Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители

Честитка од претседателот Џафери за 1 Мај. Во честитката се вели: -Почитувани граѓани, би сакал од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам Меѓународниот ден на трудот, Први мај.Први мај ја одбележува борбата за права на работниците и го одржува споменот на жртвите од чикашкиот штрајк поради кој овој датум се одбележува традиционалнo со демонстрации. Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители. Ниту еден економски напредок не може да биде постигнат без најважниот фактор, а тоа е човечкиот труд и потенцијал. Во овие денови исполнети со предизвици и неизвесност предизвикани од Коронавирусот, вредноста на работниците е уште поскапоцена.Затоа драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам Денот на трудот и да ја искажам мојата поддршка во барањата за остварување на Вашите работнички права, се вели во честитката од Талат Џафери.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Не знам како може да преговара владата за тоа што бил Гоце Делчев, па врз него ние ја изградивме нашата држава, тој не е за преговори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија при што посочи дека е недозволиво да се преговара за Гоце Делчев, бидејќи врз него се изгради Република Македонија.„Јас не можам да разберам да раговараме и да преговараме што бил Гоце Делчев и не можам да го разберам претседателот на нашата држава кој што вели дека Гоце Делчев бил бугарин. Ние државата ја темелиме на тоа име, тоа не е за разговори, тоа не е предмер на преговори. Гоце Делчев е државата Македонија. Тоа е исто како да им кажете на турците што бил Кемал Ататурк. Тоа се работи за кои што не се разговара. Ова држава постои за тоа име, сме го избрале како народ тоа име и сме ја формирале оваа држава“, истакна Мицкоски.Мицкоски во своето гостување порача дека никој не може да го убеди дека Гоце Делчев бил нешто друго поинакво од Македонец.„Роден сум така, воспитуван, сум го учел тоа, сум служел војска за оваа држава, луѓе гинеле за оваа држава за тоа име. Тоа име ние  го имаме  во нашата  химна“, додаде Мицкоски.„Изјавите на Денко Малевски дека Гоце Делчев е Бугарин се пробен балон и обид да се увиди како македонската јавност би реагирала доколку Владата на Заев прифати вакво нешто во преговорите со Бугарија“, истакна Мицкоски.„Tоа е јасно како ден, зошто ако не беше така ќе се откажеа како што се откажуваат од еден нивен градоначалник овие денови. Ветив дека нема да го споменувам ама морам да го споменам. Како се оградуваат од него, така можеа од Денко да се оградат. Да речат, извинете ама ние се оградуваме од ова што го говори овој човек. Ама гледате дека не се оградија, значи они оставаат простор за преговори. Не можеме да зборуваме за прифаќање на такви работи. Ние сме се обединиле околу Гоце Делчев и тоа не доаѓа во предвид. Ова нема врска со прагмата и нема никаква врска со понатамошното интегрирање на нашата држав во ЕУ. Нема никаква. Затоа нас ни се потребни зрели луѓе и политичари кои што знаат ова како да го исправат“, вели Мицкоски.Мицкоски додаде дека Република Македонија има многу јунаци и тука е и Гоце Делчев со кој сме ја воделе и создавале оваа држава.„Гоце Делчев секогаш бил нишката околу која македонскиот народ и граѓаните на оваа држава без разлика дали биле Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи се собирале и ја граделе оваа држава“, посочи Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ivica

Ивица Мицев: Иднината на земјата треба да биде предводена од дигиталната трансформација во јавниот сервис

Интервју со Ивица Мицев – Македонски Концепт – Кандидат на листа на пратеници во изборна единица 3Ивица Мицев – Менаџер на практика во софтверска компанија, софтверски инженер со повеќе од 10 годишно искуство во полето на ИКТ.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Ивица Мицев: Во Македонски концепт препознав реална идеја и визија за иднината на нашата држава. Препознав државност и државен патриотизам наспроти екстремен национализам. Лично, пред МК Концепт да излезе на сцената речиси бев готов да емигрирам во некоја нормална држава по белиот свет, не заради економски причини, сакав да најдам нормалност, нормални процеси, нормални теми на разговор како кога ќе разговараат двајца колеги за технолошки достигнувања и иновации на дневна основа наместо за политика и корупција.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Ивица Мицев: Не, јас сум не ажуриран член на ВМРО-ДПМНЕ на неодредено време, и освен тоа што сум бил член, не сум учествувал до сега во некои значителни политички активности.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Ивица Мицев: Концепт, наш автентичен со јасна насока на движење, длабоки реформи во општеството и што побрзо изедначување со Европските држави.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Ивица Мицев: Некомпромисна борба со корупцијата, суштински реформи во начинот на управување на државата, целосно потпирање на дигиталните технологии, рекомпонирање на здравствениот и образовен систем, подобрување на условите за правење бизнис.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Ивица Мицев: Државниот патриотизам односно, сите сме чеда на Македонската република и државните услуги по електронски пат, односно проектот „Државен Шалтер“. Како што гледаме сега, соочени со криза во која се препорачува да се седи дома, можеме да почувствуваме колку всушност ни е потребна онаа информатичка комуникациска технологија за да продолжиме да функционираме.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Ивица Мицев: Со сето мое знаење и енергија ќе ја промовирам дигитална трансформација на државата по моделот на Естонија, а тоа повлекува и длабоки реформи во начинот на функционирање на државата.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Ивица Мицев: Како што веќе одговорив во претходното прашање, ќе се залагам и ќе го промовирам процесот на дигитална трансформација од каде лично сметам дека ќе се створи нова платформа за понатамошен развој на сите процеси и реформи, воопшто. Градејќи нормална држава по која сите копнееме, имаме реални шанси да го вратиме квалификуваниот млад кадар назад, за да работи и твори во Македонската држава.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Ивица Мицев: Проектите се еден вид временска рамка потребна за реализација на одредена цел. Нам ни требаат конкретни проекти за да се извлечеме од сегашната ненормалност и да ја реформираме улогата на државата, за да ја насочиме во служба на граѓаните. Само на тој начин, секој граѓанин ќе ја чувствува Државата како своја и ќе го негува и придонесе кон нејзиниот развој воопшто.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Ивица Мицев: Држава со закрепната економија, стабилна членка на НАТО, во екот на преговори со ЕУ каде спроведените суштински реформи ќе почнат да ги даваат очекуваните резултати.фото: „Македонски концепт“

Македонија | пред 6 години

korona-1

47-годишен битолчанец се излекувал од коронавирус, но починал откако му откажале бубрезите и срцето

47-годишен битолчанец кој на Клиничката болница во Битола, кој успеал да се излекува од коронавирус, вчера починал во болницата откако му откажале бубрезите и срцето, објави САКАМДАКАЖАМ. Станува збор за пациентот кој со психијатриска дијагноза пред дваесет дена беше хоспитализиран во Битолската болница, а откако се покажа позитивен на КОВИД-19 беше префрлен на Инфективното одделение.Од Министеротвото за здравство соопштија дека на пациентот двата последни земени бриса од 25 и 27 април му биле негативни, па по проценка на инфектологот тој бил излекуван од КОВИД-19. Бил однесен на дополнителни испитувања, му се направил КТ преглед на глава и плумолошки, како и невролошки преглед. Како што дознава СДК.мк бил свесен, контактибилен, но се жалел на укоченост, болки во нозете и неможност да се движи. Бидејќи била забележана крв во урината, бил повикан уролог и била направена промена на катетерот и промивка.Бил упатен на Психијатриското одделение за конзилијарен преглед. Одеднаш станал неконтактибилен, со тешко дишење и други компликации, па бил пренесен на КАРИЛ во изолирана соба. Според Министерството за здравство биле направени лабораториски испитувања кои укажале на акутна бубрежна инсуфициенција и кардиак арест. Спроведената реанимација по протокол кај пациентот била неуспешна и починал.„Консултирани се епидемиолози и нивен став е дека пациентот е со два негативни теста за КОВИД-19 и е излекуван, а смртта настапи поради влошување на општата здравствена состојба“, стои во соопштението Министерството за здравство.Извор: СДК.мк

Македонија | пред 6 години

Petar

Богојески: Како што имало специјален данок во Британија „Воен данок“, кај нас треба да има „корона данок“ според кој оние кои го приватизираа имотот во милијарди може сега да бидат солидарни

Петар Богојески од „Македонски концепт“ за емисијата „Само вистина“ изјави дека оваа Влада е „хибридна“ и е внесена во меѓусебните расправии. Богојески дебатираше со професорката Мирјана Најчевска. Тие имаа спротивни ставови околу прашањето за повторно свикување на пратениците во Собранието. Ставот на Богојески е дека еднаш распуштено собрание неможе повторно да се состене, додека Најчевска смета дека Собранието треба да одржи седница уште утре, затоа што како што кажа Собранието според нашиот устав е во постојано заседание.„Изборните рокови ќе течат од 16 натака, по завршувањето на вонредната состоба, ако се претпостави дека нема да се продолжи истата, а ова значи дека изборите би се одржале на 21 или 28 јуни“, истакна Богојески.https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/798993930589343/?epa=SEARCH_BOX“Што се однесува до кризата покрај тоа што имавме брзорастечка криза поради короната, сега имаме брзорастечка криза во економијата“, смета Богојески. Тој вели:“Како што имало специјален данок во Британија „Воен данок“, кај нас треба да има „корона данок“ за најголемопоседниците и оние кои го приватизираа имотот во милијарди може сега да бидат солидарни и државата да ги оданочи со сериозен процент, истакна Богојески.„Тие се расправаат кој во која Вибер група е и кој автомобил го земале службено. Владата е затворена за сите наши сугестии и предлози за решавање на особено економската криза. Што се однесува до економската криза напишавме и сами уредба и ја доставивме до Влада, за тие да не се мачат сами да ја пишат, барем да имавме некој информација да ни кажат ви благодариме ја примивме вашата предлог мерка. Владата не покажува никаква комуникација со тие кои не сме од владиното мноинство. Најмногу се чувствувавме повикани да зборуваме за економски мерки и тука се драматизира, како и со здравствената криза. Сеуште немаме точни бројки колку Македонија во последниве два месеци настрада, еднаш министерката за финасии кажа фрапантни бројки, кои подоцна и самите ги демантираа. Ние предложивме неколку мерки, долгорочни, на среднорочен план и краткорочен план. Една од главните мерки која ја предложивме, наспроти непопуларната мерка за зголемување на акцизата за горивото, преложивме да се воведи 1% дополнителен придонес, кој го нарековме „придонес од општествена одговорност“, а тоа е 1 % од вкупните месечни приходи на компаниите. Ова сметаме дека е и спроведливо и правично и солидарно“, смета Богојевски.Тој додаде дека компаниите кои не работат, особено оние кои се затворени со уредба на Влада поради мерките со короната, нема да платат ништо, ова е само за компаниите кои работат и кои заработуваат екстра добивки во овој период ќе платат најмногу.Професорката Мирјана Најчевска смета дека еден од најголемите проблеми е тоа што беа донесени многу рестриктивни мерки, без сетоа тоа да биде систем на делување на институциите. Ова доведе да дојде до неконтролирана концетрација во Владата со што дури и најдобрите немари може д аги претвори во негативни резултати.„Не беа создадени специфични тимови, не само што ќе се занимаваат со здравствениот аспект, туку требаше и тимови кои ќе се занимаваат со економски елементи, но и со елементи на човековите права, работничките права како и се што може да претставува психолошки, педагошки или друг облик на влијание кои овие ограничувања може да го имаат во заедницата“, истакна Најчевска.Со оглед на поведението на Македoнското собрание затоа што ова е малку подобро од претходното, јас не очекувам ништо што би можеле да направат, па и на ваква Влада да направат па и да исконтролираат било што.„Забележавмe и неколку донесени уредби од Влада кои не беа јавно објавени. Внимание предизвика оваа уредба на Влада со платата од СЈО, не затоа што е е скандалозна самата уредба, туку затоа што не беше транспарентно објавена или Владата се обиде да ја сокрие“, истакна Богојевски.Богојески и Најчевска се сложија дека транспарентноста е сериозно намалена.„Се надевам дека наредниот парламент, кој за брзо ќе биде изберен, ќе најде сила и мора да ги потврди овие одлуки на Влада“, истакна Богојески.Тој вели дека загрижува друг момент.„Владата има право да носи уредби додека трае рокот на вонредната состојба. Претседателот Пендароски не ја продолжи оваа состојба, тој настапи државнички и објави нова вонредна состојба, а ова значи дека уредбите на Влада кои се практикуваат сеуште, а се донесени во прватa вонредна состојба не се во важност во вториов рок. Тие мораше да ги предонесат повторно, или можеби тоа го направија немаме информација поради нетранспарентноста. Не знам колку води грижа Владата се да биде во рамки на уставните норми“, истакна Богојески.„Ние и предлагаме на Владата да донесе уредба со која ќе го либерализира банкарскиот сектор. Ова значи дека политичарите наместо да се закануваа дека со уредба ќе им се мешаат во работата на банките, Владата е таа која треба да обезбеди либерални услови. Во овој момент ние имаме право да комуницираме со домашните банки, но немаме никаво право да комуницираме со финански институции и странски банки, нити смееме нашиот капитал да го вложуваме таму, ниту смееме да се позајмуваме од таму. Пример да си обезбедиме ефтин кредит со кој бизнисот би го продолжиле нормално. Владата треба да го падне банкарскиот монопол во Македонија. Нашите банки нека си продолжат да работат како мислат, но ние имаме потреба да имаме пристап до ефтини банкарски кредити од светот, и конечно да ги ослободиме граѓани од должничкот т.е како што јас го викам „каматно ропство“, истакна Богојеки.Професорката Најчевска истакна дека се плаши од идејата да им се дадат одврзани раце на банките.„Во нашата држава банките се поставуваат над законот се однесуваат како да се наддржавни законски творби. Мислам дека банките имаат одредени лихварски карактеристики“, истакна Најчевска.фото: Prtsc

Македонија | пред 6 години

kolev

Колев: Многу брзо заборавате вие од СДСМ

Не беше одамна кога Македонија имаше една друга техничка влада, водена од премиерот Емил Димитриев, која беше изведена како плод од пржинските преговори за излегување од политичката криза и падот на режимот на Груевски. Оној истиот Груевски кој денеска од Будимпешта преку социјалните мрежи ни нуди „генијални“ решенија, но никако да се врати во татковината и да си ги одлежи оние скромни 30 месеци затвор, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на ГДУ.Се сеќавате ли вие од СДСМ на г-дин Груевски и вашите најави за неговата идна судбина, основно затворска? Да ве потсетам ако сте заборавиле, а мислам дека сте, имаше затворски билети и за многу други функционери на ВМРО-ДПМНЕ, барем по вашите зборови и ветувања на митинзи. Но од денешна перспектива не можам да се сетам за ниту еден со ефективна затворска казна.Туку не беше целта само да ве потсетам за г-дин Груевски, сакам да ве потсетам во контекстот на вашето барање за избори јуни или јули за владата на Емил Димитриев. Таа влада требаше да спроведе избори и да заврши со функционирање за месец до два, но нели имавме режим и изборите беа одложувани неколку пати.Ако сте заборавиле да ве потсетам, требаше да има избори во април. „Не нема да има избори во април, бидејќи нема услови и има режим“, тоа беа вашите ставови. Потоа избори на есен?„Не, нема да има избори на есен, Избирачкиот список е проблем и има режим“, тоа значи дека немаше услови и поради сето тоа стигнавме до избори дури во декември.Да, согласен сум! Имаше режим и немаше услови и точно поради потребата од демократски и фер избори, процесот беше пролонгиран неколку пати.Емил Димитриев си истера 1 и кусур година како премиер и тоа е факт. Тогаш немаше проблем ниту со рокови, ниту со Устав, ниту со закон, ниту со ништо, нели почитувани од СДСМ? Тогаш имаше режим и требаше да се сруши.Бидејќи сите молчат мислам дека некој треба да ве потсети на овие факти од блиското наше минато, во контекст на вашето барање за избори во јуни или јули.И да ви споделам нешто искрено дами и господа од СДСМ, не само што заборавате туку вие се стремите да станете уште пософистициран режим. Вие со вашите настојувања по време на светска пандемија да организирате избори не сте режим, вие сте хипер- режим, нешто кое не го памети ниту една држава на европскиот континент.И сето тоа го правите само и единствено од режимски, тесно партиски и диктаторски нагони кои за модерните европски демократии е незамисливо.Да го изложиш на опасност здравјето на сите македонски граѓани, да очекуваш поради страв да не излезат на гласање неопределените, да ја притискаш администрацијата, да делиш пакети прехрамбени и да правиш ПР од тоа, верувајте и Груевски ќе ви завиди.Затоа почитувани од СДСМ, ние малкуте искрени демократи и граѓани кои веруваме во демократијата како човекова вредност и придобивка, не ни останува ништо друго освен да ги информираме европските институции за вашите режимски намери, па нека ни се чуди цела Европа кој е тој генијален ум кој што по време пандемија подготвува избори.Вие почитувани од СДСМ не сте режим, вие сте хипер, ГМО режим, скриен зад превезот на европските и НАТО вредности.На Македонија и се потребни фер и демократски избори, кои ќе се случат во едни нормални услови. На таквите избори граѓаните слободно и без страв ќе излезат и ќе гласаат. Искрено се надевам дека иако вие од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ брзо заборавате, нашите сограѓани паметат сѐ, од 1991 до денеска и веќе е дојдено времето кога треба да ви кренат црвен картон, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на ГДУ.фото: ГДУ  

Македонија | пред 6 години

devojka-pretepana

По две и пол години затвор за штипјаните кои претепаа девојка

Судиите донесоа одлука – двајцата штипјани кои тепаа девојка во ходник на зграда добија затворски казни по две ипол години. И двајцата се до правосилноста на пресудата ќе останат во затворот во Куманово каде ја издржуваат притворската казна.Тие на претходното  рочиште во Основниот суд во Штип, се покајаа за стореното, а во признанието тврдеа дека недоразбирање довело до насилството.Тие и нивниот бранител денес не присуствуваа на објавата на пресудатаСо девојката-жртва на малтретирањето на двете момчиња, работеше мултисекторски тим што доведе до полесен пристап до правда, а стручната помош треба да и помогне на 21 годишната девојка полесно да ги преживее последиците од насилството. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

30042020_MON_Ademi_pres-konferencija-1

Адеми: Учениците ќе учат од дома до 10 јуни, матурантите се ослободуваат од полагање матура

Учениците од основните и средните училишта ќе ја продолжат наставата со далечинско учење до 10 јуни, односно нема да се вратат во училишните клупи, додека матурантите оваа година ќе бидат ослободени од полагањето завршен испит и ќе можат со дипломата издадена за завршено средно образование да се запишат на некоја од високообразовните институции во земјава, се само дел од сетот мерки што Владата на Република Северна Македонија ги усвои на денешната седница по предлог на Министерството за образование и наука.Министерот за образование, Арбер Адеми на прес-конференција напомена дека се работи за сет од девет мерки, со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во овие вонредни околности и услови предизвикани од појавата и ширењето вирусот КОВИД-19.„Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Кризниот период се чини дека полека поминува, но и натаму постои ризик по здравјето на граѓаните. Така што, учениците нема да се вратат во училишните клупи до 10 јуни. Апелирам и ги охрабрувам сите учесници во воспитно – образовниот процес максимално да се ангажираат и продолжат да ги извршуваат своите обврски и да дадеме еден заеднички придонес за квалитетот на далечинското учење да се издигне колку што е можно повеќе над оптималното ниво“, истакна Адеми, напоменувајќи дека на сите наставници кои до денот на прогласување вонредна состојба биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се продолжува до крајот на учебната година, а воедно ќе се обезбеди и соодветна замена за секое испразнето работно место на наставник.Другата мерка се однесува на уписот на првачињата кој вообичаено и согласно законските прописи започнува во месец мај, согласно условите ќе започне во јуни.„Со тоа, родителите и старателите имаат време да се подготват, да ги обезбедат потврдите за задолжителни примени вакцини, како и за извршени стоматолошки и офталмолошки прегледи од надлежна здравствена установа“, потенцираше Адеми, додавајќи дека списоците со запишани ученици, училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.Следните две мерки, рече министерот, гарантираат дека ниту едно училиште за време на вонредната состојба нема да биде оставено без раководни структури и управни органи кои имаат обврска да ја организираат работата непречено и првенствено во интерес на учениците и наставниците, односно се продолжуваат мандатите на раководење и управување во училиштата, како и продолжување на важноста на лиценците за директорите.Што се однесува на учениците од завршните години во средните училишта, тие се ослободуваат од полагање државна матура, училишна матура и завршен испит во учебната 2019/2020 година.„Ова важи и за кандидатите кои полагањето го започнале во некоја од изминатите години, но не успеале и се пријавиле за повторно полагање оваа учебна година“, рече Адеми и додаде дека сите ученици од завршните години ќе ја добијат дипломата која ќе има важност како и дипломите издадени во изминатите учебни години.„На овој начин сакаме да им помогнеме, да го елиминираат стресот од подготовка за полагање на својот последен средношколски испит во овие вонредни околности и да им овозможиме да ја започнат потрагата по соодветен работен ангажман, или пак да го продолжат своето образование на повисоко, академско ниво“, рече Адеми, истакнувајќи дека покрај лицата со положена државна матура во некоја од изминатите години или меѓународна матура, на факултет во земјава ќе можат да се запишат и сите лица кои се стекнале со диплома за завршено четиригодишно средно образование во оваа учебна година.Следната мерка која е поврзана со високото образование, се однесува на продолжување на важноста на студиските програми на сите три циклуси чија важност престанала во академската 2019/2020, за една дополнителна година, додека, роковите за донесување на решение за акредитација, решение за почеток со работа на нова студиска програма или високо образовна установа се пролонгираат за 3 месеци од престанокот на вонредната состојба.„Продолжува и реализацијата на сите останати права во областа на образованието, односно исплатата на парични надоместоци по основ на стекната стипендија, некој од еднократните парични надоместоци како финансирање на објава на научни трудови и слично. Во рок од две недели по завршувањето на вонредната состојба ќе објавиме и повик за покривање на трошоци за пат и котизација за основци и нивните ментори за учество на меѓународни натпревари“, истакна Адеми.Овој сет мерки е изготвен во соработка со низа други надлежни институции во областа на образованието, со поддршка на граѓанскиот сектор и партнерските организации и истите гарантираат непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во овие вонредни услови.„Секако, и натаму како институција сме отворени за разговор, соработка, за добри и конструктивни идеи, сугестии и предлози кои вредат да се разгледаат. Планот за образование не е од затворен тип, туку напротив, во секое време може да биде надополнет во интерес на граѓаните“, констатираше министерот.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

30042020_MZ_Filipche_pres-konferencija-1

Филипче: Денеска имаме повеќе оздравени пациенти отколку активни случаи; Екстрахирана плазма на двајца пациенти

На денешната редовна прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше дека денеска за првпат беше екстрахирана плазма на двајца пациенти, коишто се ковалесцентни, значи се во фаза во која се носители на антителата против вирусот. Во следните денови, додаде министерот за здравство и терапијата со озон во Градската општа болница (ГОБ) „8-ми Септември“ ќе биде аплицирана на пациенти, каде што експертите ќе ја индицираат.„Денеска се регистрирани 111 оздравени пациенти, и тоа: во Скопје 13 пациенти, во Куманово 74, Штип еден, Прилеп 18 , Битола еден, Охрид еден, Крива Паланка еден и во Пробиштип и Демир Хисар по еден пациент. Со ова, денеска имаме повеќе оздравени пациенти отколку активни случаи, односно 738 оздравени пациенти и 650 активни случаи. Регистрирани се четири смртни случаи на Клиниката за инфективни болести, пациентка на 62 годишна возраст- оперирана од карцином пред 10-тина години, во Градската општа болница „8-ми Септември“, пациентка на 59 години, оперирана заради проблеми со стомакот, акутен абдомен, дијагностицирана позитивна на КОВИД - 19 вирусот во тешка состојба на респираторна машина“, потенцираше министерот Филипче, кој посочи дека во денешниот извештај се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово и двете со претходни заболувања.„Во однос на новите тестирања и новите дијагностицирани случаи, во изминативе 24 часа направени се 386 тестирања. Потврдени се 23 нови случаи, и тоа во Скопје пет пациенти, Куманово пет, Прилеп три, Тетово шест, Велес два и Неготино два пациенти. Лицата кои се регистрирани како случаи во Неготино се жители на Демир Капија и тоа често се случува. Не станува збор за превид, туку Институтот за јавно здравје работи на национално ниво и согласно тоа, Демир Капија спаѓа во подрачното ниво на Неготино, така се водат случаите. Вкупната бројка на дијагностицирани случаи, од почетокот на епидемијата кај нас сега изнесува 1.465, како што кажав оздравени 738, починати 77, во моментов активни 650. Со последните 386 тестирања, направени се вкупно 16.436 тестови“, истакна министерот Филипче.Министерот Филипче подвлече, дека утрово било разговарано на Комисијата за заразни болести и констатацијата е дека се намалуваат и индикациите за тестирања како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории, што оди во насока на стишување, намалување на епидемијата нешто што, како што рече министерот се очекуваше во овој период.Според информациите на министерот Филипче, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има двајца нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 49, на механичка вентилација двајца. Во болницата „8-ми Септември“ примени се пет нови пациенти, вкупно хоспитализирани се 24, на респираторна машина има четири пациенти. Во Битола се лекуваат четири пациенти, а се следат и пациенти на домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани два пациенти, пет се на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово вкупно хоспитализирани се 46 пациенти.Филипче информираше и за состојбата на Клиниката за детски болести, каде имаше тројца вработени позитивни на КОВИД-19 вирусот, лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, сите без симптоми. Тој додаде дека по изминати 14 дена, првиот контролен брис кај лаборантот е негативен, другите тестирања ќе бидат готови во следните денови. Кај 23 лица, нивни контакти, после изолацијата од 14 дена се асимптоматски.„Веќе се изготвени сите протоколи за функционирање на многу општествени сегменти, економски оператори, фабрики, јавен превоз итн. Во текот на следната недела тие ќе бидат официјализирани после финалните консултации, да се слушнат евентуални сугестии после што ќе ги презентираме јавно, исто како и временскиот период во којшто ги очекуваме овие, ќе ги наречам попуштања на рестрикциите. Сето тоа ќе биде постепено, планирано со цел да не се создадат гужви, ниту да се создадат услови за масовни собири“, истакна Филипче.Во однос на активностите, случувањата околу Центарот за јавно здравје во Велес, Филипче рече дека денеска ќе биде назначен нов директор.Во врска со брзо и точно информирање на граѓаните со официјални податоци поврзани со справувањето со коронавирусот, од вчера функционира уште еден канал каде се споделуваат официјални информации. Станува збор за апликацијата на „Viber“, преку која граѓаните на својот мобилен телефон добиваат информации од страна на Министерството за здравство и Владата.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Pomos-1

МВР со детали за случајот во Струмица

Ве известуваме дека на 29. 04.2020 година, постапувајќи по План и задачи за непочитување на Одлуката на Владата за забрана за движење, во 22,30 часот, во Струмица, на ул:“Ѓорги Трајков’ од страна на полициски службеници од СВР-Струмица, биле затекнати 11 лица и поголем број на пакети со непозната содржина.  Од страна на полициски службеници лицата  се  легитимирани  по што  е констатирано дека дел од лицата поседуваат  дозволи за движење  на вработен  поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение  за хуманитарни цели “Сите заедно можеме“  а дел од лицата поседуват  Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица  на 10.04.2020 година.По овластување на дежурен Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР-Струмица и со Потврда за привременио одземени предмети се одземи предметните дозволи и известувања со цел проверка на веродостојноста на истите.По насоки  за постапување од  Јавниот обвинител дадена е Наредба на полициски службеници  физички да се обезбедуват  пакетите со непозната содржина се до моментот на доставување на целокупната документација за  истите од страна на Здружението  за хуманитарни цели “Сите заедно можеме“.Приведени лица во ПС од ОН- Струмица  нема.  На 30.04.2020 година три лица се повикани на разговор  во СВР-Струмица, по извршен службен разговор лицата си заминале од СВР-Струмица. Во моментот се работи на целосно расчитување и документирање на случајот  во координација со ОЈО-Струмица.Со цел да се утврди дали полициските службеници постапиле согласно правилата и процудурите за постапување од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени мерки и соодветно ќе биде информирана јавноста.фото: Архива    

Македонија | пред 6 години

apteka-kvoti-lekovi

Хроничните болни нема потреба да одат кај матичен лекар по хартиен рцепт, се воведув еРецепт а

Фондот за здравствено осигурување од утре, први мај 2020 година воведува пропишување и издавање на лекови без хартија, преку електронски рецепт еРецепт за хронична терапија за хронично болни лица.Практично, ова значи дека нема потреба хроничните болни да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт.Наместо да губат време за одење, чекање во ординации и враќање, корисниците на хроничната терапија ќе треба телефонски да исконтактираат со својот матичен лекар и да добијат информација дека им е искреиран електронскиот рецепт. Потоа одат директно во аптека и содокумент за лична идентификација ќе можат да ги подигнат пропишаните лекови. Предвидена е можност, друга личност да ја подигне терапијата во нивно име, доколку хроничните пациенти не можат лично да го сторат тоа.Освен тоа што ќе придонесе за поефикасна заштита на пациентите и медицинскиот персонал од актуелниот корона-вирус, електронскиот рецепт ќе продолжи да функционира и по завршувањето на пандемијата со ковид 19. Од први мај ќе функционира за хроничните пацинети, а забрзано и посветено работиме да профункционира за сите осигуреници и за сите дијагнози.Придобивките од новиот електронски рецепт се повеќекратни за сите осигуреници, матичните лекари, аптекарите како и за Фондот за здравствено осигурување.Хроничните болни добиваат лесен и ефикасен пристап до лекови и поефикасна здравствена заштита. Матичните лекари нема повеќе да изготвуваат хартиени рецепти туку нивниот софтверски креиран рецепт ќе биде достапен директно во аптеките. Се скратуваат трошоците и ресурсите за принтање и издавање на рецепти, а лекарите ќе имаат многу повеќевреме за прегледи на пациентите без никаков дополнителен трошок.Целиот процес за пропишување и издавање на лекови се рационализира, односно станува поефикасен и побрз. Ова е во директен интерес на 773 (седумстотини седумдесет и три) аптеки со кои Фондот има склучен договор, како и со 1236 ПЗУ од општа медицина, 1096 ПЗУстоматологија и 165 ПЗУ од областа гинекологија.Преку дигитализација на рецептите на хронично болните лица, Фондот за здравствено осигурување во реално време ќе ја следи валидноста преку овој систем и обемот на издадени рецепти и лекови.Исто така во реално време, стручните служби на Фондот ќе може брзо и ефикасно да интервенираат при евентуални индиции за недоследности или злоупотреби на системот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dimsa-1

(ВИДЕО) Арсовски: Време е да заврши шерифското однесување на Вице Заев и Зоран Заев

СДСМ очајно се труди по секоја цена да се постави над законот. Конкретно фамилијата Заеви мислат ја поседуваат целата држава и институциите. Според дел од медиумите вчера во полициска акција МВР привело неколку луѓе кои го кршеле полицискиот час во Струмица. Инаку лицата се блиски до Зоран и Вице Заеви, а работеле до доцна во ноќта - до полноќ, подготвувајќи пакети брендирани од СДСМ, кои власта ги дели за масовен поткуп на граѓаните, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е вест која што денеска осамна во медиумите.Шерифското однесување на семејството Заеви кои мислат дека се над законот и дека поседуваат се и секого во државава, стигнало дотаму, да Вице Заев лично отиде во полиција да се заканува врз полицајците и на најшерифски начин да сака да го прикрие случајот.Епа друже Вице Заев, за жал мораме да те разочараме, заврши тоа време кога можевте да криете и прикривате полициски случаи да не излегуваат во јавност.Ова најдрско и најшерифско однесување на кршење на законите мора да заврши еднаш – засекогаш. Ништо повеќе не е семејството Заеви од било кој друг граѓанин во Република Македонија кој ги почитува законите на својата држава.Дополнително, ако некој го прекршил законот ќе одговара и мора да одговара. И бараме сите кои го прекршиле законот вчера и кои што се приведени да одговараат, вклучително да одговара и Вице Заев доколку го прекршил полицискиот час, бидејќи отишол да ги извади оние кои биле приведени и да се обиде да го прикрие случајот. Никој не смее да биде над законите, па ниту блиските на Зоран и Вице Заеви, а ниту самиот брат на поранешниот премиер.Инаку лицата кои го прекршиле законот и ги подготвувале овие пакети, целата јавност знае дека овие пакети се за масовен поткуп на граѓани кои треба да гласаат на изборите кога и да се одржат. Лицемерите од СДСМ ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните и под превезот на некакви си хуманитарни побуди, вршат масовен изборен поткуп.Она што е најсмешно и најлицемерно е дека според сведоштвата на луѓе дека во пакетите кои ги дели СДСМ нема ниту еден, ама баш ниту еден македонски производ, сите коишто се ставаат внатре се увозни. Ете толку треба да се знае за лицемерието на СДСМ и на семејството Заеви.Грубото кршење на законите мора да се санкционира. Заврши времето на шерифување на семејството Заеви, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

30042020_Inspekciski_sovet_pres-konferencija_1

Државниот инспекторат за труд донесе 37 решенија со кои на работа се вратени 140 лица

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 22 март до 26 април имаат извршено 2.273 надзори, со цел да гарантираат целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.„Станува збор за обемен ангажман на инспекторите, а сите овие контроли имаат двојна функција, од една страна тоа се заштитата на правата на граѓаните и од друга страна надзор на целосното спроведување на мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од ширење на коронавирусот КОВИД-19. Инспекторите и понатаму продолжуваат со професионалниот пристап и посветеност во својата работа за заштита на сите граѓани“, потенцираше претседателката на Инспекцискиот совет.Државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работничките права, реализираше вкупно 437 контроли при што е поднесена една кривична пријава, донесени се 10 решенија и 28 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата, кажа Филиповска-Грашкоска.„Во овие вонредни услови со цел да гарантираме максимално почитување на мерките и препораките од Владата инспекциите работат на терен со полн капацитет. Тука сакам да истакнам дека Државниот инспекторат за труд веќе има издадено 37 решенија, за 28 фирми со што на работа се враќаат 140 вработени кои неправично добиле откази. Им благодарам на сите инспекторати, кои својата работа ја извршуваат со полна професионалност. Контролите продолжуваат, будно ја следиме состојбата и секое прекршување на правата на граѓаните ќе биде санкционирано“, нагласи директорот на Државниот инспекторат за труд, Хавзиу.Претседателката на Инспекцискиот совет посочи дека во овој период, најбројни се контролите направени од Државниот пазарен инспекторат, вкупно 1.441, во трговски објекти на големо и мало во кои спаѓаат и угостителски објекти, аптеки, бензински станици, банки и пошти. При овие контроли, во најголем дел од случаевите извршена е контрола во однос на поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите  и проверка на почитувањето на уредбата која се однесува на замрзнатите цени на одредени производи, во висина на цените од 11 март.„Државниот пазарен инспекторат постапуваше по утврдените неправилности и притоа се затворени вкупно 9 угостителски објекти во Тетово и Гостивар, додека во Скопје и Тетово се запечатени 18 кафемати. При контролите извршени во Охрид, воочено е непочитување на одредбата за носење на маски во 8 објекти и по истото е веднаш постапено, издадена е наредба за повлекување на дезинфекциски средства во еден објект и постапено е по пријави за променети цени во 4 трговски објекти во малопродажба“, кажа Филиповска-Грашкоска.Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така, активно спроведуваше надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. Реализирани се 201 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти, зелени пазари. При тоа е издаден еден прекршочен платен налог поради немање услови за одржување на хигиена при манипулација со храна, изречени се вкупно 5 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за  безбедност на храна, немање на пишани процедури или неводење на пишани записи. Исто така, издадени се и вкупно 8 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба или неводење на записи за ДХП.Државниот здравствен и санитарен инспекторат, покрај активностите кои подразбираат решенија за здравствен надзор и домашна изолација на лица кои биле во контакт со позитивен на КОВИД-19 и решенија за лекување и изолација на лица кои се позитивни на КОВИД-19, спроведе вкупно 108 надзори во субјекти во нивна надлежност, односно во приватни и јавни здравствени установи, како и домови за стари лица, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од коронавирусот КОВИД-19. Исто така, во овој период издадени се 385 дозволи на транспортери професионални возачи.„Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 22-26 април направи вкупно 56 надзори. При тоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Меѓуградските линии Скопје-Куманово и Скопје-Тетово се во целосен прекин. Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД во периодот од овие пет дена изврши вкупно 30 контроли. При тоа е констатирано дека нема специфични отстапувања“, додаде претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова, на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Висара Риза, на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини и на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до владата: Кога е бал нека е маскенбал, намалете го коефициентот на платите на уставните судии од 4% на 0.5%

Безобразието на Уставниот суд продолжува. По запирањето на Уредбата на владата за исплата на минимални плати од 14.500 денари на уставните судии и останатите функционери за мај и јуни, судот ја запира и уредбата за забрана за исплата на додатоци и бонуси на функционерите во кризата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Уставните судии со плати од 1.400 евра и останатите функционери, замислете, не можат да преживеат само два месеци со миниунална плата од 14.500 денари. Се прашуваат ли уставните судии како со децении преживува обичниот народ со сиромаштијата и посебно сега во кризата кога голем број луѓе воопшто не примаат плата и останаа без работа.Од друга страна, владата ваквите одлуки на Уставнииот суд вчера ги нарече скандалозни и разочарувачки кои директно штетат на солидарноста и ја загрозуваат борбата со коронавирусот.Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија ја повикува владата веднаш да донесе Уредба со законска сила во однос на еден друг закон - Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија со кој коефициентот за утврдување на плата на уставните судии од 4% ќе го утврди на 0,5% со што уставните судии и останатите функицонери ќе ги сведе на минимална плата од 14.500 денари.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ очекува владата да го прифати овој предлог, се разбира, доколку е искрена во осудата на одлуките на Уставниот суд, дотолку повеќе, Уставниот суд кај законот за платите на функционерите е немоќен, бидејќи, висината на платите ги утврдува Собранието, сега во случајот со вонредната состојба, владата со Уредба со законски сила. Кога е бал, нека биде маскенбал, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Жител на Арачиново осомничен дека ја убил сопругата

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривичните дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 29 април, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие откако се вратиле од прошетка и влегле во нивната соба, започнале вербална расправија заради брачни недоразбирања. Во еден момент, осомничениот 39-годишник се упатил кон подрумските простории во куќата каде што неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Берета“ со калибар 7,65 мм. Пиштолот го ставил во џебот од јакната и се вратил во собата каде што била оштетената. Двајцата сопружници продолжиле да се расправаат, а осомничениот го извадил пиштолот, го вперил кон оштетената со закана дека ќе ја убие и испукал еден куршум во задната страна на главата. По настанот, тој ја напуштил куќата. Жената давала знаци на живот и двајца сведоци ја пренеле во болница, но по приемот починала.Осомничениот е лишен од слобода, а надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомниченото лице да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, како и можност да го повтори кривичното дело.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

tableti

(ФОТО) Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери, наменети за учениците од социјално-ранливи семејства

Општина Охрид доби донација од 50 таблет компјутери од компанијата „Еколог Интернешнл“ кои ќе бидат наменети за учениците од социјално-ранливи семејства од Охрид кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.Oваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на Корона вирусот „Ковид 19“.Освен во Охрид, компанијата донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.588979795040961/588979458374328/?type=3&theaterфото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 6 години

skopje-5

Скопското обвинителство побара парични казни за 63 лица заради непочитување на здравствените прописи

Вкупно 63 лица се опфатени со 52 предлози за издавање казнени налози што Основното јавно обвинителство Скопје денеска ги поднесе до Основниот кривичен суд Скопје.Обвинетите не го почитувале полицискиот час, па спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, биле затекнати како без дозвола се движат надвор од нивните домови во часовите во кои е забрането движење на населението. Со ова тие сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Надлежните јавни обвинители на Судот му предложија за секој од обвинетите да изрече парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) 50.000 маски од Нанчанг ќе стигнат до здрасвтвените установи – град Скопје почна со дистрибуција

Градот Скопје денеска почна со дистрибуцијата на донацијата од 50.000 заштитни маски од збратимениот град Нанчанг, од Кина, кои ќе бидат наменети за здравствените работници во повеќе здравствени институции во Скопје.Дозволете да изразам голема благодарност до граѓаните на градот Нанчанг и до мојот колега градоначалникот Хуанг Шиџанг за оваа донација, да се заблагодарам на амбасадата на НР Кина која помогна во интензивната комуникација и до Владата на Република Северна Македонија за логистиката при транспортот на овие маски. Денеска симболично почнуваме со дистрибуција на маските и на Градската болница „8.Септември“, на Инфективното одделение, ќе предадеме 2.000 заштитни маски за вработените во ова одделение. Дел од маските, во соработка со Министерството за здравство, ќе завршат во здравствените институции што се наоѓаат на територијата на нашиот град - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на предавањето на донацијата во болницата „8.Септември“.Ова е време, додаде тој, во кое сите мораме да се грижиме за здравјето на здравствените работници за тие да можат да им помагаат на луѓето во оваа светска пандемија.Утре е 1 Мај, Денот на работниците, па дозволете 1 Мај да го посветиме на здравствените работници. Ги замолувам граѓаните да останат дома и да се придржуваат до мерките, за да можеме што побргу и поедноставно да излеземе од епидемијата – рече Шилегов.фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

Pomos-1

Полицијата упадна во магацинот каде невладина организација пакува продукти од Заеви

Во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица каде се пакуваат хуманитарни пакети кои се донација од семејството Заеви, синоќа влегле полициски службеници и јавен обвинител, објави МИА.Полицијата и денеска е пред магацинот и е стопирана дистрибуцијата на хуманитарната помош, намената за граѓани од социјално-ранливи категории.Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кое ги дистрибуира хумнитарните пакети, потврдил за упадот на полицијата и најавил прес конференција, на која ќе соопштат повеќе детали.Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.извор: МИАфото: А1

Македонија | пред 6 години

LDPlogo-620x360

Функционерите од ЛДП со поддршка на малите бизниси

ЛДП не сака да ги коментира одлуките на уставниот суд. Солидарноста не се постигнува со одлуки и наредби, туку таа треба да е доброволен чин за сите поединци. Затоа, функционерите од ЛДП донесоа одлука да бидат солидарни и да ја донираат разликата во платата, истакнуваат од Либерално-демократската партија. Тие, на овој начин директно се вклучија во помошта на малите бизниси погодени од Ковид-19, се со цел да им се помогне на работодавците во овие тешки времиња да ги задржат вработените.„Ова е скромна помош од наша страна, поттик за сите оние кои може да одделат дел од финансиските средства да се вклучат, а со тоа да покажат солидарност. Треба да бидеме сплотени повеќе од било кога во поддршка на бизнис секторот кој е погоден од пандемијата. Со ова испраќаме порака особено до малите бизниси дека ЛДП е со вас и сакаме да ја пребродите кризата што побрзо“ потенцираат од ЛДП.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-3

Влада: Со навремена реакција и соодветни владини мерки Северна Македонија најдобро се справува со кризата во регионот, посочува Светската банка во извештајот за Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан, како и остатокот од светот, ќе бидат погодени од последиците на пандемијата на коронавирусот, а Република Северна Македонија благодарение на навремената реакција и соодветните владини мерки најдобро се справува со кризата во регионот.Ова го истакна советникот за економски прашања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, на прес-конференцијата по повод најновиот Редовен економски извештај на Светската банка за земјите од Западен Балкан.„Навремената првична реакција на Владата беше многу важна за ублажување на ударот врз здравствениот систем со цел подготвено да се одговори на предизвикот, кој со себе го донесе пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.При креирањето на владините политики првенствено се водеше грижа за јавното здравје како врвен приоритет. Но, исто така, се презедоа и чекори за намалување на економските последици во периодот кој следува и за побезболно враќање во нормалниот ритам на живот“, наведе советникот на премиерот, Битиќи.Тој посочи дека Светската банка во извештајот прогнозира дека земјите од нашиот регион ќе се соочат со рецесија и регионалниот раст на Западен Балкан се предвидува да биде меѓу - 3 и - 5,6  процентни поени.„Според најновите проекции на Светска банка се проценува дека Република Северна Македонија најдобро се справува со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.А токму поради одмерените чекори на Владата, Република Северна Македонија ќе претрпи најмала штета во регионот, а нашата економија се проценува дека ќе забележи пад од 1,4 до максимум 3,2 процентни поени. Споредено, Црна Гора се очекува да се соочи со економски пад од 5,6 проценти, кој во случај на продолжување на пандемијата до крајот на летото би бил 8,9 проценти. Проценките за Србија се за негативна стапка од 2,5, односно 5,3 проценти. Албанија ја очекува негативна стапка од 5, односно 6,9 проценти, а Косово го очекува пад на БДП од 4,5 проценти, но за нив е можен пад и до 11,3 проценти“, нагласи советникот Битиќи.Тој истакна дека Владата прави максимални напори со директно вбризгување на ликвидност во економијата,  последиците од оваа здравствено-економска криза да бидат колку што е можно помали.„Преку владините мерки за финансиска поддршка како што се бескаматните кредити, исплата на плати од 14.500 денари по вработен или субвенциите за придонеси се помагаат најпогодените сектори, при тоа се цели кон одржување на динамиката на економијата и зачувување на секое работно место.Воедно исплатата на повратот на ДДВ-то дополнително е динамизирана, исплатите на пензиите и другите социјални трансфери се одвиваат веќе и предвремено.Субвенциите за земјоделците се исплаќаат целосно и навремено, а и сите други буџетски трансфери и плаќања се извршуваат во законски предвидените рокови.Сето ова е во насока на зголемување на потрошувачката која директно влијае на полнењето на буџетот и растот на БДП“, посочи советникот Битиќи.Тој посочи дека Владата за целиот овој период од почетокот на пандемијата активно работи и на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на буџетот.Советникот на премиерот, Битиќи, упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките со цел да го заштитат своето и здравјето на другите,  а воедно на овој начин да помогнеме во борбата со оваа здравствено-економска криза и намалувањето на последиците од неа.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Оздравени се 111 пациенти, потврдени се 23 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина  пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка  од Гостивар на 59 години.Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од  околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје – 498       Куманово - 389       Дебар – 51       Штип-34       Прилеп –150       Тетово – 82       Струга – 66       Велес – 71       Битола –19       Охрид –15       Кавадарци – 5       Гостивар –17       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-5       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 28       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -9       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 2       Делчево-1       Валандово -1       Виница - 2Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10 .  Досега во земјата се направени вкупно 16436 тестирања на ковид -19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Николовски: Сите функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ја донираат во фондот за борба против коронавирусот

По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ. Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд.Разбираме низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици.Справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас.Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за  интересите и во интерес на граѓаните.Заеднички ја надминавме и ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја надминеме и економската криза и овие предизвици, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ. видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

korona-2

ФБ статус: Како спиете кога кога донесувате одлука дека ова не ми е професионална болест и не треба да ми надоместите ?

ФБ статус:-КОВИД 19 ...40 ти ден. Зошто ,се прашувам? Дали е тоа поради мојот имунолошки систем , дали поради тоа што мојот вистински роденден е 29ти февруари ( па секогаш сум во ретките луѓе) ,дали животот решил пак да ми ја тестира издржливоста и да види дали како феникс ќе се кренам пак на нозе? Не знам. Но едно знам , во мојата епидемиолошка анкета немам пренесено вирус ниту на едно лице! Бев многу интуитивна и совесна, знаев дека се инфицирав дента од тој контакт со заболен(а) и не сакав други да настрадаат, на работа или околу мене , барав тест и до тогаш да не одам на работа. Мене ми е многу битно совеста да ми е чиста , да не разболам други луѓе. И мислев за совеста и другите така размислуваат. Не било така, некој во оваа наша државичка што донесува одлуки мисли дека јас дури и треба да бидам казнета . Како спиете Вие од Фондот за здравство кога донесувате вакви одлуки во смисла дека ова не е мое заболување стекнато на работа, дека јас треба да плаќам партиципација за лекување во болница и за лабораторија , дека треба да ми ја скратите платата, а од ова заболување јас 2 месеци скоро ќе седам дома, нема и да дежурам , а дежурствата се голем додаток на нашата основна плата. А пневмонијата и стресот ми се гратис награда. Како спиете кога кога донесувате одлука дека ова не ми е професионална болест и не треба да ми надоместите ? А гледам ми се одбива од платата за професионална болест. Како спиете Вие од Уставен суд кога мислите дека не треба да ја исправите и оваа неправда за здравствените работници. Според сите Вас треба да бидам казнета јас и сите ние што сме помагале на болен од кој сме се разболеле. Поради немоќта за неправдата која ја гледам , ја сум под континуиран стрес. Дали би сакале да сте на мое место ? Лекар, анестезиолог ...колку тоа бедно звучи...но само во оваа држава, на која сум и лојална како србинка, во која уште татко ми ме запиша во училиште да учам на македонски јазик , затоа што тука живееме и ќе ја почитуваме државата. Боли, многу боли неправдата. Дали некој од Вас што ги донесува овие одлуки и не се труди итно да ги промени, би можел да ме погледне во лице без да ја наведне главата. Совест, чесност и правдина се карактеристики кои треба да ги имате Вие од највисоките кругови кои донесувате одлуки. Не , не е ова полтички статус , бидејќи јас не припаѓам на ниту една партија. Јас сум здравствен работник и не е важно дали сум лекар, сестра , болничар, јас настрадав на работното место и си ги сакам моите права. И не само јас, како мене има ушто многу кои вака се чувствуваат. А да...и повторно ќе бидам феникс, ќе застанам јас на нозе кои можеби ќе ме одведат надвор од оваа држава,на која целиот живот сум лојална...за жал.https://www.facebook.com/gordenik/posts/10216967017382839фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сузана Димитрова: Со издржани проекти во земјоделието, ќе ја вратиме довербата на народот кон државата и ќе ги подобриме состојбите во оваа клучна економска категорија

Интервју со Сузана Димитрова – Македонски Концепт – Кандидат за избор на пратеници за ИЕ 2 од „Македонски концепт“Сузана Димитрова од Скопје, дипломиран земјоделски инженер на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје , со повеќе годишно работно искуство во областа на земјоделието. Еден период ангажирана во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, каде подоцна е вработена во Државниот инспекторат за земјоделство и до ден денес ги извршува нејзините работни обврски во инспекторатот. Поседува повеќе домашни и меѓународни сертификати за областа во земјоделието.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?Сузана Димитрова: Во изминатиот период сведоци сме на целосна поделеност кај македонскиот народ, каде владее нулта толеранција кон различното мислење, став и припадност; поделба на ‘’патриоти’’ и предавници. Едните си прават што си сакаат, другите глумат лажни патриоти кога треба да се реагира за нешто битно истите премолчуваат или реагираат откако сѐ ќе помине. Во таква состојба недостасува понуда конкретни предлози за решавање на проблемите, која е заменета со фрустрација и опортунизам, борба за политички поени, превласт и освета кон неистомислениците. Македонскиот концепт е поинаква платформа и се разликува од останатите политички партии кои досега можевме да ги видиме на македонската политичка сцена. Во него препознавам шанса со која можеме конечно да изградиме една нормална и модерна држава, втемелена на реалност и историска вистина, каде секој еден поединец без разлика на политичката определба, може да се вклучи и даде свој придонес за подобра и просперитетна Македонија.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Сузана Димитрова: Не, јас сум долгогодишен и пасивен член во ВМРО ДПМНЕ.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Сузана Димитрова: За подобра иднина неопходни ни се реформи во сите области на општествено социјалниот живот. Најпрво, независно и департизирано судство, борба и систем за спречување на криминалот и корупцијата, враќање на младите во државата, реформи во образованието, ефективно здравство, економски развој, финансиска стабилност, со еден збор, потребна нѝ е силна држава.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Сузана Димитрова: Во Македонија во последните 30-тина години сведоци сме за појава на високи форми криминал, корумпирана власт, партизирано и политизирано судство кое вроди со голема недоверба кај граѓаните како и нивно масовно иселување од државата, бидејќи во изминатиот период граѓаните беа, и сѐ уште се изманипулирани од страна на носителите на власта. За да се постигне некаква позитивна промена најпрво треба да се врати довербата на граѓаните и да се спречи нивно масовно иселување особено на младите. Со тоа што ќе се стави крај на криминалот, ќе се изгради силна и правна држава во која ќе владее правото, а не селективната правда како до сега.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Сузана Димитрова: Македонскиот концепт нуди повеќе работи кои во моментов и недостасуваат на политичката сцена во Македонија. Нуди пред сѐ професионалност во различни области преточено во конкретни предлози и одржливи решенија, нуди политика која е заснована врз јазикот на толерантноста, нуди различност во кој нема едноумие како кај останатите политички партии, и платформа каде секој граѓанин има право да си го каже своето мислење и став и истиот да не биде погрешно разбран и за тоа санкциониран.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Сузана Димитрова: Мојата област и професионална експертиза е во земјоделието, кое е една од најважните стопански гранки со значајна улога во економијата во Македонија. Во изминатите години имаше повеќе обиди да се подобри животот и олесни работата на земјоделецот, но сепак тој сѐ уште се соочува со многубројни проблеми. Македонскиот концепт има повеќе проекти кои ги вклучуваат земјоделците како најранлива економска категорија. Целта на Македонски концепт е преку тие проекти да им се помогне на земјоделците, и пред сѐ, да се избегне манипулацијата, да се олесни животот на земјоделецот и да се воспостави одржлив систем кој реално ќе го  вреднува нивниот труд.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Сузана Димитрова: Ќе дадам сѐ од себе за да ја вратам довербата на народот во политиката, со тоа што ќе се залагам за она што во моментов најмногу нѝ недостасува на сите нас,  а тоа е фер и демократско општество, чесно и транспарентно  работење, општество за сите граѓани, враќање на младите и подобра иднина во државата.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Сузана Димитрова: Затоа што под самиот збор ,,Проект’’ се подразбира временски дефиниран ангажман, чија цел е создавање на уникатен  производ  или  услуга, со почеток, крај и мерливи резултати. Тоа значи дека проектот завршува на одреден датум а не ,,некогаш’’ како веќе понудените програми и лажни ветувања од некои други политички партии. Токму тоа е предноста која Македонски концепт ја има во својата програма, а која се состои од повеќе ефикасни проекти кои ќе го подобрат животот на сите граѓани во Македонија.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Сузана Димитрова: Македонија во моментов е држава која е украдена од народот. За 5 години од сега ја гледам како стабилна Држава, правна држава во кое владее правото, Држава со повеќе можности за остварување на своите цели, и како Држава која е повторно вратена на народот.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања