Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

10-1

Донација на заштитна опрема наменета за борбата против трговијата со луѓе, како одговор на ситуацијата со Ковид-19

Денеска Националната координаторка м-р Магдалена Несторовска ја прими донацијата од ГИЗ (германско друштво за интернационална соработка) која беше обезбедена од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“, кој е координиран од МАРРИ Регионалниот центар, како одговор на ситуацијата со КОВИД-19.Донацијата содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција, заштитни очила, и истата ќе биде наменета за членовите на Нацоналната комисија, Националната единица за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација и Прифатно-транзитен центар Винојуг.Националната координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција изразува благодарност за поддршката.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

ustaven

Уставниот суд не ја прифати иницијативата за свикување на Собранието

Уставниот суд решија да не ја преиспитуваат уставнота и законитоста на одлуката за распуштањето на Собранието.„По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата. Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа, што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзините уставност и законитост. Притоа тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата“, информираат од Уставен суд.Судиите одбија да ја оценуваат и уставнота на првата прогласена вонредна состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски, бидејќи сметаат дека е беспредметно да се преиспитува нешто што е веќе завршено.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Уставниот Суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за ДУП-от Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска присуствуваше на 12-тата седница на Уставниот Суд на Република Северна Македонија, по повод поднесената Иницијатива за уставноста и законитоста на донесениот општ акт за Детален урбанистички план Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз, донесен со Одлуката на Совет на Општина Центар на 11.6.2019 година.Со денешната Одлука, Уставниот Суд на РСМ ја потврди законитоста при носењето на ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар и донесено е Решение со кое се одредува дека нема да се поведе постапка на Одлуката на Советот на Општина Центар бр.08-2925/6 од 11.6.2019 година.Со ова се отфрлува Иницијативата поднесена од ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје.Постапката која претходеше на донесувањето на оспорената Одлука е спроведена согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје и Законот за просторно и урбанистичко планирање.„Би сакал да ја информирам јавноста дека подносителот на Иницијативата го поднел известувањето за јавна анкета надвор од предвидените законски рамки, додека Општина Центар во меѓувреме ја има завршено постапката согласно Законот пред надлежните органи од Министерството за транспорт и врски и Град Скопје за добивање позитивно мислење за ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз“ – изјави градоначалникот Богдановиќ.[caption id="attachment_90702" align="alignnone" width="1024"] Model[/caption]Со донесување на Деталните урбанистички планови, донесени во 2012-та година не се почитувани  стандардите и нормативите за урбанистичко планирање и на тој начин е оштетен јавниот интерес, како главен постулат на кои се засновани Деталните урбанистички планови во Општина Центар. Со непочитување на стечените права и зголемување на катноста, на места каде не треба да постојат 8 ката, била предвидена надградба со која се дозволувала градба на повеќе од 8 ката.  На овој начин директно е причинета штета на постоечките права, како и основните стандарди за обезбедување квалитетен живот на центарци.„Би сакал да потенцирам дека и ние како Општина Центар при носење на Деталните урбанистички планови, се придржуваме на стандардите и нормативите со кои се обезбедува зголемување на степенот на хуманоста на живеењето, подобрување на условите преку плански одредби кои воведуваат повисоки стандарди во однос на постојната состојба или во однос на претходниот урбанистички план, хармонизација и хуманизација на просторот со плански одредби кои ќе ја штитат и стимулираат приватната сопственост, но на начин кој нема да го повреди јавниот интерес.“ – додаде Богдановиќ.Со денешната Одлука, Уставниот Суд на РСМ ја потврди Одлуката на Советот на Општина Центар и состојбата на објектите од ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз.Успешното спроведување и донесување на нови и ревидирани ДУП-ви кои произлегуваат од таканаречениот Мораториум на градби, Општина Центар ќе продолжи да го спроведува, се’ со цел да се донесат подобри Детални урбанистички планови за жителите на Општина Центар и зголемување на квалитетот на живот во Општина Центар.фото: Општина центар

Скопје | пред 5 години

Marka

(ФОТО) Објавена поштенска марка по повод членството во НАТО

Објавена е поштенска марка по повод членството на нашата држава во НАТО, објави на својот профил на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски, потенцирајќи дека таа ги отсликува собраната колективната меморија на граѓаните кои се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот.Големиот историски успех и остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО е овековечено и на поштенска марка што овие денови ја објави АД „Пошта на Северна Македонија“. Поштенските марки се многу повеќе од парче хартија. Тие се симбол на државата која ги издава, силно средство за комуникација и траен запис за еден значаен момент од историјата на државата. Во оваа поштенска марка е збрана колективната меморија на граѓаните на Република Северна Македонија кои еднодушно се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот, напиша Спасовски.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1571601619684122/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

venko

Филипче: Ја добивме првата битка со вирусот, враќање на животот во нормала ќе се одвива постепено

ФБ статус на министерот за здравство Венко Филипче. Министерот напиша:Враќање на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно. За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме овие 3 правила:1. Често миење и дезинфицирање раце2. Одржување најмалку 2 метра растојание3. Носење заштитна опрема (маска, марама, шал)Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола. #ЗаштитиСеhttps://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2379940338979652/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска потврдени 13 нови случаи на ковид 19, оздравени се 44 пациент, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2.Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539 , бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394. Последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје – 515       Куманово - 402       Дебар – 51       Штип-34       Прилеп –162       Тетово – 93       Струга – 67       Велес – 86       Битола –20       Охрид –15       Кавадарци – 5       Гостивар –17       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-5       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 31       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 2       Делчево-1       Валандово -1       Виница – 2       Кратово-1Направените 292 теста се преку: ИЈЗ –170, Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –10, Биотек -30, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода  -12 и МАНУ -24.  Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примен е 1 пациент, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 3 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 4 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се лекуваат 3 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Ivan

Јорданов: Распука дел од криминалната тендер коалиција, додека Дончев бега, Жути ја полни сметката

Ден Дончев бега, а Жути зема тендери. Распука дел од криминалната тендер коалиција. Дончев пакува куферите а Жути ја полни сметката. Криминалниот тендер со стентови во Клиничката болница во Штип, беше само вовед во тоа што јавноста допрва ќе слуша. Веќе е направена шемата за нов криминален тендер, кој ќе се случува по веќе видено сценарио.истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.Имено, Клиничката болница од Штип и покрај тоа што од пред неколку години поседува имунолошки анализатор од марката Абот Архитект, сега повторно доби нов таков анализатор, кој ќе работи само со еден вид затворен круг реагенски. Ако знаеме дека во ваквите шеми, главен лик е Жути, веднаш можеме да претпоставиме што ќе следува.Токму фирмата на Александар Јовановски - Жути е таа што ги набавува реагенсите за овој анализатор. Нашите информации посочуваат дека тендерот за набавка на реагенсите ќе изнесува 8.300.000 денари.Иако тендерот за реагенси во Клиничката болница Штип се‘ уште не е распишан, за кратко ќе се увери јавноста во ова за кое предупредуваме.Со овие информации сакаме навремено да ја информираме јавноста за шемите на Филипче со раководството на Клиничката болница во Штип, а кои се во тесна соработка со фирмата на Александар Јовановски - Жути.Затоа, предупредуваме! Тендерот за реагенси е веќе наместен и спецификацијата е напишана според потребите на фаворизираната фирма, кое упатува кон уште еден криминал од епски размери, истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

06052020_MZSPP_Pres_2

Нуредини: Владата донесе одлуки за прогласување на Шар Планина за Национален парк

Ми претставува огромно задоволство да ја информирам јавноста дека на вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија беа усвоени иницијативите на Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита на две подрачја во нашата држава: Шар Планина и Осоговските планини.Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.Статусот на заштита беше утврден од страна на експертски тим кој спроведе студија за валоризација на подрачјата и со кои беше утврдено дека содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за чие зачувување треба да бидат преземени мерки.Со прогласувањето на овие подрачја покрај тоа што ќе ги исполниме  националните стратешки цели и меѓународните обврски за заштита на природата, односно пределската разновидност и биодиверзитетот, исто така ќе има бенефит државата, а посебно општините кои ќе опфаќаат делови од заштитеното подрачје и локалното население.Со финализирањето на овој процес ќе се зголемат можностите за преку гранична соработка со соседните земји, посебно од аспект на фактот дека Шар Планина ќе стане еден од најголемите национални паркови во Европа. Истовремено, заштитата на овие подрачја значи и напредок во исполнувањето на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици.Важно е да се напомене дека соодветното управување со заштитените подрачја значи искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги. Тоа подразбира заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, заживување на селата во и околу заштитеното подрачје преку развој на екотуризмот, традиционалното земјоделие и овчарството.Во нашата земја веќе има  национални паркови каде што локалното население непречено ги одвива своите активности, како на пример националниот парк Пелистер, и прогласувањето на заштитено подрачје не значи запирање на сите активности, туку контролирано, планирано и одржливо користење на природните богатства.Сакам да информирам дека согласно законската процедура за прогласување на заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации кои повторно ќе бидат доставени до Владата за усвојување.Овој чекор на Владата и прифаќање на предлозите на Министерството за животна средина и просторно планирање значи препознавање и заложба за заштита на нашите природни богатства за кои експертската јавност се заложувала преку 20 години, и оваа одлука е првиот и основен чекор за конечно прогласување на овие заштитени подрачја. Уверувам дека ќе бидат земени предвид сите барања од засегнатите страни за обезбедување на заштита на природата без нанесување штети на локалното население, и обезбедување на развој на локалитетите според европските стандарди и начелата на одржливост.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Предложени глоби за осуммина заради непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени акти против 8 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.Лицата биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Предложената казна за секој од обвинетите е 100 дневни глоби, при што Јавното обвинителство предлага висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

aplaus

Филипче: Аплауз за здравствените работници

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави видео на кое аплаудираат здравствени работници од Клиниката за инфективни болести, од Градската општа болница „8 Септември”, од Општата болница во Дебар и од Клиничката болница во Битола.Видеото е објавено во знак на поддршка на здравствените работници.-Аплауз за здравствените работници! Посветено се грижат за своите пациенти. Во првите редови против КОВИД-19, напиша Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/671180440117087/Видео: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

Boris1

СЦ „БорисТрајковски“ се подготвува за повторно отворање

 Во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на вирусот Ковид 19, СЦ „Борис Трајковски“ започна со подготовка на содржините во комплексот.Се преземаат сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење, како и целосна дезинфекција на целиот спортски центар. Со дезинфекција, како и превентивни мерки за заштита на здравјето на сите корисници на центарот,секојдневно  ќе се продолжи и по отворањето кое се очекува да биде наскоро.фото: СЦ „Борис Трајковски“

Скопје | пред 5 години

gurgovden

Денеска е Ѓурѓовден – се прославува будењето на вегетацијата и на животот воопшто

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6-ти мај според новиот (или на 23-ти април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.Именден празнуваат:Ѓоко, Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и други.Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец меѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.Ѓурѓовден е празникот  врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување и спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pilesko-meso

Уништени 85 тони небезбедна храна за три месеци

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна од јануари до март годинава, уништиле  повеќе од 85 тони небезбедна храна. Како што информираат од АХВ, најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори согласно имплементираните ХАСАП планови, додека инспекторите за храна и официјалните ветеринари, како небезбедни уништиле 17.173 килограми храна.„Од вкупно уништената небезбедна храна од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари во првиот квартал годинава, 277 килограми била храна од неживотинско, а остатокот од животинско потекло. Од почетокот на годинава до март инспекциските служби на АХВ спровеле вкупно 12.699 контроли и за утврдените недоследности (непочитување на препораките и мерките за справување со вирусот Ковид-19, но и оштетувања на работните површини, несоодветна примена на ХАСАП процедурите и нередовно водење записи, неажурирани санитарни книшки на вработените, неусогласености во врска со хигиената во објектите, несоодветно означување на производите и оштетувања на разладните витрини…), изречени се 6 наредби за отстранување на недоследности, една мерка забрана и 3 мерки едукација на операторите“, се наведува во соопштението.За утврдените недоследности инспекторите донеле 851 решение за нивно отстранување, изрекле 13 парични казни за операторите со храна, спровеле 423 едукации и поднеле 5 прекршочни пријави.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска преодна дестабилизација на времето, од утре стабилно време

Преодна дестабилизација на времето се очекува денеска. Синоптичарите најавуваат облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.Дневната температура ќе се движи од 14 до 25 Целзиусови степени.Од утре следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Изминативе 24 часа на ниво на целата  држава  55 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (05/06.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава  55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

darinka

Даринка Ристиќ: Многу поразвиени држави од нашата не можат да понудат подобри услови за живот, ни недостасува подобро раководење со државата и стопанството Од Malenkova Последно ажурирано 06/05/2020...

Интервју со Даринка Ристиќ, кандидат од „Македонски концепт“ за листа на пратеници за ИЕ 3.Даринка е магистер по Економски науки од Фиренца, Италија, на насоката одржлив туризам. Родена и израсната во Скопје. На 24-та година возраст заминува за САД  каде живее седум години. Подоцна, поради семејни причини заминува за Италија каде престојува, живее и делува девет години, а од каде подоцна се сели за Малта, каде развива и менаџира свој личен мал бизнис од областа на туризмот.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Даринка Ристиќ: По подолг престој и живот надвор од Македонија, и тоа во САД,, Италија и Малта, го воочив фактот дека многу и многу поразвиени држави од нашата, не можат да понудат подобри услови за живот споредено со оние во Македонија. Од тука, слободно можам да констатирам дека ние како земја, како нација, како менталитет и култура, во многу сфери на општествено социјалниот живот сме далеку понапред од развиениот свет. Она што ни недостасува е подобро раководење со државата и стопанството воопшто, а со што, нашите квалитети би излегле на површина, а со тоа, и би се подобрил животниот стандард и благосостојбата на секој граѓанин на оваа наша мала земја. Оттука и мојот мотив да се приклучам на МК Концепт, и дадам  свој скромен придонес кон промената на овие состојби.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Даринка Ристиќ : Да.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Даринка Ристиќ: Искоренување на корупцијата, финансиска транспарентност на сите владини проекти и програми, зголемено граѓанско учество во донесувањето на одлуки на општинско ниво и конструктивен политички дијалог со сите домашни и меѓународни фактори.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Даринка Ристиќ: Намалување на загаденоста на животната средина, искоренување и спречување на корупцијата, промовирање, запознавање и обука на граѓаните со нивните основни граѓански и човекови права. Тоа се приоритетите на секое нормално општество или една нормална држава.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Даринка Ристиќ: За мене најголемо влијание има фокусот кон младите и идните генерации, бидејќи на нив останува светот, потоа економскиот развој и претприемништвото како значаен дел од развојната платформа за економијата на државата, но исто така борбата за слободата на секој од нас како поединец. Секако, и заштитата на животната средина што е најголем проблем со кој се соочуваме во овие времиња на напредна технологија и техничко технолошки развој.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Даринка Ристиќ: Промовирање на идеологијата и активно учество во иницијативите на Македонски концепт, во контекст на настојувањата за спроведување и реализација на сите проекти и програми кои Македонски концепт ги промовира.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Даринка Ристиќ: Исполнување на сите обврски и преземање на сите одговорности што ќе ми ги налага мојата функција или професионален ангажман.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Даринка Ристиќ: Проектите се основа и средство за исполнување на зацртаните цели за кои се залага Македонски концепт, а воедно и единствен начин да се дојде до подобро граѓанско општество и подобар животен стандард.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Даринка Ристиќ: Чиста животна околина, намалена невработеност, спречена, ако не и искоренета корупција, поголема куповна моќ на населението, обновено здравство, ажурирани образовни материјали во целокупниот образовен систем, задолжително спроведување на попис на населението, спроведување на законските работни односи, враќање на македонското земјоделие, подобрена патна инфраструктура и зголемени домашни и меѓународни инвестиции.фото: „Македонски концепт“

Македонија | пред 5 години

skolo

Донесени Уредбите за основно, средно и високо образование за време на вонредна состојба

Владата донесе измени на Уредбата за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба, Уредбата за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба и Уредбата за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба.Со Уредбата за основното образование, се уредуваат роковите за објавување јавен повик за покривање на трошоците за котизација и пат за учество на еден меѓународен натпревар на акредитираните здруженија на наставници, за запишување на децата во прво одделение во основно училиште, за продолжување на мандатот на органите за управување и раководење со основните училишта и за бројот на наставните денови.Уредбата определува дека наставната година  во  основните  училишта  ќе заврши на 10-ти јуни 2020 година, преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација, а запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година, ќе се реализира во месец јуни.Уредбата за средното образование за време на вонредна состојба утврдува дека во учебната 2019/2020 година наставната година во средните училишта за учениците ќе заврши на 10 јуни 2020 година, а за учениците од завршните години во средното образование ќе заврши на 19-ти мај 2020 година, преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.Со оваа Уредба се определува дека учениците од завршните години на образованието во учебната 2019/2020 година се ослободуваат од полагањето на државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење и завршен испит со четиригодишно траење во средното гимназиско образование, средното стручно образование, средното уметничко образование и средното образование за ученици со посебни образовни потреби, и дека на овие ученици училиштето ќе им издаде диплома за завршено средно образование, која сè издава само за учебната 2019/2020 година.Со Уредбата со законска сила за високото образование за време на вонредна состојба се продолжуваат роковите за важење на акредитацијата на постојните студиските програми на сите три циклуси на високото образование.Уредбата исто така определува дека во академската 2020/2021 година на прв циклус академски и стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите, може да се запише и лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

sar-planina

Започна постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк и за Осоговски Планини за заштитено подрачје од 5-та категорија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 49-та седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.За реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по овие предлози и конечниот предлог да го достави до Владата на Република Северна Македонија за разгледување и усвојување, најкасно до крајот на месец септември 2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-2301-2

Мицкоски: Не сум некрофиличар за да има избори каде ќе броиме мртви и заразени од корона

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за „Отворено студио“ посочи дека сега за сега избори не треба да има бидејќи се уште здравјето на граѓаните е загрозено и во опасност. Првиот момент кога ќе знаеме дека сме ја ставиле пандемијата позади нас, дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, дека нема во кампања да броиме новозаболени, или луѓе кои што го загубиле животот.„Повеќе од 70-тина проценти од граѓаните велат дека не е време за избори. Во ред да речеме дека ние ќе си подадеме рака со СДСМ и ќе идеме утре на избори. И еве ќе ви симулирам тој ден изборен каков ќе биде. Ќе има луѓе со маски, ќе имаме луѓе со ракавици, оние што ќе излезат, ќе излезат 30-40%. Ќе имаме фејсбук и твитер кампања. Ќе немаме можност како пратеници, ајде јас не сум кандидат за пратеник, јас сум кандидат за мандатар, но ќе има луѓе кои што се еве Заев кандидат за пратеник, како ќе се престават“, запраша Мицкоски.Мицкоски додаде дека ќе има луѓе кои што ќе треба да  се претстават пред граѓаните, од врата на врата, да ја престават програмата, на крајот на денот граѓаните гласаат за програма.„Врз основа на кои параметри ние ќе составиме програма сега и ќе ја преставиме пред граѓаните. Не е тоа чесно. Ако сме ја правиле програмата  во јануари, февруари, или пак декември за април, сега се сменија економските текови, се смени начинот на живеење. И ние ќе мора да се менуваме. Ќе мора да подготвиме нова програма, нови капитални инвестиции, нови проекти, да бидеме прокреативни, поинаку да размислуваме“, појасни Мицкоски.Мицкоски образложи дека здравјето на граѓаните се уште е загрозено, се уште е во опасност. Како до кредибилни избори без да се има кредибилна изборна кампања и програма.„Првиот момент кога ние ќе знаеме дека сме ја ставиле пандемијата позади нас, дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, дека ние нема во кампања да броиме новозаболени, или луѓе кои што го загубиле животот. Првиот момент кога ќе имаме фер и кредибилен изборен процес, а нема тоа да биде фејсбук и твитер процес тогаш ќе излеземе ќе се договориме за датум, ќе ја преставиме нашата програма  пред граѓаните, ќе излеземе на избори како што било и до сега, ќе се преставиме пред граѓаните и тие нека оценат која опција е подобра“, нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека Гоце Делчев е еден од темелите на македонската држава и за него за тоа не може да се дискутира. Со жалење тој констатираше дека од другата страна СДСМ и власта калкулираат и оставаат простор во спорот со Бугарија за и натаму да калкуираат и тргуваат со македонските национални интереси.„Овој народ, оваа држава се темели врз основа на фунцкионирањето, раѓањето, творењето и борењето на Гоце Делчев и вие да го оспорувате тоа е исто како да оспорувате многу дејци на модерни, современи Европски држави, дека не се дел од тие држави. Тоа за мене не е предмет ниту на дискусија. За жал од спротивната страна гледам сепак еден вид калкуланство и оставање на простор за да може да се прават повторно определени отстапки, некогаш кога повторно ќе имаат можност, се надевам дека ќе немаат можност, да бидам попрецизен сигурен сум дека ќе немаат простор на штета на македонските национални интереси“, вели Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев на ТВ24: Изборите треба да се одржат во првиот возможен момент

Нема поважен приоритет од здравјето на граѓаните. Нашиот став е дека изборите треба да се одржат во првиот можен момент откако ќе ја совладаме епидемијата. Затоа што никој не може да каже кога ќе се јават наредни бранови на коронавирусот. Светот дискутира за тоа, епидемиолозите дискутираат за тоа, се зборува дека е можно следната есен со новата сезона на грипот да растат повторно пиковите, бројките, дека може да трае и цела зима. Затоа треба да се искористи првата можност штом спласне кризата, тоа е одговорно пред граѓаните и државата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Телевизија 24.Во таква ситуација, додаде претседателот Заев, можеме да го загрозиме здравјето на граѓаните и дополнително да се доведеме и во уставна криза затоа што четитигодишниот мандат на пратениците завршува во декември оваа година. Ние сме без политичка Влада и без функционално Собрание а на граѓаните и на државата им требаат функцинални институции, додаде Заев.„Комплетните уставни рокови на 4 години мандат на пратениците истекуваат на 11 Декември тогаш влегуваме во комплетно уставна криза која што Уставот не ја разработил освен во воена состојба, не во вонредна состојба.Затоа нашиот став најбрзиот можен период на олабавена здравствена криза на Коронавирусот треба да се оди на избори. Тоа е насекаде дебатата во светот, еве и Србија ја гледаме дека оди на избори, премиерот Пленковиќ во Хрватска предложи некој датум. Но, кај нас, за разлика од сите дргуи земји, има две причини повеќе, ние сме без парламент и ние немаме политичка Влада, имаме техничка Влада.“ потенцираше Заев.Во однос на изборниот процес претседателот Заев истакна дека изборниот процес е замрзнат и дека треба да продолжи од таму каде е застанат.„Самиот процес е замрзнат каде што е застанат, во самото замрзнување на процесите кандидатските листи се поднесени, гласачите од дијаспората се заокружени, други постапки се заокружени. Во делот на ревизијата на избирачкиот список, таа е прекината скратените рокови кои што Уставот и Законот ги даваат се триесетина дена. Затоа се обраќам и до претседателот на ДИК, може да бидеме со различни интереси но мора да преовлада интересот на државата. И од ОДИХР имаме потврда дека се подготвени да испратат мисии. Дефинитивно она кое што треба да преовлада е интересот на државата, дали ќе ја ставиме во ризик државата и да влезе во уставни проблеми од кои што нема решение или навистина ќе бидеме одговорни и ќе го прифатиме првиот можен рок, а тоа сметам дека е средината на јуни“ посочи претседателот Заев.Почетокот на јули, додаде Заев е доцна, нам ни требаат избори во првиот можен рок и поради економијата. Тоа е втора причина плус, за да не се доведеме економијата да ја опоравуваме неколку месеци, а потоа повторно да ја загрозиме економијата, а бизнисот да го оптовариме со избори, тоа е неодговорно. Ова се издржани аргументи и во интерес на граѓаните и државата треба сите партии да размислуваат, додаде претседателот Зоран Заев.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

mickoski-2

Мицкоски: Очекувам тежок период за македонската економија, нема ништо од блескањето на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес гостуваше на „Отворено студио“ на Телевизија 24 каде што посочи дека данокот за првиот квартал што го има соберено УЈП е за 3,3 милијарди денари помалку. Било предвидено да се собере околу 8,9 милијарди денари, но за жал се соберени само 5,6 милијарди денари.Мицкоски додаде дека кога станува збор за бизнис заедницата, ВМРО-ДПМНЕ имаше комплетно дијаметрално различен пристап од СДСМ во делот на поддршката за бизнис заедницата.„Ние велевме никако не треба да се исклучу март. И тоа се покажа сега, затоа што ако вие го видите данокот кој што го собра УЈП во месец април, а се собираше за март, првиот кавртал од 2020-тата година е за 3,3 милијарди денари помалку од планираниот. Планиран би да се собере околу 8,9 милијарди денари собрани се околу 5,6 милијарди денари. Тоа се 55 милиони евра помалку. Со тоа може да се согледа дека на бизнисот му било тешко“, нагласи Мицкоски.Мицкоски образложи дека бизнисот едвај го преживувал тој период.Мицкоски коментирајќи за своите очекувања на економски план тој посочи дека очекува тежок период за македонската економија поради неспособноста на актуелната власт да се справи со економските последици од епидемијата на опасниот коронавирус во Македонија.Мицкоски ја потсети јавноста дека само пред неколку месеци Македонија и македонската економија според Заев и СДСМ блескаше за само неколку месеци да ни се случи економска катастрофа.„Јас очекувам навистина тежок период. Иако морам да признаам дека помалку збунувачки сигнали добиваме од релевантните институции. Вие се сеќавате, блескавме околу 20 март и се беше идеално, буџетот се полнеше немавме никакви проблеми за потоа за 180 степени да се заврти бродот и апокалиптични сценарија ни се најавуваат. И вчера ресорниот министер излезе на прес конференција и кажа дека е супер ситуацијата, и каже дека ќе имаме пад на бруто домашниот производ, според министерството за финансии од 3,4 проценти, но дека тоа не е страшно и дека имаат план и дава еден приказ како се полни буџетот. Вели имаме потфрлање кај ДДВ-то, имаме потфрлање кај персоналниот данок на личен доход, но вели задоволни сме цитирам „што имаме натфрлање споредбено со минатата година во делот на данокот на добивка“. И сега кога го слушате тоа си велите дали е ова политиканство или незнаење. Зошто ова го велам. Јас не сум економист иако сум поминал многу години во бизнисот, многу книги сум прочитал од економијата, сум се дружел со многу економисти и сум прашувал и до денес прашувам и сакам да учам затоа што сметам дека како политичар човек треба да има сериозни познавања за да може да пледира на највисоките позиции во државата таму каде што јас сум тргнал. И сега истата таа министерка до пред некоја недела апелираше до успешните компании и велеше сите овие аконтации што ги имате за данокот на добивка, платете ги сега. За да може буџетот да ни биде ликвиден. Истата таа ги молеше им велеше платете сега, затоа што ќе немаме пари во буџетот. И сега истите тие ги платија тие аконтации, плус за распределната добивка данокот го платија некаде во април месец и токму од тие причини ние во моментов имаме подобра наплата на данокот на добивка во моментов споредено со истиот период лани“, вели Мицкоски.фото: Архива 

пред 6 години

prestrelka

Битолчанец со мобилен неовластено снимал полицајци

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(44) од Битола, поради остоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено снимање“.На 30.04.2020 во 16.15 часот, на регионалниот пат Дебар – Струга, во с.Отишани, од полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Џепиште, бил затекнат З.Н., кој управувал товарно возило „фиат“, и со својот мобилен телефон вршел неовластено снимање и фотографирање на службените лица при преземање службени дејствија, по што му бил одземен мобилниот телефон и бил приведен во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Џепиште.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol

Кривична за арачиновецот што ја застрела сопругата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Н. (40) од од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во вршење семејно насилство и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.04.2020 околу 12.45 часот, во семејниот дом на ул.„1“ во с.Арачиново пријавениот, по претходна расправија со неговата сопруга Б.Н.(36) од пиштол испукал еден проектил кон неговата сопруга, по што се дал во бегство. Б.Н. била пренесена во здравствена установа во с.Арачиново, каде од лекар била констатирана смрт. Околу 13.30 часот во близина на бензинска пумпа во с.Арачиново, пријавениот бил лишен од слобода од полициски службеници, при што кај него било пронајден и одземен пиштол „берета“ кал.7.65 мм, кој го поседувал без дозвола и рамка со осум куршуми.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

zid-1

(ФОТО) Потпорен ѕид им падна во дворовите - Општина Битола врши санација

Постојатното поткопување од атмосферските води и повремените оштетувања, го срушија потпорниот ѕид  на ул. „Девеани“, кој им падна во дворовите на жителите на дел од оваа улица.  По ваквата состојба, на терен веднаш реагираа екипите на КЈП „Нискоградба“, за да извршат санација на целиот потпорен ѕид.Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид на терен, при што констатираа дека со сегашната интервенција се отстранува опасноста, која постоела со години наназад и за жителите и за објектите.Ваквата состојба ја потврдуваат и жителите на ул. „Девеани“, кои изразија огромна благодарност за санацијата на потпорниот ѕид, бидејќи сега, како што истакнаа, нивните деца слободно можат да си играат во дворовите, а тие да ги користат без да стравуваат од последици.Општина Битола, за санација на потпорниот ѕид на ул. „Девеани“ издвои 914.000 денари.

Македонија | пред 6 години

oro

Обвинети се лицата кои играа оро за време на полициски час

Гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против 43 лица кои го сториле кривичното дело –  Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Од обвинетите, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Прилеп играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот  COVID-19.Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.Основното јавно обвинителство Гевгелија  ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања