Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

nbrm-narodna-banka

НБ: Банкарскиот систем е подготвен да се справи со шокот од корона-кризата

Советот на Народната банка одржа редовна седница на којашто ги разгледа и усвои Годишниот извештај за 2019 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2019 година.„Како и кризните епизоди од минатото, така и глобалната корона-криза покажува дека за брза и ефикасна реакција, неминовно е постојано да се вложува во институционалниот капацитет, да се водат прудентни политики и да се создава простор којшто може да се искористи кога треба да се справуваме со шокови. И минатата година успешно ја одржавме ценовната стабилност преку одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и обезбедивме натамошно зајакнување на финансиската стабилност во економијата. Притоа, не само што водевме приспособлива монетарна политика, туку и презедовме низа активности насочени кон подобрување на целокупниот амбиент. Во исто време, постојано работевме на јакнење на нашиот институционален капацитет.“ – истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во воведното обраќање на усвоениот Годишен извештај.          Во Извештајот е даден детален осврт на водењето на монетарната политика и на макроекономскиот амбиент, како и на позначајните активности коишто Народната банка ги презеде во текот на минатата година, остварувајќи ги своите законски цели и задачи и унапредувајќи го своето работење во согласност со најновите меѓународни стандарди и добрите практики во централнобанкарската заединица.Меѓу другото, во текот на минатата година, Народната банка ги интензивира активностите за продлабочување на соработката меѓу финансиските регулатори, како во насока на постојано јакнење на финансиската стабилност, така и во насока на унапредување на финансиската едукација и финансиската инклузија. Интензивно се работеше и се остварија и значајни резултати и во областа на статистиката, при што станавме осумнаесетта земја во светот којашто има пристапено кон највисокиот статистички стандард СДДС плус, а беше пуштен во употреба и новиот статистички веб-портал „НБСтат“. Со цел засилено поттикнување на развојот и примената на финансиските иновации, Народната банка ја отвори Портата за иновации – платформа за комуникација со финтек-секторот, а се работеше и на новата регулатива за платежните услуги и платните системи, којашто во голем дел ќе биде усогласена со законодавството на Европската Унија. Во насока на поддршка на електронската трговија се либерализира отворањето и поседувањето кориснички сметки кај електронските сервиси за платежни трансакции. Постојано се работеше на приближување на стандардите на Европскиот систем на централни банки, при што беше формиран и Комитет за евроинтеграции. Истовремено, постојано се вложуваше и во јакнење на транспарентноста на Народната банка и на унапредување на комуникацијата со јавноста.Како што е нагласено во Извештајот, Народната банка и натаму ќе биде посветена и доследна на остварувањето на своите цели.          Податоците и констатациите во усвоениот Извештај за ризиците во банкарскиот систем потврдуваат дека системот е здрав и стабилен и поставен на цврсти основи, како и дека е подготвен да се справи со различни шокови, вклучително и со неповолните ефекти од тековната здравствена криза. Народната банка, преку постојаното унапредување на стандардите во согласност со европските регулативи, но и банките со нивното прудентно однесување, овозможија одржување висока и стабилна ликвидност и солвентност. Ова се двата основни столба на стабилноста на банкарскиот систем, чии обем и квалитет секако ќе придонесат банките полесно да се справат со предизвиците коишто ги носи појавата на коронавирусот.На крајот на минатата година стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем изнесува 16,3%, што е двојно повеќе од законски утврдениот минимум. Безмалку половина од сопствените средства на банкарскиот систем отпаѓаат на капиталните додатоци утврдени согласно со супервизорската оцена и на заштитните слоеви на капиталот, коишто се особено значајни во кризни услови, кога може да се искористат за справување со предизвиците од различна природа. Спроведеното стрес-тестирање покажува дека и кај банките одделно и банкарскиот систем во целина, минатата година отпорноста на шокови е зголемена, споредено со 2018 година.Како што е посочено во Извештајот, во текот на минатата година, ликвидносната позиција на банките дополнително се подобри, главно поради растот на ликвидните средства, којшто е највисок во последните девет години. Следствено, и показателите преку кои се следи и оценува ликвидноста забележаа подобрување. Дури една третина од активата на банкарскиот систем е ликвидна актива, која покрива близу 60% од депозитите на домаќинствата. Потврда за задоволителниот обем на ликвидни средства којшто им овозможува на банките непречено извршување на своите деловни активности се и резултатите од симулациите за комбинирани ликвидносни шокови. Тие упатуваат на соодветно управување со ликвидносниот ризик од страна на банките и задоволителна отпорност на претпоставените екстремни ликвидносни одливи.Во овој период, токму структурниот вишок на ликвидноста и добрата капитализираност на домашните банки, придонесуваат за нивниот солиден капацитет и подготвеност да излезат во пресрет на потребите на своите клиенти. Особено значајно е и што минатата година, изложеноста на банкарскиот систем на кредитниот ризик е намалена. Стапката на нефункционалните кредити на нефинансискиот сектор се намали до историски најниско ниво од 4,8%, односно 95,2% од кредитите на банките се сервисираат редовно или со задоцнување најмногу до 90 дена.Според податоците објавени во Извештајот, домашниот банкарски систем и минатата година продолжи со профитабилно работење, иако со помала добивка и следствено пониски показатели за повратот на капиталот и активата, споредено со 2018 година.На седницата, Советот донесе и регулаторни измени со коишто се овозможува банките и штедилниците со промена на договорните услови да го олеснат финансискиот товар и на кредитокорисниците на коишто кредитот им е одобрен во периодот од 1 до 24 март оваа година. Поконкретно, со одлуката донесена во текот на минатиот месец беа опфатени кредитокорисниците коишто до крајот на февруари немале проблем со отплатата на кредитните обврски. Со донесените дополни регулаторни измени, сега се овозможува ист третман и на клиентите на банките и штедилниците коишто добиле кредитна поддршка во текот на март, до стапување во сила на регулаторните измени согласно со коишто веќе беа објавени понуди за одложување на наплатата на кредитните обврски.Советот донесе и одлука со којашто се укинува надоместокот за давање податоци на физички лица од Кредитниот регистар на Народната банка за нивната задолженост кон банките и штедилниците. Понатаму, сите граѓани коишто ќе имаат потреба, потврдата од Кредитниот регистар ќе ја добиваат бесплатно, со што ќе се придонесе за олеснување на нивниот финансиски товар.На седницата беа донесени и измени и дополнувања на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот, со коишто се обезбедува посоодветна примена на одредбите на Европската регулатива за капиталните барања.Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) СДСМ се оградува од изјавите на Максим Димитриевски, велат: Законите важат еднакво за сите

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, истакна дека партијата се оградува од изјавите на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кои истакна дека сме во еден сличен режим како претходниот.-СДСМ се оградува од ваквите изјави на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови. Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и секако на територијата на Република Северна Македонија. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Максим Димитриевски е свесен дека во нашата држава законите важат еднакво за сите.Овде би сакал да потенцирам дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата на Република Северна Македонија коишто се ставени во изолација, мислам дека нивната изолација завршува денес, но што е пораката од сето тоа дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството, истакна Костадинов.

Македонија | пред 6 години

Stoilkovski

Стоилковски: Владата да одговори за блискоста на Рашковски и Заеви со Пиперевалиев и милионскиот тендер од Дрисла

Цела недела нема одговор за роднинската тендерска спрега во Дрисла. Нема одговор ниту од институциите ниту од Владата, зошто и како среде епидемијата и последиците од короната,  Град Скопје и на Петре Шилегов влегуваат во синџирот на струмичкото бизнис-лоби, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Додека во Македонија бизниси пропаѓаат поради кризата, Дрисла во 4 очи наградува со тендер од над 12 милиони денари фирма блиска до Заеви. Над 12 милиони денари дадени во 4 очи за изнајмување на градежни машини за три месеци, од фирма блиска до Заеви и роднински поврзана со генералниот секретар на владата Драги Рашковски.Власта чиј што генерален секретар е Драги Рашковски мора да одговори, како и зошто Шилегов и Коста Начевски – директорот на Дрисла, ја одбрале фирмата Алпима ТИМ од Струмица на Александар Пиперевалиев познат како близок до семејството Заеви и е близок со Драги Рашковски, додека пак директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски.Бледите соопштенија и недостатокот на сериозен одговор на ваков скандал додека земјата тоне во долгови, уште еднаш потврдува дека се обидуваат да ја сокријат поврзаноста меѓу себе и сакаат овој тендер во оваа вонредна состојба да помине незабележан од јавноста.За ова некој мора да одговара и ќе одговара. Срамота и жалосно е што додека граѓаните и економијата мака мачат со здравствените и економски предизвиците, СДСМ ја користи секоја можна прилика да намести по некој нов тендер.СДСМ само за три месеци смислено ограби 120 милиони евра од Буџетот и го задолжи секое семејство за нови 15 илјади денари, само и само за изборен поткуп за изборите кои што се одложија.Почитувани, ваквите договори и трендери во 4 очи мора да бидат разгледани од надлежните институции. Доколку тоа не го направат сега, многу набрзо ќе има ревизија на сите вакви тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте ги има многу, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

И вториот тест за КОВИД - 19 од Филипче негативен

Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова практично завршува мојата 14-дневна изолација. која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик, nнапиша на својот ФБ профил, министерот за здравство Венко Филипче.Министерот додаде:Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката. 

Македонија | пред 6 години

24032020_MON_Ademi_pres-konferencija-1

Адеми: Уписот на првачињата во јуни, Mатурантите наместо државна матура ќе полагаат квалификационен испит

Уписот на првачињата се одлага за јуни, а во следните неколку дена ќе донесеме конечна одлука за тоа дали ќе се полага државна матура, изјави министерот за образование Арбер Адеми.– Уписите на првачиња кои вообичаено започнуваат во мај и се реализираат до септември, годинава ќе започнат во јуни заради вонредната состојба. Работиме на утврдување на конкретен образовен план со сет мерки што ќе се преземат во следниот период. Една од мерките е и пролонгирање на уписот на првачињата. Родителите меѓудругото при упис треба да имаат и потврда од стоматолог, која сега не можат да ја обезбедат – рече Адеми.Министерот додаде дека многу е извесно дека матурантите годинава нема да полагаат државна матура заради вонредната состојба, која во нормални услови беше услов за упис на факултет. Годинава, матурантите наместо матура, ќе полагаат само квалификационен тест, и тоа само на оние факултети на кои има поголема конкуренција и на кои ќе има кандидати со ист број на поени.Министерот потенцираше дека деновиве ќе има конечна одлука за полагањето на државна матура.– Има две опции, да се полага матура во јуни или да се укине оваа обврска годинава. Но, тоа што е веќе подготвено и што ќе се разгледува на седница, се конретни мерки што треба да се преземат во наредниот период. Кога би се укинало полагањето годинава, би требало да се организираат квалификациони испити на тие студиски програми каде што има конкуренција или каде што повеќе матуранти ќе имаат ист број на бодови. Само во вакви ситуации би се одржал квалификационен испит. На факултетите, и без вонредна состојба, на дел од нив се организираат вакви испити, на пример на Факултетот за Драмски уметности, на Архитектонскиот факултет и сметам дека не би имало проблем – информира Адеми.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-hrvatska

Оздравени се 38 пациенти, потврден 21 нов случај на ковид 19Оздравени се 38 пациенти, потврден 21 нов случај на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина  пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје – 493       Куманово - 384       Дебар – 51       Штип-34       Прилеп –147       Тетово – 76       Струга – 66       Велес – 69       Битола –19       Охрид –15       Кавадарци – 5       Гостивар –17       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-5       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 28       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -7       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 2       Делчево-1       Валандово -1       Виница - 2Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода  -12  и МАНУ - 8.  Досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид -19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-2-2

Пендаровски до директорот на Институтот во Козле: Огромна благодарност во име на сите граѓани затоа што им помагате на нашите најмили и најмали

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска денеска разговараше со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.Во разговорот д-р Андоновски го информираше претседателот Пендаровски за начинот на функционирање на болницата, којашто од самиот почеток на пандемијата на вирусот КОВИД 19, е здравствената установа каде се лекуваат децата коишто се сомнителни или пак боледуваат од вирусот, како и деца со висока температура и белодробни проблеми. Односно, како што образложи д-р Андоновски, покрај редовните пациенти, во рамки на болницата функционира посебно КОВИД одделение и Институтот претставува КОВИД 2 центар.Досега, како што посочи д-р Андоновски во разговорот, во болницата се тестирани повеќе од 50 деца. Од нив 4 биле позитивни на вирусот. Најмалите дијагностицирани деца биле на возраст од 4 месеци, а најголемото на возраст од 15 години. Во моментов како што рече д-р Андоновски, во болницата во Козле се хоспитализирани 3 деца коишто се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена. Според д-р Андоновски децата коишто заболуваат од вирусот, имаат лесни симптоми и поминуваа без никакви компликации. Ова, како што истакна д-р Андоновски, во најголема мера е резултат на физичката дистанцираност, односно децата седат дома со своите родители и не посетуваат градинка или училиште.Институтот за белодробни болести во Козле, според директорот Андоновски, и сега во овие вонредни околности, функционира без проблеми и има доволно медицински и немедицински кадар. Меѓу вработените досега нема лица заболени од вирусот КОВИД 19.Претседателот Пендаровски во денешниот разговор му искажа поддршка и благодарност за досегашниот несебичен ангажман на д-р Андоновски како директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, но и на сите вработени во оваа здравствена установа.„Најпрво Ви посакувам да останете живи и здрави сите вие персоналот во Институтот. Да помагате. Огромна благодарност во име на сите граѓани затоа што им помагате на нашите најмили и најмали. И посакувам во иднина да немате многу работа по овој основ. Имате полна поддршка Вие и целиот персонал во болницата. Навистина Ви честитам за извонредните напори во изминатите 2 месеци“, истакна претседателот Пендаровски во денешниот видео разговор со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

Oliver

И вториот тест од Спасовски негативен на КОВИД - 19

Денеска го добив резултатот од вториот тест на коронавирус и тој е - негативен. Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала, напиша на својот ФБ профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.Им благодарам на сите за поддршката. Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките на предострожност. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца од два метри, да се чуваме, а со тоа да ги чуваме и другите.Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме битката со КОВИД-19.https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1565641290280155

Македонија | пред 6 години

baba-1

(ФОТО) 85-годишната прилепчанка, го победи вирусот, побарала сликата со персоналот да се објави на Фејсбук

На инфективното одделение во Прилеп е излекуван најстариот пациент заразен од коронавирус. 85-годишната Елена Макалоска е испратена на домашно лекување по 21 ден престој во болницата. Иако била со тешка клиничка слика и масивна пневмонија, докторката Мирјана Крстеска, инфектолог во прилепската болница, за „А1он“ вели дека со две терапии, но и поддршка од ќерката на 85-годишната прилепчанка, успеала да го победи вирусот.Но, според докторката, клучна била упорноста. „Ја лекувавме 21 ден, а беше примена во тешка состојба со слаба крвна слика. Клична беше упорноста. Ние бевме позитивни, бидејќи и таа беше така настроена. Во ниту еден момент не се откажа.Таа велеше: ако преживеам, сакам да се сликаме и да ставиме на ‘Фејсбук’. Ѝ ја исполнивме желбата. 85-годишната пациентка е пуштена на домашно лекување, а наредите пет дена ќе биде на антибиотска терапија. Има два негативни теста на Ковид-19“, раскажува инфектологот Крстеска за „А1он“. Текстот во целост на: А1 ОН

Македонија | пред 6 години

29042020_MF_Angelovska_DUJP_Lukarevska_pres-konferencija-2

Подобрени условите за мерката „14.500 денари по вработен“

Подобрувања на условите на мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен – со поголема флексибилност во условот за одржување на бројот на вработени, можност за комбинирање на мерката со мерката „50% субвенции на придонеси“ за најпогодените сектори и можност помошта да се трансформира во грант – неповратни средства.Овие новости се во координација со Светска банка, која ќе финансира дел од мерката со заем од околу 50 милиони евра. Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција ја презентираа мерката за која работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе можат да аплицираат од почетокот на мај, а видео обраќање имаше и директорот на Светска банка за Република Северна Македонија и Косово, Марко Мантованели.Една од новостите е дека малите и микро претпријатија можат да го задржат истиот број на вработени минус 15%, средните до минус 10% и големите до минус 5% од вработените. Пред промената на овој услов тие беа обврзани да го задржат истиот број на вработени до јули, односно два месеци по користење на мерката. Со воведувањето на овие проценти, повторно ќе се спречат отпуштања, но се зголемува опфатот на фирми кои ќе можат да аплицираат за мерката, а со тоа и да продолжат да функционираат. Ова е особено важно за микро и малите претпријатија.Се излегува во пресрет и на најпогодените дејности од КОВИД-19, односно угостителството, туризмот и транспортот со дополнителна поддршка, така што се дозволува антикризните мерки „14.500 денари по вработен“ и „50% субвенција на придонеси“ да се комбинираат за овие дејности, доколку фирмите немале загуба за 2018 и 2019 година, не се на листата на должници на УЈП од март 2020 година и заклучно февруари не доцнеле со плаќање на обврски по основ на кредити подолго од 90 дена од денот на достасување.„Со ова тие ќе може да исплатат поголеми плати на работниците, бидејќи поддршката која ќе може да ја добијат изнесува и до 19.500 ден. Односно 14.500 ден од оваа мерка и по основ 50% субвенционирање на придонесите до максимум просечна плата околу 5.000 ден“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.Трета нова поволност е можноста средствата кои фирмите ги земале преку мерката да им се трансформираат во грант, односно неповратни средства.„Како што знаете и претходно компаниите кои би оствариле загуба во 2020, нема да ги враќаат средствата од помошта, односно доделените средства од државата ќе бидат неповратни за нив. Сега се проширува опфатот на мерката и со оние фирми кои се очигледно опфатени од кризата, односно со фирми кои последниве две години имаат добивка, кои не се на листата на должници на УЈП и кои до март месец годинава не доцнеле со плаќање на обврските по основ на кредит подолго од 90 дена од достасаноста, како и ако инвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал. Средствата и за нив ќе се трансформираат во грант средства“, рече Ангеловска.„Управата за Јавни приходи за оваа мерка го надгради својот систем со цел да им излезе во пресрет на сите работодавачи да може на брз и едноставен начин да аплицираат за оваа финансиска поддршка – 14.500 денари нето плата за секој вработен“, истакна Лукаревска.„Сите Вие кои ќе побарувате финансиска поддршка за исплата на плати за Вашите работници, веднаш по завршување на овој месец, односно веќе од 1-ви мај поднесете Барање за финансиска поддршка – образец БФП-ИП до Управата за јавни приходи преку системот Е-даноци, најдоцна до 7-ми мај за исплата на платите за април, односно до 7-ми јуни за исплатата на платите за мај“, истакна Лукаревска и ги повика работодавачите да ги задржат вработените на своите работни места.„Барањето, Управата за јавни приходи ќе го потврди во рок од 3 дена од денот на неговиот прием, а откако работодавачот ќе добие потврда од Управата дека барањето е комплетно, во образецот МПИН во полето 3.4б внесува шифра 5000 , за оние вработени за кои бара финансиска поддршка (односно исплата на плата од најмногу до 14.500 денари)“, објасни Лукаревска и додаде дека работодавачот истовремено може да користи друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси и/или данок на доход за што во полето 3.23 од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување, и истата ја комбинира (користи истовремено) со шифрата кој ја внел во полето 3.4б односно шифрата 5000.После обработката на МПИН образецот, Управата за јавни приходи го информира работодавачот за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец и ја известува Владата за сите оние кои ги исполнуваат овие условите. Средства ќе се исплатуваат веќе од 10-ти мај за платите за април односно од 10-ти јуни за платите за мај.Во видео обраќање директорот на канцеларијата на Светска банка во земјава Мантованели, истакна дека врз основа на технички анализи, искуства од претходни големи кризи, но и мислењата собрани преку консултации со приватниот сектор, вклучително и во Северна Македонија биле дадени препораки за мерката за финансиска поддршка 14.500 денари по вработен, како и дека повеќето од препораките се вклучени во главната рамка усвоена од страна на Владата и неколку се дел од уредбата, која денес беше преставена.„За да ги поддржиме нашите препораки за време на имплементацијата, понудивме мобилизација од не-алоцирани средства од проекти на Светска банка кои се веќе одобрени, за финансирање на мерката на Владата за субвенција на платите за неколку месеци, со тоа што тие треба да се насочат кон поддршката за добростоечки макро, мали и средни претпријатија, врз основа на лесно применливи критериуми. Таргетирањето го правиме, бидејќи веруваме дека тие претпријатија ќе бидат јадрото на економското закрепнување на земјата“, рече Мантованели.Мерката е наменета за секоја фирма која има намалување на приходите од најмалку 30% во април и мај – во однос месечниот просек од 2019, месечниот просек од основање на компанијата или во однос на сезонскиот просек од последните 4 месеци спореден со сезонскиот просек од претходната година за фирми од специфични сезонски дејности. Фирмите не смеат да исплаќаат дивиденди, бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност за времетраење на мерката и просекот на највисоките нето-плати на 10% од вработените да не надминува 120.000 денари по вработен.Мерката се однесува за сите вработени освен за вработените со плата над 39.900 денари, за вработените за кои се користи ослободување од плаќање придонеси од проектот „Македонија вработува” и доколку работодавецот ја користи мерката од првиот сет на економски мерки за субвенционирање на 50% од придонесите, а фирмата не е од најпогодените дејности.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Struga-prazna

Со едрилица и пеш се движеле спротивно на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни настани полициски службеници констатирале дека тие го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола се движеле со пловни објекти – едрилици низ Охридското езеро.Едно лице е обвинето затоа што се движело пеш низ Струга во време кога во сила била забраната за движење на населението согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија.Четвртиот обвинет не ја почитувал задолжителната мерка за строга изолација. Имено, тој по пристигнување на територијата на државата имал обврска да биде во 14-дневен државен карантин во хотел Дрим во Струга. Но од страна на полициските службеници бил затекнат како се движи низ ходникот од објектот.Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

darko-poposki-29-04-2020

(ВИДЕО) Попоски: Вие „Разумни луѓе“

Упорно избегнувате да востановите атмосфера што ќе ја развие праксата и доктрината во делот на правата и слободите. Впрочем, тоа ви е и основната обврска - Заштита на слободите и правата на човекот и на граѓанинот. Скриени зад сувопарните „бирократски формулации“ многу повеќе отколку со издржани правни квалификации, вие сте повеќе пречка отколку заштита на правата и слободите, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.Според кој ум и разум се водевте во 2016 година, кога во рок од само три месеци донесовте две различни одлуки за една иста работа – прво дека не сте надлежни да ја разгледувате одлуката за распуштање на Собранието, а потоа се прогласивте за надлежни?Како некои иницијативи ви „спијат“ со месеци а други „волшебно” се појавуваат на дневен ред. Како „вашата сопственост” е заштитена со Уставот, а во 2017 година ја отфрливте иницијативата за оценување на уставноста на  правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со која беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест. Или сопственоста на граѓаните според вашиот ум и разум  не  е заштитена со Устав како вашата сопственост?Зарем не сфаќате дека на принципот „Dura Lex Sed Lex“ (и суровиот закон е закон) му истечено времето, дека покрај академското знаење кое можеби го имате, а можеби и не, треба да обрнете сериозно внимание и на елементарните етички вредности. Застрашувачко е отсуството и на двете, истакна портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски. https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnija/videos/222861602352000/?v=222861602352000 фото: ГДУ   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Центар: Вештачењето за пропустите на улицата „9-ти Мај“ ќе биде извршено за периодот од 2007-ма до 2009-та година

Општина Центар изминатиот месец започна со реконструкција на улицата „9-ти Мај“ во населбата Буњаковец, улица со ударни дупки и асфалт, која последен пат е реконструирана во 2009-та година.При реконструкцијата, се увиде дека дебелината на поставениот слој на асфалтот е само три сантиметри, односно дури три пати помало од она што е предвидено во проектот за последната реконструкција, изработен во 2007-ма година.Ја известуваме јавноста дека за улицата „9-ти Мај“ веќе е отпочната постапката за вештачењето на фактичката состојба на улицата во изминатите 11 години.“Вештачењето ќе се изврши врз парчињата асфалт извадени од самата улица и од постоечката документација за улицата. Сакам да напоменам дека ќе ја ограничиме истражната постапката на периодот од 2007-мата до 2009-тата година“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Ова ограничување на постапката, додаде Богдановиќ, е со цел да избегнеме ширење на шпекулации со имиња и одговорност, со единствена цел – да добиеме непристрасна и објективна постапка, која подоцна ќе послужи како основа за понатамошни активности кои општината ќе ги преземе за утврдување на одговорноста во досегашната состојба со улицата “9-ти Мај“.Општина Центар периодов е активна со реконструкција на повеќе улици на нејзина територија, меѓу кои е и улицата „9-ти Мај“, каде стариот асфалт веќе се заменува со нов, со дебелина од 9 сантиметри, а ќе се изведат нови тротари и улицата ќе добие нова урбана опрема и зеленило.фото: Општина Центар

Скопје | пред 6 години

Prikluci-se-MK

Владa: Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ „Вибер“ заедницата на Северна Македонија, за навремено и точно информирање

За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со коронавирусот, Владата на Република Северна Македонија отвори нов информациски канал на популарната апликација за дигитални комуникации „Вибер“.Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како и останатите комуникациски алатки кои Владата интервентно ги отвори со цел интензивирање на комуникацијата со граѓаните за полесно справување со коронавирусот. Во тој пакет е и официјалната веб-страна koronavirus.gov.mk, мобилната апликација за „Андроид“ и „IOS“, како и наменските профили на социјалните медиуми „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“.Целта на новиот канал за комуникација на „Вибер“ е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата.„Вибер“ e една од најкористените апликации за разменување на пораки во нашата земја, со над 1 милијарда корисници во светот.Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ „Вибер“ заедницата, за добивање точни, официјални и брзи информации поврзани со КОВИД-19 на својот мобилен телефон.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

w_55947221

2.300 здравствени работници ја поминаа КОВИД-19 тренинг програмата на Project HOPE и Brown University од САД

Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше он лајн тренинг програма COVID 19 Response Training наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари,  беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онајн.Тренингот е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД, и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници. Истиот се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со КОВИД 19 вирусот.Со оглед на фактот дека голем дел од здравствени работници во светот, за жал се заболени со КОВИД-19, идејата на тренингот беше период од три недели да опфати значителен број на здравствни работници од сите сегменти на здравствениот систем, се со цел да се усвојат единствени заштити мерки за медицинскиот персонал и истовремено да се пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на инфекцијата и контрола на ситуацијата. Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој.Првично беше избрана група од 40 медицински лица, 20 леакари и 20 медицински сестри кои ја поминаа четиридневната онлајн обука со обучувачи од Brown University од САД . Истите тие потоа направија обука на близу 2.300 здравствени работници од сите здраветвени установи во земјава.Во правата фаза он лајн тренингот започна со клиниките од Клиничкиот блок Мајка Тереза каде близу 650 здравствени работници  ги слушнаа предавањата и развија активна дискусија околу превенцијата и ширењето на инфекцијата со КОВИД 19. Во втората фаза беа опфатени Болницата 8 Септември, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Специјалната болница Чаир, Психијатриските болници, Геријатриските центри,  трите Клинички болници Тетово, Битоа и Штип како и сите Општи оболници во сите градови во земјава, потоа Здравствените домови, Институтите за јавно здравје и Специјалните болнци. Преку катедарата за Семејна медицна беа организирани обуки на сите избрани лекари од примарното здравство, а преку студентската организација ЕМСА беа организрани предавања и за студентите по медицина. Тренингот заврши со дополнителна обука во на Клниките во Клиничкиот комплекс Мајка Тереза кои се најпогодени од новонастаната ситуација. Во овој комплекс 760 вработени го поминаат тренингот.Во услови кога медицинскиот персонал се соочи со досега непознат вирус кој зема замав за релативно кратко време, организираирањето на онлајн тенинг програма за заштита за што поголем број медицински персонал беше вистински предизвик. Бројката од 2.300 учесници кои понатаму протоколите ги пренесоа во своите работни организации  е од големо значење за намалување на трансмисијата на вирусот помеѓу здравствените работници.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Чулев се става над истрагата, МВР нема утврдено кога е направена снимката со Мицкоски во фитнес центарот

Министерот Наќе Чулев се постави над законот, над истрагата, за да го заштити партискиот шеф Христијан Мицкоски за кого се појави видео во јавноста како посетува теретана во период кога постои забрана за работа на фитнес центрите,се вели во соопштението од СДСМ.Уште незавршена, Чулев ја затвори истрагата за случајот и тоа го објави во јавноста, иако датумот кога е направена видео снимката се уште не е утврден од страна на полицијата, а тоа во случајов се наметнува како клучно за да се утврди дали Мицкоски, во придружба на командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски работник, посетувал теретана во време кога на сила се забраните против коронавирусот. Овој факт е важен за јавноста да биде правилно и точно информирана за настанот.Ја потсетуваме јавноста дека претходно, исто во период на забрана за работа на теретаните, на медиумите се појави фотографија како Мицкоски со спортска торба излегува од фитнес центар, а потоа призна дека бил во посета, но само да ја земе торбата која му останала таму. И овој случај е завршена приказна за Чулев без да ја извести јавноста што навистина барал Мицкоски таму.Последниот случај со видео снимката на Мицкоски и на командантот на Тигрите Бисовски е класичен пример како министерот пред време се става во заштита на Мицкоски.Неприфатливо е во ситуација во која полицијата нема утврдено од кога потекнува снимката, министерот да носи заклучоци кои се штетни за правната држава и за владеење на правото и кои се поттикнати од лични и партиски интереси.Ние нема да замижиме пред фактот дека истрагата за потенцијалното несовесно однесување на лица од ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија и натаму не е завршена, се додека не се утврди вистината.Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го претвори МВР во партиска испостава, во МВРО-ВМРО. Конечно треба да им стане јасно и на Мицкоски и на Чулев дека секој во државата денес одговара за неодговорно и незаконско постапување и дека во Северна Македонија владее правна држава.Ваквиот обид да се прикријат факти за настанот во теретаната нема да успее. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината за случајот, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

skopje-7

Во 24 часа на ниво на целата држава  28 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се  21 лица, а за останатите се земени податоци  и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Stefanija

Стефанија Каркалашева: Економијата и образованието се клучните столбови за развој на македонското општество

Интервју со Стефанија Каркалашева, кандидат на листата на пратеници за  изборна единица 4 од „Македонски концепт“.Стефанија Каркалашева е дипломиран економист со значајни познавања на комплексните економски концепти и категории, со специфичен фокус на маркетингот, раководењето со процесите и со изградена способност за примена на теории и идеи во реална пракса. Таа е млад професионалец со изразена континуирана желба за личен развој и унапредување во процесите на управување со човечките и материјалните ресурси. Дипломира на Економскиот Факултет при „Овидус“ Универзитетот во Констанца, Република Романија, на насоката Комерција, Туризам и Услуги. Била истакнат студент при Инцијативата за меѓународна размена на студенти како дел од програмата „Еразмус“, при што во 2018 година посетува настава на Универзитетот за светска и национална економија во Бугарија.Стефанија е активен спортист – фудбалер, со впечатливи настапи како дел од женската фудбалска екипа на ЖФК “Истатов” и на ЖФК “Селена” од Констанца, Романија.Стефанија Каркалашева: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?Тоа е сличниот концепт на размислување, заедничките вредносни системи и ставови што ги делиме, како и со идентичната визија, која пред сè оди во насока на подобрување на секој аспект на функционирање и организирање на нашата држава. Но, најискрено и неизбежно е да се напомене дека тоа е довербата во луѓето кои ja создадоа идејата и платформата на Македонски Концепт.Стефанија Каркалашева: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Сум била симпатизер, делумно и активист, но никогаш не сум била член на политичка партија. Токму граѓанскиот принцип врз кој почива платформата на Македонски Концепт ме мотивираше да се приклучам кон оваа опција. Возбудена сум од можноста која се дава на нови и свежи лица да остварат свој конкретен придонес во креирањето на прогресивни политики за иднината на државата.Стефанија Каркалашева: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Неопходно е да се направи промена во пристапот на решавање на проблемите! Македонската политичка сцена плива во еден застојан жабурник, а тоа е огромен хедикеп кога во светот единствена константа се – промените! Како да отсуствува желба и воља да се направи нешто ново, некое out-of-the-box решение, па се оди на линијата на помал отпор… и така поминува мандатот. А не дека нема луѓе коишто можат да донесат свежина и нови решенија, само се надвор од магистралните политички текови. Македонија мора изворно да создаде, да направи суштинска разлика во однос на минатото, во начинот на справување со предизвиците кои ги имаме и кои нè очекуваат во иднина.Стефанија Каркалашева: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Според мене, за создавање на една здрава држава неопходно е да се преземаат низа мерки и активности во рамките на два клучни кластери, а тоа се економијата и образованието. На економски план, неопходно е да се воспостават и да се спроведат во пракса серија развојни програми кои ќе овозможат дополнителни вработувања во реалниот сектор од една страна, а и да се стимулира дополнителна побарувачка и пласман на производите на домашниот пазар, од друга страна.Во состојбата во која што е сега, наместо да биде двигател напред, образованието е кочничар на општествениот развој! Целиот образовен систем иманентно мора да се подигне не едно повисоко развојно и структурно ниво, кое, на прво рамниште, мора да вклучува сет на мерки и иницијативи за достоен и професионален стимул на наставниот кадар. Без стимулација на оваа група на професионалци, нема да имаме никаква шанса да го реформираме образовниот систем во Македонија. Ниту, пак, ќе создадеме нови можности за подигање на потенцијалите за создавање на ментално здрав и едукациски прогресивен млад човек.Стефанија Каркалашева: Која компонента од она што го нуди Македонски концепт за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Посебно внимание ми привлече стратешката платформа на проекти кои стимулираат  партнерство со младите и волонтерско работење на функционерите. Овој пристап ги надминува конвенционалните политички практики. Пред сè во насока на свесноста и пристапот на поединецот кон државата како жив организам. Притоа, промовирајќи една значајна компонента на државен патриотизам или начин секој граѓанин да даде свој личен придонес кон подобрувањето на општествените услови и стандарди на живот, воопшто.Стефанија Каркалашева: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Со еден збор – транспарентност. Стратешките проекти на Македонски Концепт се и ќе бидат транспарентни, во сите фази, од создавање до практикување. Јавноста е хиперсензибилизирана од нетранспарентност, неетичност во односот на релација информација – граѓанин. Мојата улога, во овој правец, би била насочена кон објективен и реален начин на информирање на јавноста, за статусот и исходот од реализацијата на овие проекти. Со тоа, длабоко сум уверена, дека не само што ќе се придонесе кон популаризација на овој иновативен пристап, туку и ќе се стимулира вклучување на нови лица, граѓани, кои несебично и искрено ќе ја поддржат оваа граѓански ориентирана платформа и начинот на работа.Стефанија Каркалашева: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Основно и неизбежно е да се вложат елементарни напори во детекција на слабостите и пропустите на досегашниот систем на работа и функционирање на институциите. Само на тој начин, како прво скалило, ќе се отвори простор за предлагање на конкретни решенија и проекти за надминување на тие слабости. Со тоа, ќе се детерминира платформа за здрава и функционална платформа за имплементација на проектни решенија кои Македонски концепт ги дефинира во својата програма.Стефанија Каркалашева: Зошто проекти?Само тоа е начин со којшто може да се гарантира напредокот на полето на економијата, социјалниот статус на граѓаните и целокупниот животен стандард. Проектите нудат конкретни практични решенија, се осврнуваат на конкретен проблем и ги детектираат конкретните области каде извршната власт не успева да направи било какво подобрување. Верувам дека само на овој начин, ќе успееме да направиме промена, која во најмала рака, ќе предизвика нормализација на процесите и процедурите на функционирање на круцијалните кластери во државата.Стефанија Каркалашева: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Македонија како дел од ЕУ, што ќе овозможи поголем прилив на средства од надвор и ќе создаде можност за пласман на македонскиот производ на пазари кои досега се недостапни за нас како економија во развој. Од таа позиција, верувам дека Македонија ќе стане и туристички многу поатрактивна дестинација, што ќе овозможи висок степен на развој на уште една економска категорија која во многу развиени европски земји е значаен генератор на дополнителни приходи во економијата.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 6 години

policija-1

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возилото пронајдено, возачот побегнал

На 28.04.2020 година, во 17,35 часот, во Струмица на ул:”Никола Тесла” случена е сообраќајна незгода од страна на непознат возач со непознато возило. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 4 годишно дете -пешак. По укажана лекарска помош во Медицински Центар Струмица поради карактерот на повредите пешакот е препратен во Ургентен центар во Скопје.Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Струмица во присуство на јавен обвинител. Од страна на полициски службеници возилото е пронајдено и е во кругот на СВР Струмица. Се превземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска дожд и појава на грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 19 до до 24 степени.Во наредниот период следува период на променливо облачно и топло време со сочеви периоди. Во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kosta-izjava

Георгиески: И покрај денешната одлука на Уставниот суд, за април и мај ќе подигнам плата од 14.500 денари, останатите пари ќе ги уплатам во Црвен крст Охрид

Поради лична желба, одговорност и солидарност во овие моменти, кога сите капацитети и ресурси се насочени кон побрзо надминување на кризата со Корона вирусот Ковид-19, сакам да ја информирам јавноста дека и покрај денешната одлука на Уставниот суд, за месеците април и мај ќе подигнам плата од 14.500 денари, а останатите средства до целиот износ на нето платата, ќе ги уплатам на сметка на Црвен Крст Охрид за обезбедување на прехранбени пакети за социјално-ранливите семејства од нашата општина, објави на својот профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.Градоначалникот додава:❗Упатувам апел до сите носители на јавни функции да го следат овој пример. Само со лична одговорност можеме да дадеме придонес во оваа специфична ситуација.Секој поединец може да придонесе. Да продолжиме посветено да ги почитуваме сите препораки, да бидеме совесни и одговорни, бидејќи од нас зависи.

Македонија | пред 6 години

DSC_0022

Чулев: Предложив нормално ограничување 1 мај бидејќи граѓаните ги почитуваат мерките

Наќе Чулев, како министер во МВР предложил викендот за 1 мај да нема целосен полициски час, бидејќи како што вели тој граѓаните се совесни и нема потреба од толку строги мерки.- Моите аргументи беа во насока дека кај граѓаните веќе постои повисока свесност, за лична заштита, со мерките против ширење на заразата. Како што гледате граѓаните ги почитуваат мерките и одлуките на владата, носат средства за лична заштита маски и ракавици. Другиот аргумент беше психолошкиот притисок кој што е енормно зголемен врз граѓаните, полицијата е секојдневно со граѓаните и забележана е енормна агресивност кај нив. Што значи дека оваа ситуација се одразува врз психо-физичкото здравје врз граѓаните. Доколку направиме една анализа и компарација со регионот и Европа, во некои држави веќе има и агресивни манифестации на граѓанска непослушност. Она што ни служи и како плус индикатор на МВР е и зголеменото семејно насилство. Јас тука ги охрабрувам сите оние врз кои  се врши такво насилство тоа да го направат преку телефон или во најблиската полициска станица, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за 24 телевизија.Во врска со случајот со кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, Чулев кажа дека истата е политчка и дека во счучајот истата е доставена самп до БЈБ, а не и до него.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уште на 377 компании со 2.735 вработени им се одобрени бескаматни кредити во вкупен износ од 2,5 милиони евра

На предлог на Развојна банка на Северна Македонија, Владата денеска ја разгледа и усвои третата информација до Владата на Северна Македонија за обработени компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. На вкупно 377 компании со 2.735 вработени, им се одобри користење на бескаматни кредити во вкупен износ од 2.533.892 евра.Во трите групи заедно, се одобрени вкупно 631 кредитни апликации во вкупен износ од 4,7 милиони евра, за компании со 5,588 вработени.По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 76%, малите компании до 50 вработени учествуваат со 22%, а средните компании до 250 учествуваат со 1%.Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра, 2,1 милион евра се одобрени на компании во транспортната дејност, 2,4 милиони евра се одобрени на компании од угостителството, додека останатите се одобрени на компании во туризмот (туристички агенции и туроператори).фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Обезбедени 50 милиони евра заем од Светска банка за исплата на плати за работниците во приватниот сектор

Денеска Владата ја усвои Информацијата за реалоцирање на средства од Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка, во износ од 50 милиони евра, во насока на кофинансирање на владината мерка за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kasarna

(ВИДЕО) Голем пожар го зафати кровот и дел од зградата во кругот на старата касарна во Струмица

Голем пожар го зафати кровот и дел од зградата во кругот на старата касарна.  Станува збор за згада непосредно до новиот објект на СВР Струмица, објектот во кој била сместена командата на поранешната Армија, објави Струмица Денес. https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/521195401893137/извор:  Струмица Денес.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања