Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

59

Билјана Џинго до владата: Благодариме што ни прифативте за Кина, прифaтете ја нашата сугестијата за помош и од Русија

Билјана Џинго членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ во изјава за јавноста истакна:Познато е во јавноста дека од почетокот на кризата Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ има активна улога и до денеска имаме предложено десетици мерки во интерес на здравствената, социјалната и економската состојба во државата.Во овој контекст, да потсетам, на нашата прес конференција пред еден месец, поточно на 22 март дадовме цврсто ветување дека доколку владата се обрати за помош од Кина и Русија помошта сигурно ќе дојде.Владата ја прифати сугестијата и тогаш побара помош од Кина. И еве,  како што гледа целата јавност, пред два дена на скопскиот аеродром дојде помошта од Кина.Во  име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија сакам да се заблагодарам на помошта која пристигна од Народна Република Кина.Но останува кај нас чувството на разочараност што владата само половично го прифати нашето барање и побара помош само од Кина, а не и од Русија.Затоа, ја охрабруваме власта целосно да ја прифати сугестијата и веднаш да бара помош и од Русија која е драгоцена во овој момент.Дотолку повеќе, сега ни  е потребна искрена и вистинска помош откако видовме дека Европската Унија не понижи на отворена сцена со изјавата на евроамбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар дека Европската унија ни дава помош и тоа, замислете,  5 генератори, 25 шатори, 200 душеци и 1.000 ќебиња.Затоа, власта веднаш да упати барање за помош од Русија. Како во случајот со Кина и тука гарантираме дека доколку владата упати барање, помошта ќе дојде и од Русија.Свесни сме дека власта е преплашена бидејќи во Брисел ќе бидат бесни кога во било кој контекст се спомнува Русија. Но, сето тоа во овој момент е небитно. Сега е најбитно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ги прави потребните чекори. На потег е владата. Она што можеме ние како опозиција, како политичари е да предлагаме мерки и да ветиме дека во оваа битка до крај ќе останеме на страната на народот - потенцираше Билјана Џинго.видео: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

kovid

Денеска потврдени 41 нов случај на КОВИД-19, еве како е по градови ...

Во последните 24 часа се направени рекордни 728 теста за КОВИД-19. Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања.Потврден е 41 нов случај на КОВИД-19 и тоа во:- Скопје 17- Куманово 8- Прилеп 8- Тетово 4- Струга 1- Велес 2- Битола 1Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367 лица.Денеска се регистрирани 37 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови.На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка.Во денешната евиденција на институтот на починати од КОВИД-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2372010923105927/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Janusev-PRESS-2810-2

Јанушев: Дали е точно дека братучед на Рашкоски го доби тендерот од 12 милиони денари, доделен пак од братучед на неговста сопруга?

Вчера обзнанивме голем скандалозен тендер, договорен во 4 очи, во период на вонредната состојба. Додека граѓаните умираат од вирусот Ковид-19 и ги губат своите работни места, Владата на СДСМ го „цеди“ буџетот на граѓаните, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица, како единствен понудувач во 4 очи доби тендер од ЈП Дрисла и Шилегов во висина од над 12 милиони денари или над 200.000 евра.Сопственик на фирмата која го доби тендерот е Александар Пиперевалиев, инаку бизнис партнер со Горан Крстев, кој пак е еден од најблиските бизнис партнери на семејството Заеви, и човек кој со Зоран Заев беше аболиран за „Глобал“.Но, дали е точно дека зад овој скандал има и роднинска спрега, односно дали е точно дека Пиперевалиев освен тоа што е близок пријател е и роднински поврзан со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски? И, дали е точно дека директорот на ЈП Дрисла, Коста Начевски, е прв братучед на сопругата на генералниот секретар Драги Рашковски?Сега веќе јавноста може сама да процени како се добиваат тендерите од ЈП Дрисла.Еве Драги Рашковски јавно нека каже која е поврзаноста помеѓу него и Пиперевалиев?Дали ова значи дека градежните машини кои ги изнајмил братучедот на сопругата на Рашковски преку ЈП Дрисла се на блискиот пријател и роднински поврзан со Рашковски, Александар Пиперевалиев?Јавно прашуваме дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов и дали лично Драги Рашковски има влијаено за доделување на овој тендер?Дали заради ова беше борбата на тендерашот Шилегов за Дрисла? Како од сите фирми во Македонија баш се погоди таа што е блиска до Заеви да ја изведува работата?Јавно повикуваме случајот да го испита и антикорупциската комисија, имајќи предвид дека истата оваа фирма која го добила тендерот нема искуство со други тендери, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

25042020_MTV_Sugareski_pres-konferencija-2

Сугаревски: Силно темпо на изградба на патишта, гасоводот, комуналната мрежа и железницата

„Капиталните инвестиции не запираат и во време на оваа пандемија, проектите се во тек а градежните работи се одвиваат непречно. Имаме добра реализација на капиталните инвестиции во ресорот транспорт. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција.Тој заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првиот квартал од годинава.Министерот Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски изнесува 10 проценти. Потенцираше дека активно се работи на патната мрежа низ цела држава, на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, на изградба на двата магистрални гасоводи, на железницата и на изградба на преку петстотини социјални станови.„За изградба на канализации и водоводи реализиравме 21 процент од планираните средства преку Европската инвестициона банка и 15 проценти за проектите преку КФВ банката. Интензивно работиме и на изградба на комуналната инфраструктура во Индустриската зона Визбегово, се работи и во Битола, Кавадарци, Радовиш, Велес, Теарце, Липково, Чашка и други општини во државата. Во делот на изградба на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола имаме 86 проценти реализација, додека гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар бележи реализација од 58 проценти. За изградба на пругата од Куманово до Бељаковце до сега реализирани се 70 милиони денари или 17 проценти од планираните средства, а во однос на делницата Бељаковце-Крива Паланка сакам да истакнам дека тендерската постапка за избор на изведувач е во тек и очекуваме до крај на годинава тендерот да заврши. Започнавме изградба на три нови згради за социјално ранливи категории на граѓани или вкупно се градат 506 станови во Неготино, Виница, Свети Николе, Пробиштип и во Бутел”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.Министерот Сугарески додаде дека исплатени се 21 милион денари за финансиска поддршка за нови авиолинии, но поради настанатата состојба договорот со авиокомпанијата Визер е ставен во мирување.Директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека првиот квартал е успешен а изградбата и модернизацијата на патната мрежа во земјава продолжува со силно темпо.Потенцираше дека во моментов се работи на рехабилитација на повеќе делници во вкупна должина од 150 километри, во завршна фаза се тендерите за реконструкција и рехабилитација на 84 километри патна мрежа, а набрзо ќе се распишат тендери за рехабилитација на 15 патни правци со вкупна должина од 232 киломтери.„Градбите продолжуваат со несмалено темпо и покрај вонредната состојба. Одговорно тврдам дека нема да има кратење на капиталните инвестиции кои се однесуваат на инфраструктурните проекти. Јавото претпријатие за државни патишта продолжува да ја реализира Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација на државните патишта. Во таа насока, сакам да истакнам дека од предвидените 18.523.300.000 денари, за првиот квартал се реализирани околу 4 милијарди денари што значи дека нема никаков застој и работиме интензивно на терен согласно со временските услови и согласно со препораките воведени со вонредната состојба“, истакна директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.Тој додаде дека се интензивно се работи на изградба на експресните патишта и рехабилитација на преку триесетина регионални и магистрални патни правци.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

kosta-petrov

Петров: Поддршката кон компаниите продолжува,обезбеден нов пакет бескаматни кредити од 8 милиони евра

Економски мерки на Владата, предводена од СДСМ, за справување со кризата од КОВИД-19 имаат единствена цел – да се спасат што повеќе работни места, да се помогне на што повеќе граѓани и заеднички да ја пребродиме економската криза предизвикана од коронавирусот.Со таа цел, Владата вчера го објави новиот пакет на бескаматни кредити, КОВИД 2 линија на Развојна банка, со која на сите микро, мали и средни компании ќе им бидат ставени на располагање 8 милиони евра обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија. Компаниите може да аплицираат за овој кредит, веќе од 29 април, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.Минимален износ на кредит е 3.000 евра и за овој кредит може да аплицираат и фирми со под 5 вработени. Максималниот износ на кредит е 90.000 евра.Главниот услов за овој кредит е вашата фирма да има за 30 проценти намален приход во март 2020 во однос на март 2019 или во однос на просечните месечни приходи за 2019.Вашата компанија треба да постои повеќе од половина година, да нема неплатени даноци и придонеси до 31 јануари 2020, да не е во постапка на стечај или ликвидација и да не спаѓа во категорија на исклучително ризични кредитобаратели.Рокот на отплата на овој кредит е до 3 години, со грејс-период од 12 месеци и со обезбедување на меница.Како да аплицирате за овој кредит?За аплицирање за овој кредит нема да имате потреба од шетање по институции, односно, аплицирањето ќе се одвива електронски по имејл-адреса објавена од Развојна банка, веќе од 29 април на полноќ.Сите уверенија од УЈП, потребни за аплицирањето за кредитот, може да се побараат електронски преку системот за е-даноци. УЈП потоа ќе ве исконтактира кога може да си ги подигнете уверенијата.Би сакале да поентираме и дека за документите што ќе ви бидат потребни од Централниот регистар, како вашата тековна состојба, потврда за стечајна постапка и потврда за ликвидна постапка, нема да имате потреба да одите во Централен регистер ниту да користите електронски услуги на институцијата бидејќи тоа ќе го прават за вас вработените од Развојната банка по електронски пат.Новиот пакет на бескаматни кредити е само дел од мерките преку кои заеднички ќе ја пребродиме оваа криза. Веќе се  реализира и вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.Државата се грижи и за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи, а се запира и Законот за извршување до крајот на јуни. Се забранува отворање на стечајна постапка, а отворен е и солидарен фонд за помош на граѓаните погодени од кризата.Владата на Република Северна Македонија, предводена од  СДСМ е со вас во овие тешки мигови. Економските ефекти на коронавирусот ги чувствуваме апсолутно сите и заеднички ќе го изодиме овој тежок пат, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

respirator

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не се во можност да ги испорачаат

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот.Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини.Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-5

Во 24 часа на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (24/25.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 23 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.По однос на обврската за носење на лична заштита во текот на изминатите 24 часа опоменати се девет лица.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 84 лица им се издадени решенија за изолација, а ист број на лица- 84  потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.фото:Архива 

Македонија | пред 6 години

kovacev

Бугарскиот европратеник Ковачев: Во Македонија живеат Македонци

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, кој е дел од владејачката партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, во интервју за порталот „МКД“ вели дека во Македонија живеат Македонци што го зборуваат македонскиот јазик и дека тоа е реалност. Ова е прва изјава од бугарски политичар во која отворено се признава постоењето македонски народ и македонски јазик.Ковачев додава дека за земјава да влезе во ЕУ ќе мора да се решат историските прашања.На прашањето, дали за него нема Македонци, туку само Бугари што живеат во државата Македонија, тој одговара:„Не. Напротив. Ние сме браќа. Вие сте Македонец. Во Македонија живеат Македонци и го зборуваат македонскиот јазик. Тоа е реалноста. Тоа е современата реалност за која ви зборувам. Не можам и немам право да го спорам тоа што вие се чувствувате како Македонец. Но, во ЕУ ќе може да влезете само откако ќе ги решиме сите историски отворени прашања. Нема што да спориме за тоа кој бил Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев… Вашиот современ македонски идентитет лежи на бугарската национална историја. Тоа мора да се реши. За тоа нема никакви дилеми меѓу бугарските политички партии, во бугарското општество воопшто. Затоа е многу битно заедничката експертска комисија што е можно побрзо да си ја заврши работата“, вели Ковачев.Интервјуто на Ковачев доаѓа откако „МКД“ пред околу една недела објави делови од изјава на Бугарија во врска со заклучоците на Советот на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија, за која порталот пишуваше дека бара: Македонија да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, да заборави на „македoнски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, да ја заврши работата со експертската комисија за историските прашања… ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ.Текстот во целост на: порталот „МКД“ 

Македонија | пред 6 години

Foto

Сопругата на претседателот со порака до жртвите на семејно и родово насилство: Постои излез, без разлика на пандемијата

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, како дел од активностите за подигнување на јавната свест за прашањата кои ги погодуваат ранливите групи во време на кризата предизвикана од коронавирусот, сними видео порака со сопругата на претседателот на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, на тема семејно и родово базирано насилство. Целта е да се упати апел за солидарност и поддршка на сите за кои домот во овие моменти не е најбезбедното место, и да се охрабрат жртвите да го пријавуваат насилството.Видео пораката е во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија.Пораката на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска ви ја пренесуваме во целост:Поради пандемијата, поминуваме повеќе време во нашите домови, но, домот не секогаш е најбезбедното место за многумина.Организацијата на Обединетите Нации и граѓанските организации алармираат за пораст на ризикот од родово базирано и семејно насилство во услови на оваа пандемија. Жртвите на семејно насилство се соочуваат со исклучителна опасност кога мораат да останат во домовите со насилниците, со ограничен пристап до мрежата на поддршка и заштита.Нашето општество не е исклучок од глобалните трендови. Затоа е важно жртвите да знаат дека:• постои излез, без разлика на пандемијата• пријавете насилство во полиција, во центрите за социјална работа, на СОС линиите, кај граѓанските организации, матичните лекари;• информирајте ги блиските пријатели или роднините во кои имате доверба;Жртвите на насилство можат да го напуштат домот во периодот на забрането движење за да побараат помош во здравствени установи, најблиската полициска станица или првото службено лице кое ќе го сретнат.Солидарноста, емпатијата и меѓусебната поддршка ни се потребни да ги надминеме овие тешки денови.И не заборавајте, во ова не сте сами.видео: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

simona

Симона Милошеска: Да работиме да ги увериме младите дека нивните соништа можат да ги остварат во сопствената земја!

Интервју со Симона Милошеска, кандидат на листа на пратеници ИЕ1Симона Милошеска е магистер по економски науки, со значаен фокус на јавниот сектор. Коавтор е на неколку трудови од областа на јавните финансии и јавниот сектор. Учесник е на неколку проекти чија фокална точка е европеизацијата на Македонија и спроведување на европските норми во домашното законодавство. Работи во јавниот сектор повеќе од десеттина години. Затоа, како предизвик го гледа токму него во песрпектива, преструктуриран со млади, способни, едуцирани и експертски кадри кои ги исполнуваат критериумите за градење на беспрекорно функционален јавен сектор. Кандидат е на листата на пратеници за изборна единица 1.ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?Симона Милошеска: Актуелното наше секојдневие е без значаен прогрес на политичката сцена, отсуствува оригинална идеја и реален активизам, а преовладува реактивното критизерство и лансирањето на лажните вести. Меѓутоа, ние помладите активисти на Македонски концепт токму во тоа го гледаме предизвикот и можноста, тоа е нашиот мотив и поттик со свежи идеи да ги катализираме и дадаме форма и содржина на промените коишто неизбежно мора да се случат. Идејата, пред сè, онаа централната – за градење на НОРМАЛНА ДРЖАВА со вистински општевствени вредности, кадешто ќе владее професионализмот, а не политиканството, се мојата мотивација во градење на една нова, поинаква платформа за промоција на вистинските граѓански вредности.ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?Симона Милошеска:Не, веќе имав едно кратко искуство во ВМРО-ДПМНЕ во периодот до пред две години, кога се надевавме на нејзино реформирање. Таму за прв пат се запознав со процесите на креирање на политиките кои се градат директно внатре во една политичка партија.ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?Симона Милошеска: Чесен, професионален и транспарентен систем, пристојни политичари кои ќе го предводат донесувањето на одлуките во државата низ призмата на потребите на обичниот граѓанин. Потоа, чесно и здраво правосудство, деполитизирање на професиите во кои политиката нема директен удел, враќање на професионализмот и знаењето, како примарни квалификации на пазарот на трудот. Ова се неколку од предусловите на коишто треба да работиме за да се остварат за да чекориме кон подобра иднина.ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Симона Милошеска:Битни се три работи: реформи, реформи и реформи! Иманентни се суштински реформи во сите сегменти на нашето општество, а примарно – во образованието, како најбитен столб на една Република. Неопходно и неминовно е да го вратиме квалитетот на образовниот процес, затоа што, убедена сум, дека сме интелигентна нација од која извираат квалитетни кадри и професионалци. Само на тој начин ќе можеме да им ја вратиме надежта на младите, да ги увериме дека учењето не е бесполезно и дека по завршувањето на кој било образовен процес ќе се вработат во согласност со нивните квалификации и знаења, а не процес воден од каква било припадност или партиската книшка.ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Симона Милошеска : Тука, пред сè, морам да ја истакнам почитта кон индивидуалноста на секој и од секој граѓански активист во Македонски концепт. Чувството дека не сме под диригентска палка, слободата во изразување и директното учествување во креирањето на политики, е она што мислам дека нè води сите во Македонски Концепт. Со тоа, и можностите за слободен израз на идеи и иницијативи коишто ги има секој од нас да се преточат во реални политики, е тоа е различноста која оваа граѓанска опција ја издвојува од останатите. Опкружена сум со професионалци, коишто се подготвени на компромис, но само и исклучиво кога тој компромис е насочен кон подобра иднина на секој граѓанин на ова наша земја. По мене, ова е единствениот нормален пристап кој треба да ја претвори Македонија во Нормална Држава.ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Симона Милошеска: Тоа секако би било враќањето на младите во нашата земја. Тоа може да биде макотрпен процес, но изводлив! Дел сум од една генерација којашто произведе многу добри и квалитетни млади луѓе, кога сонувавме дека по школувањето сите ќе станеме успешни доктори, инжењери, квалитетни правници, професори, журналисти, ИТ експерти. И станавме! Но, во други држави! Тоа е мојот кошмар што произлезе од сонувањето. Повеќе од 80 отсто од мојата генерација не живее и не работи во оваа земја. Ќе се залагам ова суштински да се промени, да им ја вратиме желбата на младите да посакаат да се вратат тука. Да го промениме наративот дека не можат да создаваат тука доколку не се партиски определени, дека државата не се грижи за нив, водилка треба да ни биде посветено да работиме нивните соништа и предизвици да ги преточиме во реална успешна приказна во сопствената држава.ПОЛИТИКА: Зошто проекти?Симона Милошеска: Точниот термин, всушност, е – процеси коишто се дел од различни сфери од општенствениот амбиент во државата, кои не се менуваат сами од себе ниту од поединци. Работењето на проектите кои произлегуваат од професионалните тимови на експерти во Македонски концепт за секој од нас е предизвик, како да придонесеме во подобрување на квалитетот на живеење на секој од нас тука. Според мене, најпривлечни наши проекти се Слободни банки и Пратеници волонтери. Либерализацијата на банкарскиот сектор е неминовна промена за нашата држава, особено сега, кога поради економската криза којашто следи, а настаната од пандемијата на КОВИД-19, слободното управување на секој од нас со сопствените парични средства, кредити, инвестиции и слично, е повеќе од потребна реформа. Идејата на вториот споменат проект – Пратеници волонтери, ќе ја врати довербата на граѓаните дека пратениците работат за нивните интереси и благосостојбата на државата, спротивно на она што се случува денес, пришто пратениците се преПлатени за нивната функција. Има и некои што се преТплатени за оваа функција, а без никаков придонес за општетството.ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.Симона Милошеска: Тоа е Европска Македонија, дел од големото европско семејство, во која посветено се работи на целосно реформирање на сето сивилото од денешнината, земја во која младите сонуваат и успеваат токму тука да ги остварат своите соништа.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Повикувам Пендаровски да свика лидерска средба да се договориме за клучните прашања, а не да се надмудруваме преку медиуми

Стево Пендаровски, како претседател на Република Македонија, кој пред да прогласи вонредна состојба свика лидерска средба на која беа образложени одлуките кои ќе следат, треба повторно да свика лидерска на која Заев и СДСМ ќе објаснат зошто е потребно свикување на Собранието, за кое пред тоа велеа дека не е можно да се свика и дека со вонредна состојба прогласена од претседателот на државата владата ќе може полесно да носи уредби, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски, во емисијата 360 на Алсат.Став на Мицкоски е дека Пендаровски мора да свика лидерска.- Мојот став околу тоа прашање е дека што и да се случи и да продолжи СДСМ на неуставен начин да се обидува да ги свикува парламентарците во Парламентот ние ќе велиме не, тие ќе велат така е, ќе цитираме Устави, членови, Венецијански Комисии. Факт е дека ние имаме состојба на криза, дали ние формално сме ја прогласиле или не, ние имаме во моментот состојба на криза и логично е да го повикаме претседателот на државата бидејќи пред да се воведе вонредна состојба го повикавме претседателот да прогласи вонредна состојба. Пред да ја прогласи таа вонредна состојба имавме состанок кај претседателот на државата да најдеме начин како да се одложат тие избори. Тогаш на тој состанок нас ни беше аргументирано од страна на владеачкото мнозинство дека на нас ни е потребна вонредна состојба за да може владата да носи уредби со сила на закон бидејќи на стопанството му се потребни мерки, предлози и да донесеме уредба со која што ќе ги прекинеме изборните дејства. Ајде сега истиот претседател на државата да направи една таква лидерска средба да седнеме да поразговараме, истакна Мицкоски.Мицкоски на лидерската ќе побара од владеjачкото мнозинство да каже која е целта на ова противуставно собирање на Парламентот.-Ја користам оваа прилика да го повикам претседателот во најскоро време, да не создаваме во реалноста непотребна тензија, да не се контрираме со позиции да се надмудруваме кој е погласен или повидлив, дајте да седнеме да направиме една лидерска средба, да ги отвориме картите, нека не запознае владеачкото мнозинтво, нека не запознае Зоран Заев што е целта на ова противно уставно собирање и да видиме дали можеме да се договориме.Мицкоски вели дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација, поранешни пратеници и поранешен состав на Собранието не можат да поднесат иницијатива. Според него тоа е сериозен преседан кој што ќе значи директно кршење на Уставот на Република Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Привременото примирје заврши, политиката се враќа на сцената, зошто?

Привременото примирје заврши. Политичарите полека се раздвижија во рововите, во кои беа  залегнати во овие два месеци додека нацијата во страв следеше како тече војната против коронавирусот, не само овде туку и во целиот свет. За време на оваа политичка хибернација, партиските генерали испраќаа групи извидници да испитаат што се случува кај непријателските линии и тоа главно беше спорадична размена на оган. Со исфрлање по некоја граната. Некому му изгледа неочекувано, некому изнасилено, некому бесмислено, некому исправно барањето на 35 пратеници да се активира распуштеното Собрание за да ја потврди одлуката на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба. Но, и да расправа за уредбите на Владата, со кои можеби се кршат одредени права и слободи на граѓаните, објави dw.com.Расправата која во неколку одредени мигови стана поважна од дневниот извештај за новоинфицираните, хоспитализираните, излечените и умрените лица на свој начин потврди дека политиката не сака подолго време да остане под површината на настаните. И дека, колку тоа и да звучи грубо, политичарите сакаат рефлекторите на сцената повторно да бидат насочени кон нив, а не кон здравствените професионалци, на кои сега најмногу им веруваат граѓаните. Нема тука ништо нелогично. Олеснувањето на рестрикциите не важи само за движењето на луѓето, тоа им ја подотвора вратата и на политичарите.Главното прашање е зошто изгледа дека одредени политички групации одат против своите интереси кога е во прашање повторното свикување на парламентот. Објаснувањата може да изгледаат нелогични, но можеби и има систем во тоа. Прво, која е политичката корист на СДСМ да бара пратениците да се вратат во клупите? Дали со тоа изборите може да се одржат не наесен, туку некаде пред почетокот на летото? Ако СДСМ ги зема за важни репери двете анкети на двата независни американски институти направени пред почетокот на корона кризата – на ИРИ и НДИ – во кои тој има мала предност, социјалдемократите би сакале изборите да се одржат што е можно побрзо пред економската рецесија, што неизбежно ќе следи (како и во сите земји до една во Европа), да не биде главна тема во некоја подоцнежна кампања. Доколку Собранието продолжи со работа тогаш сите изборни рокови паѓаат во вода, ќе треба да се одредуваат нови. Во овој момент важат само изборните листи доставени до ДИК и распоредот на ливчето, објави dw.com.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ самата се стави во нерешлива ситуација. Големо прашање е зошто опозицијата не би сакала да ја искористи собраниската говорница за критикување на мерките на Владата и здравствените власти во борбата со коронавирусот, наместо да испраќаат по неколку соопштенија на ден кои веќе речиси никој не ги пренесува. А во нив да изнесуваат тврдења кои малку резонираат со расположението на јавноста (анкетата на емисијата „Детектор“, која покажа поддршка од 82 отсто за Венко Филипче, најдобро го отсликува тоа). Во времето кога населението седи дома повторното свикување на парламентот би им дало можност за подобро калибрирање на ставовите преку преносите на телевизија и да се обиде да поврати дел од наративот. Но, ВМРО-ДПМНЕ не сака да го калибрира тој наратив преку парламентот, пишува dw.com.Текстот во целост на: dw.com.

Македонија | пред 6 години

maska

Филипче: Точно е дека препораката од СЗО беше да не се носат заштитни маски, но се појавија нови сознанија за вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција истана дека е точно дека препорака на СЗО била да не се носат заштитни маски, но од тој момент до сега има промени во однос на сознанијата за вирусот. Филипче потенцираше дека носењето заштитна опрема ќе го спречи ширењето на вирусот, со оглед дека има асимптоматски носители.„Точно е дека препораката од СЗО беше да не се носат заштитни маски, посебно лица кои се здрави. Но факт е дека во меѓувреме излегоа студии, препораки и искуства од многу земји, а имајќи го предвид и неточно утврдениот начин на ширење на вирусот, како и фактот дека сега е јасно оти има многу асимптотски носители, ја воведовме оваа мерка бидејќи во оваа фаза сметаме дека е неопходно за да се намали ширењето на вирусот. Ова се однесува за во затворен простор, како и на отворен простор каде не може да се одржи дистанца“, рече Филипче.На крајот од минатиот месец директорот на СЗО за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку се користи неправилно, може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на новиот коронавирус.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ruskovska-4-skopje1mk-Copy

Русковска не се согласува обвинителите да земаат минимална плата, како што тоа им го наложи Владата

Шефицата на обвинителството за огранизиран криминал Вилма Русковска не се согласува обвинителите да земаат минимална плата, како што тоа им го наложи Владата, како мерки за скратување на буџетските расходи поради корона-кризата.„И обвинителите и судиите треба да се солидализираат во оваа криза, но не се согласувам со минимална плата. Сметам дека ќе беше многу подобро и ќе имаше поголем ефект доколку на сите се скратеше одреден процент од платата, 20, 30 или 40 отсто. Тука мислам на сите, не само на судиите и обвинителите туку и на администрацијата“, изјави Русковска за ТВ Телма.Таа рече дека во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција претходно се  договориле дека ако добијат цела плата, секој обвинител да одвои по 10 000 денари за солидарниот фонд.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Владата: Граѓаните ќе можат доброволно да одлучат повратот од „МојДДВ“ да го донираат во Буџетот за справување со КОВИД-19

На денешната 46-та седница Владата на Република Северна Македонија донесе Уредбата за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба.Со оваа уредба се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност, за периодот од 01.02.2020-29.02.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година.Оваа уредба овозможува и продолжување на рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.03.2020-31.03.2020 и за период 01.01.2020 – 31.03.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година.Со уредбата се продолжува и рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.04.2020-30.04.2020 година, заклучно со 31 мај 2020 година.Владата ја донесе и Уредбата за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од данокот на додадена вредност за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во Буџетот на Република Северна Македонија поради справување со последиците предизвикани од коронавирусот.Физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Филипче: Во Куманово, Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатираше пропусти, наодот е предаден во МВР

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за најновите информации во врска со состојбата со КОВИД-19 вирусот во земјата.„Во Куманово, Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатираше низа пропусти по што, тој беше предаден во Министерството за внатрешни работи и очекуваме тие да се произнесат во однос на наодите, а од текот на денешниот ден се спроведува и втор инспекциски надзор. Резултатите ќе бидат готови вечерва или утре изутрина, по што ќе ја известиме јавноста“, рече министерот Филипче.Министерот истакна, дека ситуацијата во Дебар подолго време е стабилна, активни се само неколку, односно три случаи и потврдено е дека нема нови случаи, што практично беше основа за старт на скринингот.„По официјалните разговори со матичните лекари, коишто ни укажаа за некои работи за кои тие сметаат дека се проблематични во однос на спроведувањето на целиот овој скрининг, таму се испратени тестовите и во овој период којшто следи, оваа Програма, скрининг целосно ќе се спроведе во три категории на граѓани. Како стратегија во следните три месеци, како испитување на имунитетот на населението треба да се спроведе и на територијата на целата држава, меѓутоа во некоја подоцнежна фаза на епидемијата кај нас“, додаде Филипче.Министерот Филипче во однос на информациите, коишто излегоа во јавноста и во повеќе наврати како контакти од патронажните сестри, коишто до сега се вработени со договор на дело, на период од шест месеци, којшто рок истекува сега на крајот на април, информираше дека договорите на сите коишто се заинтересирани да продолжат да работат ќе бидат продолжени. Тој додаде дека, средствата од страна на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) се обезбедени и ќе бидат вработени дополнителен број на патронажни сестри, таму каде што ќе се покаже интерес за сите нив, согласно големата потреба на здравствени работници во сите Јавни здравствени установи (ЈЗУ). патронажните сестри се вклопија во еден систем на работа во рамките на нивните ЈЗУ и во рамките на нивните средини, давајќи здравствени услуги на населението и за сите нив се обезбедени потребните финансиски средства.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

filipce-2

Протоколот за крвна плазма готов, засега ни еден пациент нема потреба од него

Протоколот за лекување со крвна плазма е изготвен, но засега кај ниту еден пациент не е препорачан овој вид на лекување.Ова го истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе почне лекувањето со крвна плазма.-Готов е протоколот. Засега колку што знам кај ниту еден пациент не е индицирано такво лекување. Има некои други терапевтски протоколи коишто се спроведуваат во однос на третманот, пореметувањето на крвта во склоп на третман на другите органски системи, како зајакнување на функцијата на тромбоцитите, подобрување на коагулационите карактеристики на крвта, но досега нема индикација за плазма, одговори Филипче.Министерот на денешната прес конференција истакна дека не е исклучена можноста хоспитализираните заболени од Ковид – 19 да плаќаат партиципација за болничкото лекување.-Со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме во предвид и плаќање на партиципација. Ќе направиме финансиска конструкција. Тоа може за неколку дена да биде завршено, истакна министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Првите 12 механички вентилатори донирани од ЕУ предадени на Министерството за здравство

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, г. Самуел Жбогар ги предаде првите 12 мeханички вентилатори на министерот за надворешни работи, г. Никола Димитров и заменик министерот за здравство, г. Арменд Арслани за зајакнување на капацитетите на здравствениот систем во борбата со КОВИД-19.Исто така, ЕУ обезбеди и 5,000 заштитни маски. Оваа прва испорака е дел од најавената поддршка од Европската Унија во вредност од 4 милиони евра за владата на Северна Македонија за итна набавка на неопходна медицинска опрема и материјали.„Ова претставува прва пратка од солидарната поддршка од ЕУ наменета за Северна Македонија во борбата со КОВИД-19. Ќе имаме дополнителни испораки во следните недели. Ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата и граѓаните во надминување на овој заеднички предизвик“, изјави амбасадорот Жбогар.Согласно приоритетите на владата, со поддршка на ЕУ ќе се набават вкупно 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31,300 тестови и близу 40,000 парчиња разна медицинска опрема како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор. Обезбедените средства, исто така ќе се користат за набавката на навистина потребната заштитна опрема за здравствените работници и тоа 30,000 заштитни маски за лице, 100,000 хируршки маски, 750,000 хируршки ракавици, 20,000 заштитни очила и друга основна заштитна опрема. Оваа претставува најзначајна меѓународна поддршка која државата ја добива во справување со последиците предизвикани од епидемијата на новиот корона вирус.„Во овие исклучително неизвесни времиња за целиот свет, конкретната и особено видлива помош од Европската Унија како несомнено најголем наш донатор во кризава предизвикана од пандемијата, дава чувство на сплотеност, солидарност и сигурност дека заедно ќе излеземе од ова премрежје. Дека сме третирани речиси како земја членка на Унијата во поглед на вклученост во механизми и фондови за справување со пандемијата од вирусот КОВИД-19 и нејзините последици, говори не само денешнава значајна донација во вистински момент - од 12 комплетно нови респиратори, како и 5000 заштитни маски FFP2 за здравствените работници, туку и целокупната нивна досега планирана помош. Би сакал да упатам искрена благодарност до ЕУ што ги препозна и подржа нашите напори за справување со овој заеднички глобален предизвик и особена благодарност што ни дадовте чувство на припадност во тимот Европа“, потенцираше министерот Димитров.Набавката на приоритетна медицинска опрема и материјали ја спроведува Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги УНОПС, која на глобално ниво ги активира процедурите за итни набавки за да им помогне на земјите да одговорат на кризата предизвикана со пандемијата. Целокупната количина на опрема и материјали се очекува да биде доставена до почетокот на месец јуни 2020.„Во оваа прва фаза на проектот, Министерството за здравство доби 12 комплетно нови машини за механичка вентилација, кои ќе бидат ставени на располагање за третман на најкомплексните случаи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во ГОБ 8 Септември во Скопје, како и 5,000 заштитни маски FFP2 кои се дел од личната заштитна опрема на здравствените работници“, изјави заменик министерот Арслани.Освен оваа поддршка за справување со кризата предизвикана од пандемијата, Европската Унија обезбеди 66 милиони евра за поддршка на Северна Македонија за надминување на ефектите предизвикани од КОВИД-19, а е во процес на обезбедување на дополнителни 160 милиони евра кои ќе бидат достапни како заеми за справување со фискалните предизвици.Фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 6 години

filipce

Филипче: Досега ниту еден пациент што е на респиратор во Македонија не е излекуван

Ниту еден пациент инфициран со корона вирус којшто бил поставен на респираторна машина во Македонија досега не е излекуван, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.„Нема излекуван пациент на респираторна машина. Има повеќе пациенти кои што подолг временски период се лекуваат, а сега планираме и промена на начин на лекување во однос на правење на тахеростома и трахеотомија на некој кој што веќе покажува знаци дека може да закрепне“, изјави Филипче.Инаку, споредпоследните статистики на Министерството за здравство, во моментов 13 лица се на респираторна машина.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kanalizaciona-mreza

(ФОТО) Реконструкција на дел од канализационата мрежа во Пештани

Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани.  Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот  предизвикан со дел од септичките јами.На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе  е поставена на   длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се  поставува нова  цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве. фото: Општина Охрид 

Македонија | пред 6 години

ukim

Студентското собрание при УКИМ бара од МОН социјални стипендии

Воведување социјална стипендија за сите студенти засегнати од финансиската криза, денеска побара Универзитетското студентско собрание (УСС )на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Од УСС бараат оваа привремена економска мерка, во вид на вонредни социјални стипендии, да важи за студенти кои потекнуваат од семејства со низок доход ( со месечни примања до 14 000 денари по член на семејство), како и за студентите кои ќе приложат доказ дека еден или повеќе од членовите на семејството останале без работно место како последица од вонредната состојба.Оттаму додаваат дека сумата на оваа вонредна стипендија дополнително ќе се утврдува во преговори со надлежните институции, пред се Министерството за образование и наука и Владата.„Лошата економска ситуација која во претстојниот период дополнително ќе се продлабочи е проблем кој не ги избегна ниту студентите. Голем дел од нив го финансираат своето образование од приходите на семејството, кои сега дополнително ќе бидат скратени, или пак од хонорарни и привремени ангажмани кои не се опфатени од досегашните мерки на Владата. Ваквата кризна состојба може да се надмине само со стабилно и систематско дејствување па затоа ги повикуваме надлежните институции да ги преземат потребните мерки со кои ќе се помогне на ранливите категории и студентите чии финансии енормно ќе бидат скратени во претстојниот кризен период“, велат од УСС.За побараната нова категорија стипендии од Студентското собрание на УКИМ, од МОН велат дека ќе ја разгледаат иницијативата, а реализацијата ќе зависи од буџетските можности. А, за продолжувањето на учебната година во летниот период, од МОН со став дека не би можеле сега да конкретизираат дали тоа е изводливо зашто никој не знае, како ќе се развива ситуацијата со пандемијата од корона вирусот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Potpisuvanje-2

Министрите и високите преставници на петте земји ја одобрија Стратешката Акциона Програма за басенот на реката Дрим во Југоисточна Европа

Високите преставници на петте држави од Дримскиот басен денеска на виртуелен начин ја потпишаа Заедничката Изјава со која ја одобрија Стратешката Акциона Програма (САП) за одржливо управување со поширокиот Дримски Басен со што се носи директна придобивка за 1,6  милиони  жители во сливот. Споделен помеѓу Албанија, Грција, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, басенот на реката Дрим дава водени ресурси за пиење, за производство на енергија, за рибарство и земјоделие, биодиверзитет, туризам и индустрија. Одобрувањето на САП-от ја потрврдува политичката волја помеѓу петте држави за заеднича прекугранична работа и испраќа силна порака дека подобреното управување со водените ресурси кои придонесуваат за подобро јавно здравје и живеење, останува приоритет и продолжува да биде цел на прекугранично ниво дури и во тешки времиња како што моментално се соочуваме со COVID-19 пандемијата. Токму сегашната криза ја подвлекува важноста на водата за одржување на хигиената и во регионот и глобално. Изготвувањето на САП-от, кој што содржи преку 100 договорени законски и технички мерки, беше поддржано од страна на ГЕФ Дримскиот Проект ( Drin Project ),  кој што беше дизајниран да го реализира Меморандумот за разбирање за одржливо управување со Дримскиот басен, потпишан во Тирана на 25.Ноември 2011 година од страна на надлежните министри на земјите од Дримскиот басен. Дрим Кор групата, заедничко тело создадено за да го координира спроведувањето на Меморандумот и Експертските работни групи целосно се оперативни, со застапеност на жените од 30% и 60% од членовите во телата. Дримскиот Проект е имплементиран од страна на УНДП, а го извршува Глобалното партнерство за Води – Медитеран (GWP-Med). Европската комисија на УН за Европа (УНЕЦЕ) е партнер низ овој процес. Денешното потпишување на САП-от е чекор напред во имплеметацијата на Заедничката визија за одржливо управување со басенот на реката Дрим, утврдено преку Дримскиот Меморандум. Стратешката Акциона програма се израбутуваше во претходните повеќе од година дена преку интензивен консултативен процес со вклученост на преку 200 интересенти, вклучувајќи ги тука и преставниците на  релевантните Министерства и технички експерти. САП-от вклучува активности и мерки кои ги рефлектираат четирите прекугранични проблеми кои предизвикуваат голем број на негативни ефекти кон природата, општеството и економијата, како што се : загадувањето на водите, деградација на биодиверзитетот, пореметување на водниот режим и преносот на седиментите, со што САП-от е прв стратешки документ за споделените водни ресурси во регионот. Овие прекугранични проблеми беа идентификувани преку научната проценка на Дримскиот басен позната како Прекугранична дијагностичка анализа. Мерките вклучени во САП-от  ќе им послужат на државите во имплементацијата на европските директиви за води и животна средина како што е Европската рамковна директива за води..  САП-от ќе обезбеди главна платформа за информации околу координираното управување со Дримскиот Басен во наредниот период. Приоритетот на државите сега е насочен кон идентификување на извори за финансирање на имплементацијата на меркиот од САП-от, за да се осигура и обезбеди одржливото управување на Дримскиот басен .„Една од научените лекции од пандемијата со КОВИД-19 е дека е многу важно да се има добра прекугранина и регионална соработка. Стратешката Акциона програма за Дримскиот басен има две различни поенти, еколошка, како важен чекор кон идното заедничко управување со Дримскиот Басен и втората силна политичка порака за регионалната соработка. Би сакал да ја изразам благодарноста за поддршката дадена од страна на донаторите, партнерите и од организациите кои го имплементираат Дримскиот процес (GEF, UNDP, UNECE, GWP-Med). Длабоко верувам дека САП-от ќе води и  кон поддршка и на планираната донаторска конференција, но и кон  продолжување на активностите преку нов проект за имплеметација на самата Стратешка Акциона Програма“, истакна Јани Макрадули , Заменик Министер за животна средина и просторно планирање , Северна Македонија .Проф. Константинос Аравосис, Генерален секретар Министерство за животна средина и енергија, Грција истакна:„Со оваа заедничката декларација, надлежните органи во земјите од Дримскиот Басен ценејќи ги позитивните резултати од активности кои се досега превземени , ја реафирмираат политичката волја за продолжување на соработката  кон обезбедување на одржливо управување во пошрокиот Дримски басен, согласно со принципите и легалната рамка на Европската Унија и останатите билатерални и мултилатерални договори на ниво на суб-басените. Истовремено, се реафирмира и волјата да се вкорпориираат межународните конвенции и протоколи прифатени од страните и да се препознае заштитата и конзервацијата на животната средина како и одржливото управување со водните ресурси како интегрален дел од севкупниот развој на регионот преку координирани акции за санирање на идентификуваните проблеми.“„Усвојувањето на САП-от, за нас значи многу важен чекор напред кон зајакнување на управувањето со споделените водни ресурси. Досегашната работа служи како силна база за утврдување на заедничките цели и задачи за да се зајакне соработката и за да се спроведат конкретни активности за подобрување на квалитетот на водите во согласност со принципите за интегрално управување со водните ресурси. Би сакал да се заблагодарам на моите колеги од Албанија, Грција,Северна Македонија и Црна Гора за сораборката. Во очекување сме на следниот чекор, имплементација на САП-от“, истакна зедин Бутиќи, Генерален секретар, Министерство за инфраструктура и животна средина , Косово . „Во време кога светот е затворен со цел победа над коронавирус пандемијата, никогаш не било поважно да се заштитат нашите водни ресурси. Во овие непредвидливи времиња, водата е најпотребното оружје за победа врз болестите и има улога на бариера за вирусот и улога на обезбедувач на пристојното живеење за милиони луѓе кои се затворени во своите домови. Бидејќи ние работиме повеже од 10 години со  убедување сека управување со важен споделен ресурс, ние ќе сториме се да останеме фокусирани на имплементацијата на САП-от за Дрим и и покрај се ќе останеме оптимисти и во овие тешки времиња“, истакна Герта Љубоја, Генерален директор, Агенција за управување со водни ресурси ,  Албанија„Ова е многу значаен настан за зајакнување на регионалната соработка во Дримскиот Басен и е наше огромно задоволство да ја промовираме заедничката активност за координирано управување со споделените водни ресурси во Дримскиот Басен. Оваа заедничка изјава дефинитивно ќе биде рамка за идната соработка во наредниот период  со силна посветеност кон тоа да се обезбеди заштита на животната средина и подобро управување со нашите водни ресурси“, истакна Момчило Благојевиќ, Генерален директор на директоратот за управување со води, Министерство за земјоделие и рурален развој , Црна Гора.Организации и партнери Густаво Фонсека, Програмски директор, Глобален фонд за животна средина (ГЕФ)“Потпишувањето на Стратешката акциона програма за Дримскиот басен одбележува еден важен чекор кон поголема прекугранична соработка за споделените ресурси и животната средина кои ќе обезбедат здрав и отпорен екосистем во басенот на реката Дрим. Воодушевувачки е да се види како силната соработка помеѓу економскиот сектор, политичките лидери и оние кои живеат во Басенот во повеќе држави е пренесена во Стратешката акциона Програма. Споделените речни басени низ светот можат многу да научат за духот на соработката и искуствата кои денес ни се преставени преку работата за басенот на реката Дрим.“Лимија Елтајеб, УНДП резидентен преставник во Албанија „Одобрувањето на Стратешката Акциона програма за Дримскиот басен – кое доаѓа после декада на работа после потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Тирана во 2011 година е важен чекор напред во поставувањето на приоритетте во Дримскиот Басен и како ти да бидат решавани. Стратешкиот документ ја презентира заедничката визија за бенефит и одржлив развој на 1.6 милиони жители во сливот.“Д-р Моника Вебер- Фар, Извршен секретар, Глобално партнерство за води (GWP):„Во време на  COVID-19 кризата, 5 земји од Дримскиот Басен испраќаат силна порака дека подобреното и интегрирано управување со водните ресурси че продолжи да биде примарна цел, овозможувајќи придовки за жителите,еконоски рат и работни места, животна средина , здравје и останато.  Служејќи му на Дримскиот процес за соработка речиси една декада, како организација Глобално партнерство за води и Глобалното Партнерство за води – Медитеран  (GWP-Med) можеме да се чувствуваме гордо на ова достинување. Благодарни сме и  на нашите партнери GEF, UNDP and UNECE, за нивната координирана поддршка и заедничките активности кои продуцираа видливи резултати за бенефитот на земјите од Дримскиот Басен.“Марко Каинер, Директор на одделот за животна средина, УНЕЦЕ„Прекуграничната соработка на Проширениот басен на реката Дрим ја достигна една од главните цели и донесе важни придобивки со придонесувањето кон имплементацијата на Конвенцијата за води на УНЕЦЕ: Оваа соработка важно е што го поддржува и спроведувањето на Целите за одржлив развој на ООН посебно целта 6.5 за интегрирано управување со видните ресурси на сите нивоа, вклуќително и она на прекугранично ниво“   .

Македонија | пред 6 години

24042020_Ispekciski_sovet_pres-konferencija-1

Филиповска-Грашкоска: Во изминатиот месец направени се 33.173 надзори од инспекциските служби, најголем дел од правните лица ги почитуваат одлуките на Владата

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 19 март до 21 април имаат извршено 33.173 надзори, со цел да гарантираат целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.„Инспекторите се постојано на терен, ја извршуваат својата работа со полна професионалност, ставајќи го општото добро пред поединечните интереси. Со тоа се придонесе да се заштитат правата на потрошувачите, да се почитуваат правата на работниците, да се одржува на соодветно ниво квалитетот и цената на лековите, медицинските средства, основните прехранбени продукти, за што им упатувам јавна благодарност“, потенцираше претседателката на Инспекцискиот совет.Таа соопшти дека во овој период, најбројни се контролите направени од Државниот пазарен инспекторат, вкупно 26.569, од кои што 5.508 се контроли на замрзнатите цени во малопродажните и големопродажните објекти.„Притоа, од страна на ДПИ се затворени вкупно 162 угостителски објекти кои не ги почитувале мерките на Владата, а од визуелната обиколка низ повеќе градови констатирано е дека најголемиот број на угостители сепак дисциплинирано ги почитуваат забраните за работа. Државниот пазарен инспекторат изминатиот месец, интензивно ги контролираше и кафематите во целата земја, при што е извршено запечатување на повеќе од 350 кафемати. Освен на самиот почеток на кризата, кога имаше одреден број на пријави за покачени цени кај некои производи, особено кај цитрусово овошје, можеме да констатираме дека во подоцнежниот период најголем дел од трговците ги почитуваат одлуките за смрзнатите цени, а на оние каде што е забележано зголемување им се наложува да ги вратат цените на ниво на цени од 11 март“, кажа Филиповска-Грашкоска.Агенцијата за храна и ветеринарство, исто така активно спроведуваше надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. Реализирани се вкупно 1.645 вакви инспекции, при што се изречени вкупно 5 глоби, 75 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и вкупно 64 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба, по коишто правните субјекти постапуваа веднаш.Државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работничките права, реализираше вкупно 3.236 контроли при што се донесени 42 решенија и околу 152 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.„Поголемиот дел од овие надзори биле поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни. Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораки за заштита на вработените од КОВИД-19“, посочи Филиповска-Грашкоска.Државниот здравствен и санитарен инспекторат во изминатиот период реализираше 732 инспекциски надзори во субјекти во нивна надлежност, со особен фокус на приватни и јавни здравствени установи, како и домови за стари лица, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од коронавирусот КОВИД-19. Паралелно со инспекциските надзори ДЗСИ издаде и вкупно 9.607 дозволи на транспортери за професионални возачи во меѓународниот транспорт, кои се неопходни за непречено спроведување на транспортот во услови на епидемија од коронавирус.„Државниот инспекторат за транспорт во овој период реализираше 751 надзори. При тоа, се констатира дека меѓу општинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД има извршено 240 контроли на веледрогерии и аптеки. Може да посочиме дека при овие контроли е констатирано дека нема специфични отстапувања, а секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица во аптеките, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата“, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова, на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Висаре Риза, на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини и на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

internet-oblozuvanje

АСОМ: Одлуката и условите за онлајн обложување сеуште се во процес на договрање

По информациите кои се појавија во неколку медиуми, дека со уредба на Влада се овозможува онлјан обложување кое би требало да го замени традиционалното, Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија ја информира јавноста дека очигледно станува збор за грешна интерперетација на изјавите на надлежните од страна на дел од медиумите. Игрите на среќа продолжуваат нормално да се организираат како и досега. Истите се јасно регулирани со закон и дозволи за работа, а во индустријата остануваат вработени околу 8.000 дирекно вработени како и повеќе од 50.000 индиректни работни места кои оваа индустрија ги подржува. Во изминатиот период Министерството за финансии ја разгледуваше можноста за дополнително организирање на онлајн обложување и игри на среќа, процес кој е започнат одамна.Онлајн обложување веќе се организира, но само од страна на Државната Лотарија, а сега се разгледува можноста истото да биде организно и од страна на другите приредувачи на игри на среќа. АСОМ веќе го искомуницира својот став со Министерството за фиансии во однос на ова прашање и ја поздравува идејата. Сепак, одлуката и условите за онлајн обложување сеуште се во процес на договрање. Доколку уредбата биде прифатлива за сите засегнати страни, истата ќе овозможи и Република Северна Македонија како сите земји во регионот да имаат вака организирана игра, дополнителни приходи во буџетот и подобри услови за играчите.Според проценките на нашата организација, меѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одлеваат на странски сајтови за онлајн обложување и игри на среќа. Прифатливо законско решение за онлајн обложување би ги насочило овие средства кон домашниот буџет.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

24042020_MF_Angelovska_pres-konferencija-2

Од 29-ти април фирмите од сите дејности ќе може да аплицираат за бескаматни кредити од новата кредитна линија од 8 милиони евра

Од среда, 29-ти април микро, малите и средни компании од сите дејности, погодени од КОВИД-19 кризата, ќе можат да аплицираат за 8 милиони евра бескаматни кредити, преку Развојната банка на Северна Македонија. Кредитите од оваа линија ќе бидат до 90.000 евра, а условите и постапката за аплицирање се олеснети. На јавната презентација на новата бескаматна линија, која е антикризна мерка за справување со коронакризата, присуствуваа министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Развојната банка, Кире Наумов, директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски и преку видео изјава амбасадорката на Јапонија во земјава, Кеико Ханеда.За оваа кредитна линија можат да аплицираат сите погодени компании кои имаат намалување на приходот за повеќе од 30% во последниот поминат месец, на пример во месец март во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година. Компаниите треба да се регистрирани повеќе од половина година, да немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020, да не се во постапка на стечај или ликвидација и да не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели.Министерката Ангеловска посочи дека бескаматните кредити се наменети за зачувување на работните места во фирмите и подобрување на нивната ликвидност.„За разлика од првата кредитна линија - оваа е наменета за сите дејности, како и максималниот износ на кредит е три пати повисок во однос на првата кредитна линија, односно минималниот износ на кредит е 3.000 евра, додека максималниот износ е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени заклучно со 31.01.2020, односно минималната плата се множи по бројот на вработени и по 3 месеци. Како што кажува и името на кредитната линија - камата е нула. Трошоци за аплицирање кон Развојната банка исто така нема да се плаќаат. Рокот на отплата е до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, додека обезбедувањето е со меница“, објасни министерката Ангеловска.Директорот на Развојната банка, Кире Наумов рече дека аплицирањето почнува од среда, 29-ти април на полноќ, а јавниот повик е од денес достапен на веб-страната на банката.„Аплицирањето ќе биде електронски, по примерот на „Ковид1“. Иако износот на кредит се пресметува по формулата 14.500 х 3 месеци х број на вработени, најмалите претпријатија не се заборавени. Микро претпријатијата до 5 вработени, ќе може да аплицираат за бескаматен кредит во износ од 3.000 евра“, додаде Наумов.Целата постапка за аплицирање за средствата ќе се одвива електронски. Најголем број од документите ќе можат да се најдат на веб-страната на Развојната банка, меѓу нив апликацијата, односно кредитно барање, изјава за поврзаност со други правни/физички лица, изјава дека не е носител на јавна функција и изјава за проверка на кредитна изложеност. Компаниите ќе поднесуваат електронско барања до Управата за уверение за платени давачки со состојба 31.01.2020.Развојната банка и Централниот регистар склучија и договор со кој документите кои им се потребни на кредитобарателите, Централниот регистар ќе ги дава бесплатно, односно тековната состојба за кредитобарателот, потврдата за стечајна постапка, потврдата за ликвидациона постапка и листинг од завршна сметка за 2019 година, посочи директорката на Централниот регистар.„Дополнително олеснување е и тоа што во услови кога треба да се почитуваат препораките за заштита на јавното здравје, странките немаат потреба да доаѓаат во Централен регистар за да ги извадат потребните документи, ниту да ги користат електронските услуги на нашата институција кои се 24 часа достапни. Во договорот кој го склучивме со Развојната банка, предвидено е документите од Централен регистар кои им се потребни на кредитобарателите електронски да ги преземаат вработени од Развојната банка“, истакна директорката на ЦРМ Бошковска Јанковски.Средствата за бескаматните кредити се обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија.„Ги поддржувам сосема мерките преземени за употребата на 8 милиони евра од компензациониот фонд од Јапонија за македонскиот бизнис, се надевам дека овие мерки ќе им помогнат на компаниите да продолжат и работните места да се сигурни. Сите земји се борат против коронавирусот во моментов и во овие тешки времиња треба заедно да работиме и да се поддржуваме. Денес, мило ми е што повторно можеме да го потврдиме цврстото пријателство помеѓу Јапонија и Северна Македонија“, рече преку видео-изјава амбасадорката на Јапонија во земјава Кеико Ханеда.Заедно со новата кредитна линија на фирмите им се ставаат вкупно на располагање 13,7 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка. Досега од првата кредитна линија „Ковид1“ се обработени барањата на 254 компании во износ од 2,2 милиони евра и во кои работат 2.853 вработени. Исто така, преку комерцијалните банки ќе се стават на располагање и евтини кредити со субвенционирана камата од 50 милиони евра.Мерките кои ги донесе Владата за поддршка на компаниите можат да се групираат во следните групи мерки - даночни олеснувања како: ослободување од аконтации на данок на добивка и данок на личен доход, 50% субвенции на придонеси, директна финансиска поддршка за заштита на работните места, мерки за заштита на ликвидноста и регулаторни или таканаречени меки мерки за граѓаните и стопанството.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања