Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

medicinari

Филипче: На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници

На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот.Им порачувам да бидат особени внимателни на работните места. Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари.Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници – целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2371497919823894/?type=3&theater  Фотографија: Tomislav Georgiev

Македонија | пред 6 години

krap

Уловен крап капиталец во Осломејското Езеро тежок 7 килограми

Спортскиот риболовец од Кичевското село Гарани, Весмир Елези во Осломејското Езеро успеа да улови капитален примерок на крап, со тежина од близу седум килограми.-Ова е вистински настан што го посакува секој рибар. Знаев дека се работи за крупна риба кога го почувствував силниот удар на блинкерот, кој се повтори по неколку секунди. По неколку минутна борба крапот ја извлеков на суво. Тоа беше прекрасен примерок на автохтон крап, со должина од околу 80 сантиметри и со тежина од околу пет килограми. Беше задоволство и повторно нормално го вратив во езерото, изјави Елези.Осломејското Езеро од ден на ден се повеќе го привлекува вниманието на спортските риболовци и станува вистинска атракција.Преку донации ланската година оваа езеро два пати беше порибувано.

Македонија | пред 6 години

ademi

Адеми: Лажна вест е Уредбата за продолжување на школската година

Лажна вест напиша министерот за образование Арбер Адеми на неговиот Фејсбук профил за наводната Уредба од Министерството за образование за старт на учебната година на 18 мај. Тој објави и фотографија од лажната уредба пречкртана со црвено, објави  slobodnaevropa.mk.Според лажната Уредба која што се споделува на социјалните мрежи, треба да се обезбедат услови за учениците да се вратат на училиште на настава во три смени, а часовите би се скратиле од 45 на 30 минути.И од министерството за образование и наука ја демантираа веста.„Министерството за образование и наука ја демантира информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година“, реагира МОН.извор и фото: slobodnaevropa.mk.

Македонија | пред 6 години

Stoilkovski

Стоилковски: Блиски на Рашковски при корона криза си делат тендери, а институциите молчат

Петти ден молк од власта за скандалозниот тендер за градежни машини, каде што братучедот на сопругата на Драги Рашковски како директор на ЈП Дрисла додели тендер на братучед на Драги Рашковски сопственик на фирмата „Алпима ТИМ“ ДООЕЛ Струмица – Александар Пиперевалиев. Истиот Пиперевалиев кој што е бизнис партнер со партнерите на Вице Заев, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Скандалозниот тендер е во висина од над 12 милиони денари за изнајмување на градежни машини во времетраење од 3 месеци и тоа склучен во 4 очи.Додека граѓаните мака мачат со заразата, со справувањето со последиците од корона вирусот, Драги Рашковски, Коста Начевски и Петре Шилегов делат тендери во 4 очи на нивни блиски.Додека Комисијата за спречување корупција ја утврдува поврзаноста на сите инволвирани, односно роднинската поврзаност на Драги Рашковски со Коста Начевски и Александар Пиперевалиев, бараме, Јавното обвинителство да отвори случај и да го истражи овој тендер.Овој скандал во вонредна состојба, тендер доделен од еден братучед на друг братучед, мора да се испита до крај и да се сноси одговорност. Ова не е прва вмешаност на генералниот секретар на Владата на СДСМ – Драги Рашковски во вакви сомнителни тендери каде што има сериозни сомнежи за криминал, и затоа бараме и овој пат да не се крие вистината од граѓаните.Дали и какво влијание имал Драги Рашковски во доделувањето на тендерот од ЈП Дрисла, каде што едниот братучед на сопругата на Рашковски му доделува тендер на братучед на Драги Рашковски?Инволвираните мора да сносат одговорност, а Русковска обвинителството и трас-трас судството на Зоран Заев мора да се разбудат и конечно да почнат да работат. Правда мора да има и ќе има, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

IMG-6377

(ФОТО) Деветнаесет години од загинувањето на хероите кај Вејце

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, придружувани од претставници на други организациони единици на МВР, денеска во Битола, пред споменикот “Ангел“ (кај Градскиот часовник) како и во кругот на СВР Битола, со положување на цвеќе ја одбележаа 19 годишнината од херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола - Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце.На комеморативното одбележување на трагичното загинување на овие македонски херои учествуваа и претставници на локалната самоуправа на Битола, на политичките партии како и на семејствата на загинатите бранители.Како што потенцираше министерот Чулев, со овој чин не само што се оддава должната почит кон огромната, неспоредливо најголема жртва на нашите бранители, туку се испраќа и јасна порака дека хероите никогаш не умираат, тие вечно живеат во нашите животи. Тој, исто така, нагласи дека министерството за внатрешни работи, во рамки на своите можности, и натаму ќе остане отворено за семејствата на нашите загинати бранители, за бранителските организации – секогаш да им излезе во пресрет на нивните барања и потреби.фото:МВР

Македонија | пред 6 години

NLO

(ВИДЕО) Пентагон објави три видеа од НЛО

Пентагон објави три декласифицирани видеа на кои се гледа како пилотите на американската морнарица се соочуваат со нешта за кои се претпоставува дека се неидентификувани летачки објекти (НЛО). „Неидентификували летечки објекти“ претходно биле објавени од приватна компанија, пипува „Си-Ен-Ен“. На видеата може да се види како неидентификувани летечки објекти се движат додека се снимаат со инфрацрвените камери. Две од три видеа ги содржат и реакциите на американските војници кои се зачудени од брзото движење на објектите. Може да се слушне дека еден од нив нагаѓа дека станува збор за некакви дронови.Американската морнарица во септември минатата година ја потврди автентичноста на видеата кои се снимени.Од Пентагон во минатото преку тајна програма ги проучувале снимките на воздушни средби со непознати објекти. Програмата била започната во 2007-ма година, но била завршена пет години подоцна затоа што од Пентагон процениле дека тие пари би можеле да се потрошат на програми со поголем приоритет.фото: PRTCS

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Уставниот суд расправа за кратењето на платите на судиите и обвинителите

Уставниот суд во моментот разгледува неколку иницијативи, а поднесени за оценување на уставноста на неколку Уредби на Владата кои беа донесени за време на вонредната состојба.Една од иницијативите е и онаа која ја поднесоа судиите, а со која спорат дека е неуставна одлуката на Владата за месец април и мај да земат плата од 14.500 денари. Се разгледува и иницијативата за уредбата за исплата на платите на вработените во СЈО.I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:1. – Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.94/2020); и– Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.97/2020)Реферат У.бр.49/20202. Уредба со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија “ бр.79/2020)Реферат У.бр.46/20203. – Уредба со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020), и-Уредба со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020).Реферат У.бр.44/2020 и У.бр.50/20204. Уредба со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).Реферат У.бр.45/20205. Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).Реферат У.бр.47/20206. Уредба со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 и 97/2020).Реферат У.бр.48/2020фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-8

Во изминатите 24 часа на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.04) на територијата на Република Северна Македонија на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос, пак, на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, и притоа приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

spasovski-1

Спасовски во емисија на ФТВ БиХ: Регионалната соработка го положи тестот и во справувањето со коронавирусот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во гостувањето во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина посветена на состојбата и справувањето со здравствено-економската криза заради коронавирусот во земјите во регионот, информираше за актуелниот момент на оваа тема во нашата земја и истакна дека стратегијата за одговор на оваа закана дава резултати со повеќе оздравени отколку новозаразени, и дека тоа е резултат на дисциплината на граѓаните кои ги прифатија мерките како неопходни, потоа на исклучителната посветеност на здравствените работници, на вработените во МВР и во Армијата кои во овој период се на висината на задачата мерките да се спроведуваат максимално дисциплинирано.Во емисијата, во која учествуваа и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, потпретседателот во Владата на Србија и министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, и министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Фахрудин Радончиќ, тема на разговор беа и економските мерки што ги преземаат земјите од регионот за ублажување на последиците за стопанството и економијата.Многу бргу со мерките за заштита од коронавирусот од здравствен аспект, дојдоа и економските мерки за справување од последиците по стопанството и економијата.„Со првиот пакет интервентни мерки беа опфатени 254 компании и 2.853 вработени во микро, мали и средни компании. Заедно со третиот циклус за овие мерки се обезбедени нешто повеќе од 10 милиони евра. Во тек е реализацијата на вториот пакет економски мерки кој главно предвидува директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април и мај, за сите фирми погодени од кризата. Сумата што ќе ја добие секој работник од компаниите што ќе аплицираат, за двата месеци, април и мај, изнесува речиси 500 евра, односно по 14.500 денари месечно. Освен да се задржат тековните плати на вработените, оваа мерка е наменета и за зачувување на работните места“, рече премиерот Спасовски во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина.Премиерот Спасовски говореше и за значењето на регионалната соработка во решавањето на бројните прашања од итност што ја наметна здравствено-економската криза со коронавирусот, и истакна дека ова посебно дојде до израз во организацијата на спроведувањето на безбедните хуманитарни коридори со кои се обезбеди враќањето на државјаните на Северна Македонија од земјите со висок ризик во нивната татковина и со тоа регионалната соработка го положи тестот.Едно од прашањата од интерес во емисијата во која гостуваше премиерот Спасовски беше и мигрантската криза за која тој потсети дека Северна Македонија зазеде став да дозволи влез на мигранти на својата територија и дека ќе спроведува политика на нула толеранција во однос на евентуалните обиди мигрантите да ја преминат границата.„Без разлика на корона кризата, ја следиме внимателно и таа ситуација, но главно нема разлика во однос на нашиот став. Во однос на мигрантската криза, Северна Македонија ја градеше својата политика на две основи – едната е европската политика во делот со справувањето со мигранти, а другата е регионалната соработка, односно политика која е заедничка со земјите од регионот.Нема справување со било каков мигрантски бран ако сите земји заедно не носат заеднички ставови и одлуки и ако не соработуваат меѓу себе“, рече премиерот Спасовски во гостувањето во емисијата „Одговорете им на луѓето“ на Федералната телевизија на Босна и Херцеговина.видео: Влада

Македонија | пред 6 години

stevo

Стево Насковски: Департизација на администрацијата, проверка на потеклото на имот и владеењето на правото се основните приоритети за Македонија

Интервју со Стево Насковски, носител на листи на пратеници за ИЕ 5 од „Македонски Концепт“Стево Насковски е магистер на правни науки на насоката применета политика и дипломатија, на правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Неговиот образовен процес не застанува со комплетирањето на магистерскиот труд на тема „Лобирање во дипломатијата“, по што повторно се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на кој во 2010 веќе еднаш дипломира на насоката Политички Науки. Покрај континуираниот образовен процес, Стево е активно ангажиран и на професионален план, при што се стекнува со огромно професионално искуство и неформално образование како активист на повеќе невладини организации и здруженија кои активно учествуваат во политичките процеси во земјата. Како професионалец, има значајно искуство во секторите на Јавната администрација, а специфично како Соработник на второстепената комисија за постапување по жалби во сферата на административните процедури и трудово право, (2014 година), а потоа како Соработник на Второстепената државна Комисија за постапување по жалби во сферата на инспекцискиот надзор и прекршочните постапки, каде работи од 2016 година.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?Стево Насковски : Зар треба некој да бара личен поголем мотив кога околу себе гледа летаргични и апатични луѓе, потиснати од повеќедецениското чувство на отсуство на надеж за себе, за семејството, за државата, дека еден ден ќе биде подобро? Мојот личен порив е да дадам сопствен придонес за враќање на Нормалноста во државата! А, тоа, пред сè, подразбира владеење на правото, етаблирање на стабилен општествен систем, остварување на економска стабилност и благосостојба за секој граѓанин на оваа наша држава.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Стево Насковски: Не, политички активен сум од мои тинејџерски години во ВМРО-ДПМНЕ.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Стево Насковски: Јас ќе го кажам гласно она што повеќе наши сограѓани го мислат – тоа е комплетно преструктурирање на најголемите политички партии во државава ВМРО– ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, ако тоа не  е остварливо тогаш е потребно нивно укинување. Целосна и реална демократизација во општеството, целосно департизирана и ослободена јавна администрација од политичките спреги. Дополнително, тоа треба да биде и градење на здрава инфраструктура за целите и во насока на стратешка поддршка на индустрискиот раст на земјата, со што ќе се стимулира отворање на нови индустриски капацитети и развој на реалниот сектор, воопшто.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Стево Насковски: Еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење закон за заплена на партиски имот доколку не се докаже од каде и како е стекнат, како и заплена на имотот на функционери коишто не можат да го докажат неговото потекло. Потоа, забрана за употреба, односно – злоупотреба на името ВМРО од политичките субјекти, па воведување на ефективна казна затвор за судските постапкаки кои се водат и треба да се водат за функционери, независно од нивната партиска или политичка припадност. Конечно, треба целосно имплементирање на проектите на Македонски концепт, коишто подразбираат обештетување на граѓаните, со приоритет на проектите за кредитирање на бизниси и нивно проширување, како и стимулациите за привлекување на инвеститори во државава и владеење на правото.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди Македонски концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Стево Насковски: Тоа што луѓето кои се дел од Македонски концепт немаат криминално бреме и веруваат во реалноста и применливоста на проектите кои ги предлагаат. Тоа се свежи лица, без хипотеки, без лажни тутори, професионалци во своите области, желни и посветени да направат нешто за иднината на сосптвената татковина!ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Стево Насковски : Со безрезервна лична заложба и професионален активизам, насочен кон промоција и афирмација на Македонски концепт како платформа која нуди нови лица и реални проекти и решенија во секое поле на општествено-социјалната сфера во Македонија.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Стево Насковски: За воспоставување на Нормална Држава! За апсолутно владеење на правото! За реална благосостојба на граѓаните реализирана преку поддршка и имплементација на проектите врв коишто се базира платформата на Македонски концепт.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Стево Насковски: Проектите се оперативната основа за ефикасно спроведување на реформи во општеството. Од суштествена важност е да се знае кој е носител на еден проект, неговиот почеток, времетраење, неговата цел и, секако, ефектите од неговата имплементација. Професионализмот и посветеноста кон секој проект, лесно може да вроди со резултат, кој лично верувам далеку ќе ги надмине политиките на празни ветувања и нереални цели на постојната политичка елита.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за пет години од сега.Стево Насковски: Македонија за пет години од сега е членка на НАТО, на ЕУ, како и Влада предводена од активистите на Македонски концепт, Нормална држава, држава на задоволни граѓани.фото: „Македонски концепт“

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев не смее да го продава македонскиот јазик и идентитет

Заев се богати и се обидува да се избори за уште една амнестија за криминалот, а Македонија ја плаќа цената. Власта предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска во период на здравствена и економска криза крие и релативизира важни документи. Бугарија ја користи неспособноста, криминогеноста и алчноста на Заев и го условува членството на Македонија во ЕУ со почитување на договорот што ги потпиша СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Со овој документ се подриваат темелите на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ.Власта предводена од СДСМ не се интересира ниту за здравјето на граѓаните, ниту за државата.Релативизирајќи ја новонастанатата ситуација со бугарскиот документ, ставајќи го проблемот под тепих, СДСМ прави голема штета на граѓаните и државата.До кога Заев и неговите соработници ќе го игнорираат ова прашање?Последиците од политиките на СДСМ и Заев ќе бидат долгосежни.Заев гледа само како да се спаси од одговорност за криминалот, ништо друго не го интересира.Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на разум, државнички однос и заеднички договор за ова прашање.Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага на претстојната лидерска средба покрај за состојбата со здравствената и економска криза како приоритет, да се разговара и усогласи заедничка стратегија како одговор на условувањата на Бугарија. Воедно треба да се постават основи за  заеднички усогласена надворешна политика, како и стратегија за национална безбедност. Тоа треба да бидат документи со кои ќе се обврзни сите идни Влади, е вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Krvna-palzma

Од денеска почнува лекувањето на заболените од КОВИД - 19 со крвна плазма

Од денеска почнува лекувањето на заболените од КОВИД - 19 со новата терапевска метода. Заболените од Ковид-19 ќе се лекуваат со крвна плазма, како и со примена на озонотерапија во болницата „8 Септември“. За денеска е закажана првата екстракција на плазма која ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина.Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Antonio-Milososki

Милошоски: Избори во јуни или јули се здравствен ризик за граѓаните, секое брзање во ваква ситуација значи свесно туркање на партискиот интерес

 Треба да се донесе решение за избори, во датум кој што нема да претставува здравствен ризик за популацијата во Република Македонија. Организирање на избори во текот на јуни или јули се здравствен ризик за граѓаните, изјави Антонијо Милошоски на Топ Тема на Телма.„Доколку некој смета дека е политички опортуно да организира избори во јуни, треба добро да размисли дека со тоа создава доплнителен здравствен ризик. Во време кога се уште владее и вознемиронста но гледаме, за жал и здравствени последици за граѓаните, некои за жал починати, некои заразени, а голем дел претпазливи, затоа сметам дека секое брзање во ваква ситуација значи свесно туркање на партискиот интерес пред здравствениот интерес на граѓаните.“ истакна МилошоскиВо однос на иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието Милошоски вели дека владата на СДСМ е свесна дека има злоупотребено дел од законодавната моќ и повторното свикување на Собранието би им служело како параван тие одлуки после извесна дебата да ги озаконат.„Тоа е политичкиот трик на на СДСМ, да се свика Собранието спротивно на одлуката за самораспуштање за да можат сите донесени уредби со законска сила за време на вонредната состојба, кои според мене добар дел немаат допирна точка со вонредната состојба за да се озаконат.“ вели МилошоскиТој истакна дека и да се со времен карактер уредбите тие и според Венецијанска комисија, според европското право и според нашите закони и два месеци да трае уредба, таа мора да е врзана со вонредната состојба„Вие  не можете да кажете дека уредбата за неисплатени плати врз основа на договор за дело на одредени рваботоени службеници во СЈО дека има врска со вонредната состојба.  Нема никаква врска“ нагласи Милошоски.Милошоски додаде дека ако СДСМ беше загрижена за демократијата ќе ја поднесеше иницијативата на 19 март, а не 35 дена покасно.„Вонредната како таква беше прогласена на 18 март и ако СДСМ беше загрижена дека Собранието истата треба да ја потврди ќе ја поднесеше оваа иницијатива на 19 март. Со калкулирањето 35 дена да се чека се гледа намерата дека оваа одлука е политичка а не правна,“ нагласи Милошоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mike-pompeo

Помпео: Против ковид-19 се бориме заедно со нашиот најнов сојузник Северна Македонија

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот профил на Твитер сподели дел од денешниот телефонски разговор со претседателот на државава, Стево Пендаровски.Помпео напиша дека борбата против ковид-19 е заедничка со Северна Македонија, како најнов сојузник во НАТО.https://twitter.com/SecPompeo/status/1254844152153550848

Македонија | пред 6 години

skopje-2

Полициски час од петок до понеделник е предлого за престојниот викенд кога се слави 1-ви мај

Минситерот за здравство рече дека Владата утре ќе каже дали ќе има полициски час за време на продолжениот викендот поради празникот 1-ви мај. Тој кажа дека Комисијата за заразни болести смета дека викендот треба да е затворен како за Велигден, од понеделник до петок. Предлогот е рестрикцијата за движење за започне од петок и да трае до понеделник.„Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука. На утринскиот состанок на штабот јас го изнесов мислењето до Комисијата за заразни болести, која со консензус смета дека викендот треба да е целосно затворен како за Велигден, од петок до понеделник. Сметам дека не треба да станува збор за лично мислење или да се пренесе мислење на група на граѓани, бидејќи мислењата тие се темелат на стручните сознанија на Комисијата за заразни болести. Така функциониравме до сега, се темелеа на бројот на пациенти што можеме да очекуваме од рестриктивните мерки во смисла на намалување на бројот на случаи со медицинска издржаност“, рече Филипче.Тој се спротистави на мислењето на Чулев викендот да не биде целосно затворен.„Граѓаните секако не сакаат да седат дома, кој би сакал да седи дома затворен три дена? Но има причина зошто е тоа така. Владата на утрешната седница ќе го дискутира овој предлог и ќе видиме таму какви предлози ќе стигнат дополнително, по што ќе известиме“, додаде министерот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

petar_bogoyeski

Богојески: Тоа што Мицкоски молчи за последните случувања со барањата на Бугарија е доказ дека опозицијата е контролирана од власта

Петар Богојески од Македонски концепт смета дека недостигот на реакција од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кон последните случувања со барањата на Бугарија и поставувањето услови за ЕУ интеграцијата на Македонија покажува дека опозицијата е контролирана од власта, објави ФОКУС.МК.-За многумина нејасно, но за мене од поодамна познато, станува збор за пресметаниот патриотизам, кај многумина, за жал и кај човекот кој се претставува како лидер на ВМРО во Македонија! Во момент на донесување на клучни одлуки за европската иднина на нашата Татковина, наместо да биде во центарот на решението, тој се одлучи повторно да биде надвор од збиднувањата, сокриен и притаен, исто како за ставот кон решението за НАТО. Ова не е ништо друго, туку длабоко лешинарско поведение! Ставот на СДСМ ми е познат, но ставот на “опозицијата” да биде молк и повлекување, ја потврдува нашата вистина, дека станува збор за контролирана опозиција од страна на власта! Г-дине Мицковски, со Македонија и Македонците не се прават задкулисни математички пресметки! Евтините калкулации за политички поени се оставаат на страна! Треба да се биде храбар политичар и државник, барем еднаш во животот и да се застане на страната на вистината! Да се застане рамо до рамо со Македонија и Македонците, и да се каже став кој нема да биде ниту пазар на политички поени, а ниту со калкулантски однос кон оние, на кои им е важна иднината на оваа држава, вели Богојески во изјава за Фокус.Тој додава дека на Македонија и требаат државници, а не, како што вели, војводи на батерии.Текстот во целост на: ФОКУС.МК

Македонија | пред 6 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Петар Колев: Некој треба да преземе одговорност заради неисплатените мартовски плати на вработените во Институтот за јавно здравје

Со неверување и огромно разочарување ја прочитав  објавена вест дека епидемиолозите кои се први во борбата против корона вирусот, микробиолозите кои деноноќно работат и прават тестирања на граѓаните, како и сите други вработени во Институтот за јавно здравје – што е клучна институтција во справувањето со здравствената криза, сѐ уште не зеле плата за месец март, се вели во реакцијата од Петар Колев, претседател на ГДУ.Изгледа тоа доцнење од цел еден месец не е некаков поголем проблем за лидерите на двете најбогати политички партии во Европа, бидејќи нивните мисли се преокупирани со друго, а имено спроведување на брзи избори во лето.Додека Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство ги усогласуваат колективните договори, некои запнаа дека е време за избори. До тука ли ја дотуркавме? Додека секој ден броиме новозаболени и починати од вирусот, на „богатите“ партии и нивните лидери им текна дека наместо заедно во борбата, треба да се поделиме повторно на непријателски кампови, подготвени на сѐ за да добијат власт и функции! Срамно е ова однесување и срамна е ова неодговорност. Истата ќе не однесе во самоуништување.Овие 200 луѓе вработени во Институтот и покрај фактот што се на првата борбена линија во борбата со Ковид-19, не само што не добиле бонуси како своите колеги од блиското соседство (Бугарија, Србија, Албанија, Грција), досега не ги земале и своите редовни плати за месецот март.Некој треба да преземе одговорност заради оваа криминална неангажираност во однос на егзистенцијата на овие луѓе кои херојски работат деноноќно за да нѐ одбранат од ова невидливо зло- коронавирусот.Барам што можно најбрзо решавање на овој проблем без ниту еден ден одлагање, затоа што, тие луѓе не заслужиле да станат жртва на неодговорноста на власта. Одговорните за оваа срамна ситуација треба веднаш да бидат санкционирани, бидејќи само така државата ќе покаже дека навистина е држава а не детска градинка, во која секој прави или не прави тоа што самиот ќе го посака, се вели во реакцијата од Петар Колев, претседател на ГДУ.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

silvi

ВИДЕО: „Деспасито“ во изведба на Силви бенд, на некаков си чуден јазик

Македонската поп група „Силви бенд“ денеска изведуваа песни во живо како дел од програмата на Град Скопје, со цел да ги забавуваат граѓаните кои се во домашен карантин поради покицискиот час, објави mediaset.mk.Тие отпеаа низа песни од нив, но и странски кои беа апсолутни хитови изминативе години. Од познатите се издвојуваше „Деспасито“ од Луис Фонси, која очигледно дека доби нов аранжаман, бидејќи не така добро им легна на Влатко и Силви. Шегите на социјалните мрежи одат дотаму што се поставуваше прашањето на кој јазик е изведвата од Силви бенд, но и, дали ова е преработка на корејски?Независно од изведбата и коментарите, мора да потенцираме дека Силви бенд е една од македонските поп групи која има оставено белег на музичката сцена, а посебно по тоа што опстојува повеќе од две децении и се двои од останатите,објави mediaset.mk.А за настапот, еве, пресудете вие:https://www.facebook.com/mkmediaset/videos/167377491224531/ извор:mediaset.mk.

Магазин | пред 6 години

Foto-9

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со американскиот државен секретар Помпео

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со Мајк Помпео, државен секретар на Соединетите Американски Држави.Во разговорот, од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од свое лично име, претседателот Пендаровски изрази сочувство за смртта на над 50.000 американски граѓани како последица на КОВИД-19 и изрази солидарност со американскиот народ.Во тој контекст двајцата соговорници разменија информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата на КОВИД-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност до државниот секретар Помпео за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари. Притоа, Претседателот истакна дека помошта е потврда за солидарноста и пријателството на двете држави во време на сериозни предизвици со кои се соочува целокупното човештво.Истовремено, претседателот Пендаровски му се заблагодари на секретарот Помпео за честитките за членството на Северна Македонија во НАТО, како и за целокупната американска поддршка и посебно на американската дипломатија, во исполнувањето на оваа стратешка цел.Претседателот Пендаровски го информираше државниот секретар Помпео за последните случувања во регионот, со посебен осврт на прашањето на Косово.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

om-reakcija-2704

ОМ: Hие од десницата не сме лицемерни лажговци, ниту простаци и крадци!

Деновиве гледаме како одредени функционери на СДСМ и про-опозициски  портали даваат свои „видувања“ и оценки за десницата во Македонија. Поради тоа одлучивме, како Обединети за Македонија,  пред македонскиот  народ да појасниме одредени ставови, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.Со сета почит, но ние од десницата не сме лицемерни лажговци, ниту  простаци и крадци.Десничарската политика смета дека одреден социјален ред е пожелен и  ние ја поддржуваме оваа позиција врз основа на природното и човековото  право, економијата и традицијата, а како пример би ја навеле  конкуренцијата во пазарните економии.Обединети за Македонија се залага за центар-десните политичко-економски принципи и спроведување на модерен, про-западен, државен патриотизам.Државниот патриотизам го поврзуваме со демократизацијата, конструктивните идеи и љубовта кон државата, а не манипулација и етничкиот национализам и сепаратизам.Воздигнување на духовните вредности и достоинството на целиот македонски народ без оглед на верата и националноста е, исто така, еден од главните принципи на кои се засновува нашата партија.Се разбира, правната држава и слободниот пазар и конкуренцијата според нас, се темелни основи на економскиот систем, како и слободата на говорот и печатот, но и зелениот конзервативизам – зачувувањето на природата, што само по себе носи и здраво потомство.Ете, тоа се дел од нашите десничарски принципи, а не таканарачената „десница“ која е под контрола на анти-западните структури во Македонија и на истокот.Обединети за Македонија со своите контакти со конзервативните и либерал-десничарските партии во Европа помогна во осознавање на вистината за Македонија, не само кај европските левичари, туку и кај десницата.Лицемерите и лажговците, како што ги нарекувате, немаат никаква, ама баш никаква врска со десницата и вредностите што погорe ги наведивме.Обединети за Македонија останува на десничарската оска во Македонија.Но, се разбира, увидуваме дека периодов не се работи за борба меѓу левицата и десницата. Периодов е борба меѓу про-западните и анти ЕУ и НАТО структури во Македонија. Затоа сметаме дека денес политичката борба во Македонија е борба за про-НАТО и про-ЕУ структури противоние кои се против сето тоа, без оглед на политичка определба.Кога конечно ќе се направи простор и пат за демократска борба меѓу левицата и десницата, тогаш ќе се создаде можност за демократско спротивставување на идеи кои не се штетни за државата.Се надеваме дека ваквите ставови не се официјални ставови на СДСМ или на некоја друга политичка партија, туку дека се работи за одделни поединечни определби.Да не заборавиме дека заедно го уривавме анти ЕУ и анти НАТО режимот во Македонија, кадешто вистинската десница имаше голем уддел во воведувањето на демократизацијата во Македонија, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.фото: Обединети за Македонија

Македонија | пред 6 години

car-fire

Уапсен жител на Делогожда, запалил два полициски автомобили во селото

На 26.04.2020 во 00.50 во с.Делогожда, струшко, од полициски службеници од Полициска станица Струга, за време на забраната за движење, бил лишен од слобода Д.Ж.(48) од с.Делогожда, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи на 25.04.2020, во периодот од 23.30 до 23.55 часот, Д.Ж. предизвикал пожар на две патнички возила паркирани во дворот на Полициска канцеларија Делогожда. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-kombe

Полицијата спречи трговија со марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ поднесе кривична пријава против  В.П.(31) од Албанија и Л.М. (26) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.02.2020 В.П. извршил набавка и транспорт на марихуана од територијата на Република Албанија на територија на Република Северна Македонија, која била наменета за продажба, каде во својство на краен купувач се јавил Л.М. Притоа В.П. и Л.М., врз основа на претходен договор, оствариле средба на територија на Струга, каде било извршено предавањето на марихуаната спакувана во најлонска ќеса, која требало да се пренесе на територија на Гостивар, за што Л.М. ги ангажирал Д.С., Е.Н. и Ф.А. Потоа В.П. се упатил кон Граничниот премин „Ќафасан“, а останатите во правец кон Гостивар. Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево во населбата Горица, во близина на бензинска пумпа во Кичево, ги сопреле патничкото возило „ауди А3“, управувано од Л.М., и патничкото возило „опел мерива“, управувано од Д.С. и над нив бил извршен преглед, при што под совозачкото седиште на патничкото возило „опел мерива“ била пронајдена и одземена една најлонска ќеса со 1655 грама марихуана. На 23.04.2020 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на Л.М., каде биле пронајдени и одземени две дробилки и телефон, по што Л.М. бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

lud

МВР: Уапсено лицето кое качен на автомобил пцуеше и викаше

Приведено лицето кое утрово качен на автомобил пцуеле и ги вознемируваше минувачите, велат од МВР.Во врска со видео материјалот кој денеска се споделува по социјалните мрежи, на кој се гледа лице кое го нарушува јавниот ред и мир и непристојно се однесува, МВР ја известува јавноста дека лицето Х.Ј. е приведено и дека против него ќе биде поднесен поднесок по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци, велат од МВР.Инаку по социјалните мрежи се споделуваше  видео на кое се гледа како маж качен на автомобил пред градска болница вика и пцуе. Истиот кој најверојатно е во алкохолизирана состојба упатува пцовки и кон видни фукционери.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Николовски: Три години по насилството од 27 април, од држава на раб на граѓанска војна, денес сме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ

Денеска се навршуваат 3 години од најцрниот датум во нашата демократија – 27 април. Тој 27 април е симбол на насилство, бруталност, агонија, страв и неизвесност, симбол на погазување на демократијата и уставниот поредок. Денеска, и по три години, кај секој од нас кои бевме во Собранието тој ден се уште се свежи сликите на бруталното насилство, на омразата, сликите на крвта која се пролеа во законодавниот дом, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.Тие слики и снимки, засекогаш ќе останат да сведочат за бруталноста, за безмилоста и монструозноста на еден режим кој цела деценија ја држеше државата во заложништво.Тој ден, ниту јас, ниту пратениците, ниту новинарите и вработените во Собранието, нема никогаш да го заборавиме. Тоа нема да го заборават ниту граѓаните.Нема да заборавиме на што се се подготвени ВМРО-ДПМНЕ и колку далеку можат да одат само за спречат демократска промена на власт.Нема да ги заборавиме омразата, крвта, насилството, бруталноста и извиците за смрт тој ден, на настанот во режија на оваа партија.ВМРО-ДПМНЕ предводена од менторот на Мицкоски, Никола Груевски, креираше сценарио во кое требаше да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна и да ја уништат секоја шанса за прогресивна иднина на нашата земја.Но не им успеа. Желбата за правичност, за слобода, за демократија, напредокот и вербата во слободната волја на граѓаните ја победија желбата за омраза, за страдања, поделби и конфликти.Денес, три години подоцна, од изолирана држава на раб на граѓанска војна, Северна Македонија е членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ.Денес, од поделена држава во која цветаше омразата, Северна Македонија е држава која се развива преку концептот едно општество за сите.Тоа се огромни, суштински разлики помеѓу бруталното и насилничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и државничко водење на државата од страна на СДСМ.Злочинот од 27 април не смее да се заборави и не смее да се дозволи никогаш да се повтори. Но, исто така не смее да заборави и на одговорноста за сите оние кои го нарачале, организирале и спровеле тоа монструозно сценарио.Преку одговорноста, но и преку подавање рака, го оставаме во историјата овој црн датум, со порака никогаш повеќе да не се повтори.Само на тој начин продолжуваме напред, развивајќи се како еднакво општество за сите, како демократска држава, пријател на регионот и светот, стабилна и просперитетна држава членка на НАТО и преговарач со ЕУ.Да живее слободна и демократска Република Северна Македонија, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до Заев: Побарај на собраниската седница уставобранителите да си заминат дома, си ја исполни желбата за одмазда

Единствена Македонија ја повикува власта на СДСМ и Зоран Заев на евентуалната седница со свикување на веќе распуштениот парламент да ги амнестира и уставобранителите кои се фрлени во занданите на „Идризово“ само поради желбата на Заев за лична одмазда спрема некои од уставобранителите, велат од „Единствена Македонија“.Денешниот ден од тригодишнината од немилите настани во Собранието е добра прилика да потсетиме дека уставобранителите најпосле треба да си заминат дома бидејќи, шамари, клоци, кршење на врати во Собранието... во никој случај не можат да бидат причина за изрекување на казни од преку двеста години затвор.Време е власта и Зоран Заев да престанат да си поигруваат со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од осудените за најновиот процес кој започна сега против т.н организатори налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар - слобода за даден глас во Собранието за бришењето на се што е македонско.Устата на Зоран Заев е полна со простување, верба во Бог, христијански вредности и оттука очекуваме да го направи потребниот чекор и осудените уставобранители да бидат пуштени на слобода.Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме бидејќи поседуваме цврсти докази дека уставобранителите се осудени во политички наместен случај, велат од „Единствена Македонија“.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања