Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 17 до 24 степени.Во Скопје максималната температура ќе достигне до 22 степени.Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

viber_image_2020-05-01_16-19-25

Emak.com.mk - најлесен начин да купувате, продавате, лицитирате и заработувате

Македонија веќе има своја платформа како amazon и eBay, тоа е  emak.com.mk. Оваа платформа ќе им го реши проблемот на оние што досега сакаа, а не можеа да продаваат online. Никогаш не било полесно да ја отворите својата интернет продавница, да огласувате, да продавате, лицитирате и заработувате, или пак да купувате.На оваа најголема платформа за online продажба може да се приклучи секој (физичко и правно лице) што сака да креира индивидуални огласи или пак да ја отвори својата web  продавница. Emak.com.mk  на продаваците им нуди простор за многу огласи ги намалува трошоците за рекламирање, а огласите стигнуваат и до оние што не планирале да ги видат. Може дури да продавате и купувате на аукции што е одлична можност да се ослободите од она што не ви треба и за поволна цена да го добие некој што ќе го посака.Emak.com.mk  нуди максимална грижа за своите корисници и гарантира 100% дека купувачот ќе ја добие нарачката. Откако ќе купите нешто добивате известување кога е испратена и кога треба да стигне нарачката исто така известување добива и продавацот дека е извршено купување. Од кога купивте може да следите во секое време благодарение на рангирањето на продаваците. Најдобрата оценка за продавачот знаци зголемена потросувачка и клиенти што му веруваат, а за купувачите е уште една потврда дека купувањето е сигурно и безбедно.Emak.com.mk  нуди можност да се купува online (и од компјутер и од мобилен телефон). Така купуваците избегнуваат да се туркаат во гувижви, да чекаат ред на каса или да лутаат по продавници, купуваат дискретно и поевтино, а попрегледно им е спроведувањето на цените и производите.фото: Emak.com.mk

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пендаровски: Ќе размислам два пати за продолжување на вонредната состојба

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 Степени“ истакна дека сеуште нема донесено одлука дали ќе се продолжи вонредната состојба за нови 30 дена.„Ако трендовите се навистина позитивни, дај боже, со цело срце посакувам така да биде, и ако ситуацијата во таа смисла здравствена, со Ковид-19 се смирува, јас ќе размислам два пати дали ќе бидам единствениот кој ќе продолжува – 30, плус 30, плус 30 и така до крајот на годината. Не сум сигурен дека ако трендовите во однос на Ковид се стабилизираат и генерално попуштаат и според првичните проценки и мерките за ограничување на движење, за реотворање постепено на бизнисите, не сум сигурен дека и во таква ситуација ќе решам – еве ви нови 30 дена, еве ви нови 30 дена и не се секирајте, јас постојано ќе давам нови 30 дена, бидејќи вторите 30 дена беа дадени или утврдени затоа што мораше“, iистакна Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

nebojsa

Небојша Милосављевиќ: Синергијата од енергијата на младите и искуството на повозрасните е добитната компонента на „Македонски Концепт“

Небојша Милосављевиќ, кандидат на листата на пратеници во изборна единица 2 од „Македонски Концепт“.Небојша Милосављевиќ е дипломиран Историчар на уметност и археолог при Филозофскиот факултет во Скопје. После завршувањето на студиите, работел како новинар во МРТВ во одделот за документарна програма, од каде својата професионална кариера ја продолжува во повеќе приватни телевизиски куќи како новинар во дневна редакција.Последните 15 години работи како графички и мулти-медиа дизајнер во маркетинг секторот на телекомуникацискиот оператор А1.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот мотив да се приклучите на МК Концепт?Небојша Милосављевиќ: Едноставно, сакам да помогнам. Сакам моите деца да живеат во “нормална држава“. Сакам да останат тука, да се пронајдат себе сѝ како на личен така и на професионален план. Секако, тоа важи за сите граѓани во Македонија, а најмногу за младите поколенија кои со децении наназад се ставени на маргините од економско политичките случувања. Оваа аномалија, за жал, не е својствена само за Македонија, туку важи за целиот регион. Веројатно произлегува од фактот што сите претходни влади го правеа истото – носеа лоши или половични одлуки, a додека оние одлуки кои беа добри, беа и анулирани од аматеризмот во нивната примена и начинот на водењето на Државата.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Небојша Милосављевиќ: Како млад, бев член на Демократската партија, а подоцна и член на Демократската партија на Србите во Македонија.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Небојша Милосављевиќ: Јас општественото уредување го гледам како триаголник. На врвот на триаголникот е економијата, потоа следи културата и образованието, и на крај е политиката. Економијата е моторот кој секоја држава, ја води во благосостојба и го финансира образованието, кое ги школува и развива нашите кадри. На тоа се надградува културата преку која Државата ја препознаваат во светот. Политиката ја гледам како слуга и на економијата, образованието и културата, и единствено како сервис неопходен за носење логични закони, регулативи и стратегии, со цел овие гранки да можат правилно и стратешки да се развиваат. Овој триаголник, постои во државите на Западот кон кои ние се стремиме, секако кај некои повеќе кај некои помалку. Потребно е тие искуства да се искористат и да се прилагодат кон нашата средина, а не преку директно пресликување, туку низ призма на адаптација на најдобрите примери и модификација и прилагодливост кон локалните навики, традиции и принципи.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Небојша Милосављевиќ: Првенствено и пред сѐ, потребно е да се воспостави владеење на правото и законот за сите граѓани подеднакво. Да се воспостави нормален политички дијалог помеѓу сите политички субјекти, а не политички клиентелизам и реалити шоуа во кои политичките субјекти ќе се натпреваруваат во тоа кој повеќе валканици ќе пронајде за противникот, кој за жал не го гледаат како противник со кој можат да се борат преку дебати и идеи, туку како непријател кој сакаат да го уништат целосно. Да се воспостави државна стратегија за базичните прашања кои се темел на секоја Држава! Да се носат стратешки одлуки од кои можеби веднаш нема да видиме плод, одлуки кои ќе ја вообличат иднината на Македонија како стабилна и демократска Држава, каде секој ќе може да се пронајде себе си и да се бори за подобра иднина.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Небојша Милосављевиќ: Идејата за просперитетна држава базирана на логични одлуки засновани на наука, а не на демагогија. Сржта на МК концепт се младите кои се премногу заситени од фактот дека се оставени на маргините на општеството, а кои се школувани и кои можат да се искажат преку идеи и проекти. Токму на база на овој принцип, се темели енергијата која е двигател на Македонски Концепт. Лично се надевам дека енергијата која токму овие млади ја имаат во синергија со искуството на нас постарите, ја прават добитната комбинација на Македонски Концепт.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Небојша Милосављевиќ: Преку дебати и борби на мислења да се дојде до вистинското решение. Во политичкиот живот е најважно да се ислушаат сите страни и преку дебати и политичка борба да стигнеме до најдобро решение за одредена проблематика, нормално секој во својот домен на делување. Моето делување ќе биде насочено кон културата, која секогаш била предмет на политички игри и интриги, затоа што преку неа најлесно се манипулирало. Ние сме дел од Европа и така треба да се однесуваме – европски!ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Небојша Милосављевиќ: За да се креираат проекти, неопходно е да се генерираат идеи. Сѐ започнува од идеја која потоа треба да се вообличи во проект. Вистинската идеја може да воздигне, меѓутоа може и да уништи доколку е популистичка или доколку не се вообличи како што треба. Пред еден век, постоела идеја за автономна Македонија која пак идеја се вообличи во проект при крај на милениумот. Мој проект е “Швајцарија на Балканите“, идеја за која многу наши предци го дале својот живот, идеја која во тоа време била забранет проект.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Небојша Милосављевиќ: Држава која е конечно излезена од калта на корупцијата и ниските политички интриги. Држава која доколку појдете во некоја институција и побарате помош или совет, нема да се плашите од економски или политички реперкусии. Држава која ќе соработува со сите соседи и која ќе преставува пример за единство и добрососедство, поставена на здрав темел и реципрочни меѓусебни односи.фото: „Македонски Концепт“

Македонија | пред 6 години

durlovski

Дурловски: Македонија е вирус за кој немате вакцина!

Во време на полициски час го „дезинфицираат” плоштадот во Паланка. Македонија е вирус за кој немате вакцина!, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на Фејсбук.https://www.facebook.com/igor.durlovski/posts/3380771755274711фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

policija-1

Починат маж пронајден во куќа во Свети Николе

Педесет и седумгодишен жител на Свети Николе вчера бил пронајден починат во куќа во која моментално престојувал, на улицата „Ванчо Ангелов“ во Свети Николе.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce

Филипче: Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници.

Министерот за здравство, Венко Филипче упати благодарност преку социјалните мрежи до здравствените работници.„Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места“, напиша министерот Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/pcb.2376777465962606/2376767759296910/?type=3&theaterфото: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 6 години

osmani

(ВИДЕО) Османи: Изборите во моментов не се воопшто тема во агендата на ДУИ

Одржувањето на изборите во моментов не е дел од агендата на Демократската унија за интеграција, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.„Ако ме прашувате како претставник на ДУИ, можам да кажам дека изборите не се воопшто една од темите во агендата на ДУИ. Имаме две основни цели, од кои здравствената криза од пандемијата и социоекономските проблеми кои ги создава. Се друго што се наметнува како тема, сметаме дека е дефокусирање на институциите и на политичката и општествената енергија во решавање на овие два проблема – здравствените и социоекономските“, нагласи Османи.https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/videos/1254205451450022/

Македонија | пред 6 години

DSC_0102

(ФОТО) Чулев: Граѓаните на општините кои ги покрива СВР Охрид се одговорни, генерално ги почитуваат мерките за ограничување

Министерот Наќе Чулев денес во рамки на работната посета на СВР Охрид ги посети полициските службеници кои се распоредени на неколку пунктови во градот Охрид и полициските службеници кои се задолжени за обезбедување на објектот наменет за сместување на лица во државен карантин „Дрим – Струга“.На сите граѓани и на сите припадници на Министерството за внатрешни работи Министерот Чулев им го честиташе Меѓународниот ден на трудот, 1 мај. „Полициските службеници со својот труд и со својата посветеност покажаа исклучително високо ниво на одговорност и професионализам и во целиот изминат период застанаа на првата линија, успешно превенирајќи го понатмошното ширење на коронавирусот во нашата држава.“, истакна Чулев. До сега на територијата на СВР Охрид констатирани се вкупно 168 непочитувања на ограничувањето на движење, најголемиот дел се лица на возраст од 18-67 години. Поднесени се вкупно 84 кривични пријави за 104 сторители. Оваа бројка покажува дека граѓаните на општините кои ги покрива Секторот за внатрешни работи од Охрид се одговорни, генерално ги почитуваат мерките за ограничување на движењето и се свесни за ризикот во кој сите се наоѓаме.Во оваа прилика сакам да упатам искрена благодарност до сите нив за високото ниво на почитување на одлуките на владата и почитувањето кон полициските службеници. Одговарајќи на новинарски прашање Чулев потенцираше дека во вчерашниот настан на територијата на СВР Струмица полициските службеници постапиле согласно стандардните оперативни процедури за постапување во вакви настани, дополнително внатрешна контрола ќе треба да утврди дали тоа постапување било соодветно и согласно на законот.Во однос на сомневањето дека конкретните лица сториле и други кривични дела Чулев истакна дека истрагата која Министерството за внатрешни работи ја води во соработка со ОЈО ќе треба да даде одговор на тие прашања. Министерот Чулев додаде дека верува во професионалноста и одговорноста на сите полициски службеници вклучувајќи ги и тие во Струмица. фото: МВР

Македонија | пред 6 години

image_2020-05-01_16-49-08

(ФОТО) Пронајдени автоматски пушки, пиштоли и хероин

Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, презеде мерки и активности на локација на ул . Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружје. При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг хероин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. фото: МВР  

Македонија | пред 6 години

38

Билјана Џинго до СДСМ: Опасна авантура се нерегуларни и нелегитимни избори со маски, ракавици и коронавирус

Билјана Џинго  членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија, во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ реагираше на најавата на СДСМ за избори во услови на коронавирус со маски и раквици.  Во изјавата на Џинго се вели:-„Генералниот секретар на СДСМ вчера најави избори со маски, ракавици, социјална дистанца..., односно, гласање во неприродни услови и во услови кога здравствената криза со коронавирусот не е елиминирана. Оваа идеја на СДСМ е крајно загрижувачка и опасна бидејќи нема да имаме фер, чесни, легитимни и регуларни избори.Уште од сега е јасно дека со такво гласање излезноста на изборите ќе биде многу мала, бидејќи, гласањето со маска, ракавици и социјална дистанца потсвесно делува кај луѓето да бидат заразени и во ситуација да бираат меѓу здравјето и гласањето ќе го одберат здравјето. На тој начин практично нема да излезе на гласање мнозинство од бирачите кои се неопределени и вообичаено опозициски определени.Од друга страна, СДСМ со уцени и закани спрема администрацијата, лицата кои примаат социјална помош, и пред се, преку десетиците илјади вработени партиските војници кои ги интересира само зачувување на фотелјата ќе обезбеди каква-таква излезност. Но малата излезност го руши легитимитетот и регуларноста без оглед што за парламентарните избори не постои цензус.Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ го  повикува СДСМ да не влегува во опасна авантура со нефер, нечесни, нерегуларни и нелегитимни избори кои не ја одразуваат војлата на бирачите“ - потенцираше Џинго.фото: Единствена Македонија                                                                                                                                                                                  

Македонија | пред 6 години

deca

(ФОТО) Професор за пример, кој ќе ја заборави оваа домашна работа?

Кога ќе го чујат поимот домашна работа, на децата знае косата да им се крене на главата. Особено периодов, додека се одвива наставата од дома, кога ниту концентрацијата им е на ниво ниту имаат желбата за учење. Но, домашната задача што учениците од седмо одделение во училиштето „Јахја Кемал“ во Скопје ја добија пред неколку дена од својот наставник по англиски јазик Никола Ѓелинчески ја извршија со голема радост и желба, објави поратлот Деца.мк.Тој им дал предизвик да пресоздадат познати уметнички дела. Без никакви сугестии, секој ученик сам си го избрал тоа што му се допаѓало и што можел да го оствари во домашни услови. Текстот во целост на: деца.мкфото: деца.мк

Македонија | пред 6 години

zemjotres-1

Земјотрес од 4,5 степени близу Пловдив

Силен земјотрес е почувствуван во Бугарија. Земјотресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во близина на градот Пловдив.Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.Засега нема информации за материјална штета.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kosta

Георгиески: Должни сме да се бориме, да ги штитиме и унапредуваме правата, бидејќи работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови

Честитка на градоначалникот Константин Георгиески по повод Меѓународниот ден на трудот. Во честитката се вели:Ви го честитам меѓународниот ден на трудот, 1. Мај, со желби за успех во работата, напредување во кариерата, вреднување на Вашиот труд и остварување на Вашите права.Сите ние заедно, сме должни да се бориме, да ги штитиме и унапредуваме правата, бидејќи работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови. Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Во напуштена куќа пронајдено починато 19 годишно момче

На 30.04.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на ул.„Перо Наков“, во напуштена куќа бил пронајден починат Р.У.(19) од Скопје, без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

korona-3

Оздравени се 69 пациенти, потврдени се 29 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807 , на починати е 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје – 509       Куманово - 393       Дебар – 51       Штип-34       Прилеп –153       Тетово – 84       Струга – 66       Велес – 77       Битола –19       Охрид –15       Кавадарци – 5       Гостивар –17       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-5       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 31       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 2       Делчево-1       Валандово -1       Виница - 2Направените 362  теста се преку: ИЈЗ –285, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16798 тестирања на ковид -19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент.Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на ковид-19.Фото: Архива 

пред 6 години

28022020_VRSM_12_Sednica_na_Vlada1

Влада: Со дополнување на Уредбата за поддршка на платите за април и мај, се потврдува, гарантира и засилува владината политика за спас на работни места

Во продолжението на 48-мата седница на Владата на Република Северна Македонија што се одржа денеска, 1 мај, донесена е измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.Со промените, се потврдува, гарантира и засилува владината политика за спас на работни места во услови на криза предизвикана од коронавирус, се обезбедува заштита на работничките права, достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос на работниците.Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година), освен заради:- пензионирање и смрт на работник,- откажување на договорот за вработување од страна на работникот,- откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски,- спогодбено преземање на работник,- престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и- престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.Уредбата определува дека вкупниот број на вработени на кои по исклучиво по овие основи би им бил прекинат или завршен работниот однос, заклучно со месец јули 2020 година не смее да биде повеќе од:- 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка,- 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка и- 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка.На продолжението на оваа своја седница Владата донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.Со ова дополнување се овозможува ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување, со што ќе се намалат последиците од настанатите состојби во овој период.Работодавачите кои ќе се согласат на ретроактивно вработување на лицата на кои им престанал работниот однос во периодот од 11 март до 30 април, тоа ќе можат да го направат до 7 мај, и на тој начин да ги исполнат критериумите за да се стекнат со правото на користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

igor

Николов:Директорката на ДСЗИ Бухова, наместо за граѓани работи за партијата, бараме нејзино разрешување

И додека се наоѓаме во екот на борбата со корона епидемијата. Пресудно во оваа борба е здравјето на лекарите, медицинските сестри и техничарите. Тоа се тие кои што секојдневно се изложени на ризик од вирусот за сопственото здравје, како и ризикот за своите деца и своите семејства, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Пресудно во оваа борба е тестирањето на пациентите кои се сомнителни за корона како и навременото добивање на резултати.Пресудно е да се набави опрема која е неопходна за третманот на пациентите. Наместо тоа од медиумите се дознава за секојдневни обиди да се набават респирастори кои се објавуваат, па се раскинуваат и сето тоа внесува голема недоверба кај сите, медицинските работници и кај пациентите.Денес сме сведоци дека Министерството за здравство, наместо да го зголеми бројот на тестови ги намалува, а се со цел да манипулира. Наместо тестирањето на пациентите и ризичните групи како лекарите и здравствените работници, да биде главно оружје во борба со епидемијата, тие ги користат за манипулираат резултатите и за дневно политичка пресметка.Во таа пресметка се вклучени сите институции, меѓу кои и ДСЗИ кои наместо да работат за доброто на граѓаните, активно се вклучени да помогнат во политичките дискриминации и девалвации на челниците на СДСМ. Заради тоа, бараме веднаш да се разреши директорката на ДСЗИ Ирина Бухова, која се своето непрофесионално однесување директно е вклучена и директно завзема страна во политичките пресметки на челниците од СДСМ, а сето тоа на штета на лекарите. За Бухова најлесно е да ги казни лекарите, наместо да ја изнесе вистината за политичката пресметка во која е втурната.Бараме да се овозможи јавен увид на резултатите од тестирањата, и да се престане со манипулација со резултатите од тестирањата, нивното спроведување и нивното објавување.Бараме да се заштити медицинскиот персонал и здравствениот систем, со брзо тестирање на пациентите кои се сомнителни и добивање на навремени резултати. На тој начин ќе може и да се задоволи потребата за третман на пациентите кои што имаат друга патологија освен Ковид.Надменоста и неприфаќањето на предлозите само дополнително доведува до нови проблеми. Не можеме долгорочно да се спротивставиме на епидемијата со нови заболени лекари, медицински сестри и болничари.Филипче треба да преземе мерки, доста беше фиктивна изолација заради средба со една негативна личност, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

maska

Не се опуштајте - непочитувањето на уредбата за носење на заштитна опрема од денеска се казнува прекршочно

Со одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници од 47-ма седница, Владата на Република Северна Македонија утврди дека на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот.Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро следниот ден. За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот. Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија, како и задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.Непочитувањето на Уредбата за носење на заштитна опрема, од денеска ќе се казнува прекршочно. Предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност.На сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица, но овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час.Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

МВР: Повторно злоупотребено името на државната секретарка

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска до одредени граѓани и правни лица повторно, како пред десетина дена, од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура.Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

milena-kokotkova

Фокус: Некогаш угледна професорка на штипската гимназија, а денес е препуштена на себе

Милена Кокотова, своевремено угледна професорка и директорка во гимназијата во Штип, денес на нејзини 87 години е беспомошна, болна и препуштена самата на себе. Старицата која боса, со крвави стапала и рани на нозете, вчера случајно ја забележал штипјанецот Александар Георгиевски како влегува во маркет, го оставила без зборови. Тој се загрижил од глетката, но ја изгубил жената од видик. Но, затоа кога денес повторно ја сретнал во Штип на улица, босонога и крвава на нозете, без двоумење се упатил кон неа, со цел да и понуди помош, објави ФОКУС.МК.Тој во минатото цели десет години работел како пожарникар во Штип, а потоа се преселил во Швајцарија. Сега повторно се вратил во Македонија, и вели дека покрај се што видел во животот, додека работел во противпожарната служба, случајот со професорката го оставил без текст.Тој апелира надлежните служби да не чекаат ниту миг, и веднаш да ја згрижат старицата, бидејќи стравува дека ако остане сама во станот, нема уште долго да живее.Текстот во целост на: ФОКУС.МК.фото: ФОКУС

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

НБ: Финансиската стабилност ќе биде одржана

Финансискиот систем е подготвен да се справи со корона-кризата. Прудентната регулатива на финансиските регулатори, во голем дел усогласена со европските регулативи, придонесе системот да е во кондиција со којашто може да се справи со шокот предизвикан од пандемијата на ковид-19.          Ова се дел од констатациите на вчерашната седница на Комитетот за финансиска стабилност. Со седницата претседаваше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа и министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски.Комитетот започна да работи со учество на сите финансиски регулатори, во согласност со меморандумот за соработка којшто беше склучен неодамна, при што на седницата детално беа анализирани досега преземените мерки за одржување на финансиската стабилност, како и остварените и очекуваните резултати. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска најпрво се осврна на досега преземените мерки на Народната банка, коишто се однесуваат на банкарскиот систем, а кои имаат за цел одржување и натамошно зајакнување на неговата стабилност, но и создавање предуслови банките и покрај бројните предизвици со кои се соочуваат, да продолжат  и понатаму да обезбедуваат неопходна кредитна поддршка за економијата. Акцент беше ставен на регулаторните измени со коишто се овозможи поголема флексибилност за банките при реструктурирањето на кредитите со цел  олеснување на финансискиот товар на кредитокорисниците. Исто така, беа посочени и мерките коишто имаат за цел ослободување на ликвидност на банките и нејзино насочување кон поддршка на економијата, преку намалениот износ на понудата на благајнички записи и можноста за ослободување на задолжителната резерва за реструктурираните и одобрените кредити на погодените сектори. Беа објаснети и привремените олеснувања во однос на регулаторните известувања и супервизорскиот пристап за банките, со коишто им се овозможува поголема фокусираност на потребите на граѓаните и компаниите.Како што посочи гувернерка, при носењето на секоја од мерките, од Народната банка се анализира нејзиното влијание како врз секоја банка одделно, така и врз банкарскиот систем во целина, со цел мерката истовремено да е во функција на поддршка на македонската економија и во функција на одржување на финансиската стабилност.             „Најновото стрес-тестирање покажува дека и кај банките одделно и кај банкарскиот систем во целина, од минатата година, отпорноста на шокови е зголемена. Системот е здрав и стабилен, со  висока и стабилна ликвидност и солвентност.“ – истакна Ангеловска-Бежоска. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека за квалитетно  справување со моменталната состојба, многу е важна координацијата помеѓу Народната банка и Министерството за финансии. Во делот мерки коишто го засегаат финансискиот систем, преземени се активностите кај финансиските друштва и лизинг компаниите, со воведување на мерка за намалување на ануитетите на корисниците на кредити до 70% од ануитетот. Оваа мерка е преземена со цел да се заштити нивната одржливост и понатамошно работење на пазарот, а со насока да се заштитат и корисниците на кредити. Mерките коишто се преземаат кај реалниот сектор се во насока на одржување и покачување на ликвидноста преку две линии бескаматни кредити, даночни ослободувања, мерки за финансиска поддршка, но и редовните активности – како брзо сервисирање на повратот на ДДВ кон фирмите.„Повратот на ДДВ кон фирмите само за април изнесува 38 милиони евра, што е за 23% повеќе во однос на истиот месец лани. Повратот на ДДВ од почетокот на годината изнесува 145 милиони евра, што е за 16,7% повеќе во однос на истиот период лани. Брзиот поврат на ДДВ е од исклучителна важност за одржување на ликвидноста на фирмите, особено во овие услови на здравствено-економска криза. Исто така, кон зголемување на ликвидноста се дејствува и преку бескаматните кредити од линиите „Ковид 1“ и „Ковид 2“ на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, коишто се од големо значење бидејќи ги таргетираат микро, малите и средни претпријатија. Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана линија евтини кредити во износ од 51 милион евра. Понатаму, тука е и мерката за одложено плаќање на аконтациите на данокот на добивка за фирмите и данокот на личен доход за самостојните вршители на дејност. Преку мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за април и мај, чиј износ се проценува на околу 100 милиони евра, покрај основната намена за исплата на плати и зачувување на работните места, таа претставува дополнителна голема ликвидносна инјекција во стопанството“ – рече Ангеловска. Претседателката на КХВ, Нора Алити се осврна на активностите коишто КХВ ги презеде со цел обезбедување на континуитет во функционирањето на пазарот на капитал  и стабилизирање на цената на акциите на берзата. „Вкупниот промет реализиран на Македонската берза заклучно со 28 април изнесува околу 78 милиони евра. Споредбено со главните берзански индекси во регионот, главниот берзански индекс МБИ 10 има најнизок пад од 6.92%, во однос на вредноста на последниот ден на тргување во 2019 година.“ – истакна Алити.Таа посочи и дека во насока на поголема транспарентност, КХВ побара од котираните компании да делуваат согласно со префиксот „повеќе од“ чиста усогласеност и „повеќе од“ обелоденувањe, по што друштвата веќе почнаа освен навремените известувања, на СЕИ Нет да ги објавуваат и процените на менаџментот за влијанието на корона-кризата врз работењето на компанијата  во првиот квартал, како и врз идното финансиско работење. На седницата беше нагласено дека влијанието на пандемијата на ковид-19 врз светските финансиски пазари се очекува да има само краткорочни ефекти врз пензиските фондови, имајќи предвид дека тие се долгорочни инвеститори. „Нашите пензиски фондови сѐ уште се во фаза на акумулација и се очекува нивно постепено опоравување и стабилизирање, што би довело до добри инвестициски резултати коишто ќе надоместат за остварувањата предизвикани од актуелните пазарни шокови.“ – кажа претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али.Тој истакна дека над 95% од членовите на вториот пензиски столб се помлади од 50 години возраст и дека се очекува краткорочните неповолни влијанија од корона-кризата да бидат неутрализирани во натамошниот период. Како што нагласи Али, не се очекуваат значајни промени и движења во структурата на средствата на пензиските фондови, коишто би можеле значително да влијаат на финансиската стабилност. Претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски, нагласи дека осигурителниот сектор продолжува да функционира стабилно, со идентификувани предности и ризици коишто треба да се следат со цел да се одржи овој тренд. Како што посочи Шајноски, досега АСО донесе два пакети на мерки. Со првиот пакет, меѓу другото се наложи на осигурителните друштва да ги преземат сите можни мерки за одржување на нивниот капитал и солвентност во насока на целосна заштита на правата на осигурениците. „Со донесените измени на три правилници и една одлука им се дава дополнителен регулаторен простор во работењето на друштвата за осигурување, што неминовно ќе има позитивен ефект и врз крајниот корисник на осигурувањето во однос на динамиката на плаќање на обврските по премии и навремената и реална исплата на штети. Со регулаторните измени, меѓу другото се овозможува друштвата за осигурување да обезбедат ликвидни средства за нормално функционирање и редовна исплата на штети.“ – истакна Шајноски. На седницата беше констатирано дека со мерките коишто се преземаат и дополнително се гарантира дека финансиската стабилност ќе биде одржана. Сите финансиски регулатори изразија подготвеност и решеност и за натамошно координирано следење на состојбите, при што се подготвени секогаш кога ќе биде потребно да преземат и натамошни мерки и активности, во согласност со своите надлежности. фото: НБ 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Охрид трчаТ“, годинава ќе се одржи од 28 до 30 август

Датумот е нов, но целта иста. Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2020“ збогатен со полумаратон (21 километар) да биде спортски празник од светски размери во Охрид. Четвртото издание на „Охрид трчаТ“, ќе се одржи од 28 до 30 август низ градските улици со позитивна енергија и атмосфера, како никогаш претходно.Официјално, ве известуваме дека поради новонастаната ситуација со Ковид -19. го одложивме Охрид трчаТ од 7 јуни и го презакажавме за последниот викенд од август месец. Одлуката за избор воопшто не беше лесна. Сакавме и размислувавме за Вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можеме да ви понудима опција што е најприфатлива. Ние ќе се погрижиме за добар спортски викенд во Охрид. Гратис од нас добивате бањање во Охридското езеро и затоа носете со вас купачи!Чувајте се и се надеваме дека ќе ве видиме на трката во август! Што се однесува до сите регистрирани тркачи до сега, во следните 24 часа ќе испратиме е-пошта со информации за опциите што ги подготвивме за вас. Пријавените учесници имаат три опции. Задржување на пријавата за учество оваа година. Целосно рефундирање на финансиската средства од пријавата. Автоматска пријава за следното петто издание на Охрид трчаТ.фото: Охрид трчат

Македонија | пред 6 години

Civil

ЦИВИЛ ги повикува политичките партии, владата и собранието да работат на дополнително менување на законите во полза на работничките права

ЦИВИЛ им го честита 1 Мај на сите работнички и работници во Република Северна Македонија и во светот. Овој ден е посветен на работничкиот протест и на гласните барања да се престане со нечовечниот и експлоататорски однос кон работничките и работниците.ЦИВИЛ ги повикува синдикатите, граѓанските организации, политичките партии да се вклучат во борбата за социјална правда и работнички права.Првата и најголема жртва на економските последици од пандемијата се токму работничките права. Затоа, не е доволна само политичката волја и мерките на владата, туку вклучување на целото општество. Крајно време е да се покрене вистинска и доследна акција за заштита на работничките права во услови на пандемијата која ѝ зададе силен удар на светската економија. Уште поважно од тоа е да не се користи економската криза како изговор за намалување на работничките права, туку нивно унапредување, на сметка на дебелите профити на капиталистите.Пандемијата и економската криза не смеат да бидат изговор на капиталистите за кршење на работничките права!ЦИВИЛ ги повикува политичките партии, владата и собранието да работат на дополнително менување на законите во полза на работничките права и нивно доследно спроведување.Дел од работничките и работниците во Северна Македонија работат во тешки услови, најчесто без основни средства за заштита при работа, а се чести жртви и на мобинг на работното место. Жените работнички и самохраните мајки се во уште потешка положба.Препознатлива е политичката волја и реформите во доменот на социјалната правда и работничките права во последните три години, но тоа не е доволно. Потребно е вклучување на целото општество: охрабрување на жртвите на кршењето на работничките права да пријавуваат, вистински синдикати чија основна и единствена цел се работничките права, граѓански организации што гласно говорат и медиуми кои не ги кријат фактите.ЦИВИЛ ги повикува работничките и работниците да пријавуваат кршење на нивните права, мобинг и дискриминација. Најважно е прво тие да се охрабрат и гласно да ги побараат своите права, бидејќи им припаѓаат!Среќен 1 Мај!

Македонија | пред 6 години

kafule

(ВИДЕО) До темел изгоре кафуле во ТЦ Мавровка во Скопје

Голем пожар избувна доцна синоќа после полноќ во едно од кафулињата сместени во трговскиот центар во „Мавровка“. Противпожарната бригада интервенираше со неколку возила.Засега не се знае причината за настанувањето на пожарот, но видлива е голема материјална штета.Според видеото од АЛСАТ може да се забележи дека пожарот го уништи целосно кафулето. фото: АЛСАТ

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања