Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

komiti

(ВИДЕО) „Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“

„Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ пред давање на изјава на Радмила Шекеринска за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.https://www.facebook.com/sveto.ime.makedonija/videos/267658107705554/?v=267658107705554Видео: ФБ

Македонија | пред 6 години

29042020_MF_Angelovska_DUJP_Lukarevska_pres-konferencija-2

Министерката за финансии смета дека платите во администрацијата треба да се намалат

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, и како министер и како човек смета дека платите во администрацијата треба да се намалат. Според неа товарот на кризата треба да го понесат сите.„Сметам дека треба да има намалување од аспект на состојбата во која се наоѓаме, кризна ситуација во која сите заедно зборуваме дека треба да сносиме дел од товарот. Дел од товарот го носат и работниците од приватниот сектор коишто можеби овој период имаат намалени плати и кои загубиле работа. Ако сето тоа го имаме предвид и ако ги имаме предвид и мерките кои значеа намалување на работните активности на администрацијата, односно работа од дoма преку еден ден којашто се имплементираше, товарот треба да го понесеме сите. Од финансиски аспект се спроведе едно кратење во однос на реалокации на буџетски корисници со цел да се овозможат средства за реализација на мерките, бидејќи треба да го помогнеме приватниот сектор, тоа е сектор што ги генерира овие даночни приходи кои денес кажуваме дека се паднати за 31 %, а тие даночни приходи се користат за да се исплатат обврските, меѓу кои и платата на јавната администрација“, рече министерката Ангеловска.Министерката нагласи дека потребата да се намалат платите на јавната администрација засега е само нејзин личен став, а Владата како колективен орган носи заеднички одлуки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

helikopter

Падна хеликоптер на МВР, едно лице е повредено

Падна хеликоптер на МВР при полетување на скопскиот аеродром, при што едно лице е повредено. Според првичните информации, во хеликоптерот имало пет лица.Несречата се случила денес околу 11.30 часот кога било пријавено дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР „M17“ од засега непознати причини при полетување паднал. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди.На лице место увид вршат припадници на полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Janusev-PRESS-0808-1

Јанушев: Владата набавила 2 тони сорно вино, бурбон виски, шампањ и вотка

Скандалот со скапи набавки, раскалашеност и аздисаност на Заев, Спасовски и СДСМ продолжува. Освен набавките за морски плодови и риби,  документите покажуваат дека Владата дава пари и за набавка на скапи пијалаци - 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка итн, истакна  генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.Октопод пијаната влада на Заев и СДСМ додека народот страда за леб, купува, повторувам, 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка.Ова не е е само голем скандал, ова е забеганост, ова е лудост, ова се прави додека луѓе умираат и додека има вонредна состојба. Ова е надвор од памет!Во буџетот има дупка од 1.3 милијарди евра, ама нема дупка кога треба да се набават луксузна храна и алкохол. Еве за што им служат набавките во време на корона - за честење, за пиење и јадење скапа храна. Додека Заеви делат пакети за поткуп, за кој медиумите пренесоа дека се со артикли со поминат рок, владата на Заев еве на што ги троши парите.И сето ова додека Македонија тоне во криза, додека економијата крвари, додека граѓаните страдаат за леб, а здравството брои жртви.Ова не се приоритети на државата, ова не се приоритети на граѓаните. Свестете се! Ова што го правите е лудост!Барам, под итно, оваа набавка да се поништи и овие пари, исто како и парите од набавката за морска храна да се пренаменат за купување на заштитна опрема за лекарите и дезинфициенси за болниците, истакна  генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев потроши цела емисија, а не кажа дали го осудува документот на Бугарија со кој го попречуваат нашето членство во ЕУ

Зоран Заев во него познат стил, со раката на срце и главата благо наведната продолжува да лаже. Цела емисија помина, а Заев не кажа дали го осудува документот на Бугарија, со кој тие не блокираат на патот кон ЕУ.Негаторскиот однос на Бугарија кон Македонија е резултат на политиката на Заев која не помири со соседите. Политика која од 5 соседи не направи непријатели со сите, а дополнително го зајакна негаторскиот однос на секој еден кој некогаш помислил нешто против Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Срамота е Заев на 4 Мај – денот кога загина Гоце Делчев да лаже за нашите корени и јазик, кои наскоро планира да ги продаде.Ништо подобро не е ниту на економско поле. 1.3 милијарди предвидена буџетска дупка не е затоа што многу се работи, туку затоа што многу се краде.Здравствената состојба е исто така загрижувачка. Секој ден се прават се помалку тестови и во таква ситуација нормално е да имаме помалку заразени. Вештачки се креира перцепција и се оди на избори кои ќе значат кланица за нацијата – заразување од масовни размери.Зоран Заев уште еднаш покажа дека не гледа подалеку од неговата банкарска сметка и интересот на СДСМ, - кој ќе го спасува од катастрофален пораз и сака истиот да го ублажи, за сметка на здравјето на граѓаните. Народот тоа го гледа и ќе го казни, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vucik

Филипче: Лекарите правеа напори, но Вучиќ со тешки оштетувања на белите дробови му подлегна на коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека здравствената состојба на Драган Вучиќ се влошила пред осум дена, од кога бил лекуван од одделението за интензивна нега. Вучиќ имал тешки оштетувања на белите дробови, посочува Филипче.„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, пишува министерот Филипче.Вучиќ почина на 65 годишна возраст. Тој беше композитор на бројни хитови како „Свирете ја Зајди Зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“ а во 2005-тата ја компонираше песната „Make My Day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“. Познат е во јавноста и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Интересот за економските мерки е огромен, наскоро ќе биде објавен трет сет економски мерки наменет за заживување на економијата

Државата постои за граѓаните, да им помогне полесно да ги пребродат последиците од оваа криза и затоа подготвуваме трет сет економски мерки, наменет за заживување на економијата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Утрински брифинг“.„Заклучно со вчера, иако беше викенд, имаше 3.747 компании кои аплицираа за економските мерки, тоа е огромна бројка за време на викенд и ја користам приликата да апелирам до фирмите да продолжат да аплицираат, бидејќи тоа се нивни пари, за да можат да ги сочуваат работните места, да дадат плата за месец април, донесовме дополнителна флексибилност на мерките само за да се зачуваат работните местаВо оваа криза се бориме за сочувување на работните места, нагласи Заев, додавајќи дека бројот на лицата, кои останале без работа во текот на кризата е под 7.000.Тој ги повика граѓаните што останале без работа да се обратат во Агенцијата за вработување, да поднесат барање за предвидената помош и да земат  50% од платата.Мерките што ги презедовме во овие две и пол години, додаде Заев, обезбедија сега спремни да ја дочекаме кризата.Ние и пред кризата спроведувавме низа мерки да ги извлечеме од сиромаштија најсиромашните, ја зголемивме социјалната помош за 300%, донесовме досега најголемо покачување на пензиите од над 700 денари за сите пензионери, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-5

За непочитување на полицискиот час обвинети 30 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.Јавното обвинителство за сите обвинети предложи да бидат одредени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што една дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

goce-delcev

117 години од загинувањето на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 117 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, потпретседателката на Собранието, Фросина Ташевска-Ременски, денеска во црквата „Свети Спас“ ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев.По повод 4 мај, денот на погибието на народниот херој Гоце Делчев, повеќе делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат свежо цвеќе на локации кои се посмерници на неговото дело, активност што се одвива под слоганот „Гоце Делчев е Македонија“. Во Скопје во 11:30 часот на централната манифестација во дворот на црквата Свети Спас пред гробот на Гоце Делчев ќе присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од османлиската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско, каде бил предаден.Неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Tito

Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито

На денешен ден во 1980 година во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.Тој ја предводеше борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна, па сè до неговата смрт.На погребот на Тито присуствуваа 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот, кои се поклонија пред неговиот гроб.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vucik

Почина Драган Вучиќ

Почина водителот Драган Вучиќ, кој претходниве денови бил во тешка здравствена состојбата хоспитализиран на една од скопските клиниките, откако му бил дијагностициран коронавирусот.Вучиќ поради состојбата бил ставен на респираторна поддршка.Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и водител. Познат е во јавноста по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вуќиќ“ и други. Последен негов проект е „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти. 

Македонија | пред 6 години

onkologija

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести

Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата.Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик.Дисперзијата и пренасочувањето на пациентите се применува само за одредени типови карцином заради специфичноста на онколошката терапијата и потребата од посебни услови за примање. Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима супкутана и таблетарна терапија. Пациентите што ќе бидат пренасочени во некој од овие центри претходно ќе бидат информирани од својот доктор онколог или сестра од Клиниката за онкологија во Скопје, во однос на тоа дали ќе има промени, кој е точниот термин и регионалниот центар каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. При дисперзијата во регионалните центри се следи точниот календар на примање терапија за секој пациент одделно.Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови.Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини. Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар како и селата околу овие општини.На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка.Со обезбедувањето побезбеден начин за примање на онколошката терапија, упатуваме апел до пациентите да ги следат препораките од својот онколог за дополнителна заштита и да не се изложуваат на непотребен ризик.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-8

Во 24 часа на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (03/04.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет

На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет. Заев се уште молчи во однос на бугарскиот документ со кој ние го губиме јазикот и се откажуваме од нашите корени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев и СДСМ се откажаа од Гоце Делчев и сите негови соборци и продолжувачи на неговата идеја.Заев и СДСМ се откажаа од државата Македонија.Македонскиот јазик кој е официјално признаен јазик од страна на ОН, сега со помош на Заев е оспорен и е предмет на договарање.Заев и даде алатка во рацете на Бугарија да не закочи на секој чекор кон ЕУ, доколку не се откажеме од нашиот јазик и нашите корени.СДСМ систематски ја урива Македонија. Разнебитувањето на државата мора да запре, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Упадот на полицијата на местото каде се подготвуваа хуманитарните пакети за граѓаните потсети на годините на режимот

Непријатно е млади деца, волонтерите организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти,  да се држат до сабајле со закани и уцени,  и да влезат без налог во приватен простор е  навистина непријатно, и потсети на годините на режимот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.Семејството Заеви, сите ние поминавме  низ тие режимски сценарија и верувам дека се свесни дека ваквите работи го потсетуваат народот на режимот и требаше веднаш да се осудат, но со  самото тоа што продолжи како една голема хајка покажа дека доаѓа од партиската врхушка, реализирана по наредба на Чулев, а знаеме дека задачата ја дала партијата, посочи Заев.Претседателот Заев истакна дека семејството Заеви ќе продолжи и  понатаму со хуманитарната работа,  илјадници пакети се донирани досега до  најсиромашните, насекаде низ државата и помошта ќе продолжи и понатаму.„Помогнавме на здравствениот систем, помогнавме и помагаме со хуманитарните пакети кои ги делат општинските кризни штабови. Многу граѓани, пред се од неформалниот сектор останаа без примања и треба да им се помогне“, заклучи Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

96139784_233422347940352_5792322251210620928_n

Три најголеми разузнавачки агенции ја обновија соработката со Македонија

Од како речиси цели шест години не држеле во „ембарго“ , три западни разузнавачки агенции ја обновиле соработката со „Агенцијата за разузнавање“ од како таа целосно прекинала заради недовербата на земјите од НАТО кон кадрите кои ги именува Ѓеорге Иванов во 2014, како и за луѓето од разузнавањето влијателни во неговиот кабинет. Соработката е обновена од како неколку разузнавачи ги изгубија безбедносните сертификати и се отстранети од  „Агенцијата за разузнавање“.Овие информации не и беа познати на јавноста до пред неколку дена кога директно од претседателот Стево Пендароски пред јавноста беше откриено дека нашата домашна агентура по пауза од скоро шест години повторно воспоставила комуникација и соработка со агентурата на државите од НАТО сојузот и дека клучно за сето тоа е именувањето на новиот директор на „Агенцијата за разузнавање“ како и одземањето на безбедносните сертификати на неколку лица од претходната власт, пред се на лицата од кабинетот на поранешниот претседател Геоѓе Иванов, каде како најспоменуван се јавува Синиша Алексовски, кадар кој се поврзува и со настаните од 27 април и крвавиот упад во Собранието.Пендароски во интервјуто потврди дека Алексовски го изгубил безбедносниот сертификат и дека тоа е од корист за нашата држава и нашето разузнавање бидејќи споменатиот се поврзува со поострените мерки кои се воведени од како Македонија стана членка на НАТО, па сега одредени кадри неможе да останат во службата бидејќи не исполнуваат услови да добијат безбедносен сертификат.ВЛИЈААТ ЛИ НЕПОВЕРЛИВИТЕ БИВШИ КАДРИ ВРЗ ДЕНЕШНОТО МВР ?Ваквите информации обелоденети од Пендароски отвораат повеќе прашања како: Дали лицата заради кои сме се нашле во разузнавачка изолација сеуште имаат пристап во МВР, дали влијаат врз техничкиот министер и службите, дали имаат пристап во Агенцијата за разузнавање и дали сеуште се во можност да допрат до осетливи содржини и материјали кои би биле ставени во ризик да паднат во раце на „непријателски разузнавачки служби“ ?НЕ ЧЕКА ГОЛЕМО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА РАЗУЗНАВАЧКИТЕ СЛУЖБИПрочистувањето на разузнавањето нема да запре само на двата изгубени сертификати туку ќе има поголемо прочистување.Безбедносните сертификати ги издава нашата Агенција за национална безбедност, која работи засилена со луѓе од НАТО, објави Пендаровски. За да може да се влезе во колективната безбедносна мрежа на Алијансата потребно е големо прочистување на разузнавачко-безбедносните структури. Сето тоа се одвива под будното око на НАТО, кое уште пред официјалното членство на државава испраќаше свои мисии преку кои го надгледуваше имплементирањето на безбедносните стандарди кои беа наложени од алијансата.СО НОВИОТ ЗАКОН БЕЗ СЕРТИФИКАТ НЕМОЖЕ ДА СЕ ВРАБОТИ НА БИЛО КОЕ РАБОТНО МЕСТО ВО РАЗУЗНАВАЊЕТОСтево Пендаровски соопшти дека таму се подготвува нов закон за работата на Агенцијата за разузнавање, кој ќе биде пуштен во собраниска процедува веднаш штом биде избран новиот парламент и во кого, според препораките на НАТО, никој нема да може да биде вработен на кое било место ако нема безбедносен сертификат.Објаснувајќи дека Агенцијата за разузнавање ја стабилизирала својата работа по именувањето на Еролд Муслиу за нејзин директор и за тоа добива пофалби од партнерските разузнавачки агенции.„Последниве неколку месеци ние ја обновивме соработката на комплетно оперативно ниво со трите најголеми разузнавачки сервиси во светот. Не само поради Еролд Муслиу, туку поради тоа што тие разбраа дека Агенцијата за разузнавање не е партиски сервис на партијата на власт“, рече Пендаровски.Извор: Политикафото: CivilMedia

Македонија | пред 6 години

lambe

Д-р Ламбе Крстески: Расчистување со сите негативности кои ја кочат државата,приоритет за нормално и целокупно функционирање на процесите неопходни за нејзиниот развој

Интервју со Д-р Ламбе Крстески, Македонски Концепт, Кандидат за листа на пратеници за изборна единица 2.Д-р Крстески е магистер по медицински науки, доктор по општа медицина. Работи како Професор по стручни предмети во здравствена струка во средното училиште при Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Претходно, ги остварувал своите работни обврски како матичен лекар во ПЗУ Тетово и бил волонтер на клиниката за онкологија и радиотерапија. Член е на лекарската комора на Македонија и член е на здружението за приватни лекари на Македонија. Во неговото образование е вклучен и едногодишен процес на дефектолошки студии на УКИМ и педагошка доквалификација исто така на УКИМ. Едукатор е на лица со оштетен вид по практична настава на институтот за рехабилитација и физикална медицина во Скопје. Доктор Крстески е специјализант по гинекологија и акушерство на УГД Факултет за Медицински Науки. Неговото долгогодишно искуство во здравствениот и образовниот сектор се значаен фактор во оценката на состојбите во Македонија.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Д-р Ламбе Крстески: Потребата да се делува, да се даде сопствен придонес, личен печат, наместо пасивност, стоењето настрана и немото набљудување, се движечки мотиви за моето активирање и приклучување на МК Концепт. Моменталната политичка слика во нашата држава ја сочинуваат веќе видени политичари и политички партии. Новата интелектуална сила, професионалци, стручни лица во својата област на делување можат да  бидат новата свежина која ќе ја покрене и ќе ја води понатаму нашата Држава.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Д-р Ламбе Крстески: Да, ова е мој прв политички ангажман.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Д-р Ламбе Крстески: Според мене, фундаментите на државата ги сочинуваат четири столбови: здравство, образование, судство, економија. Квалитетни реформски процеси, преку издржани и правилно насочени проекти во овие области можат да обезбедат нагорна линија во развојот на Државата, генерално.По професија сум лекар, специјализант по гинекологија, медицината е моја примарна определба. Состојбата во нашето здравство е таква каква што е – секогаш има простор и треба да се делува состојбите да се подобрат и да се движат кон подобро. Тоа подразбира подобрување на капацитетите на болниците, и тоа: кадровски и материјално-технички, со обезбеден слободен пристап до здравствениот систем за сите граѓани подеднакво и каде ќе биде обезбедена квалитетна, навремена и точна здравствена услуга. Круцијално е постојано стручно надоградување и професионално доусовршување на мердицинскиот кадар.Долги години работам како професор по стручни предмети во здравствена струка, во средното училиште при Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Соодветно, образовниот систем и состојбите во него ми се доволно познати и блиски. Образованието  на децата со посебни потреби, на сите нивоа, (од предучилишно, основно, средно и високо), е посебна и многу сложена проблематика. Инклузивниот процес, од друга страна, исто така бара сеопфатен и студиозен пристап за на истиот му се овозможи да го даде потребниот фидбек.Економијата и судскиот систем, засновани на лојална конкурентност, отворен пазар, „чистење“ на рекетарството, корупцијата, судски систем одвоен од власта, ама  реално и имун на сите обиди на делување врз неговото функционирање.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Д-р Ламбе Крстески: Промени во Македонија се случуваат последните 30 години, некои добри, некои помалку добри. Политичкиот фактор треба да работи на стабилизација на државата, да го осети „пулсот“ на народот, да обезбедува услови за квалитетен живот овде, сега! Да гради и развива политики кои ќе продуцираат подобри позиции на Државата во меѓународната политика, јасен пат и цел кон која ќе се развива. Добра економија, стабилен судски систем, квалитетно здравство и образование.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Д-р Ламбе Крстески: . Искрениот, отворен пристап што го нуди МК концепт мислам дека најмногу, а посебно во овие малку поинакви времиња кога на сцена се некои други вредности, може да придонесе за подобро сега и подобро утре во нашата Држава.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Д-р Ламбе Крстески: Целиот свој интелектуален, стручен, човечки потенцијал максимално ќе го ставам на располагање и во функција на исполнување на поставените цели кон кои е насочена политиката на Македонски концепт. Секако, најмногу во делот на здравството и образованието, каде детално сум запознат со приликите, но и потребите од реформи и промени. Истовремено, не помалку ќе бидам присутен во другите области каде ќе се структурираат и реализираат потребните промени и имплементираат предложените проекти.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Д-р Ламбе Крстески: Затоа што преку проектите, концизно и брзо се доаѓа до посакуваните позитивни резултати, се поставуваат цели, се креира амбиент и конкретни активности за реализација на истите.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Д-р Ламбе Крстески: Да се „исчистат“ сите постоечки негативности кои ја кочат државата, да се отворат можности за подобрување на целокупното функционирање на системите и процесите за нормално уредување на Државата, воопшто. Да се постават критериуми и механизми за нивно контролирање; Систем кој ќе ги селектира сите неправилности и истите соодветно ќе ги коригира или санкционира.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Д-р Ламбе Крстески: Македонија како стабилна, силна држава, членка на ЕУ. Држава која нуди квалитетен живот, држава која им нуди можности на своите граѓани, а посебно на младите. Држава која има стабилна внатрешна и надворешна политика.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 6 години

koronavirus

МЗ: Кривата на излекувани пациенти стрмо расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад

Министерството за здравство информира дека согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од коронавирус бројките се исклучително охрабрувачки.Кривата на излекувани пациенти стрмо расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад.Денешните податоци покажуваат дека имаме само 5 нови случаи од вкупно 249 тестирања што претставува стапка од 2% позитивни од сите направени тестови во едно деноноќие.Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест исто така значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови. Според информациите од приватните лаборатории, барањата за тестирање се исто така значително намалени. Времето на чекање за тестирање исто така е сведено на минимум, односно еден ден.Министерството информира дека продолжува активно да тестира согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следи состојбата се до целосно спласнување на епидемијата. Досега во земјата се направени 17.246 тестови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bolnica

(ВИДЕО) Воспоставен е системот на модуларната болница до Инфективната клиника

Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата и овозможивме простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци. Целата оваа структура ја поврзавме со „топла врска“ со зградата на инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе ја доопремиме и со потребната немедицинска опрема. Ја амортизираме евентуалната оптеретеност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од коронавирус, стои во објавата на официјалниот ФБ профил на Министертвото за здравство.https://www.facebook.com/zdravstvomk/videos/637092570173163/

Македонија | пред 6 години

20200430_113018

Детектор: Граѓаните и натаму со висока поддршка за мерките против корона вирусот

Иако се бележи благо намалување, сепак граѓаните и натаму во големо мнозинство им даваатподдршка на рестриктивните мерки за заштита од Корона вирусот, покажува најновотоистражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје.Според него, 57,5% од граѓаните сметаат дека воведените мерки се соодветни, 21,2% ги сметаат запрестроги за 13,2% за недоволни. Во споредба со истражувањето кое за Детектор ИПИС госпроведе на почетокот на кризата во март, за 5 процентни поени пораснале граѓаните кои сметаатдека мерките се соодветни а за 3,2 процентни поени се намалил бројот на граѓани кои мерките гисметаат за соодветни. Најголема промена има меѓу граѓаните кои мерките ги сметаат занедоволни. Ако во март 20% од граѓаните сметале дека мерките не се доволни, сега тој процентпаднал на 13,2%.Благо намалување бележи и поддршката за министерот за здравство Венко Филипче од чијаработа како задоволни се изјасниле 78,3% од анкетираните, што е помалку во однос на оние 80%кои беа регистрирани во мартовската анкета. Кога станува збор за граѓаните кои не се задоволни од работата на министерот Филипче, нивниот број од 11% во март, пораснал на 15,2% во април.71,2% од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризатасо корона вирусот додека 22,2% велат дека не се.Во однос на претходно истражување на јавното мислење во март, задоволството на граѓаните одработата на надлежните паднало за 8 процентни поени за месец дена, а за 8,2 процентни поенипораснало незадоволството во истиот период. 77,2 од анкетираните сметаат дека мерките кои ги преземаат надлежните го спречуваат ширењето на вирусот додека 17,9% не се убедени во тоа.Помалку од половина од анкетираните сметаат дека македонското здравство има ресурси за да сесправи со кризата. Ваков став делат 41.2% од анкетираните, додека 35,2% се убедени воспротивното. Во споредба со истражувањето во март, не се бележат значителни промени кајрасположението на граѓаните .40,7% од анкетираните граѓани велат дека се задоволни од начинот на кој се врши тестирањето заприсуство на корона вирусот. 33,8% велат дека не се задоволни а 25,5% немаат одговор на овапрашање. Повеќе од една третина од анкетираните очекуваат нормализација на состојбата до крајот на мај.  Ваков став имаат 36,6% од анкетираните. 18,3% очекуваат нормализација до крајот на јуни а 12,1%  до крајот на месец април. 7,2% од анкетираните сметаат дека нормализација ќе имаме дури во септември, 5,1% до крајот на годината а 1,3% следната година .Граѓаните и натаму најмногу стравуваат од економската криза предизвикана од корона вирусот.Ваков став имаат 33,5% од анкетираните што е благо намалување во однос на оние 38,8% коиекономската криза ги загрижуваше најмногу во мартовската анкета. 11,8% стравуваат од колапс на здравствениот систем, 10,1% од недостаток на храна и лекови, 8,5%  од рестрикциите на социјалниот живот и 7,6% од губењето на работното место.Во однос на земјите од регионот, граѓаните во мнозинство сметаат дека нема некоја разлика воначинот на кој Македонија се справува со кризата. Ваков став имаат 49% од анкетираните. 23,6% сметаат дека земјава се справува подобро а 17,1% полошо од соседните земји.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април.фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Клучните медиуми во Македонија и по 30 години се уредувани од истакнати кодоши на УДБА

Денешниот Ден на слободата на медиумите 3 мај е потсетник дека за жал во изминатите 30 години медиумите во Македонија не го положија испитот. Уште на почетокот на самостојноста на државата, со медиумскиот простор завладеаја истакнати соработници на Службата за државна безбедност кои до денешно време ја водат уредувачка политика во влијателните медиуми, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Новинарството во Македонија и по 30 години си остана на почетното рамниште, клиентелистичко. Уредници-кодоши и понатаму го креираат јавното мислење.На Македонија и треба храбро и бестрашно новинарство, а не новинари кои се во „административен брак со УДБА кои се трудни само што не се породиле“. Новата легална власт на Единствена Македонија ќе создаде демократска атмосфера во која новинарите ќе имаат можност да информираат слободно и вистинито.Единствена Македонија ќе го спроведе и  подзаборавениот процес на лустрација и во новинарството со брза, ефикасна и правична лустрација. Дотолку повеќе, да потсетиме, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев своевремено во весникот „Шпиц„ на 13 јуни 2006 година прв го изложи концептот за лустрација, но, по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 5 јули 2006 година лустрацискиот концепт беше злоупотребен со една фарсична, селективна и антицивилизациска лустрација.Македински новинари, Среќен 3 мај (1948 година) - Ден на слободата на медиумите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nenad-korona

Др.Ненад Лазаров: Еве за ова зборувам, бројот на тестирања треба да се зголемува, а не да опаѓа, барем не сега во оваа фаза на епидемијата

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари вели дека бројот на тестирања треба да се зголемува, а не да опаѓа. Во објавата на ФБ Лазаров пишува:-Еве за ова зборувам, бројот на тестирања треба да се зголемува, а не да опаѓа, барем не сега во оваа фаза на епидемијата.Штом намалуваме број на тестови на смешни 150 теста на ден, намалуваме и број на новодетектирани, што не е епидемиологија туку политика.Во услови на сумбинимално тестирање, најави за "враќање во нормален живот" , отворање локали и намалување на рестрикциите се штетни, опасни и ќе донесат жртви.А не пак организирање избори.Се оградувам, и како лекар и како човек.Немам членска од Алијанса или било која партија :) , ја споделувам графиката на колегите Arben Taravari и Bekim Tateshi бодејќи верувам на податоците кои се инпутирани од нив.Сината крива е број на нови случаи, портокаловата крива е број на направени тестови за истиот ден.Погледнете го наглиот пад на 26.04 по пикот во број на тестови на 24.04 и безмалку рамната линија потоа, преполовување...https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218626378989863&set=a.1316598394239&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

kosta-izjava

Георгиески: Улогата на медиумите во денешниот глобален свет е од исклучително значење

ФБ статус на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Во објавата на градоначалникот се вели:🎥🎤🗞️📷Упатувам честитки до новинарите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите!Улогата на медиумите во денешниот глобален свет е од исклучително значење. Вистинската и навремена информација има огромна општествена вредност. Бидете посветени, известувајте независно и информирајте објективно, бидејќи Вие сте креаторите на јавното мислење и јавната свест! Ви посакувам големи професионални успеси и подобри услови за работа!Ценејќи ја вашиот ангажман и важноста на вистинската и точната информација, секогаш ќе бидам достапен за новинарите и подготвен за соработка!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/590825344856406/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

osmani-1

Османи: Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во улога на Главен координатор на општинските кризни штабови оствари посета на Центарот за јавно здравје во Скопје, каде се сретна со директорот Арбен Зибери.Османи изрази благодарност до Зибери, но и до целиот тим на Центарот за целокупниот нивен ангажман и посветеност во борбата против Ковид-19.„Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите”, истакна Османи при што и во оваа прилика уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

ververichka

Монструм - Обесил верверичка на дрво затоа што му ги јадела оревите

На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа обесена верверичка на гранка од дрво, а како што се тврди тоа го сторил жител на скопското село Соње. Според објавата  причината била затоа што невиното животиче му ги јадела оревите.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219605088231100&set=pcb.10219605088991119&type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања