на Европската Комисија, е една од првите држави кои изработија мобилна апликација за спречување на ширењето на Ковид-19,  согласно сите стандарди за заштита на приватноста на граѓаните.Апликацијата СтопКорона е достапна на: https://stop.koronavirus.gov.mk/фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска потврдени 33 нови случаи на Ковид 19 - Оздравени се 22 пациенти – почина едно лице

Денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1572 лица. Оздравени се 22 пациенти – почина едно лицеИнститутот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје-2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани-2.На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404. Последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје – 526       Куманово - 404       Дебар – 51       Штип-35       Прилеп –1667       Тетово – 95       Струга – 67       Велес – 95       Битола –22       Охрид –15       Кавадарци – 5       Гостивар –17       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-6       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 31       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 2       Делчево-1       Валандово -1       Виница – 2       Кратово-1Направените 332 теста се преку: ИЈЗ –218, Ветеринарен ф-тет -17, Авицена –13, Биотек -22, Филип Втори (Жан Митрев) –19, Систина со PCR метода  -23 и МАНУ -20.  Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bezoska-1

Ангеловска-Бежоска: Значително се зголемува користењето на електронското банкарство

Првичните податоци покажуваат дека апелот на Народната банка за безготовинско плаќање и за користење на платежните картички и на услугите за електронско и мобилно банкарство е добро прифатен од граѓаните. Значително се зголемува користењето на електронското банкарство од страна на физичките лица, што во овој период е и во функција на заштита на здравјето. Бројот на плаќања иницирани преку електронското банкарство во март е зголемен за околу 30% на годишна основа, што е многу повеќе во споредба со трендовите во претходниот период.Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Притоа посочи дека според првичните податоци од платежната статистика, чијашто обработка е во тек, зголемено е користењето и на компјутерите и на мобилните телефони за извршување на плаќања. Во март, годишниот раст на плаќања извршени преку компјутер изнесува околу 26,4%, додека претходно, минатата година во споредба со 2018 година, растот изнесуваше 5,4%. Истовремено, како што кажа гувернерката, бројот на плаќања преку мобилен телефон е зголемен за околу 45,5% на годишна основа. Од друга страна, забележан е пад од околу 7% на годишна основа кај плаќањата иницирани на хартија. За ваквите трендови придонесоа и активностите коишто ги презедоа банките по започнувањето на корона-кризата, заради заштита на јавното здравје.„Според првичните податоци, особено е изразен порастот на користењето на платежните картички за купување преку интернет, при што во март, бројот на трансакции е зголемен двојно во однос на истиот месец минатата година, а позитивни се трендовите и кај користењето на картичките на физичките места на продажба.“ – посочи Ангеловска-Бежоска.Во емисијата, акцент беше ставен и на најновите макроекономски проекции на Народната банка, при што меѓу другото беше истакнато дека се очекува падот на економската активност заради корона-кризата да биде најголем во вториот квартал од оваа година, а потоа да следи постепено опоравување и следната година да има раст на македонската економија од 4,7%. Како што посочи гувернерката, ваквите очекувања се темелат на претпоставката дека шокот од ковид-19 ќе биде краткорочен.Одделно се дискутираше и за депозитната база и за состојбите на девизниот пазар, при што гувернерката нагласи дека овојпат притисоците беа значително помали во споредба со претходни кризни епизоди.„Податоците за март покажуваат дека нема пад на депозитите. Ме радува што веќе во текот на април состојбите се стабилизираа – депозитната база е стабилна и таквата состојба продолжува и на почетокот на овој месец.“ – истакна Ангеловска-Бежоска. Од средината на април, како што посочи таа, значајно е стабилизирана и состојбата и на девизниот пазар.Во емисијата се коментираше и за мерките што по избувнување на корона-кризата ги презеде Народната банка. Гувернерката посочи дека постојано се следат состојбите и ако е потребно, Народната банка е подготвена да преземе и дополнителни мерки во согласност со своите надлежности, ако тоа е потребно. 

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Косово со престојувалиште во Росоман, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 5 в.в. став 2 од Кривичниот законик.Осомничениот, кој бил вработен како овчар, на 2 мај, во овоштарник во атарот на Росоман, со употреба на сила извршил друго полово дејствие врз 17-годишно момче. Момчето за да се одбрани го удрило осомничениот со бокс, по што тој се тргнал и го напуштил местото.Осомничениот не е достапен на органите на прогонот, а по предлог на надлежниот јавен обвинител, Судот во отсуство определи мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Oliver

Спасовски: Воспоставивме професионална и стручна полициска служба како сервис од доверба за граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во видео пораката во чест на 7 мај – Денот на полицијата и безбедноста истакнува дека оваа година овој ден се одбележува во вонредна состојба заради здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.Обраќањето на премиерот Спасовски во видео пораката ви го пренесуваме во целост:Улогата на полицијата во спроведување на одлуките и мерките на владината стратегија за запирање на ширењето на вирусот, е огромна и од исклучителна важност.Посебно охрабрува дека навистина сме ги донеле правилните одлуки, за што деновиве говорат и бројките на намалени случаи на заболени.Особено сум горд што ова е успех и на воспоставените норми и концепт за Јавниот мир и безбедноста, како гаранција за заштита на човековите права и слободи.Овој успех е резултат и на воспоставената силна институционална свест и структура како брана против сите тенденции на корумпирање на безбедноста и против ставање на полицијата во функција на злоупотребата и незаконито работење, како што беше до пред три години.Во таа насока, еден сериозен и значаен дел од енергијата и мерките од реформите беа посветени примарно на генералното подобрување на материјално техничките услови за работа токму на оние од кои што зависи спроведувањето на правото и законите – а тоа е полицијата.Во нивното реализирање се водевме од фактите дека интегритетот, опременоста и статусот на полицискиот службеник се императив без кој што е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.Дека постигнавме многу, најдобро сведочат домашните и меѓународните анализи и истражувања кои потврдуваат дека Република Северна Македонија воспоставува професионална и стручна полициска служба која што е определена да биде реален и доверлив сервис на граѓаните.Затоа со право веруваме дека во наредниот период, ќе продолжиме да ги јакнеме севкупните капацитети на Министерството за внатрешни работи, за уште подобри резултати во работењето на сите организациони единици.Нека ни е честит 7 мај – Денот на македонската полиција.

Македонија | пред 5 години

Foto-3

Пендаровски: Со синергија меѓу државните институции, приватниот и граѓанскиот сектор да обезбедиме услови за остварување на младите иноватори

Претседателот  на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски  вчера вечер, преку видео врска, се обрати на завршниот настан на овогодинешниот „Generation Unlimited - Младински Предизвик”, односно на презентацијата на решенијата на 5-те тимови финалисти.Осврнувајќи се темата на иницијативата „Како може дигиталната технологија да влијае за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот“, претседателот Пендаровски посочи дека младите не се доволно застапени во овој сегмент во нашата земја, односно дека најчесто се очекува иновативните решенија да доаѓаат од повозрасните граѓани.„Ова е вистинскиот пат по кој треба да одиме, и кога ќе заврши кризава да не ги заборавиме дигиталните алатки коишто ни помагаат и допрва ќе ни помагаат на сите нам, на сите категории на лица, а посебно на лицата со попреченост. Треба да ги користиме сите алатки и уште повеќе на овие луѓе да им го олесниме пристапот до образованието, но и до сите други институции. На пример, пред да започне пандемијата, незамисливо беше наставата да се одвива он – лајн“, истакна претседателот Пендаровски.Потенцирајќи дека секое понудено иновативно решение е многукратно повредно ако може практично да се примени и конкретно да им помогне на лицата со пречки во нивното секојдневие, претседателот Пендаровски рече дека младите коишто го прифатиле предизвикот Generation Unlimited и чии решенија имаат апликативна вредност, многу побргу фаќаат чекор во споредба со постарата генерација.„Државните институции мораат да ги препознаваат побрзо и подобро, напорите на младата генерација во овој дел на креативни решенија. И да им даваат простор, да им даваат ресурси, да им помогнат конкретно да ги развијат нивните идеи до крај. Но треба и да се поврзат државните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и да постои една синергија со една единствена цел - да обезбедиме услови за остварување на младите креативци, иноватори и за многу кратко време да видиме примена на нивните пронајдоци“, заклучи претседателот Пендаровски.„Generation Unlimited - Младинскиот предизвик“ ги повикува младите иноватори во целиот свет да дизајнираат решенија кои ќе го подобрат образованието, вработеноста и граѓанската вклученост. Младинскиот предизвик, кој оваа година се одвива во 40 земји, е иницијатива која глобално остава силен впечаток и служи како пример за тоа што се може да постигнат младите.Во нашата земја, предизвикот се реализира втора година по ред. Проектот го реализира УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонија и СмартАп - Лабораторија за социјални иновации Скопје.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

petar1

Богојески: Пратениците да бидат волонтери, а не јадачи на буџетот, не да земаат патни трошоци, тоа е уникатно решение, да не земаат ни плата, сите да останиме во професиите од кои доаѓаме

„Во ВМРО ДПМНЕ владее сериозно лузерски концепт, политичка партија која е без компас, прво бара избори па е против, против вонредна состојба, па за вонредна состојба. СДСМ брза на избори бидјеќи анкетите покажуваат дека владејачката коалиција има предност. Ние како граѓански концепт ќе понудиме толку различна понуда и пристап кон граѓаните што ќе успееме да ја победима и власта“, истакна лидерот на „Македонски концепт Петар Богојески во емисијата #10МИНУТИ - „Седи дома“ или „Ајде на избори“.Огромен број од досегашните пратеници во ВМРО ДПМНЕ се револтирани бидејќи не се на листите, и тоа треба да го елаборира портпаролот на ВМРО ДПМНЕ. На овие избори граѓаните имаат  шанса да им ги замрсат сметките на двете партии. Убеден сум дека ние доколку зависи од наши пратеници формриањето на владата тоа ќе е условено од промена на изборен законик, закон за финансирање партии, заштита на буџетот од злоупотреба на политички партии и дури после тоа да се пристапи кон формриање на влада. Само со тоа ќе предизвикаме промена на политичката слика на земјата“, истакна Богојески.Лидерот на Македонски концепт вели:„Ние не сме доволно богати да можеме да платиме анкети, тоа се скапи активности  затоа ги следиме анкетите на ИРИ и други реномирани куќи и повеќе од сигурна е шансата дека граѓаните ќе му удрат шамар на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ. Доколку му верувате дека Заев ќе донесе правда гласајте за Заев, ако му верувате дека Мицкоски ке го врати името гласајте за Мицкоски. Ако сте освестени дека ниту Заев ќе донесеп равда, ниту Мицкоски гордост, гласајте за нив“, вели Богојески.Богојески уште еднаш откри која е програмата на „Македонски концепт“ и што тие како платформа им нудат на граѓаните.„Ние ќе понудиме државен патриотизам, силни институции кои ќе ја уништат мафијата. Македонија пишти под мафијашко ропство, и додека не ја ослободиме државата од мафијата ние немаме вистински слободна Република. Имаме институции кои живеат под ропство на клановите од мафијата. Пратениците да бидат волонтери, а не јадачи на буџетот, не да земаат патни трошоци, тоа е уникатно решение, да не земаат ни плата, сите да останиме во професиите од кои доаѓаме, да ги земаме платите од претходно, кои ќе останат во средините од каде доаѓаат како пратеници и да останат блиски со оние кои ги гласале. По една година луксузен живот во парламентот се губи реалната претстава за сликата на народот“, вели Богојески. фото: Prtsc

Македонија | пред 5 години

MNT-Vasko-M-2-3ahwhfh3temeonqpy178jk

Новиот МНТ по само седум години се распаѓа - ќе одговара ли некој ?

Сторијата е превземена од порталот prizma.mkМораше да падне стиропорот од фасадата на зградата на МЕПСО за да се вклучи алармот кај скопското обвинителство, кое по допрен глас истражува дали има основа за кривична одговорност за изведбата или за квалитетот на материјалот.Но, многу пред ова да се случи, во новоизградениот театар од спротивната страна на МЕПСО, кој исто како и фасадата е дел од проектот „Скопје 2014“, со години влегува вода. Освен вработените и публиката тоа никој не го гледа.Проблемот во МНТ е стар колку и самиот објект, ама по речиси седум години сѐ уште никој не се нафатил системски да го реши, туку повремено го санира со интервенции од типот „бетонирање прозорци и кофа во фоаје“.Нашето истражување покажа дека, иако имало крпење на штетата од водата што се собира во 37-милионскиот објект, фирмите-изведувачи си играле пинг-понг со одговорноста за системските дефекти. Надлежните ниту тогаш, ниту сега не покажале подготвеност да го лоцираат и да го решат проблемот прогласувајќи се ненадлежни.Министерството за култура ја префрла топката во МНТ, од МНТ, пак, ќе бараат финансиска помош од Министерството. За одговорноста на оние што нарачувале, граделе и вршеле надзор никој не зборува.Никој од соговорниците со кои разговаравме не можеше директно да впери прст во изворот на проблемот – локацијата, материјалот, некоординација на фирмите што го граделе објектот што се менувале во текот на градбата или нешто друго.Оттаму сосема е извесно дека во перспектива санацијата на објектот стар не повеќе од седум години ќе ја зголеми сумата јавни пари потрошена за негова изградба, но исто така речиси е сигурно дека на крајот никој воопшто нема да понесе одговорност.Вродена градежна мана„Мини-сценографија“ со кофа и картонски кутии во фоајето на театарот | Фото: БИРНОгромна црна кофа, дупка на плафонот со изваден лустер, излупен ѕид од влага, кабли што висат и вода што капе. Оваа сценографија не е од социјална ТВ сторија, ниту театарска постановка, туку проблем што зјае од фоајето на МНТ и редовно ја пречекува публиката во објектoт на кејот на Вардар.Зад црвената завеса во фоајето, небаре театар во театарот, најмногу се гледа дека има пропуст при градбата на објектот. Проблемот, како што тврдат вработените, e во горната тераса од каде што се собира вода, која се цеди и капе во кофата.Овој дефект не е нов. Постои од кога е отворен театарот во 2013 година, па бидејќи со години не е решен, театарџиите направиле мала сценографија со реквизити за да го ограничат просторот заради безбедноста на публиката.Но, далеку пред помпезното отворање, стручњаците предупредуваа дека Вардар и дождовите ќе му бидат натрапници на тогашниот новоотворен театар. До нарачателот и до изведувачите овие предупредувања, сепак, не стигнаа, како што не стигнаа ниту до фирмите што вршеа надзор.БИРН, во рамките на истражувањето Скопје 2014 под лупа, откри дека за изградба на овој објект, пред сѐ Министерството за култура, но и она за финансии, склучиле договори со десетици компании и изведувачи.Меѓу нив, најскапи се договорите за градење склучени со штипски „Бетон“, „Страбаг АГ“, „Ламоне Мореда“ и „Конструктор“.Па, сепак, речиси седум години од свеченото отворање, никој сѐ уште не утврдил каде е проблемот и зошто централниот театар во земјава практично е полупоплавен, а вработените се молат да не заврне некој посилен дожд.Бетонирани прозорци за да не влегува водаЗјаат кабли во фоајето | Фото: БИРНЗа најавата дека ќе има проблеми со објектот сведочи и тоа што не помина ниту половина година од отворањето, а претставата „Вечната куќа“ беше прекината бидејќи по обилните дождови во мај 2014 година, во зградата влезе вода. Овој градежен дефект бил решен со тоа што прозорците биле бетонирани за да се спречи идното навлегување вода.Сега во тие простории нема светло, но ваков проблем оттогаш не се појавил. Но, затоа објектот уште еднаш се поплави во 2017 година, кога прокисна и на сцената, па беа ставени кофи.„Фоајето се распаѓа. Тоа е нерешен проблем од отворањето на МНТ, а состојбата се влошува“, вака Гунтер Кубе, техничкиот раководител на објектот за БИРН го опиша најгорливиот проблем со кој се соочува театарот.Сепак, не се само терасите. Пред пуштањето на театарот се појавила вода во сценската јама, каде што се наоѓа механиката за сцената. „Австриска фирма вбризга специјална маса околу сценската јама. Дојдоа странци и го решија проблемот“, се присети Кубе.Директорката на МНТ, Симона Угриновска, пак, тврди дека пропустот во градежната изведба не е само естетски, туку и безбедносен проблем и дека како што одминува времето, се продлабочува.„Имаме обврска кон публиката сѐ да биде безбедно“, вели таа, коментирајќи ја опасноста од близината на електричната инсталација и водата.Прокиснувањето ставено под тепих – одговорност немаОткачениот стиропор е потпрен на оградата во дворот на МНТ | Фото: БИРНВо 2014 година, по поплавите во Скопје, итно биле склучени три тендери со фирмите „Страбаг“, „Светлост театар“ и „МГИ Инвест“, во вкупна вредност од 228 илјади евра, бидејќи имало потреба за итна санација на штета на сценско-технолошките системи, машинската опрема, инсталацијата и ентериерот. Но, парите не биле исплатени од буџетот, туку од осигурителна компанија, потврдија за БИРН од Министерството за култура. Други пари за вакви поправки на театарот не дале.МНТ во минатото неколкупати се обраќал за санација и директно до фирмите-изведувачи, како и до помали фирми. Некои од нив, во неколку наврати интервенирале. Но, гарантните рокови за набавувачите и за изведувачите, кои биле меѓу 3 и 5 години, веќе истекле, а проблемот останал, објаснија од театарот.Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за култура, за БИРН раскажа дека менувањето изведувачи најверојатно било една од причините за овој проблем. „Кога другиот продолжувал, каде што претходниот застанувал, се правеле пропусти“, смета Алаѓозовски.Истиот аргумент веројатно важи и за прашањето дали некој вршел надзор над тоа што и како се гради. Според документите во базата „Скопје 2014“ биле склучени седум договори за надзор за специфични аспекти од градбата, на пример, само за статика, и тоа до 2011 година или надзор за изработка на водовод со траење од два месеца.Власта најавуваше одговорност за штетите, но тоа не се случи | Фото: БИРНСите седум договори за надзор се склучени во постапка со преговарање, без претходно објавување оглас, со образложение дека тоа е поради технички и уметнички причини, за што добиле и позитивно мислење од Советот.Во едно од образложенијата за договорите се наведува дека станува збор за објект, кој првпат се работи, не само во Македонија и во регионот и дека е комбинација на повеќе активности, кои меѓу себе мора да се ускладат, вкомпонираат и да се вградат во сложени дејствија, па затоа е неопходно „поголемо учество на проектантите во работата на изведбата“.Проверката на завршните сметки покажа дека објектот на МНТ, кој по габарит е единствен таков во регионот, за шест години за поправки и тековно држување потрошил 125 илјади евра, колку што речиси заедно потрошиле Драмскиот театар и Театар Комедија.Познавачите со кои контактиравме велат дека треба да се направи увид и детално да се испита коренот на проблемот. Сметаат дека она што на МНТ му треба е процес на „дефектажа“, односно системска постапка на утврдување на изворот на проблемот. За поведување постапка пред суд, пак, сугерираат дека треба да се изготви вештачење и да се соберат докази.За колку точно со системските поправки дополнително би „поскапел“ објектот, кој не е стар ни седум години, засега нема прецизна пресметка. Она што е јасно е дека потребата за санација е ургентна, а за тоа повторно на помош ќе биде државната каса, бидејќи ваков трошок за национална установа, која зависи од Министерството за култура, е луксуз.„Правиме проценка колку ќе чини тоа“, вели Кубе за големиот дефект на МНТ и додава дека и другата тераса го има истиот проблем со изведбата, но тој, за среќа, сѐ уште не се манифестира.Објектот е стар нецели седум години | Фото: БИРНOна што е јасно е дека проблемот со прокиснувањето бил ставен под тепих и постепено се продлабочувал. Техничкиот директор на МНТ, изјави дека за ова не пријавиле во обвинителството за евентуално понесување кривична одговорност и дека нема сознанија оти за тоа имаат основа.Од друга страна, многупати испраќале дописи до Министерството за култура. „Упатени се повеќе дописи (информации, барања) во различни формати до Министерството за култура. Некои од нив се и лично мои (последниот во август 2017)“, вели Кубе.„По добивањето на употребната дозвола објектот е предаден на НУ Македонски народен театар, која установа се грижи за одржувасњето и употребата на објектот“, велат од  Министерството за култура за БИРНОбвинителството за БИРН потврди дека СЈО отворило предистражна постапка, но не за МНТ, туку генерално за проектот „Скопје 2014“. Но, извори што работеа на овој случај во СЈО потврдија дека фокусот на предистрагата, која е пред самиот крај, се големите споменици, а не објектите, меѓу кои е и МНТ.Членот на комисијата за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мартин Пановски е дециден дека пропаднала идејата за ваква проверка, бидејќи не добиле поддршка.„Имав идеја да се прави ревизија на градбите за да се утврди дали нешто треба да се урне или да се остави. Значи откако ќе ги поминевме другите проверки, како правните и процедуралните, да се извршеше и таква проверка. Имавме капацитет, бевме тројца архитекти во петчлената комисија, но немавме поддршка. Проверки на зградите може да се направат, постои и соодветна апаратура за тоа и стручни лица“, раскажа Пановски.Ѕирка стиропор од излупените оградиСе распаѓа оградата пред милионскиот театар | Фото: БИРННо, и да не ги знаете сите овие „внатрешни“ проблеми со кои се соочува МНТ, само една дневна прошетка околу театарот е доволна за да се види излупена ограда од која наѕира стиропор, што говори за квалитетот на материјалот што бил употребен.Неколку вакви поголеми блокови се потпрени едно врз друго во близина на објектот. Oвие поправки може да почекаат бидејќи се претежно од естетски карактер, но и за нив би биле потребни пари.Вонредната состојба поради коронавирусот ги одложи претставите во МНТ. Приоритетите на државата се насочени кон справување со последиците од вирусот, кој, меѓу другото, ја остави културата и дупката во МНТ на чекање за подобри времиња.

Скопје | пред 5 години

vojo

Проф.д-р.Војо Беловски: Да изградиме нормална држава каде ќе профукнкционира системот изграден на основа на чесност, правен поредок и нулта корупција

Интервју со Проф.д-р. Војо Беловски – Македонски Концепт – Кандидат и Носител на изборна листа на пратеници за ИЕ 3Проф.д-р. Војо Беловски, е редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Роден на 04.04.1955 г. во с. Владимирово – Беровско, Република Македонија. Има завршено високо образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“- Правен факултет, од каде се стекнува со титулата дипломиран правник, а каде подоцна завршува и магистерски студии и докторира на катедрата на правни науки, со докторска дисертација на тема: „Менаџментот во трговските друштва на капиталот“.Во 2007 година успешно го полага стручниот испит за застапници при Државниот завод за индустриска сопственост на Р. М. и се стекнува со право на застапник на странски компании за заштита на правата од индустриска сопственост.Од 1981-1988 бил на повеќе раководни функции, посебно како Раководител на служба за нормативни кадри и општи работи во ЗОИЛ – Македонија, Скопје (QBE – Македонија).Во 2008 година е избран за наставник – доцент на Првиот приватен универзитет „Европскиот универзитет“ – Скопје, и ги предава следните предмети: Стварно право; Административно право; Административни процедури, Меѓународно договорно право, Трговско право, на Правниот факултет и на Економскиот факултет. Бил ментор и на Деловно право на Постдипломските студии, на предметот Меѓународни трговски договори и раководител на Вториот циклус.Во 2008 година е избран за насловен доцент на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, по предметот Трудово право.Во 2010 година е избран за продекан за настава на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.Во 2013 година е избран за Вонреден професор при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Правниот факултет.Во 2018 година е избран за редовен професорВо изминатиот период од 2008 – 2020 година тој изведува наставата по предметите: На прв циклус на сите насоки–модули на Правниот факултет: Административно право; Трговско право; Стварно право; Трудово право; Облигационо право, Семејно право; Наследно право; Граѓанско право – општ дел; Граѓанско процесно право; Граѓанско право- применета програма, Авторско право, Запишување права на недвижност и др.На втор циклус ги предава следните предмети; Запишување на права на недвижност; Локална самоуправа; Административно право – применета програма; Управно процесно право; Граѓанско право – применета програма; Даночно и царинско право; Право на осигурување, Авторско право и сродни права  и Меѓународно Трудово право, Европско трудово право и Европско Граѓанско процесно право. Од научно – истражувачката дејност (по неговиот избор за доцент) во периодот од 2008-2020 година, објавува значаен број трудови (монографии), авторизирани предавања (скрипти),  учебници, практикуми и стручни трудови и учествува на меѓународни конференции. Авторот има објавено повеќе од 58 пеесет и осум трудови (само по докторирањето) и монографии во домашни и меѓународни стручни списанија, пред сѐ од областа на Трудовото право, Стварното право, Трговското право и менаџментот.Проф.д-р. Војо Беловски бил и раководител на проектот: Кадровскиот капацитет, потребите и развојните потенцијали на малите и средни бизниси во источниот регион базирани на знаење.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Проф.д-р. Војо Беловски: Чувството повеќе да не се биде пасивен. Крајно е време да се делува чесно и професионално против неправдите, криминалот, непотизмот и другите девијантни појави. Желбата да придонесам со моите долгорочни теоретски и практични искуства (пред сѐ од областа на правото) за унапредување на демократските процеси. Доста беше! Време е за нови и свежи алтернативи! Народот е заситен од исти, нестручни и нечесни ликови и фаци во политиката.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Проф.д-р. Војо Беловски Да, овој е мој прв озбилен општествен (да не речам политички) ангажман.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Проф.д-р. Војо Беловски: Владеење на правото (правна држава), чесни лидери и претставници на власта, нулта корупција, забрана на секој облик на дискриминација, еднакви услови за стопанисување, без никакви привилегии на субјекти и поединци блиски до власта.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Проф.д-р. Војо Беловски:  Покрај главните столбови: економија, здравство, владеење на правото, потребно е да се негуваат: основните слободи и права на човекот и граѓаните признати со меѓународното право и утврдени со Уставот; слободното изразување на националната припадност; правната заштита на сопственоста; слободата на пазарот и претприемништвото; хуманизмот и социјалната правда и солидарноста – како темелни вредности на уставниот поредок. Да не ја заборавиме, заштитата на животната средина, намалувањето на загаденоста, и тоа во функција и фокус кон граѓаните, а контролирана преку воведување на строги законски санкции и принципи на општествено корисна работа, (поголем број елеци за чистење).ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Проф.д-р. Војо Беловски: Нормална држава, чесност, нулта корупција. Концепт кој што ќе наликува на западната демократија, посебно на онаа во скандинавските земји. Таму има сѐ што ни треба, само треба добро да се препише и имплементира. Едукација на младите и промена на психологијата на луѓето за нивно полесно адаптирање на демократските промени…ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Проф.д-р. Војо Беловски:  Со мојата компетентност и стручност, пред сѐ од областа на правото, со сите мои психофизички способности, при што активно ќе се вклучам во сите процеси за подобрување на правната регулатива која со својата воопштеност, непрецизност и недореченост, сега и во минатото создаваше големи проблеми на сите институции и граѓаните при имплементацијата на правните норми и остварување на правата.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Проф.д-р. Војо Беловски: Да профункционира системот, според погоре изнесеното, преку почитување на демократските принципи, а што ќе доликува на нормална држава. Држава, каква што заслужува секој поединец во општеството, без стихијно и незаслужено стекнување на привилегии и погодности. Никој да нема привилегиран статус, независно од пол, вера, партиска припадност, националност, имотна состојба и други разлики. Сите се еднакви пред законот!Да се исчисти државата од корумпираната администрација, партизираната во судска структура и другите дејности, или барем истата да се сведе на минимално подносливи граници.Нормално, потребна е стабилна економија, земјоделие, здравство, образование, култура, спорт. Потребно е негување на сите сфери на општественото живеење.Со тоа ќе се создадат услови за вработување, спречување на иселувањето на младите и доволни услови и мотив за нивно враќање.Заработувачка, (плати), која ќе ги задоволува нужните лични и егзистенционални потреби, не само материјални туку и духовни.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Проф.д-р. Војо Беловски:  За да не се лута во неизвесност. Да се предвидат сите ризици, неизвесности, но и да се одредат цели и рокови. Да проникнеме во иднината и да не робуваме на сегашноста и минатото.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Проф.д-р. Војо Беловски: Да се надеваме дека Македонија постепено ќе стане место за пристојно и достојно живеење, со внатрешна и меѓународна стабилност, благосостојба и поквалитетен живот на сите граѓани.Ќе завладее правото (правна држава), со чесни лидери и претставници на власта, нулта (или минимална) корупција, забрана на секој облик на дискриминација, меритократија – “власт на најзаслужните”, во која членовите не се сметаат за “најдобри” довека, туку мораат постојано да се докажуваат и коригираат за да останат на своите позиции.Земја со чиста животна околина, намалена невработеност, поголема куповна моќ на населението. Земја со целосно реализиран попис на своето население.фото: Македонски концепт 

Македонија | пред 5 години

20200506_223250

Македонски полициски синдикат-Честитка по повод 7 мај

Во име на Македонскиот полициски синдикат, Претседателот на МПС, Д-р Марјан Кицев на сите припадници на Министерството за Внатрешни работи во Република Северна Македонија им го честита 7-ми Мај, денот на македонската полиција.Почитувани колеги, да се биде припадник на МВР е голема чест и привилегија но во исто време е и голема жртвата бидејќи извршувајќи ги секојдневните задачи се жртвувате самите себе, Вашите семејства како и редица други слободи и права кои ги имаа сите граѓани на нашата држава.Сите Вие, денес, со своите активности на браникот на татковината ја  манифестирате Вашата човечност и големина, демонстрирате како изгледа  пожртвуваноста, професионализамот, хуманоста и посветеноста на работата.Бидете цврсто уверени дека оваа Ваша саможртва ќе ја помнат македонските граѓани, затоа што, како во минатото така и денес тие во Вас гледаат столб на кој може да се потпрат и гарант на нивната безбедност.Почитувани, пред сите нас претстои исклучително значаен период во борбата за справување со глобалното зло ,,Covid 19,, но ние како Синдикат сме секогаш тука со Вас, и сме цврсто убедени дека сите Вие имате капацитет и знаења да одговорите и на овој предизвик.Да продложиме да бидеме хероите на ова време, заеднички да се справуваме со кризата што го опфати целиот свет, да продолжиме да бидеме на ниво на задачата тогаш кога сме им најпотребни на граѓаните и на државата.Нека ни е честит 7-ми мај, денот на македонската полиција.фото: Македонски полициски синдикат

Македонија | пред 5 години

Borisov-1

Борисов: Што да им кажам, на крајот дека сме Македонци?Ние цврсто ги поддржуваме, но исто толку цврсто држиме до историјата

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на прес - конференција за самитот во Загреб најави вето ако Македонија не го исполни договорот.„Ние први ги поддржавме за НАТО. Што да им кажам, на крајот дека сме Македонци? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет да не си поставуваат самите невозможни услови. Ние цврсто ги поддржуваме, но исто толку цврсто држиме до историјата и многу јасно тоа сме го запишале во Договорот. Особено ме заболе тоа дека Бугарија била ‘фашистичка држава‘ и не ги спасила Македонците, туку само бугарските Евреи. Тоа е подигрување со бугарскиот подвиг, со бугарскиот народ и со бугарската црква“, истакна Борисов на прес конференцијата.Борисов уште истакна дека неговата, најпријателска порака е Македонија да остане на патот.https://www.facebook.com/btvnews/videos/913556612416771/Фото: Prtsc

Македонија | пред 5 години

Pistol

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов нуди бесплатна обука со пиштол за деца над 16 години!

Генералот Стојанче Ангелов на социјалните мрежи сподели фотографија како неговиот 10-годишен син испукал пет куршуми, како дел од спортското стрелаштво, со дозвола и поддршка од него како родител. Ваквиот потег на Ангелов наиде на осуда од првата детска амбасада „Меѓаши“, од каде прашуваат каква порака се испраќа со објавување на дете како пука или воопшто со оружје во рака, објави А1 ОН.„Сакам да направам една специјална понуда заради тебе, луѓе кои што имаат 16 години, кога ќе заврши ова со короната, бесплатна обука со пиштол, само да си ги платат куршумите“, вели Ангелов на почетокот од видеото, чија содржина е објаснување како да се пука со пиштол.Текстот во целост на: А1 ОН

Македонија | пред 5 години

znm

ЗНМ: МВР и ОЈО веднаш да го најдат лицето кое се закани на новинарот Мишко Иванов

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува вербалните закани кон новинарот Мишко Иванов, испратени до него на социјалната мрежа Фејсбук. Вчеравечер, веднаш по завршувањето на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, извесен Бобан Петровски испратил порака полна со говор на омраза и закани до новинарот на ТВ24. Откако Иванов ја објави пораката на својот профил на Фејсбук, новинарките Анета Додевска и Наташа Стојановска исто така посочија дека во последно време и тие биле мета на напади, односно и до нив биле испратени пораки со слични содржини.Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да отвори истрага за овие закани кон колегите и да поднесе пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на заканувачите. Заканите и говорот на омраза не спаѓаат во доменот на слобода на говорот и може да предизвикаат сериозни последици и самоцензура кај новинарите. Единствено преку строга санкција на ваквите закани од страна на институциите ќе може да се спречат идни напади и закани кон новинарите. Државата има обврска да обезбеди ефикасен систем на превенција и казнување на насилството врз новинарите, бидејќи тоа е основен предуслов за подобрување на состојбата со слободата на говорот. Затоа, инсистираме МВР и ОЈО веднаш да изнајдат начин за ефикасно истражување на ваквите закани.Ја потсетуваме јавноста дека доколку сакаме да имаме функционална демократија потребно е високо ниво на слобода на говор и изразување, а такво нешто не може да се постигне доколку новинарите и медиумските работници работат под постојан притисок и закани, бидејќи на тој начин единствено ќе се придонесе за создавање на атмосфера на страв и самоцензура.Овие закани кои претставуваат напад врз слободата на известување и слободата на медиумите ќе бидат пријавени до сите домашни и меѓународни организации кои се бават со одбрана на слободата на изразувањето.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

06052020_VRSM_EUZBSamit

Спасовски: Подготвени сме заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да ја закажеме првата меѓувладина конференција и да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно новата методологија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска учествуваа во работата на Самитот на ЕУ и Западен Балкан преку видео конференција, кој оваа година се одржува во организација на Република Хрватска како актуелен претседавач на Европската Унија.На самитот, лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан дискутираа за соработката за справување со коронавирус КОВИД-19, за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.Обраќањето на премиерот Спасовски на пленарната сесија на видео конференцијата на Самитот ЕУ/Западен Балкан загреб 2020, ви го пренесуваме во целост:КОВИД-19 заразата во изминатите месеци сите заедно не соочи со суров избор помеѓу животот и смртта на нашите граѓани и опстанокот на нашите економии. Загрепскиот самит се случува во вистинско време, кога Европа најпосле забележува намалување на ширењето на заразата и олабавување на рестриктивните мерки. За момент можеме да здивнеме и да ги направиме првите биланси но и да поразговараме за идните очекувања и заеднички чекори. Сакам да изразам искрена благодарност до нашите Хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да го одржиме овој самит макар и во видео конференциска форма што стана наша секојдневна реалност. Овој “Загрепски“ самит е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во Загреб беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.Новиот коронавирус предизвика пустош и не соочи со несогледливи предизвици но донесе и нешто позитивно - јасно покажа дека Европскиот континент има заедничка судбина. Начинот на справување со заразата покажа дека споделуваме иста административна култура и пракси но го подвлече и високото ниво на социо-економска меѓузависност помеѓу ЕУ и економиите на ЗБ, како и помеѓу земјите во самиот регион. Благодарни сме за видливо демонстрираната солидарност и помош од страна на ЕУ во форма на итна поддршка за здравствениот сектор, финансиски пакет за соочување со социо-економските последици како и макро финансиската помош која ќе биде нивно важно надополнување. Високо го цениме и обезбедениот пристап без преседан до останатите ЕУ механизми и инструменти како и заедничките напори безбедно да ги вратиме нашите затекнати граѓани дома. Благодарни сме што на овој начин ЕУ ги третира нашите држави како да сме речиси дел од Унијата. Тоа ни дава чувство на сигурност дека заедно ќе се справиме со товарот на кризата. КОВИД-19 заразата несомнено ќе продолжи да ја тестира нашата одлучност и сега најважно е да ги фокусираме напорите за опоравување и надминување на економско социјалните последици кои се длабоки во сите наши земји.Во оваа смисла најавениот Економски и Инвестициски План за Западен Балкан од страна на Европската комисија кој се планира да се објави во текот на есента ќе биде од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот на Западен Балкан. Подготвени сме од наша страна веднаш да ја информираме Комисијата за зрелите инфраструктурни проекти со регионална димензија кои се дел од нашите стратешки планови и да се обврземе да работиме заедно со вас за нивна реализација. Овдека би сакал да издвојам неколку проекти кои делумно веќе се планираат или спроведуваат:-             Проекти за транспортно поврзување со нашите соседи и тоа во железничкиот сообраќај со Бугарија и Албанија и автопатниот сообраќај со Косово,-             Енергетскиот гасен интерконектор со Грција,-             Развој на дигиталната економија и на зелениот раст,-             Поттик на трговијата и туризмот во регионот на Западен Балкан.Како што веќе добро знаете, Северна Македонија во последните 3 години реши сериозно да заврти нови страници во својата историја. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи. Станавме 30-та членка на НАТО и под ваше водство добивме одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори.Подготвени сме за следните чекори и ќе работиме посветено со Комисијата и ЕУ Советот што поскоро да ја закажеме Првата Меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија. Би сакал во оваа прилика уште еднаш да ве уверам дека Северна Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за Европската безбедност. Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во идната заедничка Европска иднина при што ќе биде од исклучително значење да продолжиме да ги спроведуваме со добра волја подеднакво од наша страна како и од страна на засегнатите земји членки.КОВИД-19 заканата не натера на поблиска соработка и нас самите, земјите во регионот на Западен Балкан. Воспоставивме т.н. зелени коридори за непречено движење на примарните производи во Регионот и следи нивно проширување и спојување со Европските коридори. Северна Македонија оваа година заедно со Бугарија заеднички претседава со Берлинскиот процес. Еден од нашите приоритети е продлабочување на инклузивната регионална економска интеграција и развивање на заеднички регионален пазар врз основа на ЕУ законодавството и почитувајќи ги ЕУ заложбите кои ќе можат да го направат регионот поатрактивна инвестициска зона. Во таа насока заедно со Регионалниот совет за соработка и Европската Комисија на Самитот во Софија наесен планираме да претставиме документ за натамошно развивање на регионалната економска интеграција.Во име на Северна Македонија би сакал да потврдам дека се придружуваме кон Загрепската декларација и би сакал да ја искористам можноста да му се заблагодарам на Хрватското претседателство и на земјите членки што ја отворија вратата за редовен политички дијалог на највисоко ниво со Западен Балкан. На крајот би сакал да завршам со констатацијата дека сум длабоко уверен дека заеднички ќе ја надминеме оваа криза и брзо ќе ги опоравиме нашите економии бидејќи и покрај првичните тешкотии Европа покажа, ќе употребам еден типичен балкански збор, „жилавост“ во моментите кога беше најтешко и кога меѓусебното разбирање и дејствување беше најпотребно. Тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани. Како лидери на нашите земји и граѓани стоиме подготвени да ја зајакнеме нашата меѓусебна соработка за исполнување на условите за членство во ЕУ и да можеме што поскоро пред останатите во светот заеднички да се нарекуваме “Европјани“.

Македонија | пред 5 години

sudenje-italijanka

Доживотен затвор за Блерта Поцеста која си ги уби родителите и сестрата во Дебар

По поднесен Обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар и завршување на главната расправа, Основниот суд во Гостивар донесе првостепена пресуда со која ја осуди обвинетата Б.П. на доживотна казна затвор за сторени три кривични дела – Убиство.За еден од обвинетите помагачи е изречена затворска казна од 10 години, а за вториот е изменето кривичното дело, па по одлука на Судот, постапката за овој обвинет ќе продолжи за сторено кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството, па во тој дел од пресудата ќе биде поднесена жалба.Доживотната казна затвор за сторителката на кривичното дело убиство следи по сеопфатна истражна постапка во која обвинителството обезбеди докази, а со кои во тек на судењето докажа дека првообвинетата, сега осудена, на 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, осудената телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар, по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија.фото: 24.info.mk 

Македонија | пред 5 години

06052020_VRSM_Samit_5

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020, кој оваа година се одржува со видео конференција.Овој Самит ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски изразува искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да се одржи самитот во видео конференциска форма што стана наша секојдневна реалност.Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во овој град беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.Премиерот Спасовски на партнерите од ЕУ денеска ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да ја закажеме првата меѓувладина конференција за да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно новата методологија.Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020 се одржува за време  на пандемијата од КОВИД-19, но донесе и нешто позитивно - јасно ја покажа солидарноста на ЕУ за итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, и тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

slika-2

Мицкоски од видеоконференцијата на ЕПП: Aпелирам да помогнете да не се кочи и да се забрза процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Самитот на лидери на ЕПП во чиј фокус е Западниот Балкан од кој дел е и Македонија. Мицкоски во своето онлајн обраќање му се заблагодари на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за поддршката која ја дава за проширувањето на Унијата, но и на претседателот на ЕПП, Доналд Туск со чија поддршка е организиран овој самит со фокус на нашиот регион.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е спремна да ја стави Република Македонија на брзата трака за членство во Европската Унија фокусирајќи се на клучните проблеми на државата за кои се потребни суштински решенија.Во оваа смисла разбираме дека мора да ги завршиме домашните задачи. Ова значи справување со корупцијата на високо ниво, воспоставување функционален систем на владеење на правото, одговорност и зајакнување на нашиот политички и судски систем, така што тој ќе биде транспарентен и ќе обезбеди рамка со која се дава правна сигурност. Ова може да се постигне и следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на овие принципи, вели тој.Мицкоски и покрај тоа што има сериозни пропусти од актуелната власт апелираше да се забрза процесот на интеграција на Македонија во Унијата, и оценувањето на нашиот напредок да се базира на стандардите, вредностите и принципите на ЕУ.Aпелирам да помогнете да се забрза процесот на спроведување на првата Меѓувладина конференција што ќе овозможи започнување на пристапни преговори со Европската Унија. Ние, ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да ги поставиме преговорите на брза патека врз основа на најважните стандарди, вредности и принципи на ЕУ, истакна Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

nezavisni-pratenici

Мицковски доби покана за дебата од Независната пратеничка група која произлезе од ВМРО ДПМНЕ

Независната пратеничка група што произлезе од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ  го кани  лидерот ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицковски на телевизиска дебата.-Христијан дали ти знаеш дека оние кои сега ти се во врвот на листите се тие кои барале „голема заштита и надохнада“? Тие ќе беа први да имаше плаќање. Многу е тешко Христијан да знаеш дека си на продажба. На таквите им е тешко да сфатат преземање одговорност. Затоа и се најгласни, а толку тажни. Доколку се толку храбри нека дојдат да се соочиме пред целата јавност. Бидејќи тастатурата трпи се, пишува во отворено писмо до лидерот на партијата.Во писмото посочуваат дека законот за јавно обвинителство е поздравен во извештајот за напредокот на државата, потоа  се сомневаат во тврдењето дека не знаел за парадата од 80 полициски возила,  смешни ги наркеуваат тврдењата за отсјајот кога се гледаат ракавиците на неговите телохранители, но и му посочуваат дека нема теретана која е празна, во 10:30 ни лани, ни во октомври, најмалку сега, објави telma.com.mk.-Како се злоупотребени некои луѓе ќе станат свесни наскоро. Тој ден кога ќе си одиш од позицијата за која немаш храброст да ја извршуваш. Ниту претседател на партија, ниту премиер не е функција само за добро и лесно, пишуваа поранешните сопратијци.извор: telma.com.mk

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев го кани Каракачанов на дуел за вистината за македонските јаничари кои не издржале во историјата и за татарското потекло на Бугарите

Лидерор на Единствена Македонија Јанко Бачев го кани на дуел Красимир Каракачанов лидер на партијата ВМРО-БНД.-„Слушнав нешто од поканата на Красимир Каракачанов до Никола Груевски за дуел на темата ВМРО и за историскиот карактер на Македонија и Македонците. Но, еве, штом Каракачанов е меркалија на дуели, го повикувам на дуел на темата за македонски јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и за татарско-монголското потекло на Бугарите. Да му предочам на Каракачанов неспорни историски докази дека ние Македонците немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско-монголско потекло, туку дека нашиот проблем како Македонци се одродените македонски јаничари во Бугарија, кои, за жал, не издржале во историјата и потклекнале на егзархиската пропаганда.  Го повикувам Каракачанов да не се плаши да прифати дуел и да ја види вистината која базира на историски извори за македонските јаничари во Бугарија и татарско-монголското потекло на Бугарите. Патем, се согласувам Каракачанов како долгогодишен соработник на бугарските тајни служби под псевдонимот „Иван„ со задача за кодошење на  Македонците во Пиринска Македонија да ги понесе со себе сите службени белешки кои ги пишувале агентите на БНРС од изворот Каракачанов како соработник на бугарската служба. Подготвен сум за дуел или во бугарската престолнина Софија или во престолнината на Пиринска Македонија - Благоевград„ - се вели во поканата на Бачев до Каракачанов за дуел.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

korona-2

IRL.MK: Како лажно декларирани холандски тестови за КОВИД од Кина завршија во Македонија, САД и земјите на ЕУ

Во период од неколку дена кон крајот на март, македонскиот државјанин Роџер Зекировски ги имаше сите препознатливи симптоми на Ковид-19; висока температура, болки во мускулите и сува кашлица. Но, според епидемиолошкиот прашалник, тој не ги исполни условите за лабараториски тест во државна болница, објави  irl.mk. Наместо тоа, Зекировски се реши за она што се чинeше како добра алтернатива: тест направен во Холандија – кој се прави на приватна клиника за само 20 евра – може да ја открие болеста со висок степен на точност за само неколку минути. Или барем тоа е она што го мислеше кога се упати дома враќајќи се од клиниката, олеснето, со негативен резултат на тестот.Три дена подоцна, 45 годишниот Зекировски беше мртов. Официјалните резултати од постмортниот тест покажаа дека тој навистина бил заразен со САРС-КoВ-2 , вирусот кој го предизвикува КОВИД-19.Сопругата на Зекировски, Ѓултена, рече дека лажниот негативен тест ги изложил на огромни, застрашувачки ризици, објави irl.mk. „Кога се тестираше негативен, сите бевме толку среќни“, рече таа. „Се гушкавме и бакнувавме, деца и родители“. „Како би можеле да знаеме?“Иако е невозможно да се каже дали Зекировски би преживеал да беше поинаку, неговата смрт е впечатлива илустрација на заканите на она што многумина се надеваа дека е клучно оружје во борбата против пандемијата: брзи тестови за антитела.За разлика од типичните молекуларни тестови, кои бараат протеини на вирусот САРС-КоВ-2, а резултатите можат да дојдат и по неколку дена, брзите тестови бараат антитела произведени од имунолошкиот систем додека се бори против вирусот. Резултатите обично се готови за 10 до 30 минути.Првичните надежи дека ваквите тестови ќе помогнат во борбата со вирусот, брзо исчезнаа откако се откри дека овие тестови, обично направени во Кина, се далеку помалку точни отколку што првично се сметаше.Но, истрагата на OCCRP и партнерите откри поголеми проблеми со глобалниот пазар за брзи тестови.Истражувањето на  irl.mk може да го прочитате во целост на овој линк. 

Македонија | пред 5 години

Popova

Попова: Пендаровски го направи бугарин, Заев го тргува, а Шилегов со скрстени раце за срамните оштетувањата на споменикот на Гоце Делчев

Петре Шилегов оди по примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој се откажа од македонскиот јазик и корени. Шилегов, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски  на 4-ти Мај не положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев или на некој негов споменик во градот Скопје, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.Што мисли Шилегов за херојот Гоце Делчев и каков е односот на градот покажува унаказаниот споменик на херојот Гоце Делчев позади мене. Преполн со графити, оштетувања и негрижа на градската власт.Ова е тажна и разочарувачка слика која говори за односот на Шилегов и градот Скопје кон најсветлиот лик во македонската историја.Пендаровски го направи бугарин, Заев тргува со неговото име, а Шилегов не презема ништо за срамните оштетувања на спомен обележјето на Гоце Делчев.Како тргнал ќе ни каже и дека ќе го руши и овој споменик, бидејќи тоа е неговиот наратив.Шилегов е платен од парите на народот, а не од Зоран Заев, доколку не му се допаѓа македонската историја и не сака да ги штити македонските интереси задолжително да си поднесе оставка, бидејќи и самиот кажа дека не живее од плата, тоа нема да му биде проблем. Така ќе ги спаси  скопјани и градот Скопје од неговата не работа и неспособност.Дејствијата на Шилегов се само дополнување на негаторскиот однос на Бугарија кон Македонија, кој го имаме само заради Зоран Заев. Негацијата на нашиот јазик и корени е токму заради СДСМ. Тие наместо да застанат во одбрана на нацијата, тргуваат со сопствениот народ, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

harmonika

6-ти мај - светски ден на хармониката

Во 2009 година Светската Унија на хармоникашите (Confédération Internationale des Accordéonistes (CIA) Member of the International Music Council (IMC) одлучи 6-ти мај да го прогласи за светски ден на хармониката. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој пред 191 година, во 1829 година, за прв пат е патентиран инструментот.Македонското здружение на хармоникашите “Љубители на класичната музика” Скопје, кое е членка на Светската Унија на хармоникашите од 2001 година, беше еден од иницијаторите за воспоставување на меѓународениот проект „6-ти мај Светски ден на хармониката“ и одбележувањето на роденденот на инструментот хармоника.Здружението по овој повод секоја година, почнувајќи од 2009 година, организира Свечен Концерт. На концертот настапуваат реномирани уметници од земјата, како и ученици и студенти од класата на Проф. Зорица Каракутовска.Фактот што за овој концерт секогаш се бара карта повеќе во изминатите 11 години по ред доволно зборува за неговото значење. Оваа манифестација во нашата земја прерасна во еден од значајните музички настани за класична музика.Последниве години Концертот е поддржан преку националната годишна програма за култура на Министерството за култура.Оваа година поради пандемијата и одложувањето на сите културни настани периодов Свечениот Концерт по повод светскиот ден на хармониката нема да се одржи во редовниот термин. Истиот ќе биде реализиран кога ќе се створат услови за тоа.Во меѓувреме, Телевизија 24 по повод Светскиот ден на хармониката на својата програма го емитуваше минатогодишниот концерт, како убаво потсетување на прекрасниот настан.Со цел да не останеме должни на нашата верна и ценета публика, која со нетрпение го очекуваше овој концерт годинава, решивме да снимиме една кратка нумера и да го одбележиме роденденот на хармониката на малку поинаков начин.

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Над 19 илјади компании аплицираа за мерката финансиска поддршка за исплата на платите

Над 19 илјади компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник преку која се овозможува континуитетот на работните процеси, се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси, при што се создаваат сериозни услови да се сочуваат работните места.Бројката на компании кои аплицирале е исклучително висока и охрабрувачка, особено ако се има предвид дека до крајот на рокот за аплицирање остануваат уште два дена, денешниот и целиот утрешен ден (четврток) до 24:00 часот, и се очекува дека за мерката ќе аплицираат голем процент од компаниите кои ги исполнуваат условите.Аплицирањето за оваа мерка започна на 1-ви мај, и до сега, само во овие неколку дена, и покрај празникот и викендот, во Управата за јавни приходи се пристигнати нешто повеќе од 19 илјади апликации, што говори за големиот интерес за мерката.Владата на Република Северна Македонија уште еднаш ги повикува сите компании кои сè уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП.Остануваме фокусирани да им се помогне на што повеќе граѓани, да се зачуваат што повеќе работни места, да се поддржат компаниите и да се подготвиме за рестарт на нашата економија по завршувањето на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dimitrieska-kocoska

Димитриеска-Кочоска: Не го блокирам заемот од Светска Банка, барам само појаснувања за истиот

Дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција наведе дека таа не го блокира заемот од Светска Банка во износ од 90 милиони евра, туку дека таа бара дополниелни информации.-Причината за денешниот прес се не издржаните коментари од страна на високи функционери на СДС, во врска со моето наводно блокирање на заемот од Светска Банка во износ од 90 милиони евра. За да бидат работите појасни ќе почнам од самиот почеток. Го потпишав заемот од 176 милиони евра од ММФ, а средствата се веќе пристигнати и се користат, истакна дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.Потпишав отпочнување на постапка за бриџ ту бонд во износ од 400 милиони евра, средства за кои сите знаете дека Министерството за Финансии не успеа да обезбеди доволно средства, при што се откажаа од оваа идеја и пристапија кон издавање на евро обврзница од 800 милиони евра, која беше потпишана од моја страна.Исто така потпишав и барање до Европската Комисија, која одобри 160 милиони евра.Еден ден пред да ги добијам документите од кредитот во износ од 90 милиони евра, потпишав кредит во износ од 50 милиони евра од Светска Банка, за средства кои се користат за помош на стопанството.На 28.04.2020 добив документи за евро обврзница, поточно избор на банки кои ќе посредуваат како и адвокатски канцеларии, а истиот ден ги добив документите за заемот од 90 милиони евра од Светска Банка.Документите за евро обврзницата во истиот момент беа потпишани и вратени, додека за кредитот од СБ, побарав време за да разговарам и да се консултирам со стручни лица.За да биде појасно, кредитите кои до сега ги потпишав се во износ од 1,186.5 милиони евра, без тие 400 милиони евра, кои ги потпишав но немаше заинтересираност за истите.Сите овие кредити се однесуваа за покривање на буџетскиот дефицит. Тоа значи дека државата не собира доволно даноци, за да ги покрие расходите, кои ги планирала за 2020-та година и кои беа усвоени од Собранието на РМ.Кредитот од СБ е строго наменски кредит. Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации.Ја повикувам владата да ги објави пред јавноста сите документи кои се доставени до мене, со цел граѓаните сами да се уверат зошто Гордана бара дополнителни информации, а не блокира како што милуваат да кажат.Иако владата во континуитет разговарала и преговарала со СБ, во ниту еден момент не бев вкчучена во тие разговори. Вчера беше првиот и единствен состанок со СБ каде побарав детално појаснување, каде ќе се трошат овие пари.Исто така сакам да упатам еден апел до министерот за надворешни, Никола Димитров, да почне да ги следи, коментира и реагира на изјавите на неговоте колеги од соседството, а да ја остави економијата на луѓето, кои се одговорни за тоа, истакна дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања