Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

aek-logo-696x366

АЕК го подготвува тендерот за 5г до крајот на годинава

Домашни оператори, заинтересирани странски компании и граѓани до 20 месецов, кога истече рокот, доставиле мислења и забелешки до Aгенцијата за електронски комуникации во врска со планираното издавање одобренија за користење радиофреквенции за 5Г-технологијата.Сашо Димитријовски, директор на АЕК, во интервју за МИА вели дека досега сите чекори се спроведуваат согласно динамиката предвидена со Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), усвоен од Владата во април минатата година.– Сите пристигнати мислења ќе бидат разгледани од стручните служби во AEK и ќе бидат соодветно имплементирани во законската постапка, која е предвидена согласно Законот за електронските комуникации (ЗЕК) за доделување на овие радиофреквенции. Согласно НОБП, тендерската постапка се очекува да започне до крајот на 2020 година. Ќе се сублимираат пристигнатите мислења и заедно со постојната регулатива во Македонија, која е на иста линија со европската, ќе се пропишат условите што ќе бидат наведени како барања, кои операторите што ќе добијат одобренија ќе треба да ги исполнат, појаснува Димитријоски.До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5Г тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31 октомври годинава за опсегот 3.6-3.7 Mhz.Димитријоски во интервјуто за МИА,кое во целост ќе биде објавено утре, говори и за сомнежите и стравувањата што во јавноста се појавија во врска со 5Г технологијата и нејзиното поврзување на коронавирусот, за обемот на интернет-сообраќајот изминатиот период додека земјата се правува со Ковид-19, за квалитетот на услугите и брзината на интернетот, но и за мрежната покриеност во државата.Првиот човек на АЕК во интервјуто за МИА се осврна и ефектите од примена на договорот за намалување на цените во роаминг во регионот, но и за очекувањата во сила да стапи Меморандумот со Грција за пониски цени во роаминг, кој беше потпишан минатата година.Извор: ФОКУС

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Министерот Филипче е негативен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатот од тестирањето за КОВИД-19 на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче е негативен.Според проценката на епидемиолозите, министерот Филипче не беше во ризик, но сепак тој одлучи да остане во самоизолација.„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена.Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата и така ќе биде и во наредната недела.Им благодарам на сите граѓани на поддршката и во оваа прилика уште еднаш потсетувам дека личната одговорност е предуслов за колективното здравје.Почитувањето на мерките досега покажа резултати. Ако останеме доследни на ова и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба“, изјави министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mario-2

(ФОТО) Охриѓанец со неверојатен талент - запознајте го Марио Шапкар кој на сликите со молив им дава живост

Охриѓанец со неверојатен талент. Марио Шапкар уште од малечок, ужива во цртањето. Со тек на време неговата најголема страст – спојот на моливот и хартијата станува негово секојдневие. Сите негови цртежи се изработени само со молив.Станува збор за исклучителен талент и огромна посветеност на неговата работа. Неговите портрети на богатите и славните се екстремно верни на оригиналот, така што секој што ќе ги погледне несомнено ќе подзастане за да се увери дека се навистина цртежи, а не реални фотографии.Најважното од сè, е тоа што уметникот има внесено живот во овие лица, давајќи им душа и карактер.Скопје 1: Марио, може ли да ни откриеш кога го нацрта твојот прв портрет и кој беше тоа?Марио Шапкар: Со почнувањето на средното образование, почнав да цртам портрети од членови на мојата фамилија, тогаш всушност го открив својот талент и се насочив кон усовршување и константно вежбање кое ми носи големо задоволство.Скопје 1: Велат дека времето брзо поминува кога го правиш тоа што сакаш. Колку време ти е потребно за да нацрташ портрет?Марио Шапкар: Како и секоја друга работа, така и цртањето бара голем труд и максимална концентрација. За цртање на еден портрет потребни ми се неколку денови, во зависност од деталите на самата слика.Скопје 1: Дали е полесно да гледаш од фотографија или знаеш да седнеш некој твој близок да ти позира?Марио Шапкар: Околу тоа прашање секој уметник има различни преференции, но според мене подобро е преку слика.Скопје 1: Омилен лик позната фаца, која си ја нартал повеќе пати?Марио Шапкар: Сум цртал личности од музичката, а исто така и од филмската сцена, но Анџелина Џоли е сепак онаа која сум ја нацртал повеќе пати, заради специфичниот изглед.Скопје 1: Дали црташ само со молив, или сакаш да си поигруваш и со бои?Марио Шапкар: Засега цртам исклучиво само со молив, но во иднина планирам да ја пробам техниката со акварел бои.Скопје 1: Имаш ли желба да ти позира некој познат глумец, фудбалер, политичар. Кој е  тоа ...Марио Шапкар:  За која и позната личност да станува збор, ми претставува огромно задоволство да ја нацртам.Скопје 1: Што работиш во моментов, дали твојата професија е поврзана со уметност?Марио Шапкар: Во моментот ништо не работам од причина што сеуште сум средношколец, но во иднина планирам да го работам тоа што навистина ме исполнува, а тоа секако е - цртањето.Скопје 1: Талентот е нешто што го имаш во себе. Има ли некој во твоето семејство кој убаво црта? Од кого си го „украдил“ талентот?Марио Шапкар: Од мојата фамилија никој не се занимава со тоа, па се надевам дека јас ќе сум првиот.Скопје 1: Среќен ли си во Охрид. Дали би останал да живееш и работиш тука?Марио Шапкар:  Јас го сакам Охрид, родниот град, би сакал остатокот од животот да го поминам тука, но никогаш не се знае што носи животот.Фото: Марио Шапкар   

Магазин | пред 6 години

spasovski

Тестот за коронавирус на премиерот Спасовски е негативен

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.Согласно препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски останува и понатаму во изолација во домашни услови и најдисциплинирано ќе се придржува до препораките и советите на лекарите.И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за  физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања.Во својот апел претседателот на Владата порачува дека секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала и се заблагодари за поддршката.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

suma-333

Од утре се укинува забраната за движење во шуми и шумско земјиште

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште, која беше донесена на 16 април.Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“ , ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште стапува на сила од утре 24.04.2020 (петок) година.ЈП „Национални шуми“ ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со нашите шуми и движењето на граѓаните (рекреативците и сите оние кои извршуваат шумско културни активности). Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.Од министерството ги потсетуваат граѓаните дека согласно член 46 од Законот за земјоделско земјиште и член 23 од Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.Апелираат сите да се однесуваат одговорно додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dimitrievski

Димитриевски тврди дека е негативен: Направив тестирања во други лаборатории, клетвата мора да се тргне

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски соопшти дека вчера со неговата сопруга направиле тестирање за коронавирус во неколку лаборатории, а резултатите од тестовите биле негативни. Тој посочи дека станува збор за релевантни лаборатории во државата, но, не кажа за кои станува збор.„Заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство. Сите тестови се негативни“, пишува Димитриевски.Тој бара Центарот за јавно здравје да ги разгледа резултатите од тестирањата, ако треба да го повтори тестирањетои одма да му ги укинат решенијата за самоизлација.„Под итно да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета. Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне. Посакувам брзо закрепнување на сите мои граѓани кои во моментов се борат со болеста а на сите останати да ги почитуваме мерките и да држиме социјална дистанца“, додава Димитриевски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

petar_bogoyeski

Богојески жестоко кон Димитров и Николовски! Неодговорни политиканти ги загрозуваат македоснките национални интереси!

Новата вештачка криза во односите помеѓу Македонија и Бугарија е создадена со цел печалење на изборни поени!Не заборавајте!!! Темата бугарофили, србомани... намерно се промовира... повторно и повторно... од страна на мафијата, со цел ние да се расправаме, а тие да ни ја ограбуваат државата!Помина времето на филства и манства... сега си имаме сопствена, македонска држава и само таа треба да не интересира, напиша на својот ФБ профил лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески. Во продолжение  на својата објава Богојески додава:Никола Димитров и Александар Николоски, на исклучително ниско ниво дискутираат по темата! Обично политиканство! Притоа, ги загрозуваат македонските национални интереси, на сосема неодговорен начин!Бугарија си го покажа лицето... таа се врати кон минатото... но барем искрено ни соопшти... живковизмот е нивната официјална државна идеологија!Проблемот е во државната идеологија на Македонија, која ја немаме! Токму затоа и постои Македонски концепт, тоа е нашата амбиција, да ја промовираме новата македонска државна идеологија на 21от век!🇲🇰За некое време, по завршување на евалуацијата на “проблемот”, и консултации со европските партнери, Македонски концепт ќе излезе со конечно решение по идентитетското прашање со Бугарија!Ништо и никој нема да ја попречи нашата Македонија на европскиот пат!🇲🇰🇪🇺Најмалку домашни политиканти!Сега е време да се заштити животот и имотот на македонските граѓани! После успешно справување со оваа криза, ќе дискутираме за конечното решение!!!https://www.facebook.com/1949361315345812/photos/a.1950984378516839/2609467859335151/?type=3&theaterфото: ФБ Петар Богојески

Македонија | пред 6 години

policija-1

Почината жена пронајдена во стан во Маџир Маало

Полициски службеници пронашле почината жена и траги од крв во просторија од стан на улица Маџир Маало во Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.Ќерката на починатата жена пријавила во полиција дека нејзината мајка Л.Т.(45) од Скопје, не и` се јавувала на телефон од 17 април и се сомневала дека е почината.Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

policija-1

Мртов маж пронајден во вештачкото езеро во Струмица

Во вештачкото езеро во близина на хотел во Струмица вчера е пронајден починат 55-годишен жител на струмичкото село Куклиш.Извршен е увид од увидна екипа во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC_0036

(ВИДЕО) МВР за пронајдената марихуана, еве ги деталите ...

Министерството за внатрешни работи - Бирото за јавна безбедност, Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки  во борбата со недозволена трговија со дрога во координација и по насоки од Основно јавно обвинителство Кавадарци на 22.04.2020, во магацин  во скопската населба Бутел пронајде и одзеде 12 дрвени палети во кои биле складирани 1.240 килограми наркотична дрога- марихуана, спакувана во  повеќе полиетиленски вакумирани пакувања и полиетиленски вреќи.Во периодот од крајот на јуни 2019 година до октомври 2019 година, на  необезбедена парцела со површина од околу 30 хектари на подрачје на село Сопот, општина Кавадарци, правно лице со седиште во Скопје, со други правни субјекти, извршило засадување на индустриски коноп, без соодветна дозвола-одобрение од соодветна комисија, при што од страна на НККР Кавадарци, по добиени насоки од страна на јавен обвинител од ОЈО Кавадарци на 02.10.2019 е извршен увид и се одземени мостри за вештачење од конопот. На 14.04.2020 од страна на ОКТИВ при МВР е изготвено вештачење со кое се констатира дека засадениот коноп претставува опојна дрога –марихуана чие што одгледување е регулирано со Закон за контрола на опојни дроги. На 22.04.2020, повторно се дадени насоки од јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, со цел да се обезбеди претставникот на правното лице Н.Ј (42) од с. Жилче, општина Јагуновце, со цел да се изврши службен разговор, а марихуаната која била складирана во магацин во населба Бутел да биде одземена и да се изврши дополнително вештачење. Повторно на 22 и 23.04.2020 година се извршени дополнителни две вештачења при што произлезе дека материјалот одземен за вештачење претставува опојна дрога марихуана со вршунки, цвет, семе и присуство на ТХЦ материја, која е забранета  според Закон за контрола на опојни дроги.Против  претставникот  на правното лице и правното лице ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“ а одземената марихуана  заедно со кривичнта пријава ќе бидат доставени до ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка во текот на денешниот ден.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Над 320 илјади пензионери ќе добијат пензија една недела порано, исплатата ќе се врши етапно

Исплатата на априлските пензии почнува од утре. За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, дотолку повеќе што пензионерите како возрасна група се најранливи.Министерството за труд и социјална политика информира дека пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. И во услови на здравствено-економска криза од глобални размери,  исплатата на априлската пензија ќе почне една недела пред први мај. Над 320 илјади пензионери ќе ги имаат пензиите на своите сметки од петок, 24-ти април.Пензионерите кои користат платежна  картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од петок, 24-ти април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:- за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;- за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;- за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и- за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците. Оние кои ќе одлучат да подигнат средства, апелираме да се придржувате до распоредот за исплати, затоа што само така покажувате одговорност кон себе и кон вашите најблиски. Етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

41 нов случај на Ковид-19 во земјава, излекувани 29 пациенти

Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови:- Скопје -17- Куманово -11- Прилеп– 5- Тетово – 3- Кавадарци – 1- Гостивар -1- Крива Паланка -1- Кичево -1- Неготино -1.Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1822571701383188/2370249659948720/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Protesti

Идентификувани 23 прекршители на полицискиот час во Сингелиќ, побарани парични казни

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите се идентификувани како лица кои на 13 април околу 22 часот, за време на полицискиот час, биле затекнати групирани надвор од нивните домови во Сингелиќ. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување на заразната болест COVID-19.Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 35 евра во денарска противвредност.Во врска со настанот во Сингелиќ на 13 април, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе Предлог за издавање казнен налог против три лица, со кој побара на лицата обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија да им бидат изречени парични казни од 100 дневни глоби од по 50 евра. Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по овој предлoг, веќе изрече првостепена пресуда со која тројцата обвинети ги огласи за виновни и им ја изрече паричната казна од по 5000 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Александра Скорниева е најдена жива и здрава

Полицијата утрово ја пронајде жива и здрава 29-годишната Александра Скорниева, која вчера утро околу 8:15 минути излегла од својот дом и 24 часа од неа немаше ни трага ни глас, објави велешкиот портал Батали.Од СВР Велес ја потврдија информацијата дека Скорниева утрово е пронајдена кај мостот на браната на езерото Младост. Таа е во добра здравствена состојба и е контактибилна, со мала повреда на телото.Братучедот на Александра Скорниева, Велешанката која вчера на социјалните медиуми нејзиното семејство ја пријави како исчезната, соопшти дека неговата братучетка е пронајдена.Полицаец ја лоцирал падната во провалија, повредена е (има скршеници) но не е во животна опасност. Пронајдена е утрово околу 09:00 часот.Секоја чест за опсежната потрага на сите вклучени и особено за полицаецот кој ја пронашол. На семејството му посакуваме мирни денови, а на Александра добро здравје.Нејзиното семејство синоќа побара помош од граѓаните, бидејќи Александра не си дошла дома цел ден. Утрово потрагата заврши успешно.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

maski-1

Доколку не носите заштитни маски, казната е 20 евра

Од денес задолжително носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата. Во следните седум дена Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и Здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат ќе даваат опомени, по што ќе почнат да казнуваат.Граѓаните што ќе бидат затекнати на јавни површини без заштитна опрема како маска, марама или шал, со кои треба да го покријат лицето како превенција од ширење на ковид-19, ќе платат казна од 20 евра.  Правните лица пак што нема да обезбедат заштитна опрема на своите вработени, казната е 2 000 евра, а за одговорното лице во фирмата казната е 500 евра.Ова се предвидува со Уредбата со законска сила што ја донесе Владата, а стапува во сила денеска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kontenjeri

Во текот на минатата недела пријавени 5 огнови на отворено во Скопје

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 16.04 до 22.04.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 5 пријави од граѓаните. Од вкупниот број пријави, во еден случај пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено. Преостанатите 4 пријави од граѓаните се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите.Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

Foto-8

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со италијанскиот претседател Матарела

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со претседателот на Република Италија, Серџо Матарела.Претседателот Пендаровски, во името на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, упати сочувство до претседателот Матарела и граѓаните на Република Италија за големиот број починати лица и изрази солидарност со државата, која е меѓу најтешко погодените од пандемијата на КОВИД-19.Двајцата претседатели разменија информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од пандемијата.Претседателот Пендаровски го запозна претседателот Матарела со мерките и активностите што државните власти ги преземаат во справувањето со кризата.Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски посочи на неопходноста од сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните.Претседателот Пендаровски изрази уверување дека преку меѓусебна солидарност и соработка, европските држави  ќе успеаат да ги надминат последиците предизвикани од ширењето на КОВИД-19.Претседателот Матарела упати честитки по повод членството на Република Северна Македонија во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски во телефонскиот разговорот се заблагодари за конзистентната поддршка од Италија за европските и евроатлантските аспирации на Северна Македонија.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Во овој благословен месец, муслиманските верници покрај дневните молитви, ја извршуваат и обврската на постот

Честитка на претседателот на СДСМ Зоран Заев до припадниците на исламската вероисповед по повод почеток на светиот месец Рамазан. Во честитката од Заев се вели:Почитувани граѓани, ценети верници од исламската вероисповед,Се наоѓаме во пресрет на светиот месец Рамазан кој освен што е еден од петте исламски столбови, истовремено го означува и почетокот на објавата на светата книга Коранот. Книга која што се почитува и практикува вековито од верниците на Исламската вероисповед.Во овој благословен месец, муслиманските верници покрај дневните молитви, ја извршуваат и обврската на постот. Им посакувам на сите нив и нивните семејства лесен пост, да имаат мир, спокојство, разбирање, милост, трпение, почит, хуманост и взаемна помош.Минуваме низ период кога глобалната пандемија на коронавирусот го зафати светот, а мерките за заштита на здравјето на граѓаните доведе до затварање на вераските објекти, џамиите и другите места за молитви. Тоа сигурно нема да ги спречи верниците да ги обавуваат молитвите и верските обреди покрај нивните семејства и домови. Секогаш имајќи го предвид фактот дека грижата во зачувувањето на јавното здравје не е само медицинска туку  заедничка цел.Молејќи го Господ за вашето здравје и посакувајќи ви лесен и прифатлив пост, заеднички да придонесеме во нашата земја да има радост, меѓучовечка толеранција и хармонија, се вели во честитката од Зоран Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pozar-4

Пожар зафатил две куќи во Скопје, повредено едно лице - скокнала од кат од куќа

На 22.04.2020 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ настанал пожар во кој биле зафатени две куќи, сопственост на Ј.Б.(44) и И.И.(45). Во пожарот Ј.Б. се здобила со повреди, откако скокнала од кат од куќа, по што била пренесена во Градската општаболница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран и извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на состанок со директорот на Одделот за Европа во ММФ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) обезбеди значајна поддршка преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра, а и натаму во рамки на можностите ќе дава поддршка за што посоодветно да се одговори на предизвиците и што побрзо да дојде до опоравување на македонската економија. Економските фундаменти се здрави, а преземените мерки се соодветни и ќе придонесат економијата да се справи со шокот од пандемијата на ковид-19.Ова се дел од пораките од состанокот на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, со директорот за Одделот за Европа во ММФ, Пол Томсен, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат електронски.Како што беше истакнато на состанокот, состојбата со коронавирусот, оваа година ќе резултира со пад на активноста на сите економии во глобални рамки. Тоа веќе јасно го покажуваат и проекциите на ММФ. Но падот на македонската економија и воопшто на економиите во развој ќе биде помал во споредба со она што се очекува кај развиените економии. Ако во глобални рамки, корона-кризата стивне до средината на годинава, веќе следната година ќе има опоравување на македонската економија и забрзување на нејзиниот раст.          Во текот на вчерашниот ден, гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Ангеловска, учествуваа и на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светската банка во којашто членува нашата земја. Дискусијата беше фокусирана на предизвиците со коишто се соочуваат земјите од Конституенцата, при што посебен акцент беше ставен на нашиот регион.ММФ и во следниот период ќе ги следи случувањата во македонската економија и ќе биде во постојана комуникација со Народната банка и Министерството за финансии. фото: Народна банка 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на патиштата во земјава се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

droga

(ВИДЕО) Специјалци го чуваат магацинот со 1,2 тони марихуана во Бутел

Специјалци и повеќе полициски екипи вршат увид во магацинот во Бутел, каде синоќа беа запленета 1,2 тона марихуана, дознава 24 Инфо.Како што предмалку информираше директорот на Бирото за јавна безбедност, Саше Тасевски во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двеста и четириесет килограми наркотична дрога марихуана.фото: 24 ИНФО

Македонија | пред 6 години

maska

Од денес задолжително носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата

За заштита од коронавирусот на населението од денес за сите граѓани започнува да важи уредбата на Владата за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.Уредбата за задолжително носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата се донесува заедно со уредбата за намалување на ограничувањето на мерките и е клучна во превенцијата од ширењето на вирусот. За личната и колективна заштита може да се користи маска или прекривка на устата и на носот кои целосно ги покриваат устата и носот.  Почитувањето на оваа мерка од страна на сите граѓани, на цела територија на Република Северна Македонија е исклучително важно заради заштита на сопственото здравје, здравјето на своите најблиски и колективното здравје, зошто само со заштита може да се спречи  значајното зголемување на бројот на ново дијагностицирани пациенти.Носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата не е задолжително при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри.Носењето на на заштитна опрема за покривање на носот и устата мора да биде проследено со зголемена хигиена на раце и граѓаните мора да се многу внимателни како се става, а како се вади прекривката како се манипулира заради тоа што и нечисти раце во надворешна средина при манипулацијата може да предизвикаат инфекција. Важно е редовно да се одржува хигиена на прекривката на носот и устата, односно да се пере и пегла прекривката за повеќекратна употреба по секое носење, а маските за еднократна употреба да се отстрануваат правилно во затворени кеси во отпад.Министерството за здравство апелира до сите граѓани целосно и без искулчок да ја почитуваат мерката за носење на на заштитна опрема за покривање на носот и устата, задолжително често и темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштитата на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е на секој граѓанин. Благодариме што ги почитувате мерките.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-1

МВР: 66 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (22/23.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 66 лица не ја почитувале забраната за движење,  при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Beti

Сопругата на претседателот Пендаровски ќе раскажува приказни за деца заедно со „5 Плус Фамилија“

Приказните за Марија Кири, Ана Павлова, Малала Јусафзаи, како и за други познати и непознати херои и хероини и инспиративни личности ќе бидат дел од најновата заедничка иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата, соопшти Кабинетот на претседателот на државата.Преку проектот „Раскажуваме заедно“ децата од предучилишна и училишна возраст ќе слушнат приказни за развојот и успехот на поединци кои низ историјата, секој во своето време и во областа во којашто работеле, оставиле силна трага.Со појавата и ширењето на епидемијата на вирусот ковид-19 се смени реалноста во којашто децата и младите учат и го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, преку оваа иницијатива на децата ќе им се понудат нови едукативни содржини. Целта на #РаскажувамеЗаедно е да го привлече и задржи вниманието на учениците и да стекнат нови знаења. Приказните од #РаскажувамеЗаедно ќе се емитуваат на јавниот сервис и на сите дигитални платформи на 5 Плус Фамилијата (Facebook, YouTube и Instagram)Покрај г-ѓа Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности од земјава. Сите тие ќе ги раскажат своите омилени, или пак ќе ги споделат приказните за личностите коишто нив ги инспирирале да не се откажуваат од своите соништа и да бидат истрајни до исполнување на зацртаната цел.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања