Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

05052020_Inspekciskisovet_press-4

Филиповска-Грашкоска: Инспекторите утврдија високо ниво на почитување на владините одлуки, мерки и препораки, недоследностите соодветно се санкционираат

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 27 април до 3 мај реализираа 3.086 надзори, во насока на целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.Државниот пазарен инспекторат во претходно наведениот период реализираше 2.042 контроли, во трговски објекти на големо и мало во кои спаѓаат и угостителски објекти, аптеки, бензински станици, банки и пошти.„Притоа од страна на пазарните инспектори се затворени вкупно 4 угостителски објекти во Битола, Тетово, Кочани и Кичево и се запечатени 5 кафемати во Битола, Гостивар и Македонска Каменица. При контролите извршени во Скопје, Тетово и Струга изречени се и 46 опомени за непочитување на одредбата за носење на маски во трговски објекти и банки“, кажа претседателката на Инспекцискиот совет.Филиповска-Грашкоска посочи дека инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од овие седум дена спроведоа вкупно 154 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти, зелени пазари. Притоа се изречени 5 казнени мерки едукации и 12 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба или не водење на записи за добра хигиенска пракса.„Во овој период Државниот инспекторат за труд спроведе вкупно 158 контроли при што донесени се 27 решенија и 47 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Надзорите се однесуваат на постапување на работодавачите по препораката за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни“, нагласи Филиповска-Грашкоска.Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 27 април до 3 мај направи вкупно 118 надзори. При тоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Во целосен прекин се меѓуградските линии Скопје кон Охрид Битола, Ресен Прилеп, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Кочани, Берово и обратно, меѓународниот линиски превоз е сè уште во целосен прекин, а товарниот сообраќај се одвива без ограничувања со почитување на владините одлуки и препораки. Во истиот период Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД во периодот изврши вкупно 34 контроли, при кои е констатирано дека нема специфични отстапувања.„Државниот здравствен и санитарен инспекторат, спроведе вкупно 134 надзори во субјекти во нивна надлежност, односно во приватни и јавни здравствени установи, како и домови за стари лица, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од коронавирусот КОВИД-19. Исто така, во овој период издадени се 364 дозволи на транспортери професионални возачи. Овие дозволи се неопходни за непречено спроведување на транспортот во услови на епидемија од коронавирус“, рече претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова, на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Висара Риза, на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини и на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

Мицкоски: Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик

Честитка по повод 5 мај - Денот на македонскиот јазик и азбука од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. во честитката се вели:Им го честитам на сите граѓани на Република Македонија 5 Мај - Денот на македонскиот јазик и азбука. На денешен ден пред 75 години македонската азбука е усвоена како официјално писмо на македонскиот јазик. Блаже Коневски велеше јазикот е нашата татковина, а Крсте Петков Мисирков  напиша дека постои македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи, се вели во честитката од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.Денеска како никогаш порано македонскиот јазик и нација се ставен пред премрежије и  негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт. Штетната политика на власта ја отвори вратата на пропагандите, негациите, проблемите.Нашето вековно постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена и замената со желбата за моќ и пари на оние кои управуваат со власта. Тие сакаат да управуваат и тргуваат со нашето постоење. Со едната рака покажуваат како го бранат јазикот, со другата го раскрчмуваат.Но сакам да потенцирам дека јазикот е жива материја и истиот опстојувал со веков и ќе продолжи да опстојува и понатаму без разлика кој и да сака да го загрози.Mакедонската нација и јазик поминале низ поголеми премрежија, но останале тоа што се. Ќе го поминеме и овој период како што доликува.Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик.Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 5 мај- Денот на македонскиот јазик и азбука со желба за долг и вековен развој, се вели во честитката од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

broj-zaboleni

Денеска потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19, оздравени 21 пациент

Денеска е регистриран 21 оздравен пациент во:- Скопје 8- Куманово 6- Штип 1- Прилеп 2- Тетово 1- Велес 1- Кочани 1- Македонски Брод 1Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:- Скопје 3- Битола 1- Велес 4Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2379949222312097/?type=3&theaterфото: Архива 

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Обвинение за убиство и за обид за убиство во Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од член 123 став 1, Убиство (во обид) од член 123 став 1 во врска со член 19, како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 20 декември со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот со употреба на огнено оружје – пиштол марка „Чешка Збројовка“ VZOR 50 со калибар 7,65 мм, кој го поседувал без дозвола. Оштетените татко и син на критичниот ден дошле пред дуќанот на обвинетиот на улица „Московска“ и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања. Тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па обвинетиот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и со пиштолот започнал да пука кон нив. Притоа на еден од оштетените му нанел пет огнострелни повреди во градниот кош, стомакот и десната подлактица. Како резултат на повредите кај лицето дошло до нагло губење големо количество крв и тој починал на лице место. Другиот оштетен се здобил со тешки телесни повреди.До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму опстојуваат основите заради кои оваа мерка беше првично одредена – опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

korona-2

Следната недела почнува скрининг тестирање за коронавирус

Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јавно здравје прави план за скрининг на лица за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.Со скринингот, кој ќе се прави со PCR тестови, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови. Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во натамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус. Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку МојТермин ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите насистемот на дневна база.Брисевите ќе се земаат во постојните пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории. Стратегијата на Министерството за здравство од почетокот на епидемијата беше да се тестираат пациенти со симптоми и согласно оваа стратегија работевме целиот овој период. Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација што беше наша примарна цел. Тоа што во изминатите денови имаме намален број на тестирања е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува што уште еднаш ја потврдува успешноста на досегашните чекори.Министерството за здравство во оваа прилика уште еднаш категорично ги отфрла обвинувањата на опозицијата за намален број на тестови во политички цели. Тестирањето ќе продолжи по новата методологија и согласно препораките на епидемиолозите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност, темел на идентитетот, да продолжиме да го негуваме

„Јазикот е нашата најкомплетна татковина“ ќе рече македонскиот великан Блаже Конески.Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци.Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации.На овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, нашиот, македонски јазик е признаен и потврден.На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено.Оддавам признание пред наследството на светите браќа Кирил и Методиј, пред творештвото на Крсте Петков Мисирков и преродбениците, пред делата на Блаже Конески и пред кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.Благодарение на нивната посветеност, денес македонскиот јазик е дел од светското јазично богатство.Упатувам огромна благодарност до лингвистите и македонистите кои неуморно работат на збогатување и унапредување на македонскиот литературен јазик, но и на зачувување на дијалектите, како неговата посебност.Оддаваме почит кон нашето славно минато, но даваме и збор пред нашата сегашност.Продолжуваме да го негуваме и да ја унапредуваме употребата на македонскиот јазик.Пред една година Владата на СДСМ го прогласи денешниот ден за Ден на македонскиот јазик, тргнувајќи од потребата за што поголема грижа за нашиот мајчин јазик.Афирмацијата и унапредување на македонскиот јазик, како официјален јазик на нашата татковина е наша водилка. Да живее македонскиот јазик, да живее нашата татковина,истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

tendre

Јорданов: Скандалозен тендер за набавка на стентови во штипската болница доделен на фирмата на Жути БИО МЕДИКА

Брзото богатење во редовите на СДСМ не е нова дисциплина. Додека граѓаните врзуваат крај со крај, бандата функционери на СДСМ безгрижно креираат тендери со сомнителни позадини. Клиничката болница во Штип неодамна распиша тендер за потрошен материјал за интервентна кардиологија. И додека оставаат впечаток дека се грижат за граѓаните, тендерот открива матна зделка, која стигнува до врвот на Клиничка болница Штип и Министерството за здравство, истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.Имено, минатата година преку овој тендер се набавиле 60 стентови, а оваа година со тендерот се побарани дури 420 или 7 пати поголема бројка. И се разбира, тендерот го добива веќе познатата фирма БИО МЕДИКА ДООЕЛ Скопје. Оваа фирма и нејзината врска со Александар Јовановски-Жути е позната на јавноста по 35 милионскиот тендер за реагенси.Дали веќе познатата врска меѓу министерот Филипче и компанијата БИО МЕДИКА е пресуден момент за началникот на Кардиологија Сашко Николов и директорот на Штипската Клиничка болница, да вмешат свои прсти во оваа сомнителна зделка на стентови?Кој ќе профитира најмногу од огромната бројка на стентови набавени од страна на Клиничката болница?Дали триаголникот Филипче-Жути-Клиничка Болница Штип активно соработува и профитира на грбот на граѓаните во вонредна состојба?Несомнено, ова е најкриминалната структура која владеела со државава и која бесрамно кратела од устата на народот, за лично и само лично богатење, истакна Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Катица Јанева го тужи Боки 13

Кривичниот суд во Скопје не го прифати предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.На оваа одлука реагираше бранителот на обвинетиот Боки 13, адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека во овој случај се прифатени многу понерелевантни сведоци, како на пример сведокот Христијан Баневски.– Ако сведокот Горан Николовски не е битен да биде сослушан во овој предмет тогаш не знам кој сведок е битен да биде сослушан, истакна адвокатот Дуковски. Воедно судот одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева кон Бојан Јовановски – Боки 13.– Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана. Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

05052020_Kreativi_MKjazik-2

Спасовски: Нашиот македонски јазик, самосвеста за неговата закрила, коренот на нашето битие заштитникот на нашиот идентитет и иднина, е света обврска за сите нас

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски со видео порака упати честитка по повод 5 мај – Ден на македонскиот јазик.Пораката на премиерот Спасовски ви ја пренесуваме во целост:„Нека ни е честит 5 мај – Денот на македонскиот јазик.Денеска го одбележуваме овој значаен ден во реалност која е современа, но неспорна: го зборуваме јазикот македонски, со нашата азбука, како официјално писмо. Македонскиот јазик ги помина сите фази на создавањето, на пробивот, на препознавањето, на кодификацијата и на признавањето.Сега нам ни останува да го чуваме и унапредуваме. Таа наша обврска има уште поголема важност ако се има предвид улогата на големите дејци, Мисирков и Конески.Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на Обединетите Нации каде што покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик.Македонскиот јазик се користи слободно, секаде, низ целиот свет.Овој ден не обврзува уште еднаш да испратиме јасна порака, дека оваа Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ. Токму поради тоа, Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Тоа е денот кога во 1945 година, Народната влада на Федерална Македонија го објави решението за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо на нашиот јазик.Денес, наш приоритет останува поттикнувањето на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик како наш постојан влог за неговата иднината, а иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина.Нашиот, македонски јазик, самосвеста за неговата закрила, коренот на нашето битие, заштитникот на нашиот идентитет и иднина, е света обврска за сите нас.Јазикот е жива материја и најочигледно ќе покажеме дека се грижиме за него, преку начинот како го говориме, како го пишуваме, како го читаме македонскиот литературен јазик. Така даваме пример со каков јазик сакаме да раснат младите генерации.Да го чуваме и унапредуваме, и достојно да му го предаваме на сите генерации после нас“.видео: Влада

Македонија | пред 6 години

azbuka

5 Мај – Ден на македонската азбука

На денешен ден, 5 мај, 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.Азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена на тогашната Влада. Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“, зашто во тоа време не постоел Службен весник каде што државата ги објавува своите одлуки. Објавувањето на 5 мај се смета за службен документ.Процесот на создавање на азбуката бил долг и не бил лесен. Тоа го опишал и Блаже Конески. Имало две комисии, според некои три, и не се согласиле сите одеднаш.На 2 август 1944 делегатите на Првото заседание на АСНОМ го прогласиле македонскиот јазик за официјален во македонската држава. На 3 мај 1945 е усвоена македонската азбука, а на 7 јуни е усвоен македонскиот правопис, со што се стандардизира македонскиот јазик и станува јазик на државата – во тоа време Демократска Федерална Македонија која е во заедница со другите југословенски народи. Секој си имал свој државен јазик и македонскиот се издигнал на ниво на државен јазик.Првата стандардизација е направена уште од Крсте Мисирков во 1903-та, но не заживеала, освен во неговата книга, затоа што не постоела држава за да стане стандарден јазик односно да биде јазик на администрацијата, образованието, на науката и на културата воопшто. Стандардизирањето е овозможено со создавањето на  државата, со АСНОМ во 1944 година.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

Goce

Михајлоски: Еден месец подоцна - Битката ја добив, војната ја изгубив(ме)

ФБ статус на новинарот Гоце Михајлоски:Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од "нигде-никаде", и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот - на татко ми.Последниот викенд во ПрилепВо семејната куќа во Прилеп вирусот "влегол" кон крајот на март. Викендот 28-29 март бев во посета на родителите, неполни 24 часа, тогаш полицискиот час беше од 16 часот. Подоцна се покажа дека тоа е и последна средба со татко ми. Никој немаше никакви симптоми и не можеше ниту да претпоставиме дека "непријателот" е тука. Од каде дошол не знаеме, можеме само да погодуваме, ама тоа сега веќе е и ирелеватно.5 април, неделаСедум дена подоцна, на 5 април недела, додека се уште бев на работа, попладнето околу 16 часот почувствував омалаксаност. Веднаш заминав дома (тоа беше мојот последен ден на работа), а вечерта добив покачена температура (38.4) и треска. Нормално, веднаш се појави стравот дека можеби "ова е тоа" за кое толку слушавме и зборувавме. Вредно е да спомнам дека практично од петокот, помеѓу двете интервјуа, ми додеваше главоболка на која тогаш не и обрнав особено внимание со оглед дека ја имам често кога сум под стрес и под притисок. Траеше прилично долго, три дена. Не помагаа никакви апчиња, а исчезна дури неделата вечер, кога се појавија температурата и треската, па гледано од денешна перспектива можно е таа да беше поврзана со вирусот.Претходните денови, во кои бев преокупиран со веќе познатите две интервјуа, повеќепати разговарав со татко ми за емисиите, но во ниту еден момент не се пожали дека има некакви здравствени проблеми. Но, во саботата на 4 април, мајка ми, помалку изнудено (да ме одврати од идејата да го однесам детето на чување неколку дена) и помалку бенигно, ми кажа дека заедно со татко ми 2-3 дена "имаат некоја настинка, повремено со покачена температура и трески".6 април, понеделникОва беше доволен аларм за мене веднаш, веќе понеделникот, на 6 април, да ја контактирам ординацијата на матичниот лекар. Ги кажав симтомите и информацијата дека моите родители имаат слични такви, но според електронскиот прашалник излезе дека нема доволно индикации да бидам тестиран (не знам дали е се уште истиот прашалник, но доколку е, тогаш е пропуст на системот кој мора итно да биде корегиран). Веднаш почнав да барам алтернатива во приватните лаборатории кои прават такви т.н. молекуларни тестови, но без успех. Две ми одговорија дека ги прават само преку закажување од матичен, а третата дека имаат термин дури следната недела. (Како е сега, не знам)Попладнето се слушнав повторно со мајка ми. Ми кажа дека таа е веќе добра, но дека состојбата на татко ми е влошена. "Тешко дише ноќе, го открив и дека во тоалет исплукува крв и има дијареја", ми рече.7 април, вторникВо вторникот наутро, 7 април, татко ми, кој како по обичај дотогаш велел дека "ништо не му е", самиот побарал мајка ми да го однесе во прилепската болница. Таму му била дадена инфузија, земени тестови, и пуштен дома.Јас, пак, утрото ја продолжив потрагата по лабораторија. Последна опција ми остана Систина, со т.н. брзи тестови за антитела во крвта. Иако за нивната релеваност веќе со денови се водеше расправа, одлучив да се тестирам. Ми закажаа термин за истиот ден, и веќе околу 13 часот го добив резултатот и тој беше негативен. Сепак, немаше простор за радост со оглед што попладнето, веќе трет ден по ред, се врати темературата и треската.8 април, средаПо уште една тешка ноќ, во средата наутро мајка ми повторно го однела татко ми во болница. Поради сериозната состојба лекарите одлучиле да го хоспитализираат и покрај тоа што се уште не биле стигнати резултатите од тестот за вирусот. Од тогаш веќе никој од семејството не го виде.Јас и средата бев исто како и претходните денови. На дистанца од сопругата и синот колку што дозволуваа можностите, со повремено покачена темература и трески, без кашлица или отежнато дишење. Се "лекував" дома со чаеви, витамини и парацетамол. Ми се појави и силна болка во грлото, па матичниот лекар ми препиша антибиотик, мислам беше Амоксиклав. Тие денови полека го изгубив и чувството за мирис и вкус.Критичниот ден - 9 април, четвртокОд веќе напластените грижи, ноќта не спиев добро, а утрото околу 7 часот ме разбуди повик на мој близок роднина. "Татко ти ноќта ја поминал лошо во болница и покрај кислородната поддршка, треба да го однесат на Инфективна клиника во Скопје, но не сакаат да го примат, немало место. Види што можеш" ми рече роднината. Веднаш откако спуштив почнав да размислувам што да правам, а веќе следниот момент колабирав, ја изгубив свеста. Не знам по колку време, се разбудив во локна крв, испружен на подот во дневната соба. Полека се созедов, се уште не свесен што се случи и од што е крвта, дали од физичка повреда или од белите дробови. За брзо дојде сопругата од другата соба и дилемата беше расчистена. Имав голема расекотина на брадата која мораше да биде сошиена. Дестинацијата веќе ја знаев - градската болница "8 Септември", одредена за интервенции кај суспектни од коронавирусот. Додека се подготвував, роднината се јави повторно, овој пат со добра вест. Проблемот бил надминат, татко ми за брзо ќе го транспортираат на клиника.Јас се појавив сам пред влезот на "воена" некаде околу 8, се уште немаше движење. Ме дочекаа вообичаено тмурните лица од обезбедувањето, кои по правило не се расположени да дадат ниту основна информација каде да се упатиш. Нејсе, по неколку минути веќе бев пред шалтерот на "приемно", во ургентниот центар, сега ковид центар. Таму на љубезната медицинска сестра, облечена во скафандер и сета друга заштитна опрема, и кажав зошто сум дојден, со дополнување дека иако имам негативен тест од Систина, неколку дена имам температура и трески, а и татко ми е суспектен на вирусот. За кратко, вратата ми беше отворена, а истото го повторив пред дежурниот лекар. И тој беше крајно љубезен, па откако ме ислуша, почна со испитувања. Притисок, сатурација, крвна слика, рентген на белите дробови... на крајот ми ја сошија раната, и таман помислив дека си одам дома, околу 10 часот докторот ми рече: "има некои отстапувања на рентгенот, пневмонија која можеби поминала, но според протоколот мораме да те задржиме".Веќе следниот момент ми дадоа болнички пижами и ме однесоа на третиот кат во одделение на кое пишуваше Дигестивна хирургија, сега пренаменето за карантин. Бев сам во собата 312, во која имаше уште 4 кревети.Околу пладне, ми се јави татко ми, да ми каже дека веќе стигнал во Скопје и го сместиле на клиниката. Тешко зборуваше, а за да не се вознемири дополнително не му кажав дека и јас сум во болница. Тоа беше нашиот последен телефонски разговор.Попладнето почнав да примам терапија, а околу 17 часот добив информација дека татко ми е позитивен на вирусот. Поради големиот јавен интерес (интервјуата со лидерите пред една недела) уште вечерта итно ми беше земен брис и мене. Докторката ми рече дека "резултатот ќе биде во најбрзо време, можеби истата вечер", но тоа не се случи.10 април, петокВеќе бев буден, беше околу 8.30, кога ми заѕвони телефонот и ја добив информацијата дека и мојот тест е позитивен. Според се, не беше изненадување, но секако беше огромен шок. Во 10 часот веќе беше прес конференцијата на министерот и веста ја дозна целата јавност.Од фејсбук и порталите попладнето веста ја дознал и татко ми, кој само успеа да ми пише на месинџир "биди силен".Тој ден бев преместен и во друго одделение, мислам дека беше кардиолошкиот центар, сега исто наменет за ковид 19. Тоа беше и првиот ден без покачена температура.11 април, саботаДенот почна повторно со "селење". Бев вратен во истата соба на третиот кат, овој пат прво со двајца "цимери", подоцна тројца, на крајот четворица...Тој ден беше и последната комуникација со татко ми преку месинџер. Утрото рече дека е подобар, но вечерта ми пиша дека состојбата му се влошила. Јас го уверував дека сум добар, дека нема потреба воопшто да се грижи за мене, но колку во тоа поверува не знам. Го храбрев дека е во добри раце и се поздравивме со договор следното утро да ми пише како е.12 април, неделаВеќе беше 8 часот, а од татко ми немаше абер, што веќе беше чудно, да спие до толку доцна не се случило. Му пишав јас, но забалежав дека не бил активен од претходниот ден, што беше несвојствено за него. Целиот ден сите во семејството бевме вознемирени од фактот што не знаевме што се случило. Дури попладнето околу 17 часот, разбравме дека утрото му се влошила состојбата и дека е ставен на машина за дишење, фамозниот респиратор.13-17 април, пон-петСледните денови беа исти. Јас ја добивав терапијата во болничката соба, (не знам точно што, но секако сумамед и трицеф), веќе добро се запознавме и со "цимерите", па низ разговори времето поминуваше некако побрзо. Покачената температура и треските беа веќе минато, тие денови имав само кашлица. Кон крајот на неделата, по направените контролни анализи, на тројца од веќе петтемина во собата ни беше кажано дека ќе бидеме пуштени на домашно лекување, поради добра општа состојба.За татко ми целата недела немаше никаква новост. "Состојбата му е иста, ни полошо, ни подобро", ни повторуваа секој ден од клиниката.18 април, саботаСо возило на Брза помош бев донесен дома саботата, ден пред Велигден. Добив антибиотици како терапија за уште една недела и задолжителна изолација до два негативни тестови.19 април, ВелигденНа големиот празник, дојде првата добра вест по подолг период. Сопругата и синот се негативни на тестот за вирусот. Веднаш по неа, истиот и следните два дена доаѓаа добри вести и од колегите кои беа ставени во самоизолација, по проценка на епидемиологот. Вкупно осуммина, сите негативни.20-24 април, пон-петПродолжи неизвесноста со татко ми. Тој веќе втора недела беше приклучен на машината за дишење. Само еднаш (четвртокот на 23 април) ни кажаа дека има некакво подобрување на крвната слика и рентгенот, но предупредија дека рано е за било каква радост.25 април, саботаПо една недела дома, дојде денот за првиот мој контролен брис. Ми беше земен на прагот од влезната врата од станот.26 април, неделаВеќе не се чекаше многу за резултатите како претходно, но сепак бев изненаден што веќе следниот ден, во неделата попладне, го добив резултатот. Беше негативен, односно вирусот веќе го немаше. Според процедурата, следното утро во понеделникот ми беше земен втор контролен брис.27 април, понеделникПри редовниот телефонски контакт со лекарите во Инфективна (секој ден од 14-15 часот се јавуваше сестра ми) добивме информација дека состојбата на татко ми по повеќе витални параметри се влошила.Околу 18 часот ми ѕвонеше непознат број. Уште пред да одговорам, интуицијата веќе ми говореше дека не е за арно. "Дали сте вие синот на Марјан?", ме праша непознатиот машки глас. Откако одговорив потврдно, ми ја соопшти лошата вест. "Се јавувам да ве информирам дека татко ви почина", рече човекот.Веста брзо беше проширена и кај одговорните за погреби во Прилеп, па веќе вечерта експресно неговото тело, со сите процедури за вакви случаи, беше пренесено во капелата на прилепските гробишта.Вечерта ми беше соопштено дека и вториот мој тест е негативен, односно и дефинитивно го нема веќе вирусот во мене. Тоа барем ми овозможи да присуствувам на погребот.28 април, вторникПогребот беше извршен рано, повторно според процедурите за вакви случаи, со полициски надзор. Имаше 63 години и беше релативно здрав човек, без некои сериозни хронични болести. Присуствуваме само неколкумина од најтесното семејство, сите со маски и на растојание поголемо од 2 метри.Веќе во раните попладневни часови се вратив во Скопје, неколку минути пред министерот да ја соопшти статистиката за последното деноноќие. Во неа ме имаше и мене, го имаше и татко ми. Јас во оздравените, тој во починатите.Така, еден месец подоцна можам да кажам дека битката со вирусот ја добив, но не можам да кажам дека ја добив(ме) и војната. Од борбата со оваа подла болест до крајот на животот ќе ми останат две лузни - една на лицето и една во душата.......Ова го напишав за неколку пораки:- Носете маска и држете растојание! Јас од почетокот на епидемијата ги практикував и двете, освен дома. Се покажа недоволно за мене, но доволно да не го пренесам вирусот никому. Сите што беа во контакт со мене - и лидерите, и колегите, и моите дома, останаа негативни. Жалам за непријатноста и неизвесноста што им ја предизвикав на сите што беа засегнати на некој начин.- Вирусот веројатно веќе стивнува, но по игра на случајноста ако почувствувате некакви симптоми не чекајте, јавете се на лекар! Подобро е да мислите дека го имате, а тестот да го покаже спротивното, отколку да мислите дека го немате, па да задоцните со лечењето. Можеби татко ми ќе имаше шанси да побарал помош неколку дена порано.- Да изразам благодарност за сите медицински лица што се грижеа за мене и се бореа за татко ми. Тие анонимни херои работат во смени и од по 24 часа во исклучително тешки услови со маски, скафандери, наочари, визири... Заслужуваат и повеќе и подобро.- Јавно да се заблагодарам на сите пријатели кои ми помагаа мене и на моето семејство во овој период, особено во 10-те дена додека бев во болница, а сопругата и 3,5 годишниот син беа сами затворени во станот во двонеделна изолација. Не знаете како е да не можеш ниту ѓубрето да си го фрлиш. Во мака се гледаат вистинските пријатели, со право рекол нашиот народ.- Да се заблагодарам на сите познати и непознати што на било каков начин, јавно или лично, ми изразивте поддршка за време на лекувањето и сочувство за загубата. Во тешки моменти значи и се памти секој кажан , но и премолчан збор. Многумина позитивно ме изненадија, иако имаше и неколкумина кои особено ме разочараа. Посебна благодарност до менаџментот на Канал 5, кој беше со мене за целото ова време.- На крајот. Јас сум здрав и наскоро ќе почнам да се излегувам од дома, полека да се враќам во нормален живот, колку што е можно тоа во сегашните услови. Сепак, познавајќи го нашиот менталитет, знам дека ќе има и такви на кои ќе им биде непријатно да бидат во моја близина. За нив: Ако не ви е доволна дистанцата од 2 метри и маските за да се чувствувате безбедно, ве молам свртете си ја главата, искрено нема да ви забележам, го разбирам стравот кај луѓето, дури и кога е нерационален. Ова премрежје по кој знае кој пат потврди една вистина - семејството е единственото што е важно, без се друго се може.П.с. Козарот ќе го тужам за лагите и клеветите, најмногу поради тоа што во најтешките моменти ми го вознемири семејството. Многу веројатно и татко ми во неговите последните часови при свест. Очекувам да биде "храбар" како што е на тастатурата и да не се крие зад "не добив уредна покана", "страната не е моја", "некој ми ја хакирал" и сл. и на суд да ги докаже гадостите што ги пишуваше.П.п.с. А, одамна "декодираната" новинарка нема да ја тужам. За неа имам само сожалување. Ретко се наоѓа толку многу злоба и фрустрација во еден човек.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Helikopter-696x437

МВР со детали за падот на хеликоптерот

На 04.05.2020 во 11.30 часот, хеликоптер на МВР „МИ 17“ полетал од воздухопловната полициска база на хеликоптери „Брест“ и слетал на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, со пет членови на екипажот, со цел да наполни гориво. Откако ги наполнил резервоарите согориво и добил дозвола, почнал со полетување и набрзо се превртел и паднал. Едно лице од екипажот се здобило со телесни повреди. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.Фото: nezavisen.mk

Македонија | пред 6 години

skopje-6

Побарани казни за 37 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози против вкупно 37 лица кои сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Сите обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението и биле затекнати како се движат на различни локации во градот за време на полицискиот час.Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија на обвинетите да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

igor

Николов: Власта го намалува бројот на тестови со цел манипулации и дневно политички пресметки

Дојдени сме во таа фаза на епидемијата со корона, да секојдневно се соочуваме со човечки трагедии. Борбата со вирусот ниту е предвидлива, ниту е лесна, а бара систематски и организиран пристап, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.За да знаеме точно со што се соочуваме и каков и колкав ни е противникот, потребно е да имаме што повеќе тестирани граѓани. Особено потребно е да се тестираат ризичните групи, а тука спаѓаат и лекарите и здравствените работници.Деновиве,  сведоци сме дека власта го намалува бројот на тестови и тестирани граѓани, а со самото тоа го намалува и бројот на ново дијагностицирани пациенти. Постојат болници во кои поголем број од персоналот е позитивен на корона, но и покрај тоа не се тестира целокупниот персонал на лекари и здравствени работници. Која е целта? Како тогаш ќе застанеме и ќе ја знаеме вистинската епидемиолошка состојба?Како ќе можат да се предлагаат мерки и постапки за борба со епидемијата, мерки кои ќе дадат резултат?Се поставува прашањето дали тие болници се извор на зараза? Дали персоналот е извор на зараза или можеби закана за граѓаните?И додека сите соседни земји, го зголемуваат бројот на дневно реализирани тестови, кај нас власта никако да сфати дека тестирањето не смее да се користи за манипулација и дневно политички пресметки. Тестирањето е од јавен интерес.Апелираме и бараме уште еднаш, тестирањето за корона да биде на увид на стручно тело,  потребен е сериозен пристап, потребно е професионално да се вклучат сите надлежни институции, потребно е да се престане да се манипулира  на граѓаните.Потребно е Венко Филипче да престане да манипулира и да почне да работи, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

skopje-8

На ниво на целата  држава  25 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (04/05.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава  25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека  едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Денеска облачно со сончеви периоди и температура до 25 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.Следува период на стабилно време, освен в среда кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и појава на грмежи. В среда и в четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ognen

Огнен Петровски: Политичкиот фактор треба да има строго детерминирани приоритети преку кои ќе го реформира образовниот систем -да го направиме интересен и посовремен

Интервју со Огнен Петровски – Македонски Концепт – кандидат на листа на пратеници за ИЕ1Огнен е млад, амбициозен и перспективен човек, кој по струка е магистер по фармација. И покрај младоста, веќе успева и професионално да се реализира и тоа во полето на маркетингот и сферата на стручниот консалтинг во секторот на фармацевтската индустрија.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Огнен Петровски: Како млад човек, најмногу сум запознаен со проблемите кои ги имаат младите, а кои се поврзани со образовниот систем и неговата функционалност во целина. Соодветно, особен интерес и внимание, секако поврзано со мојата идна професија, имам кон здравството и здравствениот систем во државата, со неговите аномалии и можности за подобрување во секоја пора на неговото сегашно функционирање. Можеби оваа моја констатација звучи помалку тривијално, иако е значајно дистинктивна, од аспект на призмата низ која јас гледам на оваа проблематика, а тоа е младиот човек и неговите желби, цели и приоритети кон иднината.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Огнен Петровски: Да.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Огнен Петровски: Подобро образование, кое би подразбирало младите да бидат доволно мотивирани и да сакаат да учат и да се стекнат со вистински знаења од сферата која ги интересира. Тоа би значело промена на начинот на кои што професорите ги гледаат студентите, или апсолутно разбирање на взаемната зависност на постоењето на двете клучни компоненти на образовниот процес, професор и студент. Редно е професорите да сфатат дека без студентите, ни тие нема да можат да „постојат“. Освен трансформацијата на односот професор – студент, неопходна е поголема слобода во изразување и реактивност кон потребите и интересите на студентите, процес кој би се реализирал низ концепт на идеен и практичен развој на проекти, чија идеја, цел или примена може да најде свое место во било која општествено – социјална сфера. Само на тој начин, припадниците на мојата и генерациите кои доаѓаат, ќе бидат доволно мотивирани да се образуваат формално и неформално, а резултатите од тие знаења, да ги имплементираат во општествениот живот.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Огнен Петровски: Како што веќе напоменав, секој проект, според мене подразбира реална и мерлива шанса за било кој поединец или група, да реализира одредена активност, идеја, иницијатива… Ако образовниот процес во развиените земји сѐ повеќе и сѐ почесто вклучува проектно и практично реализирање на иницијативи во клучните кластери на општественото делување, не гледам ниту една причина, зошто овој принцип не би се применил и во нашето окружување. На тој начин, не само што би се внесла свежина и иновативност во начинот на одговорот кон предизвиците, туку и би се дала и реална шанса на секој чинител во општествено – социјалниот, па дури и образовниот процес, да даде свој објективен придонес кон нормалните животни текови или постојните проблеми.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Огнен Петровски: Во моментов многу млади за поинтересни и понапредни ги сметаат системите на образование  во Англија, Холандија, Германија…, токму поради различниот начин на стекнување на знаењата. Нашиот систем се карактеризира со сувопарност и едноличност, процес кој по завршување на образовниот процес генерира недоволно подготвен кадар од аспект на практична примена на стекнатото знаење. За разлика од нашите факултети, факултетите во странство акцентот го ставаат на креативноста на младите која во комбинација со поинаквиот начин на пренесување на знаења, резултира со поголема стручност во областа на едукација. Тоа е една од причините поради која младите заминуваат надвор, пред сѐ поради стекнување на знаења, а потоа  и остануваат таму затоа што истиот тој систем го вреднува и го потврдува стекнатото знаење во професионалната сфера. Во тој контекст, сметам дека политичкиот фактор, во основа треба да има строго детерминирани приоритети преку кои ќе го реформира образовниот систем, а со тоа образовниот процес ќе го направи интересен, проактивен и едноставно посовремен. Треба само да ги следиме светските трендови и секако, преку специфични програмски проекти, најдобрите практики, да ги адаптираме и прилагодиме и надградиме во насока на овие приоритети.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Огнен Петровски: Особено интересен за мене е Здравствениот систем кој претставува темел за едно здраво општество. Доколку имаме здрави луѓе, здрави граѓани, тогаш е возможен и здрав просперитет.Квалитетна здравствена грижа треба да биде достапна за секого и секаде.Во тој контекст, она што најпрво треба да се разбере и валоризира, е значењето на здравствените работници, односно да се подигне свеста за нивната важност. Исто така интересна е улогата и на Фармацевтите во здравствениот синџир, која е исто така недоволно разбрана. Фармацевтите се експерти за лекови или да употребам друг термин, доктори за лекови. Доктор како професија, подразбира стручност во одредена област, а кај лековите најстручен е фармацевтот. Тие можат многу да допринесат во менаџирањето со пациентите. На пример, пренасочување на пациент со лесен симптом од матичен доктор/амбуланта кон фармацевт, значајно би го олеснило процесот на управување со примарното здравство и би ги оптимизирало капацитетите на здравствениот систем воопшто.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Огнен Петровски: Пред сѐ, тоа што им дава шанса на младите луѓе како мене, слободно да ги искажат своите мислење и став, без разлика на тоа за која сфера или ниво на стручност станува збор. Лично сметам дека младите се движечката сила на секое модерно и демократско општество, па оттука и ставот дека шансата кон младиот човек е од клучна важност за развојот на општествените процеси.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Огнен Петровски: На располагање ќе ги ставам сите свои лични и професионални капацитети и знаења, и секако со активизам. Сметам дека можам да дадам пример, преку кој и други млади луѓе ќе се приклучат кон овој концепт и ќе ја видат вистинската шанса да направат некаква разлика, исчекор или позитивна промена, која на сите нас ни е повеќе од потребна.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Огнен Петровски: Држава со реформиран Образовен систем, дел од ЕУ, со доволен број прилики и можности за младите професионалци и младите луѓе воопшто, да се пронајдат себе си на приватен и професионален план и да креираат можности за нормален живот.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 6 години

spot

(ВИДЕО) МВР за време на полициски час снима спот за Денот на полицијата ?!

Над педесетина полициски возила се поставени на паркингот на Спортскиот центар Борис Трајковски, со вклучени ротирачки светла, а присутни се и повеќе полициски службеници. Неофицијално, за време на полицискиот час додека улиците на Скопје се празни, пред платото на салата се снима спот од страна на Министерството за внатрешни работи. Нема информации за која намена и по чија наредба се снима спотот, но и која е итноста за негово снимање во сред пандемија со коронавирусот, објави А1 ОН.Со оглед дека во спотот се вклучени повеќе видови на возила со кои располага МВР, останува непознато, дали и хеликоптерот кој се преврте откако наполнил гориво, требало да учествува и во снимањето на спотот за МВР или само имал тренажен лет како што објави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.Текстот во целост на: А1 ОН

Македонија | пред 6 години

helikopter

Извршен увид од јавен обвинител за хеликоптерската несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на Меѓународниот аеродром Скопје, каде околу 11:30 часот се преврте хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. При увидот на лице место, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, беа обезбедени трагите од хеликоптерската несреќа.По наредба на јавниот обвинител обезбедени се видео записите од камерите на аеродромот, како и аудио снимките од комуникацијата на пилотот со контролата на летот. Извршен е првичен разговор со пилотот и со уште четири лица од екипажот на хеликоптерот.На лице место денеска беа и претставници на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, кои ќе изготват извештај за незгодата. Во текот на претходната постапка, надлежниот јавен обвинител ќе издаде барања и наредби за утврдување на сите решавачки факти.Увидот на лице место е завршен, а хеликоптерот се уште се наоѓа на местото и во положбата затекната по падот. Локацијата е обезбедена, а во текот на утрешниот ден хеликоптерот ќе биде пренесен од аеродромската писта на друга локација, каде ќе се обезбедува до крајот на постапката.Во зависност од обезбедените докази како и од наодите во извештајот на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, ќе бидат утврдени причините за хеликоптерската несреќа. Доколку притоа бидат утврдени пропусти од субјективен карактер, Јавното обвинителство ќе поведе кривична постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Од 235 заболени здравствени работници, 184 се веќе оздравени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше за последните информации во врска со коронавирусот во нашата земја.„Денеска се регистрирани 47 оздравени пациенти, во Скопје, девет, Куманово, девет, Прилеп, осум, Тетово, тринаесет, Гостивар пет и по еден во Охрид, Кочани и во Крива Паланка. За жал, имаме и еден починат пациент, утрово на Инфективната клиника во Скопје, пациент на 65 години, кој бил хоспитализиран на 27 – ми април. Во однос на бројката на новодијагностицирани, денеска се дијагностицирани, седум нови случаи. Во Скопје и Прилеп по еден, во Тетово, четири пациенти и во Кратово, еден новодијагностициран пациент. Вкупната бројка на дијагностицирани, од почетокот на епидемијата изнесува 1.518 лица, од кои оздравени се 992, починати 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441 лице“, рече министерот Филипче и додаде дека во изминатите 24 часа се направени 113 тестови, односно вкупно 17.359 тестирања од почеток на кризата.Министерот Филипче информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, се примени двајца нови пациенти. Вкупно се хоспитализирани 41, на кислородна поддршка 21 пациент и еден пациент на респираторна машина. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 – ми Септември“ се примени тројца нови пациенти, вкупно хоспитализирани 24, на респираторна машина, пет пациенти и уште тројца со нешто потешка клиничка слика. Во Болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, во болницата во Штип, исто така, четворица, а на инфективните одделенија во болниците во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и во Тетово се хоспитализирани, 46 пациенти.„Над 50 здравствени работници, од вкупно 70, кои беа заразени во болницата во Куманово се веќе вратени на работа. Сите се тестирани, сите имаат два негативни теста, согласно критериумот, сите одделенија во болницата нормално функционираат. Во контекст на ова, да информирам дека од 235 здравствени работници, кои се дијагностицирани од почетокот на епидемијата, 184 се оздравени и голем дел од нив се веќе вратени на своите работни места, што овозможи повеќе институции во коишто работата беше успорена, компромитирана или целосно не функционираа, веќе се целосно во функција, како одделенијата на Детската клиника, Институтот за рехабилитација и болницата во Куманово“, изјави министерот Филипче.Министерот Филипче истакна дека во текот на утрешниот ден, ќе се одржи состанок со директорите од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за постепено враќање на работата на клиниките во нормала, со нешто изменет терк на закажување преку системот „Мој термин“. Планирано е, да се ревидира и измени времетраењето на прегледите за да се избегне гужвата во амбулантите, како и задолжително воведување на е-амбуланта, таму каде што може, и соодветно закажување на снимањата, како на Рендген институтот, така и во другите болници каде има дијагностички апарати.„Ова се поклопува со целосното завршување на реконструкцијата на улиците во Клиничкиот центар, до крајот на неделата. Утрово разговарав со градоначалникот Петре Шилегов, тоа целосно да заврши и да се асфалтираат сите улици. Се отвора нова улица меѓу Хируршката клиника и Клиниката за стоматологија, со што значајно очекуваме да се растерети гужвата, се отвораат два нови влеза, едниот сосем нов по повеќе од 50 години, кој директно ќе води до Ургентниот центар на Хирургија и уште еден влез и излез кај Инфективната клиника, каде што е поставена и мобилната болница. Во периодот којшто следи ќе стигне и целосната опрема, и во овој момент, кога нема потреба за дополнителен капацитет на Инфективната клиника, искрено се надеваме дека така и ќе остане и во следните месеци, па дури и на есен, тоа планираме да биде една форма на тријажен центар, како форма на Ургентно-интернистички центар, којшто досега практично функционираше, на некој начин на Клиниката за токсикологија. Меѓутоа овој Центар ќе биде целосно опремен, подготвен со ротација на лекари-специјалисти и во смисла на анализа, проверка на пациентите дали се КОВИД -19 позитивни, за да се знае како да се продолжи со нивното лекување, односно по кои патеки. Со други зборови една целосна реорганизација на протокот, пред сè на итните пациенти во Клиничкиот центар“, потенцираше министерот Филипче.Во однос на тестовите, Филипче ги отфрли шпекулациите дека постои некаков политички интерес и заради тоа се намалуваат тестовите.„Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јавно здравје, пристапува кон правење план за скрининг на лица, коишто се смета дека се во некои критични категории, со оглед на слободниот капацитет, кој сега го има во лабораториите. Како одминува оваа фаза од епидемијата, се постави, очекувано, потреба да се надгради стратегијата  и заради тоа што оваа стратегија даде исклучително добри резултати и тоа што сега имаме намален број тестирања, е, тоа што ние всушност сакавме да го постигнеме, заради тоа што тестиравме пациенти кои имаа симптоми, што значи дека е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува. Значи една успешна стратегија, а еве сега правиме план истата да се надгради“, рече министерот Филипче.„Едно прашање е и работата на градинките, за што утрово, исто така, разговаравме на Комисијата за заразни болести и за што сè  уште траат консултациите во рамки на нивната експертска група, а ќе ги контактираме и самите градинки за да се изработи посебен протокол. Свесни сме дека е навистина тешко и голем предизвик, заради тоа што децата нормално дека се во ризик практично да бидат трансмисија на болеста, многу тешко таму некои правила може да се одржуваат. Сакаме да донесеме еден план којшто навистина ќе може да се спроведе, посебно што градинките мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа. Дозволете во наредните денови кога планот ќе биде готов да дадеме повеќе информации за тоа, кога и на кој начин градинките ќе почнат да работат“, истакна Филипче.Тој додаде дека во однос на скринингот што заврши во Дебар, се направени околу 2.300 тестови. Кај 35 лица беа детектирани антитела, еден дел којшто беа заболени, друг дел по случаен избор. Еден мал процент од граѓаните имаат имунитет, и ова е уште еден доказ дека нашата стратегија да не се прави скрининг со серолошките тестови во оваа фаза, практично е успешна, заради тоа што не можеше да нè донесат до никаков посебен заклучок, а беше нешто што можеше да придонесе за димензионирање на мерките.„Деновиве, исто така, се појавија шпекулации и тези дека здравствената криза или олабавување на мерките може да се искористи во политички цели или во интерес на изборите. Сакам јасно да порачам дека во изминатите два и повеќе месеци, колку што трае оваа криза, ниту една одлука не беше донесена под каков било политички притисок или за каков било политички интерес, тоа така ќе остане и понатаму и ние од тоа нема да отстапиме. Комисијата за заразни болести на база на своите сознанија и анализи ќе препорача дали и кога ќе има услови за безбедно одржување на изборите. Исто така, сакам да напоменам, што е исклучително важно, дека кога и да се одржат изборите тие ќе мора да се спроведат под строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните, којшто протокол, исто така, ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести, заради тоа што нема да дозволиме било каква организација, која може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза“, рече министерот Филипче.Министерот за здравство посочи дека бројките на пациенти се намалуваат, епидемијата спласнува и тоа особено нѐ радува и тоа ни дава за право, тоа што и веќе го правиме, да работиме на олабавување на мерките, постепено да почнат со работа сите компании и субјекти, кои сега се затворени.„Се изработија протоколи кои се споделија со економски оператори за кои се наменети, за дел од нив се стигнати и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови и верувам дека до крајот на оваа недела, веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат“, додаде Филипче.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

sinisa1

Разузнавачот Синиша Алексовски на распит во полициска станица Центар

Поранешниот советник на експретседателот Ѓорге Иванов, разузнавачот Синиша Алексовски, попладнево беше во Полициската станица Центар, каде што се задржа речиси два часа. Неофицијално, за Алексовски се води води предмет по претходна пријава. Поради тоа, тој бил повикан во Полициската станица на распит, објави А1ОНОд Министерството за внатрешни работи нема одговор на прашањата од „А1он“ за тоа каков предмет се води против Алексовски и зошто бил во Полициската станица Центар. Техничкот министер, Наќе Чулев, по стапувањето на челната функција во МВР, побара разузнавачот Алексоски да биде дел од неговиот кабинет. За преземањето на Алексовски од Агенцијата за разузнавање во МВР не се согласи заменик-техничката министерка, Славјанка Петровска.Текстот во целост на: А1 ОН

Македонија | пред 6 години

goce-delcev

Единствена Македонија: Мора да издржиме во битката за Македонија, не му било лесно и на Гоце Делчев

Денешниот ден од 117 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев нека биде потсетник за целиот македонски народ дека единствени и сплотени мора да успееме против бугарско-грчкиот поход за бришење на Македонците од светската мапа на нации, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Борбата на Гоце Делчев беше создавање на независна македонска држава а нашата борба сега е истата да ја зачуваме пред налетот да се избрише се што е македонско.Досега како Македонци го одржувавме споменот на Гоце Делчев со положување на цвеќиња, но, сега треба одбрана на остварениот идеал на Делчев - слободна и независна Македонија. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ.Не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел Делчев да биде само учители а не идеолог и револуционер и со другите реовлуционери да си седат дома и да не одат во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.За Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Struga-prazna

Струшкото обвинителство обвини девет физички и едно правно лице за непостапување по здравствени прописи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против 8 физички лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно тие биле затекнати надвор од нивните домови за време кога во сила била Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. За сите обвинети обвинителството на Судот му прдложи да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а зависно до имотната состојба на обвинетите, предлогот на обвинителството за висината на една дневна глоба се движи од 5 до 30 евра во денарска противвредност.Еден  обвинет, управител на правно лице, бил затекнат како нуди угостителски услуги, со што не ја почитувал Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 14 март 2020 година со која се забрани работењето на кафетериите, баровите, клубовите, спортските обложувалници и казината. Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, јавниот обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог со кој за физичкото лице побара парична казна во износ од 2000 евра во денарска противвредност, а за правното лице предложи парична казна во износ од 5000 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Делегација на СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на гробот и споменикот на Гоце Делчев по повод 117 - годишнината од неговата смрт

По повод 117 години од смртта на еден од највлијателните херои на македонската државност, Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ во состав Дејан Павлевски претседател на Комсија за локална самоуправа на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, денеска, положи свежо цвеќе и оддаде почит на големиот визионер и национален херој на неговото вечно почивалиште во црквата Свети Спас, како и на неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

04052020_VRSM_delegacija_polozuvanje_cvekje_Goce_Delcev-2

Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот и споменикот на Гоце Делчев по повод 117 - годишнината од смртта

Владина делегација предводена од заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје и оддаде почит на големиот македонски револуционер.По повод 117-годишнината од смртта на идеологот и водач на револуционерното национално ослободително движење, владината делегација положи венец со свежо цвеќе и пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.Ликот на Гоце Делчев, кој загина на 4 мај 1903 во с. Баница, останува запаметен како обединувач и визионер, кој пред повеќе од еден век порача дека „Светот го разбра како поле за културен натпревар на народите“ и таа порака сплотува и мотивира за почитување и унапредувања на правата во сопствената држава и пошироко со сите народи.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања