Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

lud

(ВИДЕО) Качен на автомобил вика и пцуе!

По социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како маж качен на автомобил пред градска болница вика и пцуе. Истиот кој најверојатно е во алкохолизирана состојба упатува пцовки и кон видни фукционери.

Скопје | пред 6 години

vitanov-7

(ИНТЕРВЈУ) Зоран Витанов: Среќата не е во тоа како не гледаат другите, туку како се гледаме во огледало?

Во ова време – невреме, во време на пандемија, во време кога секој се плаши за своето, но и за здравјето на најблиските, во време кога многумина остануваат без работа и егзистениција, во време кога по медиумите се слуша само за заболени и починати, во време кога главна пепорака е социјална дистанца и седење дома, мора да се сложите дека ни треба доза ПОЗИТИВНА мисла. Токму поради тоа разговараме со Зоран Витанов. И покрај тоа што на многумина им е веќе познат, сепак накратко Витанов е среќно оженет човек, татко на три прекрасни деца, по професија економист кој што е заљубен во својата професија и во своето семејство. Роден во Струмица, образован во основно и средно училиште во Струмица, пораснат во Струмица, а од 1998-та година со семејството живее во Скопје.Витанов неодамна ја објави својата прва книва „Воскресни жив“. Книгата е наменета за секој оној кој знае дека во животот може да постигне многу повеќе од она што го постигнува во моментов. Тој вели: За миг неможете да постигнете успех, но за миг може да го смените правецот.Витанов е  економист, која  имаше и политичка кариера  од  2001 година, кога беше именуван за заменик министер за економија. Во неговото политичко “досие“ се вбројува и пратеничкиот мандат 2006/2008 година, период во кој тој е и член на парламентарната комисија за финансии и буџет и парламентарната комисија за транспорт, градежништво и економија. Но, по неговото повлекување од политичката сцена, Витанов се посветува на консалтингот и бизнисот.  И токму тогаш Витанов станува еден од најгласните критичари на вкупните економски политики. Тој е основач на Асоцијацијата на менаџери на Македонија и основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа..Во една прилика  Витанов рече: “Одлучив да работам за себе, но, немав капитал. До тогаш верував дека се важни парите, а не идеите. Но, подоцна увидов дека не е баш така, дека менаџмент моделите на 20ти век веќе не се вклопуваат со потребите на 21ви век. Време беше да се промениме, бидејќи и економијата беше сменета. Софтверската технологија напредна енормно. Промените се кон “фигитал” (PHYsical & diGITAL), креирајќи нов бизнис дизајн, со спојување на дигиталните и физичките светови во сите аспекти на човековиот живот. ... менаџмент моделите на 20ти век веќе не се вклопуваат со потребите на 21ви век. Дигитализацијата ми стана алатка за лична промена! Порано бев од оние кои "кои знаат се", сега сум од "оние кои учат се"! Сватив дека незнам, а мислев дека знам!”Скопје 1: Ова размислување ве промени многу. Мислите ли дека секој треба грешките да ги бара во себе и да се промени, затоа што попусто се трудиме да ги промениме другите?Зоран Витанов: Среќата не е во тоа како не гледаат другите, туку како се гледаме во огледало? Да почнеме од крајот: моја животна девиза е дека не треба да се грижиме за тоа како не гледат другите (не треба да се грижиме за нашиот углед), туку за нашиот карактер, бидејќи карактерот е тоа што вие навистина сте, а угледот е она што другите мислат дека сте. Невозможно е да ги промените другите, а за миг можете да се промените себе.Скопје 1:  Вие сте успешен бизнисмен во моментов. Мислам дека вие сте вистинскиот човек кој може да внесе многу оптимизам во луѓето, пренесувајќи ги своите лични падови и подеми. Може ли да го објасните ваше мото: Ако се фокусираш на успехот, успехот ќе се фокусира на тебе!Зоран Витанов: Мислам дека е разбирливо само како такво. Овде клучен збор не е успехот, туку фокусот. Без фокус нема успех. Живееме во ера на дефокусирање. Еве, додека ви одговарав на прашањата, добив 7 пораки и 3 телефонски повици. Модерниот човек денес добива над 100 деструкции во 24 часа. Во такви услови без свесност за важноста на фокусот, невозмоижно е да сте успешни. Ако ниту сонцето, како тело со највисока температура, без фокусирање на зрацит е со лупа не може да створи оган, што се занесуваме ние, дека без фокус можеме да постигнеме успех. Тајната на успехот е во фокусот.Скопје 1: Живееме во време на пандемија. Денес утре ќе помине... Да вирусот ќе помине, но што е со економијата и бизнисот на многу бизнисмени кои трпат голема штата. Не ми целта да прашам како да заработат, туку како да размислуваат овој период. Велат ништо не доаѓа случајно. Од се треба да се извлече лекција во животов и треба да се размислува позитивно. Имате ли совет до оние кои ги затворија вратите на своите бизниси, како да размислуваат и како да се кренат духовно, затоа што финансиското само ќе си дојде?Зоран Витанов: Секоја промена носи шанси и закани за бизнисите. Колку е поголема и побрза промената, толку и шансите и заканите се поголеми. Сум прочитал дека на кинески зборот “криза” имал двојно значење: опасност и шанса. Интересно е што кризата експлицитно не е ниту опасност ниту шанса. Имено, доколку сме ние претприемчиви и храбри, во секоја промена гледаме шанса, а доколку сме непретприемчиви и уплашени, во секоја промена гледаме закана. Промените со короната беа брзи и големи, со тоа и шансите се големи. Погледнете како реагираат луѓето. Додека некои се загрижени што им е укината слободата на движење, другите апелираат на целосна забрана на движење и тотална вакцинација. Првите се претприемчиви и храбри, другите се непретприемчиви и уплашени. Во бизнисот, некои менаџери бараат помош од државата и отпуштаат вработени, други се прилагодуваат на он лајн бизнис и пренаменуваат средства во бранши чиј промет расте. Познавам текстилни компании во Македонија кои молат за помош од државата, а познавам и такви кои отворија погони за производство на маски, ракавици…Непретприемчивите луѓе сметаат дека тие се компетентни, но околината не им чини, додека претприемчивите луѓе секогаш знаат дека треба да работат на себе, на своето знаење и дека во околината има безброј шанси, посебно при големи промени. Првите не се спремни да учат, бидејќи тие “знаат се”, додека другите не престануваат да учат, бидејќи се зависи од нив.Скопје 1: Повторно ќе ве цитирам од една ваша изјава, затоа што ми привлече внимание. Велите: Ако јас можев, секој може. Внимавајте кого слушате, видете што ве исполнува, дознајте кој е веќе успешен во тоа што вас ве исполнува и учете од него, а не од секого! Како да ги препознаеме вистинските од кои треба да учиме?Зоран Витанов: Едноставно е: Учете од оној кој успеал повеќе од вас, во областа во која вие сакате да успеете и воопшто да не ве интересира што за тоа мисли медиокритетстката средина.Скопје 1: Минатото го влечеме како товар скоро сите. За жал кај многумина не е толку убаво. Имате ли совет како да се сврти нова страна во животот. И повторно се враќаме на истото како да се избрише нешто што останало врежано во главите од типот, како не зарем јас можам да направам пари? Нели тоа е најголемата пречка кај многумина поради која неможат да тргнат по скалите на успехот. Дали имаме моќ да го смениме нашиот живот?Зоран Витанов: Од моите ментори, Тони Робинс вели: Смени си го минатотото и ќе си го смениш животот. Јас отпрвин не го разбирав што сака да каже. Како е можно да се смени минатото? Се разбира дека тоа не се менува, но поуките од минатотот и толкувањето на случките се менуваат, а различните поуки и толкувања ви носат различна перцепција за себе. Различната перцепција за себе ви носи различни верувања. Различните верувања ве водат кон различни животни одлуки, а тие ве водат до различен животен резултат. Јас пак велам, како надополнување на тоа: за миг не можеш да постигнеш успех, ама за миг можеш да го смениш правецот во кој се движиш низ животот! Не е важно од каде доаѓаш и какво минато имаш, се што е важно е која е твојата визија за себе. Според моето искуство, нај злобното суштество на оваа планета е човек без цел. Во книгата на таа тема имам ваков цитат: “Тајната е да не се борите со старото, туку во изградбата на вашето ново јас. Видете ги можностите, а не веројатностите. Можноста, а не веројатноста, се базира на иднината. Можно е да сте многу поуспешни од сега и да си ги разбудите вашите заспани убавини кои несомнено некаде ве чекаат, чувани од некои ламји, заклучени во некои замоци, затоа што некои похрабри од вас веќе си ги ослободиле своите убавини и си живеат со нив. Ако тие можеле и вие можете. Но ако, наместо можностите, вие гледате што е веројатно, а веројатноста, за разлика од можноста, се базира на вашето минато искуство, мисијата да живеете со вашата убавица ќе ви се чини неверојатна и затоа нема ни да тргнете во борба со ламјата. Нема да поверувате дека можете. Живеете по филозофијата на неверниот Тома, кој чека да види за да поверува, наместо по учењето на Исус, кој вели дека за да видиме, треба првин да поверуваме. Не морате да верувате во тоа што го замислувате, но мора да се замислите во што верувате! За да бидам појасен на што мислам, еве едно прашање: Доколку никој никогаш во целата светска историја не успеал да направи некој зацртан резултат, колкава е веројатноста сега некој да го постигне тој резултат? Ако се базираме на минатото, нема никаква веројатност. А дали е теоретски можно? Да,сѐ што можеш да замислиш можеш и да оствариш. Запаметете: човек не прави ништо во животот во што не верува, ама верувањата не мора да ги базираме само на нашиот минат труд туку и на нашата имагинација. Тоа што сум сега е одраз на мојот систем на верување базиран на моето досегашно животно искуство, но не мора да значи дека тоа е мојот максимум. Како што вели Руми, тоа што сум денес е океан во однос на капката која бев во минатото, но во однос на океанот во кој ќе прераснам во иднина, денеска сум само капка.Скопје 1: Обично велат колку е човек поуспешен толку има „пријатели“. Поточно толку повеќе луѓе кои му прават сопки во животот. Од друга страна ние како народ сме многу пријателски народ. Токму поради тоа често и сме изиграни од најблиските.Зоран Витанов: Всушност, во реалноста е сосема спротивно, не само со пријателите, туку со сите критериуми на вредности. Колку е човек по успешен, е се помалку разбран и осамен. Да, има “пријатели” кои се од користољубие околу него, но успешниот човек сосема јасно умее да разликува искрени пријатели од лицемери. Всушност, токму тоа го прави осамен. Лицемерите бараат материјални вредности кај успешните, а искрените пријатели бараат други вредности. Успешните луѓе знаат колку малку вредност нуди материјалното, затоа што интелектот и умот им даваат употребна вредност на материјалното. Успешните можат да си дозволат да се откажат од материјална вредност за нешто многу по драгоцено, како знаење, вештини, мир…Малкумина се спремни на тоа, а уште помалку умеат да го ценат таквото откажување. Инаку, како народ, не сме по ништо по ралични од сите останати. Денес просечниот човек е уплашен медиокритет кој попрво со плачење и измама би дошол до имотна корист, отколку со чесна работа, знаење и вештини. Ретки и осамени се чесните и успешни. Живееме во морална криза, најголема со која светот било кога се соочил. Ако не сте успешен, нема да можете да се спротивставите на таквата морална ерозија, бидејќи лесно паѓате на искушение на материјалната корист. Во реалноста, верувањето е обратно, дека неуспешните се со повисок морал а успешните се без морал. При тоа, ве молам да не мешате успешен со некој кој има многу пари. Парите стекнати на чесен начин ве прават успешен, во спротивно ве прават криминалец. Успешните се вистинските херо на секое општество, но поради владеење на медиокритетите, ние нив ги ставаме на маргините на општеството и ги заменуванме со лажни ПиАр херои.Скопје 1: Како да се препознаат вистинските пријатели или бизнис партнери? Вистинските бизнис партнери ги препознаваме по нивната волја да разменат вредност за вредност на доброволна основа.Зоран Витанов: А вистинските пријатели ги препознаваме по чувствата. Ако се чувствуваме по убаво во нивно друштво, тие ни се вистинските пријатели. фото: ФБ Зоран Витанов

Македонија | пред 6 години

ohridski-dzgan

(ФОТО) На споменикот на Прчличев во Охрид ставена пцовисана мачка

Споменикот на славниот охридски поет Григор Прличев кој е во најстрогиот центар на Охрид, утрово осамна со леш од пцовисана мачка поставен преку бронзената биста на поетот.Некој ја зел пцовисаната мачка и ја ставил на споменикот, поточно на рацете од споменикот на Прличев.Григор Прличев е најславен охридски поет, кој во време на својот живот за поемата „Сердарот“ бил овенчан со „Лаворов венец“ во Атина. Тој е и автор на „Охридскиот џган“ во кој ја опева простотијата и малограѓанштината на тогашен Охрид , која како што гледаме од приложеното и ден денешен е актуелна и го следи Прличев и во 21 век.

Македонија | пред 6 години

Ljupco

Љупчо Божиновски: Нова генерација на млади луѓе и политичари како предуслов Македонија да стане нормална држава

Интервју со Љупчо Божиновски, Кандидат на листата на пратеници од „Македонски концепт“ за изборна единица 3.Љупчо Божиновски е магистер по правни науки, млад претрпиемач, адвокат, сопственик и основач на адвокатска канцеларија. И покрај младоста, тој се одликува со богато искуство во доменот на правото, стекнато низ активната и богата кариера која по завршувањето на постдипломските студии на правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, ја започнува во АД „Окта“ во Дирекцијата за правни услуги, а ја продолжува во неколку адвокатски канцеларии како адвокатски приправник, каде се задржува сè до завршувањето на правосудниот испит во 2016 година.Од тогаш, Љупчо професионално се надградува и како Соработник за инспекциски надзор при Државната Комисија за одлучување од втор степен од областа на инспекцискиот надзор.Од 2019 година, тој е основач и сопственик на адвокатската канцеларија Љупчо Божиновски. Кандидат е на листата на пратеници за изборна единица 3.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?Љупчо Божиновски : Пред сè тое е желбата да живеам во нормална држава која ќе биде дел од обединетото Европско семејство. Споделувањето на идентични вредности ме прави да бидам дел од Македонски концепт. Тоа е политичка платформа која нуди програма базирана на иновативни идеи и решенија. Но, настрана конкретните проекти, основна цел на Македонски концепт е создавање на нормална држава. Преку реално управување со процесите во државата, Македонски концепт сака да ги промени постојните социо–економски услови, коишто продуцираат ненормалност, а со тоа да отвори пат за нормалното фунцкионирање на системот во целина. Истовремено, целта на овие политики е младите да ја гледаат истата шанса за успех тука – дома, на ист начин како што ја гледаат во развиениот цивилизиран свет. Токму стратегијата за мотивирање на младиот човек да ја бара својата шанса во сопствената земја е еден од клучните мотиви да се приклучам кон Македонски Концепт.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Љупчо Божиновски : Не, јас сум неажуриран член на ВМРО-ДПМНЕ.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Љупчо Божиновски : Политичките чинители се оние коишто изворно добиваат легитимитет да бидат претставници на сите граѓани. За жал, во Македонија политичките партии на еден или друг начин се заложници, oдносно послушници на некои други центри. Доколку сакаме подобра иднина во Македонија, мора да го истиснеме криминалот и криминалците на маргините на општеството и конечно да расчистиме со нив. Без победа во таа борба, немаме никаква иднина. Сметам дека немаме многу време и нема да имаме уште многу шанси да го направиме тоа. И затоа, важно е веднаш да почнеме да ги решаваме проблемите кои ги имаме, а кои не се малку на број.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Љупчо Божиновски : Во овој момент сметам дека најважно е да се надмине кризата предизвикана од вирусот COVID-19. Освен тоа, примарна цел треба да е нашата полна интеграција во Европската Унија. Но покрај овие две работи, потребно е да создадеме услови на власт да дојде нова генерација на политичари, со чист образ, чиста совест и чиста мисла кои одговорно ќе управуваат со државата. Таа нова генерација на политичари треба да изгради фер и транспарентен систем и фер држава во која ќе се живее нормално. Но, и да работи на развивање на свесноста на граѓаните за потребата македонското општество да биде општество во коешто ќе се почитуваат и ќе се спроведуваат законите, без исклучок!ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди Македонски концепт за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Љупчо Божиновски : Сите досега предложени проекти се интересни и, најважно од сè, се реални и остварливи. Но, како млад човек кој е вљубен во спортот секако највеќе ме привлекуваат “Партнерство со младите” и “Политиката во втор план”.Проектот “Партнерство со младите” е интересен затоа што ќе имаме една нова ситуација кадешто Македонија е партнер со младите, кадешто платформата на самиот проект создава една нова генерација кај која претприемништвото на младите луѓе ќе биде претставувана како врвна и приоритетна вредност.Проектот “Политиката во втор план” е интересен од причина што промовира ,,жива Македонија”, што всушност значи Македонија на среќни, насмеани, полни со оптимизам граѓани, коишто не планираат да ја напуштат државата, туку да останат дома и да се изборат за просперитет на сите нас, ставајќи ги во преден план, квалитетот на животот, слободата, професијата и, пред сè, спортот. Нас ни треба здрава нација, здрава Македонија. Треба да градиме култ кон спортот, а не култ на политичарот. Спортот треба да биде на пиедесталот на општеството. Спортистите треба да бидат славните јунаци на македонската нација, а не политичарите. Помалку политика на ТВ екраните, повеќе спорт!ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Љупчо Божиновски : Јас веќе отворив сопствен бизнис и активно спортувам, што значи дека делумно веќе ги имам имплементирано горенаведените два проекти. Но покрај тоа, јас активно се заложувам и ги охрабрувам моите пријатели и познаници да запливаат во претприемачките води. Оваа моја лична определба е еден вид на придонес кон целокупниот сет на проекти чија основа ги поддржува младите претприемачи. Верувам дека со поддршката која ќе ја добие Македонски Концепт од граѓаните, овие заложби ќе добијат на значење, а иницијативата ќе се пренесе во многу поголем сооднос на територијата низ целата држава.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Љупчо Божиновски : Неопходно е да се надминат сите разлики кои ги имаат политичките субјекти и заедно да направат стратегија за младите и стратегија за политиките на државата кон младите. Да се сослушаат невладините организации кои работат на ова прашање со цел да се пронајдат соодветни решенија. На крајот на краиштата, нека се основа и Министерство за млади кое ќе работи само на политиките за младите. Мене ми е доста од испраќање на моите другари и пријатели кон Европа и Америка. Не сакам да губам повеќе другари.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Љупчо Божиновски : Македонски концепт во овој момент не е политичка партија за да прави целосна формална програма за избори. Ние сме граѓани на Македонија кои се свесни дека е време за ново општество, за нови лица, за нова енергија, за нова платформа. Таа нова платформа ја исполнивме и сèуште ја исполнуваме со конкретни проекти кои се предложени од обичните граѓани. Секој еден граѓанин на Македонија може да достави проект до Македонски концепт. Доколку проектот е добар, реален и изводлив секако дека ќе го поканиме и ќе го охрабриме предлагачот на да го презентира и да го промовира во име на Македонски концепт.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за пет години од сега.Љупчо Божиновски: Во следните пет години мора да работиме на европеизација на државата и општеството. Тоа значи дека државата мора колку што е можно повеќе да ги искористува фондовите достапни од Европската унија. Сакам Македонија во 2025 да биде нормална држава, во која младите ќе ја гледаат својата иднина, во која нема да ти бидат потребни врски за да ги завршиш основните работи, земја во која џебовите на луѓето се пристојно полни и во која криминалците и бандидите си го добиваат она што го заслужуваат!фото: „Македонски концепт“

Македонија | пред 6 години

skopje-8

Поведена постапка против 34 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 31 предлог за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 34 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат соодветни дозволи за движење.Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече паричнa казнa во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

500

До денеска имаме вкупно 500 пациенти оздравени од КОВИД-19!

До денеска имаме вкупно 500 пациенти оздравени од КОВИД-19! Благодарност до медицинскиот персонал, пациентите и нивните семејства.За да продолжиме успешно да се справуваме со коронавирусот, неопходна е поддршка и одговорност од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките, затоа што само заедно ќе успееме, Напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2372642509709435/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

pozar-1

(ВИДЕО) Гори трската во населбата Радојца Новичиќ, густ чад се гледа од повеќе локации во Охрид

Пожар во Населбата Радојца Новичиќ во Охрид.  Гори трска на околу два хектара. Густиот чад може да се види од повеќе локации на градот.  Запалена трска во околното поле.Дознаваме дека ангажирани се три камиони со 11 пожарникари кои го гаснат пожарот  во месноста Дебело Поле. Пожарникарите прават напори огнот да не се прошири на овошните насади. Објектите што се во близина не се во опасност од огнената стихија. Борбата со огнената стихија уште трае.Инаку ова не е прв пат да се запали трската на овој потег. Секоја година се чини дека имаме иста приказна. Несовесни граѓани подметнуваат пожар, со цел да добијат обработлива површина, но никој до сега не е ни фатен ни казнет.Инаку за потсетување овој потег е остаток од некогашните големи мочуришта што го опкружувале Охрид. Делот е богат со вегетација и птици. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека нема шанси да се вработат во јавниот сектор без партиска книшка

Осум од десет граѓани сметаат дека македонскиот јавен сектор е партизиран, покажува најновотоистражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје. Според него, 80% од граѓаните сметаат дека јавниот сектор е партизиран додека само 8,2% сметаат дека не е.41,5% од анкетираните сметаат дека никогаш нема да може да се вработат во јавниот сектор безпартиска книшка, а 21,8% сметаат дека тоа е малку веројатно. Мали шанси понекогаш тоа да сеслучи гледаат 15,2% од анкетираните додека само 7,2% сметаат дека воопшто не е потребнапартиска книшка за работа во државна служба.Помалку од една четвртина или 22,3% сметаат дека вработените во јавниот сектор професионално ги завршуваат своите обврски додека над половина од анкетираните или 55,1% се на ставот дека вработените се ангажирани главно за спроведување на партиските интереси.Во споредба со ситуацијата од пред 5 години, мнозинството граѓани сметаат дека степенот напартизираност на администрацијата е зголемен. Ваков став имаат 35,6% од анкетираните, додека30,6% сметаат дека нема некоја промена. Само 15,2% од анкетираните сметаат дека степенот напартизираност на јавната администрација е намален.Во споредба со државите од регионот, граѓаните сметаат дека Македонија е тука некаде когастанува збор за партизираноста на јавниот сектор. Ваков став имаат 35,4% од анкетираните. Високе и процентот на они кои сметаат дека Македонија има попартизирана администрација од земјите во регионот. Таков став имаат 32,4 од анкетираните додека само 9,4% сметаат декапартизираноста во Македонија е помала во споредба со земјите од регионот.Две третини од анкетираните или 66,5% сметаат дека партиите по изборите работат повеќе заличен отколку за интересот на граѓаните и државата, додека спротивен став имаат само 16,4% оданкетираните.За да се зголеми квалитетот на услугите во јавната администрација најголемиот дел од граѓанитеили 27,7% сметаат дека треба да се зголемат критериумите за вработување и да се засиликонтролата на работата. 27,4% од граѓаните се на ставот дека квалитетот на услугите ќе се подигнесо казни и санкционирање, 14,3% со зголемување на платите, 9,7% со дигитализација на услугите а 8,2% со зголемување на бројот на вработените.Но и покрај ваквата перцепција, мнозинството граѓани кога би можеле да одберат би се вработиле во јавниот сектор пред приватниот.41% од анкетираните кога би можеле да одберат би се вработиле во јавен сектор а само 36% воприватниот. По започнувањето на преговори со Европската Унија, 35.8% од анкетираните сметаат дека партизираноста на јавниот сектор ќе остане иста, 32,6% очекуваат намалување, а 11,7%зголемување.Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политичкиистражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врзрепрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%/фото: Детектор

Македонија | пред 6 години

brodar

Уапсен гостинот кој во живо даваше изјава за МТВ

Уапсен гостинот кој во живо даваше изјава за МТВ. Имено дознаваме дека туристичкиот работник ја прекршил забраната за движење и излегол да даде изјава за јавниот сервис. Но, истиот не поседувал дозвола за движење, па полициските службеници причекале да заврши преносот по што охриѓанецот е приведен во СВР Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dimitrievski

Димитриевски: Ова е, повеќе од јасно, класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства

Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба, реагира Димитриевски во изјава за ТВ „Телма“. Сепак, тој смета дека во случајот нема политичка борба тука само различни ставови на општинскиот штаб што го раководи тој и централниот државен штаб.„Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, вели Димитриевски.Според Бухова градоначалникот Димитриевски го прекршил решението за домашна изолација и лекување и го напуштил местото на престој, спротивно на Законот за заштита на населението од заразни болести.  фото: Архива

Македонија | пред 6 години

smetka

Пациент на 78 годишна возраст починал од преплет на цревата, но погребот ги чинел 51.700 денари како за ковид!

Пациент на 78 годишна возраст од Кавадарци бил донесен во Скопје поради преплет на цревата, но откако починал во болницата „8 Септември“, на семејството му бил наплатен лимен ковчег, пластична вреќа како да починал од коронавирус, и севкупниот цех на крајот наплатен за оваа фамилија од Кавадарци изнесувал 51.700 денари. Во оваа цена воопшто не влегува гробното место и ископувањето на гробот. Снаата на починатиот маж, во изјава за Слободен печат, тврди дека иако нејзиниот свекор воопшто немал дијагноза за ковид 19, сепак погребалната услуга вклучувала лимен сандак, ковчегот дошол во Кавадарци со возило и воопшто не можело да биде отворен бидејќи бил залемен.– Беше полициски час, сабота 18 април. Спремивме погребално возило да тргне од Кавадарци до Скопје да го земе телото. На половина пат тоа беше стопирано, ни рекоа мора да го земат од Бутел. Сопругот оди во Бутел, му рекоа дека треба да се погребе истиот ден и плати 51.700 денари. Во сметката има вклучено лимен сандак, покрај него и дрвен ковчег, понатаму пластична кеса, едноставно човекот немаше коронавирус и не ми е јасно зошто цената за погребалната услуга беше толку висока, вели вознемирената наша соговорничка за Слободен печат.Текстот во целост на: Слободен печатфото: Слободен печат

Македонија | пред 6 години

momce

(ВИДЕО) По втор пат уапсен „дечкото со кучето“ за време на полициски час, овој пат шетал без својот миленик

Момчето што минатата недела беше уапсено затоа што го шеташе својот миленик за време на полициски час,  денеска повторно беше уапсено, овој пат затоа што се шетал за време на полициски час, објави 24Инфо. Видеото од апсењето се шири по социјлните мрежи.фото: ФБ

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Од утре или од вторник казни за нeносење маска

Министерот за здравство Венко Филипче ќе побара од Владата да наложи казнувањето на граѓаните кои не носат заштитна опрема како што е наложено, да почне веднаш, односно од утре или најдоцна во вторник.  На денешната прес конференцијаат  тој истакна дека увидел дека многу граѓани не ја почитуваат оваа препорака.„Некои носат маска под брадата или во рака. Министерството за здравство поради ова достави предлог санкционирањето за неносење да почне утре или во вторник. Оваа мерка мора да се почитува. Заштитната опрема треба да се носи во затворени простории и на отворено доколку не може да се одржи безбедната дистанца од два метри“, рече министерот Филипче.Тој очекува оваа мерка доколку се почитува, да даде ист резултат како и останатите мерки и да се спречи раст на заболени кој од почетокот на кризата се држи под контрола.Казната за неносење маска изнесува 20 евра, а сите фирми се задолжени да обезбедат заштитна опрема за вработените и за гостите. Казната за фирмите што нема да обезбедат заштита е 2.000 евра.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

Кумановскиот градоначалник Димитриевски ќе биде казнет - не го почитувал решението за самоизолација

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и уште едно лице од општинскиот кризен штаб, ќе добијат парична казна затоа што покрај изречената мерка за изолација тргнале да се тестираат во Скопје. Тие смееле да го напуштат домот исклучиво при влошено здравје и по потреба да се транспортираат до инфективно одделение. Инспекторите кои при вонреден надзор ја провериле патеката на движење на Димитриевски утврдиле дека тој добил упат од општата кумановска болница за ренген на белите дробови и за лабораториски анализи во Клиниката за инфективни болести во Скопје.Директорка на ДСЗИ, Иринка Сотирова Бухова, вели дека првото тестирање на 12-ти април било изведено во зградата на општината како скрининг без дозвола од министерот за здравство како што стои во законот. Вината лежи во епидемиолошката служба во Куманово, твдри Бухова.„Направен е прекршок непостапување по решение, односно истите го напуштаат местото на престој. Тоа е казниво, ќе се изрече прекршок по Закон за заштита на население од заразни болести, истото изнесува парична казна од 300 до 600 евра во денарска противвредност. Вториот прекршок што е нотиран е неправилна евиденција во службата за итна медицинска помош. Таму секако како и за постапување на докторите од Инфективното одделение во Куманово веќе е во тек вонреден стручен надзор“, рече  Бухова .Кумановскиот градоначалник и покрај негативниот резултат на приватните клиники, не може да биде заведен како излекуван пациент поради преуранетите тестирања.„Брисевите се земани во просториите на општина Куманово, што е сосема спротивно од протоколите. Брисеви на лица со индикација исклучиво се земаат во простории на овластениот центар за јавно за здравје. Досега имаме два прекршока дека брисевите се земени како скрининг без епдемиолошка анкета шо е спротивно на член 27 од Закон за заразни болести кој вика скрининг не може да се изведе без дозвола од министер. Вториот прекршок е нотиран заради земање на брисеви во несадекватен простор. Секој пункт мора да добие претходно дозвола од министерството за здравство“, вели Бухова.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Mickoski-1

СДСМ: Во кое својство командирот на единицата Тигар го придружува Мицкоски во фитнес центар?

Објавената видео снимка на социјалните мрежи, на која се гледа како Мицкоски со спортска опрема влегува со празен фитнес центар отвори повеќе прашања. Недоговорното и несериозно однесување на Христијан Мицксоки за време на сериозна здравствена криза предизвикана од коронавирусот е одамна потврдено и тоа не е нешто ново, се вели во соопштението од СДСМ.Лагите на Мицкоски исто така. Заштитните ракавици и маски кои се гледаат на снимката како и облеката по кратки ракави води кон заклучок дека времето не е така одамна.Но, објавената видео снимка отвора и сериозни дилеми за улогата на кадрите на Наќе Чулев.Дали заедно со Мицкоски во финтес центарот е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, поставен од техничкиот министер Наќе Чулев?Во кое својство Бисовски го придружува Мицкоски во фитнес центар?Граѓаните очекуваат одговори зошто во време кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните кадрите на Чулев се во функција на Христијан Мицкоски?Објавената видео снимка на социјалните мрежи, на која се гледа како Мицкоски со спортска опрема влегува со празен фитнес центар отвори повеќе прашања.Недоговорното и несериозно однесување на Христијан Мицксоки за време на сериозна здравствена криза предизвикана од коронавирусот е одамна потврдено и тоа не е нешто ново.Лагите на Мицкоски исто така. Заштитните ракавици и маски кои се гледаат на снимката како и облеката по кратки ракави води кон заклучок дека времето не е така одамна.Но, објавената видео снимка отвора и сериозни дилеми за улогата на кадрите на Наќе Чулев.Дали заедно со Мицкоски во финтес центарот е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, поставен од техничкиот министер Наќе Чулев?Во кое својство Бисовски го придружува Мицкоски во фитнес центар?Граѓаните очекуваат одговори зошто во време кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните кадрите на Чулев се во функција на Христијан Мицкоски,  се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Истрага против скопјанец кај кого беше пронајдена дрога и психотропни супстанции

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него било пронајдено поголемо количество наркотична дрога и психотропни супстанции. Имено, полициските службеници од осомничениот одзеле 110 цели и 14 ситни парчиња розеви таблети, 1763 сиви таблети, сива прашкаста материја со нето маса од 5,34 грама и сива кристална материја со нето маса од 4,59 грама, кои по состав се 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA),  стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанции. Освен ова, кај него биле пронајдени 74 грама кокаин, како и 758 грама марихуана и една дигитална вага со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице,  поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

MDE_4874

Бежоска: Остануваме доследни на одржувањето на стабилноста на цените и на стабилноста на домашната валута

Обраќање на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по повод 28 години од монетарното осамостојување.Денешниот ден е длабоко втиснат во нашата историја. На 26 април 1992 година, независноста на нашата држава беше заокружена со клучно парче од мозаикот – монетарниот суверенитет. Пред точно 28 години беа поставени основите на монетарната самостојност, со воведувањето на денарот за наша парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар. Воедно, и Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред низата предизвици во тие турбулентни времиња на раздвојување од дотогашната југословенска држава. Ова обраќање се случува во период кога целата глобална популација се соочува со пандемија од одамна невидени размери. Но дозволете само на кратко да се оддалечиме од тегобноста на секојдневјето и да се потсетиме на овој клучен ден во монетарната историја, кога со многу посветеност, пожртвуваност и визија започна да се гради нашата современа централна банка. Централна банка со мисија којашто била јасна уште во првите денови – да се создаде независна и одговорна институција што ќе се справи со тогашниот предизвик за макроекономска стабилизација и ќе изгради капацитет да се приближи кон централните банки во развиените пазарни економии. Од оваа временска дистанца, верувам дека предизвиците на тимот којшто ја водел Народната банка во првите години од осамостојувањето биле огромни. Првите години од монетарното осамостојување се период на хиперинфлација, рецесија, недоволно ниво на девизни резерви, постојана депрецијација на домашната валута и општа макроекономска нестабилност. Само заради илустрација би потсетила дека непосредно по монетарното осамостојување, курсот депрецираше речиси на дневна основа, што заедно со високата монетарна и фискална експанзија доведе до хиперинфлација – на пример во 1993 година просечната инфлација достигна близу 350%, а сето тоа имаше погубни ефекти за економијата. Со заеднички напори на носителите на политиките и на науката, брзо се донесени политиките за справување со нестабилноста на курсот и на инфлаторната спирала, што заедно со поддршката од меѓународните финансиски институции овозможи стабилизирање на економијата и поставување на пазарни принципи на функционирање. Во октомври 1995 година, беше воведена и монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на германската марка, а од јануари 2002 година во однос на еврото – стратегија за којшто и тогаш и сега постои консензус дека преставува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија. По дваесет и осум години од монетарното осамостојување, денес, со задоволство констатирам дека Народната банка е институција чијшто кредибилитет и интегритет постојано се потврдуваат. Одржувањето на ценовната стабилност е основна законски дефинирана цел на монетарната политика на Народната банка. И покрај низата шокови од надворешното и домашното окружување со коишто македонската економија се соочи во изминатите години, просечната стапка на инфлација ја одржуваме на ниво од околу 1,5%, што е многу блиску до просечната инфлација на земјите од еврозоната и ја потврдува соодветноста на монетарната поставеност во целиот овој период. Номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото се одржува на стабилно ниво, придонесувајќи за стабилни очекувања и за одржување на довербата на економските субјекти. Девизните резерви непрекинато ги одржуваме на комфорно ниво, гарантирајќи ја стабилноста на валутата и справувањето со шокови. Банкарскиот систем е поставен на целосно пазарни основи, со присуство и на реномирани меѓународни банкарски групации – стабилен, ликвиден и капитализиран. Голем придонес за ова има нашето постојано вложување да ги следиме меѓународните стандарди во областа на банкарската регулатива, како и современите супервизорските стандарди. Ниту една централнобанкарска институција не може да биде поставена на здрави темели, без посветени и одговорни луѓе, коишто имаат визија, го следат правецот во којшто се движат современите централни банки и притоа макотрпно се вложуваат за чекорење токму по таа патека. Во годините наназад, во континуитет се инвестира во човечкиот капитал на нашата централна банка. Поддршката којашто во овој процес ја имаме од меѓународните финансиски институции, заедно со нашата посветеност ни овозможува да имаме и високо квалитетно јадро на професионалци. Без него, незамисливо е успешно да се справуваме со предизвиците пред нас, особено сега кога сѐ поизвесна е европската интеграција, што подразбира и интензивни подготовки за идната монетарна интеграција. Сето тоа безусловно бара да останеме доследни на стабилноста на цените и курсот на домашната валута, да имаме супервизорска поставеност којашто е блиска со европската, како и институционален капацитет за квалитетен дијалог со европската монетарна власт. На крајот сакам во име на целиот тим на централната банка и во мое име да им се заблагодарам и да им оддадам признание на претходните гувернери и раководства и на сите коишто биле дел од централната банка во изминатите години, несебично се вложувале и успеале да изградат институција којашто е независна, транспарентна, високо професионална и почитувана во меѓународната заедница. Упатувам благодарност и до професионалците коишто денес се во нашиот тим – тие се основата на вредностите што постојано продолжуваме да ги градиме, одејќи по единствениот пат кон нашата европска иднина. И денес, кога 28 години по монетарното осамостојување стоиме исправени пред нови предизвици, ве уверувам дека успешно ќе се справивме гарантирајќи ја стабилноста на домашната валута и ценовната стабилност, коишто се најдобриот придонес што централната банка може да го даде за просперитетот на нашето општество. Нека ни е честита 28-годишнината од монетарното осамостојување!

Македонија | пред 6 години

kalin

Калин Митрески: Преку формирање правосудна комора, со посебни филтри и ветинг за судии, до суштинските реформи во правосудниот систем

Интервју со Калин Митрески, кандидат за листа на пратеници во ИЕ 1Калин Митрески е млад и перспективен адвокат, магистер на правни науки, вљубеник во правото и личност којашто секојдневно се бори со недостатоците на системот во Македонија. Надвор од адвокатурата, правото и политичкиот активизам, тој е страстен вљубеник во спортот, особено во фудбалот и во трчањето.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?Калин Митрески : Приклучувањето кон Македонски Концепт го доживувам како должност, којашто морам да ја исполнам како интелектуалец на кој му пречи секојдневието во кое живееме и нефункционалноста на правната држава. Со тоа, сметам дека единствен начин да направиш некоја промена е да се вклучиш и да делуваш. Молчењето и набљудувањето од страна на овие состојби, не само што не можат да ни помогнат, туку и одмагаат на многу начини. Затоа, политичкиот активизам и настојувањето нешто да промениме, се единствените чекори напред кои треба да ги направиме. Промената секогаш почнува кај нас, од самите себе. Тоа е мојот мотив. Кога сите би размислувале на овој начин, верувам дека немаше да бидеме во состојбата во која сме веќе 30 години.Политичката сцена во моментов е составена од истрошени политичари кои овие три децении немаат ништо направено за народот и за обичниот граѓанин, освен што го осиромашија и го ограбија. Затоа, потребни се нови и свежи лица, високо образовани професионалци во својата работа, кои конечно ќе работат во интерес на државата, а не за својот или за интересот на партијата.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Калин Митрески : Да, ова е мој прв политички ангажман.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Калин Митрески : Пресудни за подобра иднина на државата се реформските проекти и процеси насочени кон четирите основни столбови: Економија, Судство, Здраство и Образование.Ова подразбира стабилна економија во која државата ќе биде партнер, а не рекетар на фирмите; Независно судство; Функционална правна држава; Бесплатно здравство во буквална смисла на зборот. И, следно, но не и последно – Стратешки вложувања во развој на професионалниот кадар од којшто и зависи функционалноста на овие столбови. Повеќе од неопходна ни е изградбата на нови болници и целосна реформа во образованието, каде еднаш засекогаш ќе се расчисти со фамилијарните лози и конечно ќе се вработат вистински професионалци, кои ќе го развиваат овој систем и ќе изградат нови млади кадри чија селекција и развој би се засновале на строги професионални, морални и етички принципи! Само и исклучиво во интерес на развојот и изградбата на професионален, департизиран и транспарентен сервис на секој граѓанин на Македонија.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Калин Митрески: Расчистување со криминалот и корупцијата, инвестирање во младите, стратешка помош за развој на домашните компании и реформи во четирите споменати фундаментални столбови. Нашата земја не може веќе да си дозволи празен òд, доволно изгубивме и време, и едуцирани луѓе, и млади претприемачи!ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди Македонски концепт за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Калин Митрески: Еден од клучните атрибути на креирањето на политиките во Македонски концепт е искреноста. Тоа е тој искрен пристап и дизајнирање искрени и чесни решенија кон сите проблеми кои ги има во државата, односно со други зборови, тоа се конкретни мерки и активности, а не политички пазар и голо политиканство.ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?Калин Митрески : Со оглед дека сум магистер по право и работам како адвокат, јас сум активно вклучен во оваа област, каде што изминатиот период промовиравме мерки како да ја направиме судската власт целосно независна и да нема никаков контакт и влијание со законодавната и со извршната власт. Ова подразбира формирање на правосудна комора во која ќе биде вклучена целата правната фела, избирање на судии преку оваа правна фела, при што се предвидени определени филтри и ветинг, за тоа кое лице е подобно да биде судија или јавен обвинител. Овој процес предвидува дека за оние кандидати коишто ќе ги поминат филтрите и ветингот, на секои 5 години да им се проверува имотната состојба, при што доколку се открие корупција кај некој судија или јавен обвинител – веднаш да биде разрешен, да се поведе судска постапка, додека, пак, целиот нелегално стекнат имот да биде запленет од државата. На ова прашање може многу да се разговара, но накратко, ова се клучните точки кадешто јас лично го гледам мојот придонес кон програмската понуда на Македонски Концепт.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Калин Митрески : За Правна држава, за функционално и независно судство, за силна економија, за квалитетно и професионално образование и за бесплатно здравство. Без празни зборови и политиканство, а со многу работа и посветеност!ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Калин Митрески: Проектите се потребни во секоја област, во секој сегмент на општествено-социјалниот живот. Преку проекти, полесно се реализираат конкретни процеси или реформи. Само на тој начин, лесно, транспарентно и пред сѐ професионално, се комуницираат, се промовираат и се реализираат решенија кои би придонеле кон благосостојбата на секој граѓанин на нашата држава.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Калин Митрески : Македонија како дел и активен член на Европската Унија и НАТО, без никакви проблеми и негирања со соседите. Земја на перспективни млади луѓе, на сигурни работни места, со стабилна економија, искоренета корупција и непотизам.фото: Македонски Концепт

Македонија | пред 6 години

korona-2

Оздравени се 126 пациенти, потврдени 19 нови случи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1.Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386, а последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје – 471       Куманово - 371       Дебар – 51       Штип-34       Прилеп –141       Тетово – 73       Струга – 64       Велес – 66       Битола –19       Охрид –15       Кавадарци - 5       Гостивар –15       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-5       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 28       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -4       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 1       Валандово -1       Виница - 2Направените 335  теста се преку: ИЈЗ –290, Ветеринарен ф-тет - 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  - 15 и МАНУ -5 .  Досега во земјата се направени вкупно 15120 тестирања на ковид -19.На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.Во Болницата во Битола  се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа  состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.фото: Архива

пред 6 години

Нема фотографија

Битиќи: Обезбедени нови 8 милиони евра бескаматни кредити, фирмите да ја искористат поддршката

Во овие тешки времиња соочени со последиците од коронавирусот, Владата продолжува со реализација на мерки и политики што имаат за цел помош на граѓаните, работниците и стопанството. Објавен е нов пакет на бескаматни кредити, нови 8 милиони евра им се ставаат на располагање на компаниите, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.Минималниот износ на кредит е 3.000 евра а максималниот е 90.000, а за овие кредити компаниите можат да аплицираат веќе од 29 април.Главниот услов за овој кредит компанијата да има за 30 проценти намален приход во март 2020 во однос на март 2019 или во однос на просечните месечни приходи за 2019 година.Рокот на отплата на кредитите е до 3 години, со грејс-период од 12 месеци и со обезбедување на меница.Покрај овие кредити Владата обезбеди и поддршка за работниците погодени од кризата кои ќе добиваат по 14.500 денари месечни приходи за месеците април и мај. Оние кои останале без работа поради кризата со коронавирусот имаат можност да добиваат 50 отсто од просечната плата што ја добивале во последните две години.За да им се помогне на домаќинствата и компаниите, плаќањето на ратите на кредитите е одложено за 6 месеци, а извршните дејствија на извршителите се стопирани до 30 јуни.Ова се само дел од мерките со кои им се помага на граѓаните, работниците, на комапниите, полесно да ги предбродат економските последици од коронавирусот.Во наредниот период следува нов пакет на мерки кој ќе значи уште посилна и уште поконкретна поддршка за нашата, домашна економија.Со солидарност, со одговорни политики и меѓусебно помагање, ќе се справиме со негативните економски последици од пандемијата на коронавирусот, истакна Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

tepacka

Ги нападнале со железна шипка и бејзбол палка затоа што кучето им влегувало во дворот

Вчера во И.М. (43) од село Добарце во полиција пријавил дека тој и неговиот внук биле физички нападнати од нивните соседи А.А. и Ф.А.Најпрво во дворот на И.М. влегол Ф.А., кој побарал од неговиот внук Е.М. да си го чува врзано кучето во дворот затоа што му влегувало кај него дома и притоа Е.М добил удар од Ф.А.. Неколку часа подоцна, во дворот на И.М. дошол и А.А. (син на Ф.А.) по што настанала  расправијата и дошло до физичка пресметка во која биле употребени и железна шипка и безбол палка.И.М. побарал лекарска помош во болницата во Тетово каде биле констатирани видливи повреди во пределот на лицето, како и скршеница на прст од десната рака.Се работи на целосно расчистување на случајот.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Времето денеска претпладне сончево, попладне променливо облачно со дожд

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 18 до до 25 степени.Од почетокот на следната недела ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи претежно во попладневните часови и повеќе во вториот дел од неделата. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

image1

Стручните тимови од Факултетот за ветеринарна медицина–Скопје во служба на јавното здравство во дијагностиката на КОВИД-19

Факултетот за ветеринарна медицина- Скопје како високобразовна и научно-истражувачка институција од областа на ветеринарната медицина уште од почетокот на пандемијата со болеста КОВИД-19 е активно вклучена во дијгностиката на коронавирусот SARS-CoV-2 во соработка со Министерство за здравство.Факултетот со своите лаборатории потврди дека поседува капацитети, простор и опрема, како и дека има ресурси со обучен и стручен и квалификуван персонал за испитување на заразни зоонотски болести.„Стручните тимови во Лабораторијата за молекуларна дијагностика и Лабораторијата за микробилогија на Факултетот под раководство на доц. д-р Игор Џаџовски, доц. д-р Искра Цветковиќ и доц. д-р Кирил Крстевски, прават секојдневно анализи на мостри за коронавирусот со изведување на полимеразна верижна реакција во реално време (Real-time PCR) каде се утврдува причинителот на болеста SARS-CoV-2. Иако лабораториите на Факултетот се дизајнирани за анализа со голем број на примероци, максималниот дневен капацитет на проби за дијагностика на КОВИД-19 изнесува приближно 35 примероци на ден со оглед на фактот дека кај нас секојдневно се прават анализи и мониторинг на голем број други заразни болести како што се бруцелозата, туберкулозата, авијарната инфлуенца, беснило, трихинелозата“, вели проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултет за ветеринарна медицина- Скопје.Мострите секој ден се преземаат од обучено лице од Факултетот, запазувајќи ги сите биосигурносни мерки и протоколи кои се воспоставени на истиот.„Екстракцијата на вирусната RNA се изведува со употреба на автоматски систем за екстракција додека прајмерите кои се користат за утврдување на причинителот се валидирани и потврдени со споредбена анализа со резултати добиени на веќе постоечка инфраструктура на Институтот за јавно здравје, на примероци со веќе познат статус. Анализите се вршат со потврда на геномот на 2019- nCoV во три таргет региони (N 1, N 2 и E ген)“, истакнува деканот, проф. д-р Пендовски.Лабораторијата на Факултетот во која што се врши изолирање на рибонуклеинската киселина (РНК) на вирусот е должна да ги чува изолатите и документацијата во врска со секој поединечен примерок и РНК изолатот, трајно согласно одредбите за заштита на населението од заразни болести.„Со вклучување на стручниот тим од доктори на науки од областа на ветеринарната медицина од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, нашата држава покажа сериозен капцитет и успеа целосно да го примени концептот на “ЕДНО ЗДРАВЈЕ” каде повеќе сектори пред се ветеринарната служба и службата во хуманата медицина соработуваат заедно во контролата на зоонотските болести односно болестите кои се пренсуваат од животно на човек. Неопходноста на синергијата помеѓу ветеринарната и хуманата медицина исто така ја има и при контролата на безбедноста на храната и антимикробната резистенција кои имаат се поголемо значение кај луѓето и животните со цел да се постигнат подобри резултати во јавното здравство“, потенцира деканот.Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје останува и понатаму посветен на подигнување и зајкнување на државните капацитети во однос на дијагностиката на болеста КОВИД-19 ставајќи ги на располагање своите капацитети и ресурси на јавното здравство за целосно справување со пандемијата од коронавирусот.

пред 6 години

skopje-6

Во 24 часа на ниво на целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (25/26.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 55 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.   Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

Bojko

(ВИДЕО) Бојко Борисов правејќи обиколка на Бугарија ја слушал македонската преработка „Корона чао“

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов сподели видео на социјалните мрежи од обиколката која ја правел низ Бугарија, слушајќи ја преработката „Корона чао“ од Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Тој заедно со видеото напишал дека Северна Македонија ја има поддршката од Бугарија во справување со коронавирусот.„Благодарам на сите бугарски граѓани кои што ги почитуваат правилата. Само така ќе го вратиме животот во нормала. Благодарност и до Драган Спасов-Дац и Александар Митевски. Северна Македонија може да сметате на нашата поддршка“, напиша Борисов.„Голема благодарност до премиерот на Р Бугарија, Бојко Борисов кој тукушто испрати порака на заедништво и поддршка за нашата земја во борбата со овој вирус. Преку нашата песна "КОРОНА ЧАО" која спојува и носи оптимизам секаде. Песната не знае за граници и јазици“, велат Драган Спасов Дац и Александар Митевски.https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2740540286174024/UzpfSTEwMDg5OTE1MTI2Mzc1NDoyNDU2MTQ0MTM0NTg4OTM/

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања