Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

petar_bogoyeski

Богојески: Државата и приватникот може да бидат ортаци -Тоа во нашите проекти можете да го забележите кај проектот „Партнерство со младите“

Петар Богојески промотор на „Македонски концепт“ за Kapita.mkТајната е во претприемништвото. Човекот има основен мотив да создава, само доколку ја знае наградата за себе си. Спој помеѓу факторот кој ги создава најуспешните менаџери во бизнисот и јавните овластувања, ќе го даде крајниот лек. Јавни овластувања кај приватниот сектор и претприемништво кај државните службеници. Само приватниот сектор може да понуди квалитетни услуги. Вклучително и оние од јавен карактер. Да преземе „институционални обврски“. Тука лежи зајакот. Тоа е иновативна област, ново решение, кое до сега не било понудено.Десничарски реформатор или концептуален реставратор? Платформски активист или политички авантурист? Наутро салонски политичар во костум, навечер разгоропаден комита со кубура. Многу контроверзии во ликот или поливалентност во демонстрираниот карактер? Се движи во двете крајности, но едно е сигурно, не остава простор за рамнодушност, додава доза на неопходна свежина во домашното политичко милје. Кој во суштина е Пeтар Богојески?-Да почнеме со ова прашање г. Богојески, како да ве доживуваме на македонската политичка сцена?Концептуален реформатор. Пред се’ граѓанин на Републиката, со либерално конзервативен светоглед. Убеден републиканец, заљубен во слободата. Вистинита е констатацијата дека знам како со највисоки дипломати и државници, а во исто време комита со народот, пред кооперација. Затоа што тие средби во костум ги правам само и само за доброто на тој народ. За доброто на генерациите кои доаѓаат. Зошто да бидам изложен на таков стрес, при тие „костумосани средби“? Немам друга причина. Многу поважна е амбицијата за професионален политичар, кој не е во политиката за печалба или на дополнителен работен ангажман, за време на одложена, друга примарна професија. Јас имам прекрасен живот и без политика. Имам искуство и во бизнисот. Политиката само како шанса, да промениме некои работи за кои сметаме дека се ненормални. Да донесеме нормалност, а не да бидеме празни воденици со години во парламент. Од тука таа јасна намера, никако за волунтаризам, туку за професионален политички ангажман.-Од „пиарџиска“ гледна точка, добро е кога те критикуваат и едните и другите политички конкуренти, во стилот “Види го ти сега Бунтур, ќе мешал карти?!”. Но, малкумина знаат дека зад политичкиот про-активизам има реална образовна основа и административна експертиза. Вие сте докторанд на УКИМ и долгогодишен државен службеник во неколку државни институции. Дали е тоа основата на којашто сметате дека сте квалификуван да креирате решенија?Врвот на административната кариера го постигнав на релативно млади години. Во тој поглед сум целосно реализиран. Започнав како помлад референт, а денес сум државен советник, највисоката професионална административна позиција. При тоа, не бев унапреден од референт на највисока позиција, туку низ годините ги поминав сите скалила за унапредување. Стекнав работно искуство во повеќе институции, а се соочив и со „болеста“ на нашата администрација. Во судирот помеѓу личните и професионални принципи, во кои верувам, и интересите на „големците“, искусив и политичко шиканирање и отказ од едно работно место, потоа лична одлука да дадам оставка од друго работно место, промена на трето работно место, поради судир со „владетелот“, остварен конфликт со ликови за кои имав констатиран криминал и сл. Сето тоа е животна борба и не се жалам. Едноставно така мора во животот. Но, јас сум истраен и одлучен и секогаш одам до крај. Без откажување.Токму сето она преживеано низ административната кариера, ми беше мотив, покрај пасијата со политика и ПР, покрај работата на докторат во областа на политиката, да се зафатам со дополнително работење на докторат на УКИМ, во областа на економијата, поточно јавното претприемништво. Преку опсежни теоретски, компаративни, хронолошки и други анализи, да направам научни согледувања за македонскиот јавен сектор и да понудам решенија за имплементирање на јавното претприемништво во нашата држава, со развивање идеи за иновации од јавен интерес и надополнување на приватното претприемништво, кое е столб на нашата државност. Ова ќе биде воедно и иновативно решение, преку апликативен модел, за најголемиот проблем за нашата Република, а тоа е администрацијата. Тој проблем го кочи бизнисот, го спречува развојот, ги прави слаби институциите, го отежнува животот на сите граѓани. Тоа е за мене новиот предизвик. Поради тоа барам простор во политиката. Само преку политиката, она што го работам на научна основа, ќе бидам во можност да го имплементирам, да дадам придонес за мојата држава. Така, преку личен пример, ќе покажам како може да се живее во склад со она за што се образуваме, во кое веруваме и треба да го практикуваме. Верувам дека токму ова е државен патриотизам. Токму изградбата на силни државни институции, кои се сервис за граѓаните и бизнисот, а не нивни мачители, за мене е патриотска должност.Богоевски вели: Државата и приватникот може да бидат ортаци!-Државата и приватникот може да бидат ортаци. Тоа во нашите проекти можете да го забележите кај проектот „Партнерство со младите“, каде државата е ортак на младите претприемачи. Покасно се повлекува од бизнисот, а тој останува на грбот на веќе искусниот млад претприемач. Најмногу зборуваме за јавни овластувања на приватниот сектор. Буквално суштински јавни сектори да ги преземе приватниот сектор. Најголема пречка е менталитетот кај граѓаните, вели Богојески за Капитал.мк.Текстот во целост на: Kapita.mk

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Џафери: Немам право, ниту мандат, да ја поништам одлуката на Собранието за распуштање

Претседателот на парламентот вели за „360 степени“ дека само неформално бил информиран за намерите на СДСМ да соберат најмалку 20 пратенички потписи за свикување седница, но дека досега не добил официјален предлогКако претседател на парламентот немам право, ниту мандат, со индивидуален акт, односно со решение за свикување седница, да ја поништам одлуката на Собранието за распуштање, вели спикерот Талат Џафери во изјава за „360 степени“, коментирајќи ја иницијативата на СДСМ за свикување на законодавниот дом.„Јас сум свесен за ситуацијата и не сум неодговорен, ама како претставник на институција сум обврзан да ги почитувам Уставот, законите и прописите. Ако не постапувам така, правам кривично дело, а зошто би го правел тоа“ истакна Џафери за „360 степени“.Текстот во целост на: „360 степени“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

hotel

Прилепчанец на „Фејсбук“ повикувал да се запалат и убијат лицата дојдени од странство и сместени во државен карантин

Битолската полиција по спроведените опсежни истражни мерки откри дека по сместувањето на повратниицте од Малта во хотелот „Трудбеник“ кој работи во составот на Епинал, во Битола, четириесет и двегодишен прилепчанец на својот Фејсбук профил повикувал лицата, донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.„Пријавениот на 28.3.2020 во 6:51 часот, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени“, – се наведува во соопштението на МВР.СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф., поради „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-2

Скопското обвинителство предложи парични казни за 19 прекршители на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за определување казнени налози против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за тоа.Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за обвинетите за изрече парични казни од 100 днбевни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

kumanovo-1

Кумановското обвинителство обвини десет лица за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1000 евра во денарска потиввредност,  за девет лица, жители на Куманово и за едно лице, жител на Крива Паланка. Тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово и Крива Паланка. ​​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

Oздравени се 48 пациенти, потврдени 28 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:       Скопје – 422       Куманово - 342       Дебар – 51       Штип-34       Прилеп –126       Тетово – 62       Струга – 55       Велес – 62       Битола –17       Охрид –15       Кавадарци - 4       Гостивар –13       Гевгелија – 4       Струмица – 2       Крива Паланка-4       Радовиш - 4       Крушево – 3       Кочани – 28       Пробиштип – 2       Кичево – 2       Неготино -2       Демир Хисар – 1       Македонски Брод -2       Пехчево- 1       Валандово -1Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141  и Систина со PCR метода  -31.  Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Пратеници на СДСМ собираат потписи за свикување седница на Собранието

Точно е дека СДСМ, дека пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија собираме потписи за  свикување на седница на Собранието.Секако станува збор за иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието господинот Талат Џафери, истакна портпарол на СДСМ Костадин Костадинов одговарајќи на новинарско прашање.Костадинов додаде: Ставот на нашата пратеничка група е дека Собранието во една таква ситуација треба да биде ставено во функција . Секако сметаме дека за тоа се пропишани и сме во согласност со Уставот на државата, и затоа од таа причина сметаме дека треба да направиме уште еден обид во тој дел.Добро е да се свика Собранието имајќи го во предвид времетраењето на оваа здравствена криза но секако и потврдувањето на одлуките на Претседателот на државата.Би сакал да одговорам затоа што беше поставено во прашањата, дека оваа иницијатива е единствено и води единствено во таа функција.Сите шпекулации за наводен обид на нашата пратеничка група за тргнување на претседателот на Собранието, Талат Џафери секако дека ги отфрламе.Секако правиме консултации и со пратеници од  други пратенички групи со кои го делиме истото мислење и денеска или во текот на утрешниот ден иницијативата ќе биде доставена до претседателот на Собранието, истакна портпарол на СДСМ Костадин Костадинов.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки, професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за медиумските реформи

Трета години по ред, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите во извештајот на Репортери без граници.  Спроведените реформи, демократското владеење, почитувањето на човековите права и слободи, придонесоа за напредок на нашата држава во однос на слободата на медиумите, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Денес, за разлика од 2016 година и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, имаме подобрување од 19 места на листата на Репортери без граници.Но на ова поле, пред нас се уште има предизвици и затоа треба да се продолжи со реформите и со постојано унапредување на медиумските слободи.Во извештајите на Репортери без граници како проблем редовно се издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ.Потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја.Затоа е важно оваа институција да се професионализира и да се дешартизира.Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.ВМРО-ДПМНЕ е против реформите во медиумите, против силни незавинси и професионални институции.За да се надмине ова, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ.Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата.Без разлика дали тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, реформите мора да продолжат во интерес и на државата, на граѓаните, но и на медиумите, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

1-1

Д-р Елена Зафировиќ: Да изградиме систем врз база на професионализам, стручност и посветеност на секој поединец

Докажан професионалец во сферата на здравството, со повеќе од 13 годишно искуство во работа со пациенти, Д-р Зафировиќ е специјалист по абдоминална хирургија во УКХБ “Св.Наум Охридски” – Скопје со завршена супспецијализација по трансплантациона хирургија во Кембриџ , В.Британија. Има изградено професионално реноме во повеќе домашни и меѓународни институции.Меѓудругото таа е член на “Доктори без граници” и “Човештвото на прво место”и активно учествува во хуманитарни мисии во Африка.Интервју со: Д-р Елена Зафировиќ, кандидат на листа на пратеници  во ИЕ1ДА ИЗГРАДИМЕ СИСТЕМ ВРЗ БАЗА НА ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, СТРУЧНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ НА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦПолитика: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски концепт?Д-р Елена Зафировиќ: Македонски Концепт е единствената опција кадешто обичниот граѓанин може слободно да зборува за проблемите со кои се соочува секојдневно,и кадешто кон предлозите од страна на обичниот граѓанин за решенија за проблемите со кои сите се соочуваме се гледа со отворен пристап, без разлика на тоа од која сфера и поле на делување тие доаѓаат. Накратко, Македонски концепт е една граѓанска опција која на прво место ја става благосостојбата на секој од нас поединечно и на сите нас заедно.Политика: Дали е ова Ваш прв политички ангажман? Што е тоа што е различно во контекст на оваа Ваша одлука?Д-р Елена Зафировиќ: Да. Досега не сум била припадник на ниту една политичка опција, ниту пак сум имала некакви политички аспирации. Верувам во различноста на пристапот на Македонски концепт и во искреноста да се направи промена во државата, промена која е насочена кон поставувањето на нови темели, нови вредности на кои ќе почива  подобра иднина.Политика: Според Вас, што е пресудно за подобра иднина на државата?Д-р Елена Зафировиќ: Воведување на системски реформи и нормална функционалност на сите сфери на делувањето на државата и на институциите. Тоа значи изградба на функционален систем, отпорен на грешките на поединците, независен од политиката и структуриран врз основа на професионализам, стручност и посветеност. Овие три атрибути се клучни во архитектурата на секој систем којшто шретендира да биде функционален. Проблемот во нашиот систем е што овие вредности се контаминирани.Политика: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?Д-р Елена Зафировиќ: Деполитизација и декриминализација на општеството во целина. Во последниве 30 години политичките партии взаемно си ги простуваат и си ги предаваат криминалите едни на други. И, наместо да го спречуваат, тие го надградуваат таквиот систем кој вешто го кријат зад флоскулите на „нова и силна правна држава“ или „здрави институции“. Овој таканаречен процес, оваа “чадна завеса” мора да престане еднаш и засекогаш, а со тоа, и да се постават вистински темели на една нормална и функционална држава.Политика: Која компонента од она што го нуди Македонски концепт за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?Д-р Елена Зафировиќ: Професионалци и индивидуалци со различен карактер, лична и професионална позадина, кои имаат заедничка идеја за слободно искажување на своите ставови. Концепт кој подразбира проекти наместо пароли и демагогија, во насока на одговор на предизвиците со кои оваа наша држава се соочува и ќе се соочува во иднина.Политика: Како вие лично ќе придонесете кон промените коишто ги предлага Македонски Концепт?Моето поле на делување е здравството. Здравствениот систем има најголема потреба од промени во сите сфери ,почнувајќи од начинот на кој се едуцираат идните здравствени работници и се  евалуира нивната подготвеност за работа со пациенти па се до начинот на кој тие се вработуваат и унапредуваат во текот на кариерата. Изразувам лична подготвеност, сите свои професионални капацитети и искуство од работа во различни здравствени системи  да ги насочам кон решавањето на проблемите во здравството.Јас имам познавање од прва рака за проблемите на здравствениот систем на сите нивоа затоа што во текот на мојата кариера поминав пат од матичен лекар ,преку приватна специјализација до работа во приватна клиника и на крај работа во универзитетска институција.Проблемите во здравството не се нерешливи само треба да постои подготвеност да се направат радикални промени ,односно храброст да се пресечеПолитика: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?Д-р Елена Зафировиќ: Департизација, професионалност, чесност, искреност, всадување на европски вредности кај младите и отворање можности за нивен развој и професионална надградба во границите токму на оваа земја. Само преку искрени, суштински и транспаренти проекти, би се створиле можности за инклузија на секоја социјална група или категорија, да даде свој придонес во нормалното функционирање на системот и на нацијата.Политика: Протежирате проекти, наспроти големи зборови?Д-р Елена Зафировиќ: Преку проектите најдобро се истакнува креативноста, индивидуализмот и професионализмот. Исто така, тоа е начин директно да се допре до граѓаните, до нивните проблеми и идеи, а со тоа да се изнајде прифатливо и функционално решение за секој предизвик.Политика: Опишете ја Македонија за пет години од сега.Д-р Елена Зафировиќ: Нормална Држава со која сопствениот народ, особено младите ќе се гордеат. Држава со многу предизвици пред себе, но и со реална надеж и можности за остварување на  зацртаните цели и стратегии на политички, економски и на социјален план.ФОТО: Македонски Концептизвор: Politika.com.mk

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_418769

Мисајловски: Покачувањето на акцизата за горива покажува дека имаме работа со арамиска влада

Покачувањето на акцизата за горива покажува дека имаме работа со арамиска влада, и со неспособност да се менаџира со економската криза. Секаде во светот Владите даваат на народот помош, само владата на Спасовски и Заев земаат од народот. Само со зголемување на акцизата за горива, на секое просечно семејство владата им одзема една просечна плата од нивниот семеен годишен буџет, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Освен тоа зад зголемување на акцизата стојат и поедини бизнис интереси. Постои отворен сомнеж дека лица блиски до власта прават малверзации со екстра лесното гориво.Податоците говорат дека скоро 9 милиони евра изнесува профитот кој се остварува со злоупотреба на продажбата на екстра лесното гориво во Македонија. Имено државата има потреба од 5 милиони литри екстра лесно гориво, а се увезува 55 милиони литри. Каде завршуваат останатите 50 милиони!? Односно близу 9 милиони евра!? Сума која се добива откако 50 милиони литри ќе се помножи со 11 денари, колку што изнесува заработувачката од екстра лесното гориво.Прашање на кое треба да се одговори додека се зема пари од народот со зголемената акциза кој од врвот на власта со кого дели 9 милиони евра!?Очигледно некој за време на криза книжи дебели профити.Наместо како држава да го стимулираме падот на цената, што ќе допринесе до заживување на економијата и земјоделието, владата на СДСМ уште толку го отежнува нормалното функционирање на граѓаните и економијата.Бараме итно повлекување на штетната и профитерска одлука на Владата за зголемување на акцизата за горива. Владата не треба да го ограбува народот туку да го штити неговиот стандард.СДСМ мора да сфати дека се во влада само заради народот, а не за интересот на неколку поединци, кои се богатат на неговиот грб. Влегуваме во период полош и потежок од тој на криминалната транзиција. Сега Македонија ја доживува втората транзиција каде малкумина се богатат и екстермно ќе се збогатат на грбот на се посиромашните граѓани, истакна истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

vakcina

МЗ: Успешно се справивме со епидемијата од морбили - со МРП вакцина се вакцинираа 49 илјади граѓани

Европската недела на имунизација (EIW) ја промовира основната порака - имунизацијата е неопходна за да се спречат болести и да се заштити животот.Вакцинацијата е признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот. Вакцинацијата спасува милиони луѓе од болести, инвалидитети и смрт секоја година. Достапни се ефективни и безбедни вакцини, кои штитат од голем број сериозни заболувања, а се развиваат и многу нови ветувачки вакцини.Вакцинацијата создава отпорност на организмот кон заболувањата, го спречува ризикот од заболување и ја спречува смртноста од заболувањето. Таа спречува инвалидитет и други последици, допринесува до колективен имунитет, но исто така спречува и појава на епидемии од заразни болести. Ги намалува трошоците за лекување, како и трошоците за боледување, но најважно од се обезбедува здраво поколение.Континуирано превземаме бројни активности за унапредување на веќе успешниот систем за имунизација во државата спроведуван од страна на службите за имунизација во Здравствените домови. Навремено обезбедуваме вакцини од светски реномирани производители, кои задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет. Тие се регистрирани во државата, преквалификувани од Светската здравствена организација (СЗО) со што дополнително се гарантира дека вакцините што се користат се безбедни и ефикасни и за истите задолжително се обезбедува Сертификат за квалитет издаден од производителот и Сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот од ОЦМЛ мрежата.Со строго придржување кон принципите за одржување и контрола на студениот синџир на сите нивоа - при набавката, транспортот, чувањето и ракувањето со вакцините и со максимална посветеност на здравствените работници кои ја спроведуваат имунизацијата, се стремиме кон остварување на основаната целта, односно постигнување на опфат над 95% на национално и регионално, и над 90% на локално ниво со сите вакцини.Согласно преораките на СЗО, Министерството за здравство во 2019 година, во Календарот за задолжителна имунизација воведе две нови вакцини, вакцина против инфеции предизвикани од ротавируси и против инфекции предизвикани од Streptococcus pneumoniae.Вакцинацијата против рота вируси ги заштитува децата од тешки дијареи предизвикани од овие причинители, пропратени со многу висока температура и дехидратација, како и од комликациите предизвикани од истите.Вакцинацијата против стрептококус пнеумоние ги заштитува децата од заболувања предизвикани од овој причинител, односно инфекции на увото, синусите, воспаление на белите дробови но и тешки компликации како воспаление на мозочните обвивки (менингитис).Со осовременувањето на Календарот за имунизација, рамо до рамо со европските земји, обезбедивме заштита од вкупно 12 заразни болести. Реализирани се неколку едукации и обуки за здравствените работници во соработка со СЗО и УНИЦЕФ.Во однос на актуелната ситуација со новиот Корона вирус и континуираното и тековно спроведување на имунизацијата, уште на самиот почеток, Комисијата за заразни болести и Комитетот за Имунизација донесе препорака дека вакцинацијата треба/мора да се спроведува континуирано, согласно Календарот за имунизација. Оваа препорака се однесува особено на новороденчиња и деца од предучилишна возраст. Секако, согласно препораките да не се групира населението, со цел да се избегне истовремено присуство на голем број лица, во рамките на секој здравствен дом е направена проценка и распоред на вакцинацијата, односно истата спроведува во здравствените домови со претходна покана на децата и со закажани термини.Минатата година успешно се справивме со епидемијата на мали сипаници, во која од појавата на првите случаи на крајот од 2018 година и одјавата на крајот од 2019 година, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесуваше 1.901 случај и за жал 4 смртни случаи. Со преземањето на интензивните мерки со цел заштита на населението од епидемијата, од почетокот до одјавувањето на истата, вкупно се вакцинираа 49.332.Во 21 век, секое дете има право да живее ослободено од болести што можат да се спречат од вакцинирање, но овие болести сè уште претставуваат значителни закани во Европскиот регион. Како резултат на тоа, зајакнувањето на имунизацијата останува клучна активност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

korona-1

„Best Way Investment“ донира најнови корона тестови за македонското здравство од светски познатиот „Abott“

Во време кога нашата земја и светот се наоѓаат пред најголемиот здравствен предизвик во поновата историја – пандемијата со корона вирусот и болеста „Ковид-19“, Best Way Investment како општествено-одговорна компанија обезбеди 5.300 тестови за утврдување на Ковид-19, во вкупна парична вредност од 3.095.730 денари (50 000 евра) за потребите на Министерството за здравство. Tестовите се производство на Aмериканската компанија Abbott Molecular inc која е еден од пионерите на тоа поле во светот и се сметаат за чекор напред на свестката наука во борбата со коронавирусот.Со овие тестови се очекува пресврт во битката со корона вирусот, и преку нив може да се идентификуваат лицата кои стекнале имунитет на Ковид 19 и кои можат што поскоро да им се вратат на работните обврски со цел да спречат продлабочување на економската криза. Тестовите на Abbott Molecular исто така го идентификуваат присуството на корона вирусот со 100 % сензитивност на луѓето кои се заразени, како и на оние кои биле заразени, а кои имале благи или пак воопшто немале симптоми. Овие тестови се новитет, најнапреди и се први кои пристигнуваат во нашата држава. До сега Америка, Англија, Израел и други земји порачаа повеќе од 30 мил парчиња од овој тест.Во согласност со водечкото начело на брендот - „Создаваме трајни вредности“, преку овој потег Best Way Investment упатува порака дека не постои повисока вредност од здравјето и животот на граѓаните. Обезбедувајќи ги средствата за тестови со кои навремено ќе бидат детектирани потенцијални нови случаи на заразени со „Ковид-19“, го вградуваме и нашиот придонес во обезбедувањето и зачувувањето на јавното здравје, како на граѓаните, така и на здравствените работници кои се најизложени на вирусот.Преку низата мерки и активности што ги преземавме како компанија, првенствено кон здравствената заштита на нашите вработени од самиот почеток на кризата, опсегот на совесното корпоративно работење сега го прошируваме на општествен терен. Длабоко сме убедени дека само со заеднички напори, колективна одговорност и бескомпромисна поддршка за здравствените институции, можеме да се избориме со овој сериозен здравствен предизвик што ни го донесе „Ковид-19“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Што може да ги врати пратениците во собраниските клупи? Уставот дава можност Собранието повторно да се состане

Според член 63 став 4 од Уставот, „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“.Пратеници на СДСМ собираат потписи за да обезбедат можност претседателот на Собранието, Талат Џафери, повторно да го свика распуштениот парламент. Се повикуваат на членот 67 од собранискиот Деловник, според кој, „претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и на најмалку 20 пратеници". Мотивите да побараат состанување на парламентот биле со цел да се обезбеди контрола врз одлуките на техничката влада, бидејќи без функционирање на парламентот сега нема кој да ги ратификува договорите за заеми што ги бара Владата за справување со економските последици од кризата, објави dw.com.Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС), на 15-ти април, еден ден пред шефот на државата да ја донесе втората Одлука за прогласување вонредна состојба, укажа дека Собранието мора повторно да се состане за да констатира дали постојат услови за вонредна состојба, бидејќи таа одлука мора да ја донесе законодавното тело кое го претставува суверенитетот на граѓаните. Притоа од ИДСЦС укажаа на единствениот услов според кој Собранието може повторно да заседава, пишува dw.com.„Според Одлука на Уставниот суд број 104 од 2016 година утврдено е дека пратениците не можат повторно да заседаваат по одлуката за самораспуштање, освен во услови на воена или вонредна состојба", потсетија од Институтот за демократија.„Исполнет е единствениот услов според кој Собранието може повторно да заседава во случај кога претходно се самораспуштило. Според собранискиот деловник седница може да свика Претседателот на Собранието, или тоа да го побараат 20 пратеници, Владата или Претседателот на Републиката. Во услови на физичко дистанцирање и забрана за собирање во групи, Собранието може да заседава и онлајн, што е практика воспоставена од законодавните домови во многу европски и светски држави“, укажаа од Институтот за демократија.Текстот во целост на: dw.com

Македонија | пред 6 години

21032020_VRSM_21_sednica_na_Vlada1

Владата останува отворена за секој конструктивен предлог кој доаѓа од професионалните и одговорни медиумски организации

Владата на Република Северна Македонија уште на почетокот на здравствената криза со коронавирусот, препозна дека една од повеќето важни задачи што претстојат е навременото, постојано и веродостојно информирање, а со цел заштита на јавното здравје и здравјето на секој граѓанин во земјата.Централна алатка на таа стратегија беа и останаа дневните прес-конференции на официјалните институции, кои во зависност од динамиката и развојот на кризата се реализираат најмалку еднаш дневно. На прес-конференциите главен фокус имаат информациите кои доаѓаат од Министерството за здравство, согласно типот на кризата, а често се организираат мултиресорни прес-конференции или прес-конференции на други министерства кои навремено известуваат за сите важни и сервисни информации за потребите на граѓаните. Пристапот на медиумите до сите прес-конференции на Владата е непречен преку различни комуникациски канали (видео врска, емајл, телефон, чет апликации и слично).Овие принципи на комуникацијата на Владата со медиумите одеа во прилог на препораките на Здружението на новинарите на Македонија и на Европската федерација на новинари (ЕФН), медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за коронавирусот и КОВИД-19, да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника во јавноста и да отстапат простор на експертите кои се квалификувани да известуваат и коментираат за ваквите чувствителни прашања.Во истата насока би сакале да се заблагодариме на ЗНМ, за заложбите и посветената работа за точно информирање од страна на медиумите и апелите кон медиумите за воздржување од сензационализам и дезинформирање, односно придржување до Етичкиот кодекс при известување за пандемијата.Владата ја прифати како апсолутно соодветна и препораката „граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат за овие теми и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми“ (ЗНМ: Новинарите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста, 10 март 2020 година).Како што пандемијата започна да постигнува интензитет, така се зачестија барањата на акредитираните новинари што известуваат за настаните во организација на Владата, како и на нивните редакции, за обезбедување услови за заштита на новинарите во извршувањето на нивната работа. Овие барања се совпаднаа со ограничувањата на Владата за физичко групирање па многу бргу беше обезбедена алатката за онлајн видео прес-конференции за што беше распишан повик за акредитација за да се обезбеди можноста за онлајн видео вклучување на прес-конференциите во Владата, за време на вонредната состојба. Онлајн видео прес-конференциите беа поздравени од повеќето медиуми, имајќи предвид дека со нив се обезбеди двонасочна комуникација без да има потреба од физичко групирање на медиумските работници.Можноста за вклучување во живо на онлајн прес-конференции, како и можноста за обезбедување дозволи за движење за време на полициски час, Владата мораше да ја обезбеди согласно постоечки професионални и независни критериуми. Владата за таа цел се водеше според сите постоечки регистри на медиуми во земјата, без оглед дали доаѓаат од регулаторното тело АВМУ или се саморегулирачки како тој на ЗНМ/СЕММ. Во време на вонредна состојба, кога граѓаните се потпираат на информациите од медиумите за да го заштитат сопственото здравје, Владата мора да го штити јавниот интерес и професионалното известување, а нема подобар начин да се следат критериуми и стандарди, од тоа да се земат предвид постоечките регистри на професионални медиуми, кои секако не ги креира Владата.Онлајн прес-конференциите на Владата беа и остануваат на македонски и албански јазик, а во голема мера се запазуваат и толкувачите на знаковниот јазик за лицата со попреченост.Дополнително, воведена е пракса за секоја прес-конференција медиумите да можат да испратат на емајл или на другите канали прашања кои говорниците редовно ги земаат предвид и ги одговараат. Во Владата секој ден пристигнуваат прашања од медиумите кои веднаш или во оптимално време се одговараат и се адресираат до новинарите или редакциите што ги испратиле. Прашање и одговор преку е-пошта може да добие секој новинар, без разлика дали доаѓа од медиум кој се наоѓа во постоечките регистри или не.Уважувајќи ги предлози на ЗНМ за дополнително унапредување на двонасочната комуникација меѓу владините претставници и претставниците на медиумите, информираме дека не постојат пречки на новинарите кои учествуваат во онлајн видео конференциите да им се овозможи да постават дополнително потпрашање, доколку со одговорот не добиле целосна информација и оваа можност веќе станува пракса.Во насока на транспарентно и точно информирање, сакаме да нагласиме дека прес-конференциите кои речиси секојдневно се одржуваат во Владата не се и никогаш нема да бидат заменети со снимани емисии. Информативните прес-видеосесии имаа за цел да обезбедат дополнително информирање на граѓаните, при што на истите се одговараа и собрани прашања од граѓани кои стигаат до прес службите во Владата, а за кои немало можност да бидат адресирани со прес-конференциите. Последните две прес-видеосесии, вклучително и посочената „КОВИД-19 – Прашања и одговори: Сè за коронавирусот" се реализираа во живо, не беа снимени и беше овозможено и реализирано вклучување на сите заинтересирани медиуми, при што новинарите им поставуваа прашања на претставниците на медиумите и добиваа одговори.Уверуваме дека Владата ќе продолжи да ја унапредува двонасочната комуникација со медиумите, што е еден од примарните владини комуникациски принципи, преку секојдневно организирање прес-конференции, прес-видеосесии и друг тип на прес настани во живо на кои медиумите ќе имаат можност непречено да поставуваат прашања, да добиваат одговори од институциите и да поставуваат потпрашања доколку за тоа имаат потреба.Во врска со прес-конференцијата организирана во Куманово при посетата на владините претставници на Општинскиот кризен штаб, информираме дека Владата нема пракса и не се појавува во улога на организатор на прес настани кои се одржуваат во локалните самоуправи. Како и при секоја друга посета на општина, така и овој пат, Владата даде препораки и насоки за реализацијата на прес-конференцијата, го најави учеството на владините претстатвници на прес-конференцијата, но не беше организатор на истата. Прес службата на Владата беше во комуникација со општинските служби кои ја утврдија локацијата за одржување на прес-конференцијата. Во однос на препораки беше препорачано да се изврши дезинфекција на цел простор и говорницата, поставување на микрофони на говорница, замолување на камерманите да се позиционираат на безбедно растојание и сите да носат заштитна опрема. Од нашиот увид на терен, општинските служби имаа преземено активности за запазување на дадените инструкции.Со цел натамошно подобрување на комуникацијата, Владата останува отворена за сите предлози на медиумите и во таа насока охрабруваме истите секогаш да бидат споделени со институциите. Владата во своите политики демонстрираше капацитет и слух за секоја конструктивна насока која доаѓа од медиумите и во таа насока ќе се продолжи.Во оваа прилика сакаме да ја изразиме нашата благодарност до ЗНМ и до сите медиуми и медиумски работници за посветеноста за информирање на населението за подобро справување со коронавирусот.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска променливо облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 9 до 14 степени.Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 11 степени.Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-5

Во 24 часа 33 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.04.) на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација. Истовремено од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ собира пратенички потписи за Џафери да го свика Собранието

Пратеници на СДСМ собираат потписи за да го одоброловолат претседателот на Собранието Талат Џафери да го свика распуштениот парламент, потврдуваат за „360 степени“ партиски извори.Треба да се соберат најмалку 20 потписи, но, како што се посочува, тоа не е гаранција дека Џафери ќе свика седница. Тој во неколку наврати во овој период посочи дека распуштениот парламент нема мандат да се состане повторно и да носи одлуки. Поради тоа овој собраниски состав не ја потврди ниту првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба, чиј рок е веќе истечен.Левица денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на втората Одлука за утврдување постоење вонредна состојба што ја донесе Пендаровски. Една од аргументациите за тоа е дека, согласно со нашиот Устав, одлуката со која се утврдува постоењето на вонредната состојба има важност најмногу 30 дена. Тоа, според Левица, значи дека претседателот можел, во рамките на овие триесет дена, да донесе, на пример, три одлуки од по 10 дена или шест одлуки од по 5 дена…, но дека не може самоволно и волунтаристички да носи нова одлука по истекот на максимално предвидените триесет дена.Минатата седмица, пак, Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес за преиспитување на уставноста на одлуката на парламентот за самораспуштање.Текстот во целост на: 360stepeni.mk

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Бензините поскапуваат за 3,5 денари, а дизелот за денар и пол

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со денешната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.Новата малопродажна цена на бензините еуросупер БС-95 ќе изнесува 52 денари по литар, а еуросуперБС-98 ќе се продава за 54 денари.Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V), изнесува 46,50 денари по литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава по 34 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 денари по килограм.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

manu

Почнува со работа лабораторијата во МАНУ, дневно ќе се прават по сто теста за Ковид-19

Лабораторијата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува со работа од денеска со капацитет од 100 тестови за Ковид-19, најави денеска на онлајн прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.-Таа ќе биде наменета за сите анализи кои со соодветен транспорт во текот на утрото до 14:00 часот ќе стигнат од сите болници во државата, каде што се примаат на тријажа пациенти и ќе започне процесот на изработка, прво на изолација на вирусот, а потоа идентификација, и до 22:00 часот ќе бидат познати сите резултати кои ќе стигнат во тој ден. Со активирање на оваа лабораторија, времето на чекање ќе биде не повеќе од еден ден.Министеот на денешната прес конференција уште додаде дека согласно најновите анализи и проекции, нашата земја, успешно го амортизира спречувањето на ширењето на епидемијата.„Имаме линеарен пораст на бројот на пациенти. Здравствениот систем успешно се справува со третман на заболените, болничките капацитети воопшто не се оптоварени. Оваа наша првична стратегија очигледно добро функционира и дава резултат во досегашното менаџирање. Сите мерки и препораки ги носевме исклучиво врз основа на препораката на стручните лица, членови на Комисијата за заразни болести и никако поинаку. Ова се покажа како единствен исправен пристап, односно науката и медицинската логика ги користевме како аргументација, зошто се носат сите мерки кои беа донесени. Сите одлуки, кои на препорака на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги донесе Владата, сите ограничувања, рестриктивни мерки, дадоа добри резултати. И сакам да изразам навистина голема благодарност до граѓаните кои ги почитуваа овие мерки. Ја сфатија важноста на истите, дека само на овој начин може и еве очигледно се постигнуваат резултати. Препораките на стручните лица и Комисијата се дека мерките мораат да останат на сила се додека не сме целосно сигурни дека состојбата е под контрола и дека сме го поминале пикот на болеста“, потенцираше министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Влада: Го одржуваме нагорниот тренд на листата за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, владиното рекламирање е целосно укинато во 2017 година

Република Северна Македонија и оваа година се искачи повисоко на Светската листа на слободата на медиумите што секоја година ја објавува „Репортери без граници“. Оваа година нашата земја е на 92 место, што е за три места повисоко од позицијата на која беше минатата година кога беше на 95 место, односно кога постигна скок повисоко за 14 места од претходниот период.Во извештајот за оваа година се истакнува дека повисокото место на Северна Македонија на Светската листа на слободата на медиумите е резултат и на самоорганизирањето на медиумските организации кои во меѓувреме го донесоа Регистарот на професионални онлајн-медиуми. Владата го поздрави создавањето на регистарот на онлајн медиуми, а денес истиот го смета за меродавен за дефинирање на професионалните медиуми.Дополнително, како причина за скокот се наведува напредокот и во однос на условите за работа на новинарите и утврдени во Повелбата за услови за работа за новинарите, како и нацрт фер-договори за вработување во дигиталните медиуми промовирани од Независниот синдикат на македонски новинари и медиумски работници (ССНМ) во соработка со ЗНМ и СЕММ, кои се однесуваат на почитување на работнички права, слободата на изразување, како и етички и професионални стандарди на сите новинари и медиумски работници.По однос на написите или толкувањата на извештајот во делот на владино рекламирање, Владата потенцира дека владиното рекламирање кое претходната власт го користеше за влијанија врз медиумите е целосно стопирано уште во 2017 година и дека од тогаш до денес не постои владино рекламирање во медиумите.Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека реформите на националниот радио-телевизиски сервис и на регулаторното радиодифузно тело не се реализирани исклучиво поради блокадите од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РСМ.Владата на Република Северна Македонија, како и до сега, сите следни чекори за медиумски реформи ќе ги носи во широка консултација со медиумските експерти од медиумската сфера.Владата на Северна Македонија со должно внимание ги зема предвид укажувањата на „Репортери без граници“, и ќе продолжи, во соработката со медиумските организации и со медиумите, да создава услови за натамошни подобрувања кои ќе бидат од придонес за одржување на нагорниот континуитет во освојувањето на повисоки места на Светската листа на слободата на медиумите на „Репортери без граници“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

reporteri

Репортери без граници: Бавен напредок, закочени реформи, светла точка регистарот на ЗНМ и СЕММ

Денеска беше објавен овогодинешниот индекс на Репортери без граници кој ја мери слободата на медиумите во државите низ светот. Оваа година, Северна Македонија бележи скок од 3 места на оваа листа и сега се наоѓа на 92-то место од вкупно 180 земји во светот.Во делот за нашата земја се наведува дека: „Треба да се забележат две револуционерни достигнувања во врска со саморегулацијата и работните стандарди на професионалните новинари: од една страна, создавањето на Регистарот на професионални онлајн медиуми (www.promedia.mk) кој има околу 120 члена, креиран од страна на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Оваа иницијатива ја промовира саморегулацијата на медиумите со тоа што ги обврзува да се придржуваат кон Кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на СЕММ. Од друга страна, потпишувањето на Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници во дигиталните медиуми од страна на Синдикатот (ССНМ), во соработка со ЗНМ и СЕММ“, се вели во извештајот на Репортери без граници.Еден од проблемите кои се издвоени во извештајот на Репортери без граници е финансирањето медиумите од страна на општините и покрај забраната за оваа практика. Освен тоа, се критикува и купувањето на простор во медиумите за промовирање на достигнувањата на Владата, нешто што наиде на осуда од Здружението на новинарите на Македонија.Во извештајот се наведува дека бројот на физички напади врз новинарите и медиумските работници е намален, меѓутоа во пораст е бројот на сајбер-напади, а се дава критика и на застојот во реформирањето на јавниот сервис.Според последниот индекс за слобода на медиумите, од соседството, пред Северна Македонија се: Грција на 65-то, Косово на 70-то и Албанија на 84-то место, додека зад нас се наоѓаат Србија, на 93-то место, Црна Гора на 105-то и Бугарија на 111-то место.фото: ЗНМ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки од своите позиции во советите на АВМУ и НТВ, потребна е департизација и професионализација

Република Северна Македонија и оваа година бележи напредок кај слобода на медиумите во извештајот на Репортери без граници. Во споредба со минатата година напредокот на нашата земја е за три позиции. Додека пак во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година, имаме подобрување од 19 места. Во 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.Спроведените реформи, демократското владеење, почитувањето на човековите права и слободи, придонесоа за напредок на нашата држава во однос на слободата на медиумите.Секако дека има уште предизвици и треба да се продолжи со реформите и со постојано унапредување на медиумските слободи.Репортери без граници во своите извештаи како проблем редовно го издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според Извештајот на оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ.Критика за работата и потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја.ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.ВМРО-ДПМНЕ е последниот кочничар на медиумските реформи и последен столб на остатоците од груевизмот.Ги повикуваме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и да се отворат вратите за нивна целосна професионализација.Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ.Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата. Реформите мора да продолжат во интерес и на државата, на граѓаните, но и на медиумите, истакна Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

detska-klinika

Mајка на дете кое лежело на Педијатрија немала симптоми, а заразила три лица

На Клиниката за детски болести во Скопје покрај заразените лаборант и медицинска сестра, заразена и е докторка од имунолошкото одделение, извести денеска министерот за здравство, Венко Филипче.Тој рече дека сега состојбата на клиниката е стабилна и нема нови позитивни случаи меѓу персоналот.„Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од одделот за имунологија. Според анкетите на епидемиолозите, претпоставен контакт е мајка на дете што требало да се прими за терапија на хематоонкологија. По протоколот на Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска“, рече министерот Филипче.Направен е увид на целата клиника, направено е чистење, а министерот рече и дека се степенувани за ризик сите контакти со заразените.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

MAAK

МААК-Власта ја злоупотребува вонредната состојба

Изминатиов период сме сведоци на груба злоупотреба на вонредната состојба од страна на техничката влада.  Со што наместо истата да се користи само за состојбата со цел справување со пандемијата од Ковид 19. Истата дели плати на рекетарската организација СЈО ,именува свои подобни судии и обвинители врши партиски вработувања, го тероризира народот,селективно се спроведува законот со што врши целосна дискриминација на не заштитените граѓани, ја покачува акцизата на нафтените деривати и цената на бензините, се вели во Соопштението на политичката партија Македонска Акција – МААК.Затоа Македонска Акција МААК ја осудува одлуката на претседателот за продолжување на вонредната состојба за триесет дена, со што на власта и се дозволува да продолжи да ја злоупотребува својата моќ за истиот период. Го предупредуваме претседателот дека со оваа одлука станува  соучесник во злоупотребите на власта со што истото носи последици, додаваат од МААК.фото: МААК

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО НП: Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција

ВМРО-Народна партија жали што не гледа никаква активност од страна на Владата на Македонија за купување на нафта во големи количини со која би ги пополнила стоковите резерви на држвата, се вели во соопштението од ВМРО НП.Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција.Сметаме дека Владата има повеќе опции со кои освен како нем набљудувач на овој економски процес може да се вклучи со класичен бизнис модел кој несомнено ќе донесе заштеда па дури и екстра профит во оваа тешка економска ситуација, додаваат од партијата.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања