Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Атанасов: Дополнителни 3 денари за откуп на зелката и 110 милиони денари за поддршка на земјоделството

Со конкретни  мерки и проекти Владата предводена од СДСМ им помага на земјоделците и овозможува намалување на штетните последици и нивно побрзо закрепнување од глобалната здравствена и економска криза, истакна Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.Обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со што го стабилизираме пазарот со зелка и им помагаме на земјоделците.Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.За нив е обезбедена финансиска поддршка во износ од 3 денари по килограм зелка, а исплатата се однесува за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година.На овој начин обезбедуваме стабилизација на пазарот со зелка  кој во месец април беше дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена,  како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.Дополнително, обезбедени се средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година, кои ќе се искористат за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците. На овој начин се грижиме за домашното производство и за земјоделството како исклучително важна гранка во македонската економија.СДСМ, како одговорна партија продолжува со вистинска и конкретна помош за земјоделството и руралниот развој, истакна Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.фото: СДСМ 

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Три лица од Штип нападнати кај Мавровка

На 02.05.2020 во 13,16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ бил донесен со тешки телесни повреди од остар предмет Е.А.(25) од Штип. Според исказот на повредениот со повредите се здобил во близина на Трговскиот центарМавровка кога тој, неговата сопруга и неговиот брат биле нападнати од четири непознати лица. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Janusev-PRESS-2810-2

Јанушев: Додека граѓаните немаат за леб и сол и луѓе умираат од корона, СДСМ со народни пари купува школки, шкампи и морска риба

Додека народот нема за леб и сол, владата на СДСМ купува школки, октоподи и морска риба. Ова е извадок од веб-страната на Бирото за јавни набавки од која се гледаат трите договори со кои Владата, преку СОЗР, на 07.04.2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи и сето ова се прави во период додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари.Народот се организира и шие маски, капи и каљачи за лекарите, затоа што владата наместо да купи заштитна опрема, парите ги потрошила за гозба.Доколку Заев, Спасовски и СДСМ купеа заштитна опрема за лекарите и медицинските работници немаше да имаме над 200 заразени лекари и медицински сестри. Наместо да склучеа договор за набавка на 365 килограми свежа пастрмка, 200 килограми крап, бранцин и лосос, 400 килограми ослиќ, шкампи, лигњи, школки и ракчиња, да купеа заштитна опрема и дезинфициенси немаше да бидеме на врвот на смртност во регионот и да имаме повеќе мртви на милион жители од Албанија, Бугарија и Грција заедно.Работниците остануваат без работа, земјоделците се без откуп, економијата тоне и наместо помош за сите нив, владата ги фрла последните пари за морска риба. Срамота!Ова е класична злоупотреба и за ова одговорност мора да има. Бараме под итно да запре безредието со трошењето на народните пари.Во ек на криза, во ек на пандемија не смее да се троши на луксуз и гозби. Потребно е итно запирање на сите тендери кои значат набавка на непотребни работи. Во овие моменти народот од власта очекува скромност, а не раскалашеност и аздисаност.Веднаш да се раскине договорот и парите да се пренаменат за купување на заштитна опрема за медицинскиот персонал.Ова е само еден од низата примери на луксузирање додека народот гладува. Деновиве ќе обелодениме и други скандалозни набавки.Напоменувам – сите вакви договори, со кои се манифестира луксуз во ек на пандемија ќе бидат предмет на ревизија за многу брзо од сега и сите кои сториле криминал ќе одговараат, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

skopje-8

Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 75 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.05.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 75 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР за инцидентот во Охрид - со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот

На 02.05.2020 во 17,40 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Кузман Капидан“ по претходна расправија Б.М.(40) од Скопје со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот наУ.И.(37) од Охрид. У.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош. Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СЕММ: Новинарството да биде ослободено од притисоци, а новинарите одговорни кон професијата

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод 3ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, повикува на зголемена одговорност во почитувањето на фундаменталните принципи на слободата и независноста на медиумите, како и на заштита на новинарите и медиумските работници во исполнувањето на нивната одговорност за професионално информирање во интерес на јавноста.  Од круцијално значење во овој процес е да се промени дискурсот и ставот кај оние политичари, креатори на јавно мислење и центри на моќ кои медиумите неретко ги претставуваат или третираат како непријателска страна, избегнувајќи ја својата одговорност за транспарентно и отчетно однесување кон јавноста. Од нив се очекува да ги штитат медиумите како предност и одлика на демократијата, а не како пречка или закана во нивните ставови и активности. До власта и институциите на системот и натаму апелираме секое решение во однос на подобрување на состојбите во новинарството и медиумските содржини да биде во координација и усогласено со професионалната медиумска и новинарска заедница во државата. Слободата на медиумите, пак, подразбира одговорност и стремеж за вистинито и професионално работење, низ призма на почитување на човековите права и во интерес на владеењето на правото. Од суштинско значење како во сегашната, кризна, ситуација во државата, така и во редовни околности е и активната улога на професионалните медиуми во борбата против дезинформациите и неетичкото известување. И во изминатиот период праксата на СЕММ го потврдува присуството на случаи на неетичко информирање. Речиси 80 проценти од пријавените случаи во изминиве месец и половина се однесуваат на информирањето за кризата со коронавирусот, при што во 30 отсто од нив станува збор за сензационалистичко, еднострано и некоректно информирање на јавноста.   Слободата на медиумите подразбира тие да не бидат искористувани за поделба на луѓето преку различни политички пресметки и заради политичко поентирање. Искуството потврдува дека праксата на одредени политичари и носители на моќ да ги искористуваат медиумите какло платформа за политички пресметки и калкулации продолжува, за што потврда се случаите во кои медиумите не успеале да обезбедат професионална дистанца од политичките субјекти за кои што известуваат. Во насока на поддршка на слободата на изразување и професионалното и одговорно новинарство, СЕММ во текот на мај ќе го објави конкурсот за најдобри стории со фокус на  кризата со коронавирусот. СЕММ од денеска се приклучува на глобалната кампања на УНЕСКО „Новинарство без страв или наклонетост“, чија цел е подигнување на свеста за прашањата поврзани со безбедноста на новинарите, нивната независност од политичко или комерцијално влијание и родова еднаквост во сите аспекти од медиумите.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче до медиумите: Огромна благодарност за вашиот влог во справување со борбата со ковид-19

Денеска, на Меѓународниот ден на слободата на медиумите, ви упатувам искрени честитки и огромна благодарност за вашиот влог во справување со борбата со ковид-19, истакна министерот  за здравство Венко Филипче. Министерот додаде:Од првиот ден кога, како земја, се соочивме со вирусот кој го промени животот на милиони луѓе ширум светот, бевме уверени дека само точна, навремена и транспарентна комуникација може да придонесе во сузбивање на стравот и паниката кај граѓаните и подигнување на јавната свест.Паралелно со справување со пандемијата, светот се бори и со дезинформации и лажни вести, кои во вакви услови можат да бидат поопасни и од самата пандемија. Од друга страна, точните информации и известувањето базирано на факти се лек за човештвото и единствен начин да се добијат големите битки.Во едно вака комплексно опкружување, вие медиумите и медиумските работници сте повеќе од спрега помеѓу институциите и јавноста. Вие сте партнер кој рамо до рамо со институциите имате важна улога во справување со кризата. Одговоривте професионално на предизвикот и покажавте дека сте на висина на задачата и за тоа сум ви искрено благодарен.Отворени институции, слобода на медиумите, фер и транспарентно известување е кодекс кој треба да го следиме во криза, но и во мирнодобски услови. Само така потврдуваме дека сме посветени на демократските вредности и дека водиме грижа за еден од основните столбови на демократијата, вели министерот Венко Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска  во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.Во Скопје максималната температура ќе достигне до 21 степен.Утре ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Потоа ќе настапи стабилизирање на времето, освен во среда, кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sinisa

Синиша Алексовски отпуштен од Агенцијата за разузнавање, не добил безбедносен сертификат

Во интервју за 360 Степени шефот на државата меѓу другото ги коментираше и состојбите во Агенцијата за разузнување која е под негова надлежност.Пендаровски вели дека состојбите сега се стабилизирани откако е поставено новото раководство. Според Уставот, директорот на Агенцијата го именува шефот на државата и на таа позиција по изборот на Пендаровски за претседател е Еролд Муслиу, долги години вработен во оваа институција.„Мислам дека се стабилизираа состојбите по првите уходавања на новото раководство, имаше и јавни прозивки, мислам дека таа работа се смири“,вели Пендаровски. На прашањето што е со оние за кои често се зборуваше во јавноста, а сега техничкиот министер Чулев не успеа да ги протне во МВР, председателот потсетува на безбедносните сертификати кои лицата требеада ги поседуваат а сега откога сме членка на Нато без таков серификат незамисливо е било на кое место вработување во агенцијата.иНа двајца од нив овие денови мислам дека им престанува работниот однос поради тоа што не добија сертификат од Агенцијата за национална безбедност, која е надлежен домашен орган за таа работа, се разбира, засилена со луѓе од Канцеларијата за безбедност на Нато – вели председателот Пендаровски. 360открива дека еден од тие двајца за кои зборува председателот дека добиле отказ бидејки немале безбедносен сертификат е често пати спомнуваниот во јавноста, и советник за национална безбедност на екс председателот Иванов, Синиша Алексовски.Министерот Чулев претходно се обиде Алексовски да го земе со себе од агенцијата во министерството но не доби согласност од заменската министерка, Славјанка Петровска.Кој е Синиша АлексовскиИмето на Синиша Алексовски беше споменато од српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во контекст на крвавите настави во Собранието на 27 април 2017 година. Живаљевиќ изјави дека бил присутен во парламентот на 27 април со дозвола од кабинетот на Иванов, поточно од советникот за безбедност на претседателот, Синиша Алексовски.Кабинетот на Иванов реагираше на изјавата на Живаљевиќ и соопшти дека македонските служби не побарале услуги од него. Како што рекоа од кабинетот на Иванов, Живаљевиќ по завршување на дејствијата и активностите во Собранието, испратил пораки до лица вработени во институциите, меѓу кои и до посочениот советник Синиша Алексовски дека бил во Собранието, но „со цел да обезбеди алиби и да ја намали одговорноста за своето постапување“.Еден ден по случувањата во Собранието на 27 април 2017 г., Зоран Заев го обвини претседателот Ѓорге Иванов дека заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, дека се организатори на обид за негово убиство.Алексовски беше споменат и во судењето за „27 април“ од обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски, кои во своја одбрана пред судот кажаа дека им било пренесено дека Синиша Алексоски, советник за национална безбедност на Иванов, кажал дека ноќта на 27 април, во 22 часот, ќе биде прогласена воена состојба.„Стаса информација дека Синиша Алексовски се јавил и кажал оти Иванов ќе предложи воена состојба. Рече дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ. Но, во 10 часот Иванов не го стори тоа“, рече во своето сведочење во понеделникот Михаил Младеновски.По исказот на браќата Младеновски, Алексоски, преку соопштение од кабинетот на Иванов, кажа дека сведочењата се конструкции на лаги, непостоечки комуникации, рекла-казала муабети и дека доколку обвинетите знаеле кои се условите и административната процедура за прогласување воена состојба не би биле предмет на манипулација.Кои се досега преземените вработениОд позициите на кои се поставени досега преземените вработени од АР, може да се заклучи дека Чулев и во МВР сакал да се потпре на своите најблиски соработници од Агенцијата:-Марјан Христов, е именуван за шеф на кабинетот на Чулев во МВР;-Мухамед Исмаиљи, за државен советник во кабинетот;-Здравко Стојков, за помошник-министер за ИТ;-Виктор Ѓорѓиевски, обезбедување;-Андријана Сапунџиева-Кокарева, лична асистентка на Чулев.Текстот во целост на: 360 степени   

Македонија | пред 6 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

БЕГ: Заврши грејната сезона 2019/2020 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење

Во согласност со регулативата, заврши грејната сезона 2019/2020 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ.Заради надворешните временски услови, грејната сезона 2019/2020 започна порано од вообичаеното, на 7 октомври 2019 и беше продолжена до 25 април 2020 година. Вообичаено, грејна сезона трае од 15 октомви во тековната, до 15 април во наредната календарска година.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

zgrada

(ВИДЕО) Инспекцијата во полициски час затвори градилиште во Охрид

Самоволието на градежните фирми не запира ни на 2 мај и во полициски час, а „Градежната инспекција“ при Општина Охрид мора да интервенираат и во неработен ден за да се справат со активностите кои јавноста во Охрид со децении ги перцепира како „урбана мафија“.Инспекторите на Општина Охрид попладнево на улицата Димитар Влахов затворија градилиште во центарот на градот каде инвеститорот изведувал градежни работи и копал темели за градба на зграда, притоа излегувајќи од проектот и без поставување на армирано бетонски шипови за заштита на околните објекти од можни одрони на земјиштето заради врнежливото време. Ваквото негово дејствие предизвика паника кај жителите на околните згради кои алармираа со фотографии во медиумите и надлежните служби стравувајќи за своите објекти. Инспекцијата излезе на терен и околу градилиштето постави жолта лента.Објектот има дозвола за градба, но инспекцијата констатирала отстапување од проектот при ископот на темелите, па затоа и го оградила просторот со жолта лента.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

policija-ilustracija

Дополнување: Скопјани крвнички се пресметале во Охрид, еден тешко повреден, еден приведен

Физичка пресметка помеѓу две лица од Скопје е случена околу 17:30 часот во куќа на ул. Кузман Капидан во Охрид. Напаѓачот кој употребил остар предмет е приведен, а повредениот со сериозни повреди е пренесен во општа болница во Охрид, истакна портпаролто на СВР Охрид Стефан Димоски.Инаку во моментов во објектот во кој се случил инцидентот има инспектори кои работат на расветлување на настанот.фото: Архиова

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Датум за избори само кога Комисијата за заразни болести ќе го одобри тоа

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во денешното гостување во вестите на Телевизија Телма на новинарските прашања што е со изборниот процес, дали експертите од Комисијата за заразни болести се согласуваат да има избори, со оглед на тоа што партијата која е власт денеска побарала што поскоро да се одржат изборите - веднаш штом олабават мерките, но и како би се одржувале изборите, министерот Филипче истакна дека никогаш досега, ниту пак изборниот процес којшто бил закажан на почетокот на оваа криза не бил предмет на дискусија, ниту пак било нешто врз основа на што се темелеле препораките.„Никогаш досега ниту еден настан, ниту пак изборниот процес кој што беше на почетокот на оваа криза закажан не беше предмет за дискусдија, ниту пак беше нешто врз основа на што ние ги темелевме препораките, односно Комисијата за заразни болести - експертите, епидемиолозите ги темелеа нивните совети, препораки, предлози до Владата. Се што се предложи на Министерството и Владата, сите мерки беа димензионирани здравјето на граѓаните да биде ставено на прво место. Во таа смисла, истиот терк на работа ќе продолжи и понатаму. Само врз основа на стручни аргументи, анализа на бројот на пациентите, на новодијагностицирано, само врз основа на бројот на пациенти кои ги имаме во болниците, но и на домашно лекување ќе бидат дадени следните предлози“, потенцираше министерот Филипче.Тој додаде дека се надева дека овој тренд ќе продолжи. Тоа што секој ден има се помалку дијагностицирани пациенти, се помалку пациенти кои се лекуваат во болниците и на домшано лекување, тоа што има повеќе излечени отколку активни случаи - значи дека мерките беа добро димензионирани и добро испланирани, кои се темелеа на медицински аргументи, на епидемиолошката наука. Врз основа на ова, предлозите ќе продолжат да се даваат и понатаму.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

НАЈНОВА ВЕСТ: Крвава тепачка во Стариот дел на Охрид

Две лица се посериозно повредени од како меѓусебе се повредиле користејќи остри предмети – дознава „Охрид1“ од свои извори во СВР Охрид. Како што дознаваме едното лице има сериозни повреди во пределот на главата, додека другото е повредено во пределот на стомакот. Во пресметката користеле секира и нож.Неофицијално кавгата настанала поради јадење.  Очевидци раскажуваат дека лицата биле во алкохолизирана состојба а се скарале за скарата.НАСКОРО ПОВЕЌЕ …фото: Архива

Македонија | пред 6 години

respirator

МЗ: ВМРО ДПМНЕ слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај со респираторните машини

По прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ на кој портпаролот Наум Стоилковски го обвини министерот за здравство за криминал со набавка на респиратори, демант од Министерство за здравство.  Во дементот се вели:-И покрај тоа што нема никаков случај, ниту пак некаква неправилност во однос на набавката за респираторни машини, ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува со бесмислени прес конференции.Единствена намена на овие прес-конференци е да одржуваат во јавност непостоечка тема и да ги манипулират граѓаните. За каков криминал или неправилност зборува ВМРО-ДПМНЕ кога набавката за респиратори воопшто не се реализираше откако компаниите се откажаа заради тоа што не можат да го испорачаат договреното?На сите им е јасно дека набавка на респиратори во овие моменти е исклучително тешка заради дефицитот на машини во светот. Откажувањето на компаниите во вакви тепки услови за работа и дефицит не е ништо чудно или неочекувано.Што точно проблематизира ВМРО-ДПМНЕ очигледно не знаат ни самите.Министерството за здрваство во целост ги демантира овие шпекулации кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги пласира во јавноста. Апелираме да престанат со замајување на јавноста и слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај.Министерството за здрваство работи транспарентно и стоиме на располагање на сите институции кои сметаат дека треба да истражуваат, се вели во демантот од Министерството за здравство.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија до Бугарија: Оставете ги на мира Македонците, спремни сме да ви ги подариме Малески, Георгиевски, Бучковски и Заев

Република Бугарија јавно ја соопшти својата позиција дека патот на Република Македонија за членство во Европската Унија подразбира целосно обезличување на македонскиот народ со бришење на јазикот и нацијата. Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни водат агресивна кампања за докажување на наводниот бугарски карактер на Македонија и Македонците. За волја на вистината, обезличувањето на Македоцните не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Но, на големо изненадување во Македонија носители на проектот за подарување на милениумската македонската нација, јазик и историја на Бугарија се поранешните фукционери Денко Малевски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски кои се продолжение на политиката на Зоран Заев кој со договорот со Бугарија ги брише Македонците во Македонија и во пиринскиот дел на Македонија.Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со Бугарија на начин што Зоран Заев,  Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски и Денко Малески ќе и бидат подарени на Бугарија, а Македонците да бидат оставени на мира, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

02-05-2020-Nikolovski2

Николовски: Изборите треба да се одржат веднаш штом се стабилизира епидемијата, потребно е нормално функционирање на институциите

Денеска, после онлајн координацијата со шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ, ви ги презентирам заклучоците до коишто дојдовме заеднички:Во име на СДСМ, во име на Централниот изборен штаб и во име на регионалните и општински изборни штабови во шесте изборни едници,  Им благодариме на граѓаните и на институциите за високото ниво на свест, подготвеност и одговорност при справувањето со Ковид-19. Сега на сите ни е јасно дека преоѓаме во нова фаза, кога одиме кон нова нормалност на нашето живеење, нашето ново секојдневие, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.Затоа, СДСМ ги повикува сите граѓани за уште поголема внимателност и посветеност при почитувањето на мерките и препораките. Само ако носиме заштитни маски и ако се држиме на 2 метри дистанца ќе можеме полека да го вратиме јавниот транспорт во поголема функционалност, компаниите ќе се вратат во погон, а наскоро ќе може да се активираат и дел од угостителските капацитети.Само на овој начин, преку обезбедена епидемиолошка контрола, преку строги протоколи за новата нормалност и преку обезбедена заштита на јавното здравје, ќе може да зборуваме и за избори.На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно поскоро враќање на нормалниот колосек на европските интеграции. На македонските граѓани им треба почетокот на преговорите. На македонските граѓани им се потрбни функционални институции а пред се функционален парламент.Затоа, веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи, а на основа на сите епидемиолошки и здравствени анализи на клучните надлежни институции и авторитети во здравството веднаш после тоа треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок.Во моментот кога епидемиолозите и здравствените авторитети ќе проценат дека има услови за враќање на општествените текови во функција, изборите треба да станат реалност, што поскоро.  Од здравствен аспект, најдобро е демократскиот избор на новиот македонски парламент и на новата македонска политичка влада со целокупна одговорност, да се случи во период кога короновирусот е совладан, а секако пред евентуална нова закана од повторно ширење на вирусот.Справувањето со пандемијата принудно го стопираше изборниот процес непосредно пред стартот на предизборната кампања. Скоро на крај од сите изборни дејствија којшто беа спроведени од страна на Државната изборна комисија Собранието сега не е во функција.А, демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните. Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме. И веднаш штом здравството и епидемиолозите потврдат дека вирусот е под целосна контрола, треба да продолжи изборниот процес и изборните дејствија, онаму каде што застана на 12 април за веќе закажаните избори.Маските и дистанцата со сигурност стануваат наше  секојдневие, ќе треба да се навикнеме на овие мерки при сите активности во секој наш нареден ден.Обврска за сите политички чинители е на прво место да го стават здравјето на граѓаните и интересот на државата. Одговорно е да се носат одлуки растеретени од личните и теснопартиски интереси, а ниту една политичка кариера не е поважна од граѓаните.Граѓаните прават јасна разлика меѓу одговорниот пристап и НЕодговорноста.Во меморијата на секој од нас остана онаа срамна изјава на Мицкоски на крајот од февруари оваа година. Мицкоски кажа дека „од СДСМ молеа бога да се случи корона вирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести“.Тогаш ја исмеваше и ја потценуваше оваа пандемија и криза.Што е тоа што го натера Мицкоски да добие уплав од избори после 2 месеци?Неговите неуспешни напори да го одложи членството во НАТО, да не добиемеодлука за  преговори со ЕУ или неговите подметнувања и желби, здравствените институциите да не успеат во справувањето со епидемијата?Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно однесување во клучните моменти за здравјето на македонските граѓани. Тие се свесни за тоа и затоа бегаат од секој еден демократски мегдан. Затоа не сакаат  да функционира Собранието и парламентот, затоа не сакаат нормализација и избори.Мицкоски, граѓаните се уморни од вашето политичко и деструктивно однесување!И покрај сите ваши напори, Северна Македонија ќе успее и ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат. СДСМ ќе продолжи да се однесува крајно одговорно и секој следен чекор, како и до сега, ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните.Мицкоски, продолжи да спортуваш, така си најмалку опасен за македонското здравство, за македонската демократија и за македонските интеграции.Затоа што крајно неодговорно во целиот овој период е да се шират лаги и да се создава паника дека здравството имало само 100 тестови а веќе илјадници луѓе се тестирани. Или крајно неодговорно е и да се тврди дека 150 илјади луѓе останале без работа кога знаеме дека таа бројка е многу помала. Само околу 6 илјади луѓе се одјавени еве на крајот на месец април. Уште многу деструкции и неодговорност видовме во целиот овој период.СДСМ и граѓаните сериозно се подготвуваат за новата реалност, за новата нормалност.Одговорноста на политичките партии и на институциите е да направат се,  колку може побрзо да го обезбедиме  нормалното секојдневие  на граѓаните. Сите што се спротиставуваат на оваа цел на  нормализирањето на состојбите придонесуваат земјата да ни остане во вонредна, во здравствено-економска криза, а тоа не е одговорно однесување,  истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-2412-2

Стоилковски: Филипче е фатен во нови сомнежи за криминал со набавката на респиратори

Венко Филипче повторно е фатен во сомнителна набавка и со сомнежи за милионски криминал. Неделникот „Фокус “објави сторија за планираната набавка на  респиратори, по скратени процедури и сомнителни постапки. Филипче на мала врата сакал да протурка набавка од над пола милион евра, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.На 11-ти април оваа година, Министерството за здравство по одлука на владата, а врз основа на уредба, отпочна јавен повик по скратена постапка во времетраење од 72 часа за набавка на респиратори. За огласот согласно уредбата не требало да одлучува Бирото за јавни набавки, туку трочлена комисија составен од административци од министерството на чело со Венко Филипче.Три дена подоцна на 14-ти април само две од девет фирми ги исполниле условите според министерството за здравство и тие требале да набават 31 респиратор, 26 од Јужна Кореја и 5 од Германија.  Притоа на сомнителен начин се избрани 2 од 9-тепријавени фирми. По објаснување на Филипче другите 7 се декласирани, затоа што се изјасниле дека не можат да ги набават респираторите во предвидениот рок од 30 дена.Според одлуката двете компании се обврзуваат да извршат набавка. „Соникс“ се обврзала да набави еден респиратор за 24.839 евра и шест за 149.034 евра, додека останатите 20 требало да ги набави за 496.780 евра. Втората фирма „Винора“ требало апаратите за дишење да ги набави за 30 дена, од кој еден апарат чини 25.000 евра. По ова Филипче неколку пати на пресови се фалеше со набавката, за на крај преку соопштение да ја извести јавноста дека набавка нема да има.Откако објави Филипче, во јавноста почнаа да кружат сомнежи дека се работи за однапред договорена работа со провизија за Венко Филипче. Фатен во тесно, откако виде дека е фатен во нов скандал, како со 37 милионската набавка за реагенси, Филипче ја раскина набавката.Доколку не се работи за однапред договорено сценарио, зошто Венко Филипче и Министерството за здравство не повеле постапка за санкционирање на двете компании, кои првo потпишале договори дека ќе ја извршат набавката, па се откажале?Очигледно е дека станува збор за договорена работа, а случајот да се заташка. Очекуваме одговори веднаш. Венко Филипче да каже дали компаниите биле санкционирани, доколку не се, дали е затоа што претходно така се договориле со него? Ги повикуваме институциите да го испитаат целиот случај, од почетокот при декласирање на 7- те компании, до крај, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

korona-3

Оздравени се 45 пациенти, потврдени се 15 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е  најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје – 509       Куманово - 400       Дебар – 51       Штип-34       Прилеп –157       Тетово – 85       Струга – 67       Велес – 77       Битола –19       Охрид –15       Кавадарци – 5       Гостивар –17       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-5       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 31       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 2       Делчево-1       Валандово -1       Виница - 2Направените 199  теста се преку: ИЈЗ –179, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  - 10 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16997 тестирања на ковид -19.Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nikoloski-1

Николоски: Заев не реагираше на бугарскиот документ, дали со тоа се согласува дека не зборуваме македонски јазик?

Во изминативе две недели стана сосема јасно дека Европската интеграција на Македонија се соочува со голема препрека. Документот на Бугарија  со кој се условува интегрирањето на земјава и продолжување на патот кон ЕУ е последица на неспобната дипломатија и е уште едно фијаско на Владата на Заев. Документ кој беше криен од јавноста со цел никој да не знае за истиот ја донесе Македонија пред свршен чин, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Она што е најстрашно е тоа што имаме молк од Владата, од Заев и директна заштита од Стево Пендаровски.Притоа сакам да истакнам три работи.Првото, Зоран Заев молчи за целиот скандал. Едноставно исчезна од јавноста! Никаде го нема! Факт е дека тој е највлијателното лице во власта. Како претседател на партијата на власт тој има најголемо влијание врз оваа влада и затоа останува нејасно зошто исчезна од јавноста и не даде никаков коментар.Народот сака и мора да знае дали Заев се согласува со тоа дека ние говориме немакедонски јазик туку така наречена јазична норма на туѓ јазик кој би требало да се нарекува официјален јазик на Македонија, Заев треба да каже дали се согласува и со бришењето на македонскиот народ и македонската историја. Исто така треба да каже дали се слага со овие уцени кои што и се наметнуваат на Македонија, најбитното треба да каже што ќе направи за ова да го спречи. Затоа што во моментот целата власт е кај него. Целата!Ваквото бегање од јавност и  премолчено одобрување на Зоран Заев значи дека е на повидок уште една национална катастрофа во негова режија. Заев со ваквото однесување воедно ја отвора вратата за зголемување на притисокот за максималистичките и штетни барања од нашиот сосед.Времето ќе покаже дали има и нешто друго во позаднина, дали можеби има некоја финансиска интерес или некоја уцена како што тоа било пракса во минатото со Заев.Второ, вчера претседателот Стево Пендаровски очигледно координиран со СДСМ соопшти дека нема намера на престојната лидерска средба да го стави на дневен ред во моментот најзначајното прашање за иднината на Македонија и Европската интеграција.Тој гласно кажа дека нема да го стави на дневен ред ова прашање затоа што СДСМ не се слага истото да биде ставено на дневен ред. Значи СДСМ, Заев и Пендаровски не сакаат да се разговара во моментот за најважното национално прашање за Македонија.Ова е незрело и крајно штетно однесување што само се поткрепуваат сомневањата кои што ги имаме подолг временски период дека сето ова има некаква позадина.Вредно е да се напомене ретерирањето на ставот на власта и Пендаровски, со што се дава потврда дека сме билево право  и дека ова не е само еден обичен документ туку е документ кој што станува сериозна пречка на целокупната интеграција на земјата.Во оваа прилика повикувам Пендаровски да престане да биде гласноговорник на политиките на Заев, да се надмине себе и да ја заме улогата која што ја има како претседател на државата и на претстојната лидерска средба да го постави ова прашање и да се разговара и за европските интеграции на земјава од аспект на бугарскиот документ и условувањата со кои што е соочена Македонија. Да се раззговара за заеднички одговор кон условувањата за бришење на македонскиот јазик, македонскиот народ и ревизија на македонската историја.Ако власта, Заев и Пендаровски го одбијат овој наш предлог тоа значи дека нешто многу поголемо и подлабоко се крие во позадината. Ако не се реагира сега пропушти драгоцено време, и ми е страв дека подоцна ќе биде доцна.Трето, ова е сериозна состојба со која како услов како што кажав се поставува откажување од македонскиот јазик, историја, и народ кои што се најважните обележја на нашиот идентитет.Заев и власта доколку ова го прифатат или се потврдата сомнежите кои ги имаме влегуваат  во втора фаза на создавање на нов јазик, на држава со нов идентите и име и создавање на таканаречена северномакедонска нација.Ова е втората фаза за жал од планот за кој што подолго време говориме.Време е сериозно да се засукаат ракавите, не е време за интриги, не е време криење. Време е за државничко однесување. Време е да  изградиме заеднички став , сега денес ние стоиме на располагање и уште еднаш повикуваме за ова да се разговара на претстојната лидерска средба.Потребно е да изградиме консензус за најважно прашање поврзано за Македонија. Само така ќе можеме да ја надминеме и оваа препрека и да го зачуваме нашето достоинство и национален идентитет.Нашето време за жал е кратко затоа што изминува и рокот е до јуни. Доколку не се направи нешто за јуни ми е страв дека после ќе биде доцна и последиците ќе траат следните 10, до 15 години и истите нема да бидат поправени.Затоа времето да се реагира е денес и сега и затоа повикуваме на разум, затоа повикуваме на единствен национален став по однос на овие условувања за да подоцна не биде предоцна, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

korona-2

Прилепски инфектолог: Не сме бестрашни херои, можеме да се заразиме -но, тоа е наша професионална задача

Прилепските инфектолози ѝ станаа познати на јавноста откако беше објавено дека 85-годишна жена е излечена од коронавирусот, којашто, воедно, била најстариот пациент на Инфективното одделение во градот. Еден од нив е и Мирјана Крстеска, која за „А1он“ раскажа како минува низ периодот откако е прогласена пандемија поради вирусот. Таа вели дека заедно со колегите не се бестрашни херои и дека се свесни за ризикот да се заразат од коронавирусот, но потенцира дека борбата со него е нивна задача и ќе останат со пациентите сè додека не се излекува и последниот.„Работата со пациенти заразени од коронавирусот на почетокот и нам ни предизвикуваше страв. Кога некои колеги се откажаа, ние како инфектолози рековме дека мора да работиме. Имаме волја да помогнеме. Не сме бестрашни херои, можеме да се заразиме. Но, тоа е наша професионална задача. Не бевме навикнати, ни беше тешко да ја облечеме заштитната опрема. Сè е тешкотија додека да влезе во рутина. Поддршка добивам со оздравувањето на секој пациент. Тоа е најголема мотивација за да се продолжи понатаму“, вели Крстеска за „А1он“.Текстот во целост на А1.ОН

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ангел Димитров за МИА: Половина од компаниите пријавија пад на економските активности за над 50 проценти

Пад на економските активности за над 50 проценти пријавиле 46 отсто од компаниите, додека само четири отсто се изјасниле дека кризата со пандемијата предизвикана од коронавирусот нема никакво влијание на нивното работење. Околу 85 отсто од компаниите велат дека имаат намалени приходи од промет на производи и услуги. Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, во интервју за МИА вели дека и покрај се резултатите од анкетата што ја направиле, само десет отсто од компаниите се одлучиле за отпуштање на работници. Поголемиот дел од нив, посочува тој, користат скратено работно време, платен годишен одмор и еден мал дел од нив принуден годишен одмор.Каква е состојбата со компаниите кои се ваши членки по кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот и што покажа анкетата што ја најавивте неодамна?Од направената анкета на Организацијата на работодавачи на Македонија се гледа дека речиси сите компании претрпеа одредена штета од состојбата со корона вирусот. Само четири отсто од анкетираните компании изјавиле дека кризата нема никакво влијание на нивното работење, 10 отсто од анкетираните изјавиле дека имаат пад во работењето до 20 проценти, 24 отсто изјавиле дека имаат пад на приходите помегу 20 и 50 проценти, 12 оти дека комплетно затвориле, кај  три отсто кај кои има позитивни движења и во оваа криза и најголемиот број – 46 осто изјавиле дека имаат пад на економските активности над 50 проценти.Дали веќе има отпуштања поради неможност да се обезбедат плати за вработените или пак најави за отпуштања?Нашата анкета покажа дека само 10 осто од компаниите се одлучиле за отпуштање на вработени, додека од останатите, најголемиот број користат скратено работно време, платен годишен одмор и еден мал дел од нив принуден годишен одмор.Колку компаниите се задоволни од мерките што ги презеде Владата за справување со последиците, дали се навремени и доволни?Поголемиот број на анкетирани компании покажаа незадоволство од објавените мерки за економска поддршка, но мораме да истакнеме дека анкетата беше спроведена во перидот пред донесувањто на уредбата со која се олеснија критериумите за аплицирање, особено критериумот задржување на бројот на вработени.Дали се потребни дополнителни мерки и во која насока би требало да се движат?Во анкетата не наидовме на некои специфични мерки кои ги предлагаат работодавачите. Нивните размислувања  главно се движат во рамки на веќе предложените мерки од страна на Владата, а тоа се мерки за задржување на ликвидноста, мерки за даночни олеснувања и одлагање на даночни обврски и мерки за субвенции за задржување на вработените. Затоа потребно е во иднина да се зголемат износите на средства, да се олеснат критериумите за аплицирање и во зависност од ситуацијата да се продолжи нивната важност. Извор: МИА 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МТСП: Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека почнувајќи од понеделник (04 мај)  ќе се врши етапна исплата на паричната помош на шалтерите на банките, по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа:– 04.05.2020 (понеделни) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)– 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)– 06.05.2020 (среда) исплата за  Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)– 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.Министерството за труд и социјална политика укажува дека корисниците кои користат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 04.05.2020 година.Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

karakacanov

Каракачанов: Дедото на Груевски и бабата на Радмила Шеќеринска биле најпочитувани бугари во Штип

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во својот најнов напис на „Фејсбук“ по повод статусот на екс премиерот Никола Груевски пишува дека Груевски демонстрира тотална заблуда и непознавање на историјата, но и сподели фотографии и документи кои според него се потврда дека дедото на Груевски и бабата на Радмила Шеќеринска биле најпочитувани бугари во Штип, но и дека дедото на Груевски, Михаил Мијалков, во 1943 година се залагал за тоа да неговата сограѓанка Радка Шекеринова да добие државна бугарска пензија, за заслуги кон „бугариштината“ како сопруга на убиениот од србите години порано „виден бугарски деец“ Александар Шекеринов.„Ќе спомнам само дека меѓу основачите на бугарскиот Акционен комитет во Штип е познатиот бугарски патриот Михаил Мијалков, за кого што верувам дека Груевски и неговиот братучед го познаваат добро, бидејќи тој е нивниот сопствен дедо. Во суштина не само што Мијалков се самоопределувал како Бугарнин, туку согласно Уставот на Акциониот комитет, работел за „развој на здрав бугарски национализам“, „обединување на сите Бугари во една голема Бугарија“ и „за борба против непријателските елементи на бугарштината.“ Интересно е да се забележи дека дедото на Груевски помогнал неговата сограѓанка Ратка Шекеринова да добие бугарска државна пензија „за заслуга кон бугарштината“ како сопруга на убиенот од Србите неколку години порано „виден бугарскии деец“ Александар Шекеринов. Тоа се разбира се бабата и дедото на мојата почитувана колешка Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Република Северна Македонија. Дедото на Груевски и бабата на Шекеринска тогаш биле најдостојните Бугари во Штип. Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.Дедо на Груевски, како и бабата на мојата почитувана колешка, министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, тогаш биле меѓу најценетите Бугари во Штип. Поради нивната безрезервна посветеност кон Бугарштината во Македонија, тие денес го заслужуваат нашето почитување, пишува Каракачанов. https://www.facebook.com/239611712717792/posts/3140772832601651/фото: ФБ

Слајдер | пред 6 години

korona-hrvatska

Во шест градови нема повеќе коронавирус, сите пациенти биле оздравени

Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информира дека во шест градови во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со КОВИД-19.Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања